build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонски пронајдоци и патенти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Македонски пронајдоци и патенти
    Posted: 24-Jul-2008 at 13:35
Дејан точна ти е информацијата. Да боинг користи софтвер од машински факултет Скопје.

Edited by pbanks - 13-Aug-2008 at 12:06
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Jul-2008 at 14:07
Еве да истакнам уште една македонска фирма за која многу малку се знае
Погледајте ги нивните клиенти кој се далекууууу... импозантни:




Edited by Vladimir P - 24-Jul-2008 at 14:07
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Jul-2008 at 17:52
падна муабет за ваков топик но никој да го почне, еве нека оди од мене...

ако некој имал инспирација во светот дефинитивно тоа се луѓето кои живееле на македонскиот полуостров, да не бев скромен ќе речев Македонците, но нејсе нека биде вака, па зар не сме единствените во светот кои се најмалку заразени со национализам а воедно и најмногу отворени кон сите, така и после Александар Македонски и неговиот космополитски пристат да ги признае сите народи во Македонското царство за еднакви, денес Ние современите Македонци сме единствени во светот кој сите малцинства во својата држава ги прогласивме за народи, не еден или два или три - сите...

изумите на ова тло се многу нормална појава, дали е тоа до географијата, традицијата, виното и веселите души или пак е нешто генетско за сега само ќе нагаѓаме, но на крајот времето ќе си ги ја каже тајната! ...
 ...во продолжение ќе дадам малку мои квантни размисли за тоа како се по малку влијаело на генерирањето на иновативна енергија на овој полуостров.
од горе спомнатите влијанија држи се по малку вода и тоа мирна езерска Yes па така географски овој регион и полуостров доколку го барате на пан-светскиот континент од кој се настанати денешните континенти т.е. ако истите ги составите на карта во еден и направите пресек вертикално и хоризонтално под прав агол Ние сме во центарот - мислам на Македонскиот полуостровот (кој во 18 век неправедно е наречен балкан, а по логиката на нештата треба да го носи името по најголемата империја која постоела на него), па за случајностите да се наредат во недоглед од цел свет баш тука паѓа сончев метеор или плазма т.е. на Кожув каде уште во времето на Александар е експлоатиран рудникот Алшар од каде е вадено злато со лорандит(талиум)...
што е до традицијата таа нормално главен момент имала во генерирањето или подобро кажано издигнувањето на Македонската изворна народна музика до степен на над Баховски опус, каде акапелата на пр. сме ја имале како нормална појава 10ина века пред (мислам дека е)Бах да ја открие како форма, но главната причина мислам лежи во испустниот вентил на изразување преку кој сме успеале да ги амортизираме секаквите обиди за асимилација и поробување, па така најдобрите ора и песни се создадени во турското, кога маката со песна се лечела, старите кога имале мака не плачеле како денес што е случај - туку пееле, за ова имав пример во мојата фамилија, но верувам дека и кај останатите тоа било нормална појава, како велат кој пее зло не мисли бидејќи песната ги брка дерманите...
има нешто вистина и за виното т.е. вистина во виното и веселите души, па зар е можно после толку многу несреќи и наезди од секакви диви племиња ние да продолжиме да постоиме како култура и извор на секаква уметност, наука, соживот а тоа да не е поврзано со таман опуштениот менталитет кој веќе денес комплетно се исчуручил...
генетски гледано ако може цвеќето преку едногодишно вештачко мутирање да ги задржи карактеристиките и подоцна, зошто не би можеле ние во нашиот колективен код да имаме регистри од праисторија па се до денес, па ако тоа држи - а држи, за нашиот иновативен дух доказ се Александар, Свети Константин, Свети Јустинијан, Самоил, Никола Тесла, Паскал Сотировски и многу други градители и научници кои ги поставели темелите на светот во кој живееме тогаш генетскиот момент е неодминлив.
Александар Македонски преку наследената традиција воспоставил(но на голем план) финансирање во науката и технологијата(научно-истражувашка експедиција) па така тој период од антиката е наречен Светол(златен) бидејќи биле усовршени сите дотогаш откриени работи а воедно и биле форсирани сите истражувачки зафати, па така во негово време е направен првиот официјален урбанистички план во светот - планот за Александрија кој е дело на Динократ македонски архитект и научник (интересно е дека за новото име на градежен се одлучувало меѓу Динократ и Дамјанов, но на крај и на Дамјанов бистата му ја направија без раце, абе саде симболика за архитект), тогаш Аристрах далеку пред Коперник го спознал сончевиот систем, Хипарх ја основал тригонометријата, Ерастот ги раководел првите посериозни мерења на земјата, Архимед ги конструирал неговите машини и го основал бескрајното сметање, Еуклид поставил јасно научно ниво во математиката итн. итн. накратко почнала да се бетонира науката која нешто подоцна ја сопира рим преку повторно воведување на ропството како категорија а за истото да функционира беспрекорно наука не смее да има, па затоа и ја палат александриската библиотека, благодарејки на што се враќаме повторно на почеток и нешто малку пркнува кога со доаѓањето во египед арапите откриваат мал број заборавени(скриени) списи во пустињата кои прво почнуваат да ги преведуваат а подоцна и да ги распространуваат преку Сицилија и Андалузија во Европа...
Свети Константин родум од Ниш го растурил римското царство одвнатре и повторно го воспоставил старото македонско царство и традицијата од своето поднебје, па така преку наследениот космополитски дух го Признава Христијанството за државна вера и самиот го прифаќа бидејќи бил растен во монотеистичка средина која единствено негувала култ кон извор на светлинат - Сонцето, па во спомен на традицијата во истиот тој ден а во духот на Христијанското учење неделата ја прогласува за неработен ден и ја нарекува Ден на Сонцето(Sunday) што се задржува до ден денес на западот...
Свети Јустинијан I родум од Таор го востановува денешното право, ја гради Света Софија и Јустинијана Прима како сведоштво за своите корени и традиција и ја воздигнува на ниво на Архиепископија, а Архиепископот го превзема приматот од тогашниот Солунски викаријат за непосреден претставник на римскиот епископ во Илирик...
Самоил го поттикнал обновувањето на Јустинијана Прима преку востанување на Охридската Архиепископија во Девол(Преспа) а подоцна Патријаршија во Лихнид(Охрид), што значело сигурно трасирање кон враќање на власта од страна Василиј 2 (кој се зацарил како македонец но всушност бил грк) во Источна Румелија(Византија), но најверојатно неуспехот се должи на суровиот однос кон своите браќа кои заради жедта за власт и слава сите ги отепал па дури и последниот брат Давид кој бил монах, само да го осигура престолот, па најверојатно затоа и не му бил благословен походот на Беласица (колку е ова веродостојно незнам но така ме имаат учено)...
Никола Тесла - нема потреба да набројувам што се открил доволно е да се каже само дека заради него во моментов пишувам на компјутер и живеам во материјална илуминација, а за родот дека е македонски тоа не е спорно бидејќи сите православни во Личкиот крај се пребегани Македонци од некогашна Матија кои по падот на кралството на Ѓорѓија Кастриот бегаат во Далмација, Венеција и Сицилија, каде имале сигурно прибежиште, плус доказ е гајдата како инструмент кој освен во Македонија на југ во северниот дел од овој полуостров се среќава во Лика и Далмација, сличен муабет е и со Шкотска па дури таму и презимињата им се титулирани со префиксот „Mac“...
Паскал Сотировски Thumbs%20Up ја поставува најреволуционерната теза за детекција на неутрино честичките со помош на Лорандитот од Алшар...

