build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градење куќа во Македонија - услови и комбинации
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градење куќа во Македонија - услови и комбинации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1258
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 15-Apr-2010 at 13:50
@io,јас немам прашање само сакам да те поздравам за нестандардниот пристап кон изградбата на објектов.Обично семејните куќи кај нас се градат по една позната да не речам досадна шема.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 15-Apr-2010 at 14:29
Не гледам "нестандардниот пристап кон изградба на објектот". io воопшто не го опиша конструктивниот систем, ниту начинот на градење. Повеќе се задржа на занаетчиските работи, односно ладење-греење.
"Досадна шема"?? Како би градел ти? Од покрив кон темели?

Доколку во твојов пост мислиш на обликот на објектот и неговиот изглед тоа е веќе друго.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1258
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 15-Apr-2010 at 14:51

мислев на обликот
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8489
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 15-Apr-2010 at 16:52
Поздрав IO и добредојде на форумот Cheers

Неколку прашања од мене.


1. И мене како медо ме интересира цената на карабината по квадрат.
2. Дали случајно имаш пресметка колку те чинел квадрат подрум со оглед на тоа дека важи за најскапиот дел, но немам точна претстава колку е точно поскап од остатокот?
3. Зошто излегла толку скапа подконструкцијата за кровот, дали има поефтини варијанти? Дали формата на кровот на твојата куќа ги подигна трошоците или тоа нема врска?
4. Вниманието ми го привлече фактот дека спомена единствно термичка пумпа во врска со греењето? Дали е таа доволно да ја истурка зимата во Сопиште? Не користите никакви други уреди за дозагревање барем во најстудените периоди? Дали истата пумпа служи и за разладување летно време? Какви грејни тела се користат со овој систем на греење? Дали постои можност (доколку е потребно) греењето да биде мешано со термичката пумпа како примарен извор а електрично греење како секундарен?
5. Ми се допаѓа дрвената платформа пред куќата. Можеш ли да ми кажеш какви се трошоците за таа платформа? Дали е тешка за одржување и како се справува со зимата во Сопиште?
6. Како иден сосед во Сопиште ме интересира нешто околу твојот двор кој е многу убаво одржан . Генерално земјата во Сопиште е прилично неквалитетна, кога врне станува доста калива, вирее доста коров. Неколку пати го имам средувано дворот но доволно е човек да го остави неколку недели за да се претвори во џунгла и убавата трева да ја заменат разноразни диви билки. Прашањето ми е. Дали ја "облагодаруваше" земјата, барем плиткиот повшински дел со некаква поквалитетна почва? Воопшто, ме интересира колку е тешко да се оджува твојот двор и како се справуваш со тоа (колку време месечно ти одзема, дали имаш човек кој тоа го врши и сл).

