build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градење куќа во Македонија - услови и комбинации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 21-Dec-2008 at 15:55
Инаку заборавив да напоменам дека ваков сличен проект до фаза клуч на рака кај нас може да се изведе со цена од само 50-60% одколку во Австрија од каде е превземена сликата,односно проектот.Smile
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 21-Dec-2008 at 17:34
kaj nas mislam deka hot i hot zimaat 300e od kvadrat.a za krovnata konstrucija se slozuvam deka nema mnogu da izdrzi,moze ne za dve zimi ama nema da trae mnogu,mnogu e lesna gradbata,ama moze da se stai i drug korov ne mora vakov da bide,moze da bide karatavan,sto go imash objasneto vo nishkata tehnicki recnik i ima i slika,kaj nas sto se gradeni barakive i finskite objekti sto se posle zemjotresot kako izzdrzale do sea i tie se montazni.a za toj objekt sto e na slikata nekako mnogu e ko staklarnik i mislam deka ne e bash za nashi uslovi.za izolacija na zidovite moze da se naprai i ima dosta nacini.

Edited by Б.Ѓ.Т - 21-Dec-2008 at 17:38
Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 21-Dec-2008 at 18:20
Проблемот лежи во врската помеѓу ѕидовите и кровот.Знаеш кога снежната покривка започнува да се топи па водата префрлува малку и преку олуците,тогаш имаме директна изложеност на самата фасада која не би ја спасила ни една од изолациите кој можат да се најдат кај нас,барем со стандардни цени.Без разлика дали покривот ќе биде “каратаван“ или стандардна изведба,зборот ми беше дека вака раскршени кровови не се практични за условите кој ги имаме кај нас,како по однос на материјалот кој ни е на располагање,така и во поглед на стручните кадри кој ни недостигаат.За покривање на ваква куќа треба исклучиво добри тесари,кадар што кај нас исчезна како таков но и исклучиво добри а не приучени лимари кој располагаат со технички можности да изведат добар одвод на ваква покривна конструкција.Во секој случај зборот ми беше дека повеќе сум скептичен окулу техничката издржливост на објектот на подолг рок одколку класичното и проверено покривање кај нас.
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 21-Dec-2008 at 19:00

убаво кажа ABC мора да се внимава на изолацијата и на споевите. кај монтажниве баш заради овие проблеми околу разиграните или рамните кровови,  во европа се користи поскапа изолација  како styrofoam. но доколку не експериментираш со кровот и одиш класично на две или четири води (класично-компактно) не мора да му ја мислиш многу околу изолацијата т.е. и со поефтини варајанти ќе поминеш, и зависи дали сакаш вентилирачки кров или не...  

еве што изолација е ѕидната на германциве wood-brick wall ® from ELK 

а еве ја изолацијата на хот-хот кај нас http://www.hot-hot.com.mk/semejni-eko-kuki/konstrukcija/konstrukcija.html

а еве што би ти препорачал јас од изолација доколку одиш дефинитивно со твојата замисла

STYROFOAM XPS - Pitched Roof Insulation [1]

www.ergoland.com.mk  > Термоизолација > Материјали

Additional insulation below the rafters 

1. Roofing tile / roof finishing - Ќерамиди
2. Batten - Летви или Плоча
3. Counterbatten - Контра летви 
4. Ventilated air-gap - Вентилирачки(празен  простор)простор 
5. Diffusion-open underlayer membrane - Вентилациона трака
6. STYROFOAM SM-TG-A - Термоизолациони плочи
7. Bituminous water proofing membrane - Битуменизиран кровен картон (хидроизолациона трака) 
8. Vapour barrier (optional) - Парна Брана
9. Timber boarding… Rafters -
Рог Греда