листата нема крај тука се набројани само великаните кои трасирале или пробале да трасираат нешто што би донело напредок и благосостојба достигнувајќи своевиден врв на хоризонтален план, а за возобновувачите на старата македонска писменост браќата Свети Кирил и Методиј, како и основоположниците на првиот современ универзитет во Европа Свети Климент и Свети Наум Охридски, и многу голем број Светители кои пред се го откривале и се стремеле кон вертикалниот пат, откривајќи и зголемувајќи ја свеста на луѓето за Божјата Слава и Создание, помагајќи ни во духовниот раст како битија на Љубовта, за сите нив тука нема ни доволно простор ни доволно време за да ги наведеме и опишеме нивните подвизи и сили, за тоа би ве упатил на форумот на www.preminportal.com.mk ...

денес работите се малку искилавени бидејќи опкружени со секакви задоволства и забави прво децата а подоцна истите веќе возрасни, се стремат само кон задоволства и опуштања, тоа мислам дека е веќе општествена беља, но за тоа се криви исклучиво наследниците на рим и нивниот развратен начин на живот кој го имплантираат едноставно дури и на исток кај арапите кои се длабоко конзервативни, што милом што силом, па така се случува да место многубројна маса на истражувачи да постојат во светот, постои само малцинство од луѓе кои не седат пред телевизор туку во својата лабараторија, било тоа во подрум на универзитет или во село, па поголем технолошки бум имало во 19 век него што има денес, сега се е сведено на теории на млака вода и празна слама, доколку бевме мобилизирани досега ќе шетавме по галаксии како што одиме во шопинг Bash ...

за сите понови изуми како и за сотојбите и условите во кои опстојуваат денешните иноватори во Македонија се надевам дека ќе направиме добра збирка натака во темава...


Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 21:54
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Jul-2008 at 17:59
Пронајдоците остануваат само на хартија

Мал број од иновациите - чаевите, сосовите, лековите и филтрите - доживуваат масовно производство

Секоја година околу 200 нови пронајдоци се измислуваат од Македонци, од нив само 50-тина се регистрираат во Заводот за индустриска сопственост, а уште помал е бројот на тие што доживуваат да бидат применети. Според податоците на Сојузот на пронаоѓачите и авторите на технички унапредувања на Македонија (СПАТУМ), во земјава има околу 3.000 активни иноватори. Нивниот број е поголем ако се вбројат и тие што откриваат нови изуми во фабриките, што ретко или воопшто не се регистрираат.
 - Најчесто македонските пронајдоци се од областа на екологијата, енергетиката и машинството. Меѓу изумите, најмногу има нови типови турбини, разни филтри и инструменти за прочистување на воздухот, водата и почвата. Македонските иноватори најчесто се полицајци, економисти, правници, лекари. Тие малку или воопшто немаат познавања од машинството и техниката, но создаваат технички изуми или се надрилекари што се занимаваат со треварство и алтернативна медицина и откриваат масти, чаеви што потоа ги заштитуваат. Забележителен е и порастот на бројот на жени иноваторки и на млади што посебно бараат работа и инвестиција - вели професор д-р Георги Филипов, претседател на СПАТУМ.
Тој објаснува дека, според профилот на истражувачите, македонските иноватори спаѓаат во групата на визионери и големи патриоти, а поретки се тие што до изумите доаѓаат во текот на работењето и со стекнатото знаење.
 - Интересно е тоа што најголемиот број пронајдоци откриени во последните петнаесеттина години се таканаречени перпетуум мобиле. Секој пронаоѓач сака со својот пронајдок да ја спаси земјава, но и преку ноќ да стане милионер - вели тој и додава дека мал број од иновациите, на пример, чаевите, сосовите, лековите и филтрите, доживуваат масовно производство.
Меѓу македонските изуми најпознат е уредот за прочистување на издувните гасови, што го изумил еден кочанчанец, кој во 1996 година ја добил наградата Гран при на саемот за иновации "Еурека" во Брисел, Белгија.
Филипов додава дека од регионов досега најдобро се продал антибиотикот *Азиттримицин, патент на хрватската фармација "Плива", што го купила светски познатата фармацевтска компанија "Фајзер".
Според бројот на пронајдоци и жители, Македонија, како што вели Филипов спаѓа во земјите со просечен развој на иноваторството. Меѓу земјите со најголем број иновации спаѓаат Јапонија со 300.000 и САД со 150.000 изуми годишно.
 - Некои земји се јавуваат и како сопственици на патенти. Владата на САД е сопственик на најголемиот број патенти против СИДА. Македонската влада не е сопственик на ниеден патент. Примерите на Сингапур, Тајланд, Јапонија и Кина покажуваат дека рецептот за стабилен економски развој е инвестирањето во голем број мали откритија и во заштитата на индустриската сопственост - вели Филипов.
Секоја година во Скопје се одржува саемска манифестација "МАКИНОВА", на која се претставуваат по 200 нови изуми како од македонски така и од пронаоѓачи од земјите од регионов и од Јапонија. На годинашната саемска манифестација, што ќе се одржи од 19 до 24 октомври, приоритет ќе им биде даден на еколошките иновации. На саемот "Еурека", закажан за ноември, Македонија ќе се претстави со пет пронајдоци што ќе се најдат во конкуренција меѓу 1.000 нови откритија од 50 земји од светот.