Искочија многу прашања, се надевам дека нема да те набркам со нив

Back to Top
io View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Apr-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote io Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 16-Apr-2010 at 11:56
1. Kukjata e so dimenzii 10x10m plus delot na garazshata pod krovot pozadi 4mx10m.
 Vo cenata za karabina shto ja dadov od 36000 bea vklucheni
  • Бетонски и армирано-бетонски работи (оплатирање, набавка, кроење и вградување арматура, бетонирање и сл.) 16 toni zshelezo e vgradeno, za kubaturata na beton ne mi teknuva, kje mora da proveram vo knigite.
  • Ѕидарски работи (ѕидање надворешни и внатрешни ѕидови)
  • Тесарски или Лимарски работи (изработка на дрвена или метална кровна конструкција) osven izrabotka na krovnata metalna reshetka koja beshe vo mojot sluchaj malku pokomlicirana i beshe izzemena od dogovorot za karabina, sepak delot shto podrazbira podpokriv od daski e vkluchen vo cenata.
  • Покривачки работи rabotna raka - keramidite sam si gi nabaviv po cena od ca. 3K
  • Изолатерски работи (хидроизолација и термоизолација на темели, подрум и сл., но не фасада)
Podgotvitelnite raboti shto gi navede medo zavisat od kofigracijata na terenot i ne bea vklucheni vo cenata od 36K, vo mojot sluchaj za toa plativ ushte ca. 1500 EUR.
  • Подготвителни работи (расчистување на терен, исколчување и обележување на објектот, и сл.)
  • Земјани работи (ископ, набивање шљунак и сл.
2. Podrumot e na cela povrshina na kukjata i ima 3o cm betonski zsidovi toa znachi deka izede mnogu beton, sepak ne bi mozshel da kazsham kolku po kvadrat chineshe, ako ne me mrzi kje zemam da izrachunam nekoj ubav sonchev den.
3. Formata na krovot pa i povrshinata od 240 m2 se prichina za relativno visokata cena, vtora prichina e shto e praven vo vreme 2008 koga zshelezoto beshe najskapo (pred krizata)
4. Od Althermata sme ekstremno zadovolni, sepak vo dnevnata kako back up imame kamin koj go palime povekje za merak. Bidejki toplinskata pumpa, se razbira, raboti na stuja ne sakavme da sme bez opcija za greenje koga kje snema stuja, a kvalitetot na mrezshata vo Sopishte e daleku od idealen (moravme da vgraduvame stabilizatori na napon, bidejki na periodi naponot pagja pod 200 V i togash Althermata ne raboti). Da, istiot sistem sluzshi i za razladuvanje letno vreme. Grejni tela: mojata doktrina beshe deka vo razlichni prostorii treba da ima razlichni tipovi grejni tela, ova althermata go ovozmoshuva bidejki se raboti za niskotemperaturno greenje (45-55 C) - sekade kade shto imame plochki ima i podno greenje, a toa e vo trpezarija, kujna, hodnik i kupatila, vo site spalni sobi imame radijatori i dopolnitelno na sekoj sprat ima po eden ventilokovektor koi vo zima obezbeduvaat brzo zagrevanje ako e potrebno (vo praksa ne gi koristime za greenje osven na potkrovje kade e edinstven izvor) i ladenje letno vreme (i toa vo praksa ne go koristime bidejki kukjata e ekstremno dobro izolirana i nema potreba od ladenje)
5. Se raboti za impregnirano drvo (kako banderite) izdrzshlivo na nadvoreshni vlijanija. Jas lichno ja pravev podkonstrukcijata i montazshata, a za materijal ako ne me lazshe se mislam deka dadov ca. 1000 EUR. Bez problem ja izdrzsha zimata i dozshdovite. Sepak na toj del e predvidena nastreshnica koja denovive se izrabotuva.
6. Vo dvorot ima doneseno okolu 600 m3 zemja (200 kamioni tamchinja) i okolu 100 m3 humus za poslednite 30cm. Inaku zemjata vo sopishte e glina so karakteristiki kako shto gi opisha i kje morash da ja oplemenish. Sega za sega sami si go kreirame i odrzshuvame zeleniloto vo dvorot - seushte ni e merak
Pozdrav


Edited by io - 16-Apr-2010 at 12:53
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1731
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 16-Apr-2010 at 13:27

Браво за исцрпните одговори ио и секоја чест за ентузијазмот, трудот и крајниот производ. Мене најмогу ме интересира делот за топлотната пумпа. Колку ти е првичната инвестиција, дали мораш да имаш подземни води на разумна длабочина за тие да фунцкионираат, и секако колу ти е сметката за струја во зимските месеци?

Back to Top
io View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Apr-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote io Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 16-Apr-2010 at 14:42
Најпрво да си кажам дека јас сум економист по професија и скромните знаења за овие системи ги стекнав кога истражував како да го решиме прашањето на греење плус искуство од вградениот систем.
Нашите главни барања по прашањето за греење / ладење:

ефикасно користење на енергијата
економска исплатливост
зелена (еколошка)
модуларен дизајн и лесно програмабилен интерфејс
интегрално решение (едно решение за подно греење, радијатори и вентилоковектори)

оваа листа не е лесна и нема многу системи кои би ги задоволиле овие барања, па по неколку месечна потрага стана јасно дека топлинска пумпа воздух-вода е пожелна опција.
 
