build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани автопати - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 13-Dec-2007 at 01:37
Originally posted by kire85

Значи планирана е и надвозница над јужниот булевар кај Нова Македонија.(„Климент Охридски“ ли се вика булеварот?) Во кој правец треба да биде еднонасочна Иво Лола?




Планирани се надвозници по цела должина на Јужен Булевар. Како што кажав, тој всушност не е булевар во права смисла на зборот, туку автопат. Крстосници не смее да има, ќе има само денивелирани премини (клучки и обични надвозници)

Надвозниците всушност ќе бидат обични мостови - нема да има никаков нагиб, зашто јужен булевар ќе се вкопа испод површина. Ќе поминува во тунел низ центар и засек после Алумина... Тунелот ќе биде релативно ефтин да се изгради, зашто трасата е чиста, па нема класично да се буши низ земја, туку едноставно ќе се ископа голем ров и ќе се покрие.

За релативно мали пари можеме да добиеме врвно решение... Пред се извонредно ефикасно! Исто така ќе зачуваме и доста голема површина во центарот. А не е за потценување и тоа што ќе го лансира имиџот на градов многу повисоко. Само да се свестат веќе еднаш дека немаме уште многу време за одлагање... Градов веќе почнува да се гуши, а со нивните смешни импровизации само прават штета.


Edited by Cloverstack - 13-Dec-2007 at 02:55
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 13-Dec-2007 at 01:43
Originally posted by La Linea

А колку од Јужен булевар е воопшто изградено до сега? Сепак е голем проект, не може да се оствари одеднаш - а делот пред католичка бара барем привремено решение. До каде се протега ? И дали треба да се крстиме во негово име за да се растерети сообраќајот?
 Clover?


Од Јужен не е изградено скоро ништо (има мал дел, ама тој не е како што треба да е во конечната форма)

Јужен булевар не е толку скап колку што мислиш. Соодносот на неговата цена и неговата реална вредност за градот е многу поволен. Друга поволна работа е што тој може да се реализира во фази и постапно да се растоварува сообраќајот.

Ниту кај католичка ниту на други места не ни требаат онакви заебанции. Тоа се лоши импровизации кои за жал можат да прераснат и во катастрофални трајни решенија.

За прашањето дали треба да се крстиме во Јужен Булевар, мојот одговор е ДА. Big%20smile
Дефинитивно треба да се крстиме во Јужен Булевар, Бул. Крушевска Република и уште неколку помали зафати. Тие се спасот Thumbs%20Up


Edited by Cloverstack - 13-Dec-2007 at 02:57
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 13-Dec-2007 at 01:45
Previous
 
а ќе има ли измеѓу двата правци на јужен некакво физичко одделување или ќе се остане на „дупла пуна“?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 13-Dec-2007 at 01:51
Originally posted by kire85

Previous
 
а ќе има ли измеѓу двата правци на јужен некакво физичко одделување или ќе се остане на „дупла пуна“?


Нормално бе друже дека ќе има... Уствари надвор од памет е да биде било како друкшие...

Плус таму треба да поминува и една од LRT (трамвај) трасите, па рачунај дека ќе има две пруги у средина, најверојатно одделени со заштитни ѕидови. И станиците нормално ќе бидат у средина...

Чекај да прочепкам по дисков, мислам имам нешто визуелно и за ова Smile




Edited by Cloverstack - 13-Dec-2007 at 02:58
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 13-Dec-2007 at 01:58
Previous
 
па не, оти ме буни сегашниот изглед на еден дел од јужен....ама како што кажа веќе тоа треба да се смени...знам на што мислиш исти такви решенија во комбинација со штрасенбанSmile има и тука у диселдорф.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 13-Dec-2007 at 02:00
Еве ова го објави министерството за транспорт и врски како дел од тендерот за хотелот позади Рамстор.

Јасно се гледа Јужен Булевар, а имаш дури и димензии... На средина се оставени цирка 8 метри.

Јас на планов имам бројни замерки, ама конкретно за ова што праша ти, нема потреба да стравуваш Smile





Edited by Cloverstack - 01-Feb-2010 at 05:18
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Dec-2007 at 02:10
Previous
 
значи нована уличка до рамстор е привремена? како што читам од планот, тоа треба да биде тн. пешачка улица....
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 13-Dec-2007 at 02:15
Originally posted by kire85

Previous
 
значи нована уличка до рамстор е привремена? како што читам од планот, тоа треба да биде тн. пешачка улица....



Да привремена е, додека се гради НЛБ и околу НЛБ некои работи...

А излезот ќе се врати на стара локација и ќе биде дел од клучката. Само како што можеш да приметиш, го имаат збутано на помала површина, ваљда затоа што Рамстор ги сакал тие неколку десетици квадратни метри за свои потреби Roll%20eyes. Сега треба да добиеме технички полошо сообраќајно решение, само ради ќеифовите на приватни инвеститори кои ионака земјата ја купија речиси за џабе Bash


Edited by Cloverstack - 13-Dec-2007 at 02:16
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 13-Dec-2007 at 02:17
Previous
 
да да....и мене баш тој дел ми бодеше око...
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 16-Dec-2007 at 18:40
За клучката кај Kонтинентал: таа треба да ги спојува „Крушевска република“ и Северен булевар? Дали Крушевска република треба да се гради паралелно со некој од другите булевари за да може да влијае на метежот?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 16-Dec-2007 at 18:50
Originally posted by La Linea

За клучката кај Kонтинентал: таа треба да ги спојува „Крушевска република“ и Северен булевар? Дали Крушевска република треба да се гради паралелно со некој од другите булевари за да може да влијае на метежот?


