build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рециклирање

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Рециклирање
    Posted: 20-Jul-2008 at 02:40
Досега за рециклажа се опфатени стакло, пластика, метал, хартија, но стварно треба да се опфати и отпадот лисја трева дрва, што понатаму може да се искористи за бриќети за огрев.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Jul-2008 at 12:01
Во општина Карпош се спроведе акција за рециклирање на хартија и пластика - идеја одлична

Е, реализација:

- ни дадова огромни кеси кој нема каде да ги ставиш (нема некој држач- лесна конструкција за кеси да можат да стојат)
- ако ги оставиш во дворот покрај врата, ромите ги крадат
- ако ги тргнеш нема одреден ден и сат кога ги собираат за да ги изнесеш
- и ај на крај после неколкукратна употреба, можете да замилите во каква состојба се кесите (не ги заменуваат на одреден период)

И на крај некој од „сограганите“ се откажаа и кесите стигнаа на буниште



Изгледа како и се, идеи одлични реализации никакви или брзоплети
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Jul-2008 at 13:53
Требало да се поделат канти во боја, а не кеси, па уште не ги мењаат, него ги тресат. Мајкуму стара, кеса е! Очигледно не им било гајле за рециклажа, него еднократен обид да се испере некоја ситна пара.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Jul-2008 at 22:17
Previous
Како и во сите проекти, а нарочно страни Wallbash
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Jul-2008 at 16:13
не знам во кој град беше, имаше ѓубреџиски камиони, од кои отпадот го собираат и рециклираат и од него прават гориво за истите тие камиони, добра идеја
а и аман од циганиве мора ли се да уништуваат за свое добро, кесиве ги крадат, големите зелени контејнери кои беа за хартија ги превртуваа, обичните контејнери ги прават лом, крадат железо и нивните коњи ги красат улиците на Скопје со нивниот измет
кога сме кај изметот од коњите, чим се толку паметни сите можат да го претворат во ѓубриво
извинете што малку забегав со циганиве ама морав негде да се искажам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Jul-2008 at 22:23
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=565D4E20674F3443B3798044693F880C


Пластиката организирано ќе се селектира во сите населби

Проектот ќе стартува со грант од УСАИД, а ќе го реализираат ЈП „Комунална хигиена“ и Градот

Деспина Трајковска

ПЕТ-амбалажата организирано ќе се селектира на подрачјето на сите општини. Граѓаните кои живеат во индивидуални куќи пластиката ќе ја собираат во посебни кеси, а пак оние од станбените објекти отпадот ќе го исфрлаат во соодветни контејнери. Подготвителните активности за примена на селекцијата на пластичната амбалажа, а наедно и нејзини реализатори ќе бидат ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје кои ќе го спроведат проектот со грант од УСАИД. За таа цел градоначалникот Трифун Костовски, директорот на „Комунална“, Златко Димовски, и раководителот на Проектот за рециклирање пластика финансиран од УСАИД, Аријан Тоска, потпишаа Меморандум за разбирање за воспоставување општински шеми за собирање пластика. Со грантот во висина од 60.000 долари ќе се набави потребната комунална опрема, а ќе се спроведе и кампања за подигање на јавната свест за селекцијата на ПЕТ-амбалажата.

„Главната цел на програмата за собирање пластика е да се воспостави ефективен и одржлив систем за собирање ПЕТ-амбалажа на подрачјето на Скопје. Градот ќе ги покрие инфраструктурните трошоци за воспоставување центри за собирање пластика и ќе преземе активности за зголемување на свеста на граѓаните од потребата за рециклирање на отпадот. ЈП ‘Комунална хигиена‘, пак, ќе учествува преку уредување на рециклажниот двор и дефинирање, обезбедување и отстапување посебни локации за поставување еколошки острови, односно контејнери за селекција на отпадот“, објаснуваат градските власти. Според најавите од комуналното претпријатие, динамиката на имплементација на проектот низ сите општини ќе се одвива постепено, во зависност од утврдувањето на локациите и нивно опремување со контејнери. Најверојатно, ќе се постават исти како и тие во Карпош 4 чиишто граѓани од пред неколку месеци имаат можност да го селектираат отпадот. Од „Комунална“ посочуваат дека граѓаните, пак, кои живеат во индивидуални куќи ПЕТ-амбалажата ќе ја исфрлаат во посебни кеси, на истиот принцип како и жителите во Тафталиџе 1 и 2 и дел од Влае, каде што селекцијата се врши речиси половина година. Имено, домаќинствата од ЈП ќе добиваат кеси за пластиката, а по утврдена програма екипи на „Комунална“ ќе им ги празнат кесите.