Ја отфрливме геотермална топлинска пумпа, бидејќи AirSourceHeatPump се разликува во три клучни аспекти:
• не бара копање и поставување од 100-ци метри цевки ерго нема потреба од подземни води
• Наместо тоа, таа работи со преземање на топлината од воздухот
• поевтина е и полесно се одржува во споредба со геотермалните пумпи

Топлинските пумпи воздух-вода се релативно нови системи (нашата беше прва Алтерма вградена на овие пошироки простори), користат електрична енергија, но поради начинот на кој работат (електричната енергија ја користат за погон на компресорот а не за греачи), тие користат околу една третина од струјата што би ја користел класичен електричен грејач (овој однос го означуваат со СОР односно EER, тоа значи дека за 1 KW електрична енергија се добива од 3 до 5 KW топлинска енергија во зависност од надворешните услови т.е. температура и влажност на воздухот). Ова е многу слично со Инвертер сплит систем но со таа разлика што тука фреонот ја предава топлината на вода во внатрешната единица т.е. изменувачот,  која понатака може да се користи за различни грејни тела. Втора разлика е што постигнуваат повисоки температури од повеќето Инвертерски сплит системи 55 С наместо ~30 С.
Тоа значи дека нашата соодветно изолирана куќа од 200+ м2  нето ја грееме со само 3 KW / h.
 
Сепак за да се користи овој систем потребна е навистина добра изолација, бидејќи топлинска пумпа обезбедува релативно ниска температура - вода со 45-55 Целзиусови степени, која е несоодветна ако вашата куќа троши многу енергија преку прозорци и слаба изолација на ѕидовите.
Ефикасноста (СОР & EER) има тенденција да се намали кога станува навистина ладно, на пр.  под -10 степени целзиусови. За среќа нашата пумпа има вграден електричен Backup греач од 6 KW за најстудените денови а плус имаме и камин како резервна опција.
Цена на цел систем со вкучена инсталација, развод, радијатори, подно греење, фенкојлери = 11000 ЕУР
од кој за набавка на Алтермата околу 6500 ЕУР.
Месечна сметка за струја од околу 6000 МКД во зимските месеци. Се разбира тука не е само греењето.


Edited by io - 16-Apr-2010 at 14:49
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 16-Apr-2010 at 16:37
Бидејќи неможам да оставам коментар на твојот блог (треба регистрација), моите коментари ќе ги оставам тука, а се однесуваат на конструкцијата на твојот објект. Всушност моите коментари и забелешки се прашања, бидејќи не гледам никаква причина тие да се изведат како што се изведени.
Имено:
1. Зошто нема арматура во темелите (темелните греди)?
2. Зошто има арматура во подрумските ѕидови само во еден слој?
3. Која е причината за вградување геосинтетици во почвата?
4. Дали имаш предвидени хидроизолација на темелите, подрумската плоча и подрумските ѕидови?
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 16-Apr-2010 at 16:45

здраво јо супер си се расприкажал само дај гледај детален есап извади по позиција од квадрат, сепак според цената тоа е релативно бидејќи се зависи колку и каков материјал се употребувало во изградбата! во секој случај претпоставувам според кажаното дека си одел на екстра квалитетни материјали, штом имаш к-стакло т.е. фолија на прозорите мене тоа дефинитнвно ми е доволен показател http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=25477#25477 

друго споредбата дека ASHP  е подобар избор од GSHP не би се сложил во основа поефтина инсталација но далеку од идеална опција, со оглед дека кај воздушните COP е релативен во зависност од температурните промени додека кај геотермалните COP константен! 3.how much will it save стр.15 http://geoheat.oit.edu/ghp/survival.pdf 

инаку и кај GHP нема потреба од вода зависи каков систем ќе избереш можеш и површински да ги поставиш цревата во затворен систем! што повторно чини како ископ но не е толку скапо како што изгледа, со оглед дека понатака заштедата е поголема во однос на воздушните пумпи, а исто нема никаква галама која кај воздушните дополнително треба да се изолира... http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=300&PID=12079



Edited by Max - 16-Apr-2010 at 16:47
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8489
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 16-Apr-2010 at 18:46
Originally posted by medo


3. Која е причината за вградување геосинтетици во почвата?


