Урбани автопати - Скопје |
Post Reply | Page <1 1415161718 24> |
Author | |
The Man
Senior Member Joined: 06-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 135 |
Quote Reply #301 Posted: 11-Aug-2012 at 08:13 |
„Ние имаме помодерни и попрактични решенија за тоа како да го решиме
проблемот со сообраќајот во нашата општина, а притоа да не го оштетиме
или, пак, да го забавиме развојот во Кисела Вода.“ Ќе го замолам господинот Марјан да не просветли кои се тие решенија. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #302 Posted: 12-Aug-2012 at 20:34 |
И мене многу ме интересира кои се тие „помодерни и попрактични решенија“ што ги имал во ракав Марјан Ѓорчев. Ајде нека повели нека ги претстави. Ако не, би било редно веќе да престане да се занимава со поткопување на проектот Јужен Булевар. И патем, господинот очигледно лаже-суши и без осет го пумпа бројот на објекти кои се засегнати од јужниот булевар, што не му е прв пат: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=123854#123854 Во денешно време такви лаги и глупости какви што сервира Ѓорчев може да се побијат за една минута со краток поглед на Google Earth! Особено е фасцинантно како градоначалникот ја врти наопаку работата во врска со дивоградбите. Демек не е проблемот во дивоградбите кои пречат за реализација на јужниот булевар, туку јужниот булевар бил проблемот затоа што им пречел на дивоградбите. Ваков став би бил разбирлив од сопственик на дивоградба, ама од градоначалник?!? Според функцијата, тој треба да е во прва линија на одбрана на урбанистичкиот ред, а не помеѓу саботерите на тој ред!
Деко, во врска со Маџир Маало, таму е прашање на соодветно обештетување на оние чиви имоти треба да бидат експроприрани. И ништо повеќе од тоа. Не може да биде прашање на нечив сентимент за домот, ниту може да станува збор личен суверенитет врз некое парче земја. Како што кажав претходно, експропријација на имот за потребите на битни јавни проекти не е измислување на топла вода. Механизмот експропријација постои и функционира многу долго во секоја нормална и напредна земја. И тоа е механизам кој обезбедува прогрес и општо добро. Замисли какви би биле градовите, ако ја послушаме логиката на дедото од Маџир Маало кој беше цитиран во текстот... Маџир Маалци треба да престанат да се држат до идејата дека за нив треба да важат некакви специјални правила. За нивните имоти треба да бидат фер обештетени и тука приказната завршува. Ниту имаат некакво божјо дадено право дека на таа земја треба да живеат за вјек и вјеков, ниту е нивно поради лични интереси да цртаат и да бришат булевари и да ја прецртуваат сообраќајната мрежа на градот. Edited by Cloverstack - 12-Aug-2012 at 21:15 |
|
vlatko.mk
Senior Member Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
Quote Reply #303 Posted: 14-Aug-2012 at 15:00 |
Токму градонажалникот на Кисела Вода - Ѓорчев живее во еднаа од зградите во населбата 11 Октомври предвидени за рушење согласно трасата на Јужен Булевар
Можеби и Ѓорчев е делумно во право кога вели: “Јужниот булевар поминува низ средината, низ центарот на нашата општина и тука ќе треба да минуваат камиони, автобуси и возила, па според нас, тоа не е соодветно решение“ Ако бидеме барем малку реални и се потсетиме дека живееме во Македонија - каде проектот проширување на Првомајска со уште по 1 лента во должина од неколку километри е проект кој трае повеќе од 10 години (тука вклучувајќи го и сето време на чекање на средства) тогаш апсолутно сум сигурен дека вака исцртаниот Јужен булевар нема да се гради воопшто во делот кога оди веднаш до Првомајска - туку ќе се вклучи во неа и што добиваме тогаш - паралела на Првомајска во централниот дел на општината која ќе поминува на 50м до зградите и куќите од населбата 11 Октомври - или во превод загадување на општината со бучава и издувни гасови ... Можеби е веќе доцна но веројатно најдобро можно решение за добар проток на сообраќајот во овој дел на Скопје ќе беше проширување на Првомајска во профил 3+3 во одредени делови и со средишно зеленило (нешто налик на бул. 11 Октомври - во централниот дел на општината и бул. Партизански одреди - каде што има повеќе простор) Edited by vlatko.mk - 14-Aug-2012 at 15:04 |
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2598 |
Quote Reply #304 Posted: 15-Aug-2012 at 00:46 |
Да даде господ Ѓорчев секој ден во шпицот да мора накај Сарај да оди и да се враќа. Тогаш дали нема да му треба Јужен.
