build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Илинден - Крушево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 26-Jul-2008 at 17:57
enterierot samo stakloto kaj wc-njata ne im trebalo inace ok e cel objekt...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 27-Jul-2008 at 00:19
ја нарушуваат приватноста LOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 27-Jul-2008 at 13:50
abe ostaj toa...ali bedno e...stanuvas sabajle i prvo neso so gleas e kako nekoj sere u wc... WTF
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Aug-2008 at 13:22
да да LOL Али затоа ке биде пескарено и ке има некоја шара.

Наредна недела ќе се бои фасадата така да кога ќе имам слики и од тоа, ќе ги закачам и нив!Smile
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 03-Aug-2008 at 16:28
LOL пескарено ќе биде
супер, очекуваме добри фотки Thumbs%20Up 
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 06-Nov-2008 at 08:11
Еве една понова слика од Хотелот.

Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-Nov-2008 at 08:21

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 06-Nov-2008 at 09:55

На сликиве изгледа доста солидно Thumbs%20Up 

 
Дамјанх да те прашам има ли најава кога би била готова реконструкцијата и колку чини отприлика???
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 06-Nov-2008 at 15:19
Мене ми делува одлично. Како што е пропаднато економски Крушево, ова мислам дека е одлично, нека се изградат уште десет вакви. Супер
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 23-Dec-2008 at 05:52
Еве неколку тазе слики од викендот додека се одржуваше форумот "Крушево Етно Град"

1.
2.
3.
4.
5.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 23-Dec-2008 at 06:04
Браво за хотелов. Нема некој којзнае колкав напредок последниов период, ама добро е, за од летоска ќе може да фати летна сезона. Дамјан ако имаш слики од етноград слободно отвори нова нишка во фото/видео.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 23-Dec-2008 at 10:28
Originally posted by lslcrew

Браво за хотелов. Нема некој којзнае колкав напредок последниов период, ама добро е, за од летоска ќе може да фати летна сезона. Дамјан ако имаш слики од етноград слободно отвори нова нишка во фото/видео.


Мислам дека не се работи за некој конкретен проект во смисла на објекти, туку повеќе на концепција за развој на туризмот. Слично на културната патека која се заговараше во Скопје.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 04-Feb-2009 at 17:43

ЛУКСУЗ ЗА ЛОВ И ЛЕТАЊЕ

Најстариот крушевски хотел „Илинден“ прераснува во комплекс за алтернативен туризам

пишува: Даниела Трпчевска

Елитен хотел за ловџии и параглајдеристи никнува на падините на крушевската корија, длабоко затскриен меѓу високите дабови дрвја од каде што се протега поглед на ова планинско гратче. На простор од 4.500 квадратни метри се гради раскошен комплекс, кој веќе летово се очекува да го угости првите посетители. Ловџии од Европа кои трагаат по нови ловишта и предизвици, параглајдеристи кои секоја година уживаат во спустовите по стрмните падини, како и љубители на алтернативниот туризам, еколошки здравата храна и зимските спортови, конечно, ќе добијат свое елитно катче на 1.300 метри надморска височина.

ПРОЕКТ Најстариот крушевски хотел „Илинден“, сместен во коријата над градот, во непосредна близина на хотелот „Монтана“, деновиве доживува ренесанса. Новите сопственици на објектот ветуваат продолжување на традицијата стара шеесетина години. Сопствениците од фирмата „Корија”. Ранчо Христов, Миодраг Радоњиќ и Ѓорги Поленак, изградија нов објект кој е во завршна фаза, но кој во основа го задржа стариот изглед во духот на далеку познатата крушевска архитектура, од која бил воодушевен и познатиот француски архитект Корбизје, кој во 1927 година го посетил Крушево. Во тек се подготовките за внатрешното уредување на хотелот. Сопствениците се надеваат дека до август годинава ќе биде отворен за странските, но и за домашните гости.

Граден во духот на традицијата, со 57 луксузни соби за 150 гости, апартмани на два ката, базен, вински клуб, спа-центар и крушевска соба, тој се очекува да придонесе кон туристичката револуција на градот и да ги врати посетителите, кои со децении наоѓаа мир, спокојство и уживање во ова преубаво планинско место.

Идејата на новите сопственици е да изградат прв хотел во земјава, кој ќе понуди комплетно сместување, организирање лов за странските ловџии, како и целосно осмислување на престојот на параглајдеристите, кои традиционално доаѓаат во Македонија во потрага по предизвици и авантура.