извор дневник 18 март 2006

ајде повелете на демантирање, понекогаш ова новинариве се толку песимисти што ти доаѓа да ги депортираш со се редакција во ирак, се интересираат или набројуваат само ексцентричност најверојатно такви огледала чуваат дома Question!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Jul-2008 at 18:02
Лорандитот е единствено парче од сонцето кое паднало на земјата. Таму има нуклеарно гориво во изобилство, само што не е најдено како тоа може да се активира.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jul-2008 at 19:12
следните неколку поста ќе постирам преземени постови од форумот на www.macbro.org во секцијата Македонски Достигнувања од темата Технолошки Достигнувања форумот е инаку со, за и на Македонци од белиот свет т.е. дијаспората...

19.08.2007

Марко Чалосан

Иако има само седум години, Марко Чалосан е најмалиот добитник на сертификат од компјутерскиот гигант „Мајкрософт“. Ова чудо од дете е пример дека не се важни годините за да се биде дел и да се следат најновите светски технолошки достигнувања.

Од свои четири години знаел да зборува одлично англиски. Гледајќи ги како работат неговите родители, почнал да ги повторува работите.

„Од време на време му дававме нешто да направи, му покажувавме и гледавме дека тој премногу брзо тоа го совладува и немаше по вторпат повторување за истата тема којашто ќе му ја покажевме“, изјави Радица Чалосан, мајка на Марко.

Неговиот талент и дарба семејството одлучило да ја верификува и побарало од „Мајкрософт“ да го провери неговото знаење.

„Го спроведовме испитот онака како што тоа го налагаат безбедносните процедури на компанијата“, рече Александар Марјановиќ, академија Александрија.

Дека детето е вистинско чудо покажало и успешното решавање на тестовите, со максимум поени.

„Компресија, енкрипција, инсталирање обична автоматска инсталација, актив директори и други работи“, вели Марко Чалосан.

Седумгодишниот Марко има диплома за инсталација и проблеми со ХП оперативен систем и десктоп апликации.




Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 19:16
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Jul-2008 at 19:16
8-2-2008

Ербас користи македонски софтвер



Европскиот гигант во авиоиндустријата Ербас од неодамна користи високософистициран софтвер изработен на Машински факултет во Скопје. Ова се наведува во соопштението што вчера го дистрибуираше Машинскиот факултет, во кое се појаснува дека станува збор за пакет од 20 компјутерски програми од областа на ладење, греење и пресметки на термодинамички величини и циклуси.

- Со оглед на фактот што Ербас е компанија која работи со технологија на највисоко ниво, ова претставува голем успех за нас - се вели во информацијата од факултетот.

Автор на софтверот е професор д-р Ристо Цицонков, којшто работи на развивање на овој софтвер почнувајќи од 1980 година. Но, меѓународната афирмација почнува од 1994 година кога софтверот беше првпат изложен на Меѓународниот саем за ладење и климатизација во Нирнберг - Германија.

- Оттогаш Машинскиот факултет е редовен учесник на саемот со свој сопствен штанд. Нашите компјутерски програми ги користат голем број институции и фирми од повеќе земји во светот - се вели во соопштението.

...

www.hitech.com.mk

Погледнете ја странава. Тоа е Македонска компанија кој ја произведува електрониката за Airbus, Boeing и други големи авиони. Компанијата се наоѓа во близина на с. Орешани.



Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 19:29
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Jul-2008 at 19:20

Македонски куќи во Франција



Македонската фирма „Хот-хот” потпиша договор со француската фирма „Асс” за извоз на 100 македонски куќи за источна Франција, на брегот на Атлантски Океан. Договорот вреден 1,5 милион евра е потпишан во Париз.
Фирмата „Хот-хот” веќе работи на пазарите во Турција, во земјите од поранешна Југославија, а со Грција неделава треба да потпишат договор за соработка. До крајот на годината ист таков договор ќе биде потпишан и со Бугарија.
Оваа фирма постои 9 години, а има изработено повеќе од 350 објекти во Македонија. Тие изработуваат колипки, фамилијарни куќи, бунгалови и градинарски материјали. Фирмата стана веќе препознатлив бренд во Македонија.