|
|
tonikostov
Senior Member Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
Quote Reply #305 Posted: 24-Aug-2012 at 08:36 |
Незнам за какви „попрактични и помодерни решенија“ зборува Марјан Ѓорчев. Не верувам дека ниту тој, ниту администрацијата која ја раководи има капацитет да предложи нешто квалитетно. Едноставно, толку му е... За демагогии е прв, но за конкретна реализација - до сега се што е направено, најчесто барало повторна интервенција за санација на пропусти, а често не е ни санирано...
Edited by tonikostov - 24-Aug-2012 at 11:12 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #306 Posted: 01-Sep-2012 at 16:13 |
Влатко извини што вака доцна реплицирам, го имав затурено табот меѓу милион други... Во право си дека во одредена мерка Јужен булевар и Првомајска се преклопуваат во однос на просторот кој би го опслужувале, но сепак Јужен булевар е проект со многу поширок опфат и значење, и поинаква намена, така да мислам дека дефинитивно не треба да се гледа толку ограничено локално. Исто така скептик сум дека Првомајска може на задоволителен начин и со комплетно запазени стандарди да се прошири на профил 3+3, но и доколку тоа е можно, сепак според мене не би било најсреќно решение. Пред се поради тоа што Првомајска не може да го замени Јужен булевар, без разлика на бројот на лентите. Една од најважните разлики помеѓу овие две сообраќајници е во тоа што јужен булевар има континуирани сообраќајни текови, односно вкрстувањата се решени со клучки, наместо со крстосници. Тоа меѓудругото подразбира побрз транзит (Првомајска е совршена за внатрешна сообраќајница за потребите на населбата, но Јужен булевар е експресна сообраќајница со многу пошироко регионално значење). Континуираниот сообраќаен тек значи и неспоредливо поголем капацитет на Јужниот булевар, особено кога ќе се врачуна и дозволената брзина на движење по овие две сообраќајници. Во врска со загадувањето и бучавата мислам дека ситуацијата е сосема обратна - Јужен булевар може само да помогне да се намалат овие несакани појави, а не да ги влоши. Дефинитивно е подобро што поголем дел од тој сообраќај да има опција да го користи Јужен булевар, каде што ќе може да се движи со помала потрошувачка и помалку издувни гасови, отколку единствена опција да е закрчената Првомајска (што секако не очекува во иднина, без разлика на проширувањето), и која на секои 100-200 метри има крстосници, пешачки премини, автобуски постојки... Бучавата исто така би било многу потешко да се заузда на Првомајска, отколку на Јужен булевар, каде што би можело многу ефектно да се изведат звучни бариери. И конечно, кога се размислува за Јужен булевар, мора да се гледа десетици години понапред. Тој е дел од основниот транспортен скелет на градот и неговото писуство или отсуство ќе направи огромна разлика во целокупниот развој на градот, разлика која на долгорочен план ја прави смешна сумата потребна за негова релизација. Се разбира, Јужниот булевар мора да се гледа како една целина, а не само како збир на сегменти, од кои што некои би биле супституирани со други сообраќајници, во случајов Првомајска, бидејќи тој така би ја изгубил смислата. Во контекст на долгорочното гледање на работите, би ја додал и оваа идеја за дооформување на скопската обиколница, за која се разви интересна дискусија на форумов: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=119152#119152 Околу оваа идеја (за жал) сеуште не се ни размислува во надлежните институции, но градот ќе биде овде и после 20, 30, 50 и повеќе години и ваквите потреби природно ќе се наметнуваат. Затоа е битно да не го занемаруваме основниот транспортен скелет, бидејќи на него релативно лесно можат да се надоврзат разни решенија и да се осигураат можности за задоволување на потребите кои ќе ги наметне иднината. Но доколку се откажеме од него, ќе ги мултиплицираме проблемите и значително ќе си ги намалиме потенцијалите за развој. Edited by Cloverstack - 01-Sep-2012 at 16:40 |
