build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градење куќа во Македонија - услови и комбинации
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градење куќа во Македонија - услови и комбинации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 22-Sep-2009 at 19:45
Originally posted by Max


доколку немаш препорака од некој познат за фирма која добро работи, обрати се или до друштвото на градежни инжињери или до комората на архитекти за список на овластени надзорни инженери во Македонија.



Max, морам да те коригирам, за добро на сите.
  1. инженер наместо инжињер
  2. Друштво на градежни конструктoри на Македонија наместо друштво на градежни инжињери
  3. Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија наместо комора на архитекти
Лиценци за проектирање, надзор и изведување дава Министерството за транспорт и врски.
За препорака се Градежен факултет-Скопје и Завод за испитување материјали и развој на нови технологии.


Edited by medo - 22-Sep-2009 at 19:47
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 23-Sep-2009 at 02:03

Многу јасно дека министерството издава лиценци, но списоци за овластени и лиценцирани "енџинери" (вака би било најправилниот превод, а буквален превод машинец)  човек најлесно ќе добие по здруженијата на архитекти и конструктори... иако најпаметно би било МТВ да ги има истакнато на својот сајт!

во секој случај наместо си е потребата од прецизна прозивка на градежните НВО-а

а за препорака јас одам обично кај упатен пријател особено кога станува збор за избор на палирот, додека ако веќе би бирал кој институт би бил најобјективен и најнепристрасен за совет околу ова прашање тоа сигурно ќе биде www.gim.com.mk

Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 13-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 17-Oct-2009 at 23:52
Originally posted by pbanks

@ATC ја издвоив оваа слика да ја имаме на преглед без кликање. Одличен напредок Thumbs%20Up

Колку време ти требаше од почетокот на изградбата до оваа фаза?

Да е жив и здрав наследникот Cheers






Update 15.10.09

http://www.facebook.com/photo.php?pid=30668613&l=e23d32b923&id=1469658751
http://www.facebook.com/photo.php?pid=30668615&l=d5c39b2776&id=1469658751
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 19-Oct-2009 at 17:22

интересна комбинација, доволно едноставна и компактна, минимализам ко за млад и скромен чоек, гледај кубизам да не ја затераш и ентериерно аирлија нека ти е! само ова џиш црвениов ѕид е малку напорен сам по себе, ова грмушкава во кадаров го разведрува малку, но не е лошо некое саксиско дрвце или украсна грмушка да му залепиш, јасно во доволно вклоплива минималистичка жардињера. исто тој простор може да послужи и како помошна тераса, во случај да си на мирна улица, иако според просторот што го имаш во околина колку што можам да приметам од такво нешто најверојатно ќе немаш потреба  

туку ова вратата на источната страна горе е за балкон или чисто си сакал повеќе светлина, планираш накнадно да пуштиш подест?  интресно на север имаш камин или јок? сигурно таа страна си ја застаклил? или лошо се оринтирам!?

инаку морам да кажам малку не си се вклопил во опкружувањето но може ќе влијаеш понатака на истото тоа бараката лепенка до тебе бар да усклади нешто со фасадата или ти да фрлиш некоја жардињера помеѓу и доста ќе се испегла композицијата, во секој случај битно е кој живее во куќата а не во каква куќа живее, и тоа влијае на перцепција Big%20smile јасно и во чие сандуче стигнува поштата!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 19-Oct-2009 at 22:44
@ATC аирлија одличен напредок.

Знам дека спомнуваше дека ќе одиш со пластифициран лим за кровот. Кажи ми како искочи есапот за тоа, колку се цените?

И дали знаеш (или некој друг тука) дали на нашиов пазар има ваков Slated Metal кров, колку чини, дали некој има искуство итн.




Back to Top
LFCBT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LFCBT Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 18-Dec-2009 at 01:34
ZDRAVO NA SITE!!
Imam edno prasanje do vas
Moze li da mi kaze nekoj ako ima iskustvo so ovie HOT-HOT firmata sto izrabotuvaat kujki
za kvalitet dali se dobri ima li nekoj napraveno i sl
razmisluvame za takva kujka pa bi ve zamolil za sovet
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 18-Dec-2009 at 03:20
Здраво и на тебе.