- При градбата се користат исклучиво квалитетни материјали, совршени системи на градба, професионална комуникација со инвеститорите и широка палета на готови производи. Се разбира и цените се пристапни - вели Роберт Хот, сопственикот на фирмата.

За производите на оваа фирма постои голем интерес во Македонија.
Роберт Хот вели дека идејата за ваков вид на производство ја добил на еден саем во Лос Анџелес и до денес може да се пофали со успешно реализирање на оваа идеја.

В.С.

Време, број 1077, 21.05.2007




Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 21:20
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Jul-2008 at 19:24
Maкедонски мозоци

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија присуствуваше на меѓународната изложба на пронајдоци BRUSSELS INNOVA 2007, која се одржа од 22 до 25 ноември 2007 во Брисел, Белгија.

На изложбата учествуваа 400 претставници од 21 земја со вкупно 425 пронајдоци. Република Македонија учествуваше со 5 пронајдоци. За изложените пронајдоци одлучуваше стручно жири составено од Нациоанално белгиско жири и Меѓународно жири составено од експерти од земјите учеснички. Стручното жири ги додели следниве награди:

ЗЛАТЕН МЕДАЛ со почесна диплома на пронајдувачите Иван Поповиќ и Ванѓел Димановски за пронајдокот “ 1000 ВАТИ 1 ОМ АУДИО ЗАЈАКНУВАЧ НА СНАГА СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ”;

ЗЛАТЕН МЕДАЛ на пронајдувачот Стефан Поп Дучев за пронајдокот “ДИГИТАЛЕН МИКРО ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА МЕРЕЊЕ И АНАЛИЗА НА ВИБРО СПЕКТАРОТ И ТЕМПЕРАТУРАТА КАЈ ИНДУСТРИСКИТЕ ТЕХНОЛОШКИ КОНФИГУРАЦИИ”;

СРЕБРЕН МЕДАЛ на пронајдувачот Зубер Рамани за пронајдокот “УРЕД ЗА ПРИДУШУВАЊЕ НА УДАРНИОТ БРАН КАЈ ПЛОВНИ ОБЈЕКТИ “;

СРЕБРЕН МЕДАЛ на пронајдувачот Костел Шекутковски за пронајдокот со назив “СЛОЖУВАЛКА СО ЧЕТИРИ ТОПКИ”;

БРОНЗЕН МЕДАЛ на пронајдувачот Славе Герасимоски за пронајдокот “ЏЕБЕН БЛОК ОД ХАРТИЈА ЗА ЗАВИТКУВАЊЕ НА ИЗЏВАКАНА ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ (МАСТИКА)”

Специјални награди им беа доделени на:

- пронајдувачите Иван Поповиќ и Ванѓел Димановски за пронајдокот “1000 ВАТИ 1 ОМ АУДИО ЗАЈАКНУВАЧ НА СНАГА СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ”, ПЕХАР од Претседателот на Меѓународната Бизнис Асоцијација од Полска како и диплома од Канцеларијата на службениот претставник на изложбата Брисел Еурека за Босна и Херцеговина;

- пронајдувачот Стефан Поп Дучев за пронајдокот “ДИГИТАЛЕН МИКРО ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА МЕРЕЊЕ И АНАЛИЗА НА ВИБРО СПЕКТАРОТ И ТЕМПЕРАТУРАТА КАЈ ИНДУСТРИСКИТЕ ТЕХНОЛОШКИ КОНФИГУРАЦИИ”, ПЕХАР со диплома – ARTA PRIX 2007 од Сојузот на пронајдувачи на Република Хрватска како и диплома од Канцеларијата на службениот претставник на изложбата Брисел Еурека за Босна и Херцеговина;

- пронајдувачот Зубер Рамани за пронајдокот “УРЕД ЗА ПРИДУШУВАЊЕ НА УДАРНИОТ БРАН КАЈ ПЛОВНИ ОБЈЕКТИ “, ПЕХАР од Министерството за цивилна одбрана на Руската Федерација;

- пронајдувачот Костел Шекутковски за пронајдокот со назив “СЛОЖУВАЛКА СО ЧЕТИРИ ТОПКИ”, медалја со диплома од Управата на “РОСПРОМ” од Република Украина;

- на пронајдувачот Славе Герасимоски за пронајдокот “ЏЕБЕН БЛОК ОД ХАРТИЈА ЗА ЗАВИТКУВАЊЕ НА ИЗЏВАКАНА ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ(МАСТИКА)”, диплома од Канцеларијата на службениот претставник на изложбата Брисел Еурека за Босна и Херцеговина.


Посебна награда на Државниот завод за индустриска сопственост му додели Украинскиот меѓународен салон за иновации и нови технологии за заложбите за промоцијата на пронајдоците и настап на BRUSSELS INNOVA 2007.



Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 19:24
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Jul-2008 at 19:26
Македонски иноватори наградени на Меѓународна изложба во Белград

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје освои сребрен медал на Меѓународната изложба за пронајдоци „Изумителство - Белград 2008“. Наградата со ликот на Никола Тесла во областа „Пронајдоци“ е доделена за „Нервно инферентен двоножен робот“, чии автори се Драган Аврамовски, Мирослав Павлевски и Александар Цветановски.

Со признание се врати и Технолошко-металуршки факултет кој, исто така, освои сребро, но во областа нови технологии за „Одредување геометриски параметри на кристализатори и технолошки параметри на процеси за континуирано лиење алуминиумски правоаголни профили“.

