build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбани автопати - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани автопати - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 21>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2490
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 28-Sep-2018 at 00:57
Не ми е јасно како точно булеварот ќе се поврзе со кружните текови? Ќе оди под нив па после тоа некако или?
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 28-Sep-2018 at 09:13
ni mene ne mi e jasno ne znam nekoj ako ima fotka kako bi izgledalo ja na net ne mozam da najdam neshto takvo
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 734
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 28-Sep-2018 at 11:32


Ќе излегува дури западно од големиот кружен, а на исток треба клучка кај рампа да се направи. За западниот дел лесно е, може да има 1, 2 ленти за десно, што ќе носат назад кон кружниот. А источниот дел сега засега веројатно ќе излегува на површина пред двоењето кај рампа. Како ќе се оствари врска со двата кружни не ми е јасно. Веројатно на сличен начин, вртење десно па вклучување на јужниот кружен.

Тоа што воопшто не ми е јасно е како ќе го решат западниот влез. Ќе треба некако од Гологанов, Народен фронт, па дури и Васил Главниов да се влезе во подземниот. Кружен или семафори, се друго е скапо како за привремено решение.

Западен дел

Edited by <Fresno> - 28-Sep-2018 at 11:47
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 248
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 28-Sep-2018 at 13:12
Веќе заклучивме неколку страници наназад дека големиот кружен тек е само една фикс-идеја која никој не се нафатил да ја измени (можеби и затоа што никој не очекувал реализација во блиска иднина). Не можам да најдам никакво логично објаснување зошто не би се одело на некое решение со комбинација од два кружни тека како на источната страна кое е и попрактично и поевтино. Ако целта е да се задржи на кратко сообраќајот во него и да се избегне натрупување возила на семафорите на околните крстосници, може да се оди со своевидно хибридно решение на кружен тек од тип осмица. Ова би пружило погладок спој со рампите и околните улици, би се заробило помалку простор во средината на кружниот тек, тунелот би бил пократок и со тоа поевтин и се овозможува полесно премостување за евентуални пешачки мостови или подземни премини.

Говорам за нешто налик на ова (43.6555645,-116.2333828) во поголеми размери.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 734
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 28-Sep-2018 at 13:51
Осмицата од примерот е направена веројатно ради зградата што смета. А кај нас добро е што не излегува подземниот директно на кружен. Смешно би било, а и константен хаос ќе има. Иако ништо чудно и да се направи некоја импровизација од таков тип, се до продолжувањето на Јужен кон запад.
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 28-Sep-2018 at 15:26
Originally posted by <Fresno>



Ќе излегува дури западно од големиот кружен, а на исток треба клучка кај рампа да се направи. За западниот дел лесно е, може да има 1, 2 ленти за десно, што ќе носат назад кон кружниот. А источниот дел сега засега веројатно ќе излегува на површина пред двоењето кај рампа. Како ќе се оствари врска со двата кружни не ми е јасно. Веројатно на сличен начин, вртење десно па вклучување на јужниот кружен.

Тоа што воопшто не ми е јасно е како ќе го решат западниот влез. Ќе треба некако од Гологанов, Народен фронт, па дури и Васил Главниов да се влезе во подземниот. Кружен или семафори, се друго е скапо како за привремено решение.

Западен дел


epa na planov kolku shto mozam ja go procitam kaj zapadniod kruzen tek se gleda podzemnata soobrajaknica kako doi uste na zapad kako da ke se povrzuva od kaj katolicka taka izgleda   
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 723
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 28-Sep-2018 at 18:44
Паркот на новинарите се предвидува да се стопи во проектот за големиот кружен тек...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2495
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 13-Dec-2019 at 18:56
Што ќе значи тунелот под Кале за зелените површини во делот кај Градски Парк?

Скопје го уништи недостатокот на правна држава, фиромскиот менталитет (и кај старите скопјани и кај нестарите скопјани) и непланското градење, а не самото доселување на луѓе од провинција. Треба да се стремиме кон уште поголем развој на градот и раст до барем 750,000 жители во метро зоната, а не враќање назад!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 16-Dec-2019 at 17:19
Пу, пу, не важи затворање на улиците во Дебар Mаало за автомобили

Проектот на општина Центар за пешачки зони не доби согласност од надлежните. – Ќе мора прво во постапка на измена на деталните урбанистички планови, улиците да се категоризираат како пешачки, за да можеме да пристапиме кон реализација на пешачка зона. Во тој случај, истото ќе подразбира можност и за целосно претворање на овие квартови во пешачки зони, велат од општина Центар



Проектот за затворање на улиците во Дебар Маало за автомобили, за време на викендите и тоа од петок во 18 часот до понеделник до 6 часот, нема да се реализира за подолг временски период. Од Општина Центар објаснија дека засега не може да се пристапи кон реализација на овој проект поради категоризација на улиците во деталните урбанистички планови.

