build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градење куќа во Македонија - услови и комбинации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 15-Dec-2008 at 13:20
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by ABC

за кој не знам зошто ама не можам да постирам фотографија,што воедно е и моја примедба за модераториве на форумчево,кое најверојатно нема повеќе да го посетувам доколку не можам да инсертирам фотографии.Thumbs%20Down

Dunno
Не те разбирам баш за што станува збор. Ете погоре си се снашол и си постирал фотографии, што поточно е проблемот во последниов случај? Каде си се обидел да ставиш фотографија која не се појавила (не можам да приметам според контекстот на претходните постови, ниту гледам дека некој пост е едитиран)
Ако има лек ќе го најдеме, само лоцирај го проблемот попрецизно Smile



Се извинувам на админот,најверојатно беше моја грешка иако според известувањето пишуваше дека треба да имам посебна дозвола за прикачување слики.Сепак извинете уште еднаш за недоразбирањето.Thumbs%20Up

Инаку објектот за кој ви зборував од 80 000 евра е овој подолу,со квадратура од окулу 280 метри квадратни,но со потенцирана изолациона изведба со специјални малтери и изолациони материјали,како и посебни прохтеви на инвеститорот од повеќе заоблени елементи при самата конструкција односно фасада на објектот.


Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 15-Dec-2008 at 16:58
Дали и надзорот беше дел од оргиналниот проект? Ако да, тогаш те молам кажи ни што е потребно да се земе во предвид при неговото планирање.

Edited by Cloverstack - 15-Dec-2008 at 16:58
Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 15-Dec-2008 at 22:01
Kај првата не,но кај втората итоа како да.Како инвеститори потребно е да знаете дека надзорот што би го зеле во предвид е потребно да биде што понезависен и посамостален од изведувачот тоа подобро ,практично негов соперник,ама во однос на браншата не во буквална смисла на зборот и во приватниот живот.Big%20smile
Инаку што се однесува до надзорот морам да напоменам дека е вредно да се издвојат и по 1000-2000 евра,во зависност од времетраењето на изградбата,не мора да биде инжинер архитект,препорачувам градежен техничар со искуство,или човек што нема да размислува дали да се качи на покрив,да ѕирне во секоја оплата или да се извалка во веќе турениот бетон броејќи шипки или узенгии.Згодно би било некој од изведувачите доколку прифати да ви биде надзор.Се разбира дека во Македонија неколку фирми се стекнаа со сертификати за комплетна изработка на проекти изградба и надзор,но лично јас доколку сум во улога на инвеститор не би ги користел ако не морам па би препорачал или би барал што понезависен односно директно инволвиран човек кој добро знае да чита планови но и да изведува објекти.Тоа го кажувам од лично искуство како изведувач кога далеку поквалитетен надзор сум имал во случај кога објектите беа контролирани од луѓе што знаат она што го контролираат и да го направат,луѓе кој не се “крем“ во архитектурата.Ова ви го кажувам како дел од тајната на целиот процес наречен ГРАДБА,и би сакал разбирање од колегите на форумот,заради мојата искреност која се надевам дека нема да ги навреди.Dunno
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 15-Dec-2008 at 22:11
Малку невнимателно го употребив зборот надзор... Мислев на видео-надзор (ја забележав камерата на вториот објект)

LOL

Во секој случај научив нешто ново и корисно  Thumbs%20Up



Сега да се вратам на она што сакав да прашам во првиот наврат. Значи ме интересира ако знаеш да ни кажеш како се планира пософистицирано обезбедување на некој објект (аларм, видео-надзор и слично...)



Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 15-Dec-2008 at 23:49
Originally posted by Cloverstack

Малку невнимателно го употребив зборот надзор... Мислев на видео-надзор (ја забележав камерата на вториот објект)

LOL

Во секој случај научив нешто ново и корисно  Thumbs%20Up
Сега да се вратам на она што сакав да прашам во првиот наврат. Значи ме интересира ако знаеш да ни кажеш како се планира пософистицирано обезбедување на некој објект (аларм, видео-надзор и слично...)


