build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Детски кампови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Детски кампови
    Posted: 02-Aug-2016 at 20:40
можеби нишкава ќе биде по прикладна за во подфорумот Летувалишта и Одморалишта, евентуално како пост во офтопик нишките Емоционална Интелигенција илити Индивидуален квалитет на живеење, битно единствен образовен аспект во заедницата кој има споредно а треба да има главно значење за развој на децата, онаа настава во природа која денес завршува најчесто како хотелска екскурзија на крајот од школската година, наместо да биде целомесечен летен едукативен камп, а каде зависно од интересот и волјата децата би ги доусовршувале школските и воншколските активности, најчесто спорт и уметност, но зошто не и наука како астрономија, теологија, етика/филозофија, хортикултура, органско земјоделие итн. итн. а зошто не и се' во едно ... ех детство, во лето не носеа во Асамати а во зима Отешево, но чинам тоа не беа задолжителни екскурзии, во очите на децата патешествија/експедиции

а зошто не и сега врз вакво нешто да нема монопол секоја општина, а во координација со министерство за образование да се разработуваат подобни програми, како летни школски кампови, каде пак пожелно би било да се доедуцираат односно дружат и децата на иселениците, доколку на иселените македонци гледаме сеуште ко на свои, што е случај само кога ни треба нивна помош, но не и кога ние би требало некако да им посветиме внимание, хм, зар детските одморалишта од социјализмот ја немаа оваа улога, можеби, но смешно е да во време кога извондредно лесно е сето ова да се организира, нам да ни е потешко него кога телефон имало само секое трето село ... вели текстов многу од училиштата самостојно и организираат летни кампови, но лично немам чуено за ниеден за претшолска возраст, иако немам чуено нит за школски, иако не се сомневам дека тук таму има нешто, но нит се промовирани, нит пак јавно видел некој како тоа функционира

Преку летните кампови и извидничките одреди децата се социјализираат

Психолозите советуваат да ги испратите вашите деца на летен камп или во извиднички одред затоа што тоа меѓудругото ќе им овозможи ширење на познанства и дружења

Многу од училиштата преку туристичките агенции организираат летни кампови за деца, каде што децата преку активности можат да се дружат и да спортуваат. Според психолозите ваквите заедничките дружења се од многу битно значење за развојот на едно дете. Децата се наоѓаат во позната средина, меѓу другарите со кои секојдневно се дружат во училиште, а со тоа можат да се стекнат и со нови вештини и да научат нешто корисно и интересно. На тој начин децата се социјализираат, се осознаваат себеси и стануваат сѐ посамостојни

Поради овие причини многу од родителите се одлучуваат да го испратат своето дете на летен камп или, пак, да го зачленат во некои од извидничките одреди во земјава. Психолозите советуваат да ги испратите вашите деца на летен камп или извиднички одред затоа што тоа меѓудругото ќе им овозможи и ширење на познанства и дружења.

Некогаш детските и младинските одморалишта беа симбол на спорт и рекреација, во нив се создаваа спомени на многу генерации. За разлика од минатото во денешно време повеќето од одморалиштата се оставени на времето, заборавени и руинирани. Како последица на тоа денешните деца сѐ помалку имаат можност да осознаат што е тоа организиран летен одмор и да другаруваат на езеро или планина - вели Марија Трајковска.

Најголем дел од денешните деца се опседнати од придобивките на модерната информатичка технологија, па затоа не се доволно социјализирани. Членувањето во извиднички одред е најдобриот начин децата да ја осознаат потребата дека човекот како свесно битие не е создаден да живее сам за себе, туку треба да соработува со другите луѓе. Во програмата за работа на секој извиднички одред постојат работилници со кои се вежбаат активности што човекот не може да ги работи сам т.е. им се предочува на децата дека тимската работа доведува до подобри резултати на полесен начин. Сето тоа децата го согледуваат преку практичната примена и вежби што ги имаат за време на извидничките кампови.

Да се биде извидник значи да се биде комплетна личност. Се јакнат психомоторните способности на децата, способноста за опстанок и ориентација во природа, здравиот начин на живеење, коректниот однос кон природата и јакнењето на еколошката свест, се зголемува самодовербата и способноста да го разликуваат правилното од погрешното и многу други придобивки - вели Сашко Стефановски, професор по географија и координатор во Извидничкиот одред "Ластовица" од Кочани.

Како што истакна Стефановски, постојат повеќе категории на извидници во зависност од нивната возраст, но извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани планира во наредната година да работи и со деца од категоријата помлади извидници (на возраст од 12-15 години или од шесто до деветто одделение). Откако ќе се создаде база на членови со основни извиднички познавања тие планираат да се формира и група развигорци (на возраст од седум до 11 години или до петто одделение).

