build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рециклирање

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 06-Jun-2009 at 00:02

Селектираните пластика и хартија никој не ги собира

„Комунална хигиена“ со месеци не поминува да го собере селектираниот отпад од домаќинствата

Сања Наумовска

Селекцијата на хартија и на пластичен отпад не функционира веќе подолго време. „Комунална хигиена“ со месеци не доаѓа во населбите Тафталиџе и Влае, каде што индивидуалните домаќинства секоја втора недела треба да го одвојат овој отпад од комуналниот смет. И покрај тоа, од јавното претпријатие упорно тврдат дека селектираниот отпад редовно се собира.

Забелешки на неговата работа имаат и жителите на населбите Кисела Вода и Центар, каде што еднаш неделно треба да се празнат жичените контејнери за пластични шишиња, поставени пред зградите. Велат, преполни се со денови, па пластиката се истура покрај нив. Граѓаните апелираат „Комунална“ или да ја зголеми фреквенцијата на празнење на овие контејнери или, пак, да се врати на старо, па целиот отпад да завршува во обичен контејнер.

„Пред почетокот на проектот, сите пластични шишиња и хартијата ги земаа дивите препродавачи, со кои моравме да се бориме да не ни влегуваат во дворовите и да не ја земаат пред да дојде ’Комунална’. Сега ги нема ниту едните ниту другите, па целата идеја пропаѓа“, се жалат скопјани.

Селекцијата на отпадот во индивидуалните домаќинства во општината Карпош започна пред неколку години, како проект на Градот Скопје и Карпош, поддржан од УСАИД. Тогаш градските власти најавија дека многу бргу ќе биде проширен низ целиот град, каде што има населби со индивидуални куќи. Истовремено, на целата територија на Скопје беа поставени жичени контејнери, кои исто така требаше да ги празни „Комунална хигиена“.

Во Градот Скопје, моментно, не се информирани за поплаките на граѓаните за состојбата со селекцијата на отпадот. Оттаму соопштуваат дека „Комунална хигиена“ редовно ги празни жичените контејнери и го собира отпадот од индивидуалните домаќинства во Тафталиџе и во Влае. Меѓу приоритетите на новиот градоначалник Коце Трајановски е и воспоставување европски стандарди за менаџирање на отпадот во градот Скопје, односно негово селектирање, собирање, реупотреба и рециклирање.

„Моментно, Градот ја спроведува акцијата ’Заедно за чисто и зелено Скопје’. По завршувањето на оваа акција, ќе се разгледува прашањето за проширување на проектот за селекција на отпадот низ целиот град. Плановите за проширување на селекцијата на отпад низ целиот град ќе бидат разгледувани во соработка со сите општини на подрачјето на Скопје и со централната власт, односно со Министерството за заштита на животната средина“, информираат од Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4294C16E13F8F04391BE8155E642E4AA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 17-Jun-2009 at 15:25

Три години си играме рециклирање пластика

Собирањето и одвојувањето на ПЕТ-амбалажата заради нејзината понатамошна преработка е сé поуспешен проект, но градот е далеку од комплетен и функционален систем за справување со пластичниот отпад

%20
Повеќе од три години Скопје тренира рециклирање пластика, но оваа практика никако да стане редовна во главниот град. Пилот-проектите за собирање и за одвојување на ПЕТ-амбалажата почнаа уште во 2006 година, со помош на американската агенција за меѓународен развој УСАИД. До денес рециклажата на овој материјал премина во редовна практика на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, но само во четири населби.


РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ


Сите вклучени страни во овие пробни собирања и рециклирања на пластиката се презадоволни од досегашните резултати што ги постигнале. Но дали и кога ќе се спроведе оваа активност низ целиот град сé уште нема никакви најави. Во меѓувреме, неколку причини придонесоа да се намали бројот на уличните собирачи, кои одеа од еден до друг контејнер и ги собираа шишињата. Едната е Законот за јавна чистота, кој забранува буричкање во садовите за отпад, освен за овластените лица од јавните претпријатија. Претурајќи по ѓубрето, барајќи некое шишенце за парче леб, неколку собирачи биле казнети со по 50 евра или со општокорисна работа. Друга причина е и светската економската криза, поради која се намали и цената на суровината. Така, за разлика од порано, кога не можеше ниту капаче да се види на улиците, сега фрлените пластични шишиња не се ретка глетка.

Организираното собирање како пилот-проект, во кој беше вклучена и локалната самоуправа, почна во општината Карпош во 2006 година, во соработка со УСАИД. Се направија „еколошки острови“ на неколку места, каде што граѓаните можеа да ја фрлаат пластиката и на тој начин да ја одвојат од другиот отпад. Потоа пилот-проектот се прошири и во други општини преку јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Мерита Кули, портпаролката на УСАИД, вели дека главната цел на нивните активности е да се информира јавноста за важноста од рециклирањето, како и да се вклучат сите партнери што би придонеле оваа активност да се спроведува што поуспешно.

- Проектот се состои од неколку компоненти, односно општинска програма за рециклирање, програма за развој на бизниси и програма за издигање на јавната свест. Беа поставени контејнери за селекција на пластичниот ПЕТ-отпад. Општините ги одбираа локациите за нивното поставување, а на индивидуалните домаќинства им беа поделени пластични ќеси. Овие активности резултираа со зголемување на количествата на рециклирана пластика од 350 тони во 2005 година до 6.000 тони лани. Во кампањите за издигање на јавната свест беа вклучени општините и невладините организации. Во Скопје во едукативни часови за рециклирање беа вклучени 2.000 ученици од 30 основни училишта, а се делеа и брошури, брендирани маици и се прикажуваа кратки документарни филмови - рече Кули.

