build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Служби за тревожење и спасување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 09-Aug-2016 at 11:06
Еве како се прави тоа во развиена држава, а не како во нашата - полан со разни шабани и бескорисни партиски паразити.

Еден сајт обединува следење на временска прогноза од час во час, следење на сеизмичка активност, следење на вулкански ерупции и лава, следење на водостој на реките, следење на санти мраз и следење на загаденост.

http://en.vedur.is/
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Aug-2016 at 11:18

ако веќе споредуваш споредувај со соседство, но ти бараш профи метео вебсајт, а реално ние немаме ни адекватен одводен проект за скопската обиколкница, што заедно со ерозијата излегува дека се главните причини за поплавата на с.Стајковци

мислам дека ова конечно мора да ги разбуди сите фактори во државата да ако веќе се нафатиле да работат во некоја служба тоа да го прават совесно и пожртвувано, а не декларативно нишај врата земај плата, таквиот транзициски табиет потпрен врз плеќите на титоизмот доведе до тоа и индетитет да продадеме, и 20 милијарди од приватизацијата да дозволиме да се испустат, а конечно и војна да не стрефи иако сето тоа можеше уште предвреме политички да се изменаџира со леснотија доколку бар малку совеста им работеше на одговорните, та зар во тие прилики не отидоа еден куп животи курбан на прва, што од сиромаштија, криминал, наркоманија, стрес-болести итн. ова сега е само еден извичник на цел тој транзициски епитаф, сите се за греота бидејки сеуште живеат грото по тој апашки аршин на коегзистенција! патем за Јужна Србија имало издадено портокалов аларм а кај нас официјално саде опуштена прогноза бар така звучи ова многу дожд [1] дури и на готвчки блог со поозбилно предупредување [2]
РТС анализира: Зошто само Скопје се најде на удар на големото невреме?

Во гостувањето на вестите на РТС, метеорологот Недељко Тодоровиќ кажа дека циклонот го помина овој регион и нема опасност од нови непогоди. -Тој облак бавно се преместуваше, па големо количество вода падна на едно место во појас од 5 до 10 километри, рече Тодоровиќ.

Прогнозата на екстремни појави е исклучително тешка работа и иако нашите метеоролози ставија портокалов метеоаларм за југот на Србија, тое не е гаранција за долната граница на врнежи. Покрај метеоролошките услови дополнителни проблеми при вакви непогоди создаваат и неисчистените канали, но и самата конфигурација на теренот. -Скопје е во котлина, а околу се планини и водата бара пат за да помине.

Попатно собира камења, гранки и понекој автомобил, така што конфигурацијата на теренот во голема мера ги диктира последиците од непогодата, рече Тодоровиќ. Српскиот метеоролог објасни дека облаците вообичаено брзо се движат и брзо се полнат.

Во случајот на Скопје според него, облакот бил исклучително спор и ја испуштил сета вода што ја имал на релативно мал простор. Според него, во наредните денови не треба да се очекуваат поголеми врнежи во овој регион.

http://skopjeinfo.mk/rts-analizira-zoshto-samo-skopje-se-najde-na-udar-na-golemoto-nevreme


   
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Aug-2016 at 11:40

http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-poplavenite-podrachja-vo-skopje/

Дополнително, може да донирате на телефонскиот број на Црвениот Крст Скопје – 143-400 од сите мобилни оператори.

08.08.2016 - 'На „Фејсбук“ формирана група за помош на поплавените семејства во Скопје'

На социјалната мреж Фејсбук е формирана група Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје на која може да се добијат информации за <span>потребната помош од волонтери, помош во вид на донации, информации за нови собирни места за помош, за расположливите човечки ресурси за директна помош, како информации за состојбата на терен.

Иницијаторите на фејсбук групата апелираат сите граѓани, кои се активни на оваа социјална мрежа и сакаат да помогнат, да се зачленат во групата.

Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за итно интервенирање и повикување надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа, се наведува во соопштението.

До фејсбук групата може да се пристапи на линкот

https://www.facebook.com/groups/530772140451538/


09.08.2016 - Црвениот крст бара да се затворат пунктовите, и само тие да собираат помош за поплавените

Почнувајќи од денеска, сите пунктови на кои се собира хуманитарна помош за населението погодено во катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд ќе бидат затворени, информираат од Црвениот крст.

Од таму велат дека помош за настраданите ќе се собира во магацините на Црвен крст во Момин Поток и во училиштето Наум Наумовски Борче, а од таму активистите на Црвен крст со камиони ќе ги дистрибуираат директно до оние граѓани на кои најмногу им е потребна помош.

– Целата организација околу донациите од денеска ќе ја преземе Црвениот крст. Секој што сака да донира, тоа може да го направи во Момин Поток или училиштето Наум Наумовски Борче, а ние од таму со камиони ќе носиме од куќа до куќа – велат од Црвен крст.

Најпотребни продукти се конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија обвинувања и негодувања дека хуманитарната помош донирана од граѓаните, која доброволци ја собираа на неколку пунктови во Скопје, не им се дава на оние на кои им е најпотребна, туку се препродава или пак се остава сред село и секој си зема она што сака без оглед дали има потреба од тоа, а голем број граѓани од поплавените подрачја не можеле да стигнат до вода или облека. Некои граѓани даваат предлози, продуктите да се обележуваат со маркер за потоа да не можат да се продаваат.

Досега вкупно се собрани 139.885 евра од кои 52.308 од Фондот на солидарност и 87.577 од телефонскиот број за донации.

Жиро сметката на Фонд на солидарноста каде што граѓаните можат да донираат е 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Податоци за сите кои сакаат да донираат во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Од Црвениот крст апелираат граѓаните да ги следат инструкциите за помош за поефикасно справување со последиците од несреќата.

Мета

Дополнето:

Активистите реагираат: Црвениот крст да не пласира невистини, сите пунктови за донации се отворени

http://www.libertas.mk/tsrveniot-krst-bara-da-se-zatvorat-punktovite-i-samo-tie-da-sobiraat-pomosh-za-poplavenite/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 09-Aug-2016 at 18:50



се прашувам зошто и до сега при ДЗС немаа ваква залиха
09.08.2016 - Набавени се нови 1.180 пумпи, дел се веќе во функција

Владата набави нови 1.180 пумпи, од кои дел веќе се на терен. Останатите како што ќе пристигнуваат така ќе се ставаат во функција. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) досега имаше околу 85 пумпи, ова го соопшти директорот на оваа институција Шабан Салиу.
Ние имаме големи, моќни пумпи, за 3.000 литри во минута. Неколку веќе се приклучени таму, рече Салиу, како што посочи, постојано е на терен овие три дена.