Денешните родители со задоволство ги пријавуваат своите деца. Голем дел од нив го прават тоа и од носталгични причини, бидејќи и тие како деца биле извидници, па не сакаат на своите деца да им ја скратат можноста да ги почувствуваат благодатите што ги нуди извидништвото. Доколку Сојузот на Извидници на Македонија ни овозможи термин, би сакале да организираме летен камп во Охрид, а доколку не ги усогласиме термините, ќе организираме летен камп на Осоговските Планини кон крајот на летото - вели Стефановски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=0ed58799-4fc5-4d62-a534-3af377b57cb0

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Aug-2016 at 12:21


Детско рекреативно одморалиште СЛАВЕЈЧЕ ДООЕЛ Скопје - Подружница СЛАВЕЈЧЕ нас.Св.Стефан Охрид

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Aug-2016 at 22:05


освен спортски, имаме и црковни детски кампови [1][2] а еве пуштиле и технолошки т.е. автоматичарски, што е за поздрав бидејки до сега најчесто беа застапени само тоа рекреативните ... се сеќавам ко дете едно лето имав три смени поминато во тоа кошаркарскиот камп на кк.Соколи во Отешево, и' разбира'се на кој последната смена децата ги закачи салмонела од кујната на сега опожарениот хотел Европа, мислам потем цел камп ја помина евакуацијата спиејки на плажа, ајде сефте осамостоени та ништо случајно!

веројатно да сме саглам организирани околу поимот цивилна одбрана, уште како деца би требало задолжително да ги спремаме младите за ОНО преку државно спонзорирани кампови на ЦК кои денес се оставени на плеки на филантропски расположените поединци и родители   
http://www.bing.com/search?q=црвен+крст+камп

декларативно ги има, но дефинитивно фалат што повеќе еко-кампови како пандан на извидничките каде меѓу другото како активност би имало и преживување во природа, пермакултура и хортикултура, евентуално некоја рурална уметност како балансинг-стоунс или спорт како риболов со грдо пајче за скопјанчина идеално во НП Јасен ем езерото Козјак, а сместени во манастирот кај Близанско ... а можат и мулти-култи комбинација да тераат во Маврово односно некаде Леуново бар заради кетеринг од хотел Радика, а реално вака и би требало да се условени сите детски кампови - исхраната да е строго хасап и хотелска, макар и како ланч-пакети секојдневно носена ... та ако и хотелски има шанса за некаков кабает ко што посочувам погоре колку повеќе ако приватно некои тетки тимарат храна за цела смена, а камо да бидат условени и со активно промовирање на јавната кампања за Здрава Храна [1] како задолжителна норма за секој детски камп кој би сакал да добие некаква гаранција од државата односно некако да е сертифициран / стандардизиран, хм не е лошо да има посебна лиценца и за макробиотска кујна [2] a зошто не и традиционална [3] доколку се сети некој некаде да промовира етно-детски-кампови по селава, ех ткаење, ора, резбање, иконопис та и сучење зелници ~ идеална прилика да ја испратиме музејски изворната традиција, а сепак и некако да ја оставиме во аманет за поколенијата, штета чинам последен миг така да се зачуваат и селските занаети, искуства потребни и за родителите а не само децата, хм можеби идеално би било да има понуда и за фамилијарни етно-кампови, но истите би биле се'достапни само доколку се истерани во склоп некоја државна иницијатива односно проект налик историскo-рурална промоција на живата традиција и' за старо и' за младо ~ да учат како Јордан Пиперката нижел Пипер сред Пелагонија

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Mar-2020 at 16:36

доколку се споредиме вооднос тековното Основно Образование во Азија лесно може да увидиме дека нашите Деца се супер улежани, после не е ни за чудење зошто како Возрасни им е тешко во Живот, евентуално оние кои живејат Рурално да имаат тро отпојќе кондиција, но ни од блиску ко во Азија мотивирани за Разиграно Детство ... но дека преку ноќ тука нешто ќе се смени тоа тешко та затоа и најнеопходно е да се Задолжителна Норма Детските Кампови и во Лето и во Зима, но знаејќи дека Народ во целина нема услови ова индивидуално да го покрива чинам неопходно е државата да впрегне соодветен програм за Вистинска Настава во Природа иако и локално тоа да е истерано повторно какви детски одморалишта има во близина на градовите!?


Originally posted by Zelenikovo

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Mar-2020 at 15:15

дефакто кај нас на најпоследно место се Децата нели и имаат минимум услови и нек се радуваат и за тоа, наместо да се мотивираат Родители ако не друго заради супер-државен одгој-атмосфера да си речат евала ќе останеме заради децата во Македонија ... off ~ може некоја корисна новина во овој правец е допуштањето да има дејкер-ат-ворк градинки по фирмите за вработените (мислам ова го допуштија и кај нас во форма на приватни градинки само немам чуено за некоја фирма да го искористила) онака да можат на око да си ги имаат Деца родителите што особено е неопходно за оние Дечиња со посебни потреби, но недостасуваат консултантски механизми ко што е во Јапонија или сАд, мислам не дека мене ова ми се допаѓа од аспект на бројлерлук големите компании со задоволство би имплементирале ваков спин за дополнително да ги навлечат мајките да работат што поопуштено автоматски на лента, сепак веројатно и на многу Мајки вакво нешто би им било одишка ако знаеме дека патријархалниот систем за големи фамилии каде и Баба и Дедо ги чуваат внуци речиси ко и да испарил ...

но поентата во однос Детски Кампови ми е дека истите може и треба да се Бесплатна Норма бар за оние Деца кои Тренираат на сите возрасти, значи налик Спортски Летни и Зимски Кампови како продолжена рака (Програма) на оние Спортски Клубови кои имаат јуниорски и кадетски екипи ... нешто што посекако ќе мора да се субвенционира бар во однос превозот и обезбедувањето, а чинам доколку коцкарските навики се срочат пооштроумно ќе се изградат брзо и на ангро многу Државни Детски Одморалишта со вакви средства, мислам и така не ми се верува ко во комшилук да бидеме одважни за максимална касапана по коцкарските и кладилничарските дувла [1] та може и навистина за почеток Државна Лотарија која би го покривала ова би била добредојдена а преку сите средства од неа [2][2] (а не ко сега само провизијата од 5% чинам што оди за АгеМлаСпо) да се трасира озбилно Здрава Иднина за Најмладите пред се’ но и за Младите воопшто, зошто навистина секое Дете да нема можност за Велосипед До Школо а тоа да е осигурано подобно [3] а кога бар сиромашните проблематичните и одличните Деца (зошто не и Сите) би ги праќале на зимски и летен рихаб во Природа чинам сите Родители би се пишманеле за страначка со леснотија, а доколку имаме избилдано инфраструктура подобна и бар за Извиднички Планинарски Кампови вака бар со Колиби за Кујни и Мензи та дури биле и од балирана слама ако не камен, мислам децата поприлично ќе му се радуваат на Живот во Македонија, тоа пак отвора можност и за правилна екскурзиска размена на Ученици бидејќи и ние би имале Инфраструктура за да организираме европски кампои ... ова олимпикс муабетов ама Ич не ми се свиѓа [1][1] но поетнтата ко Дружба пред се локална но и европска ми е слична ...



https://activeforlife.com/quality-sport-programs-for-kids/

How to run a sports camp – legally speaking

How to run a successful and educational basketball camp


можам да кажам дека како дете иако не влегов во Првиот Кадетски Тим во ККСоколи, сепак на единствениот летен камп на клубот на кој бев во Отешево со самото тоа што земав во две смени Турнирот во Тројки просто како сатисфакција ми беше доволно за и откако престанав на почеток на Средно да тренирам да бидам свој на своето после 4 години тренинг, иако ксмет кој го немаа другите Деца, па би рекол неопходно е постојано да има и Летни и Зимски Кампови но и Стритбол Турнири како ете бар од спунт децата да можат некако да се реализираат иако имав и среќа да не влезам во Првиот Кадетски Тим бидејќи реално најголемите неуспеси доаѓаат потоа, еве еден поучен пример од нет преку кој може и мора да се разбере дека Инвестицијата во децата мора да е оштроумно осигурана за секое едно дете да може да издвојува победа или уште поважно да добие прилика за меѓутимски натпревари, бидејќи навистина е греота децата цело свое слободно време да си го посветат на спортот за уште од старт да се демотивираат или затворат во себе бидејќи немале еднакви шанси (и сами си знаеме) со оние Деца зад кои се заземал некој со врски, а Чинам за ова да се релативизира бар кај групните спортови та ако не на Официјалните Лигашки Јуниорски и Кадетски Турнири тогаш на Кампинг Турнирите да се организира играта така да неможе цело време Една Иста Клупа да Игра на Турнирот туку да мора една клупа само првото а друга клупа второто полувреме, нешто што неретко се случува на самиот тренинг, Но доколку ова е за Поени на Летни Клупски Турнири така не само што сите Деца ќе добијат натпреварувачка шанса туку и самите утакмици ќе бидат поинтересни, прво поексплозивни а потоа и со помалку шанси да се наместат некако, Што конечно доколку бидне пракса и во Секоја Лига за Кадети мислам дека нивото на спортот кај нас брзо би кревало угоре, прашање е колку Интернационалните Федерации би имале разбирање за ваков натпреварувачки модел, Но доколку пробаме најнапред камперски а потоа и неофицијално експериментално лигашки и со евентуална подобра статистика та да добиеме и официјално дозвола за Ваков Рамноправно Мотивирачки Систем за Младите ... камо вакво Чудо да можеше да бидне норма и за Прволигашите, иако е возможно да се направи некаков Сезонски Куп од ваков тип како би увиделе каков ефект тоа би имало на самата игра, иако парцијални експерименти ко и во секоја област изнедруваат недоносени резултати ... Сепак Имајте Го Во Предвид Следниот Цитат и Размислете Подобро Вреди Ли Од Младите Да Правите Исфрустрирани Сограѓани Заради Немање Доволно Простор За Регуларни Натпревари Како Што Помалку Би Се Елитизирал Спортот Воопшто ...
Each coach had a kind of ‘mind control’ over her, which I still struggle to understand today. She was terrified of disappointing her coach and would follow her coach’s instructions precisely. Unfortunately, this is not necessarily a positive trait – it has had the lasting effect of paralysing her ability to think freely and creatively; she is afraid to experiment and make mistakes and seeks constant instructions and directions.

