build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Карпински Воведенски манастир

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
perdiak View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 08-Mar-2014
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote perdiak Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Карпински Воведенски манастир
    Posted: 09-Aug-2016 at 11:13
Карпински Воведенски манастир


Карпинскиот манастир чијашто црква е посветена на Воведението на Пресвета Богородица во Храмот е манастирски комплекс сместен во близина на селото Орах, Кумановско.
Манастирот е основан во 14 век од страна на севастократорот Дејан, зет на царот Стефан Душан. Денешниот изглед на манастир e од 16 – 17 век. Манастирот бил обновен во 19 век. Црквата датира од 1592 година од кога е и првобитниот живопис, а вториот слој на живописот е од XIX век, кога црквата е и поправана. Стариот живопис е покриен одозгора со новиот од 1893 година.
За време на Втората светска војна, манастирските конаци значително настрадале.

Карпино како скрипторски центар

Скрипторската школа од 16 век, според податоците од Институтот за македонска литература, во манастирот Карпино живееле над 300 монаси и тој важел како црковно – духовно и културно јадро за овој регион. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во Москва, Софија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на келијно училиште.
За најзначајни книжевни дела се сметаат Карпинското евангелие и Апостол со ирмологиум, кои сега се наоѓаат во Москва. Постојат и документи за 11 пергаментни, но и хартиени ракописи, како што се евангелија, апостоли, псалтири.

Карпинско Евангелие

Потекнува од XIII век. Содржи 168 пергаментни листови. Пишуван е со кирилско писмо. Илуминацијата е богата и разновидна, а има иницијали со тератолошки, ратстителни или геометриски елементи. Според содржината представува полн апракос, со евангелски четива за сите денови во годината распоредени по редоследот на црковната година, почнувајќи од Велигден, а содржи и синаксар.
Се вбројува меѓу северномакедонските ракописи поврзани со Карпинскиот апостол (хронолошки се поврзуваат со ист период, но се дело на различни пишувачи) и фрагмент од ирмологиј (подоцнежен текст, пишуван од двајца пишувачи). Како кодекс од архаичен тип, според распоредот на четивата е значајно за развојот на евангелскиот превод и има особено место меѓу јужнословенските евангелски ракописи. Место на чување, Москва, ГИМ, збирка Хлудов 28 I 101.

http://koe.mk/karpinski-vovedenski-manastir/
Back to Top
perdiak View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 08-Mar-2014
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote perdiak Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Aug-2016 at 11:15
Црква во манастирот.

Back to Top
perdiak View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 08-Mar-2014
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote perdiak Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Aug-2016 at 11:19
ОТКРИЕНА ПРЕСТОЛНА ИКОНА ОД КАРПИНСКИОТ МАНАСТИР, 03.12.2007, 16:12

Дрвениот носач на иконата е во добра состојба, но иконописот е речиси целосно оштетен



Целиот текст: http://www.utrinski.mk/?ItemID=9C60CCCDCDE0A9468966EE8170C1BFBE
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.