Најзагрозени подрачја се Стајковци, Ченто, Сингелиќ, Страчинци, Булачани, Виниче, Црешево, Камник, Раштански Пат и други. Освен ДЗС, на терен се и министерствата за одбрана и за внатрешни работи, како и останати субјекти кои можат да ни дадат одредена помош. Максимално се грижиме прво да ја санираме инфраструктурата бидејќи има срушено многу патишта, рече Салиу.
Најави дека постојано ќе бидат на терен се додека не се врати состојбата во нормала, по улиците и во куќите. Апелираше доколку има доброволци, да им се приклучат и да помогнат во погоденото подрачје. Помош досега има од Бугарија, Србија, а се најавува и од БиХ и од други држави.

Тој информира дека имаат ангажирано тимови кои се потребни за работа со механизација и со пумпите кои се поставени во најважните точки. Во моментов има околу 250 возила и механизација на Дирекцијата и од одредени градежни фирми.
Го активиравме механизмот за заштита и спасување во Брисел и добивме можност за влегување во картите на Коперникус. Тоа се сателитски снимки, каде ќе имаме прегледност во секоја куќа што се случило, во поглед на штетата, рече Салиу.

Најави дека наскоро ќе дојдат експерти од Брисел за да се утврди која е причината за толку голема несреќа.
Салиу потенцира дека во моментов на терен се 276 вработени во ДЗС, распределени на четири точки. Според него, има координација меѓу институциите, а тој е во постојана комуникација со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Салиу рече дека досега се починати 22 лица, а како исчезнати се водат три или четири лица.
Салиу рече дека синоќа разговарал со градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, каде има поплавено делови и додаде оти и таму ќе упатат пумпи.
Салиу рече дека имале дежурства и оти знаеле дека се подготвува невреме, со дождови. - Нема апсолутна одбрана во моментот кога врне дожд. Никој неможеше да претпостави дека ќе се случи ваков настан, рече Салиу.

Директорот на ДЗС информира дека не може се да се санира во еден ден. Правиме се што е во наша надлежност и моќ и максимално им помагаме на сите настрадани семејства. Организирана е и достава храна. Најважно е да се исцрпат водите, калта и да се изврши санација на теренот за да не се шират заразни болести. Некаде најверојатно има и угинат добиток. Месното население постојано се снабдува со вода за пиење, рече Салиу. Тој очекува за два-три дена да се покажат првите резултати, односно подобрување на теренот од активностите за санација на штетите. Шабан Салиу изрази сочувство до семејствата на загинатите и настраданите во поплавите.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=4AC8237B90DFAD4688E956B436858269

09.08.2016 - Граѓаните помагаат, но и одмагаат

И додека припадниците на армијата, потпомогнати од полицијата, веќе трет ден на терен помагаат во отстранувањето на последиците од катастрофалните поплави што беа предизвикани од силното невреме што ги погоди Скопје и околината, сѐ уште не запира да тече матната и калива вода што одзеде 21 човечки живот, многумина повреди и направи огромна материјална штета. Сериозноста на ситуацијата, за жал, вчера не беше сфатена кај голем дел од граѓаните на Скопје во зафатените региони, кои со своите автомобили го блокираа пристапот на службите за помош и евакуација. Иако институциите помогнаа оваа катастрофа да не биде поголема, сепак нивното ограничување во движењето во текот на изминатиот ден во зафатените региони, дури слободно може да се каже и попречувањето во работењето на стручните служби, поради несовесноста на граѓаните, беше сериозно.

Збунетоста, дезориентацијата и конфузноста на граѓаните што се наоѓаа на самото место, но и оние што од одредени причини сакаа да се најдат на местото на настанот, поради стресната психичка состојба, причинија сериозни опструкции во работата на службите за итна помош и на другите служби за помош и интервенции. Ваквиот феномен не се случува првпат. Честопати и при секојдневна интервенција на медицинските возила за брза помош, и при вклучена сирена за приоритет на возилото, другите учесници во сообраќајот не прават отстапки при своето движење и не го пропуштаат возилото на брзата помош. Ваквата појава уште повеќе излезе на виделина со последниве случувања. Очигледно е дека кампањите од ваков тип, запознавањето на граѓаните и нивната едукација од оваа област, во иднина ќе треба да добијат на интензитет. Бидејќи појавата има повеќе аспекти: хуманитарен, етички, морален...

Што се однесува до улиците што водат до Сингелиќ, Стајковци и до Смилковци, тие се проодни, но на места со длабоки локви вода и кал, кои движењето го прават небезбедно и несигурно. Водата во некои од куќите што беа најмногу зафатени од поплавите достигнува и до два метра. Целата покуќнина е потопена, а поголем број од жителите на овие населби немаат каде да ја минат ноќта. Делови од Ченто, Стајковци, Инџиково и од Црешево сѐ уште немаат електрична енергија и стрпливо чекаат пумпи што треба да го испумпаат вишокот вода. Растрчано месно население со солзи во очите спасува што може да се спаси. Во пеколната ноќ велат се спасувале самите, утрото донело страшна слика.

- Катастрофа, ова е досега невидено. Цела ноќ ја минавме на вториот кат од куќата, а кога се симнавме сабајлево во дворот што да видиме, кршови од автомобили. Во еден од нив најдовме две тела. Најпрвин мислевме дека се вреќи со ѓубре, но кога се повлече водата видовме дека се тела - страшно - раскажува вознемирено еден од жителите на Стајковци.

Друг жител на населбата Сингелиќ, чија куќа била погодена во поплавите, вели дека во моментот немаат никакви услови за живот. Тој и неговите сожители веќе три дена со натчовечки напори се обидуваат да им помогнат на најзасегнатите.
- Апелирам до надлежните институции, кои и да се, колку што е можно итно да ни обезбедат средства за хигиена и дезинфекција, облека и вода за пиење. Сѐ ми се поплави, немам што друго да облечам, единствено оваа облека што веќе трет ден ја носам на себе. Немаме никакви услови за живот. Струја нема, водата е загадена, во недостиг сме и со храна, единствено што ни останува е валканата облека на нас - раскажува Енвер Аметај, жител на населбата Сингелиќ.

Тој вели дека е благодарен во овој момент единствено на армијата на Македонија, која заедно со соселаните помогнала да ги извади својата болна мајка и целата покуќнина од својот дом и да обезбеди пристап за излез до главната улица. Енвер објаснува дека во овој момент луѓето не ја сфаќаат сериозноста на природната непогода што ги зафатила и бара да се воведе забрана за движење на цивилните возила во тие региони, бидејќи, според него, тоа дополнително ја драматизира и отежнува и онака хаотичната ситуација.

