Алтернативни еколошки видови на градба |
Post Reply | Page 123 8> |
Author | |
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply
#1 Topic: Алтернативни еколошки видови на градба Posted: 27-Jul-2008 at 01:41 |
Насоката во ниско градбата денес е претежно Арматура-Бетон-Цигла-Стиропор, како во светот така и кај нас, но срамежливо но сигурно се пробиваат некои стари но и некои нови еколошки и еколошко-биолошки техники на изведба како Греди-Земја/Песок-Сено. Иако делува ексцентрично кога некој почнува да гради куќа со биолошки или еколошки материјали, резултатот на крај ако ништо друго бар ќе им биде по мерка на стопаните. Сепак овој тип на градби имаат и свои предности и свои недостатоци во однос на типизираниот модел на градба кој е зачнат во почетокот на дваесетиот век.
претежно овој вид на градба го избират луѓе кои по вокација се екологисти, хипици, натуралисти... луѓе со малку поинаков агол на свест од останатите, иако има голем број луѓе кои заради икс причини исто го подржуваат овој стил на градба, сепак заради недостаток на волја или подршка од блиските не се одлучуваат да одат до крај со амбициите. па дури и на поклон да добијат нешто такво! www.greenhomebuilding.com/natural_building.htm подоле се наведени најатрактивните видови на Еколошко-Биолошка градба за кои доколку е потребно можат да се отворат и нови нишки како би се запазил некаков ред во информациите околу истите бидејќи сепак комбинации и совети за нив има во недоглед, а верувам дека истите ќе поттикнат и поголем интерес.
а еве и неколку комбинирани техники кои се повеќе Еколошки отколку Биолошки
Edited by beTon - 12-Mar-2010 at 22:58 |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #2 Posted: 27-Jul-2008 at 12:23 |
Зависи каде. Во Европа да но во Америка ова е околу 50% точно. Таму се градат прилично лесни градби и во голема мера некои хибриди помеѓу стандарднатата градба и овие неконвенционални типови кои ги споменуваш. Поголемиот дел од моделите кои ги наброја се добри и воопшто не би ми пречело да инвестирам во таква куќа (иако една Adobe куќа би изгледала прилично чудно во Скопје). Но главното прашање кое ми се поставува е колкава е истрајноста и издржливоста на овие куќи? Инаку Staw bale и log houses би биле дефинитивно моја лична преференца. |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #3 Posted: 27-Jul-2008 at 21:52 |
инаку pbanks изборот ти е екстра, мислам треба нова нишка за секоја од нив да се отвори, има 5 - 6 серии од Grand Designs посветени на Staw bale техниката и куќите доколку веќе и не си ги гледал... ќе одвојам неколку првиов клип е од епизодата за полу-сламената куќа во централен Лондон - Ислингтон - The House of Straw, Islington каде се наоѓа меѓудругото и седиштето на Amnesty International сепак би ги издвоил т.е. посочил делот од епизодата за експериментот на водителот Kevin McCloud... 39та минута Edited by beTon - 19-May-2012 at 20:31 |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #4 Posted: 28-Jul-2008 at 01:11 |
јас сум исто дефинитивно за слама и керпич, но бар приземјето да биде камен а нагоре може + два слама, налик нашата изворна архитектура! |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #5 Posted: 28-Jul-2008 at 22:35 |
pbanks бидејќи рече дека си загреан за straw bale ќе се обидам да направам финансиска конструкција за истата...