ваква изведба би ти била сигурна гаранција дека комбинацијата што сакаш да ја имаш ќе куртули снежни зими а воедно ќе имаш и екстра парна брана, НО по која цена?! јас со овие комбинации и материјали го имам пресметано кровот за горната финансиска конструкција - кров 18/20eu m2...  е сега сметај на истата изолација и на таван,  а по можност и ѕидовите значи XPS стиропор - Екструдиран полистирен далеку поисплатливо и поквалитетно решение од EPS или стакленаволна (и посекако квалитетна вентилациона трака која треба да биде водонепропусна но паропропусна "ткаенина" трака, доколку одиш со вентилирачки кров) и јасно квалитетна ќерамида или табла - не заборавај снегобрани Big%20smile


Insulating pitched roofs of reinforced concrete

1. Roofing tile / roof finishing
2. Batten
3. Counterbatten
4. Ventilated air-gap
5. Diffusion-open underlayer membrane
6. STYROFOAM SM-TG-A
7. Bituminous water proofing membrane



Edited by beTon - 24-Apr-2012 at 20:13
Back to Top
davce99 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote davce99 Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 22-Dec-2008 at 00:02
Blagodaram na site koi shto odgovorija, ama ne mislam da ja pravam montazna tuku cvrsta gradba, shto mislite za toa nekoj sovet???

I vi blagodaram ushte ednash na site i gruba presmetka kolku bi chinela cvrsta gradba so tie dimenzii na sajtot???
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 22-Dec-2008 at 00:44

јас направив финансиска конструкција веќе за цврста градба, но цените постојано рипаат паѓаат и во зависност од материјалите и начинот на изведба вкупната цена варира,  но во основа тоа е тоа според мојата математика. како што кажа ABC 40-50-60%(сам-друг-фирма)  поефтино отколку во Австрија, со една разлика, ако примети тие имаат стаклен ѕид, а стаклен ѕид чини, со оглед дека блиску фабрика нема па доколку сакаш посебни димензии и косини посебен и поскап муабет, сетне си сакал Low-E стакло(Low-emissivity).  незнам имаш предвидено визба, подрум или гаража итн.?!

проектот на купче и брои ставки секогаш имај резерва за непредвидени трошоци, како не би ја градел цел живот понатака. пробај оди со лизинг  наместо со кредит доколку форсираш стакларник, бар нема да бидеш врзан долго со хипотека, ем ако ти згусне нема да загинеш хипотека која ти ја процениле банкарите во најдобар случај 2:1 доколку е нова,  а во повеќето случаи 3:1 па и 4:1 зависи  каква е, и каде е...! 

сега барај финансиска од ABC сметај дека она со вентилирачкиот кров е комбинација и за монтажни и за цврсти, а целта е енергетска ефикасност со добра парна брана слично со инвестирање на Low-E прозори,  можеш и немораш! но поентата е заштеда на топлинска енергија и до 40%... 

Back to Top
davce99 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote davce99 Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 22-Dec-2008 at 20:46
Vauuu e sega me zbunivte so krovov dajte neshto poednostavno kako odgovor Parna Brana i go zamoluvam ABC za finansiska
Back to Top
davce99 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote davce99 Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 22-Dec-2008 at 20:50
eve realni sliki od kukjata se gleda ubavo vnatre i shto se odnesuva za dimenziite za stakloto se naogja i kaj nas i na ovie sliki se gleda deka ne e enormno, kako na predhodnitehttp://www.buildingcentre.cz/nbc/company-profile/photogallery/opening-of-elk-s-house/

Edited by davce99 - 22-Dec-2008 at 20:58
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 22-Dec-2008 at 22:52

Originally posted by davce99

Vauuu e sega me zbunivte so krovov dajte neshto poednostavno kako odgovor Parna Brana

поентата е термо изолација на кровот и таванот, како и кај ѕидовите, заради зголемување на топлотната ефикасност на просторот! што значи што подобра изолација толку помалку греење бидејќи не се јавуваат топлински загуби. порано т.е. сеуште е практика да се користи стаклена волна наместо стиропор, и најлон наместо вентилациона(паропропусна фолија)трака! ако земеш во предвид дека енергенсите константно поскапуваат ваквата(на око скапа)интервенција кај цврстите градби е повеќе од добредојдена. но со ова се решава и потенцијалниот проблем со капавиците заради снег и дожд што ги наведе ABC...