„Со оглед на сите потребни подготвителни нешта за организација на стартот на проектот, не можеме да прецизираме кога ќе почне да се применува. Сепак, се надеваме дека по летните одмори граѓаните од неколку општини веќе ќе можат да почнат со селекцијата“, вели Југослава Поленак одговорна за информирање во комуналното претпријатие.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Aug-2008 at 10:36
СТАРАТА ХАРТИЈА И ПЛАСТИКАТА НЕ СЕ САМО ЃУБРЕ
Скопјани научија да селектираат отпад

Неколку скопски општини интензивно почнаа да ја спроведуваат програмата за рециклирање хартија и други видови отпад, иницирана од страна на Град Скопје и ЈП „Комунална Хигиена“, во соработка со УСАИД. Програмата предвидува граѓаните од секој дел на градот да почнат да ги издвојуваат пластичните шишиња од ПЕТ-пластика и старата хартија од домашниот смет и подоцна да ги складираат во жолти, односно во сини ќеси. Проектот најпрво почна во населбата Тафталиџе, а потоа и во другите населби во општина Карпош. Надлежните од Град Скопје позитивно го оценуваат спроведувањето на акцијата во овој дел од градот. Само при првото подигање на селективниот отпад, од околу 1.200 домаќинства во индивидуално домување се собрани некаде околу пет тони стара хартија и ПЕТ-амбалажа. - Според првичните согледувања, кај селективниот отпад уделот на хартија е нешто поголем од оној на ПЕТ-шишињата. Тоа делумно се должи на фактот што дел од собраните пластични амбалажи, што од Тафталиџе требаше да ги подигнат екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа претходно нелегално присвоени од лицата кои собираат пластични шишиња од улиците и од контејнерите - велат од Град Скопје. И од Јавното претпријатие се задоволни од одѕивот на жителите на оваа скопска населба на повикот да рециклираат. Граѓаните доследно се придржуваат до упатствата за селектирање на домашниот отпад, кои беа наведени во флаерите кои им беа поделени. - Предвидено е наскоро, откако ќе се согледаат сите димензии на реализираниот проект во Тафталиџе, системот за селекција на отпад постапно да се воведе во целиот град. Во програмата веќе вклучивме 1.600 домаќинства во населбата Влае - велат од „Комунална хигиена“. Во акцијата за складирање и собирање отпад се вклучени и општините Центар и Аеродром. Од Центар објаснуваат дека проектот кај нив се спроведува во четири фази. Со првата фаза е опфатено поставување рекламни светлечки столбови, пред се во средините каде што проблемот со пластичната амбалажа и со лименките е најголем и каде што поради зголемената сообраќајна фреквенција не е можно поставување класични контејнери на улиците и на паркиралиштата. Пред влезот на оваа општина се поставени и првите два специјални апарати за отпадна пластика. Во следниот период е планирано да се спроведат и останатите три фази од проектот, кои ќе опфатат воведување апарати-минимизатори, а ќе се почне и со рециклирање ПЕТ-амбалажа и изработка на финални производи. Од Центар велат дека со целосната реализација на овој проект е предвидено да се вработат околу 250 граѓани. Подготовките за спроведување на проектот во општина Аеродром се во завршна фаза и веќе се подготвуваат локации за поставување таканаречени острови со контејнери.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1486&ArticleID=97487
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Aug-2008 at 22:07
Ova e vekje dobro Thumbs%20Up Samo da se sprovede

Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!