Катерина Лаова, портпаролката на „Комунална хигиена“, истакна дека посериозна селекција на отпадот во 2007 година почнала во населбите Тафталиџе 1 и 2, како и во Влае 1 и 2.

- Околу 3.000 домаќинства го рециклираат отпадот, и тоа во сини ќеси хартијата, а во жолти пластиката. Се изгради и рециклажен двор со површина од 1.500 квадратни метри, кој е поделен на 12 бокса за одлагање на пластиката и за нејзина понатамошна селекција и балирање. Со донацијата на УСАИД во жичени контејнери беа направени 130 еко-острови. Резултатите се позитивни. Минатата година беа собрани 16.000 килограми пластика, а во првите пет месеци од оваа година над 19.000 килограми - изјави Лаова.


НЕМА КАЗНИ ЗА НЕРЕЦИКЛИРАЊЕ


Но иако овие резултати покажуваат дека кај скопјани има интерес да ја рециклираат пластиката, од претпријатието сé уште не знаат кога практиката ќе се спроведе низ целиот град. Оттаму велат дека градската управа треба да го даде тој одговор. Од градот, пак, одговорија дека во предизборната програма на градоначалникот Коце Трајановски било предвидено до крајот на 2010 година да се спроведе проект за воспоставување европски стандарди во врска со управувањето со отпадот. Дополнително ќе се открие што сé ќе содржи тој проект. Сепак, немањето посебни контејнери во сите населби, односно маала, не е единствениот проблем за целосно да се спроведе рециклирањето. Има недостиг и во законската регулатива. Засега не постојат казни за граѓаните што би постапувале неправилно со ѓубрето, односно не би го оставале во соодветните садови.

Момо Николовски, портпаролот на општината Ѓорче Петров, во која исто така се тренира рециклирање, истакна дека, и покрај сите поставени потребни елементи, не биле задоволни од проектот.

- Сé што беше потребно направивме, ги поставивме жичените контејнери, но проблем се појави кога тие се преполнија, заедно со нивната околина, а никој не доаѓа да го среди тоа - рече Николовски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6179103020359&id=14&prilog=0&setIzdanie=21714
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Jun-2009 at 18:20
Примерот кај мене во Карпош од ЕКОЛОШКИОТ ОСТРОВ



Иначе тражевме од општина Карпош да постави повеке вакви PET контејнери но како и на се нема никаков повратен одговор.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 18-Jun-2009 at 02:31
Евидентно е дека граѓаните сакаат да рециклираат, а запушено е во институциите. Ако општините веќе не го прават ова тогаш треба да отвориме можност приватните фирми кои се заинтересирани да го собираат селектираниов отппад, да им отвориме можност за да постават свои контејнери и нормално да си платат за локацијата на контејнерот колку ќе од одреди општината. Во ситуција на слаба финансиска сосотојба на локалната самоуправа (сите до една) општиниве се трудат да опстанат па дури и се надеваат на некој мини профит дали од шишињава, дали како што пред некој ден зборевме на пример град Скопје со треска, а посебно со луна-парк.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 19-Jun-2009 at 17:04

Нов закон ќе го направи рециклирањето одржлив бизнис

Законот за пакување и за отпад од пакување, кој го подготвува Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со американската агенција УСАИД, ќе овозможи да се обезбедат доволно пари за процесот на рециклирање уште повеќе да се развива. Со него се предвидува секоја компанија што произведува пластични амбалажи да плаќа одредена такса, а тие пари потоа ќе се користат за да се одржува и да се развива рециклирањето


%20
Аријан Тоска, раководителот на проектот за рециклирање пластика во УСАИД, вели дека пред тие да го почнат пилот-проектот во општината Карпош во 2006 година, ваква индустрија во земјава не постоела, а денес работите се сосема поинакви.

- Проектот за собирање пластика веќе не е во пилот-фаза, затоа што се спроведува низ цело Скопје. Во секоја општина рамномерно, според бројот на жителите, се поставени жичени контејнери за пластични шишиња. Вкупно има 130, а за целосно да се покрие градот се потребни уште толку. Еден таков контејнер чини 250 евра, не сметајќи ги трошоците за поставување и за понатамошно сервисирање. Порано немаше ниту една компанија, а сега има 20, со пет илјади вработени. Пет од нив рециклираат пластика, а другите ја обработуваат - објаснува Тоска.

Тој додава дека законот во август ќе влезе во процедура, во 2010 година ќе се спроведува како пилот во повеќе општини, а од 2011 година треба да стапи во сила.

Претставниците на американската агенција се задоволни и од резултатите од кампањите што ги спровеле за издигнување на јавната свест кај населението за рециклирањето.

- Тие беа особено ефикасни кај децата, кои, откако стекнаа навики правилно да го селектираат отпадот, ги учат и своите родители како се прави тоа - вели Мерита Кули, специјалист за односи со јавност во УСАИД.

И градот има планови да го развие рециклирањето. Како што велат оттаму, управувањето со отпадот било еден од приоритетите на градоначалникот Коце Трајановски, но поголеми ангажмани за тоа ќе се направеле откако ќе завршела големата акција „Заедно за чисто и зелено Скопје“.

