build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Магнолија - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Плоштад Магнолија - Битола
    Posted: 12-May-2016 at 11:33


можеби многумина се помирени со фактот дека Битола има плоштад, но мене истиот ми личи попрво на скверче за пензионери него простор за градски манифестации, затоа и се што е побитно од тој тип се случува пред Епинал и Домот на Културата

дополнително како е истоварен Филип со се фонтаната е тешка лакрдија, и од урбанистички и од естетски и од културен аспект [1] а како и за се' или тераме потпросечно или екстремно, она ако се нафатат ќе го припуштат до  чаршијата и безистенот, она зошто да биде Дана или Дина кога може Дона 

од друга страна мислам дека навистина има и  потреба и простор плоштадот партерно да се прошири  до саат кулата, апсорбирајки ги паркинзите  и тревникот,  нормално без  да ги чепнат дрвата, или нив може соодветно  да ги прераспоредат,  а може и да се отвори поглед кон Црквата Свети Димитрија за да се акцентира  и  православието поособено [1][2] според мене далеку побитен момент него тоа античкиот, иако и двата се надополнуваат реципрочно, и македонците се заслужни за ширење на христијанството преку стандардизација на Коине  јазикот  во антиката  [1] а  потоа заради Христа  станавме оние кои сме ... 




Edited by +Protagorist - 12-May-2016 at 11:34
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-May-2016 at 14:55
Тоа е плоштадот „Гоце Делчев“, чие име би го сменил не заради делото на Гоце туку заради неинвентивниот начин на именување. Тоа е плоштадот пред домот на културата и хотелите „Епинал“ и „Македонија“. Овој плоштад и локациски и наменски е побитен плоштад на кого се одржуваат разни манифестации, собири, митинзи... За жал, добар дел од него во нормален ден е паркинг, како некогаш што бил главниот плоштад во Скопје. Тука имаше повеќе најави за изградба на подземен паркинг по примерот на Струмица, но за жал до ден денес нема ништо реализирано на тоа поле.

Плоштадот „Магнолија“ не е главен плоштад но е попознат поради блискоста на Саат Кулата, а тука е и почетокот на „Широк Сокак“. Јас не би поддржал проширување на овој плоштад бидејќи вака си е убав и си претставува една целина. За новата фонтана дека е промашена целосно би се согласил, додека споменикот на „Филип“ и не е така лош, напротив се вклопува, димензиски е соодветен а и има логика да има негов споменик во град кој што го основал (Хераклеа) без разлика на неговата националност (што и да е).

Во горниот дел на плоштадт каде има паркинг и две мали улици, може да се пренаменат како дел од околниот централен парк.
За да се „приближи“ црквата „Св. Димитрија“ нема потреба од никакво рушење туку само уличката која води до неа да стани пешачка.

Сметам за „плоштадски“ Битола да се оформи потребни се уште два мали Плоштади (со слична димензија на Магнолија) и тоа еден веќе во градба на местото на скоро рушената (трагично) фонтана пред Музејот на град Битола и еден пред хотел Солун, кој патем и соодветно треба да се реконструира. Оваа локација е доста централна и директно ги поврзува Широк Сокак со чаршијата, а моментално е паркинг.

Меѓутоа побитно е одредени улички кои ја поврзуваат чаршијата со плоштадите и со „Широк Сокак“ да се пренаменат во пешачки за целосно оформување на пешачко централно градско јадро.

За појасно:

Плоштад „Магнолија“


Плоштад „Гоце Делчев“


Музеј на Битола (плоштад, сквер или уредена поврпина, во градба)


Хотел „Солун“ (не можев да најдам посоодветна фотографија)
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 28-May-2016 at 03:40


јас за тој кај Саатот и говорам, и не само да го прошират туку пред се визурата кон Црквата Свети Димитрија да ја отворат!



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Oct-2017 at 08:48

во овие околности, а бидејќи Скопје е горе доле заокружен во однос интервенциите на власта околу партерни проекти ко плоштади и фасади, иако има простор постојано да се надополнуваат многу работи, дали новата власт ќе се сврти со државни средства избалансирано да омогне и на останатите градови, најнапред Битола како втор по големи град во земјава, а кога тоа би го сториле мислам дека прв потег од каде што ќе треба да почнат тоа е токму оваа точка, не толку заради туристички, колку заради локални потреби, бидејќи навистина Битола нема добро оформен плоштад во центарот него само импровизации кои се провлекле низ минатото до ден денес ....

колку треба и може да се има вакви приоритети, дали битолчани мораат да кренат бунт за да дојдат на ред, на овој план биле заобиколени и во титоизмот, а заобиколени се и денеска во независна Македонија ...

можеби најбрзо може да се интервенира кај паркингот пред Домот на Културата, но тука мислам е и' понеопходно од повеќе аспекти, бидејќи во околината на плоштад магнолија има голем број историски обележја кои би предничеле во изборот за интервенција, чинам без проблем локалната власт може да го среди подобно тој дел кај Домот на Културата, додека за овој дел кај Магнолија мора и треба да е на припомош централната власт ..

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.061 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.