build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Куќа на Мијаците - Маврово и Ростуша

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 689
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Куќа на Мијаците - Маврово и Ростуша
    Posted: 09-Sep-2016 at 15:20










09.09.2016

Во „Куќа на Мијаците“, покрај Радика

Во чест на патрониот празник на македонското духовно светилиште, бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, вгнезден во пазувите на планината Бистра, над реката Радика, утре напладне, митрополитот на дебарско-кичевската епархија, г. Тимотеј, ќе го освети етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“, кој се наоѓа на десната страна на пристапниот пат што води од регионалниот пат Маврови Анови - Дебар кон манастирот. Екипата на „Нова Македонија“, пред осветувањето на ова значајно и вредно здание, кое ќе даде голем придонес за развојот на верскиот и селскиот туризам во западниот дел на Македонија, имаше можност да го разгледа и да ви ги пренесе првичните впечатоци.

Ресторанот „Куќа на Мијаците“ е изграден целосно во духот на традиционалната мијачка архитектура. Всушност, направен е еклектизам од разновидните мијачки стилови на градска и селска архитектура од сите места каде што се распространиле Мијаците, при што од сите тие стилови се избрани најпрефинетите елементи. „Куќата на Мијаците“ е составена од приземје и два ката. Најгоре се сместени четири гостински соби за преноќување. Другите две катни површини се наменети за ресторанот: има повеќе простории - одаи (галичка, лазоровска), украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани... Посебна убавина на „Куќа“ ѝ даваат двата пространи отворени чардаци, едниот на приземјето, а другиот на првиот кат, кои се одликуваат со прекрасен поглед кон реката Радика и кон зелената горска шума. Исто така, пријатно и спокојно место за седење е и широката летна бавча, која се наоѓа во дворот на „Куќа “.

Освен прекрасната орнаментика, ѕидовите на „Куќа на Мијаците“ ги красат и црно-бели фотографии од истакнати мијачки духовници, војводи, преродбеници, учители, општественици, уметници..., но и од сегменти од секојдневниот мијачки живот, обичаи, носии итн. Сето тоа, архитектурата, ентериерот и екстериерот, внатрешната содржина, орнаментите и фотографиите, храната, музиката и амбиентот, ја прават „Куќа на Мијаците“ многу повеќе од обичен етно-ресторан; всушност таа претставува еден вид ресторан-музеј, една своевидна спомен-куќа на славното мијачко минато.

Навистина, „Куќа на Мијаците“ дојде како еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа што човек, кога ќе го погледне, има впечаток дека едноставно е сраснат и сроден со сета околина и го облагородува целиот простор. Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна.
Зошто „Куќа на Мијаците“ го прашавме архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, кој го изгради ова грандиозно архитектонско здание.

- Се смета дека славното мијачко племе, кое ги дало нашите најистакнати црковни, просветни, културни и општествени дејци, потекнува од некој древен царски или благороднички род. Во прилог на оваа претпоставка е и високоразвиената духовна и материјална култура на Мијаците. Низ историјата тие се одликувале со највозвишените човечки карактеристики: вера, благочестие, родољубие, целомудреност, ученољубивост, трудољубие, храброст, решителност. Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура - ни одговори архимандрит Партениј.

Тој додава и дека, како мошне добри еснафи, трговци, печалбари, работници, уметници, Мијаците умееле да го впијат најдоброто и најубавото од различните култури со кои се среќавале и наученото да го воплотат во својот секојдневен живот.

- На тој начин се создала една посебна мијачка култура, која се карактеризира со високи естетски дострели. До ден-денес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната, аристократска мијачка носија, за длабоките по значење народни мијачки обичаи... А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус. Мијачката куќа ја изградивме комплетно во стилот на мијачката градителска традиција, има за цел да го доближи до посетителите и гостите духот на мијачката култура од секој аспект: местоположба, амбиент, историја, храна... - објаснува архимандрит Партениј.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%92%D0%BE-%D0%9A%D1%83%D1%9C%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98-%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D0%B0-&id=78fb44a8-975e-4da4-af2e-4f2809a43cff
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11451
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Sep-2016 at 18:03
Одлично изгледа!
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 488
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Sep-2016 at 19:40
Јас пак мислев дека некој екстра конак се гради, оти горе не бери повеќе.
Колку и да не поддржувам имитации, стварно е одлично изведено, со запазување и на најситни детали (освен плочките ).

