build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзитет „Мајка Тереза“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Универзитет „Мајка Тереза“
    Posted: 22-Dec-2015 at 10:31

СО БРЗА ПОСТАПКА ДО ШЕСТИ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ

Законот за основање на државниот универзитет „Мајка Тереза“ влезе во собраниска процедура и ќе се носи по брза постапка

Законот за основање државен универзитет „Мајка Тереза“, кој ќе работи на три јазици (македонски, албански и англиски), вчера, само ден по најавата на премиерот Никола Груевски, влезе во собраниска процедура. Предлог-законот на Владата, усвоен на седницата во саботата, ќе се носи по скратена постапка, на што остро реагираа дел од пратениците. Според нив, отворањето нов државен универзитет е сериозен проект за кој се потребни длабоки анализи и темелна елаборација, а не туркање закон по „брзите собраниски патеки“.

Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и втор циклус на студии, а предвидено е да започне да функционира од следната академска година. Универзитетот ќе има пет единици и тоа: факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички и технолошки науки, факултет за информатички и факултет за социјални науки. Тој, како што рече Груевски, ќе има сериозна интернационална димензија, бидејќи ќе има професори и студенти и Македонци и Албанци, но и странци.

Целта на предложеното законско решение, според предлагачот, е задоволување на потребите од високостручни кадри од полето на техничко-технолошките, природно-математичките и општествените науки. „Ќе се овозможи поширока достапност на високото образование кај помладата генерација, како и подготвување на студентите за занимања за кои е потребна примена на научни откритија и стручни знаења, културна и јазична разновидност, поттикнување на технолошкиот развој и слично“, стои меѓу другото во предлог-законот. 

Средствата за финансирање на дејноста на Универзитетот ќе се обезбедуваат од буџетот и од други извори определени со закон, но засега не се знае точната сума која ќе ја влече универзитетот од државната каса. Министерството за образование и наука, исто така, предвидува да објави тендер за главен објект за новиот универзитет кој ќе биде лоциран во поранешната касарна „Илинден“.

Подготовките за почеток со работа на универзитетот ќе ги врши матичната комисија, а членовите ги именува Владата по предлог на министерот надлежен за работите на високото образование, најдоцна во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. 

Освен одлуката за отворање нов универзитет во Скопје, на владината седница било одобрено и основање на два нови факултети во рамките на Државниот универзитет во Тетово - за земјоделски науки и педагогија.

Во моментов во земјава има пет државни и 18 приватни универзитети и виши школи. На петте државни функционираат 63 факултети, а на 18-те приватни 72 факултети. 

Со оглед на хиперпродукцијата на универзитети и факултети во последните години, во јавноста се отворија низа прашања околу новиот проект на Владата - потребни ли се инвестиции во нови универзитети или, пак, подобрување на стандардите во веќе постојните, има ли доволно квалитетеннаставен кадар да се покрие и оваа високообразовна установа. (Н.К.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=FBB60F43B0E04C43ADAEE09CF1719E84

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Dec-2015 at 10:33
Нови студентски домови и универзитет ќе се градат во Скопје

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека ќе основа нов универзитет „Мајка Тереза“ и ќе гради нови студентски домови во Скопје. Комплексот на идниот универзитет е предвидено да се лоцира во скопската касарна „Илинден“, во која се создадени услови за користење на земјиште со површина од 95 хектари од проектот „Старите касарни за нов развој“. За касарната пред неколку месеци беше најавено дека ќе биде искористена и за изградба на образовни установи на Државниот универзитет од Тетово на парцела од 25.000 метри квадратни. За новиот универзитет „Мајка Тереза“, Министерството за образование и наука треба допрва да објави тендер за изработка на проект за главниот објект.



Новиот универзитет во Скопје треба да се состои од пет факултети, и тоа факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички науки и технолошки науки, факултет за информатички науки и факултет за социјални науки. На оваа високообразовна институција ќе може да се следи настава на 14 студиски програми на прв и втор циклус на студии, кои ќе треба да профункционираат во текот на следната академска година. „Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје кој ќе се вика „Мајка Тереза“. Истиот ќе биде на три јазици, македонски, албански и на англиски јазик и ќе има сериозна интернационална димензија бидејќи ќе има и професори и студенти и Македонци и Албанци но и странци“, изјави премиерот Груевски.

Истовремено, премиерот Никола Груевски најави дека ќе се гради нов студентски дом од 1.200 метри квадратни на местото на руинираните бараки на домот „Невена Георгиева – Дуња“ („Медицинар“). По 15 јануари 2016 година ќе се публикува тендер за изградба на објект со четири ката и со планиран капацитет од 350 до 400 студенти. Владата донела одлука и за изградба на два други студентски дома во Скопје и Тетово. Воедно, премиерот Груевски потсети дека во завршна фаза е тендерот за избор на компанија што ќе го реновира блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“.

http://www.build.mk/?p=47738
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Apr-2020 at 15:14
Еве го проектот за универзитетот















https://www.facebook.com/NeimarInzenering/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Sep-2021 at 09:23
5 години чекање за градежна дозвола! – Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе се гради во близина на касарната „Илинден“



Уште при основањето во 2015, универзитетот Мајка Тереза нема свој објект. Во недостиг на кампус, крајот на академската година, првата генерација дипломирани капите ги фрлаше на плоштад Скендербег. А што се велеше низ годините за изградбата на објектот? Во 2017 вотоа време заменик министерот за образование, Висар Ганиу рече дека објектот на универзитетот Мајка Тереза ќе биде готов за три години.

„Јас мислам дека во три фази и за три години Универзитетот ќе треба да се пушти во употреба“, истакна Висар Ганиу.

Во 2018 од Владата рекоа дека во постапка е отуѓувањето на еден објект кој е под надлежност на Министерството за одбрана.

„Целата оваа постапка е во тек и не можам да откријам детали до кога ќе трае оваа процедура“, посочи Муамет Хоџа.

Сега, во 2021,министерството за транспорт и врски ја одобри дозволата за универзитетскиот објект во дел од касарната Илинден. Ректорот на Универзитетот, Азиз Положани рече дека ова е многу важен чекор кој гоотвора патот за изградба на кампусот за Мајка Тереза,

„По три години собирање документација и со поддршка и секојдневна помош, денес ни стигна веста дека од страна на Министерството за транспорт и врски е дадено одобрение за ДУП-от за општините за одобрение, што го отвора патот за изградба на кампусот на Мајка Тереза“, вели Азиз Положани.

Зам. Министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, на прашањето кој го спречувал до сега издавањето на градежната дозвола, рече дека не би сакал да зборува за тоа. Нема временски рок за тоа кога треба да заврши изградбата на објектот.

Уште колку години се потребни да заврши изградбата на објектот? „Не верувам дека ќе требаат уште многу години. Не зборувам за рокови, само за завршени работи“, посочи Беким Реџепи.

Додека да почне и заврши изградбата на објектот, студентите од овој универзитет наставата ќе продолжат да ја следат во основното училиште Битолски конгрес и зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.

https://mk.tv21.tv/5-godini-chekane-za-gradezhna-dozvola-univerzitetot-majka-tereza-ke-se-gradi-vo-blizina-na-kasarnata-ilinden/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Sep-2021 at 12:57
Проверете ја страната на овој универзитет, има информации само на албански. До кога вакви „паралелни институции“ ќе функционираат во позадина само за се дојде на власт? Сто посто и работниот кадар им е по етничка основа примен.
Едно општесрво, со паралелен живот, во отворен Балкан. #ЌеЖивееОвојНарод
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Sep-2021 at 16:49
Изградбата на објектот на Универзитетот Мајка Тереза станува реалност. Министерството за транспорт и врски даде согласност за Деталниот урбанистички план.





https://www.facebook.com/Zv.Minist
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Sep-2021 at 19:05
Додека во исто време УКИМ нема соодветни услови за работа во сите негови единици. Браво за неспособниве власти изминативе децении!
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.