build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Градско - Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
AmyntA View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Експресен пат Градско - Прилеп
    Posted: 30-Jun-2016 at 18:03
Минувајќи вчера забележав дека посериозно е започнато со градежни дејства на овој правец, и тоа околу Дреновската клисура.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Jun-2016 at 20:52
Да и јас забележав пред неколку дена голем број машини беа поставени на тој дел..
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Jun-2016 at 22:54
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Jul-2016 at 14:44
Ја знаете ли рутата на овој нов пат? По цела должина ќе врви покрај стариот, или некако поинаку ќе врви? Тунели??
Back to Top
goranmitev View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Jan-2015
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote goranmitev Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Jul-2016 at 16:59
Еве некои документи што се наоѓаат на Гугл, па прочитај си:
https://www.google.com/search?q=Градско+-+Прилеп+pdf


Edited by goranmitev - 04-Jul-2016 at 17:01
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Jul-2016 at 14:53
Тесната котлина по која таа се протега, не остава избор на повеќе
алтернативи. Водена по котлината на река Раец, од левата страна на водотекот,
преку Дреновската клисура прави поврзување со постоечкиот пат Р–107, пат за
Кавадарци, преку ново проектираниот патен јазол „Дреново“. Поради малата
застапеност на обработливи површини, а и поради големата стрмност на теренот,
во овој дел од трасата не се предвидени надпатни и подпатни објекти. Тесната
клисура во овој дел од трасата диктира примена на минимални елементи, при што
и се појавуваат големи висини на ископите и насипите, поради што како решение
кај критичните висини во ископ, одлучено е да се применат тунели и потпорни sидови.

Ова го најдов во pdf формат на Агенција за државни патишта , што значи ова дека ќе има тунел ?
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Jul-2016 at 15:51
na katastar.gov bese iscrtana celata trasa
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Jul-2016 at 23:34
Originally posted by elnino

na katastar.gov bese iscrtana celata trasa


Ако можиш да го најдиш прикачи го тука.

Edited by WolfLeader - 05-Jul-2016 at 23:35
Back to Top
iristevski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote iristevski Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Jul-2016 at 15:19
Еве линк од еден pdf документ за изградбата на делот Раец - Дреново
http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/Drenovo/FinalenPlanGradskoPrilep3En.pdf
Build Responsively
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Jul-2016 at 14:39
Веќе се реализира првата фаза во должина од 10 километри од Фаришката до Дреновската клисура, која се гради на речиси комплетно нова траса на постојниот пат, 95 проценти се нова траса, а пет проценти ќе се спојува со стариот пат во клисурите каде ќе има проширување.

Инвестицијата за тој дел од трасата е 31,8 милиони евра, а градежните активности ги реализира шпанската компанија „Рубау“. Досега се исчистени 70 отсто од овој дел од трасата на која се планира да се изградат 15 мостови и вијадукти, а по завршувањето на неа да се вози со просечна брзина од 80 километри на час.

На трасата ќе има два тунела, еден од 40 и еден од 140 метри. Ова, како што истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, е најтешкиот дел од патот.

Во втората фаза во текот на 2007 година се планира да почнат градежните работи на делницата Градско – Росоман – клучка Кавадарци во должина од 16 километри, со проценета вредност на градба од 31,4 милиони евра. Изградбата на овој дел од делницата треба да трае 24 месеци, а во третата фаза ќе се врши проширување на делницата од Тројаци до Плетвар и влезот кај Прилеп во должина од 7,5 километри за што е изготвена проектна документација, а проценетата вредност за градба е 5,7 милиони евра. Се очекува на почетокот на следната година за оваа делница да се распише повик за изведување на градежни работи.

Како што рече Мисајловски, се очекува експресниот пат од Градско до Прилеп, што с егради со средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), целосно да биде готов за три до четири години. Стариот пат од Градско до Прилеп се планира да остане како регионален пат.

Парарелно со Прилеп-Градско, укажа Груевски, Груевски се градат и експресните патишта Штип - Кочани и Велес - Кадрифаково, а во тек се градежни активности и за изградба на автопатиштата Кичево - Охрид, Скопје - Штип и Демир Капија - Смоквица

Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 675
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Mar-2017 at 11:16
Неколку слики од изградбата на патот

Фејсбук профил на Владо Мисајловски















Edited by Џоле - 29-Mar-2017 at 14:57
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Mar-2017 at 18:34
http://gis.katastar.gov.mk/arec

zum zum zum i ja gledas trasata
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 20-Apr-2017 at 17:53
Фотографииве ми ги испрати нашиот член WolfLeader, ги објавувам како што ми се симнаа на компјутер, не знам дали е по редоследот што тој го има замислено. Исто така, и текстот е негов, само го пренесувам без никакви јазични исправки и слично. Ќе ги означам сликите со бројки за полесно објаснување ако има потреба за тоа.