|
vlatko.mk
Senior Member Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
Quote Reply #307 Posted: 03-Sep-2012 at 14:35 |
Би се согласил дека треба да имаме некаква стратегија која во иднина ќе овозможи Скопје да функционира непречено. Можеби недостатокот на комуникација со јавноста и недостатокот на јавна дебата и презентација на идните планови е проблем со кој се соочуваме. (кога велам јавна дебата мислам на дијалог меѓу граѓаните и градот-односно оние кои го предлагаат ГУП)
Што се однесува до решавањето на проблемот со бучавата мислам дека тоа треба да се изведе уште во делот на подготовка на целиот проект т.е. што поскоро. Доколку јас се прашувам би формирал еден убав дебел зелен појас покрај засегнатите објекти кои ќе останат да егзистираат во близина на сообраќајницата. Од ова нема да има штета без разлика кога ќе започне изградбата. Кога говорев за близина на објекти мислев на следните засегнати објекти: Edited by vlatko.mk - 03-Sep-2012 at 14:41 |
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #308 Posted: 27-May-2013 at 11:21 |
Можеби треба во друга тема, но не најдов посебна, па еве ја информацијата поврзана со Јужен булевар ИЗГРАДБАТА НА ПОДЗЕМНА УЛИЦА ЌЕ ГО ИЗМЕНИ СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ Јужен булевар ќе се затвори, а ќе се вози по други улици
Јорданка Ивановска Edited by ehrlich - 27-May-2013 at 11:24 |
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2598 |
Quote Reply #309 Posted: 27-May-2013 at 20:51 |
Колку време би им требало на турциве да го изведат нивниот дел од ЈБ?
Редовно го користам Јужен за транзитирање низ Центар, па ме интересира на колку време да си ја гаражирам колата, имајќи в предвид кој хаос ќе настане кога ќе се затвори улицава. |
|
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #310 Posted: 27-May-2013 at 20:58 |
Според мене 2 години.
Него што бидна со трамвајскиот коридор, во првите најави редовно се споменуваше, сега нешто молчат за ова. Иначе како по обичај безумен проект од никаде за нигде со криминално лоши влезови кои ниту близу не се оние зацртани во ГУПот за Јужен бул. |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
vlatko.mk
Senior Member Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
Quote Reply #311 Posted: 27-Sep-2013 at 17:25 |
Остануваат 6 месеци до крајниот рок за почеток на изградба на “Јужен“ на терен засега нема почеток на активности од страна на Лимак, но мене ме загрижува повеќе што градските власти очигледно не планираат да ја прошират улицата Јордан Мијалков (поранешна Железничка). Инаку на бул.Свети Kирил и Методиј (поранешна М.Х.Јасмин) и онака во текот на целиот ден има многу гужва.
Edited by vlatko.mk - 27-Sep-2013 at 17:25 |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2083 |
Quote Reply #312 Posted: 27-Sep-2013 at 19:18 |
Кога сме веќе кај бул.Свети Kирил и Методиј (поранешна М.Х.Јасмин) вчера од Аеродром до Капиштец патував 45 минути (околу 16-17). Ова е недозволиво! Замислете колку ќе се патува кога ќе почне да го прават "Јужен".