Клучката Континентал ја спојува улицата Беласица со северниот булевар. Таа нема никаква врска со Крушевска Република освен тоа што го узурпира просторот за изградба на клучката која ќе ја поврзува Крушевска со Северен Булевар.

Инаку Крушевска сама по себе не би придонела за решавање на метежот, туку како неопходна алка во примарната сообраќајна мрежа. Едноставно таа е незаменлива, ниту пак со нејзе смее да се играат играчки...


Edited by Cloverstack - 04-Jan-2008 at 23:25
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 16-Dec-2007 at 19:04


Да додадам за да биде појасно: Крушевска е потребна токму за сообраќајот на поголеми дистанци да не го оптоварува центарот.

Таа е денивелирана и има само три клучки:

- спој со Северен Булевар
- спој со централната сообраќајна оска на градот (Партизански Одреди  - К.Ј. Питу - Јане Сандански)
- спој со Јужен Булевар


Крушевска дури премостува и два големи булевари (Гоце Делчев и 3-та Македонска Бригада) без да биде поврзана со нив, што е во ред со оглед на нејзината функција, а спротивно на приказните и аргументите што ги наметнуваат саботерите кои запнале да ја бришат или преместуваат.


Edited by Cloverstack - 16-Dec-2007 at 19:11
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 15-Jan-2008 at 01:15
Извинете може некој да ми каже кој е тој северен булевар или па да пушти дуп или гуп ако има.

Фала унапред
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 15-Jan-2008 at 01:22


Го има на претходната страна, пост #14

Сите три урбани автопати се посочени таму.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 15-Jan-2008 at 02:31
Гледам многу улици влезени во планот а дали и 50% се изградени од нив. Едно прашање. Дали има некој претстава колку пари треба за оваа патна мрежа што е планирана за Скопје да биде целосно завршена. Реално значи колку пари треба се на се?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Jan-2008 at 02:39
Многу релативно прашање, а не верувам дека било кој знае точно. Но имам на пример прочитано проценки за тунелот под плоштад дека би чинел околу 30 милиони евра, а довршување на урбаните автопати околу 100 милиони. За споредба северната обиколница на Скопје (што се привршува), чини 120 милиони.

Но главно прашање е дали се ова исплатливи инвестиции. Проценките кажуаат дека се доста исплатливи. Овие инфраструктурни објекти би довеле до огромни заштеди во одвивањето на сообраќајот, а би дале и силен директен поттик на економијата. Има и бројни индиректни позитивни ефекти кои не се за потценување.


Edited by Cloverstack - 15-Jan-2008 at 02:42
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Jan-2008 at 19:48
JA sum za 200 milioni direktiva u buxet na skopje. Sto od donacii, sto od vlada, sto od trifka, sto od gradot, sto od krediti zaemi. I da se fpregnat site domasni gradezni kompanii  i za max godina skopje celo kako sto treba ni guzvi ni nishto.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Jan-2008 at 20:25
hahah 200 milioni a?
mnogu jaka supozicija
tesko izvodilovo mozno e da se sredi toa nekogas koga nekoj od nas ke bide gradonacalnik
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 15-Jan-2008 at 21:51
Originally posted by lslcrew

JA sum za 200 milioni direktiva u buxet na skopje. Sto od donacii, sto od vlada, sto od trifka, sto od gradot, sto od krediti zaemi. I da se fpregnat site domasni gradezni kompanii  i za max godina skopje celo kako sto treba ni guzvi ni nishto.


Не е реално, а не е ни потребно такво форсирање. Ама би бил среќен кога би почнало конечно да се работи на ова. Овие уште не размислуваат да изготват проекти, а камо ли нешто повеќе. Ако си прочитал нешто од тоа што имам постирано порано, јасно ти е дека некои луддаци одат до таму што сакаат да го преместат или избришат Бул. Крушевска Република од генералниот урбанистички план (и тоа  со смешна аргументација)

Ама мислам дека ако Скопје добие макар приближно нормален буџет и способен градоначалник, овие работи ќе можат да се придвижат со солидна брзина. Со некој понормален буџет, Скопје би можело да почне вакви инвестиции. Бројките ќе изгледаат многу помалку страшни ако се распоредат на повеќе години... А во предвид доаѓа и учество на државата, средства од ЕУ, па макар и задолжување. Ама воопшто целата примарна сообраќајна мрежа во Скопје мора конечно да се заокружува и тоа без глупави импровизации. Трите урбани автопати се врвен приоритет.


Edited by Cloverstack - 03-Feb-2008 at 14:32
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 15-Jan-2008 at 22:14
Originally posted by Cloverstack
Ама мислам дека ако Скопје добие макар приближно нормален буџет и способен градоначалник, овие работи ќе можат да се придвижат со солидна брзина. Со некој понормален буџет, Скопје би можело да почне вакви инвестиции. Бројките ќе изгледаат многу помалку страшни ако се распоредат на повеќе години... А во предвид доаѓа и учество на државата, средства од ЕУ, па макар и задолжување. Ама воопшто целата примарна сообраќајна мрежа во Скопје мора конечно да се заокружува и тоа без глупави импровизации. Трите урбани автопати се врвен приоритет.
 
Во целост се согласувам со оваа констатација и само би додал дека покрај ова врвен приоритет се и подземните сообраќајници под плоштадот и ГТЦ како и мост на Вардар и подземен премин под Кале и спојување на Бул. Св.Климент Охриидски (бивша ЈНА) со Северниот булевар.
 
Поправи ме ако грешам Clover!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.