build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани автопати - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 22-Nov-2014 at 19:51
Даме Груев е само непотребно трошење пари за обично премостување на на сообраќајницата од рекорд! Ништо не се менува.
Едино има логика доколку се направи еднонасочна и таа и постојниот булевар кај Рекодр.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 22-Nov-2014 at 21:14
Како што го сватив мајстор Коце,подземниот јужен булевар ќе биди со три траки и тоа во еден правец.заедно со тие 3-4 кај Рамстор и двата кружни текови ќе прават нешто како голем кружен тек.значи возењето помеѓу огромниот кружен тек кај Нова Македонија и тој на крајот кај подвожњакот што ќе се гради ќе биди еднонасочно.

исто така оние објектите кај стара рампа ќе бидат еден замислен кружен тек и ќе можи да се движи како што нацртав на сликата.

Јордан Мијалков ќе се проширува(л) за да биди сервисна уличка во време на изградба на јужниот булевар.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7264
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 23-Nov-2014 at 03:09
триаголникот кај рампа, како привремено решение е во ред
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 23-Nov-2014 at 11:42
Тој триаголник кај стара рампа е едно од најбедните места во овој дел од Скопје. Тоа место е дива лига и треба да се најде соодветно решение. А за гужвата во правец Рамстор - тутунски излишен е секој коментар.
Коце најави кога би се правело ова или зборел во идно неопределено време?

Edited by alexsend - 23-Nov-2014 at 11:42
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 23-Nov-2014 at 11:45
наводно приватната фирма почнала да носи некоја документација.....
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 23-Nov-2014 at 11:58
Originally posted by alexsend

Даме Груев е само непотребно трошење пари за обично премостување на на сообраќајницата од рекорд! Ништо не се менува.
Едино има логика доколку се направи еднонасочна и таа и постојниот булевар кај Рекодр.


Јас викам дека и двете треба да се затворат за проточен сообраќај туку треба да бидат сервизни улици и улици за пешаци и градски сообраќај. Големиот градски ринг треба да биде ослободен ос собраќај а решенијата треба да се барат надвор од него. Како така сите се буните за загадување на воздухот а упорно се залагате да не се затварал рекорд и да имало и на двете улици сообраќај. Отежнувањето на сообраќајот во централното градско подрачје секогаш има позитивни ефекти врз помасовното користење на алтернативни превози како градски сообраќај и велосипеди. Велосипеди треба да има во сите катни гаражи околу големиот ринг и да се користат од луѓето кои таму паркираат. Тоа се решенија а не упорно и упорно пикање на сообраќајот во НАЈ нај строгиот центар. Дефинитивно и очигледно сеуште и ние како граѓани а пред се градските власти и архитекти се движат по една линија која во напредните држави одамна е напуштена.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 23-Nov-2014 at 12:18
@gjoko Подземниот јужен булевар ќе биде двонасочен и ќе излегува пред триаголниот тек кај рампа, односно ќе поминува под врската меѓу двата кружни тека. Јордан Мијалков привремено ќе биде двонасочна, а по изградбата на булеварот и сите кружни текови ќе биде еднонасочна, исто како и Кирил и Методиј.

ДУП 1
ДУП 2
ДУП 3

Не ми е јасно е како ќе биде изведено понирањето во западниот дел?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 23-Nov-2014 at 13:00
Не,Коце убаво објасни и бурекот два пати го препраша.Убаво кажа дека подземниот булевар ќе има три траки-едносмерни
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 23-Nov-2014 at 13:05
Ѓоко , три траки едносмерни ќе има Железничка или како и да се вика сега, таа што во моментов се проширува. Заедно со МХЈ (едносмерната пред рамстор со 3 ленти) и трите кружни тека ќе создаваат сообраќаен прстен. Булевар Македонија или Јужен Булевар отсекогаш бил планиран за 6 ленти плус простор за трамвај во средина, ете истото го има и во ГУП на Скопје и во ДУП на О.Ц.

