Some methods of flood control have been practiced since ancient times.[1] These methods include planting vegetation to retain extra water, terracing hillsides to slow flow downhill, and the construction of floodways (man-made channels to divert floodwater).[1] Other techniques include the construction of levees, lakes, dams, reservoirs,[1] retention ponds to hold extra water during times of flooding.
...
https://en.wikipedia.org/wiki/Flood_control#cite_ref-M_1-2
инаку ова е невреме од лани, а споредбата на Балкан со Јапонија ни од блиску не е возможна, кај нив вакви катастрофални појави има секоја година, заради што нивната организација односно превенција и интервенција се максимално наштимани, споредете колку жртви имале пред еден век од тајфуните [1][2] а колку имаат денеска, можеби токму од нив треба да почнеме да купуваме искуства, иако веќе од поодамна имаме одредена соработка преку ЦУК но соработка е едно а имплементирање стандарди сосем друго
Record rains fell across many areas in eastern Japan, with more than 12 in (300 mm) reported in much of eastern Honshu. The JMA director, Takuya Deshimaru, called the event "unprecedented". The heaviest rains fell across Tochigi Prefecture where 668 mm (26.3 in) was observed in Nikkō, including 551 mm (21.7 in) in 24 hours. Kanuma saw 444 mm (17.5 in) during 24 hours, more than double its previous record. Farther north in Sendai, 350 mm (14 in) of rain was observed. Toba, Mie saw 75.5 mm (2.97 in) in an hour.
И спореди:
Record-breaking rains fell across Ibaraki and Tochigi prefectures, triggering destructive floods. Evacuation orders were issued to approximately 2.8 million people. Levee breaches took place along multiple rivers, most notably the Kinugawa which subsequently inundated the city of Jōsō.
Eight people were killed across eastern Japan and agricultural, forestry, and fishery damage amounted to ¥11.7 billion (US$97.8 million).
нема што да споредуваме тие се свесни за опасноста, кај нас бидејки вакво нешто не е вообичаена појава, па и не знаеме како да се однесуваме, кај нив дури и опуштено ги предупредуваат туристите како да се однесуваат при тајфуни в летната сезона
од сите поуки посочени на линкот мислам оваа е најбитна
Avoid using a vehicle, especially in the dark, as it is difficult to see flooded areas and it is often too late once you enter them. Kindly note that your insurance is, for the most part, unlikely to cover the loss of your vehicle due to flooding.
...
http://japaninfoswap.com/typhoon-preparedness-in-japan/
од друга страна треба претпазливост и околу првичните проценки за обиколницата, можеби да не била таа штетите да биле и далеку поголеми, видете ја на 30тата минута од видеово симулацијата за 2м удар од цунами
најконцизно објаснување до сега во емисијата Ноќен Експрес на Канал77 од 24м10с почнува интервјуто со проф. Александар Трендафилов шумарски факултет и проф. Ивица Милевски од институтот за географија
претходно конечно да чујам и нечие административно извинување Коце Трајановски на 23м10с
27м17с - главната поента на проф. Трендафилов за некогашните градски оделенија за регулирање поројни водотеци, ако не друго нека ги доедуцираат рамковните за оваа проблематика, бар да се растрчуваат и споредуваат добра-пракса за истата проблематика во регионот и светот
1ч7м - препорака за релокација на галиите од Вардар за евентуално истите при налет на поројна поплава да не ги блокираат мостовите а со тоа и да се поплави цело Скопје
и на проф. Милевски поентите му се на место
35м10с - немаме абер за просторната дистрибуција за врнежи во скопско заради недостаток од мерни станици
57м - институционална аљкавост околу ИПА програми за тревожење на населението околу климатските промени, во овој контекст паметно е и категоризирање на непогодите по боја
1ч10м - и при 20/30мм односно и мала количина врнежи ко во 2010 повторно овој реон од скопско поле страдаше
но нема да се согласам со констатацијата дека народ реагира свесно на прогнозите на УХМР кога се најавуваат Поројни Врнежи кои се до сега ми делуваше како појак дожд, особено ко градски заглавен, но претпоставувам исто и оние жители на приградските населби или оние од селата немаат кон ваквата констатација стравопочит, а затоа и логично е да се воведе тоа америчкиот систем за обележување на опасностите по бои со оглед дека така и делуваат далеку по предострожно него како збор, мислам затоа и реагирав така поназад кога велам србите за Јужна Србија издале портокалов аларм додека нашите опуштено не предупредиле, а всушност во право е проф. Милевски кога вели дека од четвртокот па се до саботата попладне најавувале поројни дождови она што на запад го велат heavy rain а кои предизвикуваат молсквачни поплави односно flash floods ... ововј дел од видеото веројатно е исечен а беше некаде на почеток од интервјуто со Милевски што одеше на радио
Благодарност и секоја чест и за волонтерите освен службите кои во видеото погоре се посочени дека се 1000 души вкупно, да имаше готов проект таа бројка за еден ден ќе кренеше и нов испустен канал на обиколницата, пак ќе повторам како можело сето ова да е испуштено во физибилити студијата или пак подоцна при проектот, кои се експерти и врз база на чии анализи ставиле потпис за дренажата на истата, сепак Фала Богу и цела среќа што власта смогна сили и ја крена обиколницата после децении, навистина според експериментот од видево за цунамито не може ни да се претпостави колкав број на жртви би имало ако бранот од булачанска река удрел директно во с.Стајковци
10.08.2016 - Специјалните сили го пребаруваат секој милиметар во подрачјата зафатени од елементарната непогода
Во вода, кал, под возила, планини од шут, уште од рани зори, специјалците Тигри го пребаруваат реонот околу Смиљковското езеро, ја бараат 16 месечната Елиф, девојчето кое семејството во понеделникот попладнето го пријави во полиција дека исчезнало, во поплавата. Тигрите вчера цел ден го пребарувале каналот, останале на терен до полноќ. Членови од семејството на Елиф, им кажале дека кобната вечер, детето во колата било со татко и кога водениот бран ги зафатил на обиколница, според нивното кажување детето било исфрлено во каналот. Но, освен кал и нечиста вода нуркачите од тигар во каналот не нашле ништо.
