build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Градско - Прилеп
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Градско - Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 15-Aug-2019 at 08:42
И јас мислам дека иницијативата на Ангел, иако е многу логична и реална, сепак нема шанси да се реализира со овој договор, па макар бил и анексиран. Чисто од пракса знам дека заемодавците како ЕБРД, ЕИБ и сл. имаат таква тромава администрација (полоша од нашава) за да се направат прво барања за измени на договор, па тие одат на гласање на борд, па потоа барање за анекс кое исто така треба да се гласа, па дури потоа да може да се префрли топката кај нас. Чисто земете ја во предвид временската рамка од сам почеток кога е почнато планирањето на овој експресен пат, кога е потпишан договор со ЕБРД, па кога е тендериран и кога се влегува во процес на изградба.
Сега се уште, за мене непознаница е дали може без ретендерирање некој да ги превземе работите од РУБАУ на делот кај Фариш, или ќе треба целосно нова процедура преку тендер.
Исто така многу лош е и патот на Плетвар од самиот врв па се до каменолом Беловодица, не знам кога планираат да го рехабилитираат овој дел кој е толку многу оштетен што сигурен сум дека би влегол во топ 5 приоритети доколку се прави проценка на оштетеност на патиштата низ државава.
Back to Top
Angel View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Angel Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 15-Aug-2019 at 13:21
Мислам дека со добар правен тим може да се избегне чекањето за увид од ЕБОР/ЕБРД како и да е преводот. Вмро правеше по 15-20 анекси на договори за СК2014. Сигурно има процедури и правила врз основа на итност, непогода, виша сила, било шо, кои би дозволиле забрзана постапка на одлучување од ЕБОР или најдобро целосно заобиколување на таа бирократска пречка. Мин. за транспорт ако не може да најде 5 добри правници за ова да го изведат, нека стаат катанец
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 15-Aug-2019 at 13:55
Originally posted by Angel

Мило ми е шо даде идеја. Али да бидам искрен не разбрав баш.

Веројатно јас не објаснив добро

Накратко, поентата ми е дека доколку се оди на варијантата да се обезбеди движење во сите правци, клучка Parclo A4 е далеку порационална од клучка Parclo AB2 каква што предлагаш, затоа што вторава го продуцира проблемот што го посочи Filo, додека првата обезбедува континуиран сообраќаен тек за основниот правец.

Со предлогот што го дадов на скицата одам чекор понатаму, затоа што на таа локација нема ни реална потреба за вртење кон југ. Таа функција за Градско и околината ја има постоечката клучка на автопатот, онаа во близина на Росоман. Истата таа функција за магистралниот правец (Од правец на Прилеп кон Неготино и понатаму кон југ, и обратно) логично е да падне на патот Дреново - Кавадарци - Неготино (тој пат секако треба да се надгради и да се направат обиколници за населените места).


Edited by Cloverstack - 15-Aug-2019 at 13:57
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 15-Aug-2019 at 14:59
Originally posted by Angel

Мислам дека со добар правен тим може да се избегне чекањето за увид од ЕБОР/ЕБРД како и да е преводот. Вмро правеше по 15-20 анекси на договори за СК2014. Сигурно има процедури и правила врз основа на итност, непогода, виша сила, било шо, кои би дозволиле забрзана постапка на одлучување од ЕБОР или најдобро целосно заобиколување на таа бирократска пречка. Мин. за транспорт ако не може да најде 5 добри правници за ова да го изведат, нека стаат катанец

Мислам дека полоша споредба не можеше да направиш Big%20smile
Back to Top
Angel View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Angel Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 15-Aug-2019 at 21:04
Види, со Parclo AB2 се зафаќаат 5-6 парцели државно земјиште. Ако веќе сакаш и на парцелите јужно од тој дивиот пат (шо поминува под автопатот) да се гради, тогаш не гледам зошто не би направиле Full Cloverleaf. Не чепкав на јужните парцели пошо таму југо-западно има некои ниви, залепени до автопатот, се гледаат на гугл мапс.
Центар на Македонија да не сакаат full cloverleaf да дигнат, па не знам шо да кажам.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 16-Aug-2019 at 03:27
Тоа што географски локацијата е централна воопшто не е фактор или критериум во случајов. Ако гледаме реално, полна детелинка е предимензионирано и многу нерационално решение. Градско никогаш нема да генерира сообраќај кој би оправдал размислување во тој правец. А и да не заборавиме дека 2 километри појужно веќе има клучка.

Исто така полна детелинка со себе го носи овој проблем:
https://en.wikipedia.org/wiki/Grade_separation#Weaving
Значи не само проблематизирање на сообраќајните текови на екпресниот пат како со Parclo AB2, туку во овој случај проблем се воведува дури и на автопатот, а сосема непотребно.


Инаку не ја знам и не навлегувам во сопственоста на замјиштето, за Parclo варијантите коментирав пред се од сообраќаен аспект. Во случај да е несразмерно скапо да се изврши експропријација за да се изведе реудцирана клучка каква што предложив, и мора по секоја цена да се држиме на државно земјиште, клучката може да се испроектира малку посеверно. Сега на катастар видов дека трасата на експресниот пат секако е зацртана посеверно од локацијата кадешто ние „поврзуваме“.
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 16-Aug-2019 at 08:41
Потполно се согласувам со Cloverstack, особено со неговиот прв параграф.

И само да надополнам дека, овој пат се прави најмногу за поврзување на Пелагонија со остатокот од државава. Градско со тоа што е на неколку метри од автопатот треба да е презадоволно. Овој пат според мене, а и според еден од замениците директори на ЕИБ со кого сум имал прилика да разговарам пред 3 години, е од најголемо значење во моментов за државава, и ќе се користи многу повеќе отколку сегашниот регионален пат затоа што поминува низ неколку поголеми градови, плус го крати за некои 50ина километри патувањето од север кон западна Грција за сите кои летните одмори ги минуваат на Јонско море.
Back to Top
iristevski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote iristevski Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 16-Aug-2019 at 09:31
Оваа сателитска снимка е од 12.08.19. Колку што гледам јас трасата на експресниот пат не завршува кај предложената нова клучка. И според оваа слика градежните работи за клучката само што не почнале или веќе почнале.

Build Responsively
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 52
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 16-Aug-2019 at 12:33
Originally posted by Cloverstack


Со предлогот што го дадов на скицата одам чекор понатаму, затоа што на таа локација нема ни реална потреба за вртење кон југ. Таа функција за Градско и околината ја има постоечката клучка на автопатот, онаа во близина на Росоман. Истата таа функција за магистралниот правец (Од правец на Прилеп кон Неготино и понатаму кон југ, и обратно) логично е да падне на патот Дреново - Кавадарци - Неготино (тој пат секако треба да се надгради и да се направат обиколници за населените места).


За Градско се согласувам, но не би рекол дека нема потреба од вртење кон југ за возилата што доаѓаат од правец на Прилеп. Изградба на обиколници на Кавадарци и Неготино веројатно нема да видиме во наредните 10-на години, а патот и со и без реновирање и надградба во секој случај ќе има пониско брзинско ограничување од експресниот пат. Заобиколувањето на овие два града по новиот експресен пат и постоечкиот автопат ми изгледа како побрза и посигурна варијанта. А сигурно и економична, со оглед на тоа што потребно е додавање на само една рампа. Но можно е и сегашната труба-клучка да нема излез кон југ, што јас би го сметал за пропуст.

Originally posted by AleksandarTheGreat

Потполно се согласувам со Cloverstack, особено со неговиот прв параграф.

И само да надополнам дека, овој пат се прави најмногу за поврзување на Пелагонија со остатокот од државава. Градско со тоа што е на неколку метри од автопатот треба да е презадоволно. Овој пат според мене, а и според еден од замениците директори на ЕИБ со кого сум имал прилика да разговарам пред 3 години, е од најголемо значење во моментов за државава, и ќе се користи многу повеќе отколку сегашниот регионален пат затоа што поминува низ неколку поголеми градови, плус го крати за некои 50ина километри патувањето од север кон западна Грција за сите кои летните одмори ги минуваат на Јонско море.


Ова само потврдува колку е потребна врската Велес-Прилеп и колку сме изгубиле што овој проект не се реализирал уште во 90-те.
Back to Top
Angel View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Angel Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 16-Aug-2019 at 16:09
iristevski друже од кај најде тазе сателитска снимка, може линк нешо )
Инаку ретко одам у МК не ни знаев деке багерите веќе ископале до автопатот. Нема везе, се додека не почнат да асфалтираат тоа може да се пренамени во лозје после ))
Back to Top
Angel View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Angel Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 16-Aug-2019 at 16:24
Cloverstack клучката јужно од Градско е на 4км воздушна линија, пиши 5км по автопат. Северно од Градско нема излез-влез, и тоа е клучно за отсекувањето. Има еден пун к...ц шлепери шо влеваа во Градско на чорба и остало и бегаат од патарината (шо ја преместија на одлично место) и му расплакаа мајката на патот Велес-Градско. Кој возел таму знае. Општината им спрема голем терминал за шлепери во центар на Градско, зошто многу ги има и се паркираат кај ќе им текне по Маршал Тито. Значи ако северно и јужно од Градско се отвори проток за возила, ем ќе се растерети регионалниот Велес-Градско R1102, ем ќе живне Градско како во 80-те. Памти постарата генерација зошто, сеа да не навлегувам. Значи ова е проект „одзатнување“ северно на Градско
Back to Top
iristevski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote iristevski Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 16-Aug-2019 at 23:39
Еве линк до веб страната каде што има најнови сателитски снимки. Со free account може да се гледа по една слика на ден.

https://eos.com/landviewer/?lat=41.48981&lng=22.00493&z=11
Build Responsively
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 19-Aug-2019 at 08:39
Изминатиот викенд патував по автопат накај Градско, па потоа накај Прилеп, и сега веќе премногу блиску се машините кои ја пробиваат трасата до автопат, може да се видат веднаш после бензинската на Макпетрол. Од друга страна, сосема очекувано, ништо не се случува во делот од Дреново до Фариш, па едвај чекам да излезат од ЈПДП со официјално соопштение што се случува со РУБАУ, и како понатаму ќе се работи на оваа делница. Question

Гледам дека во годинашната програма на ЈПДП има и проектирање на автопат Велес-Прилеп, па баш ме интересира дали и кога ќе се изготви таков проект. Question

Фала iristevski за линкот за сателитските снимки. Applause
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 19-Aug-2019 at 09:06
Originally posted by AleksandarTheGreat

Гледам дека во годинашната програма на ЈПДП има и проектирање на автопат Велес-Прилеп, па баш ме интересира дали и кога ќе се изготви таков проект. Question

Тоа е во делот од годишната програма со желби и честитки LOL не мислам дека ќе се случи такво нешто годинава, исто како што нема да се случи за останатите големи проекти.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 19-Aug-2019 at 10:00
https://apps.sentinel-hub.com/eo-browser/?lat=41.728&lng=21.374&zoom=9

Тука имате најнови снимки колку сакате. Сепак квалитетот не е како на мапс. Доволно се гледа за пробиени траси. Може и временски да се следи како се граделе проекти исто како на Earth. Прочепкајте го
Back to Top
Angel View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Angel Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 19-Aug-2019 at 23:02
Тој патот Велес-Прилеп мислам дека уште од 90-тите државата пробува да го прави. Тие носачите за мост кај велешкото езеро Младост мислам дека се наменети за тој пат, а ставени се таму од времето на Адам
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.