- Наш приоритет е да ги подобриме комуналните услуги и јавната чистота и да воспоставиме европски стандарди во менаџирањето со отпадот. Тоа подразбира негово собирање, селектирање, реупотреба, рециклирање, како и воведување систем за трговија со корисните делови и депонирање само на тоа што повеќе не може да се искористи. Активностите околу тоа ќе ги разгледуваме во соработка со сите општини и со централната власт - најавуваат од градската управа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=619993818549&id=14&prilog=0&setIzdanie=21715
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 19-Jun-2009 at 17:13
Интересен концепт за поддржување на рециклирањето. Воведување обврзувачка такса за секое парче пластика произведено и на некој начин канализирање на средствата што се платени директно во поддржување на рециклирачката индустрија. Иако моите сваќања се повеќе диктирани од пазарната логика, сепак рециклирањето и животна средина се домени коишто имаат и социолошка димензија така да ок е.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-Nov-2009 at 21:39
ИНОВАТОР ТВРДИ ДЕКА ПОСТОИ РЕШЕНИЕ ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД
Со минимизатор ќе нема шишиња во Вардар

Постои решение за пластиката во Вардар, но никој не го применува, смета Мирко Узелац, автор и промотор на уреди за собирање пластични шишиња. Тој уверува дека пластиката лесно може да се собира и првично да се складира во помал волумен, со помош на неговиот изум - минимизатор. Оваа направа, за која Узелац изработил прототип, е од нерѓосувачки челик, тежи четири килограми и нејзината изработка чини 300 евра. Со неа се сече шишето, налепницата се издвојува и потоа малите пластични делчиња се складираат. На овој начин пластиката зафаќа многу помал простор отколку обично собрано шише кое не е исечено и има поголем волумен затоа што е исполнето со воздух. - Идејата има и социјален аспект затоа што со неколку вакви уреди може да се вработат стотина семејства и да се тргнат од листата на социјални случаи. Откако ќе се обработи со минимизаторот, се добива пластика во предрециклирачка фаза која е многу полесна за понатамошно процесирање и чини повеќе од обичното пластично шише - вели Узелац. Тој е автор и на рекламните столбови со посебен дел за собирање пластични шишиња, кои пред повеќе од една година ги постави Општина Центар пред своето седиште, а исти беа поставени и пред влезот на Зоолошката градина. Во Центар требаше да се продолжи со пилот-проектот и да се постават 24 објекти, но тоа не се случи. Еден рекламен столб чини 1.600 евра. Според авторот на идејата, целиот процес може да функционира кога би се вклучиле локалните власти, кои би одобриле локации за кантите за шишиња, и надлежните министерства, кои би инвестирале во минимизатори и би ангажирале луѓе за сечење на пластиката. Самите работници, пак, ќе ги плаќа фирмата што ќе ја откупува пластиката.

Излетниците виновни за ѓубрето во реката

Дефинитивно е елиминирана можноста некој намерно да ги фрлал шишињата во Вардар, вели директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемет. Тој тврди дека причина за отпадот кој реката неколку дена го носеше поради обилните дождови се излетници, ловџии или дрвосечачи, кои со години оставале ѓубре зад себе, но и жителите на руралните средини кои ги претвориле суводолиците во депонии. Од Министерството за животна средина информираа дека во завчерашната акција кај браната на ТЕЦ „Неготино“ сопрени се повеќе од десет тони отпат од пластика, стиропор и друг материјал, кој деновиве ќе се однесе во најблиската депонија.


Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1864&ArticleID=126360
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 17-Nov-2009 at 15:45

За 10 месеци собрани 44.000 кила пластика

ЈП "Комунална хигиена" од почетокот на годинава до ноември од жичаните контејнери собрале 44. 024 килограми пластика. Од претпријатието велат дека оваа бројка е за четири пати поголема од лани, имајќи го предвид фактот дека ланската година биле собрани вкупно 16.000 килограми пластика. Собраната пластика ЈП "Комунална хигиена" потоа ја продава. За еден килограм се добиваат 5 денари.

http://vest.com.mk/?ItemID=9F77F41565BE834E8E629C7627903075
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Jan-2010 at 11:32

Лани собрани 52 тона пластична амбалажа

Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во текот на изминатата година собрале вкупно 52.304 килограми отпадна пластична амбалажа. Тоа е три пати повеќе споредено со 2008 година, информираат од Градот.

Селекцијата на отпадот во Скопје се спроведува веќе трета година, во сите општини. Пластичната амбалажа се собира од 130 жичени контејнери, поставени на фреквентни локации и од околу 2.000 индивидуални домаќинства.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D9C076FE17567D4182D3C783DEF9B729
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 04-Feb-2010 at 20:29

Фирмите ќе плаќаат рециклажа на амбалажа

Компаниите ќе мора да го собираат и рециклираат отпадот од амбалажите на производите што ги продаваат. Во спротивно, ќе платат казна. На пример, винарница што шишињата вино ги продава спакувани во картонски кутии, во текот на годината од купувачите ќе мора да собере одреден процент од празните кутии и шишиња и да се погрижи тие да бидат рециклирани, за што самата ќе треба да плати. Ваквите обврски на компаниите се предвидени во новиот закон за управување со пакување и отпад од пакување, кој стапи во сила од Нова година.

Сепак, обврската за собирање на амбалажите најверојатно ќе почне да важи од следната година, бидејќи компаниите добија време да се приспособат на регулативата. Законот точно ги дефинира националните квоти што треба да се достигнат. Тој дефинира колкав процент од различните видови амбалажен отпад (хартија, стакло, пластика, метал, дрво) секој производител или увозник е должен да собере, однесе на рециклирање или одново да го искористи пакувањето. Оваа обврска нема да важи само за фирмите што само извезуваат, како и за производители што на пазарот пуштаат мали количини амбалажен отпад.