Министерот Чавков во изјава за Алфа, вели дека екипите на терен работат со специјална опрема и возила го пребаруваат секој метар на потегот Камник – Смиљковско езеро.
-Уште на почетокот, додека траеше невремето, сите полициски сили беа ангажирани особено специјалните единици со специјални возила и според моите информации успеале да спасат доста животи. Додека траеше невремето и непосредно по невремето, нашиот фокус беше кон пребарување на теренот, спасување лица и пронаоѓање починати лица – вели министерот Митко Чавков.
Од вчера бројот на загинатите во поплавите достигна до 22 лица, последната жртва, 12 годишниот Иван, во понеделникот беше пријавена во полиција дека бил исчезнат и дека мртов го нашол татко му. Министерот објасни дека оперативниот штаб на МВР е отворен и дека во местата каде има прогласено кризна состојба специјалците се уште вршат претреси на теренот и пребарувања.
-Ние како МВР интензивно работиме на претраги на просторот. На терен сме во постојана комуникација со граќани, со лица кои биле затекнати, додека траела непогодата на обиколницата и населените места сме во постојана комуникација имаме отворени линииза пријава на исчезнати лица, не би требало да се шпекулира со бројот на жртвите објаснува Чавков.
Министерот ја координира работата на подрачјето на Смиљковци, Црешево, Булачани, и Раштански пат, денеска на терен се ангажирани 35 припадници на ПЕП, 55 на АРМ, како и над 20 лица од приватни фирми. 60 припадници на специјалната единица денеска овде се ангажирани за патрола и потрага. Освен човечка сила има и механизација.
ко за иронија од бондстил америте немаат пратено ни медицински тим, можеа преведувачи да пратат ако немаат што друго
10.08.2016 - Руски спасувачи доаѓаат да помогнат во Македонија
„Тим од 20 спасувачи од руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш пристигнаа во Македонија за да помогнат во расчистувањето по поплавите во најтешко погодените подрачја“, ја пренесува ТАСС изјавата од руската амбасада во Македонија.
Според информациите на агенцијата, спасувачите доаѓаат со опрема и пумпи за испумпување вода.
за чудење е, да Уште пред 7 години речиси на денешен ден сме биле судбински предупредени, а и истовремено и година претходно имало аномалии [1] ние ко по обичај уживај шефе средено е! неверно е како и при даден куршлус уште при пуштањето на обиколницата не се упалил црвен аларм за и да се преиспита цел проект, што прават службите, урбанистите, па и професорите по факултетите, за што земаат плата, чекаат ли само ко мулиња некој од власта да ги спотера па да реагираат, навистина од летаргија и неодговорност сите ќе испоцркаме, просто на сите нивоа живееме од ден за ден, и ајде тоа бар да живееме како заедница а не себично гледајки си го само својот интерес, а во кои околности и Светец да имаме за премиер или претседател чинам пак бадијала, нам системот во глобала ни е успан, она или имаш акал а немаш никакви рефлекси, или саде само рефлекси а ич акал ко што беше во екс-ју социјализмот
инаку овој дел кај Стајковци го градеше ГП Гранит - фуснота 1 горе
На делницата што ја градеше „Терна“ дошло до слегнување на насипот кај Стопански Двор
Неколку месеци откако беше пуштена во сообраќај, на делницата од
Оризари до Сарај од обиколницата на Скопје се јави проблем. На делот од
автопатот околу главниот град, што го градеше грчката фирма "Терна",
дојде до слегнување на насипот кај Стопански Двор. Проблемот се појавил
пред повеќе од половина година, што значи само по четири месеци откако
овој дел од обиколницата официјално беше предаден во употреба.