Не е многу детално појаснето, со манастирски фондови ли е ова изведено? Бигорски ќе биде манагерот?

Edited by hcitrS - 09-Sep-2016 at 19:41
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 636
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Sep-2016 at 20:30
Бигорски станува поубав од кога и да е

Секоја чест на братството кое навистина успешно раководи со манастирот.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Sep-2016 at 20:38
Originally posted by ehrlich

Бигорски станува поубав од кога и да е

Секоја чест на братството кое навистина успешно раководи со манастирот.


Сложни браќа куќа градат Ќе видиме како ќе го менаџират објектот. Едно е да изградиш друго е да стопанисуваш.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 488
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Sep-2016 at 18:06
Колку и да сум антиклерикален во животот, не можам а да не ги признаам врвните вродени менаџерски вештини на Пертениј. Човекот е стварно ѕверка, како сурфа меѓу политика и вера, секогаш со целосно остварувње на целите кои си ги зацртал. Башка пирјателот станува игумен на само 25 години, и од тогаш до сега возобновува, прошурува, изградува цели два манастири правејќи ги верски, културен и туристички центар на Западна Македонија.

п.с. секако дека е многу полесно во животот кога се добиваат огромни финансии од Мин. за култура, но сепак не секој знае да ги изменаџира средствата на толку добар начин.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Sep-2016 at 00:41
„Куќата на Мијаците“ ќе биде раководена од г. Јонче Николовски од Тетово.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=2517

Ете и тоа го решивме. Се надевам само дека менаџерот ќе биде на висина на задачата.
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 689
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 15-Sep-2016 at 01:47
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Sep-2016 at 20:14
Odlicna celina. Taka se razviva turizam.


Отворен нов комплекс Мијачки Ан во близина на „Св. Јован Бигорски“ (фотогалерија)


http://republika.mk/654820
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 689
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Sep-2016 at 23:48














Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Sep-2016 at 11:36
@macedonia супер се фотките. Во Вечер има уште по некоја фотографија ако некој сака нека ги симне тие што ги немаме.

http://vecer.mk/makedonija/zurli-i-tapani-echea-vo-reka-otvorena-kukjata-na-mijacite


А овде на fashionel повеќе место е посветено на облеките на услугата. Има многу фотографии така да и овде има за симнување.

http://fashionel.mk/kultura/otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura




Отворена „Куќа на Мијаците“ – прв ресторан музеј на мијачката култура


17 септември 2016
Помеѓу спокојната тишина и живописната природа, на аголот по патот кој води кон Бигорскиот Манастир, покрај реката Радика – денеска официјално беше отворен првиот ресторан етно-музеј на мијачката култура „Куќа на Мијаците".
Овој култоролошки значаен објект е изграден по идеја на игуменот на Бигорскиот Манастир, Архимандрит отец Партениј и е олицетворение на богатата мијачка традиција, култура и архитектура.
Во суштина и целта на овој објект кој плени со историјата што ја раскажува, исто колку и со импозантната архитектура, има за цел да придонесе кон развојот на верскиот и селскиот туризам во мијачкиот крај во Западна Македонија, а ќе биде раководен од Јонче Николовски од Тетово.
Куќата на Мијаците" е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите две ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани...
Дополнителен придонес за автентичноста на амбиентот е и тоа што келнерите и останатите вработени ќе бидат облечени во стилизирани мијачки носии што специјално за нив ги изработи македонската модна куќа Елена Лука.
„Голема е привилегијата и честа да се биде дел од еден ваков културно и духовно значаен проект за кој не се сомневам дека ќе остави траен белег во нашата традиција. Елена Лука е долгогодишен искрен пријател на Бигорскиот манастир и Архимандритот Отец Партениј и ние како тим навистина имаме ретка можност да бидеме дел од нешто што се вели трајна вредност. Благодарение на богатата традиција на Мијаците и нивниот етнос, како и уникатната архитектура која се огледува во изградбата на овој прекрасен објект, ние како дизајнерски тим имавме неисцрпна инспирација при создавањето на униформите што ќе го носи персоналот овде. Навистина се потрудивме да создадеме уникат што ќе биде олицетворение на нивната традиција, аристократската мијачка носија и историја, па дури ќе забележите и елементи од автентичните мозаици. При тоа исклучително внимаваме да се задржи изворната орнаментика која исто така ни послужи како инспирација и токму поради тоа создадовме носии кои се во духот на целиот амбиент и богатата историја што ја раскажува, зашто овој објект е на свој уникатен начин и музеј на мијачката култура. Беше навистина голема чест за нас и јавно би сакала да упатам благодарност до Отец Партениј за можноста", изјави Елена Пандева, сопственичка и генерален менаџер на модниот бренд Елена Лука.
Освен прекрасната орнаментика, ѕидовите на „Куќата на Мијаците" ги красат и црно-бели фотографии од истакнати мијачки духовници, војводи, преродбеници, учители, општественици, уметници..., но и од сегменти од секојдневниот мијачки живот, обичаи, носии и т.н. Сето тоа, архитектурата, ентериерот и екстериерот, внатрешната содржина, орнаментите и фотографиите, храната, музиката и амбиентот, ја прават „Куќата на Мијаците" многу повеќе од обичен етно-ресторан; всушност, таа претставува еден вид ресторан-музеј, една своевидна спомен куќа на славното мијачко минато.