Ловџиите од Италија и од Грција, кои традиционално доаѓаат на лов во овие краишта што изобилуваат со секаков дивеч, со себе ќе можат да ги понесат и своите миленичиња. Во хотелот не само што ќе бидат угостени гостите, туку ќе има и посебен простор за нивните загари, за кои е планирано да се приготвува и посебна храна. 





 ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА Хотелот „Илинден“ е најстар хотел во Крушево, кој датира од 1949 година. Култното собиралиште за младите во 50-тите и 60-тите години, според кажувањето на жителите, било изградено од страна на затвореници, од локални материјали и камења. „Кога почнал да работи, бил еден од најпосетените хотели, главно, сврталиште за младите, каде што се славеле полуматурски забави, се поминувале зимските распусти, се склопувале неразделни пријателства и се раѓале првите љубови. Се надеваме дека многумина кои ги врзуваат сентиментални спомени за овој хотел, по толку години, ќе се вратат повторно да уживаат во убавините на градот“, вели Ранчо Христов, еден од сопствениците.

Хотелот ќе го задржи стариот облик, но во него се додадени нови содржини. „Во долниот дел има ресторански содржини, просторија за престој со камин и голема тераса, која ја поделивме на два дела – хотелска и ресторанска тереса, додека под подрумот извадивме нови содржини каде што ќе биде сместен спа-центарот. Кон брдото, од задната страна направивме нов пристап каде што гостите ќе можат да дојдат со своите возила до рецепција и доградивме фитнес и базен“, вели Христов, кој како дел од проектантското биро „Ајвар“ го изработи проектот за хотелот.

Комплексот содржи затворен базен, простории за фитнес, спа-центар и вински клуб. Централниот дел на објектот е крушевската соба за дневен престој на гостите, кои покрај каминот ќе можат да уживаат, разговараат и да вкусат дел од традиционалните крушевски десерти и пијалаци. Од оваа соба гостите ќе имаат неверојатен поглед на градот, кој оттука буквално како да ви лежи на дланка.

Налето, пак, просторот ќе биде отворен и гостите ќе уживаат на терасата со поглед кон околната шума и градот кој се наѕира низ дрвјата. Идејата е гостите да се пречекуваат со традиционална сливова ракија и крушевски локум. 



 ЕКОЛОШКА ХРАНА Домашни пити, печурки и чаеви собирани од околината, пита со тиква, здрава еколошка храна, промовирање домашно вино и печурки, особено вргањ со кои изобилува овој крај, ќе бидат дел од богатото мени што ќе се нуди во хотелот со четири ѕвездички, кој се гради според европски стандарди.

Според Ѓорги Поленак, акцент ќе биде ставен на служењето на храната, која ќе биде максимално еколошка и автентична за регионот. На гостите ќе им се нудат специјални,особено вкусни јадења од овој крај, како што се чомлек (говедско месо со кромитчиња), кукурек (цревца), куркубета (пита со тиква), омлет со вргањ, свежо набрани чаеви од планината, како и џем од природна шипка и ракија од сливи. 

АЛТЕРНАТИВЕН ТУРИЗАМ „Хотелот ќе се поврзува со параглајдерски асоцијации, а ние ќе се погрижиме да им го осмислиме на гостите целиот престој во Крушево. Ако во 1981 година се забележани рекордни 300 илјади ноќевања годишно, зошто да не може повторно да се врати туризмот во овој крај“, велат новите сопственици на „Илинден”.

Тие се надеваат дека првите гости кои ќе го исполнат хотелот ќе бидат токму многубројните љубители на екстремните спортови, кои од 3 до 9 август ќе учествуваат на Светскиот куп во параглајдинг. „Поканети се неколку стотици луѓе, кои ќе треба да се сместат во Крушево и во околните места. Овде секоја година се одржуваат меѓународни натпревари, а најголемиот број параглајдеристи кои доаѓаат од Словенија и од Србија. Љубителите на екстремни спортови, пред се' од скандинавските земји, тука ги одржуваат своите купови, а сместување досега наоѓаа по Прилеп, Битола и во околните села. Отсега ќе можат да престојуваат и во нашиот хотел, кој е лоциран токму на крајот на градот и нуди лесен пристап до локациите од каде што тие ги прават своите спустови“, објаснува Поленак. Нивната цел е да придонесат во Крушево да се развие и алтернативниот туризам, а хотелот да им излезе во пресрет и да ги задоволи потребите на странските туристи, кои би доаѓале за маунтбајкинг, снежни лудории, планинарење и спортски риболов.