Бронза со ликот на Никола Тесла во областа „Нови технологии“ доби и Александар Цветановски за „Развоен систем за микроконтролори од фамилија Пик-микро“. Меѓународната изложба на пронајдоци се одржа во белградскиот Етнографски музеј од 5 до 9 мај. (МИА)

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Jul-2008 at 19:30
МАКЕДОНСКИ ИНОВАЦИИ
Анаеробната станица што не троши струја

Анаеробната станица за пречистување на комунални и индустриски отпадни води што ја изумил и патентирал македонскиот инженер и технолог Јоти Поповски е добитник на наградата на австриската фондација Енерџи Глоуб. Наградата што е под покровителство на ОН, Поповски ќе ја прими на 26 мај годинава во Брисел. Предноста на оваа станица е што при нејзиното работење не троши струја и не ја загадува околината. Тој за својот изум и во 2001 година добил златен медал за иновација, истражување и нови технологии во Брисел. Наградата Поповски ја доби во конкуренција на 853 проекти од 109 држави во светот.

Драги Петрушевски, директор на компанијата Интермонт која ги произведува овие станици вели дека 60 од нив веќе се пласирани на три континенти во светот, а во земјава од 1998 до 2001 година се монтирани 18 вакви станици. Првата е поставена на Исламскиот факултет во скопско Кондово во 1998 година и работи веќе 10 години. Тој нагласи дека во Прилеп во моментов се инсталира станица од 15 милиони евра, што е странска инвестиција, која годишно само за струја ќе троши еден милион евра.

Според Петрушевски, ако би се инсталирала анаеробната станица таа би чинела четири милиони евра и за нејзино работење нема да се потроши ни еден киловат електрична енергија, а нема да се користат ниту дополнителни хемикалии.

Според објаснувањето, заштедата на енергија е по пат на алтернативни методи, а водата се пречистува со едновремено произведување на гас со многу висока концентрација на метан (87%), што, пак, исто така може да се користи како гориво.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Jul-2008 at 19:32
Македонец ја побива теоријата на Ајнштајн

Теоријата за релативитет на Алберт Ајнштајн не е целосна и не е разработена до крај и во неа постојат многу нелогичности, тврди македонскиот физичар Стефан Пеев. Тој поаѓа од тврдењето дека равенката за релативитет, откриена на почетокот на минатиот век, не е разбирлива, зашто науката се уште нема целосно сознание за времето, просторот, но и за брзината на светлината. - Моите математички истражувања ја побиваат познатата теоријата на релативитет, дека енергијата е еднаква на масата по брзината на светлината на квадрат, Е = МС . Брзината на светлината не треба да се степенува на квадрат, бидејќи не е изедначена со соодветна мерна единица. За таа теорија да биде целосно точна, потребно е да се воведат нови мерни единици, како што се маса на време и маса на простор, во функција со времето - смета Пеев. Ајнштајновата теорија за релативитет се темели на две тврдења. Во првата се образложува човечкото движење низ времето. Пеев тврди дека тоа воопшто не е точно, бидејќи појавите во вселената не течат истовремено, туку зависат од променливата брзина на времето. За погрешно го смета и тврдењето за движењето на човекот низ светлината. Тој смета дека брзината на светлината не е константна, туку зависи од брзината на времето и од просторот. - Основната грешка на Ајнштајн е користењето погрешни мерни единици, а тоа во физиката е недозволиво. Брзината на светлината ја мерел со единици мерки за просторот и за времето, а треба да се мери со единици за брзината на времето и за брзината на просторот, бидејќи станува збор за брзина - вели Пеев во неговиот научен труд „Космос“.
За истражувањата на Пеев за микросветот и за макросветот, на кои работел повеќе децении, интерес покажала американската Академија на науки, која што за истражувањата за да се потврдат заклучоците на Пеев досега вложила околу милијарда долари. Приказната за велешкиот научник стигнала и до страниците во прочуениот „Њујорк тајмс“ и во најпознатите весници во Кина. Во нив, според Пеев, се укажува дека ова истражување би можело сериозно да ја промени теоријата на Алберт Ајнштајн, еден од најголемите научници во светот.



Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 19:33
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Jul-2008 at 19:35
Светско признание за македонскиот иноватор Јоти Поповски

Пречистителната станица на македонскиот иноватор инсталирана и на Антарктик

БРИСЕЛ - Службена зграда што троши нула енергија, станбени комплекси исклучиво на еколошка енергија, технологии за заштеда и заштита на околината - се проектите на иднината што се најдоа на листата на наградени на австриската фондација „Енерџи глоуб“, а официјално беа објавени на целодневна свечена церемонија во Европскиот парламент во Брисел. Меѓу нив беше и проектот на Јоти Поповски од Македонија - пречистителна станица за отпадни води која, како што изјави самиот, работи без енергија, нема потреба од резервни делови, а водата што излегува е чиста речиси колку и домашната за пиење.

Поповски беше еден од стотината наградени од целиот свет кои во конкуренција од над 800 проекти го добија ова светско признание, во присуство на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, поранешната министерка за екологија на Индија, Манека Ганди, и филмската ѕвезда од Боливуд, Амир Кан.

Спектаклот на кој присуствуваа и првиот човек на ЕК, Жозе Мануел Баросо, претседателот на ЕП, Ханс Герт Потеринг, и поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, покажа на кое ниво се издига потребата од користење чиста и обновлива енергија, од нејзина заштита и од заштита на човековата планета.

