build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ОптоЕлектроника

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ОптоЕлектроника
    Posted: 23-Jul-2008 at 12:22
     влегувајки во кино човек очекува да види нешто што е меѓу реалноста и јавето, посебно кога станува збор за технологијата... но тоа беше до пред некоја година кога се восхитувавме на визиите на филмејкерите, но во последниве неколку години работата се префрли од целулоидот во реалноста...
...она каде сме најблиску со филмот е Оптоелектрониката (Optoelectronics) накратко речено наука која ги третира комбинирано оптиката и електрониката, т.е. ласери, диоди, екрани, камери, сензори, како и голем дел од нанотехнологијата...

еве една скромна најава од последниот Siggraph '07 каде во најголем дел на едно место секоја година се претставуваат достигнувањата во оптоелектрониката:



холограмот и retro-reflection техниката се најексклузивни во овој клип од Siggraph 2007, за истите примената е неограничена од екстериери до ентериери, од гардероба до транспорт, цивилно и воено, научно и забавно, но за масовна употреба ќе причекаме уште едно 5 до 10 години ако не и повеќе...
...една година предходно беше претставен Multi-touch interface-от на Jeff Han, кој веќе го видовме во малцинскиот извештај на круз, а нешто пред тоа Fujitsu ја имаше промовирано биометриската PalmSecure технологија која е неспоредливо попрецизна и посигурна од отпечатоците...

Multi-touch interface

еве уште неколку примери за Multi-touch муабетот
Multi-touch Interaction Experiments Siggraph 2006
Multitouch -  Jeff Han - Siggraph 2007
SIGGRAPH 2007 Minority report screen

Fujitsu - PalmSecure


и за да не останат покуси Бил и другарите веднаш ја комерцијализираат Multi-touch технологијата но во хоризонтален план...
Microsoft Surface computing

еве уште два линка
Microsoft: The Future Of Computers
Microsoft Surface Demo @ CES 2008

конкретно оваа технологија ќе има примена насекаде, но најпрво ќе ја гледаме по хотелите и баровите... а најмногу од неа може да имаат корист аутистите и пациентите со психоза! 
Multi-touch Bar

а еве и уште некој пример за Multi-touch барови
ibar trailer V3
interactive multitouch cocktail bar 02


Edited by beTon - 20-Mar-2010 at 13:21
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Jul-2008 at 13:36
Е, ја уште го имамам мојот склопен DOS компјутер од 2К меморија (не Sincler, Comodore и XT) а технологиава дневно веќе не може да се прати само ко инфо а камо ли ... Ohno 
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Jul-2008 at 21:22

Previous 

 ...Thumbs%20Up...

  да се вратам на холограмите, она со кое само ја почнав оваа тема, но заради редослед на нештата ги прескокнав, чисто за да почнам од 2д муабетите кои посекако се најимпресивни во моментов, но не се ни блиску до она што ќе го овозможуваат холограмите, кои според ветувањата освен што ќе проектираат 3д објекти истите тие објекти ќе може да се манипулираат, т.е. нешто како 3д работна околина за кое најдобар но 2д пример е виртуелната тастатура... но и двата вида на проекции дали биле тоа интерактивни стаклени ѕидови или холо-платформи сигурно ќе бидат неизоставен дел од нашиот живот пред се преку архитектурата и сообраќајот, ќе биде интересно кога подот ќе ви менува боја или кога ѕидовите ќе ви се смејат или досаѓаат LOL!