Освен одговорноста за собирање на отпадот, производителите и увозниците ќе бидат должни и на самата амбалажа да ги посочат материјалите од кои е изработена, како и штетните материи што ги содржи. Ќе мора да стават и ознаки за рециклирање.

Законот, кој е дел од европските директиви, пропишува дека секоја компанија е должна да најде начин да го собере пропишаниот процент од отпадните пакувања. Се остава можност и за наплаќање таканаречена „кауција“, односно плаќање одредена сума пари за секоја вратена амбалажа. Ако компаниите не можат самите да се организираат, Законот им дозволува да се здружат и да формираат посебна организацијам која во нивно име ќе го собира отпадот и ќе го носи на преработка.

- Законот го воведува начелото „одговорност на производителот“, со кое субјектите што го создаваат овој вид отпад се должни за своја сметка да обезбедат негово собирање и рециклирање. Со овој Закон, отпадот од пакување всушност станува ресурс, кој може да се искористи, што е спротивно на досегашното негово третирање како ѓубре што треба да се фрли. Долгорочните придобивки се во насока на зголемување на пазарот за преработка и рециклирање отпадни материјали, зголемено вложување во изградба на капацитети за рециклирање, како можност за отворање нови работни места - вели Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање.

Бугарскиот консултант, Никола Дојчинов, кој учествуваше во подготовката на Законот, смета дека регулативата најмногу е значајна заради заштита на животната средина. Но, има и други придобивки.

- Особено е важно дека како резултат на одделното собирање на отпадот и неговото сортирање, корисните суровини кои можат да се рециклираат стануваат достапни за локалната индустрија. Со тоа се поддржува и развојот на националната економија - вели Дојчинов.

Компаниите ќе бидат должни да достават месечни и годишни извештаи за тоа колку пакувања собрале, рециклирале и слично. Освен македонското Министерство за животна средина, во подготовката на Законот беа вклучени и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) преку проектот за Интегрирано управување со цврст отпад, заеднички финансиран од ИФЦ и Сојузното министерството за финансии на Австрија. Во изработката на регулативата помогнаа и британската амбасада и УСАИД.

Даница Тунтевска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FBA19AA9F9AF12478F496D0B2BD5FB10
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 04-Feb-2010 at 20:39
Aбе уште не можам да заборавам во Германија пред три години ми наплаќаа цело евро поскапо за пластично шише, макар и од пола литар, и после ги враќаа кога ќе им го вратиш шишето празно. Кој е будала да го фрли? Не знам дали тоа беше само во мини маркетот на мојот хотел, или низ цела Германија беше цело едно евро, како и да е и 10-20 денари да има кауција ќе вроди со плод.

Edited by гитардемон - 04-Feb-2010 at 20:40
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Feb-2010 at 04:28

Градот ќе ги собира опасните батерии

Градските власти со пилот-проект ќе ги собираат и ќе ги складираат искористените батерии, со цел да се намалат опасностите за здравјето на луѓето и за околината што произлегуваат од нивното распаѓање во природата и во депониите

Градските власти подготвуваат пилот-проект за селективно собирање на искористените батерии. Преносливите батерии, кои се опасен отпад, кај нас по употребата завршуваат на депониите и во природата, каде што под атмосферските влијанија протекуваат и значително ги загадуваат подземните и површинските води со тешки метали, најчесто со жива, кадмиум и со олово. Опасни за околината се и автомобилските акумулатори кои, пак, се собираат од индивидуалните собирачи и се продаваат на складиштата. Според Националниот план за управување со отпад, во Македонија годишно се создаваат 1.500 тони отпадни автомобилски батерии и акумулатори, кои се закана за здравјето на луѓето и за животната средина.

Од Министерството за животна средина потенцираат дека ваквиот вид отпад кај нас досега воопшто не се третирал.

- Не е воспоставен систем за селектирање на национално ниво. Ваквиот вид отпад треба да се третира на локално ниво. Стратегијата за управување е усвоена од Владата, но општините се должни да ја имплементираат - потенцира Филип Иванов, директор на Управата за животна средина.

Тој е скептичен дека батериите како отпад наскоро ќе бидат третирани, бидејќи според него, постојат поприоритетни работи. Сепак, вели дека начинот на кој тие ќе бидат третирани прецизно ќе се дефинира со закон за управување со електронски отпад.

- Според законот за електронски отпад, обврска на производителот и на тој што ги откупува батериите е да ги складира и соодветно да ги третира или да плати трето лице што ќе ги собере. Постои метод, начин на третман и понатамошна обработка на батериите. Нам ни е битно тие да не завршат на депонија - потенцира Иванов.

За делумно да престане фрлањето на батериите на депонија и во природа Градот ќе спроведе пилот-проект за нивно селективно собирање во некои делови од Скопје. Целта е да се намалат опасностите што произлегуваат од нивното разградување и протекување. Батериите ќе се собираат на местата што се определени за селективното собирање на ПЕТ-амбалажата, како и во училиштата.

- Собраните батерии ќе се складираат во соодветно пакување, односно со пластични ќеси во пластични буриња, во складиште за опасни компоненти, лоцирано на одреден дел од депонијата Дрисла. Тие би се извезувале заради рециклирање или отстранување, со евентуално претходна селекција по видови - е наведено во Планот за управување со отпад на Град Скопје за периодот од 2010 до 2015 година, во кој е вметнат и овој проект.

