build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Алтернативни еколошки видови на градба

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 23-Feb-2011 at 12:00

Previous

Има ли нешто поживо од овој тип на градба?
Има ли нешто потопло во зима и поладно во лето од камена куќа?
Има ли нешто толку едноставно а воедно и комплицирано?

Денес зборуваме за некакви фрактални приказни, а нашите предци во целост ги живееле, биле вплотени со природата како духовно, така и културно и материјално, мислам дека ова е толку обемна тема што човек незнае од каде истата почнува и каде завршува...
Муабетов најверојатно се раѓа со потребата на човекот за функционална естетика каде се е подредено во еден компактен круг циркулирајќи постојано кеѓу себе како некаков примитивен но креативен облик на комуникација!
Па така чалгијата почнува да свири од "продолжената рака на ЕРКЕРИТЕ и ЧАРДАКОТ, па се префрлува преку ТРЕМОТ до ОДАЈЧЕто, па сетне во ДВОРот-градината која сама по себе е посебна приказна и како таква низ вековите си добила своја посебност карактеристична единствено за ова поднебје, слично како што е случај со разните видови творечки изрази(градба, оро, песна, резба...) да од надвор се асимилира само најдоброто и како во мозаик да се вгради на право место.
Сетне преку неа мелодијата ги врзува БУНАРот, ФУРНАта-(куфнето, вршникот, магарчето за дрва...) кои се стопени по или на авлијата чија круна е портата која оди рака подрака со маалската калдрма...!
Е тука негде се и АМБАРот и КОЧИНАта, но доволно настрана за да ја задржат функцијата, а да не ја нарушат мелозвучната архитектонска хармонија, на сето ова како фасадна езгија се расфрлаат и угоре и удоле везените пиперки, чаевите, низите лук а понастрана или бочно, низите тутун и лејките, за одтука да заврши чалгаџискиов муабет назад до спрострените јамбојлии на чардакот.

Полесна и пристојно модернизирана верзија на ова сведоштво е староградската архитектура која под влијание на новитетите кои сосебе ги враќале гурбетлиите исто така си фатила ритам со веќе постојната мелодија од еркери од што пр. нус ефект се меандрите - стилски орнаменти околу прозорите, како и камените-мермерните столбови и големите балконски галерии.

Истите овие елементи добивале и добиваат на сила повеќекратно особено во заедница, каква што е пример Манастирот, каде објектите се хелиочентрично поставени во однос на Црквата, сите конаци се врзани в круг слевајќи се кон Црквата, така означувајќи ја смислата на нашиот живот како Христијани.

http://kojekoj.blog.com.mk/node/119837

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 23-Feb-2011 at 15:08
  ...сум забораил на Тапано односно самата Куќа како појава, битен момент како основа на цела останата мелодија, уште побитно што старите селски куќи од средниот век навака се граделе како утврдувања безмалку, но сепак на сета таа сила што ја носат тие куќи воедно истите заради сите останати погоре набројани моменти изгледаат смирено а распеано... уште поинтересно е како со време селата станувале од разбиен во збиен тип на село, та се формирале големи маала, за истите како такви веќе да формираат организирано градче... белки ќе дочекам некогаш во животов да видам кај нас цело село обновено а амбиентот задржан, но уште подобро истото тоа село ако биде живо, нешто што може ќе рече некој и го има некаде, но за мене бар сето тоа е каша, со оглед дека посекако ќе видам некако и некаде испикан бетон заради немукает или мрзливост, па и немаштија иако во однос на абење материјали за камена градба истата и не е баш некој особен фактор доколку човек посака нешто да закрпи или изѕида...  

Edited by Max - 23-Feb-2011 at 15:09
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 23-Feb-2011 at 17:13
Eve uste edna interesna gradba, narecena Eco-Dome.
40 metri kvadratni, sodrzi edna centralna kupola opkruzena od cetiri pomali prostorii i "Sobirac na Veter: koj se koristi za pasivno ladenje i toplenje na kukjata.




Source: http://calearth.org/building-designs/eco-dome.html


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 26-May-2011 at 00:50
Да речиме дека е за тука?

Во Струмица изграден објект што штеди енергија до 90%



Во Струмица е изграден првиот објект што троши само 15 KWh на квадратен метар, односно заштедува дури 90% од енергијата.

Компанијата Експро од Струмица својата одлука за изградба на овој тип на објект ја донела врз база на пресметки кои покажувале дека со заштедата од енергијата најбрзо ќе ги врати вложените средства во изградбата.

„ Македонскиот пазар е специфичен и често овде кај нас се гледа со недоверба во новитетите во градителството. Економската моќ на просечните купувачи е помала и често е присутен е страв дека ако се згреши со изборот ќе немаат средства за поправка на евентуалната грешка. Пасивниот објект троши 20 пати помалку од неизолираниот, 12 пати помалку од стандардните. Од економската анализа која ја направивме за оправданоста на инвестицијата за нашиот објект се покажа дека вложените средства се враќаат за помалку од пет години“, изјави Славчо Ѓоргиев сопственикот на Експро од Струмица.

За да се постигне посакуваниот ефект на објектот е целосно затворен и преграден со кнауфовите системи за сува градба, како и најсовремените системи на пасивно разладување и загревање на Рехау. Со ова се започнува нова насока за проектирање и изведба на објекти низ Македонија.

„Никој од нас не е доволно богат, за да гради неквалитетно. Енергенсите се сè помалубројни и енергијата е сè поскапа. Според испитувањата, најголемите потрошувачи на енергија во светот се станбените објекти кои сумарно трошат повеќе од индустриските објекти и сите превозни средства во светот. Објектот е проектиран и изграден по високите технички барања и стандарди за енергетска ефикасност почнувајќи од формата на објектот, ориентацијата, термичката заштита на обвивката, количината на отвори и други стаклени делови да обезбедат минимални загуби на енергија (како и добивки во летниот период)“, додаде Ѓоргиев.

Со оглед на многу малата потрошена енергија за одржување овие објекти имаат најмала можна емисија на штетни гасови. Енергијата што се користи е од нивната околина и тоа е претежно пасивно користење на сончева енергија која е обновлива. Овие објекти се вистински пример за филозофијата на одржлив развој, намалување на емисијата на штетни гасови за спас на планетата. Затоа најчесто се именувани како пасивни објекти, еко или зелени куќи.


http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=17403
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-May-2012 at 01:32
Архитектонскиот факултет е домаќин на манифестацијата „Градба со сламени бали“

Граѓанската организација „Зелената арка“ од 15 до 16 мај на Архитектонскиот факултет во Скопје ќе организира предавање, работилница, изложба, проекција на документарен филм и отворен разговор на темата: „Градба со сламени бали“. На настанот со свое предавање ќе се обрати Сиси Хајн, како претставничка на германската асоцијација за градба со сламени бали ФАСБА и експерт за методите и техниките на градба со сламени бали. Во рамките на манифестацијата, гостинката Хајн ќе ја одржи работилницата за основните техники при градбата со сламени бали, а ќе учествува и на отворениот разговор на тема „Градба со сламени бали“. Дводневната програма предвидува и проекција на документарниот филм „Сламени глави“ од Хајди Шнел.

Градбата со сламени бали, како градежна техника и пристап својствен за одржливата архитектура, е особено актуелен во целиот свет поради достапноста, исплатливоста, обновливоста, исклучителната термоизолациска вредност и ред други полезни својства на материјалот. Целта на организацијата „Зелената арка“ е студентите по архитектура и градежништво, но и сите заинтересирани граѓани, подобро да се запознаат со уште еден пристап за дизајн, проектирање и изградба, кој е истовремено поврзан со одржливиот начин на живот. Настанот се одржува во соработка со Друштвото за македонско германско пријателство и соработка од Скопје, со поддршка на Гете институтот од Скопје и на Архитектонскиот факултет од Скопје.

 


#

 



#
Објавено на 14.05.2012 во категорија Вести.

Тагови: Архитектонски факултет Скопје, Градежни материјали, Еколошка градба, Организација Зелената арка, Сламени бали, Случувања, Термо изолација


http://www.build.mk/?p=15029
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11993
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 19-May-2012 at 17:15
Сламените бали, градежен материјал кој повторно го освојува светот

Со работилницата за изработка на ѕид од сламени бали, проекцијата на документарниот филм „Сламени глави“ од Хајди Шнел и со отворената дискусија околу изградбата на објекти со употреба на сламените бали, заврши дводневната манифестација за запознавање и популаризација на овој природен и еколошки градежен материјал во нашата земја. Во присуство на стотина студенти, архитекти и заинтересирани граѓани, беше претставен историјатот на подигањето на зданија со сламени бали во меѓународни рамки, а присутните можеа подетално да се запознаат со методите и техниките на градба со овој природен материјал и преку одржаната изложба во холот на Архитектонскиот факултет. Централниот настан се одржа во текот на вчерашниот ден, кога со свое предавање се обрати Сиси Хајн, како претставничка на германската асоцијација за градба со сламени бали „ФАСБА“.

 

Изложба     Работилница     Работилница

 

 

Во својот говор таа се осврна на почетоците на градењето со сламени бали. Модерниот пристап во употребата на сламата како материјал влече корени од сојузната држава Небраска во Соединетите Американски Држави, каде градителите на иновативен начин, при крајот на 19 и почетокот на 20 век, го решиле проблемот со недостиг на дрва за подигање на куќи за живеење. На тлото на Европа, најстарата градба од овој тип е реализирана во Франција во 1921 година, иако откритието на ваквиот податок се случило дури пред 12 години. „Во 90 – тите години на 20 век доаѓа до повторно откривање на градењето со сламени бали“, напомена во предавањето Сиси Хајн.