...на ова поле најизвикан до пред некое време беше британскиот 3Dsolar чија направа која беше holographic screeen но не и hologram во 2004 доби неколку иноваторски признанија, а беше ветено и пуштање во масовна продукција со веќе предефинирана цена од 5000 долари на почетокот со проекција дека за брзо време ќе дотера до 1500, но што стана со нив незнам, се изгубија на чисто дури од нивниот сајт е тргнато инфото за направата како и форумот кој беше отворен за тој новитет, нешто имав мислам читнато дека имале проблем со константноста на проекцијата па го повлекле проектот на доработка, но незнам ништо поточно.
тоа за тогаш а сега веќе работата тргна на сите страни па за брзо време се очекува многу конзистентни, чисти и интерактивни холограми, не е далеку од нас ни највпечатливиот момент од стартрек - Hollowdeck-от. не би се впуштил во анализи за тоа кога и како ќе ни ја сервираат оваа технологија, но едно е сигурно чим можеме да намирисаме чад тогаш и ќе видиме чад а нешто покасно и оган, освен ако не ни се случи брзо топење на артикот, па да ни се угаси и можноста за обичен телефон LOL а камоли за холограмски...
...за сега холограмите сеуште не се воздух-ласер, туку воздух-стакло(рефлексија)-ласер или бим (од она што е официјално, а за шпекулациите во друга прилика). додека во моментов највеќе бенифиции од овој муабет ќе има маркетинг секторот и нормално забавната индустрија, домашните корисници ќе треба да се свртат или кон пиратерија(Ouch) или да имаат екстра добар буџет и инспирација...да не кажувам празни сказни и теории еве неколку клипа кои ја доловуваат моменталната сцена во светот на холограмите...еве го мирисот на изгорено за кој зборував...







следните неколку клипа се повеќе 2D холографи(видео стереоскопија би рекол) него 3D холограми, нешто слично на она како изгледаше 3dSolar но и тие се интересна појава

Holographic display from SIGGRAPH

SIGGRAPH 07 3d vscreen

helio display, air video screen

Application for the FogScreen by WHITEvoid.com

еве нешто по сликовито
Target's Holograms: The Innovation Angle


Edited by beTon - 20-Mar-2010 at 13:26
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Jul-2008 at 23:30
ако се внесеме во филмот за електронско општество со цело срце, а натаму е тргната работата, тогаш не е далеку денот кога ќе бидеме опкружени од интерактивни ентериери и екстериери!? пр. интерактивни завеси, фотељи, софи, чаши, тањири, па зошто не и гардероба, а за тој ден да не биде многу далеку на пат е ултратенкиот флексибилен екран...


но за истите тие да станат аморфни (да менуваат форма) и не внесат директно во стрипуваниот свет, е за тоа постојат нанотехнолошки концепти како тој на Nokia 888 кои ќе не доведат до целта...


а еве тоа од прилика како изгледа на екстериер, ХМ!


а еве како изгледа комбинирање сензори, диоди и табуретки LOL комбинациите се неограничени: инаку табуретките менуваат пр. боја на различна килажа, која и да било боја може да пулсира со отприлика исто темпо како човечкото дишење (не сум сигурен дали станува збор за сензор кој ќе го мери и проектира пулсот на дремачот-седачот преку светлото или е само некој стандарден патерн на пулсирање?!) нормално за ова се одговорни јапонците од - www.mongoose.proto-type.jp


и еве еден интересен концепт кој се надоврзува на fuwapica мебелот:

 



Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 11:21
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Jul-2008 at 10:25

 како меч со две острици секоја нова придобивка го прави светот материјално повесел но воедно и духовно попразен, бидејќи толку вулгарно ниско се спушта границата меѓу она што е изводливо и она што само можевме да го сонуваме, што доаѓа денот кога на духовно ниво ќе останеме заробени во светот на компјутерите и нивните постари братучеди машините, цел наш живот ќе биде подреден кон оптоелектрониката на секој план од забавен до едукативен, од медицински до воен, од колективен до индивидуален...нешто што и денес во некоја рака е реалност, но бар сме индиректно итерактивни со вражулињата што не опкружуваат, но еве блиску е денот кога ВР симулации ќе ни го определуваат работниот ангажман и простор за движење и функционирање (за тоа денес одлучуваат владата и собранието), количеството на потребни информации за да се задоволат потребите од истите (за тоа денес одлучува совет за радиодифузија) и униформираноста на платежниот, патниот и комуникацискиот систем кои ќе бидат директно врзани за личните биометриски чип-картици без кои движењето ќе биде илегално а пазарењето невозможно...
...радувајте се сите вие што сеуште не сте се префрлиле на новите пасоши и лични карти бар уште некое време Roll%20eyes ... 