Фресно , според ова што го гледам во ДУПот понирањето ќе започнува од големиот кружен тек кон брзиот кружен тек ,каде што треба да се спои со Теодосиј Гологанов.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 26-Jan-2015 at 14:28
НЕМА ТРАГА ОД ПОДЗЕМНИОТ ЈУЖЕН БУЛЕВАР

Ниту Градот ниту Министерството за транспорт и врски не кажуваат зошто не почнува изградбата на подземната сообраќајница

Јужниот булевар под земја никако да почне да се гради. Минаа три година откако Град Скопје потпиша договор со турската фирма "Лимак холдинг", која треба да ја гради сообраќајницата, но на терен нема никакви активности. При потпишувањето на договорот во март 2012 година, со кој се прецизираа меѓусебните права и обврски, Градот им го отстапи земјиштето за изградба на булеварот, а Турците се обврзаа дека најдоцна за една година ќе стартуваат со градежните работи.
Од Град Скопје не кажуваат зошто доцни изградбата на подземната сообраќајница, дали инвеститорот ќе плаќа пенали за пробивање на роковите и дали фирмата "Лимак" има намера да почне со градежните работи. Оттаму ни рекоа дека одговор на ова прашање треба да бараме во Министерството за транспорт и врски, бидејќи тие го продале земјиштето на турски "Лимак".



Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека немаат ништо со почитување на роковите за Јужен булевар, оти Град Скопје е тој што го потпишал договорот и тој треба да ја води постапката.
Турската фирма "Лимак" за околу 2 милиона евра купи државно земјиште со површина од 31.929 квадратни метри. Според договорот со Град Скопје, инвеститорот има обврска на свој трошок да ја изгради сообраќајницата, како што е предвидено со деталниот урбанистички план "Стара железничка станица". Потоа над сообраќајницата може да гради згради, трговски центри, деловни објекти и хотели, со максимална висина од 20 ката, плус приземје.
Новата сообраќајница треба да биде шест метри под земја, долга 800 метри и со по три коловозни ленти во двата правца.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=B4AC246BD9954F40AFBF1F94278A5460
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12910
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 26-Jan-2015 at 15:21
Не кажуваат зашто никогаш нема ни да се изгради.
За сè има вторпат
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 26-Jan-2015 at 20:37
Веќе видена работа на многу локации по нашево Скопје...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12910
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 12-Apr-2016 at 08:21
„ЛИМАК“ ЈА ПОДГОТВУВА ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА ЗАД „РАМСТОР“

По неколкугодишни најави, турски „Лимак“ конечно ќе почне со изградба на подземната улица зад „Рамстор“ во Центар. Така најавуваат од компанијата која досега веќе требаше да почне со градежните активности. Освен улицата, паралелно ќе го граделе и комерцијалниот објект до Стара железничка станица, кој ќе биде со „пресликана“ фасада и висина како и железничката. Од компанијата вчера ни изјавија дека ги вршат последните подготовки за почеток на изградба. Ја обезбедувале документацијата, ги средувале комуналиите, се организирале за отворање на градилиштата...

„Не е точно дека сме се откажале од проектите или слично. Напротив, се работи за сериозни зафати, имаше корекции во проектите, па затоа од оправдани причини малку ги пробивме роковите за изградба. За десетина дена треба да ги доплатиме комуналиите и да ги комплетираме градежните дозволи. Значи, прашање на ден е кога ќе почнеме со работа“, изјавија кусо од „Лимак“ за „Утрински весник“.

Велат, сложените проекти биле причина за пробиените рокови за изградба. Дали платиле или ќе плаќаат пенали за непочитување на договорот, од компанијата не сакаа да коментираат. Единствено порачаа дека се сериозна компанија која наскоро ќе почне со реализација на двата проекта. Прво ќе започнат со изградба на објектот до Стара железничка станица, а кусо по отворање на тоа градилиште, ќе стартуваат со изградба и на подземната улица.

„Практично, двата проекта ќе се изведуваат паралелно, со оглед на тоа дека и двата плаца се купија во речиси ист период, односно имаат идентични рокови за почеток на изградба, конечна реализација и слично“, дополнија од „Лимак“.

Кај Старата железничка станица, на местото на некогашниот паркинг помеѓу Музејот на Скопје и ТЦ „Рамстор“, треба да се изгради комерцијален објект. Инвеститорот има обврска да го изгради објектот со „пресликана“ фасада и висина како и железничката станица. Тој објект, всушност, е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс кој треба да се гради на Јужен булевар, земјиште кое, исто така, го купија Турците. Практично, тој комплекс треба да се издигне над подземната улица која „Лимак“ е обврзан да ја изгради како компензација за земјиштето над неа. Поточно, по изградбата на улицата, „Лимак“ ќе има обврска да ја предаде во владение на Град Скопје, а за возврат ќе го добие плацот над неа со можност да гради деловен и хотелски комплекс висок и до 20 ката. Предвидено е улицата да биде 6 до 6,5 метри под земја, долга 800 метри и да има шест коловозни ленти, по три во двата правца.