Негов сожител, четириесет и петгодишниот Боби Стојановски раскажува дека е полн со тага, болка и жалост за настраданите, но во исто време е убеден и дека ќе има подобро утре. Вербата дека сонцето повторно ќе го огрее Скопје и калта ќе замине не го напуштила.

- Сѐ што имав стекнато во мојот живот за миг ми го однесе водата. Целата стока ми се удави, механизацијата, автомобилот, поседите и нивите ми се поплавија. Штетата е непроценлива во евра... Ниту некој дошол да нѐ праша, ниту да ни каже. Водата ќе нѐ однесеше сосе децата... Но живи сме, здрави сме. Народот вели додека си жив ќе се снајдеш за сѐ, па и за ова. Благодарен сум му на бога што нѐ зачува во тој момент кога надојде водата. Против природата не се може. Верувам дека ќе застанеме на нозе повторно со моето семејство, иако ни е многу тешко во овој момент - раскажува Боби.

Сепак некаде нервозата на граѓаните беше и повидлива и при посетите на политичарите, на кои им порачаа што им треба итно. Премиерот Емил Димитриев и министерите за труд и социјална политика и за финансии, Диме Спасов и Кирил Миноски, и вчера беа во посета засегнатите скопски села. Министерот Спасов при посетата на Стајковци, едно од најпогодените села, информира дека во моментов има доволно количество храна и вода што на граѓаните ќе им се делат по населените места. Наедно беше упатен апел населението да соработува со тимовите што се на терен и работат на санирање на штетите.
Димитриев и Спасов најавија дека сите жители од загрозените и поплавените подрачја ќе имаат слободни пет работни дена за да се фокусираат кон расчистување на домовите.

Премиерот Димитриев посочи и дека тимови од Комисијата за процена на штетите веќе од вчера биле излезени на терен, а по извршената процена средствата ќе им бидат префрлени на граѓаните. Според премиерот, наскоро ќе започне и исплатата на еднократната парична помош за семејствата што загубија некој член по апокалиптичното невреме во Скопје. Во меѓувреме општинските власти во повеќе македонски градови, заедно со Црвениот крст, се вклучија во акциите за собирање помош и за санирање на последиците од поплавата во скопско-тетовскиот регион.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Граѓаните-помагаат-но-и-одмагаат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 09-Aug-2016 at 19:15



навистина, она што изненадува е колку голем дел од сограѓаните не се свесни за обемот на штетата и несреќата која го зафати скопско поле, дури и државата не прогласи ден на жалост ами само знамињата на пола копје ги спуштија, а некои и во очи ден по несреќата отвараа нови базени, мислам невидено на 30км од нив катастрофална трагедија а тие кутрите мора на закажаното да се веселат, можеби и огномет имале да не е трагично ќе биде смешно плус тука е и инаетот на граѓаните самоиницијативно да распределуваат помош, небаре црвен крст е нечиј партиски огранок, доколку веќе сакаат некому да помогнат искрено нека понудат свој дом односно доколку имаат вишок простор за домување како привремено згрижување на некој од 1.500 поплавени семејства, ко што тоа го направи пејачот Ѓорѓи Крстевски [1]

Зошто нe изненадуваат катастрофите?

Стариот систем на заштита го урнавме, нов не изградивме

Скопје се соочи со големото невреме што беше уредно најавувано од хидрометеоролозите неколку дена пред тоа. Но, ете, пак бевме изненадени и тотално неподготвени. Впрочем, како што невино и со светоглед на колатерални жртви се изненадуваме кога среде зима ќе натрупа снег, кога ќе тргне топењето на снегот во комбинација со пролетниот дожд, па ќе надојдат реките, па кога ќе фатат летните жеги и реките ќе пресушат... И сe така до последново цунами предизвикано од обилен дожд. Не е наивно кога цели населби ќе се претворат во куп отпад, кога ќе згаснат за миг десетици животи, кога целоживотниот печал ќе ви го однесе водата, кога среде навидум организирана и функционална државна заедница во урбанизиран амбиент ќе осамнете сами како среде пустина.

Зошто е така?

Пред да тргнеме да обвинуваме некого, што ни е најлесно во миговите на очај и болка, а е прва општа експертиза на пубертетските карактерни структури со психопатски и социопатски симптоми (отсуство на чувство за лична одговорност, рудиментирана совест, саможивништво и ситаџиство, отсуство на солидарност, емотивна кастрираност, отуѓеност од заедницата), ајде овој пат да видиме зошто невремето се претвори во катастрофа и кај кого треба да ја бараме одговорноста? Белки од доживеаното ќе извлечеме корисни поуки за иднина при слични изненадувања.

Се казнивме самите.

Kако прво, отсуство на превентива. Не е доволно метеоролозите да објават можност од невреме. Мора да постои организирана служба за рано предупредување, која вклучува заштитни мерки, мобилна ефикасност во организација на масовна евакуација на луѓето од потенцијалните загрозени простори. Значи, не по несреќата да се упатуваат апели до доброволци и волонтери за помош на загрозените, туку претходно воспоставен систем на цивилна самозаштита. Ние тоа го имавме до пред 25 години. И успешно, а без ниту една оправдана и логична причина го разрушивме само за да демонстрираме дисконтинуитет со минатото.

Се казнивме самите. Затоа сега ќе се импровизираат прифатни центри, кризни локални штабови, ќе се вртат телефони во фирми за да даруваат вода и храна. На времето секоја населба, секое маало, секоја општина имаше месни заедници кои се грижеа за локалниот живот на заедницата. Имаше пунктови и задолжени локалци за катастрофични ситуации како поплави и земјотреси, но и за прва помош при секов вид епидемии, воени инвазии и сл. Не требаше да се чека владата и државните институции да се фаќаат како врска за помош. Ниту некој добар организатор како Груевски да го постројува државниот врв, владата, министрите, армијата. Секој во опсегот на својата мини-заедница си ја вршеше својата утврдена граѓанска обврска. Солидарноста и припадноста кон заедницата се подразбираше. Сеир во кризни ситуации не тераше ама баш никој. Вклучително и децата. Зиме никој не чекаше дома да натрупа снег за да се санка. Сите веднаш се фаќавме за лопатите. Немаше сол за улиците, а сепак беа чисти и во возна состојба. Kупиштата снег се товареа во камиони и исфрлаа во Вардар. Лете загреаниот асфалт наутро и навечер го ладеа прскалки, барабар со цревата на сопствениците на куќите и зградите. Тогашната војска по автоматизам беше вклучувана како помош за настраданите подрачја оти беше обучувана и организирана како одбранбена и народна. А не како сега по моделчето на НАТО, за завојувачки војни, окупации и инвазии на трети држави. И не треба да им се лутиме на војниците професионалци што не им помагале на унесреќените жители на Стајковци, Сингелиќ и Ченто во чистењето на шутот. Не се обучени за тоа, ниту па платени за такви нешта. Хуманоста не им е во описот и пописот на работните задачи, иако Нано Ружин своевремено нe убедуваше во спротивното. Треба да се лутиме на самите себе и на нашите политичари што во опиеноста од натоизацијата сосема заборавиле на добрите искуства од нашето минато, па сега мораат во живо да фаќаат врски со сегменти од државниот систем и да импровизираат организираност при тотална бирократизација преку канцерогениот модел на партиски книшки.