Иако,за среќа, нема никакви поголеми последици за учесниците во сообраќајот, бидејќи недостатокот бил забележан навреме, сепак, неоспорен е фактот дека толку голем и важен проект доживеа непријатност многу брзо откако профункционира.
Како што дознава „Утрински весник“, без поголема врева веднаш е интервенирано, така што санацијата веќе е при
крај.
Наспроти обидите да се минимизира случајот, настојувањето да се
убеди јавноста дека аномалиите се појавиле во гарантниот рок и без
пречки ќе се санираат, како и одбивањето отворено да се говори за тоа,
внесуваат сомнежи околу сериозноста на проблемот. Некои
градежни работници неофицијално велат дека проблемот настанал поради
лошо извршеното фундирање, но дека главна причина најверојатно е фактот
што не се оставени специјални отвори во ѕидот, таканаречени барбакани,
низ кои би истекувала водата. Поради ваквиот пропуст, бидејќи нема каде
да истекува, водата што се слева кон насипот врши притисок врз ѕидот,
поради што дошло до слегнување на насипот.
Наспроти тоа, други
стручни лица тврдат дека воопшто не може да се зборува за нечиј пропуст
или вина за настанатиот проблем. Според нив, станува збор за вода што
доаѓа од горниот дел и се слева во рамнината кај потпорниот ѕид.
Бидејќи, како што објаснуваат експертите, темелењето е правено на цврст
камен материјал (лапор), не е можно точно да се предвиди од каде и во
колкава количина ќе дојде водата, бидејќи се' до пробивањето на трасата
воопшто и ја немало на тоа место. Набрзо по предавањето во употреба на
обиколницата се забележани пропаѓање на коловозот на една страна и
појава на одредени деформации, по што веднаш е интервенирано. Нашите
соговорници велат дека населението од околните места, најверојатно, ја
пренасочило водата за наводнување на своите обработливи површини, па
така таа сега се слева кон трасата и прави проблеми. Поради тоа,
направена е длабока дренажа покрај ѕидот што ќе ја прифати водата.
„На насипот не се направени барбакани, бидејќи такво нешто не предвидел
проектот, а доколку и би постоеле, можеби би направиле поголеми
проблеми. Во случајов, објективно нема проблеми, се' е во гарантниот
рок, така што 'Терна' ќе го реши проблемот“, изјави Димитар Тасевски од
Агенцијата за државни патишта. Проблемот што се јави на
обиколницата на Скопје, колку и да е мал или да претставува нормална
појава во тек на гарантниот рок на еден објект, сепак, остава
непријатен впечаток дека работата можеби не била доволно квалитетно
сработена.
08.08.2016 - Владата незаконски ги погреба загинатите од невремето
Владиниот Кризен штаб кој е единствениот надлежен за менаџирање на сите кои помагаат со елементарната криза во скопскиот регион, успеа во само еден ден да стори 21 кривично дело, што одобрил телата на сите загинати да бидат закопани без соодветен документ за причината за смртта, што само по себе е престап, велат правниците кои ги консултиравме.
Во ваков случај, Јавното обвинителство нема надлежност да издаде наредба бидејќи не станува збор за смрт која настанала како последица на некое кривично дело или насилство, велат соговорниците. Тврдат дека апсолутно незаконски е да се погреба човек без обдукција, без документ за смрт кој го издаваат патолози. Нагласуваат дека еден ден ќе мора некој да одговара за оваа незаконска одлука.
Истражните полициски екипи, кои ги пронашле телата на сите 21 загинат во трагедијата, велат дека биле просто збунети кога добиле наредба сите починати да ги пренесат во капелите од градските гробишта „Бутел“. Полицајците на своите претпоставени им пренеле за наредбата, но сите биле збунети и ги послушале „шефовите“ од Кризниот штаб.
Непознавањето на законот и правилата, посебно во Кризна состојба доведе до низа незаконитости, велат за Плусинфо од Институтот за судска медицина. Од таму велат дека не само домашните, туку и меѓународните правила налагаат морална обдукција, но за жал, овој пат тоа не се случило.
– Четири стручни тимови чекаа на готовс да започнат обдукциски протокол, но нас сите не заборавија. Ги однеле починатите и им ги дале на семејствата. Мора да се знае од што тие луѓе починале, не може така на своја рака да се прави нешто. Некој се ставил над законот – велат од Институтот.
Иако денеска е ден на жалост, во погодениот регион нема ниту основни услови за живот, а уште помалку за погребни церемонии. Гробиштата во најпогоденото село Стајковци се под вода. Слично е и во Арачиново.
Трагедијата да биде поголема никој во земјава не знае каде и како починале сите 21 загинат. Од МВР велат дека Центарот за управување со кризи (ЦУК) знае. Од ЦУК тврдат дека тие од вчера не се надлежни за никаква информација за трагедијата и за секој одговор надлежна е Владата на Република Македонија. Во Владата пак денеска молк.