Тоа е работа на електричарите а секако според потребите на инвеститорот.Значи најпрво се консултираш со инвеститорот дали и каде сака надзор на објектот,за потоа да им предочиш на електричарите каде да пуштат грклани или во консултација со специјализирана фирма и кабел за опремата која треба да се инсталира одкако ќе завршат градежните работи.Многумина кај нас инсистираат “надзорот“ да биде инсталиран и пред завршните градежни работи,од само ним познати причини.Roll%20eyes
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 16-Dec-2008 at 00:06
naj lezerna rabota e elektro inz.na gotov proekt treba samo da postavi crvena i plava linija i kade kolku da bide debel kabelot,od arhitektot dobiva sve kaj treba da bide i prekidach i steker i sve on samo samo da si potcrta.Big%20smile
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 16-Dec-2008 at 01:08
Originally posted by ABC

... Тоа е работа на електричарите а секако според потребите на инвеститорот.Значи најпрво се консултираш со инвеститорот дали и каде сака надзор на објектот,за потоа да им предочиш на електричарите каде да пуштат грклани или во консултација со специјализирана фирма и кабел за опремата која треба да се инсталира одкако ќе завршат градежните работи.Многумина кај нас инсистираат “надзорот“ да биде инсталиран и пред завршните градежни работи,од само ним познати причини.Roll%20eyes

Мајку е изместена логиката, прво се повика специализирана фирма (кој за жал малку ги има) која по захтев на инвеститорот да го опреди типот и количината на опремата а потоа може или самата фирма или електричари да пустаат кабли кој се нај небитната и задна работа во надзорот.
Затоа кај нас има толку мртви точки во надзотот - да не спомнувам многу значајни објекти кој се со такви  дупки да коса ти се дигне.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 16-Dec-2008 at 07:57

@ Владимир тука си грешка околу специјализираните фирми, еве погледни колку фирми само се регистрирани во ЗК за Видео Надзор , од нив имаш и профи и импровизатори т.е. колпортери на првиве. не сум нај упатен кој е нај моќен на ова поле кај нас, но сите имаат на лагер добра опрема. пример визард имаат и IR камери тоа сум сигурен, инаку повеќето имаат и wireless системи... што е до системот кога и како ќе се намести мислам дека е релативно бидејќи кај повеќето резиденцијални објекти истиот обично служи како секундарна заштита за разлика од алармите! мој предлог е камерите да се замаскирани во дворното зеленило како не би имало проблеми околу мртвите агли покривајќи дијагонално со една камера две лица од фасадата, а воедно и ќе си постои и перфектна камуфлажа! лош видео надзор е оној кој е без сензор и кој нема или постојано не ги снима движењата, има луѓе кои се одлучуваат и на видлив лажњак колку само за да поминат поефтино и на блеф да се заштитат, но во таков случај и за таква потреба најдобро куче нека врзат во двор и решиле работа.

ABC ти најпрво го почна палирскиот муабет за надзорот. види она што го велиш дека неутрално лице добро ќе ја заврши работата тоа си во право, но повторно не постои гаранција дека нешто нема да се подиспушти! единствен начин е и инвеститорот да е запознаен на лице место со ситуациите! според мене за палир е најдобро (како што кажа и ти) да се земе мајстор, кој ем многу повеќе ќе оди во инспекција за разлика од инжињер за истите пари (малку поинаку за срце ги земаат мајсторите работите за разлика од теоретичарите), ем ги познава сите мајсторски цаки околу крпениците.

во никој случај не смее да види тајфата дека селото е без кучиња, во најмала рака ќе го однесат времето или пребрзо или преспоро, и во двата случаи на штета и на градбата и на стопанот . најголема грешка мислам е доколку опадне прецизноста кај тајфата што е единствено возможно само доколку алкохолот е главна  течност после водата на терен, иако има исклучоци за мајстори кои само кога се под гас работата ја тераат како песна, сепак таквите се постојан ризик и за себе и за околината! 

патем не ми одговори дали со пуц-машина или рачно го работиш малтарењето и што мислиш која е поевтина варијанта од двете?!

Back to Top
kliki View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kliki Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-Dec-2008 at 13:25
дали знаете што е бондрук?
фала многу
не е ли тоа врзна дрвена конструкција?

Kliki
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 16-Dec-2008 at 15:15

абе како го вртиме муабетов те дрво те цврста градба, те пак дрво, сетне назад на бетон Smile како и да е добра недоумица! имам нешто градежно-архитектонски речници ископано па може да направиме нова нишка, но пред се за да ги средиме сопствените архаични зборови како душеме(патос) или "демирот" узенгија - шипка за затвoрање на главните порти на рајот во форма на кука(најпрво портите се затворале со попречна греда, но подоцна попречната греда е едно со вратата а на неа се затнуваат-се зафаќаат демирите кои се врзани во страничниот ѕид од тремот) за истава направа има и минијатурна варијанта попозната како рајбер кука (кука за на врата прозор [1])

Бондрук - куќен ѕид изграден од диреци и греди меѓу кои се ставаат непечени тули.
ова е дефиниција од лексиконот на идивиди, но бидејќи е малку нејасна еве уште еден цитат
во приземјето е изградена од делкан камен, а ѕидовите се од керпич и бондрук-конструкција.
ФорумПлус - 13.05.2006

мене ми недостига инфо за зборот черен



Edited by beTon - 26-Jan-2009 at 01:23
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 16-Dec-2008 at 22:40
Originally posted by beTon

@ Владимир тука си грешка околу специјализираните фирми, еве погледни колку фирми само се регистрирани ...