Наредбата е донесена вчера и стапува во сила од 1 јануари 2009 година, а за секој трговец кој нема да ја почитува, следува казна во износ од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои купувачите ќе мора да ги платат


Министерството за животна средина вчера донесе наредба со која се забранува употреба на пластични ќеси. Оваа одлука ќе стапи во сила од 1 јануари 2009 година, а трговците кои нема да ја почитуваат наредбата ќе платат казна во висина од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои купувачите ќе мора да ги платат.
- Забраната за употреба на пластични ќеси е детерминирана од проблемот со прекумерна употреба на пластичните ќеси кои станаа наше секојдневие, но и нивно неправилно одлагање. Целта ни е да се избегне создавање на ваков вид отпад кој има огромно штетно влијание врз животната средина со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат, поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи. Од друга страна езерските и речните крајбрежја се затрупани од пластични ќеси и доаѓа до задушување на животинскиот свет во нив. Исто така, тие можат да бидат и причина за поплави поради затнување на атмосферската канализација, вели Неџафи Јакупи, министерот за животна средина и планирање.
Во иднина граѓаните ќе треба да се преориентираат на употреба на платнени или други видови торби од траен материјал, кој може повеќекратно да се користат. Според министерот Јакупи, една од причините за донесување на ваквата наредба е и тоа што во Македонија не постојат доволен број капацитети за собирање и рециклирање на ќесите, а од друга страна, како што вели, граѓаните покажуваат негрижа за нивно собирање и одлагање на определени места.
- Во насока на зачувување на животната средина, Министерството во своите наредни активности ќе обезбеди и поддршка за правните лица кои вршат собирање и селектирање на пластика и отпад од пакувања. Сметаме дека со спроведувањето на оваа наредба ќе се зголеми свеста кај граѓаните и трговците, а наедно ќе влијаеме на производителите и увозниците да дадат свој придонес преку увоз на биоразградливи ќеси, ќеси кои се рециклираат и кои можат повеќекратно да се употребуваат, како и платнени торби, додава Јакупи. Тој вчера напомена дека ваквата забрана е донесена во согласност со меѓународните процедури, но и дека успешно се спроведува во сите земји од Европската унија.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0A184978471C7F4FA6A70D340E41AA3A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Aug-2008 at 23:17
Позитивен чекор би било доколку и пластичните шишиња ги замениме со стаклени, барем оние над 1,5 литро, и при секое купување да треба да се приложи празна амбалажа. Стварно сум скептичен како ова ќе се спроведе. Иако сакам многу да се случи тоа, сепак не сум докрај убеден у штетноста на неразградливиот отпад.


Edited by lslcrew - 27-Aug-2008 at 09:15
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Nov-2008 at 23:13
ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“
Нови контејнери за пластика

Дванаесет нови жичени контејнери за собирање ПЕТ-амбалажа се наместени во населбата Горче Петров. До крајот на оваа седмица уште 34 ќе се постават во општините Центар, Кисела Вода и Аеродром. Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека е во тек реализацијата на проектот во сите урбани делови на Скопје, во чии рамки ќе бидат поставени вкупно 97 жичени контејнери, донација на фондацијата УСАИД. - Контејнерите ќе бидат прицврстени за подлогата, со што ќе се спречи нивно поместување и отворање. Дивите собирачи на пластика изгледа не се задоволни од буричкањето по ѓубрето, па сега ги вадат пластичните садови што граѓаните сами ги селектираат. Треба да се зголеми контролата на комуналните инспектори за да се спречи оваа појава која зема се поголем замав - рече Југослава Поленак од ЈП „Комунална хигиена“. Во текот на октомври се собрани 2.096 килограми ПЕТ-амбалажа и 4.490 килограми стара хартија. Од февруари до крајот на минатиот месец, колку што трае акцијата за селекција на отпад, собрани се вкупно 11.961 килограми пластична амбалажа, 57.200 хартија и 288 килограми пластични ќеси.