Инаку, и во двата случаја турската компанија ја купи државната земја на лицитација, на која практично се наддаваше сама со себе. Плацот кај Стара железничка станица со површина од речиси 10.000 квадрати го купи за околу половина милиони евра. За другата парцела, од над 30.000 квадратни метри, „Лимак“ на државата и' плати околу 3,2 милиони евра.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=3E11630F0036A54F8E5463A151B25F5A
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2006
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 13-Dec-2019 at 18:56
Што ќе значи тунелот под Кале за зелените површини во делот кај Градски Парк?

Скопје го уништи недостатокот на правна држава, фиромскиот менталитет (и кај старите скопјани и кај нестарите скопјани) и непланското градење, а не самото доселување на луѓе од провинција. Треба да се стремиме кон уште поголем развој на градот и раст до барем 750,000 жители во метро зоната, а не враќање назад!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5115
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 16-Dec-2019 at 17:19
Пу, пу, не важи затворање на улиците во Дебар Mаало за автомобили

Проектот на општина Центар за пешачки зони не доби согласност од надлежните. – Ќе мора прво во постапка на измена на деталните урбанистички планови, улиците да се категоризираат како пешачки, за да можеме да пристапиме кон реализација на пешачка зона. Во тој случај, истото ќе подразбира можност и за целосно претворање на овие квартови во пешачки зони, велат од општина Центар



Проектот за затворање на улиците во Дебар Маало за автомобили, за време на викендите и тоа од петок во 18 часот до понеделник до 6 часот, нема да се реализира за подолг временски период. Од Општина Центар објаснија дека засега не може да се пристапи кон реализација на овој проект поради категоризација на улиците во деталните урбанистички планови.

– Беше изработен ревидиран основен сообраќаен проект, но поради категоризацијата на улиците со деталните урбанистички планови, тој не доби согласност од надлежните институции и во моментов не може да се пристапи кон негова реализација – велат од локалната самоуправа.

Оттаму велат дека во поглед на решението, остануваат на идејата за негово реализирање, со тоа што постапката ќе трае подолго од тоа што било планирано.

– Ќе мора прво во постапка на измена на деталните урбанистички планови, улиците да се категоризираат како пешачки, за да можеме да пристапиме кон реализација на пешачка зона. Во тој случај, истото ќе подразбира можност и за целосно претворање на овие квартови во пешачки зони – нагласија општинските власти.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ овој проект го најави уште кон крајот на јуни годинава истакнувајќи дека со негова реализација ќе се спречи движењето на возилата, бидејќи овој дел е најфреквентен заради големиот број на кафулиња и ресторани стационирани на овој простор, а со сообраќајни режими и инфраструктурни зафати ќе се овозможи ослободување на тротоарите и улиците.

Како што објасни Богдановиќ прво требаше да се почне од главната улица „Орце Николов“, а потоа да се премине и на споредните.

Освен во Дебар Маало, планот беше на ваков начин да се обезбедат и Парк, па и другите населби. Тој, исто така, тогаш истакна дека доколку сообраќајниот проект биде одобрен од МВР би се реализирал до крајот на летото.

„Чакар Партнерс“ ќе го изработи проектот за пешачката зона во строгиот центар

Друштвото за инженеринг и консалтинг „Чакар-Партнерс“ ДОО Скопје е фирмата која ќе го изработи основен проект со сите фази за улицата „ ВМРО“ и улицата „Даме Груев“, како и потегот од раскрсница со булеварот „Партизански одреди“, со раскрсницата на улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „11 Октомври“, со улицата „Филип II Македонски“.

Градот Скопје со оваа фирма склучи договорот вреден 2.330.500 денари со вклучен ДДВ за проектно решение со кое ќе се затвори строгиот центар за автомобили и негово претворање во пешачка зона.

– Идејата за претворање на улицата „Димитрие Чуповски“ во пешачка зона со ограничен сообраќај (само за јавен превоз) е постара и истата зависи од претходно обезбедување на соодветна сообраќајна алтернатива, поточно проширување на улицата „Даме Груев“ и целокупниот сообраќај да се пренасочи по оваа улица, на потегот од раскрсницата кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ до Собранието. Овој проект беше повеќе години закочен поради проблемите со објектот кој се наоѓа на трасата на оваа улица, „Макоил“ (поранешна зграда на „Макотекс“) на улица „Македонија“, која го попречува проширувањето на улицата – велат од Градот.