Фактите велат дека во завчерашното невреме загинаа дедото и внукот Бајрам Мустафа (роден 1949 г.) и Енес Мустафа (роден 2014 г.) од Ченто. Катерина Митрова (родена 1933 г.) од Ченто. Славка Илиќ (родена 1956 г.) од Ченто и Томислав Илиќ (роден 1950 г.) од населбата Економија. Ѓилмез Мухареми (родена 1940 г.) од Ченто, исто како и Мурат Саити (роден 1957 г.). Загинаа и Марина Велиновска (родена 1977 г.) и Јован Велиновски од Крива Паланка, Земрије Синани (родена 1985 г.) од Ченто, Наде Илиевска (родена 1955 г.) од Стајковци, Блага Јовевска (родена 1941 г.) од село Смилковци, Фуркан Фејзулаху (роден 1987 г.) од Ченто, Мирко Митковски (роден 1949 г.) и Сашо Митковски (роден 1971 г.) од село Црешево како и Ќазим Исени (роден 1933 г.) од Ченто, Љубица Димчевска (родена 1935 г.) од Црешево, Убавка Јовевска (родена 1965 г.) од село Стајковци, Жаклина Божиновска (родена 1973 г.) од Куманово и Достана Димитриевска (родена 1974 г.) од Тетово.
Storm Forecast
Valid: Thu 11 Aug 2016 06:00 to Fri 12 Aug 2016 06:00 UTC
Issued: Wed 10 Aug 2016 22:53
Forecaster: GATZEN
A level 1 was issued for central Italy, the central Balkans, Bulgaria,
and Romania mainly for large hail and to a lesser extend excessive
precipitation and severe wind gusts.
Ниво 1 е издадено за Централна Италија, Централен балкан, Бугарија и Романија, главно за крупен град и помалку изразени прекумерни врнежи и јаки налети на ветер.
DISCUSSION
Central Italy, central Balkans into Bulgaria and Romania
The
frontal zone will affect this area and moves slowly south-east. Quite
good low-level moisture is indicated by latest soundings and model data.
This could allow for about 1000 J/kg CAPE as it overlaps with steeper
lapse rates. Lift from mountain- and sea-breeze convergences will
interact with the cold front and storms are forecast to re-intensify in
the morning and noon hours. With strong deep layer vertical wind shear
of 20 m/s in the lowest 6 km, storms are expected to be well-organized,
and multicells and supercells are forecast. These storms may be capable
of producing large hail. Furthermore, storms may ride the frontal
boundary for some time and could produce excessive precipitation.
Clusters of storms along the frontal boundary are expected later on and
can move east. Some severe wind events are not ruled out along their
leading gust fronts. Late in the period, convective activity is forecast
to weaken.
Превод на здебелениот текст:
Централна Италија, Централен Балкан и Бугарија и Романија.
Со јаки длабокослојни воздушни струења од 20 m/s во најниските 6 км, очекувани се бури и се прогнозираат мултиќелии и суперќелии. Овие бури се способни да создадат крупен град. Понатаму, бурите може да ја поминат фронтовата граница за некое време и да предизвикаат интензивни врнежи.
не мора да значи може пак да истури, токму проф. Милевcки во интервјуто погоре на Канал77 тоа го истакнува во тој делот од радио емисијата што фали на интернет верзијава, мислам велеш налик ете кај америте не е невообичаено за неколку часа од обична бура невремето да прејде во циклон зависно од климатските услови
но овој пат и јас не верувам дека ќе биде онолку страшно, иако есента вели проф. Милевски се смета ќе има слични проблеми, заради што општините треба со време да изработат кризни планови
исто корисно би било да има веб страна каде метеоролозите и воздухопловците визуелно би ги споредувале појавите доколку тоа условите го овозможуваат, ве поздрави ведеово [1][2]
а еве и постручен опис за облакот кој експлодира врз Скопје
што е до написот горе за Кризниот Штаб за одминување на обдукцијата на моменти делува нестварно како и зошто тоа свесно дозволиле надлежните таков пропуст, не сакам да шпекулирам, но како верник немам ништо против ваквата постапка да не се сквернават телата налет сета несреќа која ги снашла семејствата на жртвите кои и дополнително неколку денови би требало да чекаат за погребите, што пак можеше и дополнително да го набилда гневот кај граѓаните а сето тоа да биде некому повод за улични немири кои во овој момент најмалку ни требаат, но која и да е причината за ваквиот тактички маневар на КШ, па дури тоа било и теорија на заговор, како граѓани најмалку што треба е да стегаме закани и да креваме некако паника како што тоа уште од старт го прават охриѓани во тоа текстот, чиниш кога се удавија бугарските туристи во Охрид пред некоја година требаше да им писнеме одма за недоносените пловни стандарди или пак нестручноста за извлекување на настраданите