 
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Nov-2008 at 23:26


ili kako koga bev germanija, plastichno shishe se naplakja 1 evro kaucija... znachi koka kola od pola litar beshe 1 evro mislam + 1 = dve evra... koga kje go vratish shisheto ti vrakjaat edno evro... samo ne znam dali sekade beshe taka ili samo tamu kaj sho pazarvav jas... anyway, kaucija za plastichnite e mnogu pametna rabota, em kje si gi vrakjaat site kje se recikliraat na krajot, em "bogatashite" sho nema da gi vrakjaat kje gi frlaat negde pa nekoj bezdomnik (kako vo amerika) kje se bogati od toa...

sepak ova so edno evro malku mnogu mi izgleda za da bilo sekade, mislam samo tamu jas kaj sho kupvav beshe vo eden hotel. sepak dobro e da se zemaat plus pari za plastikata
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Dec-2008 at 02:33

Од први јануари пластичните кеси се исфрлааат од употреба - маркетите неинформирани

Забраната за користење на пластични ќеси во малопродажба стапува на сила од први јануари, потврдија за “Тотал“ во Министерството за животна средина.  Малопродажите компании кои воедно се и најголеми корисници на пластични кеси се уште немаат стратегија на кој начин ќе ја спроведат оваа наредба. Тотал ги контактираше речиси сите поголеми супермаркети од земјава, но од никаде не успеавме да добиеме конкретен одговор. Повеќето од нив не се информирани за забраната.
Од Министерството за животна средина, пак велат дека сите засегнати компании биле уредно известени, а во соработка Стопанската комора на Македонија на трети декември било донесено и упатство за начинот на спроведување на забраната, кое е достапно и на веб страната на Министерството.
“Во Стопанската комора на Македонија засегнатите компании имаа можност да дискутираат за новата наредба, а упатството беше и изменето според барањата на дел од учесниците на организираната трибина“, ни рече раководителот на секторот на ЕУ во Министерството за животна средина, Јадранка Иванова.
Во Упатството стои дека  наредбата се однесува на само на пластични ќеси кои што имаат капацитет на носење помал од пет килограми, односно имаат дебелина помала од 14 микрони. Наредбата главно се однесува на пластичните ќеси кои се користат во малопродажбата, односно кесите кои до сега бесплатно се издаваа на каса.
“Тоа значи дека од први јануари продавачите нема да смеат да издаваат бесплатни кеси, освен за зеленчук овошје, месо и слично, односно за производи кои немаат амбалажа и се продаваат во различни количини по желба на купувачот“, стои во упатството.
Со упатството исто така се советуваат и граѓаните при пазарење со себе да ностат торби или биоразградливи ќеси за повеќекратна употреба.
Од Државниот инспекторат веќе биле известени за новата наредба и ни кажаа дека ќе дејствуваат веднаш штом истото ќе стапи во сила.
“Државниот инспекторат е известен за новата наредба и со контроли ќе започнеме веднаш по стапувањето во сила“, потврди за “Тотал“, Сашо Аќимоски,  директор на Државниот пазарен инспекторат.
За непочитување на наредбата, казната е шест илјади евра.
(Тотал)      

http://total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=13883

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 29-Jan-2009 at 21:14
УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ
Неделно се собираат два тони пластика

По два тони пластичен отпад се подигнува неделно, од поставените 120 контејнери за ПЕТ-амбалажа, главно на територијата на Карпош. Според надлежните од „Комунална хигиена“, за целосно да биде покриено колективното домување во градот, потребен е двојно поголем број контејнери за пластика. - Во Карпош сега се покриени 70 проценти од индивидуалното домување, а 50 проценти од колективното. Подигнуваме по два тони пластичен отпад неделно, но во иднина планираме да подигаме по пет тони. Мора да признаеме дека имаме слаба поддршка од стопанството и дека на ова ниво работиме со загуби - рече Златко Димовски, директор комуналното претпријатие. Тој очекува дека наскоро ќе се промени Законот за третман на отпадот, кој ќе овозможи поефикасно собирање и третман на пластичниот отпад.
Досегашните искуства од спроведувањето на проектот за рециклирање на ПЕТ-амбалажа, што една година се спроведува на подрачјето на општината Карпош, надлежните ги оценуваат како успешни. И градоначалникот Трифун Костовски соработката со УСАИД на ова поле високо ја цени и верува дека селектирањето на пластичната амбалажа ќе продолжи на целото подрачје на градот. Претставниците од УСАИД на вчерашната средба со скопскиот градоначалник се интересираа дали на Скопје му се потребни уште контејнери за пластичен отпад за да се прошири системот за селектирање.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1609&ArticleID=106533
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Jan-2009 at 23:24
Претставниците од УСАИД на вчерашната средба со скопскиот градоначалник се интересираа дали на Скопје му се потребни уште контејнери за пластичен отпад за да се прошири системот за селектирање.