еве и дефиниција:

Парни Брани се слоеви во облик на фолија, премаз или сл. кои имаат мала или готово никаква паропропусност, благодарејќи на големиот фактор на отпор на дифузија на водена пареа μ низ структурата на тие материјали. факторот μ покажува колку пати е поголем отпорот на дифузија на водената пареа низ материјалот(траката) во однос на слој  на воздух со еднаква дебелина и еднаква температура (μвоздух=1). особине на парна брана имаат металите пр. алуминијумска фолија, гума, битуменски премази, асфалт, пластични маси и др.

За разлика од Парната брана, Паропропусните фолии овозможуваат дифузија на водената пареа во еден правец, додека од другата страна спроводливоста е блокирана. Затоа таквите фолии се применуваат како секундарни слоеви на покривите, т.е. слоевите кај кои е битно водената пареа да поминува низ нив но према надворешниот простор, а истовремено тој слој служи како заштита од навлегување на вода пр. кај крововите и/или ѕидовите кај кои постои реална опасност од капавица од дождовница.
Silvio Novak dipl.ing.građ. - KNAUF INSULATION d.o.o

еве и Совети за конструкција на изолација од www.rigips.com

она што ме изненади е дека овие парни брани заштитуваат и од X зраци бар на ваква информација налетав на нет за кнауф гипс картон плочите!

Можна е и испорака на плочи од задната страна обложени со Алу или ПЕ фолија (парна брана) која се употребува во рендгенски и озрачени простории за заштита на Х зраците, како и други разновидни изолациони слоеви.

Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 22-Dec-2008 at 23:29
Зборот ми беше да има малку покомпактна кровна конструкција,што се решава со мало редизајнирање на кровот.Значи малку се зголемува површината и надворешниот изглед на кровот но затоа добиваш поцврста и покомпактна градба во целина,адаптирана и изводлива за наши услови.Инаку самиот проект не е лош во целина,и како што реков единствена замерка му е тоа што кај нас нема материјал и стручни лица кој би обезбедиле сигурна врска кров-ѕид како што беше прикажано на австрискиот проект.Мислам дека другите работи се изводливи прилично квалитетно и поефтино кај нас и за наши услови.Значи немој да се “делиш од умот“ кога веќе ти се допаѓа првобитниот проект.Smile
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 22-Dec-2008 at 23:53
Еве како би го редизајнирал малку Австријскиот концепт за наши услови:


Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 23-Dec-2008 at 01:41

Originally posted by davce99

shto se odnesuva za dimenziite za stakloto se naogja i kaj nas

види не е спорно дека ќе најдеш и кај нас стакло, но доколку сакаш квалитетно(Low-E) стакло со тие димензии, тогаш верувај ми и да го најдеш тука ќе го платиш трипати поскапо него реално! едно време турците ќе градеа стаклара кај нас но незнам што бидна(во бг веќе имаат две), но добро и само со едно коморен стаклен ѕид ќе поминеш доколку не ти е битно колку и како ќе ја загреваш или ладиш куќата...

еве како процентуално одат топлинските загубите во еден објект:

  1. подот.......9%
  2. ѕидови....26%
  3. покрив....24%
  4. прозори...41% 

затоа колку што е битна изолацијата кај објектот битно е и стаклото, посебно кога се работи за стаклен ѕид! затоа би ти препорачал во твојот случај а и за секого Low-E glass варијанта која e нешто поскапа како опција, тоа е ист систем како и алуминиумските траки за изолација само овие се стоkмени за прозори(coatings are microscopically thin, virtually invisible, metal or metallic oxide layers deposited on a window) оваа опција е нешто поскапа сепак заради заштедата на енергија овие low-e прозори се вистински избор. на пазарот има и само фолија да се купи и додатно да се залепи, но таквата варијанта баш и не е препорачлива заради гужвање или кинење на фолијата(исто како кај колите) па на крај и стаклото збрчкано и ефектот загинат!

