build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани автопати - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 20-Dec-2020 at 17:08
Двата крајни сегмента веројатно ќе бидат со по две цели и една помошна сообраќајна лента, додека средниот е резервиран за трамвај, но за што би можел реално да се користи, не би знаел.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 20-Dec-2020 at 17:30
Велосипедски патеки ќе има?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 20-Dec-2020 at 20:20
Би возел велосипед во тунел?

Не е пријатно за уши и нос...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 15-Jan-2021 at 00:23
Која е јужната траса на Јужен булевар? Најдов скица каде што поминува тука:

Можеби подобро би било да продолжи долж пругата наместо да се спои со бул. БТ после клучката со бул. Србија и да се урбанизира делот од Усје до Драчево. Ама токманцине одлучиле да ги уништуваат оформените урбани целини при толку празен простор.



Edited by Staro Skopje - 15-Jan-2021 at 00:27
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 15-Jan-2021 at 01:53

@ Staro Skopje

Еве како е според ГУП-от од 2012







Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 15-Jan-2021 at 02:14
Да, токму како што е на ГУП-от, малку ја утнав скицата од сеќавање. Во скоро време нема никакви шанси за реализација, а местово е супер за нова населба.

Каде завршува Јужен на исток, клучка Петровец? Тој дел не е опфатен во ГУП-от.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 15-Jan-2021 at 03:21



Ова што го имаш постирано е од ГУП-от 2002, има одредени разлики во трасата.


Originally posted by Staro Skopje

Каде завршува Јужен на исток, клучка Петровец? Тој дел не е опфатен во ГУП-от.


Не знам каде завршува на исток, но би било голема грешка да се врзува на клучка Петровец, бидејќи со комплетна реализација на Јужен булевар до Сарај, односно до автопатот кон Тетово (каков што одамна е испланиран), ќе се стимулира транзитен сообраќај низ градот, наместо да се користи обиколницата.

Како и да е, колку и да продолжува источно од Драчево, таму не гледам никаква потреба да биде ништо повеќе од обичен пат со профил 2х1 и вкрстувања на ниво. Вистинското продолжување на Јужен булевар всушност треба да биде кон север и поврзување со автопатската мрежа некаде кај Трубарево или кај Хиподром.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 16-Jan-2021 at 00:07
Три алтернативи има.

Легенда: сино-автопат; виолетово-урбан автопат; црвено-булевар; портокалово-битна улица; жолто-улица; триаголник-клучка; таргет круг-кружен тек; круг-без раскрсница.

Засега доволно би било ЈБ да заврши кај клучката пред Драчево, а оттаму како улица со по една лента во правец да продолжи долж пругата и да се спои со регионалниот пат кај Студеничани. Согласно идниот демографски и економски развој и ширењето на градот, може да се одлучи како да се надгради инфраструктурата и каде да продолжи Јужниот булевар.

1. ЈБ пред Драчево да скршне на север и да се спои со автопатот пред клучка Хиподром, како што велиш. На овој начин искористеноста на ЈБ би била најдобра зашто Драчево и индустриска зона Пинтија би добиле директна врска со обиколницата и автопатот, а транзитен сообраќај наместо обиколницата не би бил толку атрактивен. Ако се прошири из Лисиче, може и таму да се изгради клучка, а улицата помеѓу кружниот пред Драчево и клучката на ЈБ може да биде и булевар.

2. Спојување со регионалниот пат за Зелениково и Петровец. Студеничани е општината со најголем наталитет и потпросечно иселување во Македонија, па населението ќе расте, но Зелениково и покрај високиот наталитет има многу мал број на жители, кој дефинитивно не бара урбан автопат. Јужен булевар до тука може да служи како дополнителна врска на јужно Скопје со Петровец и аеродромот, но не знам колкава потреба има од тоа, а може и подобро да се реши.

3. Поврзување со клучка Петровец. Ова е најдолго и најскапо решение кое би стимулирало поголем сообраќај за сметка на обиколницата, а поминува низ многу земјоделско земјиште кое не е логично да се урбанизира (за разлика од делот кај Охис). Како врска е од помала корисност од онаа со Хиподром.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 15-Feb-2021 at 00:00
Интересна најава од најновата програма на СДСМ. Незнам дали сме обрнале внимание тука:
"Клучка во населено место Хиподром 2      Гази Баба" страна. 72
https://mozeme.mk/wp-content/uploads/2020/06/Programa-2020.pdf

Незнам каде би било ова, но најлогично ми е надвозникот од Хиподром за Ченто да биде преправен до ниво на клучка, ама во ГУП мислам дека нема такво нешто, всушност незнам дали воопшто има вцртано нешто или допрва ќе биде вцртувано?!

Edited by user8642 - 15-Feb-2021 at 00:01
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 15-Feb-2021 at 00:22
Ваљда бул. Пролетна Офанзива.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 15-Feb-2021 at 23:24
Да не мислат на оваа „клучка“? Big%20smile


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 15-Feb-2021 at 23:32
Сигурно на таа "клучка" мислат.      Еве што вика катастар за тамо подоле на сликата. Ова што е според "ГУП на Град Скопје" layer-от вцртано во катастар одговара на ова што ти го имаш пуштено. Малку сум разочаран, мислев на нешто посаглам, ама ај барем ќе врши нешто работа. Којзнае...



Edited by user8642 - 15-Feb-2021 at 23:32
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 20-Feb-2021 at 18:44

Јужен булевар   

1


2


3


4

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 25-Feb-2021 at 17:49
Нова тура фотки од vecer.press

фото: Н. Батев









https://www.vecer.press/%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%bd%d0%b0%d1%82/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 04-Aug-2021 at 09:15
ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА ЗАД „РАМСТОР“ СЕ ГРАДИ И ДО 2023 ЌЕ БИДЕ ГОТОВА, КАЈ ЗГРАДИТЕ КОИ СЕ КРЕВААТ ВЕЌЕ Е ИЗВЕДЕНА, ВЕЛАТ ОД „ЛИМАК“



Подземната улица се гради и досега се изведени 25 отсто од градежните работи за неа, велат инвеститори од компанијата „Лимак“. Веќе три години некогашниот Јужен булевар е затворен за сообраќај и на него се гради новиот комплекс кој ќе го сочинуваат трговски центар, станбени и деловни објекти. Турскиот инвеститорот треба под овие објекти да изгради подземна сообраќајница.

Откако се почнати градежните работи зад тарабите не може да се виде што се гради и како напредуваат градежните работи за копањето на тунелот и пробивањето на улицата. Од пред неколку месеци над тарабите веќе почнаа да се издигаат зградите, кои на потпишувањето на договорот со Град Скопје беше кажано дека ќе се градат кога ќе се изгради сообраќајницата.

Инвеститорите за САКАМДАКАЖАМ.МК објаснуваат дека онаму каде што се креваат зградите, подземната улица е веќе готова и затоа се гради над неа. Тврдат дека Скопје ќе ја добие сообраќајницата односно овој проект нема да заврши со кренати згради и трговски центри, а неизградена подземна улица.

„Најтешката работа е завршена, поголемиот дел од тунелот под земја е пробиен односно направен е ископот, поставени се потпорни ѕидови и подземни инсталации. Сега останува полесниот дел во градењето на улицата. Досега 25 отсто од улицата е изградена. Градежните работи се одвиваат во делови или блокови односно завршуваме еден дел од улицата и потоа таму се продолжува со работа односно се креваат објекти. Потоа се гради друг дел од улицата па содржините кои се над неа. Без да се изгради тунелот не може да се кренат зградите. Зградата која ја гледате кај ‘Тутунска банка‘ е прва од четирите кули. Таа се гради бидејќи тунелот во тој дел е готов и сега продолжуваме со негово градење натаму“, вели Чагри Шерен, проект менаџер на компанијата „Лимак“.

Според проектот, улицата ќе биде со должина од 800 метри и широка 37 метри. Ќе има по две ленти во секој правец и две линии за трамвај во средината. Вкупната површина на која се гради целиот комплекс е 325 000 метри квадратни, од кои трговскиот центар ќе биде со површина од 47. 000 метри квадратни и веќе е почнат да се гради, а ќе се наоѓа зад Музејот на Град Скопје. Ќе има 4 згради, две источни и две западни со 20 ката, три нивоа паркинг простор и 17 ката станбени единици. Делот меѓу трговскиот центар и кулите ќе биде шеталиште со јавни содржини. Инвеститорите велат дека во комплекстот ќе има 3.200 паркинг места и 11.000 метри квадратни зелена површина.