– Беше изработен ревидиран основен сообраќаен проект, но поради категоризацијата на улиците со деталните урбанистички планови, тој не доби согласност од надлежните институции и во моментов не може да се пристапи кон негова реализација – велат од локалната самоуправа.

Оттаму велат дека во поглед на решението, остануваат на идејата за негово реализирање, со тоа што постапката ќе трае подолго од тоа што било планирано.

– Ќе мора прво во постапка на измена на деталните урбанистички планови, улиците да се категоризираат како пешачки, за да можеме да пристапиме кон реализација на пешачка зона. Во тој случај, истото ќе подразбира можност и за целосно претворање на овие квартови во пешачки зони – нагласија општинските власти.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ овој проект го најави уште кон крајот на јуни годинава истакнувајќи дека со негова реализација ќе се спречи движењето на возилата, бидејќи овој дел е најфреквентен заради големиот број на кафулиња и ресторани стационирани на овој простор, а со сообраќајни режими и инфраструктурни зафати ќе се овозможи ослободување на тротоарите и улиците.

Како што објасни Богдановиќ прво требаше да се почне од главната улица „Орце Николов“, а потоа да се премине и на споредните.

Освен во Дебар Маало, планот беше на ваков начин да се обезбедат и Парк, па и другите населби. Тој, исто така, тогаш истакна дека доколку сообраќајниот проект биде одобрен од МВР би се реализирал до крајот на летото.

„Чакар Партнерс“ ќе го изработи проектот за пешачката зона во строгиот центар

Друштвото за инженеринг и консалтинг „Чакар-Партнерс“ ДОО Скопје е фирмата која ќе го изработи основен проект со сите фази за улицата „ ВМРО“ и улицата „Даме Груев“, како и потегот од раскрсница со булеварот „Партизански одреди“, со раскрсницата на улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „11 Октомври“, со улицата „Филип II Македонски“.

Градот Скопје со оваа фирма склучи договорот вреден 2.330.500 денари со вклучен ДДВ за проектно решение со кое ќе се затвори строгиот центар за автомобили и негово претворање во пешачка зона.

– Идејата за претворање на улицата „Димитрие Чуповски“ во пешачка зона со ограничен сообраќај (само за јавен превоз) е постара и истата зависи од претходно обезбедување на соодветна сообраќајна алтернатива, поточно проширување на улицата „Даме Груев“ и целокупниот сообраќај да се пренасочи по оваа улица, на потегот од раскрсницата кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ до Собранието. Овој проект беше повеќе години закочен поради проблемите со објектот кој се наоѓа на трасата на оваа улица, „Макоил“ (поранешна зграда на „Макотекс“) на улица „Македонија“, која го попречува проширувањето на улицата – велат од Градот.

(А.П.)

https://www.vecer.press/пу-пу-не-важи-затворање-на-улиците-во-д/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 18-Dec-2019 at 17:21
Низ паркот во Ѓорче Петров ќе се пробива булевар....(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 18-Dec-2019 at 17:34


Побаравме објаснување од Општина Ѓорче Петров дали станува збор за отворање сервисна улица или се шири булеварот „Македонска војска“.

Оттаму ни одговорија дека станува збор за времено решение кое не го зафаќа појасот (реонски парк), туку се гради пешачко-колска патека која го зафаќа самиот профил од недоизграден дел на булеварот „Македонска војска“, кој е исцртан во ГУП-от од 2012 година.

Станува збор за времено решение кое не го зафаќа појасот (реонски парк), туку се гради времено решение пешачко-колска патека (времен режим) кое го зафаќа самиот профил од недоизграден дел на булеварот „Македонска војска“ кој е исцртан во ГУП-от од 2012 година. Се до реализација на булеварот ова ќе претставува времено решение коешто ќе биде и единствена можност за дотур на роба до деловните субјекти и пристап до самото Корзо, велат од општината.

https://republika.mk/vesti/skopje/zitelite-revoltirani-parkot-vo-o-gjorche-petrov-iskopan-opshtinata-se-pravda-deka-se-gradi-vremeno-peshachko-kolska-pateka/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13428
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 14-Jan-2020 at 18:17
Булевар Македонија – конечно?