Поповски, горд на иновацијата што се применува веќе десетта година, изјави дека ваквата пречистителна станица е значајна за Македонија, бидејќи има дефицит од електрична енергија што би требало да ја троши за заштита на околината. Според него, станицата се продава на три континента и е прва што е инсталирана и се применува на Антарктикот, каде што опстојува на минус 40 степени. Последната пречистителна станица на Поповски е продадена на Дубаи и е инсталирана на островот на шеикот. Со неа можат да се пречистуваат индустриските води од пиварниците, металските комбинати, од месната индустрија и слично, а функционира со инсталирање бактерии кои ја уништуваат нечистотијата. Според производителите на оваа станица, компанијата „Интермонт“, нејзина предност, освен некористењето енергија, е и тоа што работи на природен начин, но само 18 такви се продадени во Македонија, бидејќи повеќе им веруваме на странските технологии.

Дека екологијата не треба веќе да се запоставува најдобро илустрираше Манека Ганди, која предупреди дека со растот што го има сега Индија до 2013 година ќе ги дуплира емисиите на штетни гасови и ќе ја качи светската глобална температура за шест проценти. Таа ги посочи САД како најголеми произведувачи на штетни гасови и апелираше до сите да ја сфатат важноста на ваквите проекти.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Jul-2008 at 19:39
Македонска идеја во полуфиналето на Дизајн лаб

„Ајрон Глоув“ или „Ракавица за пеглање“ е насловот на решението кое Нена Бошковска го пријавила на натпреварот
Во конкуренција на 600 студенти од 42 земји во светот, македонката Нена Бошковска од Архитектонскиот факултет во Скопје, се избори за пласман во полуфиналето на престижниот меѓународен студентски конкурс Електролукс Дизајн Лаб 2008.
- Првите реакции беа проследени со 2 минутен молк...измешани чувства, еуфорија! Бидејки воопшто не е мала работа, и е голема чест да се биде избран помеѓу 21 полуфиналисти од вкупно 600 пријавени студенти од целиот свет! Тоа е дефинитивно еден огромен успех за мене - изјави Бошковска за „Кирилица“.

Решението што го дизајнирала таа е прогласено за едно од 21 најкреативна технолошка иновација во светот, кои влегуваат во полуфинале на годинашниот натпревар со тема „Дизајнирај за интернет-генерацијата“.

Над 600 пријавенистуденти со своите иновации годинава се натпреваруваа кој ќе осмислинајдобар уред за домаќинство кој се однесува на скорешна иднина (две до три години од сега), а е наменет за т.н. интернет генерација.

Насловот на решението кое Бошковска го пријавила на натпреварот е „Ајрон Глоув“, или „Ракавица за пеглање“.

- Станува збор за еден нов вид на пегла, која што ќе биде во форма на ракавица, пред сè наменета за модерните луѓе, кои што често патуваат, кои се во постојана трка со времето а воедно секогаш сакаат да изгледаат убаво и уредно. Идејата произлезе по долги размислувања и истражувања кои ги спроведов со помош на луѓето од т.н. „интернет генерација“ со цел да стигнам до ваквото решение – објаснува Бошковска.

Таа, заедно со уште 20 други полуфиналисти, ќе се бори за влез во големото финале што ќе се одржи во Цирих на 9 октомври 2008 година, каде ќе учествуваат 8-те најдобри студенти - дизајнери.

Македонија, земја со наголем број на апликанти во Балканскиот регион, учествува по трет пат на Електролукс Дизајн лаб 2008, а ова е најголем успех што досега го постигнал наш студент на овој престижен меѓународен студентски натпревар по дизајн, кој постои од 2003 година.



*******

Originally posted by lslcrew

Бетон можеш ли да најдеш за оној копјутерот што беше скоро дизајниран од македонски иноватор, оној лаптопот во форма на топка, што проектира IR тастатура и има вграден прожектор како монитор.


на форумот на www.macbro.com баш на истата страна со изумот на Нена Бошковска е наведен и дизајнот на Апостол Тноковски кој успеал од 1000 концепти да влезе меѓу 80 најдобри на натпревар на Мајкрософт за дизајн на нова генерација на персонални компјутери што е голем успех , но не е она златен или блиску до златен медал за иновација па затоа и не го постирав текстот за да не се распламтиме наоколу т.е. ја разводниме темата со сите аплицирани проекти наоколу, мислам дека најдобро е да се држиме до нај извиканите и нај потенцијалните, исто не ги набројав наградите за вина и за ракии бидејќи сепак ова е технички форум...
сепак доколку некој смета дека вреди да се посвети на нешто внимание бујрум, сепак ова е слободен форум!


Edited by beTon - 24-Jul-2008 at 21:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Jul-2008 at 19:46
Бетон можеш ли да најдеш за оној копјутерот што беше скоро дизајниран од македонски иноватор, оној лаптопот во форма на топка, што проектира IR тастатура и има вграден прожектор како монитор.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Jul-2008 at 20:41
Originally posted by lslcrew

Лорандитот е единствено парче од сонцето кое паднало на земјата. Таму има нуклеарно гориво во изобилство, само што не е најдено како тоа може да се активира.


дека доколку се улови т.е. се детектира неутриното ќе можеме да држиме секој по едно сонце во рака тоа е точно бидејќи истото тоа е докажано, додека Македонецот од Сорбона академикот Паскал Сотировски докажа дека тоа е најизводливо - детектирањето со Лорандитот минералот на Талиумот кој единствено во Македонија- на Кожуф планина го има во изобилство , проценката е дека има од 90 па се 250 тони чист лорандит, кој во останатиот дел од светот го има во незначителни количества или е помешан со други елементи што го прави неупотреблив...она што е интересно е дека уште во 70ите тиле им дал на америте само 3 грама за експеримент додека на русите 3 кила, и на тоа останало, се до ’96/’97 кога бране наш им го отстапува на 10 годишно експлоатирање рудникот на наса, е сега под кои услови и како незнам, за ова имам само чуено неофицијално, потврда немам, но знам дека имало теренски сондажи од страна на америте остај друго обезбедувани од нато патем...абе да знае народов што пари се фрла на овие експерименти за детекција на неутрино честичките и сам ќе инвестира во некој поголем експеримент кога веќе имаме суровина на претек, но тоа требаше да биде уште додека беше жив академик Сотировски, но никогаш не е касно...

