build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Skopje City Garden (Скопје Сити Гарден)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje City Garden (Скопје Сити Гарден)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 20-Nov-2016 at 11:20
Originally posted by BOJAN

Originally posted by ja_licno

Originally posted by BOJAN

Ова се монструозни чудовишта што ги одобрува Општина Карпош и Јакимовски со измена на урбанистичките планови. Гнасно е тоа што им се случува на населбите од Карпош 1 до 4, заедно со Тафталиџе. Само да напоменам дека 20 и 25 катници се предвидени спроти Воена болница. Ненормално!


Не ми е јасна твојава логика.Дали со закон е забрането?И до колку ката е дозволено да се гради во овој дел на Скопје?


ja_licno ништо не е забрането. Само треба да се земе во предвид мислењето на граѓаните на населбите во кои се градат овие монструми. А граѓаните се јасни, нивните населби се урбанистички комплетирани зони уште пред неколку децении наназад. Ако сака некој да гради згради, тоа може да го прави на други локации во Општина Карпош, па и во Скопје.

Поентата е дека овде се работи за пореметено ниво на лакомост. Ако не се лажеме, сите знаеме како оди донесувањето на урбанистички планови, особено сегментите за станбени згради, низ скопските општини. Ова што Стефчо од Општина Карпош го прави со овие 20, 25-катници е рамно на злочин.
-Злочин врз чистиот воздух и врз единственото и најчесто струење на воздухот од Скопје во зимскиот период (Качаник)
-Злочин врз зелените површини, на кои сега се удира и во Општина Карпош
-Обесправување на граѓаните со правото на нивно користење на паркинг
-Создавање на сообраќаен метеж
или севкупно земено, уништување на квалитетот на живот на граѓаните на Карпош!


Не те сваќам...
- За каква зелена површина зборуваш, јас како што знам таа парцела од секогаш била запуштена со ѓубре, гранки, отпад
- Bо нејзина непосредна близина го имаш „Скај Сити„ и долж илинденска повеќе згради со 10+
- Какво „обесправеност„ на некакви си граѓани за паркинг места, што има тоа врска со овој објект? Овој си има свои тиа си имат нивни!

„злочин„? мислиш на злосторство...учиме македонски! Big%20smile
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 20-Nov-2016 at 20:33
И јас колку што се сеќавам тоа место беше запуштена полјана, обрасната со грмушки. Со изградбата на оваа зграда се добива една смислена целина, заедно со Сити Мол, со новата зграда на ПроКредит Банка и со новата црква што е планирана тука некаде. А со својата висина на некој начин ќе парира на City Tower, која испадна големо естетско разочарување, барем за мене.

Еве уште една вчерашна фотка:

Skopje / Скопје by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 21-Nov-2016 at 18:08
ако некое место е запуштена полјана, не значи дека треба да ја наполниме таа полјана со огромни објекти, има многу начини... најлошо е кога тие објекти треба да бидат станбени и кога населбата се преоптеретува со нови жители... додека сеуште не е најдено решение да се справиме со проблемите кои ги имаат станбените простори низ градов, ние го трупаме под земја со се повеќе и повеќе со обични, назадни транзициони станбени кокошарници

еве Карпош 1,2 и 3 се населби каде што нема некој поголем централен парк, зошто на пример на оваа локација не се офроми парк која ќе беше добро надополнување на јавен простор со Сити мол... истото важи и за целиот појас од кеј до Илинденска и од Влае до СЦ Борис Трајковски што отсекогаш бил предвиден да биде парк

исто така, објектите кои се градат се неверојатно збиени еден до друг, а се масивни, од толкави простори, мора да ги зипуваат така нели?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 21-Nov-2016 at 21:25
Mislam deka treba da razbereme deka Skopje ima nedostatok na stanovi, koi ne se gradele so decenii, i imalo deficit na istite...
Skopje kako glaven grad  mislam deka do prva ke se razviva i ke se shiri, taka da i mene ne mi se dopagaat nasekade zgradi, kuci, objekti ama toa e patot po koj ke ode Skopje vo idnina kako glaven grad...Od prva i namene mi izgleda zgradata nekako zbiena, da vidime kako ke ispadne koga ke bide finishirana pa da sudime.
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3220
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 21-Nov-2016 at 23:45
Највредното нешто во еден град е празниот јавен простор. Без разлика дали е парк, плоштад, игралиште итн. итн., тоа е местото каде што се гради урбаното ткиво на граѓаните кои живеат во околината. Ако вие секоја можна парцела (дури и да не е средена, побогу, и Кејот на Вардар е претворен во депонија, па мора да значи дека и таму згради треба да се градат) ја направите во станбена зграда, вие не сте какафонија од зградетини.