Во тој дел од Сопиште има активни свлечишта, претпоставувам тоа е причината.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8489
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 16-Apr-2010 at 18:49
io, за прв пат детално го разгледав твојот блог и мора да ти честита човек за посветеноста на деталите кои потоа и одлично си ги доловил преку фотографија.

За сега имам само уште едно прашање. Приметив MaxTV рисивер на сликите. Како функционира сето тоа во Сопиште, дали сецка сликата, дали е стабилен интернетот?


Back to Top
davce99 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote davce99 Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 17-Apr-2010 at 00:13
Originally posted by io

Bidejki prvpat pishuvan na forumov, najprvo da ve pozdravam site i da se pretstavam - Jas sum koncepcioner, arhitekt, graditel, sopstvenik i duhoven otec na kukjata vo sopishte Villa Cortopella kako shto nie si ja imenuvame. Villa Cortopella mi e prva i edinstvena kukja i  koga ja gradev ne sekogash na lesen nachin doagjav do informacii, zatoa sega sum spremen da gi spodelam moite skromni soznanija koi gi steknav na toa pateshestvie.

Da odgovoram direktno na prashanjeto na davce99
karabina so krovopokrivachki raboti no bez troshoci za metalna podkonstrukcija na krov i keramidi = 36000 EUR
metalna podkonstrukcija = ca. 8000 EUR
keramidi = ca. 3000 EUR
 
od druga strana termichkata izolacija i voopshto energetskata efikasnot ni beshe eden od prioritetite i zatoa vo odnos na izolacijata bi kazhsal deka kukjata ima fasada od 10 cm stiropor, plus 5 cm stiropor pod gipskarton od vnatreshna strana na site nadvoreshni zsidovi. Pod krovot ima 4x5cm ili vkupno 20 cm stiropor, prozorite se so plastichni profili so trosloen thermopan, edno od tie tri stakla (vnatreshnoto) e K-staklo. Za zagrevanje koristime Altherma od Daikin, t.e. termichka pumpa vozduh-voda.Solarnite paneli  se so vakuumski cevki (Centrometal) i iako neortodoksno placirani na fasadata sepak si ja vrshat rabotata i ni obezbeduvaat sanitarna topla voda.
Sega za sega tolku, dokolku ima interes za drugi informacii tuka sum.


Pozdrav do tebe i fala na odgovorot, izlea ke bideme komshii, imam plac vo blizina
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8489
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 17-Apr-2010 at 00:19


Саде комшилук јас сум околу 700м подоле од Villa Cortopella
Back to Top
io View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Apr-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote io Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 17-Apr-2010 at 09:39
Originally posted by medo

Бидејќи неможам да оставам коментар на твојот блог (треба регистрација), моите коментари ќе ги оставам тука, а се однесуваат на конструкцијата на твојот објект. Всушност моите коментари и забелешки се прашања, бидејќи не гледам никаква причина тие да се изведат како што се изведени.
Имено:
1. Зошто нема арматура во темелите (темелните греди)?
2. Зошто има арматура во подрумските ѕидови само во еден слој?
3. Која е причината за вградување геосинтетици во почвата?
4. Дали имаш предвидени хидроизолација на темелите, подрумската плоча и подрумските ѕидови?