Автор: Љупчо Атанасовски

Во минатиот број на Порта 3 со наслов ДО КОГА?? ја провоцирав вечната тема за пешачки центар на Скопје и условеноста на таа успешна приказна од решавање на можеби најголемиот предизвик од инфраструктурната сфера на главниот град – Булевар Македонија или меѓу народот се уште познат како Јужен булевар.



Од земјотресот 1963 година наваму, сите градоначалници на Скопје го проектираа, посакуваа , а многу често и го ветуваа тоа, секако најважно сообраќајно решение за поврзување на источниот / Аеродром, Кисела вода../ со западниот / Карпош, Ѓорче Петров…/ дел на Скопје . Со пропаѓањето на можното подземно решение за спојувањње на булеварите Партизански одреди и Кузамaн Јосифовски Питу кај Комплексот банки, единствената надеж за автомобилското избегнување на центарот остана Булевар Македонија. И еве. Имаме ветување за конечно решение, кое како проект ви го презентираме во денешниот број на Порта 3. Нарачател на Основниот проект е град Скопје, а го изработува проектанската куќа Чакар партнерс, која многу одамна /пред 2000-та год./работеше и на оргиналните би рекол ВИСТИНСКИ РЕШЕНИЈА за сообраќајното решение околу центарот на Скопје.Но од тие убави проектански решенија реализирани беа само мал дел.Во овој приказ нема да навлегувам во подетална анализа за квалитетот на проекното решение. Тоа ќе го оставиме на сообраќајните инженери како стручна фела, но секако накратко ќе го искоментирам..



На прв поглед и тука сигурно не грешам, ова е многу подобро решение од ова што денес егзистира како-така, со постојани блокади и секојдневни сообраќајни колапси во строгиот центар на Скопје. Главните точки на ова решение се:

-Булеварот Македонија / како дел од сонот за Јужен булевар /, како предмет на овој проект е во должина од околу 1.500 метри од кои 800 метри се подземен дел



-Подземното решение во изведба на турската фирма Лимак, условена со изградбата на станбено-бизнис-трговскиот центар „Diamond“, не е спорен како идеја и решение за премостување на централниот дел на Јужен булевар… Булеварско решение со по две ленти и трамвајска траса во двата правца,која во постојното решение завршува како слеп колосек ?/





Кружниот – елипсовиден дел на сегашниот голем сообраќаен јазол кај НЛБ и Министерство за образование, со правци кон Водно, кон булеварите Свети Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов… делува како пристојно решение за догледно време и во постојните извонредно сложени сообраќајни правци кои се испреплетуваат на тој простор. Ова се разбира под еден голем услов. Што поскоро дислоцирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и релаксирање на истоимената улица / пс. Водњанска /, која е под постојана блокада , која ќе се зголеми и со скорешното пуштање на патот кон Сончев град и општината.. . Секое пролонгирање на овој исто така грандиозен проект ќе оди против секое коректно сообраќајно решение на овој кружен тек и пошироко.



-Двојниот кружен тек на почетокот на булевар Кочо Рацин и улицата Кирил и Методиј и од другата страна пред Геолошки завод и правците за Водно и Кисела Вода /каде што сега е подвозникот / делуваат исто така како пристојно решение…

Главен и секако најкритичен дел за успех на целата приказна се влезно- излезните решенија од подземниот дел каде се јавуваат извонредно критични точки.

Model

Излезно – влезното решение на западнот дел кое се спојува на кружниот тек кај споменикот на Чакаларов и влезот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, ќе биде опасно силен јазол со мал капацитет за прием на зголемениот сообраќај. За жал тука и завршува големата идеја за Јужен булевар кон запад и сè се сведува на влевање во постојната улица – булевар Митрополит Теодосиј Гологанов . Со самата изведба на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов пред неколку години, на некој начин се уништи идејата за Јужен булевар во вистинска смисла. Дали поради неопходното уривање на култните ресторани Воденица, Далма, Фурна …, па и делумното осакатување на новоизведените парковски решенија долж булевар таа идеја дефинитивно останува за некои малку подалечни времиња!? Критичен простор е и уништувањето на сегашните паркинзи околу Цветен пазар, за потребите на автобуска обртна –крајна станица , што драматично ќе го комплицира паркирањето на жителите од населбата Капиштец и околината.