е сега кога сме кај современата уметност и дизајн, незнам дали веќе човек треба да е уметник или да купува скапи уметнички дела како би бил опкружен со естетски работи и муабети, бидејќи она што е спремено и поставено на трпезата како технологија која ќе не направи слободни вајари и ѕидари дефинитивно ќе ги скрши границите меќу професионалниот и аматерскиот свет во уметноста. па така секој дома ќе си ја испринта новата работна маса, креветот, лустерот, вратата, прозорот, мозокот LOL како што си ги имал сонето...
еве поконкретно на што мислам:

Sketch Furniture by FRONT

www.frontdesign.se

швеѓанкиве си ја завршиле работата ептен оригинално, па остај друго први се во свет од истата технологија што наголемо профитираат во дизајн индустријата, мислам дека се работи за технологија на 3д оптички моливи чии движења се проектираат во (најверојатно) solidworks, а потоа се пушта ласерски 3д принтер да ги испринта моделите во винил Bash нема што принтерот е главната фора, истава екипа освен на флуидниов мебел работи на разни други дизајни поврзани со оптички мебел, магнетизам... !

инаку денес во македонија најблиску до оваа оптоелектронско принтање го имаме најконкурентниот во свет www.mikrosam.com од Прилеп кој произведува CNC роботизирани машини за 3д обработка на дрво, мермер, гипс, пластика, стакло... зависи што ласери, длета или сврдла ќе се монтираат на 3д оската (за резбање и моделирање). интересно е дека Самак склучи договор со Кинезите за испорачување на машина за резбање на огромни блокови мермер па за работата да биде mission impossible истата се одржува преку нет... мислам дека имаат и таква плазма машина како што користат бандата од ФРОНТ, но не сум сигурен, ако некој знае нешто подетално и за тоа а и за машините на Самак нека фрли нешто инфо во темава...
сепак за разлика од пластиката, резбаното дрво секогаш ќе биде потопло и оригинално доколку е од човечка рака стокмено! но таа рака мислам дека покрај разводнувањето од машиниве ќе стане ретка и многу скапа, па така повторно ќе бидеме ограничени од машините...
а што е до принтерите еве неколку различни 3д принтери:
ZPrinter 310 from ThingLab
PolyJet Rapid Prototyping
3D Dimensional Printed mechanism 

она што е како продолжена рака на овој систем тоа е скенирањето, кое во случај на надворешни површини врши работа т.е. не може да продре во механизмите, но и тоа не е далеку со имплементација на последните достигнувања на полето на MRI-(магнетна резонанца) и тоа ќе го видиме како опција со во обичните скенери, за сега бар што е до површинското 3д скенирање работите отидоа доста напред сега имаме и рачен 3д скенер...
...3D Scanner - Siggraph (на почетокот е репортажата за скенерот, а потака има и за 3д принтерите), д на ова поле работите се движат од микро кон макро па така додека микрото е рачниот 3д скенер (сигурно се работи и на микроскопски варијанти) тука е претставен 3д локациски скенер во случајов употребен за реконструкција на археолошки локалитет, (со ова ќе биде интересно да направиме интерактивна 3д слика за Македонија во леери за секоја епоха) но истиот овој макро 3д скенер има неограничена примена во сите индустрии и науки. се сеќавам нешто дека пред некое време најпрецизната 3д мапа на светот наса ја имаше направено со сателит преку ласерско скенирање на површината на земјата, па кога имаат очи соколови по тоа сателитите, зошто би немале и прецизен виртуелен приказ на околината, чисто ко за симулации...интересно делува кога човек ќе влезе во филм на непријател на државата слично како вил смит во истоимениот филм...
но едно ме чуди и океанот го искенираа и се  качија и горе и слегоа долу и пак се чуствуваат несигурни...?! мислам дека реперот што го бркаат ги има спуштено на земја, па или ќе му се продадат што најверојатно и го имаат сторено или ќе се избезумат од притисокот на нормите кои си ги наметнаа...знам дека делу ова малку збунувачки но нека остане на тоа, а за се друго времето ќе си го каже своето!
 


Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 11:30
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jul-2008 at 12:09
доколку некој е заинтересиран за темава тогаш најдобро е да се претплати на Photonics Spectra списание кое ги третира сите новитети во оптиката, оптоелектрониката, нанотехнологија... инаку истото го испорачуваат ширум светот па и кај нас, но наједноставно е да ја користите нивната интернет архива која покрива период од ’96 наваму, иако во моментов е нешто блокирана.



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Jul-2008 at 12:10
чисто еве еден пример од архива...
Carbon Nanotubes Outstick Gum-Footed Gecko

Владимир она што велиш дека темава е невозможно да се прати толку лесно, мислам дека спектрата го прави изводливо, има само еден проблем пополека ти станува главно хоби, а ако не и преокупација LOL тоа го велам од некое скромно искуство на претплата на спектрата.
најнапред почнав да се интересирам за муабетов чисто од комерцијални причини како би почнал со пратење и увезување на трендови, но по некое време сфатив дека ќе ја оплескам бидејќи секој ден излегуваат нови и подобри технологии кои доколку им фрлиш око, а тоа е сигурно тогаш можеш комотно се околу себе да запоставиш, бидејки за да дојдеш до правата комбинација сепак треба добро време да посветиш на муабетов, што на крај ќе те задоволи некако но воедно и ќе те зароби на некој начин...абе тоа е кога повеќе од две третини кај нас сме човек-фирма...


Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 12:24
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Jul-2008 at 12:13
Браво Бетон за темава!!Thumbs%20Up
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Jul-2008 at 12:34
Браво за Pbanks и Cloverstack што овозможија добар под-форум за совети и едукација инаку незнам ова кај ќе можеше да се почне, туку мислам дека оваа тема повлекува со себе нова т.е. нешто како македонски изуми , каде ќе има што да се види и од нашите изумители како што е водениот душек на Антим Антимовски и Мирче Кокалевски за која пишуваше ти Dejan...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Jul-2008 at 12:40
beton, јас таман се наоштрив да ги ѕирнам старите кличиња и линкови, а ти веќе си ставил нови LOL

подобро да го почекам викендот за да имам време убаво да ја разгледам нишкава LOL
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Jul-2008 at 12:51
Originally posted by beTon

Браво за Pbanks и Cloverstack што овозможија добар под-форум за совети и едукација инаку незнам ова кај ќе можеше да се почне, туку мислам дека оваа тема повлекува со себе нова т.е. нешто како македонски изуми , каде ќе има што да се види и од нашите изумители како што е водениот душек на Антим Антимовски и Мирче Кокалевски за која пишуваше ти Dejan...

Исто така, заборавив за која авионска компанија...мислам беше Boeing...негде прочитав дека software-от  на кој што летат авионите е изработен во Машинскиот факултет во Скопје, така нешто, сум заборавил.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Jul-2008 at 13:22
е Clover јас малку земам тајм-аут во темава што е доста доста е бар за некое време, а за прелистување почни уште сега пост по пост бидејќи верувај линковите што ги има низ текстовите само ќе те натераат уште повеќе да се заинтересираш за темава, интересно е колку само комбинации нуди муабетов... лично мене ми е на ум да си набавам 3д скенер но статичен па да пробам некои работи да си испринтам во Прилеп доколку има некаква можност за рентање на машините, т.е. зголемена орнаментика од резба во мермер (за фонтана-плус ќе ја појачам со нешто од ова новиве лед работи и муабети кои во кина се неверојатно ефтини)...
еве како изгледа тоа на дело, абе не за џабе нарачале то кинезите од нив мачина за големи блокови, пушти нега резба ни јадење бара ни му се спие само струја да има LOL

после ќе го ставаат на црна листа то америте, па им го растури пазарот со тоа дампинг цените за ЦНЦ машините, секоја чест за Самакот Applause, пази докторов уште има инвестирано во техничка академија во Прилеп (за останатото на нивниот сајт повеќе инфо) , абе и по она колумните во фокус за геополитика што ги пишуваше, мислам дека е спремен да се кандидира за претседател на следните избори, но дали ќе застанат зад него мијалкови како зад Грујо тоа тешко дека ќе биде, овој орев е тврд за варење или кршење па немаат интерес за играње со него... но кој знае се е можно!



Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 13:41
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Jul-2008 at 13:27
     „Микросам“ бесплатно ќе едуцира млади кадри
Прилепската компанија за производство на композитни материјали „Микросам“ ќе регрутира млади талентирани кадри кои имаат капацитет и потенцијал со доедукација да бидат насочени за потребите на „Микросам“, но и мотивирани за нови достигнувања. Новиот проект „Микросам академија“ официјално стартуваше вчера и, според зборовите на сопственикот Благоја Самаковски, во наредните 20 дена ќе бидат регрутирани првите млади луѓе кои бесплатно ќе ги користат сите ресурси на оваа компанија. „Мотивот за отворање на компанијата е фактот што многу талентирани кадри од низа причини не можат да ги покажат ниту имплементираат нивните знаења во нашата држава“, потенцира Самаковски.утрински - 28 април 2007
„Микросам“ отвори академија за обука на таленти
Прилепски „Микросам“ отвори академија за дообука и стипендирање мотивирани и талентирани кадри за реализација на практичните програми на фирмата. Од средината на мај, 10 кадри од техничките науки од Прилеп и од Битола ќе можат бесплатно да ги користат услугите на академијата, која располага со врвна техника на користење Интернет, бази на податоци, библиотека со стручна литература од 20 илјади наслови, 20 светски весници во дигитална форма и сто видеофилма. - Ова е еден модел како да се најдат и да се дообразуваат талентираните кадри за техничките струки. Со еден нов процес на дообразование и поттикнување на талентираните кадри да помогнеме и во развојот на „Микросам“ и на регионот. Ќе применуваме современи методи со користење на знаењата преку Интернет, пренос на предавања преку Интернет од познатите универзитети од светот. Ќе ангажираме професори преку директна видеоконференциска линија, кои ќе држат предавања за нашите студенти. Истовремено ќе ангажираме професори од нашите универзитети, кои би ги образувале кадрите за конкретна потреба на „Микросам“ или други фирми - вели д-р Благоја Самакоски, сопственик на „Микросам“. Фирмата решила да отвори ваква академија бидејќи во последно време не добивала соодветен стручен кадар од универзитетите во Македонија што можел да се вклучи во директен процес во фирмите што се занимаваат со висока технологија. - Чувствуваме дека некои од талентираните кадри, не можејќи да најдат поле за работа и дообразование, заминуваат неповратно во странство. На овој начин мислиме дека ќе го забавиме процесот на одлевање кадри - вели Самакоски. „Микросам“ ќе ги открива талентите преку јавни повици. Секој што смета дека е талентиран може да аплицира. Ќе се користела и соработката со училиштата и со наставниците и професорите од факултетите, кои би ги посочувале талентираните кадри. „Микросам“-академијата веќе воспоставила врски со повеќе светски реномирани универзитети. Фирмата има недостиг од добри програмери за програмата „Ц-плус плус“, која била направена и која ќе ја изучуваат талентираните кадри. Практичните сознанија ќе ги проверуваат во „Микросам“. Академијата ќе била отворена за кадри од 16 до 30 години. Сојузот на стопански комори смета дека иницијативата на „Микросам“ е одлична можност да се надминат проблемите што ги имаме во образовниот систем, кој не формира кадри за потребите на стопанството. - Оваа иницијатива треба да биде поттик за другите фирми и за универзитетите да се приспособат на потребите на стопанството, бидејќи само така фирмите можат да вработуваат повеќе луѓе и да бидат конкурентни на македонскиот и на странскиот пазар - вели Венко Глигоров, претседател на Сојузот на стопански комори.Време 28.04.2007
„Микросам“ отвори академија за програмери
Создавање млади програмери како конкурентна сила на светскиот пазар. „Микросам“ ја отвори првата академија од ваков тип во Македонија, каде се изучуваат програмски јазици C и C++.Курсот трае шест месеци, а го посетуваат 13 студенти од цела држава. Игор Костадинов од Штип во академијата гледа поголеми шанси за вработување.„Сметам дека оваа академија може да ми даде доволно знаење и умеење, за тие знаење во иднина да ги искористам. Сметам дека со оваа академија вратите ќе ми бидат повеќе отворени отколку со факултетот што го имам завршено“, изјави Игор Костадинов, студент.Академијата е бесплатна и ја финансира „Микросам“. Од стотина млади луѓе, по пат на тестови биле селектирани 13.„Главната идеја и главната цел на овој проект е да се изнајдат талентирани млади кадри, кои што потоа би можеле да се профилираат и да се дообучат. Оваа струка е извонредно конкурентна на пазарот на работна сила“, рече Милена Чупаркоска, раководител во „Микросам“.Оваа струка е најбарана на пазарот на трудот.„Сурфајќи на интернет, можете да налетате на Гугл артс реклами и само да спомнете кое било зборче во врска со програмирање или софтвер, ви нуди вработување во Скопје или во Македонија за програмери“, вели Игор Димоски, професор по математика.Дел од предавањата преку интернет ги вршат професори од универзитети во Америка. Идната цел на „Микросам“ ќе биде обезбедување на стипендии за овие студенти.A1  -  17.06.2007
Микросам–Академија за таленти – нов предизвикMIKROSAM expo21xxstone-network.com/new_stone_machines.html      chinacompositesexpo.com      - mikrosam и капак да биде америте немаат кого па Самак го ставаат на црна листа, абе некој ќе рече премногу параноичат, не тие знаат што сакаат, си ги штитат интересите на сопствените компании преку уцени со жигосување на конкуренцијатаwww.treas.gov/offices/enforcement/ofac/actions/20031224.shtmlно затоа пак Самак доби екстра инспирација за уште по екстра геополитичка демистификација на нивните завери по глобалната шаховска табла преку колумните во фокус со кои ги доразбесни...