Kако секое добро организирано домаќинство со одговорен домаќин, така и државата, односно секоја општина, мора да има спремни алатки за ситуации не дај боже. Уредно спастрени, прецизно попишани и згрижени и законски заведена персонална одговорност. Мора да има и мобилна алтернативна комуникациска мрежа во услови на отсеченост. Мора да има резерва на основни производи за прехрана и хигиена, свеќи, газија, ламби и прва помош, која постојано ќе се обновува на три, шест месеци и година. Ваквите мерки им ги спасија животите на голем број сараевчани во првите недели од војната во деведесеттите години. Ова е неопходен дел од секоја самоодржлива државна заедница. Искуство!

На парче и за профит.

И, конечно, за да не бидеме од оние што и по десетилјадно континуирано цивилизациско искуство, а заради комоција, мрзеливост и недоговорност никогаш не разбраа дека дождови ќе има поплави исто така, дека ќе дуваат и силни ветришта и бури и торнада, ајде еднаш сите да ја препрочитаме историјата на човештвото и да го утврдиме градивото дека човекот уште на почетокот на цивилизациите се справувал со овие природни појави преку регулација на реките, со функционални и корисни канали, со управување со водите преку нивно насочување во сакан правец, а за општи цели на заедницата. Да кохабитираш успешно со природата ни е дадено. Ако сакаме и знаеме, нормално. Оти ние од инает с` уште не знаеме како да се грижиме за каналите, па државата трипати по ред ни држеше лекции со цела расположива механизација и работна рака така што чистеше речни корита и одводни канали. Скопјани, тетовци, селата прилепени до градовите, ете, уште си тераат мајтап со вакви „ситници“ кои за миг можат да им го однесат и животот и сe што стекнале со труд. Лани во Шипковица, оломлани во Полог, во Струмичко и каде с` не. Скопје е посебна приказна. Градено во котлина, на плитка почва (во центарот извира вода на 3,5 метри длабочина, што им е познато на сите градежници), а под која врие од подземни води, па уште и на трусен расед, уште нема „специјалци“ за превентива при сигурносно градење на патишта, мостови, домови, улици, што подразбира од квалитет на материјал до начин на изведба и рок на траење. Секој си работи на парче и за профит. И општини, и фирми и администрација. Одговорност? Лична или институционална нема. Ние барем не сме чуле дека некои од општинските или градските одговорни биле осудени за небрежност или смрт на жители.

Посебен проблем како и во оваа катастрофа се свлечиштата од планините кои се буквално на места опустошени од крадците на дрва. Не е никакво олеснување ситаџиски да се рече, први жртви на ваквите несреќи се токму оние што заработувале од незаконското сечење на дрвјата кои се прва брана од вакви цунами-поплави. Напротив. Поука на место би била дека на Македонија ~ требаат чести акции за пошумување на оголените планини за луѓето во котлините да живеат побезбеден живот.

Впрочем, така или поради вакви катастрофи,во педесеттите години од 20 век наново е пошумено Водно од самите скопјани. И, секако, потребни се интензивни програми за култура на живеењето во заедница, што подразбира одговорност и солидарност и ќе го опфаќа целото општество. На Македонија ~ требаат и заштитни ѕидови за спречување на свлечиштата. Чисти канали што водат до акумулациите, разгранета атмосферска канализација, која ќе го следи растот на градот.

На крајот и треба што побрза реализација на проектот „Вардарска долина“, кој од ООН го откупи НР Kина, а неговата реализација од геополитички себични причини го блокира владата на САД негирајќи го и игнорирајќи го повеќекратниот национален интерес на Македонија. Kако, на пример, регулирање, контролирање и употреба на длабоките или подземни води. Ова се спаѓа во пакетот на водење добра државна политика, без ад хок-импровизации или импотентни дневни сеирџиски критизирања од оние што не умеат самостојно ни вода да се напијат, а камоли кому било да му помогнат во неволја.

Мирка Велиновска

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=711EC695B8E5A9479AB925313617851B




Edited by beTon - 09-Aug-2016 at 19:17
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 09-Aug-2016 at 20:40


Според Weather Channel невремето во Скопје речиси е невозможно да се предвиди

Невремето кое го зафати Скопје во саботата, однесе 22 животи и оштети многу домови во населените места во скопско е дел од анализите на светските и стручните медиуми.

Според експертите од американскиот Weather channel, обилниот дожд кој се истури над главниот град на нашата држава бил ненадеен и многу тежок да се предвиди, а американските метеоролози го споредуваат со невремето кое можело да се види во Западна Вирџинија на почетокот на јуни и во кое загинаа 23 лица, уништи 1200 домови и причини огромна материјална штета.

Weather Channel е еден од многуте медиуми ширум светот кои известуваат за ужасната природна катастрофа во Македонија. Британски Телеграф, за невремето напиша: „Обилен дожд, силен ветер и засилено електрично празнење го погодија градот и неговите северени предградија, доцна саботата. Специјални сили на полицијата, единици на армијата и противпожарни единици беа пратени во најпогодените подрачја, како и во населените места Стајковци, Смилковци и Арачиново. Стотици домови и возила беа уништени од поплавите, патиштата се се уште непроодни, а неколку региони се без електрична енергија“.

Покрај Телеграф , за невремето со слична реторика пишуваат и CBS News, The Wall Street Journal, BBC, CNN….

Прилогот на Weather Channel погледнете го ТУКА

Ваквите временски непогоди, со обилни дождови и силни електрични празнења се се почести насекаде низ светот, истите резултираат со многу изгубени човечки животи и големи материјални штети, без оглед на големината или моќта на земјата.

http://republika.mk/637451
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-Aug-2016 at 21:17



Невремето не можело да се предвиди (иако е најавена таква катастрофа 12 часа однапред на http://estofex.org/ за Скопје и Tетово, податок што го прикажав на претходната страна од оваа нишка), но колкав дебил треба да бидеш за да не знаеш дека бесправната сеча и оголувањето на планините неминовно доведува до лизгање на земјиштето, опасни свлечишта и поројни буици, дека каналите за одводнување треба да се чистат, а не да се дозволи да бидат обраснати со трева и внатре да се фрлаат школки од автомобили, бела техника и автомобилски гуми? Или да не знаеш фекалната канализација за колку куќи ти е предвидена и да ја оптовариш двојно, или да не знаеш во каква состојба ти е атмосферската канализација и сливниците...(упс, оваа и ја немаш, бидејќи приоритет ти беа споменици, галии и тркала).