(А.П.)

https://www.vecer.press/пу-пу-не-важи-затворање-на-улиците-во-д/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5115
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 18-Dec-2019 at 17:21
Низ паркот во Ѓорче Петров ќе се пробива булевар....(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5115
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 18-Dec-2019 at 17:34


Побаравме објаснување од Општина Ѓорче Петров дали станува збор за отворање сервисна улица или се шири булеварот „Македонска војска“.

Оттаму ни одговорија дека станува збор за времено решение кое не го зафаќа појасот (реонски парк), туку се гради пешачко-колска патека која го зафаќа самиот профил од недоизграден дел на булеварот „Македонска војска“, кој е исцртан во ГУП-от од 2012 година.

Станува збор за времено решение кое не го зафаќа појасот (реонски парк), туку се гради времено решение пешачко-колска патека (времен режим) кое го зафаќа самиот профил од недоизграден дел на булеварот „Македонска војска“ кој е исцртан во ГУП-от од 2012 година. Се до реализација на булеварот ова ќе претставува времено решение коешто ќе биде и единствена можност за дотур на роба до деловните субјекти и пристап до самото Корзо, велат од општината.

https://republika.mk/vesti/skopje/zitelite-revoltirani-parkot-vo-o-gjorche-petrov-iskopan-opshtinata-se-pravda-deka-se-gradi-vremeno-peshachko-kolska-pateka/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12910
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 14-Jan-2020 at 18:17
Булевар Македонија – конечно?

Автор: Љупчо Атанасовски

Во минатиот број на Порта 3 со наслов ДО КОГА?? ја провоцирав вечната тема за пешачки центар на Скопје и условеноста на таа успешна приказна од решавање на можеби најголемиот предизвик од инфраструктурната сфера на главниот град – Булевар Македонија или меѓу народот се уште познат како Јужен булевар.



Од земјотресот 1963 година наваму, сите градоначалници на Скопје го проектираа, посакуваа , а многу често и го ветуваа тоа, секако најважно сообраќајно решение за поврзување на источниот / Аеродром, Кисела вода../ со западниот / Карпош, Ѓорче Петров…/ дел на Скопје . Со пропаѓањето на можното подземно решение за спојувањње на булеварите Партизански одреди и Кузамaн Јосифовски Питу кај Комплексот банки, единствената надеж за автомобилското избегнување на центарот остана Булевар Македонија. И еве. Имаме ветување за конечно решение, кое како проект ви го презентираме во денешниот број на Порта 3. Нарачател на Основниот проект е град Скопје, а го изработува проектанската куќа Чакар партнерс, која многу одамна /пред 2000-та год./работеше и на оргиналните би рекол ВИСТИНСКИ РЕШЕНИЈА за сообраќајното решение околу центарот на Скопје.Но од тие убави проектански решенија реализирани беа само мал дел.Во овој приказ нема да навлегувам во подетална анализа за квалитетот на проекното решение. Тоа ќе го оставиме на сообраќајните инженери како стручна фела, но секако накратко ќе го искоментирам..



На прв поглед и тука сигурно не грешам, ова е многу подобро решение од ова што денес егзистира како-така, со постојани блокади и секојдневни сообраќајни колапси во строгиот центар на Скопје. Главните точки на ова решение се:

-Булеварот Македонија / како дел од сонот за Јужен булевар /, како предмет на овој проект е во должина од околу 1.500 метри од кои 800 метри се подземен дел



-Подземното решение во изведба на турската фирма Лимак, условена со изградбата на станбено-бизнис-трговскиот центар „Diamond“, не е спорен како идеја и решение за премостување на централниот дел на Јужен булевар… Булеварско решение со по две ленти и трамвајска траса во двата правца,која во постојното решение завршува како слеп колосек ?/





Кружниот – елипсовиден дел на сегашниот голем сообраќаен јазол кај НЛБ и Министерство за образование, со правци кон Водно, кон булеварите Свети Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов… делува како пристојно решение за догледно време и во постојните извонредно сложени сообраќајни правци кои се испреплетуваат на тој простор. Ова се разбира под еден голем услов. Што поскоро дислоцирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и релаксирање на истоимената улица / пс. Водњанска /, која е под постојана блокада , која ќе се зголеми и со скорешното пуштање на патот кон Сончев град и општината.. . Секое пролонгирање на овој исто така грандиозен проект ќе оди против секое коректно сообраќајно решение на овој кружен тек и пошироко.