Во Планот стои дека пилот-проектот ќе се спроведе ако надлежното министерство им додели средства од Програмата за инвестирање во животната средина или ако обезбедат пари од производителите и увозниците на батерии.

- Проектот е во почетна фаза и неговата реализација е во ингеренции на Министерството за животна средина, бидејќи третирањето на опасниот отпад е во негова надлежност. Градот Скопје ќе даде свој придонес во рамките на своите ингеренции - велат градските власти.

Од Министерството велат дека Планот од Град Скопје го добиле деновиве и дека допрва ќе одлучат дали пилот-проектот ги исполнува условите за да биде финансиран од нив.

Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ засега не се запознаени со намерата на Градот да ги собира батериите.

Директорот на Дрисла, Горан Ангелов, вели дека годинава не постои можност на депонијата да се врши третман на батериите, оти треба да се создадат технички услови.

- Батериите во принцип мора да се рециклираат, бидејќи не можеме да ги уништиме. Но, засега не постои погон за нивна обработка. Треба да се создадат технички услови за таа работа, односно да се изгради соодветен простор, каде што тој отпад ќе може да се селектира и да се обезбеди негова заштита, бидејќи е опасен - објаснува Ангелов.

Тој истакна дека годинава им дале приоритет на други проекти.

- Оваа година ја санираме депонијата. Се подготвуваме за црпење на депонискиот гас и за производство на електрична и топлинска енергија, како и за изградба на фабрика за рециклирање и евентуално за третман на отпадот. Годинава, депонијата ќе биде соодветно опремена за примање азбестни плочи и други азбестни градежни материјали што треба да бидат извадени од објектите на градските институции. Ако помогне Министерството за животна средина, би можеле да го реализираме и проектот за батериите - заклучи Ангелов.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=86303F2C99184B4C863C5C6AC7078536
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 04-Apr-2010 at 20:56

Картонска амбалажа за бламажа

Картоните, особено кутиите во кои се доставуваат производите до трговските и угостителски субјекти, значајно придонесуваат за неефикасност на системот за собирање и транспортирање мешан комунален отпад во урбаниот дел на градот. Овој вид отпад е главната причина за недоволната искористеност на волуменот на контејнерите и возилата и растурен отпад околу контејнерите.

Поради ова, ќе се воведе и систем за селективно собирање на овој вид отпад од стопанските субјекти што го создаваат.

Два модела

Двата модела „врата на врата“ и „донесување“ ќе се тестираат и за селектирање на овој вид отпад. Моделот „врата на врата“ предвидува формирање мобилна претоварна станица, поточно контејнер од пет кубни метри, кој ќе го подигаат од „Комунална хигиена“ по системот „полн за празен“. Контејнерот ќе се бојадиса во жолта боја, видливо ќе се обележи и ќе се држи под клуч со кој ќе располагаат собирачите и „Комунална хигиена“ или приспособен контејнер од 1,1 кубен метар, кој вообичаено се користи за мешан комунален отпад. Тој ќе биде бојосан во жолто, видливо ќе се обележи и ќе се држи под клуч со кој ќе располагаат собирачите и „Комунална хигиена“. Се проценува дека на сите локации каде што има најмалку четири контејнери за мешан комунален отпад, еден од нив ќе може да се пренамени и приспособи за селективно собирање картон-лепенка. Овој модел може особено добро да биде прифатен од продавниците што продаваат храна поради обврските што за нив ги создава ХАЦЦП-системот.

Вториот модел „донесување“ предвидува на еден или неколку стопански субјекти да им се додели контејнер, до кој пристап ќе имаат само тие, бидејќи тој постојано ќе биде заклучен. Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе го подига контејнерот („полн за празен“ ) или ќе го празни со користење на стандардните возила за подигање контејнери од 1,1 кубен метар.

Собраните картони ќе се транспортираат во рециклажниот центар, а оттаму во АД „Комуна“. Стопанските субјекти ќе може сами да го изберат моделот што ќе го користат.

Син контејнер за хартија

За деталите на моделите и датумот од кога ќе почне да се спроведува шемата, опфатените трговски и угостителски субјекти мора да бидат директно известени од „Комунална хигиена“ писмено, со сметките за отпад кои тековно ги добиваат, и тоа три месеци пред да се активира шемата. Моделите ќе се тестираат на истите локации, избрани и за тестирање на моделите за ПЕТ-амбалажа во урбаниот дел на Градот.

Селективното собирање хартија ќе се изведе исто така во првата половина од планскиот период 2010 - 2015 година. Тоа ќе опфати селективно собирање мешана отпадна хартија (весници, тетратки, книги, кеси, тенок картон...) во урбаниот дел на градот, во општините Центар и Карпош, по моделот „донесување“. За овој систем нема потреба од набавка на нови контејнери, туку ќе се приспособи по еден 1,1 кубен метар на локациите каде што се групирани најмалку три контејнери. Контејнерот ќе се обои во сина боја, видливо ќе се обележи, на капакот ќе се отворат процепи и ќе се држи заклучен, а со клучот ќе располага „Комунална хигиена“. За оваа намена би можеле да се издвојат едно до две од постојните возила на „Комунална хигиена“, со рационализација на режимот за собирање и транспортирање мешан комунален отпад.