патем вчера спасение Мајка и Ќерка затрупани четири дена во калта, Слава Богу ги нашле на време, ко странци ај што никој не ги барал туку не ги ни пријавил, среќа во несреќа да не беше потрагата по Елиф немаше ни да ги најдат, уште еден доказ дека при вакви непогоди теренот треба до последно да се чешла за да се бараат преживеани, а кои доколку имаше војската или полицијата хеликоптер со инфрацрвени топлотни камери уште првата ноќ ќе ги лоцираа на отворено, дури ова денес може да го прават и со дронови ако им е скап за вакво нешто керозинот, но проблемот не е во скапотијата туку во ораганизацијата, чисто се сомневам дека имале какви и да е термо камери во полиција, ко по обичај треба да се случи некоја катастрофа или хаварија за да воочиме дека службите ни се недоопремени а неретко и недоекипирани
а за термо камерите немам коментар со оглед дека најнапред пожарникарите би требало да ги имаат иако се неопходни и за царина и за полиција,а кои сега и не се нешто недостапни дури и за секој граѓанин [1] само што треба гаранции за квалитетот,знам дека мвр е подновено со опрема на последниот тендер иако и претходно имаше донации со термални камери [2] но смешно е за вакви цени ко на [1] да не се опремат и пожарникарите со по една за секоја единица ширум земјата
10.08.2016 - По четири дена, мајка и ќерка пронајдени живи во кал во Сингелиќ
По четири дена од катастрофалното невреме, мајка и ќерка денеска беа пронајдени живи во кал во населбата Сингелиќ, објави Алсат-М.
Нив ги пронашол волонтерот Бесим Весили, кој успеал од калта да ги извади мајката и нејзината четиригодишна ќерка, кои останале заробени уште од саботата.
Од голем шок и стрес тие не биле во состојба да зборуваат, но се претпоставува дека се од Албанија.
Девојчето се вика Венера, а името на мајката сè уште е непознато.
Половина милион евра од Австрија за поплавените подрачја
500 000 евра парична помош доаѓа од Австрија за настраданите подрачја од невремето кое го зафати скопскиот регион.
Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц прецизира дека тие средства ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и македонскиот Црвен крст.
Средствата треба да бидат искористени за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта.
„Се подразбира дека Австрија како партнер и помага на Македонија. Не смееме да ги оставиме луѓето по ова невреме да ги на цедило“, порача Курц во соопштението.
Со герила акција го промовираат бројот за донации за поплавените
Активисти со герила акции на семафори во Скопје го промовираат бројот за донации за погодените од поплавите 143-400.
На транспарентот кој го носат пишува „Црвено 30 секунди, донација 3 секунди, сврти 143 400“. На ваков начин сакаат да ги мотивираат учесниците во соображајот да донираат.
Во поплавите во саботата беа уништени голем број домови во скопско, се удавија 22 луѓе, а неколку се исчезнати.
Вакво невреме според синоптичарите се случува еднаш во илјада години. На терен уште се расчистуваат последиците од невремето.
15.08.2016 - Кои земји испратија помош за справување со поплавата?
Според Извештајот за активностите на Системот за управување со кризи, на Дирекцијата за заштита и спасување преку механизмот за заштита и спасување заклучно со 12.08.2016 година е понудена и прифатена следната помош (опрема):
Австрија
300 семејни сетови за хигиена (1сет опслужува 5 члено семејство за месец дена)
10 пумпи за вода/кал
3 генератори 14 kVA
10 рачни пили
200 ќебиња
500 вреќи за спиење
500 полски кревети
Чешка
47 пумпи за кал 1600 l/min
3 генератори 7,2 kVA
5 генератори 5,6 kVA
Унгарија
200 ќебиња
250 вреќи за спиење
250 полски кревети
800 лопати
1000 гумени чизми
5000 пешкири
1400 заштитни ракавици
Грција
5 мобилни пумпи за вода 800 l/min
5 генератори 10 KVA
Словачка
6 пумпи за кал
300 хигиенски сетови-индивидуални
600 л. Средство за дезинфекција
50 лопати
1000 пешкири
2000 кабаници за дожд
336 ќебиња
300 вреќи за спиење
80 полски кревети
10 шатори
Бугарија
3 генератори 6.5 KVA
11 пумпи
Средство за дезинфекција 504 кг
64 шатори
200 полски кревети
300 заштитни ракавици
4500 кабаници
305 гумени чизми
10 јажиња
50 продолжни кабли
8 кабли 2/4 KW
709 лопати
110 кофи
25 гребла
30 колички
Министерството за надворешни работи покрај најавената хуманитарна помош и опрема до другите државни институции, добило ноти за известување за спроведени донации од странски држави и тоа:
„Италија (200.000 евра донација за Црвен крст на РМ преку Меѓународен Црвен крст).
Црна Гора – Дополнителна донација од 100.000 евра во финансиски средства кои ќе се уплатат на сметката на НБРМ.
САД – најавена донација во средства за ДДД преку Министерство за здравство и најавена донација од 30.000 долари за купување производи преку Министерството за надворешни работи.
Албанија – 100.000 евра донација за санирање на последиците во делови од земјата кои се најпогодени од силното невреме.
ОБСЕ – одобри 20.000 евра донација од хуманитарниот фонд на Организацијата за итна помош на најпогодените заедници од поплавите во Скопје и Тетово.
Помошта, неопходните алатки и материјали, ќе биде доставена преку Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Мисијата веќе додели генератори за струја и рачни светилки и организира работни тимови на волонтери од својот персонал да помагаат во отстранување на остатоците и калта. Волонтерскиот „Блосом Фонд“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје исто така донираше 1.500 евра.
Техничка поддршка за чистење улици и домаќинства, пумпи со висок притисок за испумпување тиња и противпожарни возила ќе прати Босна и Херцеговина во Скопје, по поплавите кои пред неколку дена го зафатија главниот град на Македонија.
УНДП, Светска Банка и ЕУ – Најавена подготовка на Thorough Post Needs Assessment Report заедно со ЕК и СБ (во рок од 30 дена), за што веќе Република Македонија преку Министерство за финансии испрати и официјално барање. Воедно, најавија и достава на итна финансиска помош на Црвен крст на Република Македонија.
Светска банка – Понудена соработка за финансирање на инфраструктура и превенирање на штетите на долг рок. Фокус на активности на среден и долг рок. Може да се мобилизираат средства од грантови и да се пренаменат некои кредитни линии за реконструкција и финансирање на инфраструктурата.
Бугарија – Испратени 14 пожарникарски бригади. До Министерство за здравство понудена помош за: прием на пациенти и лекување во болници во Бугарија, праќање медицински тимови, а најавена и директна финансиска помош од Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Австрија – Понудена помош од 500.000 евра. Се уште не е дефинирано дали тоа ќе биде директна финансиска помош, проследена со дополнителна помош во производи или вкупна вредност на сите видови помош.
16.08.2016 - Благодарност за тимот од Истанбул кој помага во поплавите
Во Скопје веќе пет дена престојуват и помагат во расчистувањето на последиците од поплавата екипа спасувачи од Истанбул составена од 32 лица, со 11 возила и механизација.
Вечера за тимот спасувачи што пристигна од Градот Истанбул, Турција и активно се вклучи во справувањето со последиците од големите поплави, вчера во хотелот „Континентал“ организираше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Трајановски изрази голема благодарност за помошта која спасувачите од Истанбул ја даваат на терен во овие тешки моменти за Скопје, покажувајќи голема хуманост, храброст и солидарност. Тој упати благодарност и до градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш, за испратената помош и за укажаната голема поддршка за Скопје.
ТЕЛЕФОНСКАТА ЛИНИЈА 143-400: Досега донирани 130.000 евра за поплавените
Досега на жиро-сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст се собрани 5.151.486 милиони денари, а преку телефонот 143 400 се донирани 7.910.000 денари
Од телефонската линија 143-400, која беше отворена за граѓаните да оставаат донации за поплавените, досега се собрани околу 130.000 евра. Очекувањата се дека оваа сума ќе се зголеми бидејќи сè повеќе луѓе се приклучуваат на апелот да помогнат.
Црвениот крст, пак, во изминатите три дена до најпогодените подрачја од саботното невреме дистрибуира 55 тони вода, 5.500 пакети со храна (секој наменет за четири лица), 190 душеци, 356 ќебиња и 210 килограми облека. Укажани се и 36 асистенции по прва помош.
Во поддршката на погодените подрачја се вклучени 80 волонтери, седум мобилни тима за прва медицинска помош, а активиран е и целиот логистички потенцијал на Црвениот крст.
Според информациите од терен, најпотребни се вода за пиење, конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена и дезинфекција, лопати, гумени чизми и ракавици, кофи, батериски ламби.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток и во ОУ „Наум Наумовски - Борче“ од 8:00 до 18:00 часот.
ако се поплавени 5.000 куќи во скопско поле 1.500 најпогодени вклучително и материјалната штета околу добитокот ова навистина е минорна помош, и дефинитивно власта може средствата од панорамското тркало да ги стркала кај настраданите, ако не за друго за чистење и регулирање на водотеците по општините, пред се за сондирање и експертиза на критичните точки кои верувам веќе и им се познати на надлежните за да се спречат понатамошни проблеми, разберете го ова токму како воена интервенција кога веќе и Професори најавуваат терсене есен, да се надеваме како милион пати до сега што промашиле за тоа долгорочните прогнози ќе ја утнат и сега, но државата е логично да биде на готовс, ако не со превентивни еколошки мерки доколку нема време за интервенција, бар околу опремување на сите Служби за Тревожење со најнеопходната опрема, а за ова може да испратат и апел за донации до пријателските земји
што е за локалните донации, имајте на ум веќе Утре да направите притисок за процент од ддв-то кој би се издвојувал постојано од сите сограѓани и бизниси како солидарен фонд и за социјалните случаи и за настрадани во поплави, неретко оние кои изгубиле се' при вакво нешто инстантно стануваат социјални случаи, или ако ова е премногу склет за примена, можеби чаре е и донаторско одбивање на ддв за секоја фирма која би го спонзорирала ЦУК [1][2] за што полесно и побрзо да се помогнат настраданите па и избеглите и која и да е загрозена категорија утре [3][4]
да бидеме реални ова нема да биде нит прва нит последна катастрофа која ќе ни се случи, а со тие средства добро е да се подготвуваат и засолништа по примерот на ФЕМА камповите [1] Emergency Food and Shelter National Board Program [2] establish shelter management organizations [3][4] а за вакво нешто може да бараме средства и од европскиот солидарен фонд
ВМРО-ДПМНЕ формира солидарен фонд, сите функционери ќе донираат од својата плата
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница одлучи да се формира партиски солидарен фонд за помош на семејствата чии домови беа оштетени во елементарната непогода, информираат од партијата.
Сите избрани и именувани функционери на партијата на државно и локално ниво, наредниот период ќе донираат еднократна помош од по 30 проценти од платите и надоместоците во солидарниот фонд, а по завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени за помош на оштетените сограѓани.
-Освен финансиската помош, договорено е да продолжат организираните активности на терен преку собирање на донации на храна, вода, средства за хигиена и останата помош која им е најнеопходна на погодените. Продолжуваат и активностите за директно вклучување на партиски членови и активисти во најпогодените региони за расчистување и санирање на штетите од невремето, се вели во соопштението.
еве и америте пуштиле срце иако по секоја логика место први ко најблиску бондстил е на само 30 км од Скопје, тие последни интервенираат, или пошто си ја имаат мувата на капата па да не си пикаат носот уште одма, дури смешно ми е колку и како помагаат ама ај
11.08.2016 - АРМ постави тактичко оперативен центар во Стајковци,
КФОР испрати осум инженериски машини
Армијата на Република Македонија го зголемува ангажманот во поплавените подрачја. Од вчера, како што информираат од АРМ, во функција е ставен тактичко оперативниот центар на АРМ, кој воедно е координативен центар.
– Низ овој координативен центар се координираат сите активности за ангажирање на потребните средства и персонал во согласност со изразените барања, како и меѓусебна координација меѓу инволвираните субјекти ангажирани во санирањето на последиците од катастрофалната поплава. Од страна на воената полиција во содејство со МВР се превзема и регулирањето на сообраќајот во реонот на Стајковци при што се помага во регулирање на движењето на механизацијата и моторните возила ангажирани во отстранување на последиците од поплавите – велат оттаму.
Во текот на вечерта на граничниот премин „Блаце“ пристигна и конвој од КФОР во кој има осум инженериски машини, кои ќе се ангажираат на терен таму каде што се потребни.
– Инженериските машини се доделени од страна на КФОР врз основа на меѓусебната соработка и искажаните потреби од страна на АРМ. Истите ќе бидат пристигнати кај клучката од обиколницата кон Стајковци денес околу во период од 9.00 до 10.00 часот каде веднаш ќе бидат распоредени каде што е потребно – велат од АРМ.
Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) отвора повик за волонтери во поплавените подрачја во Скопје. За таа цел ги повикува сите млади лица, младински организации и организации за млади да се вклучат во акцијата и воедно да го обележат 12 август, Меѓународниот ден на младите преку хуманитарна акција.
- Од Дирекцијата за заштита и спасување имаме информација дека се потребни волонтери за грижа на цивилното население, расчистување на ѓубрето и сметот и дистрибутери за храна, вода, лекови, сретства за хигиена,..., наведува Советот.
Базата на волонтери што ќе биде креирана од НМСМ ќе биде ставена на располагање на сите неформални групи, национални и меѓународни институции и организации кои формално или неформално организираат хуманитарни акции во поплавените подрачја, како и Дирекцијата за заштита и спасување која во посредство на Националниот младински совет на Македонија ќе координира исто така дел од волонтерите.
Националниот младински совет на Македонија е во можност да ги снабди волонтерите со ракавици и заштитни маски. Апелира волонтерите задолжително да се снабдат со гумени чизми и повикува, доколку некој има вишок опрема или дополнителна опрема (метли, џогери, лопати, алат), да ги достави во просториите на НМСМ на ул. Костурски Херои бр.51/2 или да се јави на 078 350 531 за дополнителна координација.