Потребни се. Затоа мислам дека и не треба да прашуваат,треба да се постават контејнери за класификација во секоја општина-населба и ке има резултат од тоа, може од почеток нема да функционира сето тоа баш најсјајно ама со тек на време ке се прилагодат луѓето и ке се навикнат...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Feb-2009 at 00:38
Скопјани се повеќе го селектираат ѓубрето


Одговорните од ЈП Комунална хигиена кои во 2007 година почна со реализација на проектот за селекција на отпадот, се задоволни со досегашните резулатати. Велат дека количеството на собраната ПЕТ амбалажата е се поголема. Според статистиките, во февруари мината година биле собрани 578 килограми, а до 15 февруари годинава дури 4320 килограми.
- Граѓаните ја прифатија оваа идеја за селекцијата на отпадот и се надеваме дека ќе се придржуваат кон тоа. Воведовме и дежурен телефон каде ќе може секој да се јави и да побара поставување на жичени контејнери на одредени населби. Со ова се завршува и фазата од воведувањето на селекцијата и кај индивидуалните домаќинства во општина Карпош и кај колективните домаќинства со жичани контејнери во сите општини во Скопје. Во план е и набавка на нови возила, набавка на нова машина за балирање на пластиката која е потребна за поефикасна работа со оглед на големото количество на пластика која се наоѓа во Рециклажниот двор - информираше Катерина Лаова, портпарол на јавното претпријатие.

Таа додаде дека уште на почетокот на оваа активност, било јасно дека трошоците кои ќе ги има Комунална хигиена за селектирање на отпадот ќе се зголемат во смисла на ангажирање на работници, ангажирање на возила за собирање на амбалажата од сите 130 контејнери и подигање на ПЕТ амбалажата од индивидуалните домаќинства се со цел да се исполнат обврските од Законот за управување со отпад. Поради рецесијата и цените за откуп на пластичната амбалажа и хартијата се намалил за два пати.

http://vecer.com.mk/?ItemID=71B7BD3AD7DB7A42A6307365915899F4
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Feb-2009 at 22:44
Некогаш се жалевме дека цел град е во пластика, па градските власти поставива контејнери за PET, народот стекна навика но властите изгледа НЕ - некој треба и да ги празни !


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-May-2009 at 16:00

Скопје затрупано во картони и во хартија

Купишта картони со денови стојат несобрани во населбата Хром на последната станица на „четворка“. Слично е и во други населби и места во градот. Ги нема контејнерите за хартија, па со неа се преполнети и тие за другиот отпад. Никој не се одзива на поплаките од граѓаните.

- Контејнерите ги отстранивме бидејќи од нив немаше фајде. Беа секогаш празни или оштетени од несовесни граѓани. Беа обивани токму поради картоните од кои некои сакаат да си обезбедат егзистенција - вели Слободан Муцунски, генерален директор на „Комуна“. Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ сметаат дека зголеменото количество картони е поради тоа што е намалена цената за откуп.

- Ромите, кои собираа картони за да заработат некој денар, велат дека немаат повеќе, зашто паднала откупната цена - вели Катерина Лаова, портпарол во „Комунална хигиена“.

Од „Комуна“ соопштуваат дека нема застој во откупувањето на картонската амбалажа и хартија. Таму потврдија дека откупната цена е намалена за 20 проценти, односно дека хартијата и картонската амбалажа од тие што самостојно ќе им ја достават сега се откупува за 1,30 денар за килограм.  Деновиве откупивме 60 тони. Цената мораше да падне, бидејќи хартијата нема вредност. Во Германија, на пример, воопшто не се откупува хартија, а фирмите како што е нашата ги субвенционира државата. Ние сами инвестиравме во специјални возила и контејнери - истакнува Муцунски.

