build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авто-тура низ Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Авто-тура низ Македонија
    Posted: 05-Feb-2016 at 04:11
Поздрав дечки, ве читам подолго, но ете сега се регистрирав. Имате топ катче за дискусии и поучни информации.

Одамна имам идеја желба во една тура од 4-5 дена (oграничен сум поради работни обврски) да ги прошетам сите градови во Македонија, со задржување по саат-два-три макс во еден град (или интересни места околу него). Најверојатно на пролет би тргнал.

Во поглед на трошоците за возење, израчунав дека за 1500 километри колата ќе ми потроши некаде околу 4000 денари дизел (според сегашната цена).

Ако имате предлози каде да се преспие, каде да се вози по пооптимална рута и слично, слободно.

Имам 3 прашања .

1. Кога се оди од Кичево за Демир Хисар, има пат лево кој води кон Крушево. Дали тој пат е ОК за возење?
2. Не сум седнал да израчунам, но колку би коштале патарините по оваа рута отприлика?
3. Предложете ваше место кое сте го посетиле низ државата или сакате да го посетите, би било супер ако можам да го вклопам во идејава.

Еве го мојот план:





Edited by STEALTH - 05-Feb-2016 at 04:23
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12905
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Feb-2016 at 09:27
За намерата! Секоја чест ако ти успее во толку малку денови да ја свртиш цела Македонија.

Според твојата рута, патарините би те чинеле околу 300 ден. Еве ги цените подолу:

Куманово -> Миладиновци или обратно - 60 денари
Скопје -> Петровец - 40 денари
Петровец -> Велес - 80 денари
Велес -> Градско - 60 денари
Скопје -> Миладиновци - 40 денари
Тетово -> Гостивар - 30 денари
Гостивар -> Тетово - 30 денари
Скопје -> Тетово (Гл) - 40 денари
Тетово -> Скопје (Же) - 40 денари

http://www.roads.org.mk/320/cenovnik-po-delnici

По сеќавање (патував пред две години) патот Битола-Ресен не беше во најдобра состојба. За Крушево не памтам, одамна бев таму (пред 6-7 години, можеби и повеќе). Рутата Скопје-Тетово-Гостивар-Маврово-Дебар-Струга-Охрид е одлична, патот главно е добар, освен делови кај националниот парк Маврово (околу 10 км, од клучката каде што патот се двои за Кичево, до некаде до Маврово). Патот Свети Николе-Куманово е во солидна состојба (патував по него во октомври 2015). Штип-Кочани е во солидна состојба (патував за Берово јануари годинава). Куманово-Крива Паланка наместа е во солидна состојба, наместа не е (веднаш по Куманово не е баш во најдобра состојба, но како одиш понатаму, станува солиден). Патот за Кратово е одличен, можеби монетално во најдобра состојба во земјава (патував во јуни 2015), со исклучок на Велес-Кадрифаково.

Толку од мене, се надевам дека ти бев барем од мала помош. Со среќа!
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Feb-2016 at 14:58
Демир Хисар-Крушево е добар, доста вртен се разбира и има прекрасни глетки ако го погодиш времето. Не море да се враќаш по истиот, имаш и Крушево-Прилеп, врви низ Кривогаштани, исто така е добар. Кога си веќе во горниот дел на Пелагонија ако ти се интересни стари цркви, манастири, можеш да го посетиш Зрзе, пресно реновиран, со старите монашки келии во карпата под манастирот, се разбира Трескавец, во Прилеп св. Архангели (Варош) каде на столбот од тремот на црквата е најстариот словенски натпис во Република Македонија (996 г. ако не се лажам). Гледам немаш многу време, но ако имаш фира зафати и Мариово.

Во Битола покрај соборната св. Димитрија, нема да згрешиш ако влезеш во Исак џамија, пресно освежена, со прекрасен ентериер. (во Битола можеш да ручаш во Вила Дихово, во селото Дихово, одличен амбиент и кујна, селото не е далеку, практично е во градот, 4-5 км од патот Битола-Охрид, под Пелистер).

Ресен-Охрид половината е прилично лоша, но се преживува. Сепак, ако сакаш најмногу да видиш подобро ти е до Ресен да одиш реку Галичица за Охрид, на тој начин ќе го ѕирниш и селото Стење, со убава плажа, потоа се разбира невероватните глетки од Галичица на Преспанско и Охридско езеро. Не ти е далеку св. Наум, просторот пред манастирот (кај што беа бутките со сувенири, плажите) е исто така многу пристојно уреден пред година-две, башка можеш да јадиш во ресторанот на островот на устието на Дрим, на сплав, т.е. можеш да јадишдодека двајца веслачи го управуваат сплавот низ реката, многу убаво искуство (цените во ресторанот така малку посоленки се разбира, ама се исплаќа). Пред Охрид обавезно да го посетиш Заливот на коските (одма до кампот градиште, влез 100 ден.)

Во западна Македонија, пред Бигорски сврти накај селото Јанче и ручај во хотелот Тутто (ако е газдата таму, чини си муабет со него, човек со невероватен ентузијазам и енергија кој ги обновува куќите во селото на традиционален начин).

То е то, од ситни препораки. Со среќа!
Back to Top
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Feb-2016 at 20:01
Originally posted by Џоле

...


Ти благодарам за исцрпните информации, посебно за патарините. Пошто сум од Штип патиштава што се тука во источна Македонија ги знам горе-долу какви се, единствено не сум возел од Берово за Струмица

Edited by STEALTH - 05-Feb-2016 at 20:01
Back to Top
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Feb-2016 at 20:06
Originally posted by hcitrS

...


Одлично предлози, посебно не ми текна за преку Галичица, така се отвора можност за посета и на Св. Наум. Лично имам 2-3 пати одено преку тој пат, ама девојката мислам дека одамна не, така да ја менувам рутата преку Преспа. Фала ти и за патот до Крушево од Демир Хисар. Лани возев Прилеп - Мак. Брод - Кичево - Демир Хисар и видов дека постои патот, али идеше нагоре во планините и не можев да видам во каква состојба е.

За Јанче ми ги прочита мислите. Бидејќи работам во телевизија, кога одеа Истражи ја Македонија од сите највеќе Јанче ми остави впечаток и си ветив дека морам да одам, а ова би било одлична прилика

Edited by STEALTH - 05-Feb-2016 at 20:06
Back to Top
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Feb-2016 at 20:14
Еве сум пак тука дечки. Синоќа многу касно го пишував постот, па затоа можеби беше малку штур.

Идејава ми е многу одамна, ама под сплет на околности (немање финансии т.е работа, немање годишен одмор и тн.) не сум ја исполнил до сега.
Планот ми е да преспијам 3-4 вечери и тоа во: Дојран, Крушево, евентуално Охрид и Скопје.
Покрај сите места што го имам во предвид (а се малку надвор од градовите), планирам барем 1-2 саати да се прошетам во секој град. Но на пример, не би губел многу време во тие градови кои ми се познати (и знаменитостите кои ги имаат).
Тука мислам дека одлична апликација за помош однапред би ми дошла Foursquare за да видам кои места се најпопуларни за ручек/вечера/кафе.
Од навигација имам Навигон и една ОДЛИЧНА апликација за iOS (Gaia GPS) која симнува офлајн мапи од Гугл (сателитски сосе сите landmarks) во коцка која ти сам ја одредуваш. Секако, бидејќи станува збор за Македонија, 3g би завршило работа со Гугл Мапс (ова за низ градовите).

Има прилично градови во кои не сум ни стапнал (Гевгелија, Богданци, Валандово, Дебар и тн.



Edited by STEALTH - 05-Feb-2016 at 20:16
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12905
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Feb-2016 at 21:02
Гевгелија е мало, но пријатно гратче. Нема голем центар, но има една средена пешачка улица, таму ќе најдеш кафулиња и ресторани. Прошетај и по улицата со калдрма што води кон железничката станица, нема многу за одење, а има интересни куќички и зградички, мислам дека и паркот е на таа улица.

Во Дебар нема многу за гледање, центарот е исто така мал, една уличка што води кон затворениот пазар, има една црква во градот, и надвор од градот е прекрасниот манастир Свети Ѓорѓи Победоносец. Ако можеш направи снимки од мостот преку Дебарско езеро, неодамна беше реконструиран, па ни фалат слики од тоа како испаднал.

Не знам кога планираш да тргнеш, веројатно треба да почекаш уште малку студовите да попуштат, а и денот да биде подолг, за да имаш повеќе дневно светло за возење и за шетање. И не заборавај да направиш една фоторепортажа од патувањето на форумот, се разбира, ако си во можност. Баш би било фино да се види како сте поминале и кои работи ви оставиле најдобар и најлош впечаток.
За сè има вторпат
Back to Top
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Feb-2016 at 21:26
Па некаде април здравје, предизборно хахахахха

Обавезно фоторепортажа и евентуално од тие 3Д сферите на Гугл.

Еве нешто од тие:

1
2
3
4
5
6
7
8

Прејака ствар, плус на Гугл Мапс ти стојат, па можеш да ги гледаш/гледаат во секое време

Edited by STEALTH - 05-Feb-2016 at 21:32
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Feb-2016 at 21:44
Идејата ти е одлична, ме фаќа и мене ќеф. Јас вака би ја истерал.

Прв ден
Кочани, Виница, Македонска Каменица, Дечево, Пехчево, Берово, Струмица, Дојран, Богданци, Гевгелија.
~190км = 3 часа возење. За сите места ти е доволно по 1 час (за Богданци 15 мин ), за Струмица и Дојран може 2. Значи вкупно 15 часа. Спиење во Гевгелија е некако најзгодно или евентуално Дојран. Гевгелија е навечер живо, а за Дојран зависи во период ќе ја правиш екскурзијата.