 

World Low-E Glass Manufacturers (босна/бугарија/романија/турција од комшилук)



Edited by beTon - 24-Dec-2008 at 01:22
Back to Top
ABC View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Dec-2008
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ABC Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 23-Dec-2008 at 13:33
Види сега,не би рекол дека загубите се толку големи само поради стаклото од оние фамозни 41% вистина е дека на стаклото отпаѓаат 10тина %,а другото е на неквалитетна изработка на целите прозорски окна.Практиката досега беше одкако ќе се измалтари грубо објектот да се вградуваат прозорите во веќе припремените отвори.Во последно време со примена на ПВЦ материјалите како опција и комбинацијата Алуминиум со ПВЦ “термо мост“ но и хибридните дрвени прозори обложени со Алуминиум(кој се и најскапи) се постигнува ефект од помали 10% загуби само поради неквалитетното стакло кое не е електростатски котирано или “пресвлечено“ со специјална емулзија за ултравиолетова заштита.Аргонот и силикатниот гел веќе наголемо се применуваат па така слободно можеме да кажеме дека кај обработка на прозорите има прилично напредок и солидно си ја работат својата функција.Ова го кажувам од лично искуство по западните земји,особено Германија каде изработката на прозори не е многу понапредна од кај нас и не сите користат емулзија на стаклата за изработка на термопан,практично тоа го работат многу ретко и само во исклучителни примери доколку инвеститорот настојува и таа мерка да биде запазена.Значи како што рековме за изработка на семеен дом во наши услови и за наши прилики најмногу треба да се обрне внимание на компактната кровна конструкција,која не му дава премногу слобода на архитектот за уметничко изразување,но сепак понекогаш и таа со мали интервенции може да остане прилично атрактивна и покрај адаптацијата за наши услови.
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 23-Dec-2008 at 20:12

што е до кровот со квалитетни материјали се е изводливо, па и рамен кров на шапка! и сам кажа ABC дека кај нас е проблем квалитетот на материјалите! но во принцип секое експериментирање со себе носи ризик, пред се заради нестандардниот пристап за кој треба луѓе со искуство при изведбата како не би се импровизирало со крпеници!

што е до инфото за топлинските загуби на прозорите оваа информација ми е од скрипта за K стакло. инаку дали и колку отпаѓа од тој процент на стаклото, а колку на споевите меѓу дограмата и окното, тоа незнам!

патем колку што те разбрав Low-E глазурата е термопан стакло! ова сега малку ме збуни, јас мислев дека термопан се викаат овие класичните 3 или 5 коморни прозори исполнети со аргон - термо мост! или јас лошо сум разбрал или се рекламирале претенциозно продавачите! Shifty но и во таков случај да има термопан(Low-E)стакло повторно е прашање дали кај нас има двослојно глазирани стакла како Pilkington K Glass [1]

колку што приметив U-факторот кај еднослојната глазура на горната слика е 1,2 W/m2 , а кај двослојната глазура U-факторот е 0,29 / 0,27 / 0,25 W/m2 значи поголема изолациска вредност и од ѕидна изолација www.efficientwindows.org/lowe.cfm

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 24-Dec-2008 at 01:20

еве ја скриптата за К-стакло. и тука малку е нејасно објаснето што е термопан а што К-стакло(Low-E)... 

К стакло 4мм

К –стакло 4 мм е висококвалитетно нискоемисионо тврдо стакло и претставува монолитен тип на стакло, на кој на едната страна на стakлото со процес на пиролиза е нанесен функционален слој на метални оксиди. Тврдиот слој е продукт на новиот слој на пиролиза - технологија CVD, постојана хемиска постапка која представува реакција на стакло и гас, при висока температура од(600С°). Процесот резултира со тврд и блескав пиролитичен слој. Токму тој слој ги зголемува термоизолационите својства на стаклото и не само што го задржува големо количество на топлина во просторијата, туку и пропушта максимално количество на светлинска енергија. На тој начин се ограничува загубата на енергија, и одржувањето на повисоки температури во просторијата е значително олеснето. Се произведува со тврдо и меко покритие.