„Овој дел ќе биде главна атракција во Скопје, а улицата под комплексот ќе овозможи побрз проток на сообраќајот од едниот до другиот дел на градот. Улицата ќе биде готова во првата половина на 2023, а целиот комплекс до крајот на 2023. Сме работеле на многу проекти, но оваа улица во Скопје е уникатна бидејќи над неа ќе живеат луѓе. Затоа градиме според највисоките стандарди, постојано сме во контакти со органите во државата и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од каде редовно се вршат потребни мерења“, вели Куртхан Апајдин, директор на „Лимак Скопје“.

Град Скопје треба да изгради три приклучоци за подземната улица, односно кружен тек кај „Нова Македонија“, на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницаата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. Но, на терен сè уште нема никакви активности за нивната изградба, ниту пак градоначалникот Петре Шилегов ги најави за годинешната градежна офанзива.

„Сите три кружни текови за излез и влез во подземната сообраќајница се проектирани и догодина ќе ги распишеме тендерите за изведувачи. Очекувам паралелно со завршување на градежните работи за подзмената улица во 2023 да бидат и тие готови. Според првичните проценки, ќе чинат околу 22 милиони евра“, ни изјави Шилегов пред месец и половина.

Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од ексградоначалникот Коце Трајановски и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира.

Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи. На прес-конференцијата за стартот на проектот покрај градоначалникот Шилегов, присуствуваа и премиерот Зоран Заев и тогашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

Вкупната инвестиција за овој проект е 250 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/podzemnata-ulitsa-zad-ramstor-se-gradi-i-do-2023-ke-bide-gotova-kaj-zgradite-koi-se-krevaat-veke-e-izvedena-velat-od-limak/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 06-Oct-2021 at 12:52






https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 06-Oct-2021 at 17:32
Тунелите под „Лимак“ половина готови (фото, видео)





Тунелите со кои се спојува булеварот „Македонија“ (Јужен булевар) со бул. „Кочо Рацин“ и поминуваат под објектот на Лимак половина се завршени, а денеска во посета им беше градоначалникот Петре Шилегов.

– Ова сообраќајно решение е дел од планот кој го поставив пред четири години кога станав градоначалник – а тоа е Скопје да биде град без сообраќаен метеж, со најголема пешачка зона во Европа во центарот на градот. Со реализацијата на овој план скопјани добиваат брзо и непречено патување низ градот со возила, јавен превоз или други средства за транспорт, изјави градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

– Ова што денес го презентирам многумина рекоа дека е неверојатно и не може да се реализира. Денес гледаме дека не само што може, туку веќе сме на пола пат, а до 2024 ќе бидеме целосно готови, додава Шилегов.

Во продолжение тој додаде дека целосното сообраќајно решение кое се состои од три големи целини.

– Првата е токму оваа која денес ја гледаме. Овој коридор кој се прави со изградбата на тунелите под Лимак, овозможува без поминување преку строгиот центар на градот, граѓаните кои патуваат од Карпош, Ѓорче Петров да стигнат до Кисела Вода или Аеродром. Практично отвораме нова артерија која ќе го растерети центарот. Во рамки на целото решение за овој дел е вклучена изградба на голем кружен тек на раскрсницата кај Нова Македонија. Со ова добиваме брз и сообраќај без застој во овој дел на градот, продолжува Шилегов.

– Втората целина од планот е отворање на другата артерија од другата страна на градот со изградба на мостот на булевар „АСНОМ“. Со ова решение, граѓаните на Аеродром и сите кои доаѓаат од таму, ќе можат директно и без поминување во строгиот центар да патуваат до Карпош. Со тоа уште повеќе го ослободуваме од притисок на возила централното градско подрачје, додаде Шилегов.

https://nezavisen.mk/tunelite-pod-limak-polovina-gotovi/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 06-Oct-2021 at 22:08








Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 06-Oct-2021 at 22:38
Супер изгледа све, само овој рахитичниов дел Х некако ептен ме багира. Мислам дека е некако импровизирано, како да морало тоа стеснување па раширување. Нели можело да се оддржи средишниот простор по целиот влез?

Многу ме потсеќа на оваа точка на влез во населба Бутел1 (42.028687° 21.444712°) иако нема врска, воопшто не е ист сообраќајниот режим.

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 06-Oct-2021 at 23:09
Без решавање на раскрсницата кај Тутунски не гледам полза од тунелов. А и тие излези влезови со една лента на западниот крај во ситуација кога ЈБ не продолжува понатака дали се доволни?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.312 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.