Edited by beTon - 11-Sep-2012 at 16:04
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Aug-2008 at 21:00
кинезите со виртуозна леснотија си го кажаа своето на сите нивоа, демонстрирајки супериорност во организацијата на ОИ 2008 од градежништво преку современи технологии па се до безбедност.

 наметнаа репер кој тешко ќе биде да се следи па дури и за лондон, посебно во промотивното отворање на олимпијадата со визуелен спектакл во птичјото гнездо каде до максимум беа искористени новитетите во оптоелектрониката, кои во комбинација со акробациите и префорсираниот огномет дури на моменти делуваа и премногу натрупани... за визуелниот спектакл да биде досега невиден, на сценариото на церемонијата работеа Zhang Yimou(Hero) и Spielberg, кои издиригираа сценографија како на филм составена од огромниот дисплеј во форма на венец околу внатрешниот дел на кровот од стадионот, подвижниот дисплеј на подиумот во форма на ролна и 3д дисплејот во форма на земјина топка, како и бимовите и подвижните платно-екрани кои беа дел од арт-таи-чи точката и сето тоа нормално беспрекорно надополнето со прилично екстра костимографија, кореографија, лајт шоу и досега најспектакуларен огномет, накратко кажано перформанс за сите сетила кој за сигурно ќе фаќа долго прашина меѓу омилените цедиња на секој љубител на ои.

она што ми е познато во моментов и за кое можам да кажам нешто повеќе посигурно може да добие своја нова нишка како современи платна но за сега мислам дека најдобро е да се вметне тука во контекст со спектаклот во птичјото гнездо како мала демистификација на шоуто и користените современи материјали за костимографија во шоуто, поточно за светлечките костими на акробатите кои го симболизираа почетокот на современата ера и отворањето кон светот (идеја која звучеше преамбициозно а воедно беше и раздрмана уште пред да се отворат игрите со изјавите на дизајнерот на птичјото гнездо Ai Weiwei)


станува збор за фосфоресцентни и електрични платна кои првпат беа претставени од енергло, но најверојатно кинезите имаат изработено своја верзија на истото платно кое свети само од себе без потреба од неонки како кај ув платната или струја како кај електро платната и се полни на светло а емитирањето на светло е развлечено на екстра 8 часа се до следното полнење, но во овој случај воопшто не морале да се секираат кинезите за тоа бидејќи врз самите костуми беа инкорпорирани и големи диоди кои покрај диригираното лајт шоу воедно и ги полнеа платната...

www.energlo.com





www.coolightwest.com


сето ова горе е ок, но она што е уште подобро, а воедно и поефтино од енергло како опција е www.krypta-glow.com/paints.html фосфоресцентна боја (photoluminescence pigments) која ја има и kako боја но и како пигмент кој може да се користи пример во малтер и бетон уште во подготовката како би се добила целосно илуминирана структура на материјалот кој нема да зависи од технички оштетувања(гребење, префарбување или прелепување) што е случај со бојата. 