1. Istoto i jas se prashuvav, bidejki spored konvencionalnata mudrost bi trebalo da ima, no spored staticharot (eden od najiskusnite vo Makedonija) nema potreba od armatura vo temelnite gredi (rezonot e najverojatno deka tuka ima samo pritisok a za toa na betonot ne mu treba zshelezo).
2. Staticharot nemashe voopshto predvideno armatura nitu vo podrumskite zidovi, negovata doktrina e deka treba da se stava zshelezo tamu kaj shto mu e mestoto, i vo stolbovite i vo plochite ima saglam staveno. Pokraj shto e eden od najiskusnite statichari, mene mi e vujko i imam doverba vo negovite izkazi.
3. Na dolnata strana na dvorot nema potporen zsid. Nesakav da pravam teshki zafati na terenot i zatoa se reshiv da go stabiliziram terenot na ovoj nachin, Zemjata tuka ja drzshi geotekstil vo 4 sloja od po 50 cm (toa shto se gleda na slikata e prviot sloj). Inaku prikaznata so svlechishtata koja beshe po televizii, vo pricip se odnesuva na edno svlechishte pod patot kaj ogledaloto koe shto se sluchuva zaradi toa e polnetica od gradezshen otpad. Inaku ne e tochno deka generalnovo sopishte imalo svlechishta . Ako nishto drugo trgni nakaj Sonje i kje vidish od desna strana nad patot presechen teren rechisi vertikalno, po 3-4m visina kako si stoi bez nikavi potporni zshidovi so godini.
4. Pod temelite nema hidroizolacija. Pod podrumskite plochi ima rudimentarna forma, a podrumskite zshidovi se premachkani so hidromalflex vo 3 sloja kako hidroizolacija i preku toa imaat 5 cm stiropor kako termoizolacija (konvencionalnata mudrost vika deka nema potreba od toa).

Pozdrav


Edited by io - 17-Apr-2010 at 12:50
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 17-Apr-2010 at 13:39
Originally posted by io

Originally posted by medo

Бидејќи неможам да оставам коментар на твојот блог (треба регистрација), моите коментари ќе ги оставам тука, а се однесуваат на конструкцијата на твојот објект. Всушност моите коментари и забелешки се прашања, бидејќи не гледам никаква причина тие да се изведат како што се изведени.
Имено:
1. Зошто нема арматура во темелите (темелните греди)?
2. Зошто има арматура во подрумските ѕидови само во еден слој?
3. Која е причината за вградување геосинтетици во почвата?
4. Дали имаш предвидени хидроизолација на темелите, подрумската плоча и подрумските ѕидови?

1. Istoto i jas se prashuvav, bidejki spored konvencionalnata mudrost bi trebalo da ima, no spored staticharot (eden od najiskusnite vo Makedonija) nema potreba od armatura vo temelnite gredi (rezonot e najverojatno deka tuka ima samo pritisok a za toa na betonot ne mu treba zshelezo).
2. Staticharot nemashe voopshto predvideno armatura nitu vo podrumskite zidovi, negovata doktrina e deka treba da se stava zshelezo tamu kaj shto mu e mestoto, i vo stolbovite i vo plochite ima saglam staveno. Pokraj shto e eden od najiskusnite statichari, mene mi e vujko i imam doverba vo negovite izkazi.
3. Na dolnata strana na dvorot nema potporen zsid. Nesakav da pravam teshki zafati na terenot i zatoa se reshiv da go stabiliziram terenot na ovoj nachin, Zemjata tuka ja drzshi geotekstil vo 4 sloja od po 50 cm (toa shto se gleda na slikata e prviot sloj). Inaku prikaznata so svlechishtata koja beshe po televizii, vo pricip se odnesuva na edno svlechishte pod patot kaj ogledaloto koe shto se sluchuva zaradi toa e polnetica od gradezshen otpad. Inaku ne e tochno deka generalnovo sopishte imalo svlechishta . Ako nishto drugo trgni nakaj Sonje i kje vidish od desna strana nad patot presechen teren rechisi vertikalno, po 3-4m visina kako si stoi bez nikavi potporni zshidovi so godini.
4. Pod temelite nema hidroizolacija. Pod podrumskite plochi ima rudimentarna forma, a podrumskite zshidovi se premachkani so hidromalflex vo 3 sloja kako hidroizolacija i preku toa imaat 5 cm stiropor kako termoizolacija (konvencionalnata mudrost vika deka nema potreba od toa).