Начин на обработка на К стакло

Пиролитичкиот невидлив слој овозможува К-стаклото да биде полесно за обработка од обичните стакла, бидејки процесот на пиролиза овозможува стаклото да се користи во секакви услови. Особено важно е што К-стаклото може да биде складирано, сечено и монтирано како и обичното стакло. Сепак треба да се обрне внимание пиролитичкиот слој да не се извалка или измрси и да се одбегнува контакт со остри метали. Препорачливо е при сечењето К-стаклото да биде поставено со слојот нагоре.
Ви гарантираме дека при поставувањето на К-стаклото од внатрешната страна на термопанот нема да оксидира-карактеристика која го фаворизира и наметнува пред сите останати типови нискоемисиони стакла.

Мултнфункционално стакло

Основна карактеристика на нискоемисиониот слој е да ја спречува топлината да излегува од просторијата, со друти зборови ја спречува загубата на енергија, а тоа значи значително пониски сметки за загревање на просторијата. Термопанот Јтознат како изолационо стакло, овозможува звучна изолација како и контрола на пропустливост на светлината се разбира само во комбинација на К-стаклото со соодветно стакло (stopsol, sunergy, stoprey).

Функции на застаклувањето или
Зoшто е важно да се обнови стаклото

Во почетокот на 21 век се поизразена е енергетската криза. Цената на нафтата и електричната енергија расте, а енергетските ресурси се намалуваат. Во вакви околности на исцрпување на ресурсите на енергија се повеќе се размислува за штедење на енергија. Освен економскиот аспект, експертите обрнуваат внимание на квалитетот на живот и негово подобрување со новитетите во стакло производството
Темата "Функции на застаклувањето" разработена од Glaverbel дава одговор на нараснатата побарувачка на стакло. Во основа на застаклувањето на секој објект битни се неколку аспекти:

Топлинска изолација
Сончева и светлинска контрола
• Звучна изолација
• Сигурност и безопасност
• Архитектура и декорација

Подвлекуваме два аспекти:

ТОПЛИНСКА изолација- Од основно значење за овој аспект се загубите на топлина во еден објект. Испитувањата на специјалистите од таа област даваат информации за загубите на топлина и тоа:

  1. -подот - 9%
  2. -ѕидови - 26%
  3. -покрив - 24%
  4. -прозори -41%

Од овие податоци увидуваме дека најголем дел од топлината се губи од прозорите. Знаејки дека 85% од прозорите се стакло јасно увидуваме од какво значење за термална заштита на објектот е правилниот избор на стакло. Токму затоа ние го нудиме новиот производ на Glaverbel К-стакло 4mm. кој во стаклопакет(термопан) значително ги намалува загубите на топлина - Загуба на топлина преку зима и заштита од надворешни влијанија преку лето. Со тоа се постигнува голема заштеда на енергијата.

СОНЧЕВА и светлинска контрола- Во однос на овој аспект, широката палета на ниско емисиони стакла (во кои спаѓа К-стаклото) го пропушта само оној дел на сончевите зраци, кои во себе носат светлина, сопирајќи го топлинското влијание со што се заштедува енергија за климатизирање преку лето.
Табела:
Light caracteristics(Reflection) - ENERGY CHARACTERISTICS - U Value - American standards(with gas)

...инаку ова е скрипта презентација, со оглед дека ја добив баш вака, фотокопиран текст за понудата на www.salamander.com.mk од палетата на AGC Glass - (stopsol, sunergy, stoprey) [1] еве и форум кој ги покрива сите недоумици околу Low-E прозорите www.double-glazing-window.info , во контекст на К стаклото еве едно размислување плус, од форумот

Optitherm is a "soft coat" low-e coating application, in exactly the same position as the "hard" K glass coating, and works in just the same way.
Optitherm is based on silver, whereas K is based on tin.
Optitherm is a bit more expensive than K (I understand this is mainly because of the extra handling) but performs slightly better thermally. K is applied as part of the hot production process, whereas Optitherm is applied cool, later.
Certainly other manufacturers produce low-e coated glasses - indeed I believe they all do!

