build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Хотел Илинден - Крушево
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Илинден - Крушево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 11-Jan-2012 at 23:44
Ми се допаѓа проектот, но некако ептен се завлечка работата.
Знае ли некој до кај се и дали воопшто се работи на терен???
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 11-Jan-2012 at 23:49
Како и се останато во државата, економската криза го успори темпото на работа и приоритетот на објектот. Се работи многу споро и ситно, но да се надеваме дека наскоро ќе има среќен крај Smile

Edited by damjanh - 11-Jan-2012 at 23:51
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 11-Jan-2012 at 23:53
Originally posted by damjanh


Како и се останато во државата, економската криза го успори темпото на работа и приоритетот на објектот. Се работи многу споро и ситно, но да се надеваме дека наскоро ќе има среќен крај Smile




Баш ме интересира, одамна го имам меркано хотелов, до ентериер ќе се стигне годинава или ?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 12-Jan-2012 at 00:00
Originally posted by damjanh


Како и се останато во државата, економската криза го успори темпото на работа и приоритетот на објектот. Се работи многу споро и ситно, но да се надеваме дека наскоро ќе има среќен крај Smile




Јас мислев дека има некој друг проблем, но очигледно проектот ќе се избутка до крај.
Според мене Крушево има потецијал но нема доволно содржини а со овој Хотел ќе се подобри понудата.
Мене лично ми се допаѓа што во состав на хотелот се планирани содржини како Вински бар, Велнес, Сауна и Базен со тоа ќе се задоволат и пробирливите гости. И уште една работа ми падна во очи а тоа е улицата која го обиколува хотелот, претпоставувам дека ваквата изведба е за дочек на гости од повисока категорија.
Како и да е од тоа што го гледма очекувам и цените да бидат повисоки од просекот.
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 12-Jan-2012 at 00:29
Еве и неколку последни слики од објектот

А инаку за улицата што се гледа на последната видео анимација, таа е комплетно нова улица проектирана за да се има директен пристап со кола до влезот и рецепцијата.

Целосна ПРЕЗЕНТАЦИЈА за хотелот и процесот на градба може да се види на следниот линк: http://www.facebook.com/media/set/?set=a.210595718979250.56469.145659485472874&type=1


Edited by damjanh - 12-Jan-2012 at 00:32
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 20-Jan-2012 at 13:07
Зимска идила  Smile
 
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 20-Jan-2012 at 23:10
Ми прави ќејф објетот. Само некако прозорите се многу мали. Незнам како ќе биде со светлина освен тоа нема тераси, што според мене би било пожелно за објект кој се наоѓа во природа и мирна околина.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 20-Jan-2012 at 23:43
Па, целта е да излезеш во природа, а не да дремеш в соба.
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 24-Jan-2012 at 12:07
Еве неколку рендери како треба да изгледа Винарската визба во хотелот Илинден, Крушево. 
Извор: http://www.facebook.com/Atelje.AJVAR/
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 30-Jan-2012 at 12:22
Хотелска соба ТИП 1
 
  1. СПОРЕДБА (изведено/планирано)
Извор: http://www.facebook.com/Atelje.AJVAR
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 30-Jan-2012 at 12:34
Добро, вецето ќе биде вака застаклено (слики 4 и 5) ? Па и да е матирано, сепак ќе се гледа кога човек си врши работа Question Toilet

Edited by Граѓанин - 30-Jan-2012 at 12:37
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 30-Jan-2012 at 14:41
Може да е пескарено или со принтана фолија и нема да се гледа толку прозирно, еве две слики од други хотели за да се долови како би изгледало тоа.
 