Pozdrav


1. Со секоја почит према вујко ти и претпоставувам големото искуство, но сепак не би се сложил со резонот. Точно е тоа дека железото се става каде што му е местото, односно во затегнатите зони од пресеците, но кај темелните греди имаш затегнување што се јавува од горната страна поради товар од тлото (обратно од гредите на меѓукатната конструкција).
2. Ако е тој резонот, зошто тогаш не е ставена арматура во еден слој кај ѕидовите што се допираат со почвата од внатрешна страна? Поради земјениот притисок тие ќе се деформираат кон внатре, па логиката вели арматура од внатрешна страна. А што правиме за нивната носивост во својата рамнина?
3. Во ред, за оваа потреба се сложувам и ми се допаѓа тоа што сте го направиле иако знаејќи ја цената на овој материјал малку чудно е дека сте поминале со 1500 Евра за овие работи.
4. Гледам дека има најлон и никако не ми е јасно зошто сте штеделе на оваа позиција. Воедно сте ги премачкале ѕидовите со хидроизолација, а подната плоча не? Според мене голема штета е што не сте извеле и на оваа позиција квалитетна хидроизолација навреме. Се надевам дека нема да има појава на капиларна вода.

П.С. Свати ги коментариве со најдобра намера. Често се случува да не се предвидат некои работи во изградбата, па понатаму да се јават проблеми.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 17-Apr-2010 at 15:40

јо незнам зошто но ако велиш дека локацијата ти е врз глина логиката е да имаш екстра арматура во темелите, со оглед дека глината е прилично хригоскопна супстанција заради што тлото постојано шетка http://www.profengineering.com/fndcare.htm

исто во глината штом се пробие површинска па и капиларна вода биди сигурен дека ќе имаш во иднина доста влага доколку подрумот не ти е екстра изолиран, сепак доколку одгледуваш печурки доле ова ќе ти биде идеална средина шала на страна но но под нулта плоча на вакво тло да одиш без хидроизолација е малку неверојатна опција!

абе и накнадно можеш да интервенираш околу изолацијата доле но посекако далеку поскапа опција него ова уште со време да си го решил, на толку позиции не си штедел на ова си се попишманил или те попишманиле, чудно!?



Edited by Max - 17-Apr-2010 at 15:40
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 137
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 17-Jun-2010 at 13:10
Поздрав дечки, пребарував насекаде, но не можев да најдам, па помислив дека вие би можеле да ми помогнете.
Кои се цените по метар квадратен за изработка на идеен и основен план? Знам дека се разликуваат од компанија до компанија, но ми треба некоја заокружена сума. Објектот за кој станува збор е со димензии 12mx10m, значи бруто површина 120m2. Објектот се состои од подрум (т.е. гаража), приземје и поткровје, вкупно 3x120m2, 360m2.
Ви благодарам однапред.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 30-Jun-2010 at 00:22
сеуште болно прашање кај нас, да неречам мизерија на терен http://www.comoraoai.com.mk/Forumdetail.asp?fnaslov=Minimalni%20ceni

инаку имаш и поназад во нишкава
, проектирањето оди од едно евро па нагоре, значи можеш да поминеш и прилично ефтино, но мисли пред се на квалитетот а не на цената!
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 137
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 30-Jun-2010 at 10:12
Фала ти Мах, нема да коментирам специфично за мојот случај затоа што светов е мал, но само ќе посочам кон вториот коментар од долу на овој линк http://www.comoraoai.com.mk/Forumdetail.asp?fnaslov=Minimalni%20ceni Една година подоцна и сеуште така стојат работите...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8489
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 30-Jun-2010 at 10:16


The Man, прашав за ова твоево но те заборавив. Не дека носам некоја спектакуларна информација освен дека проектирање чини околу 10ЕУР/квадрат. Нормално има и поскапо и поевтино во зависност каков архитект ќе ангажираш, но тоа би била некоја провизорна цена.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.