Го ставив во наводници затоа што сем овој дел кој патем би се изградил САМО заради објектите над него, а не поради желба од такво нешто, не верувам дека некој ќе има желба или можности да го добради во нашиот животен век... Со оглед на тоа што Митрополит Теодосиј Гологанов ја ПРОШИТУВААТ 3 години и никако да ја завршат, а се работи за само 3км. Колку ли ќе им треба за ИЗГРАДБА на десетина километри во најголем дел подземен булевар до 6 ленти - вечно. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
The Man
Senior Member Joined: 06-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 135 |
Quote Reply #313 Posted: 03-Feb-2014 at 20:36 |
Јас имам лоша меморија или претходно Јужен булевар целосно ја следеше железничката пруга, се до Драчево? Сега вака како што е нацртан булеварот во ГУП... па ова е бесполезно.
|
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2598 |
Quote Reply #314 Posted: 05-Feb-2014 at 01:26 |
Мислиш на делот каде се спојува со Првомајска? Зошто безполезно?
|
|
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #315 Posted: 06-Feb-2014 at 05:22 |
Поправете ме ако грешам ама јас имам претстава дека урбан автопат, во нашиов слушај тоа е јужен булевар нема за цел да бие поврзување на западниот со источниот излез на скопје туку брза врска со голем капацитет на западниот со источниот дел на скопје при што капацицтете е побитно да е поголем во централното подрачје отколку на краевите (Ѓ. Петров и Лисиче).
Со други зборов јас си го претставувам Јужен како брза сообраќајница која почнува во ЃП како помал булевар со 4 ленти а од мостот на Вардар да почне да се проширува и до лисиче или еве бар на пола од патот по границата меѓу Кисела Вода и Аеродром да биде денивлеиран без раскрсници туку само со влезови и излези од споредните улици (на пр. Гологанов, Хаџивасилев Јасмин итн.) за некаде пред Лисиче да се врати во форматот во кој е сега Првомајска. Edited by mirakuliks - 06-Feb-2014 at 05:25 |
|
The Man
Senior Member Joined: 06-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 135 |
Quote Reply #316 Posted: 06-Feb-2014 at 23:12 |
Бидејќи таму нема простор за сообраќајница каква што треба да биде Јужен, а и која е поентата таму да поминува Јужен, кога тоа е индустриска зона и Првомајска (ќе) ги обслужува потребите на истата со профил 2х2. Зошто трасата на Јужен да не ја следи постојано пругата кон Драчево и да се направи како што треба, во полн профил, бидејќи тоа бара простор, простор што го нема на друго место. Во моментов е зацртан да се приклучи кон Првомајска (читај: да ја преименуваат Првомајска и да ја наречат Јужен Булевар) блиску до Цементарница и да ја следи истата траса се до крајот на ОХИС, каде што скршнува и оди кон пругата. Зошто? |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #317 Posted: 12-May-2014 at 23:09 |
Датум: 12.05.2014, 18:09
ПОЧНАА ПОДГОТОВKИТЕ ЗА ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА ТУРСКИ „ЛИМАК“ ГО ИСПИТУВА ЗЕМЈИШТЕТО ПОД ЈУЖЕН БУЛЕВАР По една година затишје, на Јужниот булевар повторно е раздвижено. Турскиот инвеститор „Лимак“, кој пред две години го купи државното земјиште зад Музејот на Град Скопје за изградба на подземна улица, хотели и деловни објекти, деновиве, почна да го испитува земјиштето. На терен има машини, луѓе што надгледуваат, но, сето тоа влегува во подготвителни работи. Во тие рамки влегува и ланското расчистување на земјиштето од привремени објекти, како и оградувањето на локацијата, по што на терен замре секаква активност. Шест години рок И покрај раздвиженоста на идното големо градилиште, с` уште нема официјална најава од Градот Скопје и од конзорциумот за почеток на градежните работи, како и за вадење градежна дозвола, иако тоа се очекуваше уште лани. Така најави градоначалникот на Скопје, Kоце Трајановски, при склучувањето на меморандумот со „Лимак“ пред две години. Тој тогаш рече дека очекува за една година да почне да се гради тунелската улица, а дури потоа објектите врз неа. Работите, според договореното, треба да завршат за шест години откако ќе се почне со градење. Според неодамнешното објаснување од Градот, изградбата доцни поради корекции на урбанистичкиот проект. Во меѓувреме, како што потврдија надлежните, од „Лимак“ вршат геомеханички