Сликите се правени последните 10 дена , опфатени се деловите од трасата кај мотел Дреново или попознат како Ловец , после тоа дел од траса кај Чешма значи малце погоре од Ловец и дел кај Раец , на сликите е прикажана изведба на столбови за мостови , бидејќи на трасата почна со работа најтешкиот дел а тоа се мостовите , може да се виде како од прилика изгледа изведба на столб од самиот почеток и на дел од сликите се цевките кој што се користат за пропустите , дел од пропустите веќе се направени , дел се само ископани а цевките не се наместени , исто така и веќе поголем дел од трасата е оформена а друг дел допрва се прави , од моја гледна точка темпото на работа е одлично и вака ако продолжи ќе биде супер , се работи преку цела дел па дури и на дожд нема прекин на работа , сеа за сеа е тоа од прилика


1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-Apr-2017 at 17:56
11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Apr-2017 at 17:58
21.


22.


23.


24.


25.


26.


27.


28.


На крај, сакам да му изразам благодарност на WolfLeader за трудот и за фотографиите.
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Apr-2017 at 19:02
НАПОМЕНА , сликите не се по ред целите се измешани , нема да ми замерите што не успеав по ред да му ги пратам ,но од прилика може да се види дел од работата како изгледа Нема проблем Џоле фала и на тебе што ги постира.

Edited by WolfLeader - 20-Apr-2017 at 19:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 06-Jul-2017 at 13:17

Проблематичен и експресниот пат Прилеп - Градско



06/07/2017 13:58.

Проблеми во проектот и во наплатата на средствата што треба да ги исплати Јавното претпријатие за државни патишта се воочени и при изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој посочи дека се работи за слични проблеми како оние на автопатот Кичево – Охрид каде во моментот се одвиваат градежни активности со минимален интензитет.

– Во неделата бев во посета на автопатот Кичево – Охрид каде се работи со минимален интензитет во делот на бетонските работи. Проблемот со свлечиштето коешто е појавено на патот Кичево – Пресека е сериозен така што тоа не може да се реши со ад хок решение, истакна министерот Сугарески при денешната прва средба со претставници на Комората на овластени архитекти и инженери.

Тој најави сериозна анализа на сите делници кои се градат во државата бидејќи, како што рече, очигледно е дека во изминатиот период имало направено сериозни проблеми при изградбата на патиштата.

– Сакам да ги видам проблемите коишто се случуваат на делниците кои се градат бидејќи она што опозицијата во моментот го претставува дека само треба да продолжи да се гради, без да се направи анализа, очигледно дека нема да биде можно, нагласи министерот Сугарески.

За автопатот Кичево – Охрид, како што посочи, најверојатно ќе треба да се исплатат дополнителни средства бидејќи последната направена пресметка покажала дека ако се се одвива според планираното, нема да биде под 120 милиони евра.

Рокот за изведба на автопатот Кичево – Охрид е 31 јануари 2018 година.

Во однос на можноста за дислокација на објекти од проектот „Скопје 2014“, министерот Сугарески рече дека се прави анализа по што ќе се види каде постои простор и услови за дислокација бидејќи треба да се има предвид дека понекогаш дислокацијата може да чини колку градењето на спомениците.

Со ребалансот на Буџетот, во Министерството за транспорт ќе бидат скратени средствата од непродуктивните трошоци. – Ќе се крати од сите непродуктивни трошоци кои се однесуваат на купување мебел, возила….Некои стапки ќе бидат сведени на нула, рече министерот Сугарески.

Од Комората на овластени архитекти и инженери посочија дека целта на оваа прва средба со министерот е да го запознаат со овластувањата и работата на Комората, а најавија дека ќе разговараат и за измени на Законот за градење во делот којшто се однесува на категоризацијата на градбите.


http://a1on.mk/archives/760962
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Jul-2017 at 22:39
Од прва рака ми кажаа дека ништо не е промашено, никој не им замерил нишо на изведувачите, а ова што го лафат на тв ги загрижува шпанците кои веќе си ангажирале адвокатска куќа од Лондон па сеа нека измислува пак некој.
Све ќе то народ да покрије
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Jul-2017 at 13:32
Само кенкања од новиве добиваме.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Jul-2017 at 15:41
Originally posted by elnino

Од прва рака ми кажаа дека ништо не е промашено, никој не им замерил нишо на изведувачите, а ова што го лафат на тв ги загрижува шпанците кои веќе си ангажирале адвокатска куќа од Лондон па сеа нека измислува пак некој.
Све ќе то народ да покрије


За какви „шпанци“ станува збор? Морам да признам дека малку не ти го разбирам коментаров.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.