Лично немам искуство, ниту сум слушнал нешто од прва рака, па единствено можам да ти ја посочам нишката која ја имаме за Hot-Hot City на форумов. Можеби ќе најдеш по некоја корисна информација:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=436

Се надевам некој друг ќе има нешто повеќе за споделување.
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 18-Dec-2009 at 20:22
Генерално, како идеја се супер, но сепак мислам дека се далеку од квалитетни. Пред се сметам дека дрвото не е доволно квалитетно, односно малку се води сметка за запазување на одредени стандарди. Изработката на самата куќа е просечна, посебно не ми се допаѓа завршната обработка на површините бидејќи ја изведуваат од гипс картон. Но, сепак станува збор за различни вкусови.
Имав прилика да престојувам во таква куќа и можам да кажам дека се светлосни години поназад од конкуренцијата, да речеме Марлес или Јеловица. Според тоа, би можел да прифатам ваква опција за викендица или слично.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 18-Dec-2009 at 22:02

чим извезуваат брвнари во франција, тоа дефинитивно истите не им се шкарт! е сега дали и колку е истиот квалитет тука тоа незнам, но како велат колку пари толку музика, те поздравија црногорците и словенците... а за тоа класичните монтажни куќи тие сигурно се малку по захтевни односно изолацијата треба да е прецизно поставена како не би се јавувале топлински мостови во случајов кај ови е монтажните по споевите, но мислам дека истите би требало да се адекватни за континетнална клима и без проблем да функционираат! е сега колку што приметив има на сајтот како опција за контакт меѓу останатите мејлови и адреса за рекламации, па затоа и јас ќе одам со резерва околу фаворизирањето! но од друга страна тоа укажува дека дури и да се случи нешто да не биде како што треба тука е компанијата да компензира, што морам да признаам за наши услови тоа е поим!!!

инаку дрвените конструкции се далеку пофлесибилни од цврстата градба односно се идеални за трусно подрачје! потоа во случај на нужда лесно и исплатливо се допуштаа или пак преселуваат! а најголем адут кај монтажните куќи мислам дека е непостоењето на арматура! но за ова сега да не разврзувам здравје понатака во адекватна нишка за синдром на болни згради...

~

патем разгледај го убаво сајтот имаш доста сликовита презентација http://www.hot-hot.com.mk/EN/semejni-eko-kuki/konstrukcija/konstrukcija.html од пресеци до изведба, да не репостирам тука фотографии. исто имај на ум дека позитивен момент е што можеш за овој тип на градба да обезбедиш и кредит или лизинг за недвижности... абе ич не му ја мисли, одма сврти ја на брвнара, нешто делкан камен, нешто дрворед, нешто стакларник и ете ти идила, уште и некоја убава градина со езерце и пауни да си затераш и милина, верувај многу ќе ти завидуваат шала на страна ништо не е идеално и затоа секогаш барај гаранции и осигурување дека ништо не може да тргне наопаку, а тоа сигурно не може да го сподели никој освен изведувачот!

Back to Top
LFCBT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LFCBT Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 19-Dec-2009 at 02:03
Blagodaram na site za odgovorite
Bash toa deka moze da se zemat na lizing i toa na otplata do 30 godini e dosta primamlivo
za kesh poinaku e rabotata.
ne mozev nikade da najdam kade vo MK imaat praveno takvi kujki,slusnav nekoja imale vo Ohrid(osven vo SK)barem nekade vo blizina na Bitola da videv kako e toa izvedeno kakvi karakteristiki imaat za nasevo klimatsko podracje,vo Bt nema nikoj dosega takva napraveno
nekako ljugeto gledaat so rezerviranost
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 19-Dec-2009 at 05:22

да бидам искрен за сите градови ќе ти ја препорачав само не за Битола! не за друго Битола има јаки зими, трново не е толку ладно како што е Битола иако се на 3 мин пат, јасно заради температурната инверзија, па дури и нижеполе мислам дека со ваква градба без проблем би терал, но туристичките села во подпелистерието (ако може така да се каже) не се сеуште урбанизирани (имаше најава за нижеполе заради проектот орлови бари но незнам до каде стигнаа) така да во неурбанизирано место неможеш ни кредит ни лизинг да тераш иако со нешто упорност и тоа би можело од лихварите да се издејствува!?

мислам кога беше гостин роберт хот кај јанко во бурекџилница кажуваше дека заради квалитетот на изолација куќите се погодни за секоја клима, пробај најди ја емисијата или пак најдобро за сите дилеми обрати се до хотихот за да си бидеш на чисто! а опсле доколку сподели и што си разбрал доколку подетално те брифирале, може слободно да отвориш нова нишка за монтажни куќи!