Па така, секоја нова зграда изградена по плановите на општината го руши комодитетот и можноста за урбано живеење на претходната. Во нормален свет има нешто што се вика урбанистички комплетирана населба. Ниво на развој на одржливост на местото кое е достигнато. Секое ново издигнување на нови објекти во тој простор носи само проблеми за жителите.

Конкретно, за овој објект (не знам колку ката ќе излезат!), проблемот е што ја руши од темел архитектонската препознатливост на „ПроКредит Банка“. Од друга страна, самиот објект на банката по ништо не личи на онаа висококатница во зелена боја изградена до „Сити мол“.

На крајот, би сакал да напоменам дека на Скопје не му требаат нови згради. На Скопје му требаат помалку згради. Згрозен сум од намерата на Општина Карпош да насее нови 15, 20, 25-катници низ населбата. Пак ќе повторам, отровот што го дишеме е делумно резултат на изградбата на цела серија вакви објекти низ градот во минатото.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 23-Nov-2016 at 01:39
Originally posted by Robbi-MKD


Mislam deka treba da razbereme deka Skopje ima nedostatok na stanovi, koi ne se gradele so decenii, i imalo deficit na istite...Skopje kako glaven grad  mislam deka do prva ke se razviva i ke se shiri, taka da i mene ne mi se dopagaat nasekade zgradi, kuci, objekti ama toa e patot po koj ke ode Skopje vo idnina kako glaven grad...Od prva i namene mi izgleda zgradata nekako zbiena, da vidime kako ke ispadne koga ke bide finishirana pa da sudime.
како успеа да заклучиш дека има дефицит од станови? според цената?
ок тука може и да се согласам со тебе, ама сетоа тоа е резултат на поширока политика... ја би рекол дека Скопје нема дефицит ос резиденцијален простор, туку дека премногу брзо се трупа со жители кои не може да ги издржи економски, сообраќајно и резиденцијално... не викам дека не треба да се шири, ама тоа што се случува е премногу рапидно и хаотично, а не се превзема ништо во врска со тоа

дури и да речеме еве, дека имало дефицит, дали е во ред тие станови да се градат во веќе плански оформени населби и во центарот на градот, или во предградија со простор за секаква секојдневна активност и рекреација, доволно паркинг места, комерцијални содржини со свој доволен простор, всушност онака како што се направени Аеродром и Карпош?
никаде не пишува дека дефицит на станови се надоградува со некој масивен 10+ ката кокошарник со пет влеза... само се уназадуваме постојано
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 23-Nov-2016 at 20:39
@Zabegan 
Kako zakluciv?
Po oglasite za nedviznosti i cenite za koi se prodavaa stari amortizirani stanov za nerealni visoki ceni!
Zarem mislish deka investitorite pred da investiraat ja nemat ispitano situacijata, koga pri tolku izgradeni nedviznini cenite na stanovite padnaa minimalno, ima prostor za uste!
Pobaruvackata i ponudata go dirigiraat pazarot!
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 23-Nov-2016 at 23:11
Originally posted by Robbi-MKD

@Zabegan  Kako zakluciv? Po oglasite za nedviznosti i cenite za koi se prodavaa stari amortizirani stanov za nerealni visoki ceni! Zarem mislish deka investitorite pred da investiraat ja nemat ispitano situacijata, koga pri tolku izgradeni nedviznini cenite na stanovite padnaa minimalno, ima prostor za uste! Pobaruvackata i ponudata go dirigiraat pazarot!
епа како тоа цените воопшто не паѓаат а бројот на станови е три пати поголем од оној пред 20 години? ...цената е многу ирелевантен фактор во дискусијава ако знаеме дека нема никаква врска со ништо и се пумпа безвезе во многу случаи
побарувачка има, ама тоа не значи дека има недостиг од станови... кој ги купува тие станови и за што се користат? дали ако еден човек купи пет стана и манипулира со нив чисто како имот, тоа значи дека има недостиг?

и зошто би имало толку многу нови луѓе во градов на кои им е потребно сместување а наталитетот не е нешто посебно зголемен?
пак е тоа поширока политика, пазарот може да се стимулира и да се среди доколку некој би сакал да го направи тоа... пак ќе речам Скопје нема недостиг од било што, туку се форсира и се трупа со многу граѓани кои не може да ги издржи со неговата моментална состојба, ако веќе збориме за потребен простор... сето тоа е злоупотребено од приватници на кои им паднала секирата во мед... епа сега Скопје да си цркне нели?