плац и да имаш. овој тип градба кај нас се уште не е легализиран па така посекако имаш дивоградба, која единствено ако ја имаш кренато во некое село или надвор од град мислам дека нема да имаш проблем, плус конструкцијата лесно можеш да ја спакуваш и дислоцираш доколку дојде до муабетот клетници на виктор иго! е сега 100м2 отприлика ѓутуре би дошле 10 до 15 илјади евра што е добри 3-4 пати поефтино од цврста градба:
ова е пресметка за квалитетна конструкција која само треба уште да се затвори со бали сено и да се малтари со глина или керпич, додека внатрешните ѕидови се плетеница од трска и малтарени во керпич, заедно двете чинат навистина смешно а монтажата мислам дека човек може без проблем и сам да ја изведе, цените можат да варираат од повисоко кон пониско во зависност од квалитетот на дограмата, дрвената конструкција, инсталациите, и типот и изолацијата на кровот... треба да се каже дека греењето тука не е вклучено но на пола метар бала сено се добива екстра парна брана па греењето а воедно и ладењето ќе бараат далеку помал капацитет на грејна инсталација. оваа симулација е повеќе импровизација отколку искуство но сепак е блиску до вистинската финансиска конструкција која сепак е избор на вкус, можности и материјали |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #6 Posted: 29-Jul-2008 at 10:24 |
Фала за пресметкава. Ме интересира ценовна споредба со ете конвенционална градба. Доколку можеш да направиш слична анализа за слични димензии би ти бил благодарен бидејќи стварно немам никаква претстава. Исто така за што точно зборуваме тука. 100м2 основа или 100м2 нето површина? Претпоставувам за второто. |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #7 Posted: 29-Jul-2008 at 19:02 |
pbanks пресметка за споредба имаш во градење куќа во МКД а инаку основа, бруто, нето исто ти се фаќа бидејќи не одиш на спрат... еве за споредба и американска финансиска контрукција на strawbale house http://ww2.whidbey.net/jameslux/sbcost.htm
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #8 Posted: 30-Jul-2008 at 08:53 |
фала за инфото бетон |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #9 Posted: 27-Nov-2008 at 11:01 |
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #10 Posted: 25-Dec-2008 at 04:24 |
How Igloos Work Building an Igloo IGLOO Wiki https://www.thecanadianencyclopedia.ca/en/search?IGLOO оваа потреба од привремен дом била нормална појава за секој номад, нешто што денес можеби изгледа премногу напорно, но кога условите ќе наметнат потреба од постојано движење во потрага по храна(исхрана од лов или екстензивно сточарство) привремените живеалишта се повеќе од добредојдени. Hut (колиба) - en.wikipedia.org/wiki/Hut_(dwelling) во контекст на иглото, од леденото доба па се до денес, онаму каде немало снег номадите како привремени живејалишта користеле колиби или шатори! да не ги преведувам и расфрлам тука текстовите мислам дека доволно е што се наведени линковите за историјата и видовите на номадски живејалишта, би додал само дека во амазон како покривка на конструкцијата се користат исклучиво големи палмови листови... Ice Age Tents (шатори) - www.chebucto.ns.ca/Culture/Shifting_Boundaries/tents1.html North American Tents - www.chebucto.ns.ca/Culture/Shifting_Boundaries/tents2.html Central Asian Kibitki - www.chebucto.ns.ca/Culture/Shifting_Boundaries/kibitki.html Traditional Tent Types Wiki: Chum Loue Goahti Lavvu Pandal Tarpaulin Tipi Wigwam Yurt Nomadic Tent www.mongolyurt.com www.fetchaphrase.com/russia/tuva/yurt/yurt01.html Edited by beTon - 30-Dec-2023 at 15:43 |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #11 Posted: 25-Dec-2008 at 15:55 |
wow , немав поима дека така се гради игло! Многу интересно
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
ABC
Newbiе Joined: 13-Dec-2008 Location: prilep Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #12 Posted: 25-Dec-2008 at 17:03 |
Еве малку алтернативна екологија во градбата,ова би бил мојот избор за сите вас кој сте живо заинтересирани за алтернативната архитектура:
ова исто така: или ова: а може и ова: Се разбира доколку сакате повеќе идеи,ќе мора да пројавите желби на форумов,АВС ќе се потруди да ви ги исполни за Нова 2009та Година иако не е Дедо Мраз. |