https://warriorsinleotards.com/2019/04/23/i-wish-i-had-known/



Edited by Zelenikovo - 09-Mar-2020 at 05:55
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Mar-2020 at 14:44

една побитна работа е анимирање на Деца при Планински Кампови како и во Лето да дури и’ им здосадило да има што да ги опушти за миг, можеиб и нешто налик Вештачка Ски Патека која би можело да се користи и ко сув-тобоган за санкање [1][1] но иако вакво ќе ги направи кампоите поатрактивни, сепак можеби попаметно е ваквата анимација да е законски изоставена, освен за Летни Ски Кампови, а за да нема помалку или повеќе атрактивни кампови ...

Но ова може да се Искористи поинаку ... та наместо туристички Ски спин за Водно [1] корисно би било, доколку некој натака ја турка упорно болдиранава идеја за Ски Патеки на Водно, да се размислува тоа да биде еден Бонус за Децата од Цела Македонија кои заедно со оние од Скопје ќе имаат при Екскурзии на Водно прилика да видат што тоа значи Скија или Борд, ем тоа доколку е државна инвестиција за тие Деца опремата и терминот да се бесплатни ... Сепак прво и основно кој ги праша жителите на с.Нерези дали се согласуваат веднаш до нив да има хедонистички ризик како Ски-Патека, што конечно е недолично и во однос Манстирот на Свети Пантелејмон! мислам ќе разберам од таа страна на Водно да се ски патеките, но од оваа бар Нерезчани треба да се прашаат реферндумски дали се согласуваат за ваква претежно елитна шема донив која не само што ќе повлекува многу аута и гужви туку и галами доколку тоастане буквално шемаод локација, нели има Споменик на Културата ем има Етно Село уште фалат Ски Патеки и навистина местото да бидне гунгула и туристички и фигуративно!

Но Ски Патеки од таа страна на Водно, кои исто беа во ирга на почеток но заради оправданост за етно-селото се свртија однапред, можат да послужат како рекреативен спин за мнозина не само Деца туку и Возрасни, ете ако сторат вештачки патеки ко на видеото од последниот фус, а камо Ние да измислевме некој поподобен материјал на Технолошки Факултет та да биде тоа супер ефтино и за репарирање со оглед дека оваа Идеја беше стуркана ко државен проект, но кој сепак без ваква социјална компонента која ја напоменувам ќе мора да (и ќе) го дадат (ако не и шитнат) на приватник, но ете тоа можат да го сторат за ски патеки од таа страна на Водно но оние за кои мора вештачки снег ко попрофесионални, додека вештачките централни пр. со neveplast да бидат под капа на државата а ко што велам за да бидат во овој контекст како спунт за мини излети т.е. екскурзии на Водно+Матка за Сите Ученици ... дали во политичките програми сеуште ова е приоритет незнам, но ако е, треба поубо да размислат промоторите што како кога и зошто е неопходно од ски-патеки на Водно, ех кога и за вакво нешто би имало Непосредна Демократија та брзо да сме на чисто и да не си губиме време вака нагѓајќи кому што му се сонило дали ќе ни го истовари нели без никого да праша нашироко која варијанта е пологична ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Mar-2020 at 19:53

едно време деведесетите Извиднички Одреди имаше еден куп, сега незнам како е би требало да ги има тродупло, или ... може паметно ет сите оние екскурзии кои им ги организираат училиштата на децата освен Прошетки во Природа тогај да ги подучат на некоја ориентациона техника, па дури и прости поуки како да се снајдат ако се некогаш во небрано надвор од Град ... јасно по Детските Кампови ова може да е краш-курс дел од дневна програма ... доволно и како поучни видеа понекогаш на кои ќе дебатираат пр. што е неопходно ноу-хау во зима [1][1][[1]

https://www.scoutresources.org.uk/camping/index.html


Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.