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 02-Feb-2012 at 15:32
Хотелска соба ТИП 2
 

СПОРЕДБА (изведено/планирано)

Извор: http://www.facebook.com/Atelje.AJVAR

Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 20-Jun-2013 at 20:27
dali nekoj informacija sto se sluci so ovoj hotel? ne e zavrsen ili?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 08-Nov-2014 at 12:54
Најстариот Крушевски хотел ИЛИНДЕН прераснува во комплекс со 4 ѕвезди!
08/11/2014 // Пред 3 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај
     
inShare
2
02 3D izgled -Cel Hotel 2
На простор од 4500м2 се гради хотелски комплекс кој се очекува следната година да ги прими првите посетители. Елитен хотел за ловџии и параглајдеристи никнува на падините на крушевска корија, длабоко затскриен меѓу дабовите дрва од каде што се протега поглед на ова планинско гратче. Ловџии од Европа кои трагаат по нови ловишта и предизвици, параглајдеристи кои секоја година уживаат во спустовите по стрмните падини, како и љубители на алтернативниот туризам, еколошки здравата храна и зимските спортови, конечно ќе добијат свое елитно катче на 1300 метри надморска височина.

Најстариот крушевски хотел ИЛИНДЕН сместен во коријата над градот, во непосредна близина на хотелот Монтана, деновиве доживува ренесанса. Новите сопственици на објектот ветуваат продолжување на традицијата стара шеесетина години. Сопствениците на фирмата КОРИЈА, изградија нов објект кој е во завршна фаза, но кој во основа го задржа стариот изглед кој се вклопува во духот на далеку познатата крушевска архитектура, од која бил воодушевен и познатиот француски архитект Корбизје, кој во 1927 година го посетил Крушево. Во тек се подготовките за внатрешно уредување на хотелот. Сопствениците се надеваат дека следната година ќе биде отворен за странските, но и за домашните гости.



Граден во духот на традицијата со 57 соби за 150 гости, апартмани на два ката, базен, вински клуб, СПА центар и крушевска соба, тој се очекува да придонесе кон туристичката револуција на градот и да ги врати посетителите, кои со децении наоѓаа мир, спокојство и уживање во ова преубаво планинско место. Идејата на новите сопственици е да изградат прв хотел во земјава, кој ќе понуди комплетно сместување, организирање лов за странските ловџии кои традиционално доаѓаат во Македонија по предизвици и авантура. Ловџиите од Италија и од Грција, кои традиционално доаѓаат на лов во овие краишта што изобилуваат со секаков дивеч, со себе ќе можат да ги понесат и своите миленичиња. Во хотелот не само што ќе бидат угостени гостите, туку ќе има и посебен простор за нивните загари, за кои е планирано да се приготвува и посебна храна.



Хотелот ИЛИНДЕН е најстар хотел во Крушево кој датира од 1949 година. “Кога почнал да работи бил главно сврталиште за младите, каде што се славеле полуматурски забави, се поминувале зимски распусти, се склопувале неразделни пријателства и се раѓале првите љубови. Се надеваме дека многумина кои ги врзуваат сентиментални спомени за овој хотел, по толку години, ќе се вратат повторно да уживаат во убавините на градот” вели еден од сопствениците. Хотелот ќе го задржи стариот облик но во него се додадени нови содржини. “Во долниот дел има ресторантски содржини, просторија за престој со камин и голема тераса, која ќе ја поделиме на два дела -хотелска и ресторантска тераса, додека под подрумот извадивме нови содржини каде што ќе биде сместен СПА центарот. Кон брдото, од задната страна направивме нов пристап каде што гостите ќе можат да дојдат со своите возила до рецепцијата и изградивме фитнес и базен”, велат од проектантското биро “Ателје Ајвар” кои го изработија проектот за хотелот.

Комплексот содржи затворен базен, простории за фитнес, спа центар и вински клуб. Централниот дел на хотелот е крушевската соба за дневен престој на гостите, кои покрај каминот ќе можат да уживаат, разговараат и да вкусат дел од традиционалните крушевски десерти и пијалоци. Од оваа соба гостите ќе имаат ќе имаат неверојатен поглед на градот кој од тука како да ви лежи на дланка.



На лето, пак, просторот ќе биде отворен и гостите ќе уживаат на терасата со поглед кон околната шума и градот кој се назира низ дрвјата.

