build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Градско - Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 24-Nov-2022 at 10:45
Највероватно, рамните делви ќе бидат на ниво на експресен автопат, додека кањонот и некои угорнини и удолнини на ниво на скратен автопат. Со тоа многу побезбедно ќе се заобиколуваат тешки возила кои во тие услови би биле доста спори.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14481
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 28-Nov-2022 at 17:37
вид во изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, делница Дреново-Фариш

И покрај тоа што настапи есенското променливо време интензивно се работи на изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп, поточно на втората делница Дреново–Фариш каде што увид извршија заменик директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Благојче Трпевски заедно со претседателот на Владата на РСМ Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во овој појас од само 10-тина километри се градат два тунела, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт. Инаку, ширината на делницата Дреново-Фариш е променлива, па така 5 км се со асфалтна платформа од 12,4 m што одговара на експресен пат, а преостанатите повеќе од 5 км се со платформа од 17 m што одговара на автопат со намалена ширина.

„Денеска извршивме увид и во работите на тунелот и како што може да видите едната страна е пробиена, а на другата се работи на пробивањето, од трасата, пак 5 км се асфалтирани со прв слој и физичкиот прогрес на работите е 55 %. За делницата Дреново-Фариш која е 10.2 км издвоени се 33,3 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР. На овој дел изведувач на работите е Синохидро, а надзор се ГЕИНГ ДОО и ЕВРО КОНСАЛТИНГ. Многу пати сме нагласиле дека овој патен правец е еден од најзначајните патни правци во државата. Низ него дневно поминуваат околу 6 илјади возила од сите категории и карактеристично е тоа што е патен правец каде што гравитираат многу товарни возила што дополнително го оптоварува. Токму од овие причини посветуваме внимание на изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп со кој значително ќе се олесни протокот на стоки и услуги“, изјави заменик директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Благојче Трпевски.

Веќе е во завршна фаза и рехабилитацијата на патниот правец Фаришка клисура–Прилеп, превој Плетвар, во должина од 19 км и вредност од 5,6 милиони евра со што кракот Д на Паневропскиот транспортен коридор 10 ќе биде брз и безбеден за проток на сообраќај.






https://www.facebook.com/drzavnipatista/
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 790
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 28-Nov-2022 at 21:38
И сега фактички откако ќе се доврши ова, највртениот и најопасен дел од Плетвар ќе си биде ист ко шо е?
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 29-Nov-2022 at 02:05
Originally posted by hcitrS

И сега фактички откако ќе се доврши ова, највртениот и најопасен дел од Плетвар ќе си биде ист ко шо е?


Да, и исто така кога ќе фати зима снег, плетвар пак ќе се затвори...

и што сме направиле после? џабе и пат со 400 ленти да направиме, кога поминува низ промашена локација пан - европски коридор, локација каде што нема никакво место за таков важен коридор

Заради глупостите на Црвенковски и Груевски, еве што добиваме денес. Не се жалам, но проблемите ќе останат, рутата ќе е подолга.
Сега знам зошто неможе во блиска иднина да се изгради автопат преку Бабуна, колку скапо би чинело тоа, и дека сме во криза. Но мора кога тогаш тој автопат да стане приоритет, и да се изгради веќе еднаш за секогаш и оваа сага да заврши.

И немојте ве молам дека не е исплатливо, коштало многу, итн итн... па еве Бехтел и Енка што ќе градат се фрлија повеќе од 5 милијарди евра, и тоа во кризно време. Наместо да се одеше на правен начин, начин со избор на изведувач преку тендер, оваа корумпирана багра (која што за жал народот уште си ја трпи и гласа...) си направи на нај лош, матен и корумпиран начин да си испере пари преку овој проект, ама пак ајде можеби стварно поголемиот дел од Коридорот 8 ќе се заврши докај 2026 година Dunno