Како и во се друго, имаш про и шалабајзери, твое е да дознаеш кој е кој.

Originally posted by beTon

... но сите имаат на лагер добра опрема. пример визард имаат и IR камери тоа сум сигурен, инаку повеќето имаат и wireless системи...

Најголемиот дел имаат она што се продава за широка потрошувачка, (што го имаше и на ауто пазар) не про. опрема.

Ете баш што спомнуваш прво

IR камери - со која резолуција и која осетливост (иначе нив ги имаш бес пари и за PC, нели !)

Wireless системи, се тотална не про. опрема - „минута“ треба за да го онеспособиш системот.

Originally posted by beTon

... со една камера две лица од фасадата,

Од таа далечина тоа едино можеш да го постигнеш само со камери со висока резолуција и осетливост, зашто кога треба да ја прегледаш снимката ке видиш само некој мрљи кој се движи таму негде.

Така да, најголемиот дел имаат видео заштита, но кога ќе дојде до стварна нејзина користност сваќаат дека имале шминка.

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 17-Dec-2008 at 00:25

гледај од камера за 50 евра не можеш да очекуваш ништо повеќе. а ако мисли човек дека камерата е заштита со која ќе си ги врати украдените пари тогаш ја утнал работата, обично оние кои се подготвени да пробијат аларм и кодирани брави не верувам дека ќе си дозволат аматеризам од типот на отскриено лице... за вакво нешто човек треба да се осигура во банка или во осигурително друштво. инаку видео надзор мислам дека е корисно да се има само за евиденција што се се случува наоколу.

безжичниот систем има свои предности и свои мани, иако во принцип многу полесно се хакира доколку човек има опрема, знаење и намера! вакво нешто е добро за непремостливи пречки и за редовна дислокација на системот, но комбинација од двата системи е повеќе од корисна...      

еве ја понудата на визард за комбинирани IR камери www.wizard.com.mk/index.php?option=com_virtuemart&page=shop.browse&category_id=13&Itemid=32

инаку картиците им се далеку поскапи отколку камерите www.wizard.com.mk/index.php?page=shop.browse&category_id=44&option=com_virtuemart&Itemid=32                    

а за тоа кој е про а кој не човек брзо ќе дознае! како што реков јас сум запознаен со системите на визард и знам дека имаат и добра но и ефтина понуда, а и она што го немаат по нарачка за брзо време го обезбедуваат.            

Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 20-Dec-2008 at 00:08
Originally posted by kliki

дали знаете што е бондрук?
фала многу
не е ли тоа врзна дрвена конструкција?



Бондрукот како термин се користи во Македонската архитектура на повеќе места,меѓутоа неговото значење пред се се фокусира на конструкциите каде дрвото завзема многу важно место.Така на пример можеме да го сретнеме терминот “бондручни ѕидови“ особено во старата Македонска архитектура за која и Корбизје вели:
-Ако сакате да видите вистинска градска архитектура со незамисливо добра искористеност на просторот и со генијално применети конструктивни зафати на самата градба,треба да ги посетите Охрид или Крушево во Македонија каде генијалноста на неимарите е особено видлива и изразена како рај за вашите очи.(добро сега малку ја филував изјавава ама верувам дека нема да ви смета Smile).
Инаку бондручните ѕидови или бондрукот се користеле за да обезбедат еласичност на самиот објект,со што дополнително и сеизмолошки се зајакнува самата градба.Многупати под терминот бондрук употребуваме и за одредена греда во кровната конструкција или пак за изработка на оплата.Еве како изгледа објект со типични бондручни ѕидови:

http://www.tresonce.com.mk/images/b19.jpg


Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 20-Dec-2008 at 00:27

Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 20-Dec-2008 at 00:40
Дрвата кој се употребуваат за изградба на “бондруци“ се викаат “кушаци“,но кога веќе се распаливме терминолошки би запрашал дали некој овде сеуште знае што е терминот “каратаван“ кого јас сеуште го употребувам при изградба на некои објекти по желба на инвеститорите,деновиве ќе ви постирам слика?Smile

Edited by ABC - 20-Dec-2008 at 00:45
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
davce99 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote davce99 Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 21-Dec-2008 at 01:27
Momci za kolku najbrzo bi mozel da dobijam proekt (plan za ovaa kukja) so site potrebni raboti toa Statika, izraboten spored GUP i  kolku od prilika bi me chinelo, mi treba za pred nova godina!!!


http://www.elk.at/index.php?id=fbilder&hausid=arte161&bfkz=f
http://www.elk.at/index.php?id=fhaustyp&hausid=arte161&bfkz=f

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 21-Dec-2008 at 01:40

еј прашањево е многу релативно колку што разбрав, уште повеќе што сега сите се разлабавуваат 10 дена пред нова година, како прво за да земеш извод од дуп минимум ќе ти треба една недела, сетне на ревизија ти оди барањето за градежна дозвола т.е. проектот и во најдобар случај се да се заврши за две недели! значи и брзата птица итрица да ја проектира куќата и истата и да има роднина во општината пак ќе го пробиеш рокот нова година.

а доколку мислиш само на проектирањето, мислам дека со копи пасте можеш и за еден ден да го добиеш проектот (карикирам до една недела зависи кој и како го работи) ќе им побараш на германциве скица за понудата и архитект само ќе ја припитоми...!

Back to Top
davce99 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote davce99 Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 21-Dec-2008 at 02:10
Problemot e shto moram pred nova godina poradi komunaliite, sakam da gi platam zashto poskapuvat za 50% vo 2009, za vo opshtina sopishte ne e problem ke mi ubrzaat, bitno e da podadam se za da platam komunalii na vreme pa posle popoleka, znachi spored tebe vikash  germancive ke dadat podetalen proekt, bash ke probam
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 21-Dec-2008 at 02:50

мислам дека тоа не е проблем ќе им објасниш што ти е маката и која ти е намерата и "сигурно" ќе ти излезат во пресрет?! пробај нема зијан, уште утрово прати им меил за да ти пуштат скици, целосен проект сигурно нема да добиеш и на самата страна www.elk.at/index.php?id=fhaustyp&hausid=arte161&bfkz=f# го имаш првиот кат, ти треба вториот и цел проект во две перспективи... сепак најдобро оди во хот и хот земиси куќа, готов проект или нека ти модификуваат по оваа скица проект набрзина и терај во општина, сметај дека треба процедурата да ја запазиш т.е. со скица од катастар(за плацот) одиш во општина да пораш скица од дуп, а со скицата од дупот кај архитектот! сетне назад во општина да си платиш комуналии и да си го земеш одобрението за градба! колку навистина ќе успееш се да завршиш за десет дена незнам, но моја препорака ти е да не брзаш и натенане да ја истераш цела работа... 

што мислиш види што би било поголем зијан брзање или дупли комуналии?!



Edited by beTon - 21-Dec-2008 at 02:52
Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 21-Dec-2008 at 15:18
Се согласувам со Бетонот,дека не треба брзање,а за комуналиите е дискутабилно дали навистина ќе поскапат кога се и онака дефинитивно прилично скапи.Во ова време на рецесии јас очекувам дека ќе поефтинат.Друга работа е што проектот не е за наши услови предвиден,ова го кажувам од лично искуство затоа што во Македонија нема фирма која што ќе ти го изведе објектот со изолациони материјали според проектот кој нема да трпи инпровизација како на малку покласичните проекти што ги прават нашите архитекти.Би советувал да се обрне посебно внимание на врската помеѓу кровната конструкција и ѕидовите,каде секогаш ќе има прилично снег во зима и водени преливања во пролет и лето.Првите проблеми со изолација ќе ти се јават најмногу по две години од изградбата и тие не се решаваат толку лесно и едноставно како што си мислат архитектите во Австрија или Германија.Друг е проблемот со ветровите и компатибилноста на ваквиот вид градба за наши услови,или ќе сакаш при секој посилен ветар да трчаш по околните ниви барајќи делови од твојата кровна конструкција.Инаку би се согласил за вакви “смели“ проекти кога би бил сигурен во пристапот до квалитетни материјали и стручни лица кој знаат тоа и да го направат и кај нас во Македонија.Мислам дека не сакаш Австријската фирма да дојде и да ти ја изгради куќата овде,затоа што ќе те чини прилично поскапо одколку што е наведено во нивниот ценовник.Би ги замолил колегите на форумот да бидат малку пореални и да дадат стручно мислење дали ваква кровна конструкција ќе издржи повеќе од две зими во Македонија:





Edited by ABC - 21-Dec-2008 at 15:20
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.