|
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #13 Posted: 25-Dec-2008 at 17:31 |
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #14 Posted: 02-Jan-2009 at 07:50 |
сликава горе како и примерите на ABC се попрактичната и поефтината варијанта на овој тип на куќи, но во повеќето случаи пристапот е како на куќата од GD - Cumbria: The Underground House оваа техника е енергетски најефикасна од сите алтернативни видови на градба, бидејќи принципот кој важи кај геотермалните пумпи-важи и тука, заради константната температура на земјата, сепак мора да се вложува екстра пара на изолација по закопаните страни заради заштита од влага! исто така не е најбрз алтернативен начин на градба, меѓутоа е ефикасен, но доколку би ги мерел со strawbale типот на куќи сепак мое убедување е дека земјениов завет е далеку помалку исплатлив земено целосно(инвестиција/заштеда/комфор) сепак за визба или подрум-гаража посекако не би размислувал двапати! Edited by beTon - 09-Jun-2013 at 10:24 |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #15 Posted: 02-Jan-2009 at 09:55 |
Гледав на Дискавери како се гради куќа од овој тип, и дефинитивно куќата на крај испадна утка...до некаде. Многу време утепаа на изолација од влага, а најголем проблем дефинитвно беше дневната светлина - освен во собите блиску до прозорите, се друго беше како во подрум. А цената за изградба е Не се исплатат вакви куќи.
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #16 Posted: 02-Jan-2009 at 17:17 |
па како енергетски ефикасен бункер или визба држат вода но сепак естетски како некаков еко-туристички момент или егзибиционистички алтернативен стил на живот може да привлечат внимание! во секој случај мислам дека вакво нешто во карпа-пештера е поефективно и поисплатливо т.е. многу влага ќе нема, а следствено и турбо изолација нема да треба, евентуално само да се застакли влезот во пеѓтерата јасно проблемот со дневна светлина останува, но со малку креативност и за тоа има чаре, како примерот во кукумбрија погоре каде има вертикални светлосни канали кои можат да послужат и за проветрување, но сепак окупирање на пештера мислам никој нема да дозволи освен ако не се појават палеолитски животински видови или пак се случи некоја нуклеарна или биолошка катастрофа Rock Shelter - en.wikipedia.org/wiki/Rock_shelter Half-Cave Shelter - www.inquiry.net/OUTDOOR/shelter/half-cave.htm Cocev Kamen - www.megalithic.co.uk/article.php?sid=16071 позната техника кај нас Cave Churches on the Shores of Lake Ohrid - www.gomacedonia.com/cave_churches_ohrid.shtml |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #17 Posted: 02-Jan-2009 at 23:26 |
еве една интересна комбинација од земно скривалиште и органска архитектура, слично како идејата на Treehouse with Terreform, само што туку дрвата се поткастрени и мртви. иако муабетов е повеќе за во Пејсажен Урбанизам сепак мислам дека таму е подобро да одат современи комбинации за да се запази малку од малку ред околу амбиентот на нишките, иако на моменти и места се преклопуваат истите пример 1 - 2 - 3 инаку овој пример кажува колку не мора да значи дека ваквиот тип на градба скапо чини, се зависи од пристапот кон материјалите, големината на просторот и јасно трпението, практично горенаведената куќа од кукумбра чини £220.000 а оваа £3000 иако квадратурата е прилично различна, дури мислам дека повторно и со проект како бункерот од кукумбриа може да се сведат трошоците до минимум но само доколку се работи импровизирано според принципите на Earthship Houses(последните линкови од првиот пост во нишкава)...
Organic Architecture and its influence on Human Being - A Portrait of a Natural Way of Living A Low Impact Woodland Home - www.simondale.net/house/build.htm Edited by beTon - 09-Jun-2013 at 10:20 |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #18 Posted: 18-Jan-2009 at 23:00 |
Edited by beTon - 12-Mar-2010 at 22:44 |
|
vardar
Senior Member Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply #19 Posted: 21-Jan-2009 at 08:38 |
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #20 Posted: 25-Jan-2009 at 19:16 |
|
|
Post Reply | Page 123 8> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |