build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс „Ветрило“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Комплекс „Ветрило“
    Posted: 29-Feb-2016 at 11:00

Резиденцијален станбен комплекс Ветрило: За квалитетен живот во чиста еколошка средина

Место каде ќе го најдете вашиот духовен мир!

На само 6,5 км оддалеченост од строгиот центар на Скопје во близина на општинската зграда во населбата Сопиште, надвор од градскиот метеж и далеку од скопскиот смог започна изградбата на резиденцијалниот станбен комплекс Ветрило.  Репрезентативен објект интересен за сите семејства кои сакаат да започнат фамилијарна приказна во опуштена и незагадена средина, и да го најдат духовниот мир и хармонија. Целиот комплекс зрачи со позитивна енергија, становите ги карактеризира многу светлина и одличен внатрешен распоред. При проектирањето е обрнато внимание на многу мали детали, се со цел да се обезбеди хармонија и задоволство за идните станари.

1%20%281%29

Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење на нивниот нов дом.  Цената по квадрат е значително поволна, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.

4%20%281%29

Комплексот се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е 120 м2 , распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 200-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.

Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е  свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и и да се овозможи и поубав поглед.

1%20%281%29

Загаденоста, секојдневниот стрес влијаат луѓето се повеќе да сакаат да живеат подалеку од градската гужва, во чиста еколошка средина, и со тоа да го заштитат сопственото здравје, кое е најголемиот луксуз денес.

Сопствен двор, базен, природа, чиста еколошка средина, мир и хармонија и многу сонце, се работите кои немаат цена. Инвестирајте паметно и на долг рок. За дополнителни информации испратете прашања на следниов меил intersoft.doo@gmail.com

http://faktor.mk/2016/02/29/rezidentsijalen-stanben-kompleks-vetrilo-za-kvaliteten-zhivot-vo-chista-ekoloshka-sredina/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-May-2016 at 17:28
Комплекс Ветрило – Живеење низ свежина, Дом за своја душа

Од пред некој месец започна изграбата на новиот комплекс Ветрило, кој е оддалечен од центарот на Скопје за само 6,5 километри, а се наоѓа во близина на општината во с. Сопиште. Овој комплекс нуди живеалиште во чиста, здрава животна средина со величествен поглед на југозападните падини на планините Китка, Караџица и Јакупица со врвот Солунска глава.

kompleks-vetrilo-ziveenje-niz-svezina-dom-za-svoja-dusa-1.jpg

Станува збор за внимателно осмислен нов концепт на куќи кои ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. И самото име Ветрило кажува дека ова е место каде ветрот не дозволува да се задржува смог и штетни честици во воздухот. Проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град.

Со купување куќа во комплексот Ветрило трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер.

Куќите кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водени лудории архитектите осмислија и простор за базен. Ветрило е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.

Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом.

За сите оние кои следниве три месеци ќе се решат да инвестираат во овој комплекс, е обезбеден попуст од 5-10%, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.

kompleks-vetrilo-ziveenje-niz-svezina-dom-za-svoja-dusa-2.jpg

Комплексот се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м2, распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинско купатило, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Секоја станбена единица е со висока класа на енергетска ефикасност, приклучена на заеднички централен систем за греење и ладење, кој овозможува и постојана топла санитарна вода.

Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 150-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.

Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо-запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и да се овозможи и поубав поглед.

Инвеститор е компанијата Интерсофт, градежна компанија која над 15 години гради современи простори на домување.



http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/40143-kompleks-vetrilo-ziveenje-niz-svezina-dom-za-svoja-dusa
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-May-2016 at 17:33
Milijarda pati podobro otkolku nekoja grda zgradetina. Tuku meine mnogu me maci taa portokalovata cigla, ista kako pred 50 godini. Od druga strana vo reklaminte tekstovi se falat so nekoj si moderni nacini na gradba i slicni raboti.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12038
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Jun-2016 at 11:49







Повеќе за проектот: http://www.intersoft.com.mk/index.php/2014-11-26-08-44-54/1

Колку е ова оддалечено од Сончев Град?


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Jun-2016 at 12:51
Интересно проектче. Нешто невообичаено за македонски услови. Мене ми се допаѓа.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Jun-2016 at 13:01
Proektot e interesen. NO sto da se kaze za firmata. Od web stranata moze da se procita deka imat 15 godini iskustvo i EDEN izgraden objekt vo portfolioto.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Sep-2016 at 10:19
Привршува изградбата на елитниот станбен Комплекс Ветрило во скопско Сопиште

Откако се појавија првите фотографии од Ветрило, овој елитен станбен комплекс го привлече вниманието на јавноста, предизвика интерес и љубопитност. Ветрило промовира нов стил на живеење, во мирна и еколошка средина, надвор од градскиот метеж а сепак на само 6,5 километри од центарот на Скопје, во близина на општината во с. Сопиште.
Голем број на луѓе пројавија интерес, го посетија местото уверувајќи се во хармонијата која се чувствува на овој простор, и пред се во чистината и свежината на воздухот која постои на ова место. И самото име Ветрило кажува дека ова е место каде ветрот не дозволува да се задржува смог и штетни честици во воздухот, проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град.
А, комплексот се гради интензивно, за што сведочат и сликите кои ги направи нашата редакција овие денови. Во моментов се прават улиците меѓу објектите како и пристапот до самиот објект од регионалната улица. Сите администрaтивни работи се завршени, а дел од станарите кои први се одлучија да купат објект, веќе се договараат со инвеститорот за внатрешното просторно уредување. Затоа инвеститорот, компанијата Интерсофт ЛТД, размислува дека најубаво е да се купи куќа дури е во градба за да можат самите или со помош на архитектите да учествуваат во изборот за уредување на внатрешниот ентериер по сопствена желба.



Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и да се овозможи и поубав поглед. Видео https://drive.google.com/file/d/0B2Q3ZKgZiWsqRXU1TnRpQkN1bVU/view?invite=CMLEyMQP&ts=56c77585&pref=2&pli=1
Станува збор за внимателно осмислен нов концепт на куќи кои ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. Со купување куќа во комплексот Ветрило трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер. Куќите кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водени лудории архитектите осмислија и простор за базен. Ветрило е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.
Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од Институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом.



Комплексот се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м2, распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинско купатило, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Секоја станбена единица е со висока класа на енергетска ефикасност, приклучена на заеднички централен систем за греење и ладење, кој овозможува и постојана топла санитарна вода. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 160-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.
Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Инвеститор е компанијата Интерсофт ЛТД, градежна компанија која над 15 години гради современи простори на домување.

Цената е 848 евра по квадрат плус 5% данок, со вклучено дворно место. “Ветрило” е дел од проектот на Владата на Р.Македонија “Купи Куќа, купи стан” што овозможува субвенциониран кредит за оние кои ќе сакаат да купат куќа во овој комплекс.

http://www.porta3.mk/privrshuva-izgradbata-na-elitniot-stanben-kompleks-vetrilo-vo-skopsko-sopishte/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Feb-2017 at 14:08
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-May-2017 at 07:48
Од нивната фејсбук страница...



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Jun-2017 at 16:02


За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Jan-2018 at 12:19
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1904
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Jan-2018 at 12:26
ne znam sto im e toa vo harmonija so prirodata, dali aplikacijata od lazno drvo okolu prozorite ili lazniot kamen okolu vlezot.
Back to Top
MACK View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Nov-2017
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote MACK Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Jan-2018 at 05:15
da mozea da gi spojat poarno ke bese posto i onaka dvorov e samo okapnica ikolu kukata i nema smisla
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3031
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-May-2018 at 12:37
Комплексот “Ветрило” е спремен да ги прими своите први станари

Сите се бориме со жештините во лето, маглите во зима, константните гужви и брзиот тек во градските џунгли. Затоа после напорен ден најмногу ни е потребен мир и спокој, во тивка и чиста околина. Токму таква населба е Сопиште која е оддалечена на само 7 километри од центарот на Скопје. Има поволна географска положба, пред сè поради непосредната близина на Скопје. Сопиште е ридска населба расположена на југоисточната падина на планината Водно на надморска височина од 540 метри. Се карактеризира со преод меѓу умерено-континентална и планинска клима, помали температурни осцилации, поголеми врнежи, поинтензивно осончување и мала честина на магли. Значаен дел од општината е под шума (40%).
Звучи идеално, нели? Затоа што е.
Има ли поидеална местоположба и услови за вашето ново, мирно и беспрекорно домување? Тоа се причините за на оваа локација да се роди Ветрило, новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина, мир и чист воздух.
Модерниот, еколошки станбен комплекс Ветрило го добива замислениот финален изглед.
Првите 8 станбени објекти се комплетно завршeни, а деновиве е завршена и улицата помеѓу нив, како и партерното уредување. Сé е спремно така што првите жители на Ветрило, брзо се очекува да се вселат. Има уште неколку објекти, кои се нудат по навистина поволна промотивна цена од само 755€ со вклучен ДДВ по м2 (редовна цена 890€) ова е цена која не вклучува санитарии, подни плочки, подни облоги и внатрешни врати). Можност да бидете сам свој маjстор и да дадете придонес во оплеменувањето на Вашето домување.
Куќи кои со својата местоположба се со поглед према исток, југ и југо запад, на локација која е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени и да имаат постојана проветреност, природна светлина и убав поглед кон околните планини.
Сите куќи се на два ката, од 103 до 118 м², модерно дизајнирани со плански осмислен простор, по Фенг Шуи филозофија, а прилагодени на потребите на секој член во семејството.
Во приземјето се сместени дневна соба со отворен план, кујна со трпезарија и гостинско купатило, додека на катот се сместени 3 спални соби со 2 бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движи од 160-240 м², што е доволен простор за рекреација, и активности на отворено. Еден од главните адути на објектите се кровните тараси со големина од 50-60 м2.
Во изградбата се користени високо квалитетни материјали од реномирани производители, обезбедена е перфектна звучна и термичка изолација, а објектот има статика која е сеизмички проверена и има позитивно мислење од институтот за сеизмологија во Скопје.

извор:radar.mk



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Oct-2018 at 17:34
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3031
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Dec-2018 at 14:11
Од фб





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12399
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Nov-2019 at 11:25
Најнови фотки од нивната фб страница









https://www.facebook.com/Intersoftmk/?ref=page_internal
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.