Back to Top
visko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote visko Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 05-Mar-2010 at 03:52
Medo mozesh li da mi dadesh edna gruba epten gruba procenka kolku pari bi cinelo da se napravi kuka od isospan ili Ytong  so golemina i raspored kako ovaa na hot-hot tip130 http://www.hot-hot.com.mk/tipovi_kuki/tip130/tip-kuki.html se razbira nema da ima ploca za uste edne sprat samo prizemje neznam kako da napravam nekoja gruba procenka za celata kuka sto se vika kluc na vrata. I koga sum veke gi spomnav ovie montaznive eve so najdov vo srbija http://www.mkivanjica.com/ videte vo cenovnik i vo tehnicki opis onie koj gi interesira poveke.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 09-Mar-2010 at 05:56
виско, медо изгледа ја има заглавено на блогот за куќата или на куќата http://sskuka.blog.com.mk која патем ја гради со исо-спан! така да пробај да го контактираш на меил кој би го зел од администрација, а сетне нека фрли медо есап за твојта недоумица, но и нека фрли абер до кај е со вториот спрат! сега блогоите мигрираа на нова платформа, а гледам стариот блог медо него активирал кај one, а таман фино распали! 
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1731
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 09-Mar-2010 at 10:22

Блогот на Медо е на  http://sskuka.blog.mk/ (без com)

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 09-Mar-2010 at 17:26
не ни пробав со новата наставка, бидејќи сите што мигрирале имаат на стариот блог линк дека блогото е префрлен од блог.цом.мк на блог.мк, како и да е виско пушти му на медо таму абер, а потсети го да се вклучи и тука, не бива да заборава што ветил за нишката сеизмологија
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 281
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 25-Mar-2010 at 16:09
Не знам дали тука му е местото:

http://offspot.blogspot.com/

Изградба на прекрасна куќа во Сопиште. Случајно налетав, и целосно се изненадив
Едно браво од мене !



Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 25-Mar-2010 at 21:03
Еве ме, тука сум Wink.
Што се однесува до блогот, незнам зошто кај мене го нема линкот до новата платформа, но што е тука е. Линкот е истиот, само го нема она .com, како што пишал UrbanFreak. Како што пишувам на блогот, работите се одвиваат, практично завршивме со Isospan-от. Моментално се подготвува кровната плоча.

Max, те молам потсети ме што сум ветил, а не сум исполнил? Некако во последно време премногу обврски ми се мотаат, па можно е да сум изумил нешто.

Во врска прашањето на visko, еве што му одговорив пред одредено време. Од тогаш немам абер од него.
_______________________________________________________________
Za Ytong-ot ne sum siguren vo cenite, no epten gruba procenka za Isospan bi bila:

* Zidovi
- Tip 30/9 = 55 E/m2
- Armatura ~ 5 kg/m2 = 5 E/m2
- Beton ~0.1 m3/m2 = 6.5 E/m2
_________________________
Vkupno za Zidovi = 66.5 E/m2 (vertikalna povrsina)

* AB Ploca d=15 cm
- Beton ~ 10 E/m2
- Armatura ~ 25 E/m2
_________________________
Vkupno za 1 ploca = 35 E/m2

* Rabotna raka ~ 22-30 E/m2

* Krovna konstrukcija (drvena)
- Gragja ~ 0.1 m3/m2 = 20 E/m2
- Keramidi (pokvalitetni) Bramac, Tondach, Creaton ~ 20 E/m2
________________________
Vkupno za krov = 40 E/m2

Ova ti se ceni za do faza karabina. Tuka ne e presmetan sitniot potrosen materijal:
- Zica za armatura ~ 1 E/kg
- Sajki ~ 1 E/kg
- Pur pena ~ 4 E/boca
i slichno.
____________________________________________________________________

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 25-Mar-2010 at 21:15


Многу корисни пресметки фала медо Cheers

А што е со линкот не разбрав? Тој функционира со новата платформа уште од самиот почеток.


Edited by Cloverstack - 26-Mar-2010 at 00:41
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 25-Mar-2010 at 21:22
Што мислите дали се исплати поставување мала ветерница за потребите на куќа за една фамилија? Тоа значи потрошувачка од отприлика 5-6 kW/h (можеби е и многу, немам баш претстава) и релативно постојан ветер.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11493
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 25-Mar-2010 at 22:02
medo, малку збунка со единициве мерки  Big%20smile
Нема kW/h, туку kW*h, а потрошувчката се изразува за одреден временски период. Јас живеам во стан и ние трошиме по околу 400kWh месечно. Претпоставувам за куќа би било малку повеќе, но се разбира многу фактори играат улога. Ако прашуваш за куќата што моментално ја градиш, најдобро почекај за поточно да ја утврдиш потрошувачката.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.090 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.