-Двојниот кружен тек на почетокот на булевар Кочо Рацин и улицата Кирил и Методиј и од другата страна пред Геолошки завод и правците за Водно и Кисела Вода /каде што сега е подвозникот / делуваат исто така како пристојно решение…

Главен и секако најкритичен дел за успех на целата приказна се влезно- излезните решенија од подземниот дел каде се јавуваат извонредно критични точки.

Model

Излезно – влезното решение на западнот дел кое се спојува на кружниот тек кај споменикот на Чакаларов и влезот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, ќе биде опасно силен јазол со мал капацитет за прием на зголемениот сообраќај. За жал тука и завршува големата идеја за Јужен булевар кон запад и сè се сведува на влевање во постојната улица – булевар Митрополит Теодосиј Гологанов . Со самата изведба на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов пред неколку години, на некој начин се уништи идејата за Јужен булевар во вистинска смисла. Дали поради неопходното уривање на култните ресторани Воденица, Далма, Фурна …, па и делумното осакатување на новоизведените парковски решенија долж булевар таа идеја дефинитивно останува за некои малку подалечни времиња!? Критичен простор е и уништувањето на сегашните паркинзи околу Цветен пазар, за потребите на автобуска обртна –крајна станица , што драматично ќе го комплицира паркирањето на жителите од населбата Капиштец и околината.

Влезно и излезното решение на источниот дел е исто така поприлично комплицирано и несигурно како решение за подолг рок. На излезната точка од подземниот дел кон кружниот тек околу триаголникот: булевар 11 Октомври-Македонија и Крушевска Република… за ударниот правец булевар Македонија – населба Аеродром, решен е на едно ниво и ќе биде како и досега – тежок сообраќаен јазол. И тука можноста за еден голем кружен тек / или раскрсница на две нивоа /, се одлага во недоглед , што продуцира ново комплицирано решение на врската со населба Пролет , Аеродром, Лисиче…





Дали можело подобро проектно решение за спорните жешки точки. Секако да. Но кај нас е обично така. Колку пари толку музика, а се разбира сиромавиот обично двапати плаќа. И ова решение ќе се сведе на изнудено – дали поради немање пари или храбра визија за моментално поскапото но долгорочно решение. Веројатно и едното и другото

И сепак НАЈВАЖНОТО да си посакаме да овој проект во скора иднина стане стварност и спас за сегашните кошмарни сообраќајни гужви во централното подрачје на главниот град.

https://www.porta3.mk/bulevar-makedonija-konechno-2/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 14-Jan-2020 at 19:55
Неможе да нема пари за вакви битни прашања.Град во кој живее пола од населението во државата не може да функционира со само 100 мил евра, тие пари не се ни само за тековни обврски и помали проекти. Владата од своите 3.500.000.000 мора да поддржува капитални проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на луѓето во главниот град.

Секој знае каде има проблеми во сообраќајот и не може да се правиме вечно луди и само да се одложуваат работите. Пари има, нека си ги подредат приоритетите само!

Ако можеше влада да подарува на град Скопје милион глупости десет години нека поради сега 2-3 булевари, мостови, надвозници...зошто ако чекаме од стоте милиони на градот ништо не правиме... Колкав буџет по глава жител имаат Белград, Софија и Загреб, споредба некоја да направиме.


Делот од булеварот кој го прави лимак е ОДЛИЧЕН. Но и сега имаме километарска колона од Рамстор накај Карпош. Што после? Има градот 3 години да смисли

Edited by alexsend - 14-Jan-2020 at 19:59
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 14-Jan-2020 at 21:12
Интересно, баш пред некој ден, инспириран од она што можеше да се наѕре на новиот предлог ДУП за градска четврт Ј-21 (четвртот јужно од комплексот Лимак), направив една скица како би можело да изгледа сообраќајното решение за поврзување на тунелот со градската сообраќајна мрежа.

Според она што се гледа од (микроскопските) слики на Порта 3, не сум бил далеку од решението на „Чакар партнер“, иако малку сум претерал со оптимизмот.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.