За успешно спроведување на селекцијата на отпадот ќе има долотрајна и континуирана кампања за едукација на населението и подигање на јавната свест. Контролите на екопатролата во рамките на „Комунална хигиена“ и инспекцискиот надзор и контрола ќе бидат интензивирани.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=69930AD3BF188F4283FFBBE3EC9F9C8E
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 06-Apr-2010 at 00:08

Градот решен да се справи со отпадот

Планот за управување со отпад на Град Скопје за периодот од 2010 до 2015 година предвидува формирање рециклажни и собирни центри за селектирање ПЕТ-амбалажа, лименки, картони и хартија

Општините Центар и Карпош ќе бидат првите пилот-локации на кои Градот и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе ја тестираат шемата за селективно собирање на комуналниот отпад, предвидено со Планот за управување со отпад на Град Скопје за периодот од 2010 до 2015 година.

Селектирањето на различни видови отпад се спроведува ако селективно собраниот отпад може повторно да се употреби или преработи, како и за оние материи што се ризични за животната средина. Од овие причини во Планот се предвидува селективно собирање само на стара хартија, картон-лепенка, ПЕТ- шишиња, лименки и преносливи батерии. Кон овие видови отпад, во подоцнежната фаза на планираниот период, може да се додадат пакувања и од друг вид пластика.

„Поради заканата за загадување на почвите, подземните и површинските води со опасни супстанции преку исцедокот од депонијата, дури и ако не бидат почнати активности на национално ниво за изградба на депонија за опасен отпад, Градот, поточно „Комунална хигиена“ мора да воведе селективно собирање и на други опасни видови отпад, освен батерии и да обезбеди нивно привремено складирање“, стои во Планот за управување со отпад на Град Скопје.

Што се однесува до ПЕТ-шишињата и лименките, планот предвидува тестирање на ефикасноста на два модела на селектирање, во зависност од густината на населението и на стопанските субјекти. Едниот е „од врата до врата“, преку формирање собирни центри на повеќе места во градот, кои ќе бидат во надлежност на општините, вториот е преку формирање рециклажни центри, кои ќе бидат во надлежност на Градот, односно на „Комунална хигиена“.

- Засега се' уште се прават подготовки за овој проект. Веќе испративме дописи до скопските општини во кои би можело да се формираат рециклажни дворови. Факт е дека во Скопје постои само еден рециклажен двор за селектирање отпад, а тоа е во Карпош. Постои размислување нов рециклажен двор да се формира и на поранешната депонија „Вардариште“. По претходно распишан оглас, поднесовме проект до Министерството за животна средина, бидејќи една од неговите задачи е и ревитализација на одредени простори што во минатото биле депонии. Очекуваме дека ќе добиеме поддршка - изјави Ракип Дочи, директор на „Комунална хигиена“.

Вториот модел е донесување, кој предвидува поставување заеднички контејнери, но и собирни центри и тоа во руралните средини, кои ќе бидат во надлежност на општините и ќе им го олеснат пристапот на возила на „Комунална хигиена“. Би се поставувал по еден контејнер за 200 жители, а тие ќе бидат обоени во жолто и ќе бидат дводелни. Во поголемиот дел ќе се складира безбојната ПЕТ-амбалажа, а во помалиот - обоената ПЕТ-амбалажа и лименки. Локациите и бројот на собирните центри ќе ги утврдат општините. Собирните центри ќе се уредат во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“. Локацијата на рециклажните центри ќе ја утврдат општините во соработка со Градот. Овие модели ќе ги вклучат социјално загрозените структури, обезбедувајќи нивна лична заштита и хигиена и остварување финансиски средства што ќе ја подобрат нивната социјална состојба.

Во првата половина од планираниот период двата модела ќе се тестираат на локацијата омеѓена со улиците: Народен фронт, Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт во Општината Центар и на локацијата омеѓена со булеварот Партизански Одреди и улицата Карпошово востание во Општината Карпош. Во руралните делови овие модели ќе се тестираат во населено место Орман, на територијата на Општина Ѓорче Петров. Изборот на пилот-локациите во урбаниот дел на градот е направен поради релативно малата оддалеченост на собирните центри до рециклажниот центар на ЈП „Комунална хигиена“ во Општина Карпош, а во руралниот дел поради компаративните предности на населеното место Орман да се оформи како пилот „Екосело“.

Дел од патите за изградба на рециклажните и собирните центри би се обезбедиле од поголемите „индиректни“ создавачи на отпадни ПЕТ-шишиња и лименки - производителите и увозниците на пијалаци, кои би се јавиле како кофинансиери. (А.П.)
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 07-Jun-2010 at 21:14

Акумулаторите ќе се фрлаат во специјални контејнери

Пробиштипската фабрика „Весна САП“ ќе управува со батерискиот и акумулаторскиот отпад

Иван Бојаџиски


Штип - Пробиштипската фабрика „Весна САП“, единствен производител на акумулатори во државава, ќе управува со батерискиот и акумулаторскиот отпад во Македонија. Планот за управување со овој вид отпад наскоро ќе биде донесен од Министерството за просторно планирање и животна средина.

„’Весна САП‘ покажа голема општествена одговорност во однос на заштитата на животната средина за што пред еден месец се здоби и со престижната интегрирана еколошка А дозвола, која на овој колектив широко му ги отвора вратите за извоз на неговите производи во најразвиените европски држави. И не само поради тоа што се единствен производител на акумулатори во државава, туку затоа што се најквалификувани на територијата на Македонија за оваа работа, сосема сигурно оваа компанија ќе ја добие одговорната обврска да управува со батерискиот и акумулаторскиот отпад на територијата на цела држава“, вели Соња Липиткова, заменичката на министерот во Министерството за животна средина.