Проблем со картонската амбалажа прават и поголемите маркети и дуќанџии, кои ги преполнуваат контејнерите за смет. Поради тоа, граѓаните немаат каде го фрлат ѓубрето. На тоа неодамна се пожали и „Комунална хигиена“, од каде што повикаа маркетите и продавниците да се јават во претпријатието и да склучат договор со нив за да дојдат нивни камиони со кои ќе ги соберат и пренесат картоните и хартијата до фабриката“Комуна“ или соодветно да ги постават покрај контејнерите од каде што повторно со другиот смет ќе бидат собрани.Директорот на „Комуна“ гледа решение во отворање откупни пунктови во секоја општина, каде што граѓаните би ја оставале хартијата. Но, општините ниту отвориле пункт ниту предвиделе локации за таа цел.

- Со отворање вакви пунктови во секоја општина, на граѓаните ќе им биде полесно и поблизу да ја оставаат картонската амбалажа или хартија. Постои приемна барака, вага на која се мери хартијата и контејнер во кој се става. Така што, ниту едно хартивче не се изнесува надвор - објаснува Муцунски. Во Општината Ѓорче Петров тврдат дека досега не добиле предлог за отворање пунктови.

- До сега сме немале иницијатива од „Комуна“, ниту разговори за да и' обезбедиме локации. Ние сме подготвени да го направиме тоа бидејќи сме преплавени од картони и хартија. „Комуна“ долго не ги празни контејнерите, без никакво образложение - тврди Момо Николовски, портпарол во Општината.Засега ваков пункт има во Маџари, во кругот на фабриката „Комуна“. Таа дневно откупува по 65 тони хартија, а овој месец се откупени вкупно 1.500 тони.

(А.П.)



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=24C89616C6B6914AA0554D213E7F853B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Jun-2009 at 01:49

Контејнери полни пари

Надлежните досега не успеаја да најдат сила да воведат рециклирање на комуналниот смет и покрај тоа што со таа мерка се штедат пари и се чува животната средина

Скопјани и натаму ќе продолжат да фрлаат „пари“ во контејнер зашто надлежните не се осмелија да спроведат селекција и рециклирање на отпадот на територијата на целиот град.

Контејнерите ќе продолжат да се полнат со разновидно ѓубре, иако голем дел од него,како стаклото,пластика, хартијата, лименките и друго, може да се рециклира и наново да се употребува, како што се прави во современиот свет.

Градските власти пред една и пол година најавија дека ќе спроведат проект за рециклирање на ѓубрето во цело Скопје. Тогаш беа направени првите чекори кон селекција на отпадот и тоа во населбата Тафталиџе во Општина Карпош, а поранешниот градоначалник Трифун Костовски и' наложи на „Комунална хигиена“ во рок од една година да воведе рециклирање во сите општини, за да се постигне максималниот ефект. Од тие најави не се оствари ништо, освен едукација на учениците од прво до четврто одделение во 30 училишта, во кои беа поставени жичени контејнери за пластика и беше отпечатена сликовница на македонски и на албански јазик за бенефитите од селектирањето на ѓубрето.

Граѓаните сакаат да селектираат

Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ не знаеја зошто досега не е воведено рециклирање и во општините, но се надеваат дека новиот градоначалник Коце Трајановски ќе предвиди определени активности.

- Со проектот беше предвидено прво да се селектираат хартијата и пластиката, како најлесен начин на одвојување на отпадот, бидејќи и Законот за управувањето со отпад налага да се воведе соодветно третирање и селектирање на ѓубрето. Понатаму селектирањето требаше да се развива во 12 фракции, односно, освен пластика и хартија, да се селектира стакло, лим, алуминиум итн. За тоа беше направен и рециклажен двор во Карпош на површина од 1.500 квадратни метри поделен на 12 боксови за селекција, вреден милион денари. Но, до такво рециклирање засега не дојде. Се' уште немаме инструкции како проектот би продолжил да функционира и во другите општини. Се планира ребаланс на буџетот на Градот, по што ќе се види со која динамика ќе се оди понатаму. Се надевам дека новиот градоначалник ќе најде стратегија за рециклирање во целиот град - вели Катерина Лаова, портпарол во „Комунална хигиена“.