( Не верувам...)
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 29-Nov-2022 at 13:31
Прво не се 5 милијарди евра, второ уште не е фрлено ни евро, камо ли 5 милијарди (за споредба 6.3 милијарди е вкупниот нето долг на државата). Околу моделот може да се зборува секако, ти држат дел од тезите, а околу делниците: па Прилеп - Битола намерно е ставена прво дека поврзува 2 битни града, второ дека е рамничарски и прелесен терен каде што во 90% од трасата ќе се искористи магистралниот пат за една од коловозните ленти и трето дека станува збор за 40тина километри. Другата делница е Кичево - Гостивар (практично да се заокружи Скопје - Охрид на ниво на автопат) а последната делница е дали Струга - Ќафасан или така нешто (делница не подолга од 15тина километри). Дури и во вакво време со галопирачка (двоцифрена) инфлација не би било повеќе од 1.5 милијарди евра.
А за "Aвтопатот преку Бабуна" мојот став е јасен, непотребно решение на претежок терен, прескапо и ај да не се градеше експресниот пат )каде што се гледа дека турбо се работи и дека едната подделница ќе биде до крај на 2023 а другата ете нека е и средина на 2024) ќе го разберев секој став, секако последно нешто што секој посакува е Битола да не е добро поврзана со Скопје и средишниот дел на државата, ама имаме друга реалност која се случува на терен и нереални проекти најмалку ни се потребни.
Наместо тоа има приоритетни проекти кои треба да ги завршат а тоа се сите 4-5 експресни патишита (делници) кои се градат, Скопје - Бпаце, Кичево - Охрид (приоритет број 1) и тоа со Бехтел и Енка да не биде ветер и магла туку да стане реалност, односно Автопат Прилеп - Битола до 2025 и Автопат Гостивар - Кичево до 2027.
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 29-Nov-2022 at 16:01
Во програмата (МОЖЕМЕ 2020- 2024) е предвидено изградба на автопат (ВЕЛЕС - ПРИЛЕП - БИТОЛА) независно од ГРАДСКО - ПРИЛЕП.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Online
Posts: 2226
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 29-Nov-2022 at 16:17
Originally posted by G.I. Joe

Во програмата (МОЖЕМЕ 2020- 2024) е предвидено изградба на автопат (ВЕЛЕС - ПРИЛЕП - БИТОЛА) независно од ГРАДСКО - ПРИЛЕП.
Vo programata na Dedo Mraz   
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 29-Nov-2022 at 16:33
Па и во програмата на Интегра беше планирана Брза Железница, и Македонски Сателит 2030г...
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 29-Nov-2022 at 23:43
Каков автопат преку Бабуна, не си правете екскурзии на мозок, тоа нема да биде. Тежок, скап и сега за сега најмалку приоритетен проект.

До 2030 најрано ќе ги градиме овие почнатите и тие што треба да ги почне Бехтел-Енка.

Следни на листата, ако воопшто се планира нов автопат во иднина би требало да се гради таму кај што е најизводливо и најисплатливо.
Јас би рекол дека Битола-Меџитлија не треба да е експресен, туку продолжение на автопатот од Прилеп. Радовиш-Струмица-Ново Село е рамница, така да и тука би требало да се продолжи со комбиниран експресен пат/скратен (бесплатен) автопат. Куманово-Ранковце е воглавно рамна земја, а и нема некои поголеми населени места попат, така да и тука треба да се изведе барем некоја 20 километарска делница. Тетово-Јажинце со тунелот мислам дека веќе е под проект, но можеби и тука има услови за делумен автопат.

Не сме Словенија, па со сите соседи да имаме по минимум две брзи врски, ама ете вака би добиле две брзи поврзувања со Грција, едно, а потенцијално и уште едно со Косово, едно со Албанија, две делумно брзи со Вулгарија и постоечкото со Србија.

Edited by Marxentric - 29-Nov-2022 at 23:44
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 30-Nov-2022 at 00:42
Можеби автопат преку Бабуна е скап и најмалку приоритетен проект, но сепак во иднина (15, 20, 25, 30 години...) и те како ќе треба да се изгради. Нема да има смисла, автопат од Прилеп до Битола да има, а према Скопје да нема никакво поврзување директно со автопат.

Дека е од важност тој автопат да, е. И имам претходно објаснето зошто е од голема важност, особено кога ќе погледнеме каде всушност оди Коридорот 10д, и како тоа може да го олесни автопатот А1 од гужви на патарини и граница за време на летна сезона, и како Скопје - Велес - Прилеп - Битола - Меџитлија може да стане многу добра, брза и алтернативна рута за сите оние кои што одат кон Западниот дел / Северозападниот дел па и Југозападниот дел на Грција (Крф, Закинтос, Лефкада, Парга, Траектот кај Игуменица), а и за побрз пристап према Ксамил во Албанија.

Па така да, можеби денес овие патишта што ги имаме немаат толку многу сообраќај, па си викаме дека не треба Коридорот 10д да е во целост автопатска врска, но во иднина како што ќе се отвараат новите делници (Автопат Прилеп - Битола, експресниот пат до Плетвар, експресниот пат до Меџитлија) така се повеќе сообраќајот ќе расте, регионот околу Битола конечно ќе може да се развие. Заборавате и дека за сите оние од Југот и Југоистокот за да отидат до Охрид одат баш преку Прилеп - Битола па после Ресен па стигаат до Охрид.

Ќе видите само автопатот Прилеп - Битола кога ќе се изгради, како ќе почнат се повеќе и повеќе Срби летото да возат по него, после и на Плетвар кога ќе се зголеми сообраќајот па ќе видите убаво дека кога тогаш и ќе треба да се инвестира во Автопатска врска преку Бабуна. Не оди никој од Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Пробиштип, Штип, Свети - Николе према Битола, Охрид или Грчка Граница преку Штип - Неготино па после Градско, туку повеќето одат баш према Велес, па после на автопатот А1 се до Градско од каде што се оди накај Битола. Да би имало автопат преку Бабуна, и по можност нов пат од Велес до Кадрифаково, тогаш би се врзале овие градови и тој регион далеку побрзо и побезбедно.



Бенефити големи... цена голема, потреба моментално во кризна состојба нема, но во иднина и те како треба фокус да се стави, и тоа голем фокус.

Edit: Еве и уште една слика подолу, можат да се видат убаво баш каде водат пан - европските коридори



Edited by The Wild Boy - 30-Nov-2022 at 00:45
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 30-Nov-2022 at 21:50
Бабуна ќе беше приоритет доколку воопшто не се почнеше Градско - Прилеп. Сега ќе фаќа прашина во некоја фиока добри 30 години, ако не и повеќе.

Инаку, бесмислено е граѓаните од југот и крајниот југоисток да возат дури до Велес за да платат патарина кон Битола, Охрид, Јонско Море итн. Ним им одговара преку Градско, но за оние од истокот, северот, како и странците кои транзитираат кон морето си во право, би скратиле доста и на време и на километри. Но, за жал, приоритет и се даде на трасата преку Градско, така да ќе си почекаме долго време.

Сепак, коридорот 10д е некако извитоперено нацртан на мапата. Прв пат гледам да води преку Козјак, таму нема ни асфалт ни доволна ширина на многу места, веројатно е само така дадено илустративно.
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 01-Dec-2022 at 18:06
Манипулација е името ГРАДСКО - ПРИЛЕП. Експресен пат е само Фариш - Градско, а најопасниот дел Плетварот, кривините, се си останува. Мал дел шминка ќе се допрошири на 3 ленти кај што нема и тоа е тоа.. ТАКА ШТО НЕ ДОБИВАМЕ ЦЕЛОСЕН ЕКСПРЕСЕН ПАТ па да збораме за завршена работа.

За источна Македонија, а прочитам новост, е или овај пат е при крај со планирање или онај пат се изведува ...

За БИТОЛА со години читам ''СЕ ПЛАНИРА''само

''Бабуна'' e отпочнат со градба, прекинат е и никако да се рестартира
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 01-Dec-2022 at 19:32
Originally posted by G.I. Joe

Манипулација е името ГРАДСКО - ПРИЛЕП. Експресен пат е само Фариш - Градско, а најопасниот дел Плетварот, кривините, се си останува. Мал дел шминка ќе се допрошири на 3 ленти кај што нема и тоа е тоа.. ТАКА ШТО НЕ ДОБИВАМЕ ЦЕЛОСЕН ЕКСПРЕСЕН ПАТ па да збораме за завршена работа.

За источна Македонија, а прочитам новост, е или овај пат е при крај со планирање или онај пат се изведува ...

За БИТОЛА со години читам ''СЕ ПЛАНИРА''само

''Бабуна'' e отпочнат со градба, прекинат е и никако да се рестартира


Автопат Скопје - Штип
Експресен пат Штип - Кочани
"Експресен" пат Штип - Велес

и многу други проекти, одат баш по овие називи

Е сега, од една страна подобро е да се каже одреден проект со името на 2 града, неголи на пример Штип - Кадрифаково, или Миладиновци - Три Чешми, бидејќи повеќето нема да знаат каде точно е Кадрифаково, Миладиновци, Фариш или Дреново. Па така да да, од една страна што се вика Експресен пат Прилеп - Градско е сосема нормално, така и повеќето овде го знаат, но пак од друга страна па мора и прецизно да се наведе, и да се знае од каде и до каде оди тој нов пат, и да не се лаже народот, бидејќи вака доста мислат дека експресниот пат оди баш до Прилеп, што не е точно во случајот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2023  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.