Според Липиткова, „Весна САП“ во изминатите десет години по рестартирањето покажала исклучително почитување на најстрогите еколошки норми. Во тој контекст заменичката на министерот посебно ја потенцира најсовремената технологија што оваа фабрика ја набавила за производство на акумулатори, технологија што не загадува и која дава производство со сите неопходни еколошки подобности. За прибирање на ваквиот вид отпад, според Липиткова, ќе бидат обезбедени посебен вид контејнери, кои ќе се постават во сите наши градови и во кои граѓаните ќе можат да ги одложуваат разните видови потрошени батерии и акумулатори.

Сашо Наневски, технички директор на „Весна САП“, појаснува дека тие веќе набавиле околу 500 специјални контејнери, кои ќе бидат дистрибуирани до сите градови и во претпријатијата за собирање отпадни суровини.

„Ние сме организирани така што во рок од 48 часа од моментот кога ќе добиеме пријава дека некој контејнер е полн, да го транспортираме до нашата фабрика во Пробиштип каде што имаме најсовремен погон за рециклажа на олово-киселински акумулатори и батерии. Нашава држава годишно се соочува со над 2.500 тони ваков вид отпад, а значителен дел се расфрла неконтролирано и ја загадува околината. Ние сме подготвени целото количество да го рециклираме во нашата фабрика и со тоа уште повеќе да придонесеме во заштитата на животната средина“, вели Наневски.

Пробиштипската фабрика ја доби интегрираната еколошка А дозвола пред еден месец, но таму велат дека имаат уште обврски на планот на унапредувањето на заштитата на човековата околина. „Ние не се задоволуваме со постигнатото и затоа изготвивме оперативен план за подобрување на сите перформанси во фабриката, кои имаат значење за животната средина. Овој план ќе го реализираме до крајот на 2013 година, а неговата етапна реализација ќе ја надгледува ресорното Министерство“, вели Наневски.

Во фабричките хали на „Весна САП“ е инсталирана најсовремена технологија, која е достапна на светскиот пазар за производство на акумулатори. Станува збор за технологија што, покрај тоа што овозможува најквалитетно производство на акумулатори, истовремено ја чува и животната средина. Вложувањата во најсовремена технологија во „Весна САП“ се вршат во континуитет во последните десет години.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C4B5B0E6DA45C40BC281642F045EEE7
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 10-Oct-2010 at 15:43

Собирачите на пластика чекаат рециклажни дворови

Ваков трансфер-центар има само во Карпош, кој како единствен во градот не е во доволен за реализација на програмата за ПЕТ-амбалажа

Засега нема ништо од реализацијата на проектот за ангажирањето собирачи на пластика, т.н. ПЕТ-амбалажа, во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Директорот на ова претпријатие, Ракип Дочи, со евроамбасадорот Ерван Фуере и министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, на крајот од април, најави вработување на овие лица за да се избегне нивна маргинализација. Притоа посетија 100 ромски семејства, стационирани во близина на полигонот на Кале, на кои единствена животна егзистенција им е собирањето ПЕТ-амбалажа.

Според Гоце Делевски, заменик-директор во „Комунална хигиена“, за да се создаде можност да се повикаат надворешни соработници, прво треба да се оформат трансфер-центри, односно рециклажни дворови по општините, а дури потоа ќе се развива проектот. Делевски тврди дека локациите тешко се наоѓаат, бидејќи на дел од нив се јавуваат и приватни сопственици .

- Имаме само еден рециклажен двор во Карпош. Само со тој не може да се реализира првичната програма, која предвидуваше надворешни собирачи. ПЕТ-амбалажата е крупен отпад и опасно е да го користиме само тој рециклажен двор за цел град - дециден е Делевски.

- Треба да бидеме претпазливи кога нешто почнуваме за однапред да не биде осудено на неуспех - смета Делевски.

Локации за рециклажни дворови може да се најдат во Гази Баба, Бутел и Кисела Вода. Контакт е воспоставен и со градоначалникот на Општината Аеродром, но таму се' уште не е дефинирана локацијата - потенцира Делевски.

- Излезени сме на терен во Гази Баба. Разговарано е и со градоначалникот Тони Трајковски, па се надеваме дека ќе ни биде дадена за користење локација во рамките на депонијата Вардариште - потенцира Делевски.

Од „Комунална хигиена“ информираат дека рециклажниот двор, кој би бил на дел од поранешната депонија Вардариште, би бил поголем и би се користел и како претоварна станица. И во овој двор во почетокот би се селектирале пластиката и картонот, а ако се создадат услови, и други делови од отпадот.

Засега за да се развие уште повеќе системот за селекција на отпадот се планира да се набават нови жичени контејнери. Засега во сите општини се распределени 130 жичени контејнери.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CB51F91F2F81314ABD13062191653281
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 27-Oct-2010 at 11:54
Eve kade se frlat sisite od staklo, aluminium, doza kako tie od pivoto vo svajcarija!


Slusnav za podzemni kanti sto kje se postavat vo centarot!
Vaka nekako kje izgledat posto i ovie se podzemni Smile!




Edited by my Macedonia - 27-Oct-2010 at 11:55
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 27-Oct-2010 at 16:54
Законот за отпад новина за бизнис секторот
СРЕДА, 27 ОКТОМВРИ 2010 17:31


По два месеци на сила ќе стапи нов закон, за управување со пакување и отпад, кој пред се ќе биде новина за бизнис секторот. Целта на законот е да се намали количината на отпад кој се создава од пакувањата на производите. Секој производител што создава отпад од пакувања, со овој закон има обврска да го собере истиот и да го рециклира.