испитувања на локацијата. - За изградбата на подземната сообраќајница на Јужен булевар задолжен е турскиот конзорциум „Лимак“, врз основа на одредбите во договорот склучен со Министерството за транспорт и врски. Сите други параметри поврзани со динамиката на изградбата и привремените сообраќајни решенија ќе се регулираат согласно домашното законодавство, во роковите предвидени со закон - изјавија од градското одделение за односи со јавноста. Оттаму не открија други детали за проектот. Според договорот, подземната сообраќајница од 800 метри е предвидена да се гради зад трговскиот центар „Рамстор“, на длабочина од шест метри, на делницата што кај скопјани е позната како Јужен булевар. Ќе има по три коловозни ленти во една насока. Ова подземно решение е предвидено и според Генералниот урбанистички план на Скопје. По комплетирањето на нејзината изградба, „Лимак” ќе му ја предаде во владение на Градот. Над улицата, турскиот инвеститор може да изгради објекти со максимална височина од 70 метри. Две ленти за „Мијалков“ На двата влеза во идната подземна улица, од булеварите Свети Kлимент Охридски и Kочо Рацин, Градот и Општина Центар најавија дека ќе градат кружни раскрсници на две нивоа. Очекувањата на Трајановски се дека оваа подземна улица и таа што Градот и Владата ќе ја градат под плоштадот и кејот значително ќе придонесат за растоварување на сообраќајот во центарот. Турскиот конзорциум градежната парцела со површина од 31.929 квадратни метри пред две години ја купи од Владата за 3,3 милиони евра. Во меѓувреме, додека шест години ќе се гради улицата под Јужен булевар, сообраќајот од западниот кон источниот дел од градот и обратно, ќе биде пренасочен на други улици во околината, како Свети Kирил и Методиј и Јордан Мијалков. Во тој контекст, Градот Скопје за годинава најави проширување на „Јордан Мијалков“ (поранешна „Железничка“) за нови две ленти и целосна обнова. Се очекува таа повторно да стане двонасочна, а такво нешто се размислува и за улицата пред „Рамстор“, но допрва ќе се одлучува, велат одговорни лица од Секторот за сообраќај. Од Градот вчера не одговорија дали „Лимак“ ќе чека прво Градот да заврши со проширувањето, за потоа тие да стартуваат со подземната улица. Реконструкцијата и проширувањето на „Јордан Мијалков“ ќе се одвива од раскрсницата со булеварот Мајка Тереза (поранешна „Водњанска“) до раскрсницата со булеварот Kочо Рацин, во должина од 850 метри. Планирано е ново улично осветление и нови тротоари, а ќе се обноват и постојната атмосферска, водоводната и фекалната канализација. Според најавите од градската власт, за реализација на проектот ќе се издвојат околу 60 милиони денари. Јорданка Ивановска # http://dnevnik.mk/?ItemID=55068DFABFAB8444974FD9EA78D48AFD |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #318 Posted: 22-Nov-2014 at 18:47 |
Ако добро сфатив од Коце Трајановски овде би биле кружните текови. Не се баш прецизно нацртани но само колку да имаме визеулен приказ отприлика што е каде е. |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #319 Posted: 22-Nov-2014 at 18:52 |
Ако се прошират тие улици и реализират кружните текови јас во никој случај не го подржувам проширувањето на Даме Груев. Центарот треба да се претвори во мрежа од споредни улички колку некој да си дојде до дома или до работното место никако низ него да минуват главните булеварски артерии на градот. Незнам навистина вака како лаик за вакви работи не ми иде во глава воопшто што се добива со проширувањето на Даме Груев освен уште еден булевар кој директно ќе го сече и гуши центарот на градот
|
|
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #320 Posted: 22-Nov-2014 at 19:00 |
Да Коце исто така најави голем кружен тек и кај Тутунски комбинат ,на едно од најтесните грла во Скопје.
Јас проширувањето на Даме Груев и онака не го подржувам под тие услови ,би го подржал само доколку и бул на рекорд остане во функција и тоа како што некој член спомна погоре ,за да се добие 3+3 решение. Инаку Коце најави и напуштање на проектот подземна сообраќајница и неговото објаснување беше дека со проширувањето на Даме Груев нема да има потреба од таа сообраќајница |
|
Post Reply | Page <1 1415161718 24> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |