build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Служби за тревожење и спасување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Служби за тревожење и спасување
    Posted: 04-Aug-2016 at 20:41


на форумов веќе има сродни нишки апропо темава, но ред е да има и една генерална каде би се опфатиле општо сите служби од Полиција преку Брза Помош па се до Горската служба, а воедно и би се посочило на нивната соработка преку Републичкиот Центар за Управување со Кризи

http://www.cuk.gov.mk/mk/ [1]

https://en.wikipedia.org/wiki/Emergency_service
сродни нишки ...

Противпожарна заштита

Систем за јавно тревожење?

Санитетски возила

Возен парк на полицијата

Центар за контрола на сообраќајот

Обезбедување и видео надзор [1]

Безбедност во македонските градови

Заштитна опрема и ЗПР



Edited by beTon - 05-Aug-2016 at 10:56
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Aug-2016 at 21:41

на сите овие она што им фали за да бидат 100% ефективни и при поголеми кризни ситуации е враќање на идејата за Територијална (цивилна) Одбрана односно поставување систем за Цивилна Заштита кој ко што може да се види од интервјуто од следниот линк и онаму каде го има по комшилуков очигледно е дека малку треба за истиот да се раскрчми и релативизира [1] поентите од крајот на истото се прилично на место, нам и ОНО ни треба повторно во училиштата, а посекако и активна цивилна заштита ,,, во пракса т.е. теоретски ние го следиме америчкиот модел на ФЕМА [2][3] но ко што знаеме истиот и те како потфрли при Орлеанс и Катрина па не би било лошо да се преиспитаме околу враќање на стариот од екс-ју односно ТО
https://en.wikipedia.org/wiki/Civil_defense#By_country [1]

http://www.icdo.org/en/about-icdo/members/member-states/

и навистина нашата фема / ЦУК чисто проектно се потпира на воената и полициската резерва во земјава како маса на волонтери кои правовремено би ги искористила во кризни моменти, но реално без активен тренинг и логистичка подготовка ќе изостане ефективност, ако не им потфрлат и целосно кризните планови, во кои потенцијално место има и за невладиниот сектор (сигурно ќе ја рециклираат вишокот хартија од истите) ~ ... од посебна важност е и вклучувањето на невладиниот сектор во системот за управување со кризи [1]

впрочем народот треба да е десна рака на спасувачките и безбедносните служби, а во многу земји истите се пропратени и со аматерски подружници, како помошни пожарникари, еко патроли, општински редари, хуманитарни волонтери и сл. но кај нас сето ова е оставено на чиста случајност при вондредни околности ... нормално солидарноста секому треба да му е императив во животот но мислам денешниве фејсбук генерации истата само како лајк ја имаат во агенда!? нели има кој е платен за тоа тој нека му ја мисли!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Aug-2016 at 12:08

интересно е дека нит полицијата нема особен абер односно тактички тренинг за кризни ситуации, пример ретко кој од регуларните полициски скужбеници има алпинистички курс, дури нит сите специјалци имаат нуркачки, а логично би било да го прошле бар теоретски ако не практично, за повремен тренинг по овој аршин и да не говориме, чиниш така планинарските друштва би биле најмасовна појава во земјава
но не куца магарето што сме опуштени иако свесни за ризиците, туку чуди зошто за ова никој нит дебатира јавно, бар да се направи некоја споредба со комшилукот ако не со европа, нели познати се словените како сурвајвор раса она го препливале дунав со цевчина кога го колонизирале балкан, аварите пак сигурно користеле ортоми и макара ко понапредни, а хуните можеби имале кајтови ... што да кажат пелазгите на сите требало да им одолеат со компромис аклиматизирајки се на таквите наезди планински за потем да ги асимилираат културно како појак ентитет

мајтап на страна, но сето ова е само озбилна гачка во едно општество кое соочено со идните економски и еколошки предизвици може за час да се уруши, ве поздрави циклонот Тамара и аљкавоста околу интервенцијата која за среќа на попустливоста на Загреб го куртули Белград од екстра катастрофа [1] а тек ако здрма нешто поголемо ко економско или епидемиско цунами, за регионални војни или природни катастрофи и да не думам [2] просто немаме соодветен план за збринување 100к бегалци а не пак нешто поозбилно, нормално во од би им барале алтернатива ко што думав за Маривово скоро [3] како идеален избеглички наместо нуклеарен потенцијал, таман чебрен и галиште да ги кренат како резервар за вода но и риба за избеглички затекнатите
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Aug-2016 at 12:16


ко за нишкава, од корист би биле портали како

http://earthalerts.manyjourneys.com/web/

http://www.sos112.si/eng/

или форум како

http://www.avianflutalk.com/infectious-disease-tracking_forums_cat53.html

http://www.avianflutalk.com/topic8641.html

а ме чуди како не се најде некој доволно умен да склепа еден и кај нас, можеби и во форма на таблоид ко што беше Сведок некогаш, за освен информативен да има и забавен карактер за возрасни, нели црна хроника им е омилено четиво речиси на сите сеирџиски или пазачки нафурани сограѓани - бар пола популација ако не и повеќе - иако мислам има голем дел кои размислуваат про-безбедносно дали ко ловџии, безбедносни служби илити преживувачи, теми со кои константно би се хранела една ваква инфо-црна-дупка, не дека нема во регионот слични

http://www.bezbednost.org/Bezbednost/1/BCBP.shtml

но пред се битен момент (односно таб или колона) на ваква страна треба да има АЛЕРТ рубрика, каде и календарски и тематски би се ажурирале сите безбедносни ризици, уште подобро и со отворена односно јавна АЛО секција каде форумски би се покривале информации од терен на сите сограѓани, нешто слично во овој контекст е јавниот Сообраќаен сервис на Канал77 ова подвлечено до С бидејки наспроти големата волја истиот сеуште не функционира ајде бар ко идеја е добредојдена, нешто налик онаа ко руптли-стрингер на РТ ... но и да профункционира сето тоа е некако недоносено со оглед дека дотичната радио станица има пред се забавен карактер, можеби чаре е специјализирано радио, иако соодветен портал ко што предлложувам е по корисна работа, а дури потем ко таков да се промовира преку радијата, па и да има своја емисија секојдневно како би се одржувал народ во кондиција за предострожност и хуманост, нели од поуки зијан нема, нормално зад него да застане и популарна а контроверзна медиумска личност пр. Миленко Неделковски а зошто не и некој ко Игор Џамбазов таман да нафрли и мелозвучна ведрина посреди ... ако ништо друго би освестиле народ дека уште од мали нозе добро е децата да се подучуваат ако не извиднички бар камперски [1]
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Aug-2016 at 03:14

како анализа за претераното насилство од страна на полицијата кај нас, статистички би требало нели да се споредуваме со навидум најдемократската земја во светот, но еве да речеме тие отаде барата само глумат демократија, а за урнек треба да ни е ЕУ, еве на следниот линк/пост уверете/разуверете се околу тоа

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=742&PID=128537#128537

не дека нашите полициски службеници се цвеќиња за мирисање, нормално работат ризична работа па и логично е да се константно со адреналин под пазуви, но сметам дека за разлика од порано кога беа распашана команда на крајот од минатиот век, сега навистина се за пример, па макар станувало збор за сватоите ко алфа или тигри, хм да нзаете само како се понашаа во нтш (недозволена трговија и шверц) порано ќе си речете она со Мартин Нешковски е многу разбирливо ете несреќен рецидив од самоувереноста на некои припадници на Полицијата ни, но кои ете бар завршија на суд, додека порано завршуваа потапшани по рамо у кафана и рубрика во весник за несреќен случај

насилството посекако нема да изостане од ниедна страна, но добро би било кога механизмите за тренирање ред и поредок кај граѓаните би имале осет дека секој граѓанин не е потенцијална опасност туку дека секој полицаец е потенцијална провокација, просто како да не се плашиш од човек што носи оружје на појас, камо каубојскиот табоет да го имаа заменето со успивни наместо боеви куршуми, или металниот со електричен пендрак, а боречките вештини со катапултирана ловечка мрежа итн. ајде ако е за утеха секогаш ќе има бетер од нашите редари со оглед дека мала земја та и малку прилики за случајни гревови

~

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=448&PID=22655#22655

[1] https://en.wikipedia.org/wiki/Police_brutality

http://www.dw.com/mk/американската-полиција-хоспитализира-54-илјади-луѓе-годишно/a-19429320

[1] https://en.wikipedia.org/wiki/Blue_Lives_Matter [1]





Edited by beTon - 07-Aug-2016 at 03:16
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Aug-2016 at 11:08
07.08.2016 - 15 загинати, 6 исчезнати, а 22 граѓани повредени во невремето

До утрово, според официјалните информации на МВР, во невремето во Скопје загинале 15 лица, 6 се водат за исчезнати, а 22 граѓани се повредени и хоспитализирани на скопските клиники.

До утрово, според официјалните информации на МВР, во невремето во Скопје загинале 15 лица, 6 се водат за исчезнати, а 22 граѓани се повредени и хоспитализирани на скопските клиники.
До утрово, според официјалните информации на МВР, во невремето во Скопје загинале 15 лица, 6 се водат за исчезнати, а 22 граѓани се повредени и хоспитализирани на скопските клиники.

До утрово, според официјалните информации на МВР, во невремето во Скопје загинале 15 лица, 6 се водат за исчезнати, а 22 граѓани се повредени и хоспитализирани на скопските клиники.

http://vecer.mk/makedonija/15-zaginati-6-ischeznati-a-22-gragjani-povredeni-vo-nevremeto


~

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=244&PID=214595#214595



~

23.04.2015 - http://mrt.com.mk/node/22453/url">

http://vecer.mk/skopska/dvesta-lugje-go-spasija-skopje-od-poplava

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Aug-2016 at 18:49

Господи Помулиј за загинатите и сочуство до семејствата, навистина ова е до сега најтрагична природна непогода во земјава од поплави во минатото столетие, а годинава и најтрагично во европа
https://en.wikipedia.org/wiki/2016_European_floods#Casualties

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_floods_in_Europe

непријатно сум изненаден што нит лани нит оваа година народот не беше предупредуван како да се однесува при појава на циклони во регионот, иако правеа вежби како служби, а и во моментов на националниот РТВ сервис нема вондредна програма, и ај нема на радио но нема нит на телевизија за тековно да известуваат за сите случувања

http://infomax.mk/wp/страшни-фотографии-од-хеликоптер-погледнете го целиот хаос кој го направи поплавата!

МВР СО НОВО СООПШТЕНИЕ: Досега 21 лице загинато – список на опрема на МВР активирана за справување со кризата!

Министерството за внатрешни работи информира дека до 15 часот, по извршениот претрес на теренот во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје пронајдени се 21 починатo лицe, од кои идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за 1 лице сеуште трае утврдувањето на идентитетот.



Починатите лица се пронајдени на подрачјето на Гази Баба односно: Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и Црешево.

Од 07 до 11 часот, дополнително се пријавени уште 56 повредени лица на третман во здравствени установи, од кои девет се задржани, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Се преземаат мерки поради настанатата елементарна непогода,и притоа дадени се конкретни задачи на сите вклучени државни органи во делот на претрес на терен, со цел пронаоѓање евентуално други настрадани лица, потоа настанати штети, како и воспоставување на елементарни услови за живеење.

Од страна на екипи од Општината Гази Баба и Град Скопје ангажирани се правни лица со механизација за расчистување на штетите настанати од непогодата.

Од страна на против пожарната бригада се испумпува водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и во правецот од влез од нас.Ченто према с.Арачиново, додека пак во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран.

Во текот на целокупната активност од страна на МВР – ОСПО покрај полициските службеници ангажирани се 34 дефендери, 9 пинцгауер, 3 џип чироки, 5 хермелини, 3 хамери, 1 подвижна механичарска работилница, 3 санитетски возила и 3 хелихоптери, додека пак од СВР Скопје,, 4 комбиња фолксваген, 5 дефендери и 5 јети.

http://infomax.mk/wp/мвр-со-ново-соопштение-досега-21-лице-за/


Edited by beTon - 07-Aug-2016 at 18:51
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Aug-2016 at 20:24
Originally posted by beTon



непријатно сум изненаден што нит лани нит оваа година народот не беше предупредуван како да се однесува при појава на циклони во регионот, иако правеа вежби како служби, а и во моментов на националниот РТВ сервис нема вондредна програма, и ај нема на радио но нема нит на телевизија за тековно да известуваат за сите случувања

http://infomax.mk/wp/страшни-фотографии-од-хеликоптер-погледнете го целиот хаос кој го направи поплавата!

[quote]МВР СО НОВО СООПШТЕНИЕ: Досега 21 лице загинато – список на опрема на МВР активирана за справување со кризата!

Министерството за внатрешни работи информира дека до 15 часот, по извршениот претрес на теренот во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје пронајдени се 21 починатo лицe, од кои идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за 1 лице сеуште трае утврдувањето на идентитетот.



За да бидеш уште повеќе непријатно изненаден:

https://www.facebook.com/elka.jacevaulcar/posts/10210465424131065

Туку, никој од форумските колеги од Скопје ништо не пишува. Ако читаат, нека напишат дали се добри и здрави, им треба ли некаква помош или информација, имаат ли вода, струја, Интернет...

Еве им и една корисна мапа:

https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1t66X1P5XswZNZTTosUMKrAzp5qg
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Aug-2016 at 20:40

Storm Forecast
Valid: Sat 06 Aug 2016 06:00 to Sun 07 Aug 2016 06:00 UTC
Issued: Sat 06 Aug 2016 04:29

http://www.estofex.org/forecasts/tempmap/2016080706_201608060429_1_stormforecast.xml.png


http://estofex.org/cgi-bin/polygon/showforecast.cgi?text=yes


Edited by phenomenon - 07-Aug-2016 at 20:47
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15036
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Aug-2016 at 22:46
Originally posted by phenomenon



Туку, никој од форумските колеги од Скопје ништо не пишува. Ако читаат, нека напишат дали се добри и здрави, им треба ли некаква помош или информација, имаат ли вода, струја, Интернет...


Ние сме главно во ред, најмногу настрадаа оние во Стајковци и околните села, како и во Ченто и Сингелиќ. Таму редовно има поплави при обилни врнежи. Јас имам пријател од Стајковци, ми се пожали дека цел ден немаат струја. За среќа, неговата куќа не беше погодена од поплавата, заедно со уште неколку од неговото маало, но ми кажа дека остатокот од селото изгледал постапокалиптично. Како и да е, нека им е лесна земја на оние дваесетина загинати кутри души.

Edited by Џоле - 07-Aug-2016 at 22:47
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Aug-2016 at 10:29
Во Сопиште беше откачено, патот се претвори во река каква што немаме видено до сега. Материјалните штети не се вонсериски, патот е раскопан како после секоа вакво невреме. Не сум слушнал за поголеми индивидуални штети освен малку вода во подрум или низ таван.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Aug-2016 at 10:30


Да, во саботата немаше струја околу 20 часа, а од ноќеска (веројатно околу 2 некаде) повторно нема струја.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Aug-2016 at 15:11




https://www.eswd.eu/

~

верувам брзо ќе се стабилизира состојбата, иако допрва треба да се внимава на евентуални зарази, но не верувам дека ќе извлечеме поука како risk management [1][2][3] нит од овие поплави ко ни од ланските во Пелагонија, еве утрово во соопштението за доброволци за санација од непогодите кое беше пуштено од градските власти се бара доброволците ако имаат да си понесат и алат со себе, кој век живееме тоа ние!? нејсе, од сета оваа несреќа само дополнително може да се извлече заклучок колу е неоходно да имаме Цивилна (територијална) Одбрана која не само што би имала своја опрема за кризи и непогоди, туку постојано би ги лоцирала сите критични точки, а во сослух со геолозите, метереолозите и општините би интервенирале превентивно, што побрзо толку подобро имајки предвид дека и за понатака се најавуваат слични непогоди на балканите [1]
иако се знае кои се најкритичните точки од поплави и клизишта во случајов во скопско поле, сеуште нема јавна хазард-мапа за скопската метропола, дали ризик-картите не ги вадат за да не креваат галама, или бидејки антикризните мерки ги туркаат програмски а програмите каснат во костец приоритетите навистина незнам, но очигледно е дека властите играат на карта на прв дојден прв услужен, па ако некоја општина направи правовремено "план за справување со кризи" и утврди каква помош и треба дури тогаш и ќе се разгледува кога и како истата да и се достави, најчесто во форма после свадба тапани! а доплнително и покрај се што се случуваше и се најавуваше до сега, за чудење е немарноста околу искористување на ИПА претпристапните фондови во овој правец, а што е подвлечено и во следниов текст каде само о.Пехчево се посочува како исклучок ...

Кои се причините за големата поплава на делови од Скопје - http://www.igeografija.mk/Portal/?p=6662

~

нормално сето ова треба како смерница да е опфатено во скопскиот просторeн план но дали е така, ем без ТО единици во секој реон тешко да може брзо да се интервенира, еве Коце вели дека службите излегле уште во 7 вечерта за да интервенираат но заради отсечениот сообраќај стигнале до најпогодените точки дури во 9, а сето тоа можеше да биде и поекспресно доколку постоеја локални единици за територијална одбрана, бидејки сигурно во околината има најмалку 10 багери кои ако се имало евиденција каде се во секое време, бар денес ова со gps е лесно изводливо доколку на тоа и се обврзани преку регистрацијата, нормално дека секоја ТО единица експресно би реагирала, би било логично ко таква без посебна дозвола сите неопходни средства па и во приватна сопственост и' да ги употреби во вондредни околности, a што пак би требало и законски и кампањски да е покриено за да нема застој при интервенциите, слично ко што и секоја државна служба кога е неопходно може да се послужи со вашето возило и без ваша согласност ...

но интервенција со багери на алувијално тло ко скопско поле кое и така лежи на вода мислам нема да биде многу од помош, тука дефинитивно треба да се размислува за евакуциски планови и пред се активна инфо-поука за жителите како треба да се однесуваат при вакви непогоди, но сето тоа сеуште е на ниво на службен план, кој се надевам веќе е и ГИС имплементиран преку катастарот [1] идеално во отворена и континуирана соработка со институтите и факултетите во земјава
[1] http://www.sf.ukim.edu.mk/rimadima/Angliski/Public%20Awaraness/Presentations/GIS-Erosion-Risk-Vodno-.pdf

http://e-demokratija.mk/documents/10157/26919/Национална+Стратегија+за+Води [1]


~
ГУП Скопје
...
3.3.22. Заштита и спасување

Во Законот за заштита и спасување се утврдени мерките за заштита и спасување, при што се дефинирани местото, улогата и задачите на сите субјекти во извршувањето на функционалните мерки, активности за заштита и спасување на
населението и материјалните добра и со нивно доследно планирање, подготвување и спроведување во голема мера би се намалиле опасностите од појава на природни непогоди и други несреќи, односно последиците предизвикани од истите би биле помали или незначителни.

Заради посебноста и доверливоста на оваа област од особено страешко значење за Републиката Градот Скопје, за планирањето на просторните аспекти за заштитата и спасувањето, потребно е изготвување на посебен плански документ - Анекс на Генералниот урбанистички план на Град Скопје за ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ во посебна постапка и процедура во согласност со Законот за заштита и спасување со целосе ангажман на Дирекцијата за заштита и спасување.

...

7.9. Мерки за заштита и спасување

Мерките за заштита и спасување се однесуваат во случај на пожар, во случај на
воени разурнувања и во случај на природна катастрофа. Градбите лоцирани врз основа на класите на наменска употреба на земјиштето не индицираат технолошки
катастрофи.
Мерки за заштита од пожар

Од урбанистички аспект противпожарната (ПП) заштита се потпира на следното:
− сообраќајна инфраструктура со нивелманско решение и со проектни
елементи на улиците;
− Елементи на партерот, како потпорни ѕидови, огради, ормарчиња за електро,
односно телекомуникациски инсталации, насади и други партерни елементи,
како бариери за движење и интервенција на ПП-возилата;
− Надворешна хидрантска мрежа;
− Водење на другата инфраструктурна мрежа.

Ширините на сообраќајната мрежа, овозможува интервенција на противпожарните
возила. Максималните падови на сообраќајната мрежа се движат во граници на
нормалата и овозможуваат движење на ПП-возилата, како и други интервентни
возила.

Со урбанистичка документација од пониско ниво за секоја четврт поединечно
, обврзно да се почитуваат растојанијата на улиците до површините за градба за
секоја наменска употреба на земјиштето поединечно како и за градбите во истите,
односно елементите на партерот, за непречена манипулација на ПП возилата.

Обврзно да се предвиди надворешна хидрантска мрежа околу четвртите,
површините за градба на секоја наменска употреба
на земјиштето како и градбите и
комплексите на градби во истите, а нејзината поставка да е во согласност со ПП
норми и стандарди.

Водењето на другата инфраструктура да биде во инфраструктурни коридори,
подземно поставени на дозволени безбедносни меѓусебни растојанија.

Другите елементи за противпожарна заштита да се утврдат со посебниот елаборат
за противпожарна заштита како составен дел на урбанистичката документација од
пониско ниво во делот на условите за градба, посебно за секоја градба или
комплекс на градби во рамките на површините за градба за секоја наменска
употреба на земјиштето поединечно.
Мерки за заштита од воени разурнувања

Примарната сообраќајната мрежа овозможува:
− брза и непречена евакуација на корисниците во планскиот опфат,
− брз пристап на екипите за спасување и нивните специјални возила,
− непречена интервенција во кругот на катастрофата,
− штетите да се сведат на минимум,
− брза санација на последиците.

За инфраструктурната мрежа не се предвидуваат посебни урбанистички мерки од
аспект на заштита од воени разурнувања.

Во урбанистичката документација од пониско ниво во условите за градба да се
овозможи растојание од најблиската градба до уличната мрежа минимум половина
од висината на градбата, односно во граници кои, при разурнување на градбите
овозможуваат проодност на сообраќајниците на кои се поставени.

Можни се директни воени воздушни удари на инфраструктурната мрежа и нивно
оштетување.

Другите елементи за заштита од воени разурнувања, да се утврдат со посебниот
елаборат за заштита од воени разурнувања, како составен дел на урбанистичката
документација од пониско ниво во делот на условите за градба, посебно за секоја
градба или комплекс на градби во рамките на површините за градба за секоја
наменска употреба на земјиштето поединечно.
Мерки за заштита од природни катастрофи

Земјотрес со поголем интензитет е можна природна катастрофа на градот Скопје и
Скопскиот регион. Во планскиот опфат се предвидува асеизмична градба, како
можна превенција. Во случај на можни разурнувања, примарната сообраќајна мрежа обезбедува:

− брза и непречена евакуација на корисниците во планскиот опфат
− брз пристап на екипите за спасување

и нивните специјални возила,

− непречена интервенција во кругот на катастрофата,
− штетите да се сведат на минимум,
− брза санација на последиците.

За инфраструктурната мрежа не се предвидуваат посебни урбанистички мерки од
природни катастрофи.

Другите елементи за заштита од земјотреси, како природна катастрофа, да се
утврдат со посебниот елаборат за асеизмична градба во урбанистичката документација од пониско ниво во делот условите за градба на статиката и динамичката анализа на градбите, како составен дел на Основниот проект.

...
http://www.skopje.gov.mk/Uploads/SOZS_GUP_SKOPJE.pdf



Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Aug-2016 at 16:27
Заедно со http://estofex.org/ и овој сајт за предвидување на земјотреси http://www.world-earthquakes.com да си ги ставите во bookmarks зашто се виде дека од македонските таканаречени медиуми нема никаква корист.

Објаснување за http://www.world-earthquakes.com:

Koга ќе влезете на сајтот, одете на Earthqake Forecasting и долу со жолто-кафеава боја ќе видите Press the - Generate a Key - button. Ќе кликнете на правоаголникот десно од него кај што пишува Generate a key и во жолто-кафеавиот правоаголник лево ќе ви се појави Secure EFS key, па тогаш ќе може да кликнете на крајниот десен правоаголник каде пишува View и да ја видите прогнозата за земјотреси во следните 48 часа за целиот свет!

Edited by phenomenon - 08-Aug-2016 at 16:35
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Aug-2016 at 20:05

ерозијата излезе е главниот кривец за поројот од Раштак до Булачани нормално дивосечата како и секогаш прва спона на куршлусот, потем сливните канали, а на крај и сета терсене урбанизација, камо денот на дрвото да беше впрегнат уште при самото осамостојување а не дури скоро та чии ефекти ќе се гледаат дури за десетина години, а посекако на критичните места требаше да се оди со багрем, заради дополнителна вредност и медоносен со оглед дека истиот пушта екстра голем систем на корења итн. итн.

- http://www.dw.com/mk/природата-не-е-единствениот-виновник-за-катастрофата/a-19455350

- http://www.dw.com/mk/само-одговорноста-за-последиците-од-поплавите-е-одвоена-од-државата/a-19455474

во најмала рака требаше но и сеуште треба да се направат достапни сите хазард-мапи до јавноста, да се укаже на ризичните точки и да се интервенира онаму каде може, имаме на лагер и примери по комшилук со слична географија ко скопската ко што е Загреб [1] незнам зошто надлежните во министерствот за екологија не пуштат срце и сите ризици неги ажурираат постојано и јавно преку ГИС-от на катастарот



~

Непланската изградба на обиколницата му пресуди на Стајковци?! - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=214633#214633







http://plusinfo.mk/vest/81410/uzasni-sliki-od-skopskata-obikolnicata-galerija


Edited by beTon - 08-Aug-2016 at 20:28
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Aug-2016 at 21:18


освен државата односно недоносените стратегии, искилавениот урбанизам и сите општествени болести, она што е индиректно виновно за скопскава метео бомба а што го вергла и Миленко е и тоа харп-от, и навистина америте се криви за се' [1] ајде не баш за се', но за многу што околу сето ова имаат и самите тие кабает

http://www.tportal.hr/vijesti/znanost/424623/Otkriven-uzrok-misterioznih-poplava-na-Balkanu.html

на сето ова фали уште езотериско објаснување, односно што ако харпот е духовно индуциран, и што ако духовите се без копас, нормално во тој случај само Молитва јасно пропратена со Покајание, преумување, одвикнување од навиките на стариот адам пардон ева, за да не не' фтаса и побетер! но бадијала сето тоа доколку не се жибее Литургиски, просто заедничката молитва е онаа која е најплодоносна за нас, односно заедништвото и ќе не избави и при непогоди и при кризи и при бродоломи, но нели посесивниот индивидуализам не ни дозволува себичноста и гордоста да ги надминеме со леснотија, дали!?

навистина, природата не е крива што живееме во себични времиња, каде место да функционираме како заедница, ние функционираме на сите нивоа невозможно индивидуалистички, дури и политиката претежно рефлексно му враќа на народ од арачот! но каде се тука претпријатијата, каде се тука богатите, каде се тука комшиите, сите си го гледаат само своето гајле, она ако може нешто у двор да приберат а не да дадат / споделат, навистина себичноста сите ќе не отепа, а ова и допрва ќе биде се поизразено било тоа удрило природна (поплави,земјотреси,суши,пожари,епидемии,метеори) економска или политичка непогода



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Aug-2016 at 22:05

еве уште една реална иронија, што мислите денес поштетнo е да бидеме поплавени или да не закачи земјотрес, лично незнам со оглед дека со озбилна пплава сум немал искуство, но затоа скоро сетив јак земјотрес [1]

во секој случај народот треба да е поучуван како да се однесува за време на непогоди, а народ ко за сеир баш тогаш камерата в рака, наместо акалот пред очи, а сега Донирајте и Помагајте кој колку може и знае





Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Aug-2016 at 05:22



не е лошо да се размислува и за портабл технологија при кризи, но нам копачите не ни се на број, та дронови би вметнале во плановите за итна помош, анализа или спасување, нив ги немаме импровизарано нит кај специјалците а не пак ЦУК да ги имплементира, иако не е некоја филозофија бар за координирање да имаат десетина кои со ir-камери при секакви услови би го мапирале и пребарувале теренот [1][2][3] треба само волја и нешто ноу-хау за и ваква алатка добијат на поклон од владата, особено ако ова сега и се потенцира како неопходно за идни непогоди, но во ЦУК нели се срамат да кажат дека уште копачите им се фрка а не пак софистицирана опрема, ех ИПА фондови та ако немаме ние имаатда помогнат тоа европеите и во однос искуствата и во однос опремата, може се лажам но ми делува дека службите на апансаз реагираат околу приоритетите, институционалната помош и соработката

https://www.sensefly.com/fileadmin/user-cases/2015/senseFly-Case-Study-Mine-Flood-Mapping-Serbia.pdf

http://www.dronesfutureskies.com/emergency-response#!search-and-rescue-drones

~

http://inhabitat.com/ambulance-drone-could-provide-emergency-help-in-just-one-minute/

http://phys.org/news/2016-08-drones-aid-emergency-mass-casualty.html

~

http://www.droneamerica.com/news/drone-america-and-amr-collaborate

http://qz.com/655314/google-wants-to-call-drones-to-medical-emergencies-at-the-push-of-a-button/

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Aug-2016 at 05:44

04.06.2013 - Заштитата од поплави никогаш не е доволна?! - http://www.dw.com/mk/заштитата-од-поплави-никогаш-не-е-доволна/a-16856976

27.01.2015 - Утврдени критичните точки и превентивните мерки за заштита од поплави
- http://vecer.mk/makedonija/utvrdeni-kritichnite-tochki-i-preventivnite-merki-za-zashtita-od-poplavi

08.08.2016 - Македонија НЕМА систем за заштита од поплави

Природата завчера беше жестока, но не и нескротлива. Иако наврнаа огромни колични вода, не може само поројниот дожд да се обвини за над дваесет човечки жртви и огромната материјална штета. Професорот на Природно-математичкиот факултет во Скопје, Ивица Милевски тврди дека доколку во земјава постоеше интегриран пристап за справување со непогоди, поплавите можеби немаше да однесат ниту еден човечки живот, пренесува Телма.

– Секој ќе спомне дека е природна непогода, но само еден пример ќе ви кажам. Во Риека пред две – три години имаше 250 милиметри врнежи за 2-3 часа, па немаше речиси никаква материјална штета. Зошто? Затоа што превентивно беа изработени дрнажни канали и има одлична атмосферска канализација. Штетите беа минимални, а врнежите беа 3-4 пати поголеми од оние во Скопје.

Професорот Вулнет Палоши пак потсетува на ланските поплави во Шипковица во кои имаше шест жртви. Очигледно надлежните институции се инертни и не ги учат лекциите кои ни ги испраќа природата, вели Палоши.

– На сите знаци што ни ги дава природата треба многу итно да реагираме, а не владата и локалните самоуправи да се препукуваат кој за што е надлежен. Нема смисла да се губат човечки животи, а ние да си префрламе кој што не направил.

Професорите главните причини за катастрофалниот епилог ги лоцираат во несоодветната одводна инфраструктура. Голем дел од дренажните канали не се исчистени со години, а очигледно и при градењето на обиколницата околу Скопје не било земено предвид дека може да дојде и до вакви врнежи.

– Се направи застој кој предизвика натрупување огромни количини вода. Според наша проценка, околу 2-3 милиони кубни метри вода од обиколницата кон подножјето на Скопска Црна Гора што е навистина една помала вештачка акумулација и тоа предизвика огромна водопропусна моќ за уништување од такви размери.

– Тоа се прави врз база на анализи на сливното подрачје, кои води треба да се примат во кој период. Тука ако е направена некоја грешка во анализите или во одобренијата за неадекватни хидролошки решенија тогаш се лучува ова.

Милевски истакна дека неопходно е да се преземат итни мерки за воспоставување систем за заштита од поплави, со оглед на тоа што според прогнозите, во наредниот период се` почесто ќе се случуваат обилни врнежни на дожд.

http://reporter.mk/2016/08/08/македонија-нема-систем-за-заштита-од-п/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Aug-2016 at 10:18

08.08.2016 - СРПСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ СО ГОЛЕМ БРОЈ НА ОПРЕМА И ТЕХНИКА ТРГНАА КОН СКОПЈЕ ДА ПОМОГНАТ

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека денеска упати помош за Македонија во механизација и луѓе за санирање на последиците од поплавите предизвикани од временските неприлики. Како што се наведува во соопштението, околу 20 припадници на пожарникарско-спасувачките единици на српската полиција тргнале кон Македнија за да помогнат на граѓаните.srbija-pomos

На пат кон Македонија тргнале повеќе теренски возила и камиони со неопходната опрема и пумпи, како и дваесетина припадници на противпожарните и спасувачки единции при министерството за внатрешни работи на Србија.



Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ вчера разговараше со мнистерот за внатрешни работи на Македониј Митко Чавков, на кој му понуди помош околу заштитата и спасувањето на жителите, како и во санирањето на теренот.

Заедно со МВР на Србија помош испраќа и град Белград.

ЈКП за водовод и канализација на Белград кон Скопје упати специјално комбинирано возило „вома“ со комплетна технологија за одзатнување на канализации, испумпување и усисување.

ЈКП Градска чистота од Белград исто така испраќа фекална цистерна со голем капацитет на усисување, а Јавното водоводно претпријатие „Белград вода“ привремено ќе отстапи две пумпи со среден капацитет од 2.000 литри о минута.

Со наведената техника во комплет доаѓаат и целосни тимови со цел што побрзо да се отстранат штетите од поплавите!

http://mkd-news.com/srpski-spetsijaltsi-so-golem-broj-na-oprema-i-tehnika-trgnaa-kon-skopje-da-pomognat/


08.08.2016 - Бугарски спасувачи помагаат во испумпување вода во настраданите подрачја во скопско

Бугарските спасувачи и пожарникари во моментов се во една од најпогодените населби на Скопје, објави агенцијата БГНЕС.

Николај Николов, директор на бугарската Дирекција за заштита на од пожари е во Скопје и изјавил дека од Софија се испратени два тима за пребарување и спасување, а од бугарската противпожарна служба уште два тима за испумпување вода.

„Првата задача за нашите луѓе е потрага и спасување на евентуално настрадани луѓе, а втората е испумпување вода“, изјавил Николов.

Тој најавил средба со кризниот штаб, на која се сумира што е исполнето во изминатото деноноќие и што претстои понатаму, додавајќи дека сите организации работат координирано.

http://www.mkd.mk/makedonija/bugarski-spasuvachi-pomagaat-vo-ispumpuvanje-voda-vo-nastradanite-podrachja-vo-skopsko

Според него претстојат многу напори на сите тимови – под раководство на македонската влада и градоначалникот на Скопје работат сите потенцијални сили кои можат да се вклучат – армијата, полицијата, пожарникарите, волонтери, комуналните служби.
“Така ќе биде во наредните 10-15 дена додека се исчисти сето додека се дезинфицира и дератизира”, појасни директорот на Генералниот директорат “пожар и заштита на населението”. [1]

09.08.2016 - ЕУ го активираше механизмот за помош на Македонија

Тим од технички експерти денеска ќе пристигне во земјата за да ги процени штетите и да им изготви препораки на националните и локалните власти. Сочуство за жртвите од САД и Германија.

ЕУ го активираше механизмот за цивилна заштита за да и помогне на Македонија да се справи со последиците од катастрофалните поплави. Одлуката била донесена на барање на македонските власти, се наведува во соопштението на Европската комисија.
Тим од технички експерти денеска ќе пристигне во земјата за да ги процени штетите и да им изготви препораки на националните и локалните власти.
„ЕУ е подготвена да и помогне на пјр Македонија. Во контакт сме со државните власти во Скопје и со други земји кои учествуваат во Механизмот за да се искоординира брз одговор на барањето. Испратен е хуманитарен експерт, а ќе биде испратен и тим за цивилна заштита“, соопшти комесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент, Христот Стилјанидес (на насловната фотографија).
Американскиот Стејт департмент изрази сочуство до семејства на жртвите и настраданите во поплавите.

„Сочуствуваме со македонските граѓани додека ги оплакуваат загинатите, им пружаат помош на повредените и ги санираат големите штети“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Елизабет Трудо.
Германската амбасада во Скопје изрази длабока жалост за жртвите од невремето.
„Нашите мисли и нашето сочувство се со жртвите, повредените и нивните семејства“, сооошти амбасадата.

http://www.dw.com/mk/еу-го-активираше-механизмот-за-помош-на-македонија/a-19460096


08.08.2016 - Нишани испрати телеграма со сочуство до Иванов: Албанија е со вас

Претседателот на Република Албанија Бујар Нишани денеска упати телеграма со сочувство до македонскиот претседател Ѓорге Иванов по природната катастрофа што ја зафати Македонија.

Во телеграмата Нишани наведува дека со голема загриженост ги следи вестите за жртвите, повредените и за огромната материјална штета во поплавите предизвикани од невремето во неколку населби и села во Скопје.

- Со длабока болка им искажувам најискрено сочувство на семејствата на загинатите и поплавените, Вам, на граѓаните на Скопје и на цела Македонија и Ве уверувам дека во овие тешки мигови јас и албанскиот народ сме со Вас и Владата на Македонија, стои во телеграмата.

Нишани додава дека се надева на брзо надминување на оваа природна несреќа и враќање што побрзо на нормалниот живот на граѓаните на Скопје и цела Македонија.

Инаку, Владата на Албанија денеска одлучи да испрати првична помош во износ од 100.000 евра за санирање на последиците во настраданите подрачја во Македонија. Владата претходно искажа подготвеност да помогне со се што може.

http://www.press24.mk/nishani-isprati-telegrama-so-sochustvo-do-ivanov-albanija-e-so-vas

08.08.2016 - Бугарски европратеник и пратеник на ГЕРБ доброволно помагаат во Скопје

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ / ЕПП Андреј Новаков и пратеникот и претседател на Младите ГЕРБ Георг Георгиев се во Скопје, каде што помагаат за отстранување на штетите кои беа предизвикани од невремето и поплавите во македонската престолнина, соопштија од прес-центарот на ГЕРБ. Тие се дел од волонтерска иницијатива која има за цел да помогне во оперативната активност на службите за борба со катастрофи во Македонија.

„Вклучени сме како волонтери“, соопшти европратеникот на личната страница на Фејсбук.

Денес двајцата се вклучија во снабдувањето со гориво за постројки за одводнување.

– Дополнителни тешкотии тука се создаваат од фактот дека електричната енергија е прекината. Беше тешко да се најде бензинска пумпа која работи. Водата е загадена и е непогодна за пиење. Остануваме тука за да помагаме во сè од што има потреба локалното население и кризниот штаб – објасни Андреј Новаков.

– Ја делиме нивната вознемиреност од катастрофата што ги снајде. Се случило и во Бугарија. Тука сме за да помогнеме – рече Георги Георгиев.

Тој вели дека со Новаков помагале при расчистувањето на куќата на постара двојка, погодена од поплавите.

– Им помогнавме со физичка сила при расчистувањето. Ги користиме и пумпите, обезбедени од бугарските власти – додаде Георгиев.

http://www.ohridsky.com/2016/бугарски-европратеник-и-пратеник-на-г/



Edited by beTon - 09-Aug-2016 at 10:38
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.