build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Градско - Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Realistic88 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 19
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 18-Nov-2020 at 01:48
По се мене ми изгледа дека работата е излезена од секаква контрола. 4 до 5 различни изјави и ставови.
Реално гледано нема да се заврши ова. Срамно и жално. Фала пријатно.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 30-Dec-2020 at 17:45
Експресниот пат Градско-Прилеп на Коридор-10 ќе продолжи да се гради, надминат е застојот

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Прилеп најави дека се надминати проблемите со изведувачите на новиот експресен пат Градско-Прилеп. Тој рече дека проблемите се решени и со почетокот на претстојната градежна сезона ќе започне силно темпо на изградба на овој експресен пат што се наоѓа на кракот Д од Коридорот-10.

„Сакам да информирам дека за првата делница Градско–Дреново, Владата
донесе одлука да се преземат градежните работи од сегашниот изведувач и
во следниот период оваа делница да ја гради друга компанија која има технички и човечки ресурси за да ја доизгради оваа делница навреме“, изјави Бочварски.

Трасата од Градско до Дреновската клисура е долга 16 километри, а почна да се гради во летото 2018 година. Досега се завршени околу третина од вкупните градежни работи за оваа фаза од експресниот пат. Средствата од 23 милиони евра за неговата изградба беа обезбедени од фондовите на Европската Унија.

„Во однос на втората делница од Дреново до Фариш, тендерската постапка е завршена и сега понудите се во фаза на евалуација. Очекувам на пролет да имаме силна градежна активност паралелно и на двете делници“, додаде Бочварски.

Трасата од Дреновската до Фаришката клисура е долга 10 километри и истата почна да се гради во 2016 година. Досега се завршени околу 35 отсто од севкупните градежни работи на експресниот пат. Од ЈП за државни патишта веќе информираа дека најдоцна до февруари 2021 година треба да се склучи договорот за довршување на оваа фаза од експресниот пат, по што треба да продолжат градежните работи на терен.

Инаку, експресниот пат Градско-Прилеп во иднина ќе има по една сообраќајна лента во секој правец со ширина од по 3,5 метри, како и помошна лента за застанување од по 2,5 метри во секој правец.

Бочварски ја најави и третата фаза од овој проект, која ќе опфати реконструкција на целиот пат на Плетвар и проширување на постојниот пат со две ленти на ниво на експресен пат со три ленти.

Тој потенцираше дека во фаза на изработка е проектна задача за изградба на автопат од Прилеп до Битола, со што ќе се заокружи брзата патна врска кон Пелагонија.

Кракот Д на паневропскиот Коридор-10, почнува од долината на Вардар кај Градско, преку Прилеп, Битола и Флорина, води до грчкото пристаниште во Игуменица.

https://meta.mk/ekspresniot-pat-gradsko-prilep-na-koridor-10-ke-prodolzhi-da-se-gradi-nadminat-e-zastojot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 25-Mar-2021 at 11:20
По две години застој, пролетва треба да продолжи изградбата на првата фаза од патот Градско-Прилеп

Наредните денови треба да се потпише договорот со најповолниот изведувач што треба да ја доврши изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на кракот Д од Коридорот 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека до крајот на март годинава треба да се избере компанијата-изведувач. Извештајот од евалуациите на понудите е испратен до Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на разгледување и на издавање одобрување.

Изградбата на експресниот пат од Фаришката до Дреновската клисура долг 10 километри треба да се заврши во рок од две години, односно најдоцна до пролетта 2023 година. Изведбата на првата фаза започна во 2016 година, но запре на процент на изграденост од околу 35 отсто во март 2019 година, откако тогашниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А“ најави напуштање на договорот за изведба на овој експресен пат.

Од ЈП за државни патишта засега не ја објавуваат цената на довршување на првата фаза од експресниот пат, дополнувајќи дека треба да се почека потпишувањето на договорот со изведувачот. Инаку, ЕБОР го објави меѓународниот тендер за избор на изведувач на проектот на почетокот од септември годинава.

Експресниот пат меѓу Фариш и Дреново е прва фаза од целосната изградба на новиот пат меѓу Градско и Прилеп, и воедно, истата е најсложена за реализација. Оваа делница треба има по една сообраќајна лента во секој правец од по 3,5 метри, како и по една помошна лента за застанување од по 2,5 метри, со што ќе се зголеми брзината на движење на возилата и безбедноста во сообраќајот.

Инаку, во поглавјето 21 за ТЕН-Т коридорите што минуваат низ земјава, Европската Комисија во последниот Извештај за напредокот на нашата земја за 2020 година критикуваше дека доцни довршувањето на патните делници од кракот Д на Коридорот 10 што минува низ земјава, чија траса започнува во Градско и преку Прилеп, Битола и Флорина, завршува во грчкото пристаниште Игуменица.

https://meta.mk/po-dve-godini-zastoj-proletva-treba-da-prodolzhi-izgradbata-na-prvata-faza-od-patot-gradsko-prilep
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 29-May-2021 at 16:51
Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат.

Австриската компанија „Страбаг АГ“ е избрана за изведувач што ќе ја доврши изградбата на 16 километри од идниот експресен пат од Градско до Дреновската клисура, кој започна да се реализира во 2018 година. Во моментов пред потпишување е договорот со надзорниот орган за оваа делница, којшто ќе треба да ја внесе австриската компанија во работа.

На меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради делницата од Дреновската до Фаришката клисура долга 10 километри победи кинеската компанија „Синохидро“. Кинезите за две до три недели ќе треба да започнат со довршување на оваа делница од експресниот пат, која што досега има процент на изграденост од 35 отсто.

„Двете делници беа со избрани изведувачи коишто ја напуштија трасата и таму имавме сериозен проблем, така што сега се отклонуваат проблемите, оваа сезона очекуваме сериозни градежни зафати“, изјави министерот Бочварски за претходните изведувачи италијанската компанија „Тирена Скави“ што го градеше Градско-Дреново и шпански „Конструксионес Рубау С.А“ која што работеше на Дреново-Фариш.

Тој рече дека овие делници од експресниот пат Градско-Прилеп треба да бидат завршени и пуштени во употреба во текот на 2023 година.

Бочварски додаде дека во моментов се работи на целосна изработка на нова трета лента за целиот планински превој Плетвар на оние сегменти од патот каде што таа ја нема и за рехабилитација на овој патен правец, како и на уште еден експресен пат од Прилеп до Ленишка река, со што ќе се покрие комплетната патна траса од автопатот на Коридор 10 до Прилеп.

https://meta.mk/kineski-sinohidro-i-avstriski-strabag-kje-go-dovrshuvaat-ekspresniot-pat-gradsko-prilep/
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 54
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 29-May-2021 at 21:20
Originally posted by stef4o

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат.

Австриската компанија „Страбаг АГ“ е избрана за изведувач што ќе ја доврши изградбата на 16 километри од идниот експресен пат од Градско до Дреновската клисура, кој започна да се реализира во 2018 година. Во моментов пред потпишување е договорот со надзорниот орган за оваа делница, којшто ќе треба да ја внесе австриската компанија во работа.

На меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради делницата од Дреновската до Фаришката клисура долга 10 километри победи кинеската компанија „Синохидро“. Кинезите за две до три недели ќе треба да започнат со довршување на оваа делница од експресниот пат, која што досега има процент на изграденост од 35 отсто.

„Двете делници беа со избрани изведувачи коишто ја напуштија трасата и таму имавме сериозен проблем, така што сега се отклонуваат проблемите, оваа сезона очекуваме сериозни градежни зафати“, изјави министерот Бочварски за претходните изведувачи италијанската компанија „Тирена Скави“ што го градеше Градско-Дреново и шпански „Конструксионес Рубау С.А“ која што работеше на Дреново-Фариш.

Тој рече дека овие делници од експресниот пат Градско-Прилеп треба да бидат завршени и пуштени во употреба во текот на 2023 година.

Бочварски додаде дека во моментов се работи на целосна изработка на нова трета лента за целиот планински превој Плетвар на оние сегменти од патот каде што таа ја нема и за рехабилитација на овој патен правец, како и на уште еден експресен пат од Прилеп до Ленишка река, со што ќе се покрие комплетната патна траса од автопатот на Коридор 10 до Прилеп.

https://meta.mk/kineski-sinohidro-i-avstriski-strabag-kje-go-dovrshuvaat-ekspresniot-pat-gradsko-prilep/


Super sto Strabag e izberen. Dobra rabota napravija na delnicata Stip-Radovis.

Se nadevam deka i niv ke gi izberat za izgradba na ekspresen pat Strumica - Novo Selo / GP Bugarija kako i Strumica - Valandovo.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2027
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 29-May-2021 at 22:28

Kolku navistina e dobro napravena delnicata Stip-Radovis ke vidime za nekoja godina. Va na prv pogled skoro site novi delnici izgledaat dobro, no za nekoja godina pocnuvaat da popustaat. Taka bese so "Kumanovo-Tabanovce", za 3-4 godini pocnaa da se pojavuvaat kolotrazi. Kvalitetot na izgradbata zavisi od cenata. Ne moze najniskata cena da garantira kvalitetna izgradba.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 06-Jun-2021 at 16:49
ПО ДВЕ ГОДИНИ ЗАСТОЈ ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО -ПРИЛЕП, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ

Од среда продолжуваат градежните работи на експресниот пат Дреново -Фариш, а до крајот на месецот и Градско- Дреново. Двете делници се дел од експресниот пат Градско-Прилеп, чија изградба беше во застој две години, откако ЈП за државни патишта го раскина договорот со шпанската фирма „Конструксионес Рубау С. А“.. Новите изведувач е австриската компанија „Штрабак“ која ќе работи на делницата Градско и кинеска „Синохидро“ која ќе работи на делницата Дреново- Фариш. Ова го најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска беа на увид на градежните активности на делницата од регионалниот пат Кавадарци- Дреново.

„Продолжуваат работите на делницата Дреново- Фариш кој е со напуштена од страна на поранешниот изведувач, имаме избрано нов, кој на 9-ти јуни започнува со работа. Патниот правец Градско- Дреново е во фаза на преземање на градежните работи од компанијата „Штрабак“. Имаме избрано и изведувач на градежните работи за реконструкција на превојот Плетвар, од Фариш до Прилеп и во наредните два месеци, по изборот на надзорен орган, ќе започнат активностите“, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Изградба на експресен пат Градско – Прилеп беше најавено дека ќе се изведе во три фази. Првата фаза е изградба на делницата Градско – Дреново во должина од 16 километри со вредност од 23 милиони евра. 85 отсто од средства се од ИПА фондовите на ЕУ и 15 отсто од државниот буџет. Од оваа делница изградени се 33 отсто од работите. Втората фаза е делницата од Дреновска клисура до Фаришка клисура во долина од 10 километри со вредност од 31,8 милиони евра, со заем од Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Од оваа делница се изградени 35 отсто од градежните работи. Предвидена е и рехабилитација на патен правец Фариш – Прилеп, превојот Плетвар со буџет од 7,5 милиони евра, средства од заем со ЕБОР. Целата делница од експресниот пат Градско -Прилеп според првичните најави требаше да заврши до крајот на 2022 година.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-dve-godini-zastoj-prodolzhuva-izgradbata-na-ekspesniot-pat-gradsko-prilep-najavi-ministerot-bochvarski/
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 07-Jun-2021 at 15:46
Dve zlatni godini taka prokockani
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2027
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 07-Jun-2021 at 15:58
Originally posted by WolfLeader

Dve zlatni godini taka prokockani
Ne dve tuku trieset!
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 343
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 08-Jun-2021 at 12:58
Originally posted by The Wild Boy

Делот измеѓу фаза 2 и фаза 3 празен ќе остане...


Може на ова одговор да добијам?

Кој ќе ја гради преостанатата трета делница?

И зошто измеѓу Фаза 2 и 3 има празен простор, таму не планираат да градат експресен пат?

Edited by The Wild Boy - 08-Jun-2021 at 13:11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12428
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 08-Jun-2021 at 19:11
Originally posted by The Wild Boy

И зошто измеѓу Фаза 2 и 3 има празен простор, таму не планираат да градат експресен пат?


Никогаш не бил планот како фаза 3 да се гради експресен пат (кога веќе се одомаќини тој неточен термин за она што се гради помеѓу Градско и Фариш). Фаза 3 е само додавање на трета лента на Плетвар на секцијата на којашто недостасува. Така да нема да има никаков празен простор меѓу фаза 2 и фаза 3. Од Прилеп до Фариш ќе има пат со очајни карактеристики, ама целиот ќе биде со трета лента, а од Фариш до Градско ќе има т.н. експресен пат, со многу несоодветна клучка кај Градско.


Edited by Cloverstack - 08-Jun-2021 at 19:11
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 08-Jun-2021 at 20:04
Главната разлика е дали приклучни точки има само преку клучки како автопат и банкина по целата должина, или може од секоја нива да ти изрипа трактор било каде. Земете за споредба Велес-КАдрифаково како лажен експресен пат и Три Чешми - Кочани како вистински експресен пат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12428
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 08-Jun-2021 at 20:43
Originally posted by user8642

Главната разлика е дали приклучни точки има само преку клучки како автопат и банкина по целата должина, или може од секоја нива да ти изрипа трактор било каде.


Таа категорија патишта се вика пат со ограничен пристап.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 303
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 08-Jun-2021 at 20:57
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by user8642

Главната разлика е дали приклучни точки има само преку клучки како автопат и банкина по целата должина, или може од секоја нива да ти изрипа трактор било каде.


Таа категорија патишта се вика пат со ограничен пристап.

Делницата Струмица - Радовиш мислам дека е единствениот магистрален пат кој не е автопат, а е со ограничен пристап уште пред да се појават експресниве.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 08-Jun-2021 at 21:26
Па профилот му е екстерен, ама кога се направи пред десетина години тогаш у Македонија не постоеше таква категорија. Знаевме за некоја екс-ју оставштина пат со три ленти со средна наизменична на делови да алтернира правец. Башка има класична раскрница кај Воиславци која не е семафоризирана.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2027
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 08-Jun-2021 at 21:33
Originally posted by Marxentric

Originally posted by Cloverstack

Originally posted by user8642

Главната разлика е дали приклучни точки има само преку клучки како автопат и банкина по целата должина, или може од секоја нива да ти изрипа трактор било каде.


Таа категорија патишта се вика пат со ограничен пристап.

Делницата Струмица - Радовиш мислам дека е единствениот магистрален пат кој не е автопат, а е со ограничен пристап уште пред да се појават експресниве.
Ima poveke. Site klasicni magistrali od Jugoslavija se takvi, npr. Prilep-Bitola, Kumanovo-Deve Bair...
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 08-Jun-2021 at 22:53
Прилеп-Битола има делови каде што има диви земјени приклучоци од каде што може некој да се приклучи или исклучи.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 343
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 09-Jun-2021 at 02:00
Прилеп - Битола
Битола - Козјак (Ресен)
Долно Коњаре - Карпош (Куманово)
Струмица - Радовиш
Бучим - Радовиш
Обиколница Кочани
Тетово - Гостивар
Подмоље - Струга
Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид

Ова ви се патишта со клучки како на автопат, и повеќето од овие имаат баш и благи кривини како на автопат.

Е сега ако земеме да гледаме онака реално, тогаш ни еден од овие патишта не би требало да се најде на листата за патишта со ограничен пристап, бидејќи секој од овие си има барем по еден див пат.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2027
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 09-Jun-2021 at 06:47
Originally posted by FiLo

Прилеп-Битола има делови каде што има диви земјени приклучоци од каде што може некој да се приклучи или исклучи.
Makedonska rabota. Po obicaj policijata spie i tolerira samovolie i eden vid anarhija.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 09-Jun-2021 at 18:41
Pletvar samo ke se prosiri so uste edna lenta , na tie mesta kaj so ima 3 ke se dodade uste 1 lent , A izveduvac seuste nema za toj del ke se znaelo periodov sto sledi. Gradsko-Drenovo ke ja gradi Strabag , a poteskata delnica kaj klisurata Drenovo - Faris ke ja grade Sinohidro.

A najverovatno firmata so ke go prosiruva Pletvar ke go prosiri i vlezot na Prilep ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.