build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Градско - Прилеп
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Градско - Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Angel View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 30
  Quote Angel Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 19-Feb-2020 at 23:53
На видеово од средба со стопанска комора се збори за изградба на пат Велес-Прилеп-Битола. Не успеав да ја видам таа сликата шо ја покажаа целосно, но знам дека и Вмро најави пат Велес-Прилеп-Битола.
Дали државата крена раце од ретендерирање за изградба на клисурите од експресниот Прилеп-Градско, останува да видиме )
Back to Top
Angel View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 30
  Quote Angel Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 19-Feb-2020 at 23:53
https://www.youtube.com/watch?v=6RQSpepXHfI&feature=emb_title
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 20-Feb-2020 at 00:14
Го преслушав линкот погоре, премиерот (бивш) вели се работи за ИДЕЈНО решение за автопатско поврзување Велес Прилеп Битола како ОПРЕДЕЛБА. Е сега шо значи то....
Од друга страна ни ВМРО при ветувањето не спомнаа ама баш никаков датум, дали 4 мандати ке се гради или пет.. можда за 20тина години - кој знае.
Уште Заев вели 3 и пол сати се патувало од Струмица до Охрид а со овој автопат ке се скратело многу, ама не му текна - најкратко би било да изградат автопат Гевгелија - Битола - Охрид, да мислам дека наредните избори баш оваа опција ке ја ветуваат

Edited by Bistro - 20-Feb-2020 at 00:23
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 20-Feb-2020 at 11:14
Originally posted by Bistro

Го преслушав линкот погоре, премиерот (бивш) вели се работи за ИДЕЈНО решение за автопатско поврзување Велес Прилеп Битола како ОПРЕДЕЛБА. Е сега шо значи то....
Од друга страна ни ВМРО при ветувањето не спомнаа ама баш никаков датум, дали 4 мандати ке се гради или пет.. можда за 20тина години - кој знае.
Уште Заев вели 3 и пол сати се патувало од Струмица до Охрид а со овој автопат ке се скратело многу, ама не му текна - најкратко би било да изградат автопат Гевгелија - Битола - Охрид, да мислам дека наредните избори баш оваа опција ке ја ветуваат


Колку јас знам, идеен проект за таков ПАТ постои... но никому не му е од значење на политичариве. А е мнооогу важен според мене.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 20-Feb-2020 at 12:44
Сега дали тоа значи дека Градско - Прилеп, преку плетвар нема да се гради.
И јас сум за поидеално решение, ама многу ја влечкаат работата. До сега 5 пати ќе изградеа автопат до Прилеп.
Очигледно дека во наредните 5 години пак ќе се влечкаме по плетвар дур да изградат асален пат, па макар и експресен пат да е.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 799
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 20-Feb-2020 at 23:30
Не знам како успеавте да направите конекција на постоечки пат што се гради на една делница со предизборно ветување на друга делница.

Originally posted by The Wild Boy

Очигледно дека во наредните 5 години пак ќе се влечкаме по плетвар дур да изградат асален пат, па макар и експресен пат да е.

Се чини не си во тек со проектот, прочитај ги постовите назад во темава.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12749
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 28-Apr-2020 at 10:20
Многу лоши фотки (направени во движење) од вчера:









За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 29-Apr-2020 at 08:52
Vakva e sostojbata od koga e prekinato so rabota , edinstveno novo nesto e rehabilatacijata na stariot pat..
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 02-May-2020 at 09:38
Има некој било какви информации дали/како напредува изведбата на делницата Градско-Дреново на експресниот пат?
За рехабилитацијата на Дреново-Фариш ете и Китанов и Сугаре неодамна се пофалија дека ќе ја комплетираат до 20 мај.
Back to Top
Angel View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 30
  Quote Angel Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 05-May-2020 at 12:47
Еве најново соопштение од фб:
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Сугарески и Китанов на увид на завршните активности на поправката и рехабилитацијата на регионалниот пат Р1101 делница, Прилеп–Тополчани– Битола, во должина од 15,5 км и вредност од 1,05 милиони евра. Ова е многу значаен пат за регионот во Прилеп и Прилепско.

Активно се работи и на патот од Дреново до Фариш и овој месец ЈПДП ќе објави тендер за рехабилиатција на трите ленти од Фариш до Прилеп, тендер за експресниот пат Дреново- Фариш, а десетина патишта годинава ќе се рехабилитираат преку Македонија пат. Не се заборавени ниту патиштата во Битола, Демир Хисар, Крушево, односно Пелагонискиот регион е едно големо градилиште.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4372
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 05-May-2020 at 15:09
До јуни ќе се објави тендерот за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

Јавното претпријатие за државни патишта планира до крајот на мај или почетокот на јуни да го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп. Градежните работи за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура запреа минатото лето, а беше раскинат и договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денес посочи дека идниот изведувач ќе треба да ги заврши преостанатите 70 отсто од експресниот пат меѓу Фариш и Дреново, со должина од 10 километри. Тендерската документација за избор на нов изведувач беше изработена со експерти од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

– Она што е особено важно за регионот е дека континуирано се работи на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново – изјави Китанов, осврнувајќи се на втората фаза од експресниот пат Градско-Прилеп што почна да се гради летото 2018 година.

Целиот експресен пат треба да биде ставен во функција до крајот на 2022 година. Во меѓувреме, на терен се работи на рехабилитација на постојниот пат од Фариш до Дреново, а до крајот на месецов ќе се распише тендер за реконструкција на делот од Фариш до Прилеп во должина од 19 километри и со вредност од околу 5,6 милиони евра.

https://meta.mk/do-јuni-ќe-se-obјavi-tenderot-za-dovrshuvaњe-na-prvata-faza-od-ekspresniot-pat-gradsko-prilep/
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 23-May-2020 at 18:12
Секаде каде што се две ленти, ќе има изградба на трета лента. Тендерот за реконструкција на патниот правец Фариш-Прилеп е завршен и наскоро ќе отпоче да се работи. За рок од една година целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патот од тука до Прилеп и по целата должина ќе биде со три ленти. Во тек е изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, за десетина дена го објавуваме новиот тендер за доизградба на експресниот пат од Фариш до Дреново и веднаш потоа ќе започнат градежните работи, рече Китанов.
https://fokus.mk/sugareski-patniot-pravets-farish-drenovo-ke-bide-zavrshen-sledniot-mesets/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.