Втор Ден
Демир Капија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Македонски Брод, Кичево, Крушево, Демир Хисар, Битола.
~250км = 3до4 часа возење.
Битола не знам колку си бил но дефинитивно има најмногу за шетање и затоа навечер, а патем и има ноќен живот и доста места за преспивање. Во Прилеп 2 часа обавезно, сепак е поголем и интересен град, исто така 2 часа и за Крушево. За другите места по еден час е доволно. Демир Хисар и Македонски брод се градчиња како Богданци, преку кои само ќе поминеш и реално и да сакаш нема да можиш да се задржиш. Се на се повторно 15тина часа.

Трет ден
Ресен, Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, Скопје, Велес
~240км = 4 часа возење
Охрид и Скопје претопставувам веќе си бил, но еве нека е за двете места по два часа, а за сите останати по еден. Односно вкупно 15 часа. Спиење во Велес сепак е поголем град и има некаква раздвиженост.

Четврт ден
Св. Николе, Куманово, К. Паланка, Кратово, Пробиштип, Штип
Најкус и последен ден секаде по еден час максимум е доволно. Ако можеш скршни до Кокино.

Вториот и Третиот ден се најнапорните во тие два дена се гледаат најбитните знаменитости од Македонија. Првиот е малку Воведен, а последниот ден за Релаксација. Најбитно да е времето погодено!

И се разбира, доколку ова го оствариш, очекуваме детална репортажа на форумов!

Edited by stratus - 05-Feb-2016 at 21:49
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Feb-2016 at 21:47
Оваа тура ја сваќам како тура за посетување на сите градови во МК. Но сепак сметам дека има многу поинтересни места од пола градови. На пример Маврово, Пелистер, Галичица, Стоби, Селата низ реканскиот регион како: Галичник, Лазарополе, Вевчани, Гари итн.

Edited by stratus - 05-Feb-2016 at 21:48
Back to Top
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Feb-2016 at 23:33
Originally posted by stratus

...


Па така некако и јас планирав со спиењето, само не во Велес, туку во Скопје, имам роднини. Инаку како што и сам ќе забележиш ти фали Радовиш. Него морам да го посетам после Пробиштип, секоја друга варијанта ја расипува цела тура
Постои опција и за спиење плус, така да еден ден плус би растеретил многу.

Инаку да, ова е тура претежно за градовите. Сите местенца кои си ги навел (плус бааги други), а ги немам посетено можат да се посетат во слободни денови од работа

Јас не можам да сфатам како некои скапуваат во Банско (Бугарија), не скијаат, а својата земја не ја знаат ни 20%.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Feb-2016 at 01:32
А мала ни е земјата и лесно и ефтино може секде да се прошета.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Feb-2016 at 16:44
отсекогаш сум сакал да свртам некоја слична тура низ земјава, меѓудругото и поради искуство
браво за иницијативата... изборот на рути е супер, скоро сите се исполнети со нашите најубави живописни предели
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Feb-2016 at 20:37
Поздрав. Еве ме пак
Ова е најверојатно финалната тура:

1. Кочани
2. Виница
3. Македонска Каменица
4. Делчево
5. Пехчево
6. Берово
7. Струмица
8. Валандово
9. Дојран (ноќевање)

10. Богданци
11. Гевгелија
12. Демир Капија
13. Неготино
14. Кавадарци
15. Прилеп
    - Маркови Кули
    - Трескавец
    - Зрзе
16. Македонски Брод
    - Пештера Пешна
17. Кичево
18. Крушево (ноќевање)
    - Македониум
    - Спомен куќа Тоше Проески
    - Св. Преображение
    - Мечкин Камен

19. Демир Хисар
20. Битола
    - Хераклеа
21. Ресен
    - Отешево
    - Стење
22. Охрид (ноќевање)
    - Св. Наум
    - Залив на коските
    - Самуилова тврдина
    - Св. Јован Канео
    - Плаошник

23. Струга
24. Дебар
    - Св. Ѓорги Победоносец
    - Елен Скок
    - с. Јанче
    - Св. Јован Бигорски
25. Гостивар
    - с. Вруток
26. Тетово
    - Шарена џамија
27. Скопје (ноќевање)

28. Велес
29. Свети Николе
30. Куманово
    - Кокино
31. Крива Паланка
32. Кратово
33. Пробиштип
34. Радовиш
    - Хотел Бел Камен
Back to Top
STEALTH View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote STEALTH Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 29-May-2016 at 19:11
Да не испаднам геј, денес се вратив од турата. Ја терав исто како што сум навел во претходниот пост и ме фати 4 ноќевања т.е 5 дена.

После поминати сите градови во Македонија (плус други локации) и извозени 1350 километри имам само едно да кажам - Македонија е ПРЕКРАСНА.

http://imgur.com/a/tSTqf

поглед од Трескавец

Дојран

Глобочица т.е Црн Дрим

с. Јанче


Edited by STEALTH - 29-May-2016 at 19:15
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.