“Хотелот ќе се поврзува со параглајдерски асоцијации, а ние ќе се погрижиме да им го осмислиме на гостите целиот престој во Крушево. Ако во 1981 година се забележани рекордни број ноќевања годишно, зошто во 2015 година да неможе повторно да се врати туризмот во овој крај” велат новите сопственици. Тие се надеваат дека првите гости кои ќе го исполнат хотелот ќе бидат токму многубројните љубители на екстремни спортови кои ќе учествуваат во Светскиот куп односно Европски шампионати во параглајдинг. Овде секоја година се одржуваат меѓународни натпревари, а најголемиот број параглајдеристи кои доаѓаат се од Словенија и Србија. Љубителите на екстремни спортови, пред се од скандинавските земји, тука ги одржуваат своите купови. Отсега ќе може да престојуваат и во нашиот хотел, кој е лоциран токму на крајот на градот и нуди лесен пристап до локациите од каде што тие ги прават своите спустови”.



Нивната цел е да придонесат во Крушево да се развие и алтернативниот туризам, а хотелот да им излезе во пресрет и да ги задоволи потребите на туристите кои би доаѓале за маунтбајкинг, снежни лудории, планинарење и спортски риболов. Крушево е посетено особено и во летниот период поради пријатната клима и свежината која ја нуди, далеку од градските горештини. Зиме, пак, снегот што паѓа просечно 43 дена во годината и долго се задржува овозможува идеални услови за развој на зимскиот туризам.



“Крушево има одлични услови за маунтбајкинг и за промовирање нордиски дисциплини бидејќи веќе постои патека за скијачко трчање, а бидејќи станува збор за релативно евтин спорт, има шанси за негов развој. Има услови и за спортски риболов бидејќи езерото располага со различни видови риби”. Тие додаваат дека една од најголемите инвестиции што се очекува во перспектива е скијчкиот центар “Мусица”, за кој има најави дека инвеститори се заинтересирани за негова изградба. “Тоа ќе даде уште една димензија, ќе се развијат нордиските дисциплини и скијачкото трчање за што веќе е изградена патека и има развиено инфраструктура. Може да се организира и скијање на трева во летно време, доволно е да се постави специјална фолија на скијачките терени и може да се развие и овој интересен спорт”, велат сопствениците на фирмата КОРИЈА.

Тие се надеваат дека оваа идеја за хотелски комплекс со спа центар ќе наиде на добри реакции како кај домашните така и кај странските инвеститори, за вложување во овој или слични комплекси во Крушево. Тие се отворени за соработка за што поскоро завршување на оваа инвестиција.
http://faktor.mk/archives/130844

Овој текст иако е од денес некако ми е дежаву на постарите информации за овој хотел. А најсиптоматично ми е тоа што не е наведено зошто толку се одолжила градбата.
А гледам сега како инвеститор се јавува некоја фирма КОРИЈА. Дури и на еден рендер хотелот е наведен со тоа име ХОТЕЛ КОРИЈА. Знае ли некој нешто за оваа фирма:
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 20-Dec-2014 at 23:07
Крушевски хотел Илинден од следната година повторно во функција

Од следната година Крушево добива уште еден хотел кој ќе ја збогати понудата на градот и ќе придонесе во неговиот развој. Станува збор за хотелот Илинден изграден далечната 1949 година кој е и најстариот хотел во градот. Хотелот е реновиран, опфаќа простор од 4500м2, а целиот хотелски комплекс ќе располага со 57 соби, фитнес и спа центар, затворен базен, вински клуб, крушевска соба со камин за дневен престој на посетителите. Хотел кој ќе посвети поголемо внимание на гости и туристи кои се занимаваат со лов, параглајдинг и активен туризам.




skimacedonia.mk
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10823
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 12-Sep-2017 at 11:41
Хотелов уште е незавршен Видеово е снимено во август годинава.

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.