build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани автопати - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 06-Oct-2021 at 23:10
Народен Фронт ќе биде еднонасочна по цела должина до Рузвелтова или ќе има спојка некаде со МТГ? Или останува семафорот измеѓу АМСМ и НМ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 06-Oct-2021 at 23:24
Originally posted by fichot

Народен Фронт ќе биде еднонасочна по цела должина до Рузвелтова или ќе има спојка некаде со МТГ?


Според планов (ако нема измени во меѓувреме), во оваа прва фаза Народен Фронт и Митрополит Теодосиј Гологанов ќе бидат еднонасочни до кружниот тек кај Католичка црква.




Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 07-Oct-2021 at 00:28
Originally posted by user8642

Супер изгледа све, само овој рахитичниов дел Х некако ептен ме багира. Мислам дека е некако импровизирано, како да морало тоа стеснување па раширување. Нели можело да се оддржи средишниот простор по целиот влез?


Мора вака за да се надоврзи на постојната улица т.е. кракот што излегува пред Флетајрон. Регулационата линија за јужен булевар е едно 20-на метра јужно, па кога би се изградил, коловозот треба да продолжува право и по излезот од тунелот со сѐ средишниот простор.


Edited by Théoden - 07-Oct-2021 at 00:49
Back to Top
Blagh View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 07-Oct-2021 at 22:52
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by fichot

Народен Фронт ќе биде еднонасочна по цела должина до Рузвелтова или ќе има спојка некаде со МТГ?


Според планов (ако нема измени во меѓувреме), во оваа прва фаза Народен Фронт и Митрополит Теодосиј Гологанов ќе бидат еднонасочни до кружниот тек кај Католичка црква.






Лошо решение ако го разгледуваме 3 степениот пристап на градска сообраќајна инфраструктура:
1. булевари и брзи сообраќајници
2. улици низ населби
3. Крајни дестинациони/сервисни улици

Народен фронт по својот дизајн е улица од калибар #2 на улица низ населба - со цел да прифати возила, пешаци, велосипедисти како претпоследно ниво до нивната дестинација. Од нејзе да се прави едноасочна улица како крак од урбан автопат е спротивно на нејзиниот основен дизајн и автоцентрично решение кое ги ги задуши другите типови на сообраќај по нејзе.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 08-Oct-2021 at 02:08
Originally posted by Blagh

Лошо решение ако го разгледуваме 3 степениот пристап на градска сообраќајна инфраструктура:
1. булевари и брзи сообраќајници
2. улици низ населби
3. Крајни дестинациони/сервисни улици

Народен фронт по својот дизајн е улица од калибар #2 на улица низ населба - со цел да прифати возила, пешаци, велосипедисти како претпоследно ниво до нивната дестинација. Од нејзе да се прави едноасочна улица како крак од урбан автопат е спротивно на нејзиниот основен дизајн и автоцентрично решение кое ги ги задуши другите типови на сообраќај по нејзе.


Ја делам твојата загриженост за потенцијалните негативни ефекти од трансформацијата на Народен Фронт во еднонасочна улица. Но сепак не може да остане двонасочна и решенијата ќе мора да бидат од поинаков тип.

Народен Фронт нема да биде крак од урбан автопат, туку негова паралелна колекторска/дистрибуторска улица. Таква е планирана уште од 1965 и всушност треба да се пробие се до Нерези. Од другата страна, иста функција (но во спротивен правец) има Митрополит Теодосиј Гологанов. На целото растојание помеѓу Нерези и Кисела Вода, Јужен булевар е планиран како ваков систем со еднонасочни колектори/дистрибутори. Затоа тие две сообраќајници се буквално залепени до трасата на Јужен булевар. Не може да останат двонасочни пред се бидејќи така сосема ќе ги изреметат клучките што треба да се градат на тој сегмент.


Од друга страна, сегашниот амбиент околу Народен Фронт е навистина пријатен, а има потенцијал да стане и уште подобар. Би било голема штета тоа да се уништи со трансформација на улицата во писта по која ќе се вози со големи брзини, и сите последици што тоа ги повлекува (како на пример улица Железничка). Тоа за жал би значело и голем пад на квалитетот на живот во Капиштец и Козле.


Еве неколку можни решенија што ми паѓаат на ум (применливи за сите колекторски улици во системот, а не само за постоечкиот сегмент од Народен Фронт):

1. Со оглед дека сите овие улици имаат барем по три ленти, најлогично е само две ленти да останат за автомобилски сообраќај, а добиениот простор да се искористи за велосипедска патека и дрворед. Со ова всушност и би се намалила автоцентричноста на овие улици, наместо да се зголеми. Дури и регулирано паралелно паркирање би било подобро отколку трета сообраќајна лента.

2. Подигнати пешачки премини без исклучок. Ова освен што прилично ефикасно спречува дивеење и влијае на брзината на возилата, секако ја прави целата атмосфера „погостопримлива“ за пешаци.

3. Радари со камери и стриктно спроведување на лимит од 50 km/h.



Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 908
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 08-Oct-2021 at 13:54
Не знам дали пропуштам нешто, но нели можеше сите овие околни проекти да бидат веќе завршени и да се чекаше само за година-две врзување со делот под Лимак? И сега веќе да зборевме за реализација на Јужен до Алумина (што и не би требало да е тешка и многу скапа траса)?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1760
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 08-Oct-2021 at 17:35
Очигледно намерата не е да се реши сообраќајниот проблем, него примарниот мотив е некој да го излапа земјиштето долж целата траса, кое е атрактивно и со години седи празно. Да беше намерата сепак да остане трасата за јужниот булевар, макар и во форма на парк, тогаш привременово решение ќе беше future-compatible со тоа што го тунелот ќе имаше уште едно продолжение се до после кружниот кај католичка, кое би седело како ghost-lane до некоја идна изведба на булеварот. Вака се става јасно до знаење дека тоа е тоа, тунелот завршува во кружниот тек кај католичка останатото се брише. А да, барем уште некоја лента да му доцртаа на кружниот кај католичка за поголема проточност.



Edited by user8642 - 08-Oct-2021 at 17:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 08-Oct-2021 at 21:46



Не те сфатив баш добро. Која би била функцијата на сините краци?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1760
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 08-Oct-2021 at 21:56
Да понираат под кружниот тек кај католичка, и да стојат така во слепо се додека не се најде политичка воља за да се изгради јужниот булевар во полн профил како што е оригинал испланиран.

Затоа што со сегшаниот план нема никаков простор во иднина јужниот булевар да биде повеќе од она што сега веќе е Теодосиј Гологанов. Да се најде неко пламетен еве утре што ќе сака да го изгради јужниот булевар како што е оригинално испланиран, нема да може, ќе треба да крши од направеното. А ако се направат краците како на скицата тогаш сегашново решение е тотално future-compatible со евентуална изведба на јужен булевар во оригинално планираниот профил.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 08-Oct-2021 at 22:29
А чекајте, во тунелот ќе бидат две ленти во една насока, а надвор (кон Карпош) ќе излегува само по една лента?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 08-Oct-2021 at 23:14
Originally posted by user8642

Да понираат под кружниот тек кај католичка, и да стојат така во слепо се додека не се најде политичка воља за да се изгради јужниот булевар во полн профил како што е оригинал испланиран.


Ама баш така ќе пречат за продолжување на Јужен Булевар кон запад И баш тие ќе треба да се рушат тогаш.


Originally posted by user8642

Затоа што со сегшаниот план нема никаков простор во иднина јужниот булевар да биде повеќе од она што сега веќе е Теодосиј Гологанов. Да се најде неко пламетен еве утре што ќе сака да го изгради јужниот булевар како што е оригинално испланиран, нема да може, ќе треба да крши од направеното.


Или јас не разбирам нешто, или ти

Колку што гледам решението е баш future-compatible и е токму прилагодено за понатамошна изведба на Јужен Булевар според планот.

Јужен булевар ќе си продолжи кон запад во засек (или евентуално тунел) а планираните две рампи на оваа локација ќе останат како трајно решение за:
- излез Јужен Булевар ---> Митрополит Теодосиј Гологанов
- влез Народен Фронт ---> Јужен Булевар

Еве илустрирав нешто набрзинка (не знам баш колку ми е успешен обидот за 3Д претставување на Јужен булевар дека е на ниво -1). Се надевам дека ја доловува ситуацијата:



Edited by Cloverstack - 08-Oct-2021 at 23:39
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 08-Oct-2021 at 23:20
Originally posted by skopskodete

А чекајте, во тунелот ќе бидат две ленти во една насока, а надвор (кон Карпош) ќе излегува само по една лента?


Да, затоа што тунелот треба да продолжи, а овие ќе останат само како странични ленти за исклучување и вклучување од површинските колекторски улици (М.Т.Г. и Н.Ф.)
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1760
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 08-Oct-2021 at 23:24
Jasno mi sega, ama ona shto gore go imate postirano kako izvadok od nekoj DUP, tamo ne se glesa nikakvo prodolzhuvanje na tubelite kaoo shto se gleda na renderive od animacijata. Na animacijata se gleda kako shto si pishal, postoi prodolzhuvanje na tunelite, vo izvadokot od DUP ima neshto shto lichi na avtobuski terminal.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 08-Oct-2021 at 23:38



Тоа не е од ДУП, тоа е ваљда некаков сообраќаен проект.

Инаку тој автобускиот терминал (ако воопшто се реализира) можеби е планиран како привремено решение додека не се продолжи со пробивање на Јужен Булевар кон запад, што би било многу лош сигнал затоа што би значело дека нема да се брза со изградба на следниот сегмент (барем до булевар 8 септември)

А може да е и некое подолгорочно решение што би се добило со покривање на Јужен Булевар и на овој сегмент, односно да не биде само засек, туку ова да се изведе над булеварот.

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 09-Oct-2021 at 09:09
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by skopskodete

А чекајте, во тунелот ќе бидат две ленти во една насока, а надвор (кон Карпош) ќе излегува само по една лента?


Да, затоа што тунелот треба да продолжи, а овие ќе останат само како странични ленти за исклучување и вклучување од површинските колекторски улици (М.Т.Г. и Н.Ф.)

Е па, тогаш ќе мораат уште од одма да мислат за продолжување на тунелот.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 908
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 09-Oct-2021 at 09:56
Нека не фрлаат пари за непотребна инфраструктура, двете ленти за влез и излез доста се. А нема ни никаква потреба да е на 0 ниво делот према запад. Dig&cover и над тоа парк + вело автопат. Може да се фалат после дека е најголемиот парк во Европа .
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 10-Oct-2021 at 14:57
Само dig&cover му е мајката. Урбани автопати не се на мода веќе, и само во канал со придружно одземање големи парковски површини би наишло на огромен револт.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 10-Oct-2021 at 15:28
И јас мислам дека најдобро би било двете ленти да излегуваат и тоа да биде крај на тунелот. А понатака може МТГ да се прошири со уште две ленти (по една плус во секоја насока).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 15-Oct-2021 at 13:01
Голем кружен тек и висококатници нов удар за хумано Скопје



https://samoprasaj.mk/naacik/2125-golem-kruzen-tek-i-visokokatnici-nov-udar-za-humano-skopje
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 15-Oct-2021 at 15:37
Ај ништо да не се гради ако не...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.