можеби на грото сограѓани денес сето ова им изгледа ко завршена работа, но не е така, Кој е во можност нека помогне ~ или нека Волонтира или нека Донира ~ идеално двете, во најмала рака не ширете тензии додека трае акцијата, кој колку може нека се фокусира на хуманитарниот момент, со време размислувајте за евентуален топлотен бран, комарци, зарази, и сл. ... имајте на ум дека и волонтерите треба да одморат после еден ден активна работа, бар индиректно ним помогнете им некако ...
колку за споредба еве како преку ден изгледа 50мм пороен дожд од 2014 во Атина
мапава веројатно е склепана од твитерџии, но истата може да направи само збрка, би предложил ако веќе некој прави мапа тоа да биде во соработка со некој од Службите, пример нешто ко нашата интерактивна мапа каде секој би можел јавно да предложи некаква маркација, но повторно со модерирање од Кризниот Штаб, да, треба да биде информирана јавноста, да, со тоа може да се има евиденција и транспарентно да се успокојат скопјани, но повторно правење мапи на своја рака мислам дека е непродуктивно, со доволно медиумски притисок Кризниот Штаб би можел и сам да направи одредена јавна мапа преку ГИС порталот на Катастар а каде секој саат би се ажурирало инфо за тоа до каде е стигнато со чистењето и дезинфекцијата
~
ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Информации за поплавите
Информираме дека Министерството за здравство и останатите институции успешно се справуваат со настанатата состојба по интензивните врнежи и поплави (буични поплави/flash flood) 33/л/м2 за 30 минути, а за наредните 2 часа/93 л/м2 во Скопскиот регион.
Во Тетовскиот регион имаше врнежи околу 34 л/м2/24 часа (нема починати и нема оштетени куќи, само оштетени патишта и улици).
Најголемите последици се во Скопскиот регион во населба Ченто (подруми), с.Сингелич (3000 население/70% загрозено), село Стајковци (3500 население/960 куќи/70% загрозено), с.Смилковци (345 население/100 куќи/70% загрозено), с.Црешево (1278 население/350 куќи/70% загрозено) и с.Арачиново (11600/30 куќи/300 лица загрозени).
од Скопскиот регион починати се 22 лицa (удавени), медицинска помош побарале над 70 лица, 45 лица се префрлени од ИМП во болниците во сабота/недела (06/07 август 2016 година), на истите им е укажана медицинска помош.
се работи на расчистување на теренот и исцрпување на водата од поплавените подрачја.
евакуирани се над 1000 лица од настраданото население во прифатните пунктови за настраданото население во ОУ „25 Мај“ во н.Ченто и ОУ „Наум Наумовски Борче“ и другите по нивни роднини.
обезбеден е собирен пункт за складирање и дистрибуција на храна, вода, облека, ќебиња, медицински материјали, лекови во сите загрозени населени места.
забранета е водата за пиење во овие региони.
обезбедена е безбедна вода за пиење од цистерни и пакувана (флаширана вода).
известено е населението со основни препораки за пиење на безбедна вода, хигиена на раце, одбегнување на консумирање зеленчук од поплавени подрачја, хигиена на исхрана.
известено е населението во случај на здравствени проблеми особено појава на дијареа и повраќање да побара медицинска помош во најблиска здравстена установа.
Центрите за јавно здравје и здравствените установи се во мобилна состојба.
Институтот за јавно здравје на РМ и Центарот за јавно здравје Скопје зедоа примероци вода за пиење за бактериолошка и основна физичко-хемиска анализа од загрозените подрачја во Скопје, а ЦЈЗ Тетово во Тетовскиот регион.
по смирување на состојбата ќе следат мерки за санација (механичко чистење на површините и објектите, и дезинфекција/дезинсекција на површини).
Кризниот Штаб е во постојано заседавање, како и Владата.
во моментот нема појава на заразни или други заболувања.
од страна на Владата прогласена е кризна состојба во траење од 15 дена (од 07 до 22.08.2016 година).
во вакви околности на влага и топло, се развиваат брзо многу патогени, а откако службите за дезинфекција и дератизација ќе си ја завршат својата работа (испумпување сушење прскање), онаму каде останало потреба за самите настрадани од непогодата тоа да го повторат - истото најефективно и најефтино ќе го сторат со Боракс Na2B4O7 или пак со Хидроген т.е. Водороден пероксид H2O2 кои не само што ќе ја средат брзо мувлата туку во случајот со h2o2 брзо ќе се уништат сите патогени бидејки преку оксидацијата истиот инстантно ги распаѓа нивните мембрани [1]
но не би препорачал употреба лековерно, бидејки хидрогенот е прилично реактивен ако не e растворен, доколку успеете да набавите чист раствор од Галеника или пак некоја од регистрираните фирми кои го увезуваат кај нас, сепак доколку до сега сте немале никакво искуство со ракување хемикалии, но и доколку тоа може да си го дозволите, сигурно подобро е да повикате Служба за дезинфекција [1]
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum