build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија > Ваши концепти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистичко дооформување на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбанистичко дооформување на Скопје
    Posted: 26-Dec-2015 at 22:54
Во оваа нишка ќе објавувам мои концепти за дооформување на урбанистички целини во Град Скопје, како и сосема нови целини на места на кои во моментов или не постои ништо, или е сосема различно од мојата замисла. Сите проекти ќе бидат изработени во Google Sketch Up и ќе се обидам истите да бидат што попрофесионални. Би ве охрабрил и вие да објавувате ваши замисли за Скопје, како и за другите градови во Македонија или светот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Dec-2015 at 23:18
Одлична тема, Старо Скопје!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Dec-2015 at 23:50

Фала, Kid_A
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Dec-2015 at 00:16
Ќе започнам со делот помеѓу УКИМ и Саем. Оваа целина е едно од попознатите т.н. села во Скопје, која се состои од полураспаднати куќи градени пред Првата, односно Втората светска војна и куќи во добра состојба кои се изградени по Втората светска војна, особено во последниве дваесетина години. Тука е и џамијата Кабир Мехмед Челеби, прогласена за културно наследство.


Целинава ја поделив на две помали, студентска (лево) и станбена (десно), кои меѓусебе се одвоени со зеленило и патека која ги поврзува.


Во студентската сместив пристапна улица (веќе постоечка), катна гаража со мал деловен центар, деловна зграда, два студентски дома, дуќани во форма на мала чаршија, како и џамијата (која би служела како уметничка галерија), партер и многу зеленило.


Во станбениот дел има 4 петнаесеткатници, културен центар (кино/театарска/концертна/сенаменска сала и музеј), поврзани со плочник со зелени површини. Тука е и паркингот со катна и подземна гаража.


Утре ќе продолжам со детални описи на секој објект, а кога ќе имам време и рендери (согласно моите можности).
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11708
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Dec-2015 at 09:48
Интересно!
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Feb-2016 at 23:00
Мини-чаршија


Во комплексот предвидувам изградба на мини-чаршија во стил на оние градени во 1970тите. Би имала 98 дуќани на кат, во најголем дел продавници (маалски продавници за секојдневни продукти, книжарници, бутици...), но и неколку кафе барови и ресторанчиња.


Во неа би имало и неколку хостелчиња. Улиците се широки 10 метри, обиколени со дуќани во кафено-беж боја, а гледаат кон зеленило, со што се создава чувство на пространост и природност.


Мини-чаршијата е поставена меѓу двата студенстки дома и зеленилото кое го одделува студентскиот од станбениот дел.


Фасадата е решена во комбинација на фасадна тула со дрво обоено во беж боја. Кровот е покриен со ќерамиди. Дуќаните се со површина од 50 m2 приземје и уште толку кат и подрум, а сопствениците сами би одлучиле за ентериерниот распоред.


Edited by Staro Skopje - 27-Feb-2016 at 23:02
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Feb-2016 at 23:04
Браво браво
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Aug-2016 at 20:46
Еден од двата студентски дома. Се одлучив да му го дадам името Јордан Хаџи Константинов Џинот, македонски просветител кој од 1848 до 1858 бил учител во Скопје.


Се наоѓа близу бул. Гоце Делчев, а во непосредна близина се и другиот студентски дом и чаршијата.


Главниот влез е од широкиот партер кој го поврзува просторот со булеварот, како и со УКИМ.


Од задната страна, која гледа кон чаршијата, нема влез, туку 12 дуќани.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Aug-2016 at 20:55
Домот има и два споредни влеза. Едниот од нив е на север, спроти другиот студентски дом, додека другиот е на југ, а кон него се пристапува преку мал парк.






Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Aug-2016 at 21:10
Објектот е решен така што спојува три стила присутни во Скопје во еден. Основата е едноставна и масивна зграда од 1960тите години, чии испакнати големи, бели и чисти површини ја поврзуваат со брутализмот и модернизмот. Пост-модернизмот е претставен преку големите вдлабнатини од зелено нерефлектирачко и непроѕирно стакло на кое се наредени прозорци.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Aug-2016 at 21:33
Висината на венец е 29.33 метри, а на самиот објект 27 метри.


Еден кат има површина од 2058 m2, со што деветкатницава има вкупна површина од 18522 m2.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Aug-2016 at 22:17
Основа на приземје. Се состои од долг ходник, две пријавници, два ресторана, два пара скали со лифт, четири помошни простории, четири канцеларии, дванаесет дуќани со сопствен магацин, две соби за дружба и два пара тоалети.


Основа на прв кат. Тука се сместени долг ходник, два поголеми ресторана, една голема и две мали соби за дружба, четири помошни простории и по два пара скали со лифт и тоалети.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Sep-2016 at 09:30
Како јас би го изградил Аеродром со цел правилно организиран простор наместо раштракани куќи:




Edited by Macedonicus - 08-Sep-2016 at 09:31
ಠ_ಠ
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Oct-2016 at 14:12
Основа на 2, 3, 4, 5, 6 и 7 кат. На секој има ходник, скали и лифт, 4 помошни простории од по 29m2, две заеднички соби од 45.5m2 и 40 соби. Тие се со големина од 31m2, од кои 23 се од делот за престој и спиење, 3 од кујничето (kitchenette) и 5 од тоалетот. Една соба е наменета за двајца, така што на секој студент му припаѓаат 15.5 метри квадратни. Со ова, вкупниот капацитет на домот е 480 лица.


Основа на осми кат. Има 4 помошни простории и 4 тоалети, 8 канцеларии, 2 мали и 1 голема соба за дружба, бифе, читална, празна просторија и место каде што студентите кои не се од Скопје може да се информираат за универзитетите, градот и околината.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Oct-2016 at 15:10
ми се допаѓа многу концептот што си го смислил за студентскиов во поглед на дизајнот на фасадата
но за 21-ви век е премногу масивен, да не речам обична модернистичка коцка како блок во Карпош од 50-ти... плус, такви објекти потешко се справуваат со земјотреси, пожари и евакуација
јас или би му го менувал обликот на основата, да има барем друга геометриска форма, или кога веќе правиме коцки, да бидат повеќе резиденцијални објекти во висина а јавните простории во посебен објект, или неколку објекти во висина поврзани со еден објект во приземјето каде што се јавните простории, врз кој може да има и пешачки и зелен простор, нешто во стилот на националната библиотека во Париз... или како станбениот комплекс од твојов план, сеедно... па после прави каква сакаш фасада

Edited by zabegan - 28-Oct-2016 at 04:05
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.