Edited by phenomenon - 09-Aug-2016 at 21:33
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 09-Aug-2016 at 21:24
Каде на WeCh прочитаа дека невремето не може да се предвиди? Или во крв им е лажењето?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 09-Aug-2016 at 21:43
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Aug-2016 at 22:22
Originally posted by Staro Skopje

Каде на WeCh прочитаа дека невремето не може да се предвиди? Или во крв им е лажењето?

веројатно изјавата е поместена во видеото од линкот [1] но дефакто точно е дека ваков вид на облак и празнење не е возможно однапред да се предвиди, бар не денеска со оваа технологија, но можеше да се предвиди кои се најкритичните точки и таму населението да биде локално предупредено, впрочем истите овие места при секое невреме имаат помалку или повеќе одредена поплава

08.08.2016 - УХМР: СЕ СЛУЧИ ДОСЕГА НЕЗАБЕЛЕЖАН ФЕНОМЕН

Многу е тешко да се предвиди невремето што го зафати Скопје, повторија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи

Големиот број жртви во саботното невреме ги изненади сите, а дел од граѓаните причината за големиот број настрадани ја гледаат и во ненавременото предупредување за смртоносната бура. Од Управата за хидрометеоролошки работи денеска потврдија дека иако во набљудувачкиот систем на УХМР овој процес во саботата се покажувал како поизразена атмосферска нестабилност карактеристична за овој период, многу тешко можело да се предвиди како системот ќе еволуира.

„Појдовни услови за формирање и развој на овој тип на невреме се продорот на ладен воздух во областа на Џеновскиот Залив, формирање на висински циклон и придружни фронтални бранови, кои постепено се поместуваа преку централните делови на Апенинскиот Полуостров и централен Јадран. Дента, областа на централен Балкан и Македонија се наоѓаа во предниот дел на тој систем. Во југозападно струење на висина се изврши транспорт на влага од јужните делови на Јадран и Јонско Море во континенталниот дел и Македонија. Овој комплексен систем имаше многу сложена динамика, и под влијание на орографија, вегетација (површински процеси) и други фактори се случува раздвојување на облачните структури, стагнирање и соединување што понекогаш во науката е многу тешко да се предвиди. Тоа се случи и на 6 август“, појаснија вчера од Управата.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=4D52101D2E6CEC4BB7773EE4F7B3B896
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Aug-2016 at 23:23



сепак збунува прецизноста околу тајмингот поместен на тоа готвачкиот блог линкуван погоре

~

од друга страна циклонот Тамара пред две години ем го очекуваа ем знаеја дека ќе биде озбилен проблем, па пак настрадаа 86 лица и настана апокалиптична штета ширум цел регион [1] претежно српски територии [2][3]



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 10-Aug-2016 at 09:05



интересна е забелешката на адмиралот Домазет од четвртата фуснота доле - "Istog su trenutka trebali osnovati stožer, jer obrana od poplave je vrlo slična vojnoj operaciji" - а доколку вака гледаат надлежните па и населението на природните катастрофи односно потенцијалните бури како можност за непогода, тогај дефинитивно и постојано ќе имаат решение
Originally posted by +Protagorist

no javna tajna e deka Zagreb ja zrtvuval Slavonija za da ne bide zbrishan Belgrad [4][5]


но што ако врне три четири дена со таков интензитет ко во случајот со циклонот Тамара, дефинтивно треба уште одма да се евакуира цело скопско поле, а за таа маса народ уште одма да се има план каде и како ќе се згрижи, среќа обиколницата ја кренаа та како насип го штити Скопје од порои на соголената СЦГ, но што ако прелее ез. Козјак а потем попушти и Матка 1 со оглед дека уште од 30тите во минатиот век не е наново ојачана [1][2] а доколку е тоа случај никаде не е јавно афирмирано, но постојат и други варијанти како сеизмички ризик или терористички поздрав, затоа ко што вели Мирка пловен Вардар односно проектот вардарска долина треба да ни е императив во кризните агенди од поплави, иако истиот е мач со две оштрици заради евентуални еко-искушенија [1] реално јавноста иако е сведок, сепак не е ни свесна кои се' опасности ја демнат скопската котлина, a ко за иронија грото се напикуваат во континуитет сред неа, да била толку уба за живот уште во минатото ќе станела центар на балканот, но тоа никогаш не било случај а таков примат кај нас имале односно добиле Солун и Битола   

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 10-Aug-2016 at 09:50

Originally posted by beTon

Опасноста од поплавите е зголемена и со тоа што во непосредна близина на градот се изградени брани. Пресметано е дека ако се урне браната на Матка би се создал разорен бран висок шест метри, кој би се движел со брзина од 33,4 километри на час. Најзагрозени би биле селата покрај реката Треска во општината Сарај. Во документот што го изработил градот се вели дека за да се обезбеди поголема заштита треба да се направи систем за надгледување на браната и за брза евакуација на населението при евентуална катастрофа.


еве и сублимат од тактичката вежба за теоретски поплави од Матка од 2008, но ко што се гледа изостанати се разни параметри, односно ова е некој минимум на варијабили и тактики, каде е тука Водно и клизиштата, каде е евентуален безбедносен ризик итн.

http://mail.cuk.gov.mk/index.php?content=159

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 10-Aug-2016 at 12:13

ако поројниов дожд со два метра вода направи ваква катастрофа за еден миг в скопско поле, колкава би била штетата доколку 4 пати поголем бран гргне од Матка кон Скопје штетите и жртвите може да бидат огромни, а во тој случај обиколницата дополнително ќе одмогне, можеби решение е нивото на езерото да се држи секогаш на пола за ризикот да биде и помал
Aleksandar Kostovski · Head of Department во Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy
Во текстот има детална анализа на причините за волкава штета. Треба да се акцентира на тоа дека вододерината од сливното подрачје на Булачани е Црешево е прекината и искористена за земјоделско производсво и попречено со автопат. Потоа продолжува во една улица во Стајковци. Можеби автопатот дел ја амортизирал водата, за сметка на возилата и жртвите на него. Приметувам и нанос на слама. Значи на нивите по жетвата сламат е оставена, поради незаитересираност на земјоделсците и во форма на арматура предизвикала поголема штета.

10.08.2016 - Детална анализа на УХМР: Како и зошто настанаа невремето и поплавата во скопско

Последната поплава што го поплави северисточниот дел на Скопје и неговата околина е типична поројна поплава.</p>

Ваквиот вид поплави се јавуваат по поројни и интензивни врнежи со кратко време на траење од 15 минути, еден час до најмногу шест часа, пишува во деталната анализа за невремето во скопско на УХМР, која Ви ја пренесуваме во целост.

Обично поројните врнежи количински големи, паѓаат на мала сливна површина и во зависност од орографијата, падот и подлогата на теренот, брзо истекуваат низводно. Водонепропусната подлога или почва заситена со влага допринесува овој процес да биде забрзан.

Кај поплавите на големите реки траењето на поплавите е од еден до три дена, луѓето имаат повеќе време да се алармираат и да се засолнат од надојдената вода. Кај поројните поплави водата копа, руши и носи се пред себе и мала е можноста за реакција.

Во светски рамки е утврдено дека најголем број од жртвите при поплавите се јавуваат како последица на поројните поплави, а 50 проценти од жртвите се деца кои немаат време и искуство да се справат со надојдените поројни води.

Можеби изгледа неверојатно, но гледано во светски рамки просечно, дневно има 14 жртви од поројните поплави, 7 од нив се деца.

Голем процент на жртви се возачи и патници во моторни возила, кои сакајќи да поминат одреден пат поплавен со вода, често страдаат однесени од водата. Брзата вода веќе со длабочина од дваесет cm може да предизвика губење на контрола над возилото.

Што се случи?

Врнежите што паднаа во Скопје и скопско беа со различен интензитет и тоа на Зајчев Рид беа измерени 95 l/m2, на станицата во Газибаба 107 l/m2, а во скопски Петровец само 5 l/m2 за 24 часа.

Анализираните податоци од омбрографот на Зајчев Рид покажаа дека врнежите започнале во 17:00 часот и до 19:45 (2:45часа) беа наврнале 45 l/m2, за да продолжат уште поинтензивно во период од 1 час со количина од 46 l/m2(скоро 1 l/m2на 1 минута), во следните часови до 1:30 по полноќ наврнаа дополнителни 4 l/m2.

Од сливот на р.Булачанска (р.Црешовска) и Раштанска која со своите помали притоки предизвикаа излевања во северо-источниот дел на Скопје и скопско нема други податоци за врнежи, но знаејќи дека на повисоките надморски висини врнежите количински се пообилни, може да претпоставиме дека во овој дел на Скопска Црна Гора паднале врнежи со вредности над 100 l/m2, па и повеќе.



На слика 1 се дадени сателитски снимки кои покажуваат дека cb cluster-и се развивале над Скопје, тоа е MCC (mesoscale convective complex) - облаци кои предизвикуваат многу јаки врнежи.

Според нашите анализи појавените врнежи беа со ретка појава на повторување, т.е појавување еднаш во 1000 години.

Орографијата на Скопска Црна Гора е таква да веригата на оваа планина се простира од македонско-косовската граница на запад од каде во правец на исток се простира се до атарот на с.Љуботен и Љубанци од каде се спушта во правец на југоисток се до с.Арачиново.



Обликот на планината е таков, што облаците кои од шарпланинскиот масив се движеле кон Скопје, едноставно биле запрени од веригата на Скопска Црна Гора, при што во ек на интензивни врнежи, на двапати паѓаат количини поголеми од 50 l/m2 (најверојатно и многу повеќе, но неможе да се потврди без измерени податоци).

Оваа дополнителна количина на вода, која паѓа на веќе влажна почва, почва која е заситена со влага и неможе да ги апсорбира новите количини на пороен дожд, брзо започнува да истекува низводно по падините и голините, по суводолиците и водотеците во правец на Скопско Поле.

Груба проценка е дека во сливот на р.Раштанска (Раштански Поток) и р.Булачанска (р.Црешовска) (Слика2), при оваа непогода има паднато повеќе од 5 милиони m3 вода, вода доволна да се наполни двапати Езеро Матка.

Скопска Црна Гора во овој дел е пуста, главно со слаба нискостеблеста вегетација, суводолиците и водотеците се без заштитни поројни прагови и нема ништо каде оваа огромна количина на вода би се сопрела или забавила.

Тука е големата површина со земјоделско земјиште кое има пад во правец на с.Смиљково и Смиљковско Езеро.
Први на удар биле најблиските куќи во населбите до водотеците и суводолиците на крајот од стрмнината и тоа с.Црешово, с.Смиљково, Винче, Страчинци и покрај обиколницата кај с.Смиљково Слика 3 и Карта на сливот.

Надоле веќе водите ги напуштаат суводолиците и водотеците и по најкраток можен пат се упатуваат кон Стајковци, но поради немање доволно водопропусни отвори под автопатот (обиколницата), директно на повеќе места прелеваат и прават хаос на автопатот (Слика 4), носејќи возила и патници низводно во правец на с.Стајковци и населба Ченто, а потоа поминува низ с.Стајковци и н.Ченто, каде дополнително покрај материјална штета предизвикуваат дополнителни човечки загуби.

Дел од водите се влеваат во ободниот канал во правец на с.Арачиново, но дел продолжил кон с.Инџиково со дополнителни штети.

Дали постои некаква заштита од излевања и зошто ни се случува ова

Патиштата во шумите и планините ги сечат подземните текови и предизвикуваат рано излегување на површина на подземните води.

Потребни се здрави и густу шуми, и одржување на патната инфраструктира со ретензионен систем подржан со одржубван каналски систем, кој ќе спречи директно истекување низводно по патиштата.
Во делот на Скопско Поле под падините на СЦГ, постојат неколку канали кои би требало да ја собираат водата и преку ободниот канал кој започнува од н.Ченто да го олеснат истекувањето на водите низводно кон р.Вардар.
При вакви екстремни води, овие канали се немоќни. Самите канали имаат свои аномалии, било гледано од технички или одржувачки аспект, но секако при правилна работа и функционирање би ги ублажиле загубите.

Проблемите кои ги покажа обиколницата е очигледно голем минус на целиот проект и потребна е ревизија за да се утврди каде и колкави пропусти за одведување на вода таа треба да има.

Ако се погледне возводно према планината реално (Слика 6) не постојат големи усеци од природни водотеци или суводолици, но тоа незначи дека во минатото ги немало.

Најверојатно од негрижа или со цел добивање повеќе обработливо земјиште сите овие природни канали и усеци се ископачени и изорани. Повторно ни се случува исто, човекот со своите деланија предизвикува дополнителни штети наместо да врши ублажување на последиците.
Надвор од населените места се гради и се уништува природниот слој на земјата без да се размислува на водата и нејзиниот пат.
Наместо водата од врнежите по природен пат да се впие во земјата и нормално подземно да истече, водата спуштајќи се по падините и голините во самиот планински дел се слева по земјените патишта и направената патна инфраструктура без заштитни атмосферски канали кои би ги задржале водите во горните делови на сливот и директно истекува низводно каде се неможни било какви заштити.

Шутот и сметот се голем проблем, а со тоа и засипаните корита повторно човечки фактор. Од околните свлечишта земјата директно се исфрла во речните усеци и на тој начин се затрпуваат коритата и нивната водопропусност.

Точно е дека долг период водите беа со мали протечни количини, но тоа незначи дека во минатото немало поголеми води и дека тие нема да се повторат.

Засипаните корита со нанос, бујната вегетација, неисчистените профили кај мостовите, фрлањето на ѓубре во реките од страна на луѓето, нерешениот проблем со собирање и складирање на отпадот - ова е и дел од причините за локалните поплави во изминативе години.
Со основање на локални комунални организации кои редовно би го собирале сметот и би го скалдирала на соодветни локации комунално одобрени, отпадот веќе нема да прави проблем во коритата.

Дали можеше да се спречи оваа катастрофа

Не, ама можеше да се ублажи. Како? Со нормално одржување на каналските системи и речната мрежа, со чисти и слободни профили за истекување на водите, со изградба на ретензиони простори, но и со рана најава и аларм.

Најавата ја прави УХМР, а алармот (Центарот за управување со кризи (ЦУК). За рана најава УХМР се служи со светски познатите и признаени модели, но дополнително за потврда на овие модели потребен е јак мониторинг систем на водите и врнежите (хидрометеоролошкиот мониторинг).

УХМР најави поројни врнежи, но овојпат прогностичките модели потфрлија и не дадоа прогноза со екстремни величини.
Овие облаци кои предизвикува јаки врнежи во скопско не беа опфатени со ALADIN прогностичкиот модел.
Иако УХМР прави крајни напори да одржи нормален мониторинг, сепак веќе години наназад функционирањето на хидрометеоролошката служба во РМ е доведена на многу ниско ниво.



Секоја година буџетот е се помал и помал, се отплаќаат старите долгови за комуналии, нема средства за одржување на станиците, нема сретства за нова опрема за мерење за нови станици.

При секое заминување во пензија нема вработување за пополнување на работното место, по секоја поплава се ветуваат нови вработувања, но за жал ништо од тоа. Потребно е активирање на нови технологии, но потребно е одржување на целиот мониторинг систем.
Дел од овој систем се состои и од набљудувачи за мерење на ниво на вода и паднати врнежи, тоа се обични граѓани ангажирани од УХМР да вршат мерење на овие податоци и за тоа земаат минимална финансиска надокнада, оваа надокнада не е сменета 20 години.
Доколку сакаме добри податоци од терен треба покачување на оваа надокнада и обезбедување средства во буџетот на УХМР. Во РМ постојат околу 100 дождомерни станици и 65 хидролошки станици, а за споредба во развиените земји има преку 1000 станици соодветно на нашата површина.

Човечките загуби во оваа поплава се ненадокнадливи и можеби не е момент за кажување на нашите слабости, но по секоја поплава се кажуваат препораки и се посочуваат слабостите, сепак за жал многу малку се прави.

Во населените места во Скопје и скопско, има зачестена појава на Урбани Поплави, водата од врнежите паѓа на бетонските урбани површини и брзо излегува на улица каде заезерува одредени површини, или пак преку канализација ги плави подрумите или пак брзо истекува во водотеците каде брзо го покачува водостојот на водотеците.

Некогашните зелени површини, каде земјата ја впивала водата, сега се претворени во бетон или на место на некогашните зелени дворови сега има изградено подземни гаражи и подруми.
На овој начин се прекинува природниот процес на впивање на дождовната вода во почвата, при што гледано подолгорочно се предизвикува неприродно спуштање на нивото на подземните води.
Овој процес води до слегнување на земјиштето, што пак дополнително би довело до дестабилизација на темелите на куќите и зградите.

Со евентуална појава на земјотреси би се предизвикале поголеми разрушувања.

Големиот урбанистички бран што веќе извесно време се одвива во Македонија не оди во прилог на заштита на луѓето од поројни поплави или било какви други непогоди, напротив, придонесува овие непогоди по зачестено да ни се случуваат.

Зачестена е појава на свлечишта и плавења во подрумите. Потребна е забрана и контрола на тоа дали некој ја користи каналската мрежа за одведување на атмосферски води, потребна е ревизија на урбанистичките планови.
Сепак има решенија за ублажување на последиците од овие урбани поплави, но треба вклучување на хидрологијата во сите урбанистички планови.

Изработил: М-р Васко Стојов дипл.град.инж.-хидролог, Раководител на одделение при УХМР

http://emagazin.mk/vesti/vest/24747


Edited by beTon - 10-Aug-2016 at 12:45
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 10-Aug-2016 at 13:15


според картата горе тоа двометарскиот бран во с.Стајковци веројатно бил заради обиколницата која немајки содветен испустен канал, доколку и на таква конфигурација може да се направи без да се пренасочи Страшка (булачанска) река, преку истата ја втиснал водата нагло кон Стајковци, веројатно ефектот нема да бил толку разорен ако тој пролаз бил затворен доколку анализите посочиле на ваква можност, впрочем врнежите не се толку невозможно големи колку што комбинацијата на фактори допринесе за катастрофа
одговорноста е кај сите, но пред се кај државата и од тоа нема бегање, но дали сето ова ќе ги опамети институциите тоа незнам, истите или ќе гледаат да премолчат што може да се премолчи, иако и во очи поројот но и сега само штама и молк, бар да се извинеа некако ... зар сакате повторно да не закачи некоја изневерена честитка, не ми е јасно како неможат надлежните да сватат дека мора сите карти да ги отворат бар меѓусебно, а тука е и опозицијата која инсистира на заминување, ало ако вас ви заминал мозокот на другите не, се додека сте спремни да продадете идентитетот народ нема ни на сон да ве гласа па макар илјада поплави и земјотреси удриле, спуштете топка и сите седнете бар експертски во отворен дијалог, за и да понудите решенија и да најдете нзс, во спротивно се комплет бардовци на лечење, или поубаво демирхисар околниот планински воздух поубаво ќе ви дојде!



08.08.2016 - Булачани пресечено на половина со наноси

Огромно свлечиште го отсече половина од селото Булачани, а никој од надлежните во општина Гази Баба не доаѓа да помогне, реагираат од месната заедница на ова село. Свлечиштето настанало како последица на страшното невреме што овој регион го зафати во саботата.

