build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзитет „Мајка Тереза“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Универзитет „Мајка Тереза“
    Posted: 22-Dec-2015 at 10:31

СО БРЗА ПОСТАПКА ДО ШЕСТИ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ

Законот за основање на државниот универзитет „Мајка Тереза“ влезе во собраниска процедура и ќе се носи по брза постапка

Законот за основање државен универзитет „Мајка Тереза“, кој ќе работи на три јазици (македонски, албански и англиски), вчера, само ден по најавата на премиерот Никола Груевски, влезе во собраниска процедура. Предлог-законот на Владата, усвоен на седницата во саботата, ќе се носи по скратена постапка, на што остро реагираа дел од пратениците. Според нив, отворањето нов државен универзитет е сериозен проект за кој се потребни длабоки анализи и темелна елаборација, а не туркање закон по „брзите собраниски патеки“.

Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и втор циклус на студии, а предвидено е да започне да функционира од следната академска година. Универзитетот ќе има пет единици и тоа: факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички и технолошки науки, факултет за информатички и факултет за социјални науки. Тој, како што рече Груевски, ќе има сериозна интернационална димензија, бидејќи ќе има професори и студенти и Македонци и Албанци, но и странци.

Целта на предложеното законско решение, според предлагачот, е задоволување на потребите од високостручни кадри од полето на техничко-технолошките, природно-математичките и општествените науки. „Ќе се овозможи поширока достапност на високото образование кај помладата генерација, како и подготвување на студентите за занимања за кои е потребна примена на научни откритија и стручни знаења, културна и јазична разновидност, поттикнување на технолошкиот развој и слично“, стои меѓу другото во предлог-законот. 

Средствата за финансирање на дејноста на Универзитетот ќе се обезбедуваат од буџетот и од други извори определени со закон, но засега не се знае точната сума која ќе ја влече универзитетот од државната каса. Министерството за образование и наука, исто така, предвидува да објави тендер за главен објект за новиот универзитет кој ќе биде лоциран во поранешната касарна „Илинден“.

Подготовките за почеток со работа на универзитетот ќе ги врши матичната комисија, а членовите ги именува Владата по предлог на министерот надлежен за работите на високото образование, најдоцна во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. 

Освен одлуката за отворање нов универзитет во Скопје, на владината седница било одобрено и основање на два нови факултети во рамките на Државниот универзитет во Тетово - за земјоделски науки и педагогија.

Во моментов во земјава има пет државни и 18 приватни универзитети и виши школи. На петте државни функционираат 63 факултети, а на 18-те приватни 72 факултети. 

Со оглед на хиперпродукцијата на универзитети и факултети во последните години, во јавноста се отворија низа прашања околу новиот проект на Владата - потребни ли се инвестиции во нови универзитети или, пак, подобрување на стандардите во веќе постојните, има ли доволно квалитетеннаставен кадар да се покрие и оваа високообразовна установа. (Н.К.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=FBB60F43B0E04C43ADAEE09CF1719E84

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Dec-2015 at 10:33
Нови студентски домови и универзитет ќе се градат во Скопје

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека ќе основа нов универзитет „Мајка Тереза“ и ќе гради нови студентски домови во Скопје. Комплексот на идниот универзитет е предвидено да се лоцира во скопската касарна „Илинден“, во која се создадени услови за користење на земјиште со површина од 95 хектари од проектот „Старите касарни за нов развој“. За касарната пред неколку месеци беше најавено дека ќе биде искористена и за изградба на образовни установи на Државниот универзитет од Тетово на парцела од 25.000 метри квадратни. За новиот универзитет „Мајка Тереза“, Министерството за образование и наука треба допрва да објави тендер за изработка на проект за главниот објект.



Новиот универзитет во Скопје треба да се состои од пет факултети, и тоа факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички науки и технолошки науки, факултет за информатички науки и факултет за социјални науки. На оваа високообразовна институција ќе може да се следи настава на 14 студиски програми на прв и втор циклус на студии, кои ќе треба да профункционираат во текот на следната академска година. „Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје кој ќе се вика „Мајка Тереза“. Истиот ќе биде на три јазици, македонски, албански и на англиски јазик и ќе има сериозна интернационална димензија бидејќи ќе има и професори и студенти и Македонци и Албанци но и странци“, изјави премиерот Груевски.

Истовремено, премиерот Никола Груевски најави дека ќе се гради нов студентски дом од 1.200 метри квадратни на местото на руинираните бараки на домот „Невена Георгиева – Дуња“ („Медицинар“). По 15 јануари 2016 година ќе се публикува тендер за изградба на објект со четири ката и со планиран капацитет од 350 до 400 студенти. Владата донела одлука и за изградба на два други студентски дома во Скопје и Тетово. Воедно, премиерот Груевски потсети дека во завршна фаза е тендерот за избор на компанија што ќе го реновира блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“.

http://www.build.mk/?p=47738
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.