-Кога се подготвуваше овој закон направена е регулаторна проценка на влијанието и излезе дека трошоците со овој закон би се зголемиле од 1-2%. Компаниите оваа обврска имаат можност да ја спроведат на два начини - да се здружат и една компанија да го собира отпадот во нивно име или поединечо, сами да собираат - вели Јадранка Иванова, од МЖСПП.

Регистрацијата на компаниите ќе се врши во Министерството за животна средина и тоа најдоцна до јуни 2011 година. Една од целите на законот е и поголема општествената одговорност на компаниите.



-Она што е значајно за овој закон е што ќе се зголемат економските активности во делот на собирање и рециклирање и ќе даде можност јавните комунални претпријатија да се вклучат поактивно во исполнување на оваа обврска во име на компаниите - додава Иванова.

Со законот се опфатени и граѓаните.

-Тие ќе треба отпадот да го остават на соодветно означени места - вели Иванова.



Законот беше донесен во 2009 година. Годинава била транзиционен период во кој компаниите требаше да се навикнат. Од министерството велат дека законот за управување со пакување и отпад не би требало да ги зголеми цените на производите.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=28320&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 21-May-2011 at 13:53
Сите компании ќе мора да најдат начин да рециклираат отпад

Најдоцна до крајот на месецот сите компании ќе мора да најдат начин како ќе го рециклираат својот отпад.



Министерството за животна средина ги стегна бизнисмените. Стопанството ќе мора да одлучи дали да се приклучат кон интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад Пакомак, или пак ќе и плаќаат на државата давачка бидејќи ја загадуваат околината.

Досега се вклучени 11 големи компании. Незагадувачите ќе се препознаваат со меѓународниот знакот ,,греен дот,, кој ќе биде ставен на нивните амбалажи. Рециклирањето ќе биде помогнато и од граѓаните. Министерството ќе почне со пилот проект во скопје и битола, а потоа и во другите општини. Ќе бидат поставени три канти, една за лименки, за хартија и пластика.

Граѓаните ќе добијат кеси во различни бои во кои ќе го складираат ѓубрето, и ќе треба да го однесат во соодветниот контејнер. По извесно време проектот ќе се спроведе и во Штип, Кавадарци, Струмица, Охрид и Тетово.

Пројуроп - интернационалната мрежа за управување со отпад, на која Пакомак денеска и официјално се приклучи, членуваат компании од 32 европски земји и Канада. А најупотребуваниот симбол греен дот го имаат повеќе 170 000 компании во светот.

Марина Доковска (прилично неписмена „новинарка“)
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/site-kompanii-ke-mora-da-najdat-nachin-da-recikliraat-otpad
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 10-Jun-2011 at 16:26
Во рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“
ПРОМОВИРАН СИСТЕМОТ ЗА СОБИРАЊЕ СЕЛЕКТИРАН ОТПАД ОД ПАКУВАЊА ОД СТРАНА НА НЕФОРМАЛНИ СОБИРАЧИ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /09.06.2011 година/ присуствуваше на промоцијата на првата група неформални собирачи на отпад кои што ќе бидат дел од интегрираниот систем на ЈП „Комунална хигиена“ за селектирање и преработка на отпадот од пакувања. Првите 19 неформални собирачи на селектиран отпад денеска потпишаа договори со ЈП „Комунална хигиена“ и добија легитимации што им дава правно признание за нивните активности. За почеток, неформалните собирачи ќе го собираат селектираниот отпад од подрачјето на три општини, Ѓорче Петров, Карпош и Центар, но, проектот наскоро ќе се прошири на целата територија на Скопје.

Градот Скопје постави 116 трикоморни мрежести контејнери за селективно собирање на отпадна пластика, хартија и лименки. Овие контејнери се распоредени во сите десет скопски општини, со што се создадоа услови граѓаните на Скопје отпадот од пакувања од нивните домаќинства да го селектираат и одложат во наменскиот контејнер поставен на најблиската локација. Градот Скопје, заедно со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, УСАИД и првото регистрирано претпријатие за управување со отпад од пакувања „Пакомак“ е потписник наМеморандум за разбирање со кој што се предвидува неформалните собирачи на отпад од пакувања да бидат активно вклучени во еден интегриран систем за селективно собирање отпад што ќе им овозможи да обезбедат сигурна егзистенција. Денеска, веќе се создадени сите услови за промоција на овој систем. Би сакал да апелирам до моите сограѓани да го селектираат отпадот и активно да придонесат за заштита на животната средина – рече градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, објасни дека во согласност со потпишаниот Меморандум извршена е обука на неформалните собирачи за постапување со собраниот отпад, обезбедени се заштитни средства за работа, елеци, маски и ракавици и поделени се упатства за работа.

- Придобивките од овој проект ќе ги почувствуваме сите. Проектот овозможува да се намалат количините на отпадот од пакувања што инаку завршуваат на депонија, се решава егзистенцијата на неформалните собирачи и доследно се почитуваат законите – нагласи Дочи.

Според проектот, собраниот отпад од неформалните собирачи во рециклажниот двор на булеварот Илинден ќе го откупува ЈП „Комунална хигиена“, ќе го презема, балира и ќе обезбеди пласман на секундарната суровина преку „Пакомак“.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4300&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.