- Околу 500 тони земја се истури на патот, половина село е отсечено, не може да се помине никако. Не дај боже да треба да се транспортира болен или брза помош да помине. Бандерите се испопаѓани, половина село нема струја, а од ЕВН дојдоа само да видат каква е ситуацијата и толку. Од општината Гази Баба баравме да се пратат багери да го расчистат земјиштето, а оттаму само велат дека имаат поприоритетни проблеми – вели Драги Трајковски, заменик претседател во месната заедница Стајковци.

Локалниот водовод сами го прочистиле, па водата може да се пие. Најголема штета жителите имаат по нивите, додека куќите не се многу оштетени.

Трајков раскажува дека ова што сега се случило во овие села, се случило и пред 50 – 60 години.

- Главниот проблем е што коритото на Страшка река не е регулирано. Таа се формира од водите што се симнуваат по стрмните падини на Скопска Црна Гора. Кога ќе надојде оваа река прави пустош, затоа наместо да се прават споменици требало ова да се направи – вели Трајковски.

http://www.plusinfo.mk/vest/81381/bulacani-preseceno-na-polovina-so-nanosi-zitelite-baraat-pomosh


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 10-Aug-2016 at 14:41

сателитска снимка од коперникус [1][2]

на крајот од линков висока резолуција од Skopje: Delineation Map

http://emergency.copernicus.eu/mapping/list-of-components/EMSR174



Edited by beTon - 10-Aug-2016 at 15:00
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 10-Aug-2016 at 15:33

не би сакал да звучам како агитпроп на власта, но навистина претерано е од секоја несреќа опозицијата да се излетува да собира политички поени, но во случајов иако индивидуално се распламтија сепак колективно прикочија и се сетија дека моментално бранување на јавноста е бескорисно, пр. тоа закажаниот протест го свртија во изложба [1] а наместо кавга почнаа да бркаат помош

и да треба да се анализираат грешките и да се бараат пропустите, но уште одма да се мерат мускули тоа е дегутантно во вакви околности, овие пак од позиција да не се пократки на супер-левичарските медиуми веднаш им плескаат одговор преку екстра-десничарските гласила, иако за волја на вистината и те како написов ја релативизира скопскава катастрофа, но дали тоа има смисла уште одма да се користи како опрвадување, просто секоја жртва и секоја штета има своја тежина а знаејки дека можело да се превенира та и уште повеќе, оправдување нема, бдејки така грешките во недоглед ќе се редат
09.08.2016 - ОВА Е СЛИКА ОД АВТОПАТ ВО ЈАПОНИЈА ПО ПОПЛАВА: „Пи*ка му матер на Шинзо Абе“ би рекле СДСМ наместо да се солидаризираат и да помогнат!

Сите вие “експерти” што пишувате како патиштата не се соодветно направени и слични констатаци, ова е Јапонија една од најразвиените технолошки земји во светот, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи, откако дел од опозициските новинари и активисти ја залопутребуваат големата природна катастрофа за политички цели.

-И овде како и таму против природата не се може…..а вие пак да бидете “експерти”. Највероjатно многу слабо читате дневни светски весници. И место да се солидаризирате вие бистрите политика. Срамота, стои во коментарот.







http://infomax.mk/wp/ова-е-слика-од-автопат-во-јапонија-по-по/

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 10-Aug-2016 at 16:05
Originally posted by beTon


не би сакал да звучам како агитпроп на власта, но навистина претерано е од секоја несреќа опозицијата да се излетува да собира политички поени, но во случајов иако индивидуално се распламтија сепак колективно прикочија и се сетија дека моментално бранување на јавноста е бескорисно, пр. тоа закажаниот протест го свртија во изложба [1] а наместо кавга почнаа да бркаат помош

и да треба да се анализираат грешките и да се бараат пропустите, но уште одма да се мерат мускули тоа е дегутантно во вакви околности, овие пак од позиција да не се пократки на супер-левичарските медиуми веднаш им плескаат одговор преку екстра-десничарските гласила, иако за волја на вистината и те како написов ја релативизира скопскава катастрофа, но дали тоа има смисла уште одма да се користи како опрвадување, просто секоја жртва и секоја штета има своја тежина а знаејки дека можело да се превенира та и уште повеќе, оправдување нема, бдејки така грешките во недоглед ќе се редат
[quote]09.08.2016 - ОВА Е СЛИКА ОД АВТОПАТ ВО ЈАПОНИЈА ПО ПОПЛАВА: „Пи*ка му матер на Шинзо Абе“ би рекле СДСМ наместо да се солидаризираат и да помогнат!



Jaпонците автопатот погоден од земјотрес и цунами го поправија за само шест дена!

http://www.dailymail.co.uk/news/article-1369307/Japan-tsunami-earthquake-Road-repaired-SIX-days-destroyed.html
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 10-Aug-2016 at 16:23



инаку ова е невреме од лани, а споредбата на Балкан со Јапонија ни од блиску не е возможна, кај нив вакви катастрофални појави има секоја година, заради што нивната организација односно превенција и интервенција се максимално наштимани, споредете колку жртви имале пред еден век од тајфуните [1][2] а колку имаат денеска, можеби токму од нив треба да почнеме да купуваме искуства, иако веќе од поодамна имаме одредена соработка преку ЦУК но соработка е едно а имплементирање стандарди сосем друго

[1] https://en.wikipedia.org/wiki/Tropical_Storm_Etau_(2015)#Japan





Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 10-Aug-2016 at 16:28
Originally posted by beTon


ОВА Е СЛИКА ОД АВТОПАТ ВО ЈАПОНИЈА ПО ПОПЛАВА: „Пи*ка му матер на Шинзо Абе“ би рекле СДСМ наместо да се солидаризираат и да помогнат!

Сите вие “експерти” што пишувате како патиштата не се соодветно направени и слични констатаци, ова е Јапонија една од најразвиените технолошки земји во светот, ...
http://infomax.mk/wp/ова-е-слика-од-автопат-во-јапонија-по-по/



Дали авторот поплавата во Скопје предизвикана пред сè од неодговорност, која се состои од уништување на шуми, несоодветна канализација, несоодветно реагирање, некупување потребан опрема за вакви кризни ситуации и сл., ја споредува со катастрофата која ја погоди Јапонија на 11 Март 2011, каде се случи земјотрес од 9 степени моментна магнитуда и цунами кое достигна до 40 метри висина, со бранови кои навлегоа и до 10 километри во внатрешноста на копното?

https://en.wikipedia.org/wiki/2011_Tōhoku_earthquake_and_tsunami
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.