Крушево е посетено особено во летниот период поради пријатната клима и свежината која ја нуди, далеку од градските горештини. Зиме, пак, снегот што паѓа просечно 43 дена во годината и долго се задржува овозможува идеални услови за развој на зимскиот туризам.

„Крушево има одлични услови за маунтбајкинг и за промовирање нордиски дисциплини, бидејќи веќе постои патека за скијачко трчање, а бидејќи станува збор за релативно евтин спорт, има шанси за негов развој. Има услови и за спортски риболов, бидејќи езерото располага со различни видови риба“, велат сопствениците на хотелот. Тие додаваат дека како една од најголемите инвестиции што се очекуваат во перспектива е скијачкиот центар „Муслица“, за кој има најави дека инвеститори се заинтересирани за негова изградба.

„Тоа ќе даде уште една димензија, ќе се развијат нордиските дисциплини и скијачко трчање за што веќе е изградена патека и има развиена инфраструктура. Може да се организира и скијање на трева летно време, доволно е да се постави специјална фолија на скијачките терени и може да се развие и овој вид интересен спорт“, велат сопствениците на фирмата „Корија“. 

Крушево е привлечно за параглајдеристите

Најважна работа е параглајдеристите да бидат сместени во близина на местото од каде што ги изведуваат спустовите, што е многу ретко. Најчесто сместувањето е оддалечено со километри, па потребни се неколку часа за да се стигне до стартната точка од каде што почнува спустот, што е многу мачно, бидејќи треба да се пренесе и тешката опрема. Затоа Крушево е толку специфично и омилено место за параглајдеристите од многу земји. Тоа е единствено место на Балканот кое се наоѓа на толкава надморска височина од 1.350 метри и има толку голем капацитет за сместување на параглајдерските екипи.

Градот има развиена инфраструктура, добар пристап до местата од каде што почнува спустот, до кои најчесто може да се стигне со возило. Исто така, многу лесно може да се пристапи до местата на кои параглајдеристите се спуштаат за да се собере нивната опрема. Во Крушево параглајдеристите имаат можност да го вкусат предизвикот за спуштање од височина од 1.450 метри.

Ловците од Италија и од Грција во потрага по еребици

Македонските планини изобилуваат со најразновиден дивеч, кој ги задоволува најистенчените вкусови на искусните ловци, но и на обичните туристи во потрага по авантури. Ситниот дивеч, дивата свиња и дивокозата се најпримамливи за ловците од регионот, кои редовно доаѓаат во македонските ловишта во потрага по што позначајни и поскапоцени трофеи. Во околината на Крушево постојат три ловишта, од кои две за крупен дивеч и едно за ситен дивеч. Најбарана за лов е полската еребица. Застрелот на трофејни видови крупен дивеч чини од 100 евра, па нагоре. Во земјава постои големо интересирање за лов на ситниот дивеч од страна на ловци од Грција и од Италија.


http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=0D140118AC0A4B4887B9A8AE4B6F5690

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 05-Feb-2009 at 00:52
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 27-Sep-2009 at 18:13
Од денешната посета на примерот во Крушево...

mia.com.mk
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 28-Sep-2009 at 03:05
Source: sitel.com.mk
СИТЕЛ Телевизија, СИТЕЛ, Телевизија
 
Премиерот се интересираше и за реконструкцијата на хотелот „Илинден”, битен
сместувачки капацитет за туризмот во Крушево. Инвестицијата е вредна
3,5 милиони евра. Според инвеститорите, фирмата „Ајвар” од Скопје,
половина од парите се вложени.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 28-Sep-2009 at 04:33
Дамјанх знаеш што се случува тука? Како од декември лани да нема мрднато Unhappy
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 01-Feb-2010 at 12:20
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 301
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 23-Jun-2010 at 19:52
ova ne e loso..no moram da kazam nesto (samo nemojte vednas da me napadnete).. SmileSmile
prasanje do site: neli vi e veke dosadno od ova..se izto isti prozorci isti krovovi se..se..se..zarem nema nekoj kreativni luge vo nasata drzava koi ke napravat nesto unikatno.. BashBash
inaku za WC-injata..jas mislam deka toa sega e vo moda barem sto sum gledal sliki na drugi hoteli..
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 11-Jan-2012 at 23:38
Еве една понова видео презентација од тоа како треба финално да изгледа хотелот.


Извор:
http://www.ajvarhrrm.com.mk/

http://www.facebook.com/Atelje.AJVAR


Edited by damjanh - 11-Jan-2012 at 23:47
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.