еве кои се експерименти биле активни на полето на детекција на неутриното:

High-energy neutrino and underground muon experiments

Neutrino experiments at particle accelerators
(including long-baseline neutrino beams)

  • BooNE [Booster Neutrino Experiment]: planned experiment at Fermilab
  • CHORUS [CERN Hybrid Oscillation Research apparatUS]: experiment at CERN
  • COSMOS [COsmologically Significant Mass Oscillation Search]: Experiment E803 at FermiLab (??)
  • KARMEN [KArlsruhe Rutherford Intermediate Energy Neutrino Experiment]
  • KEK-PS E362 (K2K: KEK to Kamioka) New long-baseline neutrino oscillation experiment from KEK PS to SuperKamiokande
  • LSND [Liquid Scintillator Neutrino Detector] at Los Alamos
  • MINOS [Main Injector Neutrino Oscillation Search] Long-baseline experiment with neutrino beam from FNAL to Soudan. For live event display go here.
  • NOE [Neutrino Oscillation Experiment]: planned CERN to Gran Sasso long-baseline experiment.
  • NOMAD [Neutrino Oscillation MAgnetic Detector] experiment at CERN.
  • NuTeV (Fermilab experiment E815, measures mainly sin2thetaw).
  • OPERA [Oscillation Project with Emulsion-tRacking Apparatus]: proposed CERN to Gran Sasso long-baseline experiment.
  • TAU (Fermilab experiment E 872)
  • TOSCA [Topological Oscillation Search with kinematiCal Analysis]: intended CERN short-baseline experiment.
Reactor neutrino experiments
  • CHOOZ (reactor neutrino oscillations experiment, Ardennes, France)
  • Double-CHOOZ (a project to measure the theta_1_3 neutrino mixing parameter)
  • HLMA [High LMA-Solution of MSW-Effect] a project study for reactor neutrino measurements complementing KamLAND.
  • KamLAND (in the Kamioka mine, Japan).
  • MUNU (at the Bugey nuclear power plant, France).
  • Palo Verde neutrino oscillation experiment (See also here.)
Underground neutrino and muon experiments
  • BOREXINO experiment at Gran Sasso (see, among others, also pages of the Princeton, Munich, and Heidelberg groups).
  • CERN underground muon experiments Cosmics with L3 and CosmoLEP
  • GALLEX [GALLium EXperiment] a former solar neutrino experiment at Gran Sasso
  • GNO [Gallium Neutrino Observatory] is the successor project of GALLEX. See also here.
  • Various GRAN SASSO experiments [GALLEX, LVD, MACRO, and others]
  • GERDA [GERmanium Detector Array] at LNGS
  • HELLAZ [HELium á la tempèrature de L'AZote liquide] (proposed but discontinued solar neutrino detector project; see also French page)
  • HERON R&D project
  • Homestake chlorine experiment (no link known).
  • ICARUS [Imaging Cosmic And Rare Underground Signal]: Liquid argon TPC detector to be build at Gran Sasso.
  • IMB [Irvine Michigan Brookhaven] experiment. (Link unavailable, see experiment entry here or visit this page.)
  • LENS [Low Energy Neutrino Spectroscopy] project for sub-MeV solar neutrino spectrum.
  • LVD experiment [Large Volume Detector] at Gran Sasso.
  • MACRO [Monopole, Astrophysics, Cosmic Rays] (see also pages prepared by Boston, Caltech, and Pisa participants).
  • OMNIS [Observatory for Multiflavor NeutrInos from Supernovae]
  • SAGE [Soviet-American Gallium Experiment]
  • SNO [Sudbury Neutrino Observatory] (see also pages at U. of Washington, U. of Guelph, and LBNL)
  • SOUDAN-2 (Tower-Soudan Iron Mine, Minnesota, USA, operated until 2001). See also here.
  • Super Kamiokando (S-K): see also the S-K pages from Seattle Irvine, and Hawaii)
Underwater neutrino experiments
  • ANTARES [Astronomy with a Neutrino Telescope and Abyss environmental RESearch]
  • Baikal (underwater neutrino experiment in Lake Baikal, Russia).
  • DUMAND [Deep Undersea Muon and Neutrino Detector], from Hawaii U.
  • NEMO [NEutrino subMarine Observatory]
  • NESTOR, planned for deployment off the coast of Greece. (Unreliable link, see also experiment entry here.)
Experiments in Antarctic ice (at the South Pole)
  • AMANDA [Antarctic Muon and Neutrino Detector]. (See also the AMANDA page from Wisconsin)
  • IceCube (a kilometer-scale neutrino observatory)
  • RAND [Radio Array Neutrino Detector]
  • RICE [Radio Ice Cerenkov Experiment]
Other cosmic neutrino experiments
  • Goldstone (searching for radio signals from UHE neutrino interactions in the moon)

најверојатно истиве денес се заменети со понапредни експерименти но едно е сигурно трката трае веќе две децении, затоа изгледа толку се инвестира во сместувачки капацитети на кожуф може ќе почнуваат нешто, но нормално ние последни ќе дознаеме за тоа...едно е сигурно со ваков потенцијал сме жива мета за големите риби освен доколку не поитаме под нечија закрила но и тогаш индиректно ко вазали ќе им бидеме во скут, но бар нема да не сомелат LOL
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Jul-2008 at 20:45
еве една реакција во утрински на Преспанецот Спасе Шуплиновски на тема Лорандит

"Алшар" времеплов - фантазија

Спасе Шуплиновски

Повод: (Научници од НАСА ќе се вклучат во проучување на рудникот "Алшар" 31.12.2002 - 03.01.2003 година).

Освен Интернет-изјавата на професор д-р Доне Гаршановски, речиси сў друго наликува на романтична, на нова фантазија за "Алшар" во турска компанија "Алатини-Шарто" - Солун). "Алшар" не паднал од Сонцето, ниту е единствен рудник на светот со лорандит, туку во него, на пристојна длабочина, има количества од овој минерал со најголема концентрација во светот. Освен научна, нема друга употреблива вредност. Штом се извади на светлина, станува релативно безвреден пурпурно-црвеникав "кристал", кој не е неопасен. Се стравува од неговите арсенички својства и од радиоактивно зрачење. Според тоа, нема потреба од занесување за некаков си научно-туристички "вселенски" центар, па треба да преовладува критичкото гледиште.

Теоријата на стандарден сончев модел нема практична потврда, затоа што не може да се вклопат претпоставените со вистинските бројки на неутриното, честички кои во милијарди минуваат низ нашиот организам. Кога тие честички ќе допрат во лорандитот го трансформираат овој минерал и со броење може емпириски да се добијат величини за компарирање. Кога хипотетичното и емпириското ќе се поклопат, ќе ја имаме "формулата" на Сонцето и ќе можеме вештачки да произведуваме сонца, со што ќе отпаднат сите други досега познати енергенси. Упростено, станува збор за два нуклеарни процеса: за фисија (цепење, атомска бомба) и за фузија (спојување, сончев извор). Никој не знае како таа фузија ја "прави" Сонцето создавајќи топлинска и емсиона енергија во што е и предизвикот. Уште поупростено, сонце "во чаша вода" ќе движи автомобил неограничено време, а кога изворот ќе се потроши се заменува со "нова чаша вода". Тоа е, сепак, преголем предизвик за човештвото во сегашниот степен на неговите поимања, со нужното сомневање заради неизвесноста поттикнат од искуството со "обратната" фисиона атомска, нуклеарна) бомба и нуклеарната централа.

Прв кај нас (и во континуитет две и пол децении) пишував за "Алшар" - уште во 1978 година, откако две години пред тоа до претседателот Јосип Броз Тито се обратија претседателите на САД и на СССР со интересирање за "Алшар". Во меѓувреме, Американците вршеа испитувања под површината на езерото, а Русите во длабочините на рудник на Урал. "Алшар" беше тогаш атрактивна мистерија. Во поново време најмногу напреднаа Јапонците во светските истражувања на неутриното. Се смета дека интересирањето за "Алшар" е веќе застарена работа. Неутриното е "фатено"! Но е потешко да се произведе фузиона одошто фисиона (нуклеарна) централа. Лорандит има во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија, Јужноафриканската Република и други.

Она со Александар Македонски (лепење лорандит врз штитовите, а имало 45.000 штитови по најмалку еден квадратен метар) е чиста фантазија. Точно е само тоа дека сите военопроизводствени научни истражувачи пројавуваат интересирање дали Александар Македонски имал ласерско оружје. Ако го имал, тогаш е од два кристала во фокусот на обратно завртен штит низ кои повратно поминуваат сончевите зраци или, како што има најнови сознанија, елкетричен графитен лукс од батерии за постоењето на кои има и писмено сведоштво. Тајна е кој или каков ("црвен"?) кристал е употребен, по кој Американците во Македонија трагаат веќе цела деценија.

Утрински - 16 октомври 2006




ова го ископав од кајгана каде има почнато нешто муабет на оваа тема, се надевам дека тука ќе ни се приклучи некој од геолошки па да ни нафрли и научни подробности и видувања за капацитетот како научна сила, дали можеме да истуркаме и ние некаков експеримент, колку го изнајмуваме или продаваме минералот на останатите итн...
______________________________

Hunting for neutrinos under the South Pole - NewScientist - 19.04.2008




Edited by beTon - 21-Feb-2009 at 17:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Jul-2008 at 23:07
Бетон, за Алшар доста се имам интересирано и многу фасцинантни податоци имам прочитано. Во архивата на утрински има некои статии, ама од стариот страница архивата, сеуште стои на интернет. Една знам дека, тоа што може еден кубен cm од лорандитот да заврши работа, во Швајцарија тоа го правеа со огромен базен со вода.

Edited by lslcrew - 24-Jul-2008 at 23:08
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Jul-2008 at 00:23
да експериментите со тешка вода се огромни зафати , најголемиот таков се работи во канада каде подземја е направен огромен контејнер во форма на сфера и е полн со тешка вода, но нивните теории и експерименти не ги имаат ни блиску доведено до неутриното, она што Академик Сотировски го докажа како теорија треба дефинитивно да го пробаме во пракса, но чекај малку прво треба да фрламе пари на научен кадар т.е. турбо едукација и специјализација па после ако остане нешто на страна од буџетот за туризам дури тогаш нешто има шанса и да пробаме...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Jul-2008 at 00:35
Бетон не се секирај, некој веќе тоа го пробал лабараториски и увидел стратешка точка на балканот. Барем јас така сум убеден.

А незнаев дека се работи за тешка вода. Знам дека нешто се сликаше со high-res камера, па требаше да се гледаат некои линии светлечки демек нешто некоја честица незнам кај мавала.

Edited by lslcrew - 25-Jul-2008 at 00:36
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.