цената на оваа боја оди одприлика горе доле 560 долари за 14 м2 инаку има доста варијанти на фосфоресцентни бои и пигменти за поевтина цена пример во кина, но и ова е доволно доколку се користи рационално бојата т.е. се обележуваат само ивици или се исцртуваат едноставни знаци дали е тоа на платно, стакло, дрво, бетон. пластика или метал скоро на сите површини... бојата е и водоотпорна па може да се комбинира и за во влажни услови и за под вода...




но дефинитивно вреди да се инвестира во беклајт варијанти колку и тие да чинат



Edited by beTon - 20-Mar-2010 at 13:07
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Aug-2008 at 15:30
еве нешто инфо и за новите технологии кои (од скоро) се достапни за малопотрошувачка а воедно се доволно револуционерни за да заземат некое од првите места во новитетите во оптоелектрониката, технологии како LED LCD со контраст од 1.000.000:1 од Samsung и 3 way view од Sharp...
што сето ова значи и како се ќе влијаат овие новитети мислам не треба многу муабет, освен дека сликата на тв ќе биде за 100 пати почиста, а околу термините кавга во куќа веќе ќе нема!

SAMSUNG LED LCD HDTV



SHARP Triple Directional Viewing



Sharp Dual Directional Viewing
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Aug-2008 at 15:53
Човек неможе да прочита колку можеш да напишеш Applause

Секоја чест бетон многу интересна нишка Thumbs%20Up
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Aug-2008 at 18:16
Originally posted by pbanks

Човек неможе да прочита колку мжеш да напишеш Applause

Секоја чест бетон многу интересна нишка Thumbs%20Up


не дека е нешто до пишувањето колку што е до празнењето, знаеш долго време горе доле повеќево од информацииве ги имав или бев разбрал за нив, но сега некако се вклопија тука на едно место како презентација за оптоелектрониката, навистина е лесно кога ја имам спектрата како бунар од каде имав црпено инфо, пример за енергло имав разбрано уште 2007, но сепак гледам да постирам колку толку приземни и функционални работи кои не се далеку од фабричка трака или пак имаат реална можност да се искомбинираат со архитектурата...

туку пак ќе кажам честа оди на твоја сметка бидејќи овозможи добар подфорум каде може да се почне вакво нешто, знаеш колку и да има човек мозок ако не го истури на право место работите место позитивна ќе добијат негативна конотација (нешто слично се случи со иницијативата за Црква во секое маало). сега дури толку ми отвори подфорумов простор што дефинитивно немам време да ги ажурирам постојниве теми, а камоли да се организирам и почнам нови теми како современи материјали(композити, легури, премази...) или геологија и геофизика кои сигурно ќе бидат доста интересни за истражување, но се надевам дека некој друг што му се специјалност или хоби ќе ги почне! 


Edited by beTon - 20-Mar-2010 at 13:15
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Aug-2008 at 19:17
Originally posted by beTon

[QUOTE=pbanks]
туку пак ќе кажам честа оди на твоја сметка бидејќи овозможи добар подфорум каде може да се почне вакво нешто, знаеш колку и да има човек мозок ако не го истури на право место работите место позитивна ќе добијат негативна конотација (нешто слично се случи со иницијативата за Црква во секое маало) . сега дури толку ми отвори подфорумов простор што дефинитивно немам време да ги ажурирам постојниве теми а камоли да се организирам и почнам нови теми како современи материјали(композити, легури, премази...) или геологија и геофизика кои сигурно ќе бидат доста интересни за истражување, но се надевам дека некој друг што му се специјалност или хоби ќе ги почне!


лека полека никаде не се брзаме. Верувам дека понатаму ќе се приклучат и други дискутанти кои ќе имаат што да кажат.

Cheers
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Aug-2008 at 00:22
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Oct-2008 at 13:41
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.