Влезно и излезното решение на источниот дел е исто така поприлично комплицирано и несигурно како решение за подолг рок. На излезната точка од подземниот дел кон кружниот тек околу триаголникот: булевар 11 Октомври-Македонија и Крушевска Република… за ударниот правец булевар Македонија – населба Аеродром, решен е на едно ниво и ќе биде како и досега – тежок сообраќаен јазол. И тука можноста за еден голем кружен тек / или раскрсница на две нивоа /, се одлага во недоглед , што продуцира ново комплицирано решение на врската со населба Пролет , Аеродром, Лисиче…





Дали можело подобро проектно решение за спорните жешки точки. Секако да. Но кај нас е обично така. Колку пари толку музика, а се разбира сиромавиот обично двапати плаќа. И ова решение ќе се сведе на изнудено – дали поради немање пари или храбра визија за моментално поскапото но долгорочно решение. Веројатно и едното и другото

И сепак НАЈВАЖНОТО да си посакаме да овој проект во скора иднина стане стварност и спас за сегашните кошмарни сообраќајни гужви во централното подрачје на главниот град.

https://www.porta3.mk/bulevar-makedonija-konechno-2/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1995
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 14-Jan-2020 at 19:55
Неможе да нема пари за вакви битни прашања.Град во кој живее пола од населението во државата не може да функционира со само 100 мил евра, тие пари не се ни само за тековни обврски и помали проекти. Владата од своите 3.500.000.000 мора да поддржува капитални проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на луѓето во главниот град.

Секој знае каде има проблеми во сообраќајот и не може да се правиме вечно луди и само да се одложуваат работите. Пари има, нека си ги подредат приоритетите само!

Ако можеше влада да подарува на град Скопје милион глупости десет години нека поради сега 2-3 булевари, мостови, надвозници...зошто ако чекаме од стоте милиони на градот ништо не правиме... Колкав буџет по глава жител имаат Белград, Софија и Загреб, споредба некоја да направиме.


Делот од булеварот кој го прави лимак е ОДЛИЧЕН. Но и сега имаме километарска колона од Рамстор накај Карпош. Што после? Има градот 3 години да смисли

Edited by alexsend - 14-Jan-2020 at 19:59
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 248
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 14-Jan-2020 at 21:12
Интересно, баш пред некој ден, инспириран од она што можеше да се наѕре на новиот предлог ДУП за градска четврт Ј-21 (четвртот јужно од комплексот Лимак), направив една скица како би можело да изгледа сообраќајното решение за поврзување на тунелот со градската сообраќајна мрежа.

Според она што се гледа од (микроскопските) слики на Порта 3, не сум бил далеку од решението на „Чакар партнер“, иако малку сум претерал со оптимизмот.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 14-Jan-2020 at 22:41

Дури и од минијатурните слики на порта3 се гледа дека во основниот проект нема никакви битни измени во однос на крпениците што веќе беа нашкрабани во неколкуте ДУП-ови што го опфаќаат просторов. Малку козметички корекции, ништо суштинско. Жално.

А не ми е јасно и зошто овој основен проект не е јавно достапен никаде на интернет.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 19-Jan-2020 at 15:55

Малку ги изоштрив микроскопските слики од порта и го склопив ова за подобра ориентација




Еве и полупрозирна варијата




Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1995
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 19-Jan-2020 at 18:21
Каде точно излага подземниот сегмент?
После Цветен пред Каточичка?
Од 3 ленти во 1 излагаат?

Edited by alexsend - 19-Jan-2020 at 18:22
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 571
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 19-Jan-2020 at 18:39
Originally posted by alexsend

Каде точно излага подземниот сегмент?
После Цветен пред Каточичка?
Од 3 ленти во 1 излагаат?

И мене тоа ме буни.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 248
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 19-Jan-2020 at 19:34
Мене ми изгледа како подземниот сегмент да излегува после кружниот тек, поточно излегуваат само рампи кон еднонасочните улици. Она на местото на Цветен пазар е паркинг. На зеленилото помеѓу двете рампи што излегуваат од тунелот би бил коловозот за денивелираниот булевар „Македонија“. Ме буни само лентата на средина помеѓу двете рампи. На прва би рекол дека е пешачка патека, но кон кое ниво продолжува, дали кон кружниот или кон тунелот?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 17-May-2020 at 00:36

Кај Јужен булевар сеуште нема ништо опипливо



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 21>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.