-Навистина, „Куќата на Мијаците" дојде како еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа, што човек, кога ќе ја погледне, има впечаток дека таа едноставно е срасната и сродена со сета околина и го облагородува целиот простор. Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи, и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна, велат од Бигорскиот манастир.

Целиот објект и уредувањето е изработен по идеја на Игуменот Партениј.
– Се смета дека славното мијачко племе, кое ги дало нашите најистакнати црковни, просветни, културни и општествени дејци, потекнува од некој древен царски или благороднички род. Во прилог на оваа претпоставка е и високоразвиената духовна и материјална култура на Мијаците. Низ историјата тие се одликувале со највозвишените човечки карактеристики: вера, благочестие, родољубие, целомудреност, ученољубивост, трудољубие, храброст, решителност. Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура, потенцира архимандрит Партениј, пренесува порталот religija.mk.

Топло ви препорачуваме да ја посетите Куќата на Мијаците и да ја почуствувате единствената убавина на тој крај од Македонија.

Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 689
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Dec-2016 at 23:47
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 484
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Nov-2017 at 06:00



слично и кај Слепче, ем соблазна за монасите, ем за верниците ... на вакви ресторани дал елитни или камперски во околу на Манастири а особено живи, треба законски да им се ограничи бар поведението, ако веќе немаме акал да ги забраниме како места кои потенцијално би ја загадувале духовноста!

парти, журки, коплерај, џаначење, сето ова денес е нормално по вакви места, зар некој некому ќе му забрани и со две три невести да си се опушти за парите што ги фрлил викендот тука, бреј само какви ѓезмиња паѓаат на вакви места, она демоните изгонети од Манастирот да имаат каде со лесно да си најдат инстант жртва, која нели бидејќи закон официјално не ја предупредил за ова, та по дифолт совеста ет чиста, иако душата на буниште ...

во најмала рака, треба да се забрани во вакавска околија какви и да е сместувачки капацитети, макар еве биле и традиционално наштимани, и не заради инат на туѓинци, ами заради свое достоинство како заедница ... конечно бар децибелите да се на нула, а не откако си ошол во Манастир за духовен мир, под него веќе дрма конзумеризам на ангро и без норма .. но има и дамбетер ко то казиното кај Свети Наум, кое ако индиецот на Грујо не го крена, сега може се чека на катарецот со Зајко повторно на дедо Тимотеј да му буричкаат у околина .. тажно жално болно, како и да се етикетира оваа кусугледост, ако не друго бар ет индикатор колку имаме забегано заради конзумеристичкиот табиет на постојново општество, а колку и некој да сака да ни помогне духовно, кога ние на Светињата гледаме само од аспект на туризам, не ни треба да се чудиме зошто ни се случуваат дебакли на сите нивоа ...



Edited by Zelenikovo - 10-Nov-2017 at 06:06
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 484
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Nov-2017 at 19:21



еве ја атмосферата на терасата, и камо само вака акапела т.е. исони од изворни песни да вервеа, него се плашам да не почнат во најдобар случај редовно зурли и тапани, илити и побетер клавијатури и хармоники ..

Господ на сите да ни е напомош, но бар малку од малку и сами да се потрудевме во независна и слободна Македонија ко православни со задоволство на духотнод овој свет да му одолееме ...



Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.