Таа додава дека пилот-проектот во Општина Карпош дава позитивни ефекти и дека граѓаните сакаат да селектираат отпад. Со проектот се опфатени 3.000 домаќинства од Тафталиџе и од Влае кои во жолти и во сини кеси ја одвојуваат пластика и хартија.

- Двапати во месецот се собираат пластиката и хартијата од индивидуалните домаќинства, а еднаш неделно се собира пластиката од 130-те жичени контејнери за складирање кои се поставени на главните улици, како еколошки острови. Ефектот од овој проект е голем. Лани во текот на целата година беа собрани околу 16.000 килограми ПЕТ-амбалажа и 60.000 килограми хартија, а годинава само во првите четири месеци се собрани 17.575 килограми пластика и 9.000 килограми хартија - вели Лаова. Таа појаснува дека, благодарение на селектирањето, е намалена количината на отпад во депонијата Дрисла, со што се продолжува нејзиниот век на траење.

Ѓубрето може двојно да се намали

На Дрисла секојдневно се исфрлаат просечно од 350 до 400 тони отпад, а еден скопјанец годишно создава околу 260 килограми смет. Со правилно рециклирање таа бројка може и да се преполови. Така животната средина ќе стане почиста, ќе се штедат пари, ќе се зголемува еколошката свест на луѓето, односно ќе се менува нивниот однос кон ѓубрето што го создаваат.Од Градот Скопје велат дека проектот за селектирање на ѓубрето ќе продолжи, зашто и новиот градоначалник Коце Трајановски во својата изборна програма вети дека ќе воспостави европски стандарди за управување со отпадот.

- Најпрвин со општините ќе направиме платформа за заедничко дејствување, од која ќе произлезе стратегијата за понатамошниот настап. Во неа ќе се договорат сите сегменти од оваа дејност значајна за граѓаните - велат од Одделението за односи со јавноста во Градот.Оттаму велат дека основа во активностите за рециклирањето ќе биде проектот во Карпош, што го финансираше УСАИД со 1,2 милион долари. Со проектот беа иницирани програми за собирање пластичен отпад, беа основани клубови за рециклирање во основните училишта, опремени беа еколошките острови, а на осум компании за рециклирање им беше донирана соодветна опрема.

СТАВ
Рециклирај сега

Современиот свет знае дека и ѓубрето е пари, а нам тоа практично ни го покажаа десетици ромски семејства што егзистенцијата ја најдоа во собирањето на употребената пластична амбалажа и на старата хартија. Но ниту градските власти, ниту Владата досега не собраа храброст да го воведат рециклирањето на комуналниот смет во Скопје и така сите да не' спасат од преполнетите контејнери и од дивите депонии. Големите промени тешко се воведуваат и уште потешко фаќаат корен, но еднаш треба да се почне. Кога се знае дека со рециклирањето може да се заштеди, дека многу од суровините - наместо на депонија - може да завршат во фабрика и дека опкружувањето ќе биде многу почисто, а еколошката свест поголема, тогаш ништо не треба да ги спречува градоначалниците во спроведувањето на оваа значајна мерка. Немањето пари не смее да биде изговор, оти тие може да се набават и од донации, а потоа проектот да се самоисплати. Потребна е само смелост, решителност и храброст, инаку ќе се задушиме во сопственото ѓубре, а градот ќе ни остане голем контејнер.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C04A2B3294CDC94886EB7DC5BB43A31F

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Jun-2009 at 08:58
Како што напишав погоре од нишкава 

Во општина Карпош се спроведе акција за рециклирање на хартија и пластика - идеја одлична ...

Пишав два имејла на општина Карпош ако веќе една прекрасна акција е прекината, да постави PET контејнери за одлагање на пластика - одговор или реакција нормално нема, па незнам зашто е поставен контакт: коментари и прашања (додуше не им работи) но барем ја има и e-mail адресата kontakt@karpos.gov.mk
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-Jun-2009 at 09:31
vo svajcarija dreba da si gi frlas sisinjata tamu kade ste gi kupile
(tamu ima 3 dupki:edna e za normalni sisinja, drugata za maslosisinja->sisinja sto imalo maslo vnatre i sisinja sto imalo mleko)
koga ce odam vo migros ce fotografiram, deneska ne e mozno deka e praznikBig%20smile
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.414 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.