Philip Rougier - The Window Man Double Glazing Discussion Forum



Edited by beTon - 24-Dec-2008 at 01:30
Back to Top
sorabotnik View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sorabotnik Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 26-Mar-2009 at 16:17
Zdravo,

Ve molam site koi imate iskustvo ili solidno poznavanje od gradeznistvo da mi pomognete.

Planirame da izgradime semejna vikend-kukja vo edno planinsko mesto vo MK.

Sekako deka pred da zapocneme naprolet so gradba deka ke kontaktirame so nekoj arhitekt koi ke go izraboti detalniot plan, no zasega sakame da imame prividna slika dali nasata zamisla moze vaka da se realizira. Vo prilog e slika od nasiot plan za toa kako sakame da ni izgleda vikendicata.


http://i562.photobucket.com/albums/ss65/sorabotnik/Vikendica.jpg


Kako sto mozete da zabelezite od crtezot, se raboti za vikendica koja ima golem hodnik od koj se vleguva vo dvete spalni, vo kupatiloto i vo dnevnata soba koja e spoena so kujnata vo koja planirame da ima i trpezariska masa. Kujnata e so pregraden zid odvoena od kupatiloto, so sto sakame da iskoristime da ni bide celata vodovodna instalacija samo na edno mesto vo kukjata.

 

Vnatresnite dimenzii mi se planirani da bidat (vo metri):

  1. Dneven pretstoj – 4.0 X 4.2 (do sankot kaj kujnata)
  2. Kujna – 4.0 X 2.8 (so sankot)
  3. Kupatilo – 2.8 X 2.2
  4. Spalna - 3.5 X 3.0 (0.8 X 2.2 odzema delot od kupatiloto)
  5. Spalna – 3.5 X 3.0

 

 

Toa sto nas ne interesira se slednive nekolku raboti:

 

  1. Planirame da ja gradime na nekakov postament, podignato od zemja. Kako najdobro da go napravime toj postament i na kolku skalicki-santimi treba da bide najmalku potkrenata od zemja?
  2. Za pocetok e planirana da bide samo na eden sprat, so moznost vo idnina da se napravat potkrovni prostorii. Kako bi mozelo od ovoj plan vo idnina da se izvedat skali za gore so toa sto vo toj slucaj mozeme (ako e nevozmozno od hodnikot) da ja “zrtvuvame” spalnata oznacena so broj 4?
  3. Kade i kolkavi po dimenzija stolbovi treba da postavime za vednas da bide pokriena so ploca so fert-gredi i monti?
  4. So koja dimenzija na cigla-blok treba da gi izgradime nadvoresnite a so koja vnatresnite-pregradni zidovi? (nesakame pregradni zidovi od knauf)
  5. Planirame vednas od vnatresna strana da ja izolirame so 2cm tvrdo presuvan stiropor i knauf 12mm. Dali treba pred da se stavi stiroporot i knaufot zadolzitelno da se malterisuva od vnatre ili da stavame direktno na ciglite?
  6. Od nadvor vo idnina planirame da stavime fasada so stiropor, no zasega ke bide samo izmackana. Dali ima efekt stiropor i od dvete strani na zidovite?

 

Mozebi ke mi teknat uste nekolku prasanja, no zasega ovie mi se osnovni za razmisluvanje. A da, dali znaete kolku kosta izgradba na m2 karabina so moj materijal, bez instalacija, samo stolbovi i zidanje.

 

Vi blagodaram na site koi ke pomognete.

Pozdrav.



Edited by sorabotnik - 26-Mar-2009 at 16:18
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 26-Mar-2009 at 16:56

се може да се комбинира во недоглед во зависност од финансиските можности, но мој предлог за викендичка е строго www.hot-hot.com.mk комбинација или стара камена куќа на село. 

инаку доколку одисте со цврста градба тогаш размислете и за www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=447&PID=21371#21371

патем од внатре стиропор не би советувал во никој случај, влагата ќе се задржува на ѕидовите и ќе се јавува оросување. за внатрешна ѕидна изолација доволно е само кнауф плочи или ламперија, јасно внатре како и надвор може да се комбинира со термо малтер. 

темели:

www.forum.hr/showthread.php?t=305329

sr.wikipedia.org/wiki/Темељ

environment.uwe.ac.uk/geocal/foundations/Fountype.htm

www.diynetwork.com/diy/home_building/article/0,2085,DIY_13953_2512213,00.html

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 27-Mar-2009 at 14:56
Originally posted by sorabotnik

 

Toa sto nas ne interesira se slednive nekolku raboti:

 

  1. Planirame da ja gradime na nekakov postament, podignato od zemja. Kako najdobro da go napravime toj postament i na kolku skalicki-santimi treba da bide najmalku potkrenata od zemja?
  2. Za pocetok e planirana da bide samo na eden sprat, so moznost vo idnina da se napravat potkrovni prostorii. Kako bi mozelo od ovoj plan vo idnina da se izvedat skali za gore so toa sto vo toj slucaj mozeme (ako e nevozmozno od hodnikot) da ja “zrtvuvame” spalnata oznacena so broj 4?
  3. Kade i kolkavi po dimenzija stolbovi treba da postavime za vednas da bide pokriena so ploca so fert-gredi i monti?
  4. So koja dimenzija na cigla-blok treba da gi izgradime nadvoresnite a so koja vnatresnite-pregradni zidovi? (nesakame pregradni zidovi od knauf)
  5. Planirame vednas od vnatresna strana da ja izolirame so 2cm tvrdo presuvan stiropor i knauf 12mm. Dali treba pred da se stavi stiroporot i knaufot zadolzitelno da se malterisuva od vnatre ili da stavame direktno na ciglite?
  6. Od nadvor vo idnina planirame da stavime fasada so stiropor, no zasega ke bide samo izmackana. Dali ima efekt stiropor i od dvete strani na zidovite?


Како што самиот кажа, прво ангажирајте архитект и многу од овие прашања ќе ви ги разјасни архитектот, без вие да се замарате какви ѕидови, изолација и сл. Во склоп со работата на архитектот, ангажирајте градежен инженер кој ќе ви направи проект за конструкцијата (темели, столбови, греди, плочи и сл.). Тоа не го прави архитектот.

Што се однесува до прашањата, би можел да кажам:

1. Бидејќи градите во планина, мој совет е да си направите подрум, колку што ви се можностите, односно како што ви дава плацот. Дали ќе биде на цела површина или на дел, останува да се види од условите на терен. Не го заборавајте подрумот, бидејќи сигурно ќе се греете на дрва, а ќе ви треба простор и за други работи во двор. Ова е од искуство-Маврово.

2. За можност за правење втор спрат мора да му кажете на градежниот инженер, да може да предвиди доволно арматура (ако се прави од класична скелетна градба). Арматурата од долниот спрат треба да биде испуштена (да штрчи) над таванската плоча за да може утре да се поврзе со новата и да се формира вториот кат.
Мој совет: Бидејќи сте во планина, претпоставувам има снег, ќе ви треба голема косина на кровот. кога веќе ќе го направите кровот, не верувам дека ќе ви се исплати утре да правите нов кров заради новиот кат. Затоа, ако веќе планирате кат, најдобро би било и него да го направите сега.
Скалите може да се стават во ходникот и да бидат еднокраки, но со малку поголема косина, што и за викендица не е толку важно или да бидат спирални, па ќе заштедите и на простор. Тие може да бидат и челични, па лесно накнадно да ги монтирате.

3. Позицијата на столбовите ќе ја лоцира архитектот, а ќе ја потврди или утврди дополнително градежниот инженер. Бидејќи скицата е лоша, вака тешко може да се утврди добра позиција за столбовите, но би можел да ти помогнам со мој предлог, ако има потреба.

4. Јас би препорачал надворешните ѕидови да ги направите во најмала рака со шуплив блок 20 (25x25x20 cm), изолација стиропор од 6-8 cm, тврдо пресуван со најмала волуменска тежина од 20kg/m3, малтер и фасада, а од внатрешна страна малтерисано и глетувано.  Преградните ѕидови, доволно би било да се од керамички блок 10 или 12 со малтерисување од 3-4 cm.

5. Не би ставал гипс картон од внатрешна страна на нова куќа, ич не сакам гипс картонски плочи. Иако е побрзо градењето, од искуство кажувам, плочата работи, односно се движи во самата конструкција, пука и имате лош изглед на ѕидовите. Би го ставил кога би бил само во крајна нужда.
А стиропор од внатре никако. Зошто ти е??? Кога ти е ладно во зима, носиш јакна под блузата или над неа :-)
Значи, би предложил цигла измалтерисана и глетувана.

6. Оваа позиција не ја планирајте за подоцна. Направете ја веднаш. Како што веќе реков, изолација стиропор од 6-8 cm, тврдо пресуван со најмала волуменска тежина од 20kg/m3, малтер и фасада. Бидејќи сте во планина, би можеле наместо класична фасада да ги обложите ѕидовите од надвор со делкан камен или дрво.
Ова драстично ќе ви се одрази на удобноста кога ќе претстојувате во викендицата. А згора на тоа и брзо ќе ви се загрева.
Во куќа во планина без изолација од надвор, секогаш ќе имате студени ѕидови, а само топол водух во собите од печката, но брзо ќе ви се лади.

Се надевам не претерав со постов. Ако имате други прашања, тука сме. Thumbs%20Up

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 27-Mar-2009 at 17:10

со 6-8 стиропор ништо не бива во планина, тоа веќе 15ка треба за во град а за во планина може и појако, како би се зголемила енергетската ефикасност. инаку сето ова што го наброја си е таман, но доколку некој има средства да обложува фасада со делкан камен, верувај дека ќе има и за уште еден спрат. што значи во секој случај комбинацијата која ја посочуваш ем со подрум, повеќе е за луѓе или кои имаат слободно конто за расфрлање или пак кои имаат намера таму да живеат...

инаку за столбовите и плочите како што кажа се ќе пресмета проектантот, во принцип се зависи од финансиската конструкција, додека за кровот дефинитивно може да се оди со високо поткровје, крвајќи го кровот за едно пет реда во вис, она што вели abc да се оди на каратаван.

сепак доколку се одлучувате за цврста градба разгледајте ја комбинацијата со ytong-от со оглед дека има далеку помалку работа а ефектот на крај е воедно и поголем и финансиски и енергетски!  

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 27-Mar-2009 at 18:01
Originally posted by beTon

со 6-8 стиропор ништо не бива во планина, тоа веќе 15ка треба за во град а за во планина може и појако, како би се зголемила енергетската ефикасност. инаку сето ова што го наброја си е таман, но доколку некој има средства да обложува фасада со делкан камен, верувај дека ќе има и за уште еден спрат. што значи во секој случај комбинацијата која ја посочуваш ем со подрум, повеќе е за луѓе или кои имаат слободно конто за расфрлање или пак кои имаат намера таму да живеат...

Јасно дека е така, затоа и јас само предлагав, па кој колку може нека си допушти. Во принцип со добра термо тула за правилна изолација доста се 6-8 cm стиропор. Ако е обична тула, тогаш може и повеќе.

Originally posted by beTon

инаку за столбовите и плочите како што кажа се ќе пресмета проектантот, во принцип се зависи од финансиската конструкција, додека за кровот дефинитивно може да се оди со високо поткровје, крвајќи го кровот за едно пет реда во вис, она што вели abc да се оди на каратаван.

сепак доколку се одлучувате за цврста градба разгледајте ја комбинацијата со ytong-от со оглед дека има далеку помалку работа а ефектот на крај е воедно и поголем и финансиски и енергетски!  


Се сложувам, YTONG-от е добар, но сепак има и керамички тули кои го постигнуваат истиот ефект во поглед на термо и акустични карактеристики, како и еколошки, несогориви и други својства, но со пониска цена од YTONG. Така што, кој како милува, важно е дека постои избор.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.123 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.