и уште еден битен фактор каде што профитираат инвеститорите, е што многу луѓе се префрлаат во нивните станови поради подобриот квалитет, организација и фактот што се е ганц ново, и без никаква анализа на пазар тука имаш профит...
и тоа можеше да биде регулирано од државата/градот, кога веќе станарите од една згрда се доволно стоки да не знаат да соработуваат меѓусебно за заеднички цели
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3675
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 23-Nov-2016 at 23:49
Кој не сака згради нека си оди в село, таму ливада ќе имаш. Не разбирам што е лошо тука баш убаво се урбанизира комплетно тој дел. Да се надеваме дека ќе расти до 25 катови.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 24-Nov-2016 at 01:07
Проблемот е во тоа што инфраструктурата што ги подржува тие згради не се развива и гради паралелно со изградбата на зградите. И тука се создава јаз кој резултира со станарите на тие станови да не ја имаат истата или сличната пристапност и квалитет на инфраструктура како во претходно спомантите плански населби.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 25-Nov-2016 at 01:17
Originally posted by my Macedonia

Кој не сака згради нека си оди в село, таму ливада ќе имаш. Не разбирам што е лошо тука баш убаво се урбанизира комплетно тој дел. Да се надеваме дека ќе расти до 25 катови.
а некој негде рече дека сака да има диви ливади и ѓубришта во урбани средини?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 25-Nov-2016 at 19:40
А токлку многу простор има Скопје за ШИРЕЊЕ, малку треба само памет
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 25-Nov-2016 at 20:18
@ my Macedonia  тоа и ми беше поентата во предходните постови, сакат да живеат во главен град, а да имаат услови како на село!
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 25-Nov-2016 at 23:55
Originally posted by alexsend

А токлку многу простор има Скопје за ШИРЕЊЕ, малку треба само памет


Памет и приватен капитал не одат во иста реченица.
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 466
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 26-Nov-2016 at 00:33
Originally posted by Robbi-MKD

сакат да живеат во главен град, а да имаат услови како на село!



Овој дел од твојот пост е буквално максимата по која тргнаа/сакаат да тргнат сите градови на западот. Меѓу другото и во Германија.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 26-Nov-2016 at 18:34
Originally posted by Џоле

Originally posted by alexsend

А токлку многу простор има Скопје за ШИРЕЊЕ, малку треба само памет


Памет и приватен капитал не одат во иста реченица.


Не мора да си во центар ако до таму стигаш за неколку минути. Се што треба е Градот да повлече потег. А тие потези не им се влечат...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 27-Nov-2016 at 02:47
Лично не ми пречи средувањето баш на овој простор, ама ме мачи мислата дека со згради сакаат да го пополнат и просторот помеѓу Илинденска и реката (за кој што се сеќавам на многу убави планови за паркови уште од раните 90ти).

Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 27-Nov-2016 at 11:16
Originally posted by hcitrS

Originally posted by Robbi-MKD

сакат да живеат во главен град, а да имаат услови како на село!



Овој дел од твојот пост е буквално максимата по која тргнаа/сакаат да тргнат сите градови на западот. Меѓу другото и во Германија.


Незнам на кои западноевропски земји мислиш...
За Германија и Австрија можам да ти потврдам дека еколошката свест (работат на тоа децении наназад) им е најразвиена во споредба на другите западноевропски земји и пошироко токму заради проблемите што ги имаа и имаат со загаденоста на градовите и централните градски подрачја, така да како решение воведоа еколошки семафори за влез во истите (колку тоа е ефективно е друга работа), екстра висок данок за дизел возила, има селектирање на отпад 20 год наназад итн итн ...али тоа е друга тема!

Последните 10-тина години има тренд на исселување од градовите (на оние побогатите) во предградијата и селата на градовите, ама не станува збор за воспоставување на „селски услови„ во нив градовите што е и просто невозможно! Thumbs%20Up
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 466
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 27-Nov-2016 at 21:32
Не си глуп кога нешто незнаеш туку кога се правиш дека не знаеш!

Edited by hcitrS - 27-Nov-2016 at 21:33
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 640
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 28-Dec-2016 at 17:18
Еве до каде се стигнати(превземено од фб страната на ЗСФ КОМ)












Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.