 

Податоците кои доаѓаат од европскиот континент покажуваат дека првата општа дозвола за градење со сламени бали е издадена во 2006 година, по што започна поинтензивната изградба на куќи со ваков градежен материјал. За брзиот развиток и големата заинтересираност на граѓаните за одржливата архитектура од овој тип, говори и информацијата дека во 2011 година во Германија се основа посебна програма за градење со сламени бали за занаетчиите кои сакаат да работат во дејноста. Во оваа европска земја веќе се изградени неколку училишта, градинки, објекти на локални самоуправи, па дури и спортска сала од оваа состојка која претставува нус – производ на житото. Наредната 2013 година го носи големиот предизвик пред кој се наоѓа техниката на градителство и иноваторите од оваа дејност, бидејќи е планирано да се комплетира изведбата на куќа на пет ката, за што во моментов се работи на добивање официјална дозвола од германските власти.

 

#     #     #

 

 

Гостинката од Германија во своето предавање се задржа на карактеристиките на сламените бали во случај на пожар, земјотрес, заштита на топлина, но и поставување на инсталации за вода и струја во домаќинствата. Во големата низа на спроведени тестирања во Германија и другите европски држави се покажало дека овој градежен материјал може да издржи висока температура при појава на пожар во времетраење од 30 минути, а последните истражувања откриваат дека балите од слама можат да превенираат пожар при температура од 1.100 степени во период од 90 минути. Во трусните подрачја од светот, сламените бали се покажале како сигурен материјал при земјотреси, а како показател во оваа насока е и големиот број на подигнати училишта и општински згради во Кина, во региони каде е честа појавата на земјотреси.

 

#     #     #

 

 

Нивната главна слабост при реализацијата на објекти е опасноста од вода и влага при подигањето на самите објекти и нивната натамошна употреба. Наспроти ова, куќите изградени од сламени бали се завршуваат во пократок временски период во споредба со стандардната градба, но и нивната финансиска конструкција за европски услови е поприлично евтина. Како и кај целокупната одржлива архитектура, подигањето на објекти со ваков градежен материјал дозволува креирање на интересен и авангарден дизајн, во чие остварување може да се вклучат не само професионалните и стручни лица, туку и секое заинтересирано лице на темата. И најважното за животната средина, сламените бали врзуваат многу повеќе јаглерод диоксид отколку што го ослободуваат во атмосферата.

 

Возбудливото предавање побуди бројни прашања кои развија дебата во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет. Се пројави интерес за останатите пропратни градежни состојки што се употребуваат при изградбата на вакви објекти, како и за нивната носечка конструкција, а се говореше и за начините на изградба со сламени бали. Како организатор на дводневниот настан се јавува граѓанската организација Зелената арка во соработка со Гете институтот, Архитектонскиот факултет и Друштвото за македонско германско пријателство и соработка Скопје.



#
Објавено на 16.05.2012 во категорија Вести.

Тагови: Архитектонски факултет Скопје, Градежни материјали, Еколошка градба, Изградба на куќа, Изложби, Организација Зелената арка, Сламени бали, Случувања, Термо изолација



http://www.build.mk/?p=15157

Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 22-May-2012 at 20:19
Куќи од слама #1

Уште од деведесеттите години на 20 век во С.А.Д постои тренд на градење на куќи од слама. Слободно можеме да кажеме дека овие куќи станаа вистински хит во оваа држава. Она што можеби е зачудувачки, е дека и покрај тоа што до сега поминаа 2 децении овој тренд на изградба на куќи од слама не запира. Зошто е тоа така? Овие куќи се пред се направени од природен, лесно достапен материјал – слама од пред се житни култури или пак од други индустриски билки (лан). Овој материјал поседува одлични технички и изолациони карактеристики, а градењето е брзо и едноставно. Исто така да не заборавиме, објектите направени од слама се долготрајни и го обезбедуваат истиот комфор како и објекти направени од стандардните материјали.......

Куќи од слама
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 23-May-2012 at 07:56
Се е тоа убаво. Само кога ќе ми текне на приказната за волкот и трите прасиња....
Не е за џабе приказната, има многу вистина. Smile
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 10-Aug-2012 at 19:51

медо та зар ти најде од волци да се плашиш, или може до прасињата ти е

http://en.wikipedia.org/wiki/Vernacular_architecture кај нас ова би било порано куќа чардаклија [1]

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 23-Sep-2012 at 22:00
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 06-Dec-2012 at 11:53
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 08-Dec-2012 at 00:32
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 20-Jan-2013 at 14:34
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 09-Feb-2013 at 17:14

во контекст постовите за селска кујна, би рекол нешто поегзотична варијанта на селска куќа би било доградба на нашите стари камени куќи со стакларник во продолжеток [1][2][3][4][5] кој би можел да има функција на соба за дневен боравок или доволно е да биде и трем или полуотворена тераса http://www.homeaway.com/vacation-rental/p3177449 [1]




Edited by +Protagorist - 09-Feb-2013 at 17:14
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 10-Feb-2013 at 22:52


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 24-Jun-2013 at 21:46
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 25-Jun-2013 at 11:57
 
пробав да го симнам транскриптот и да го преведам ама тапа http://blog.ssokolow.com/archives/2012/02/09/downloading-youtube-subtitles/ та ако некој знае како би го сторил тоа нека фрли абер
 
 
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 01-Sep-2013 at 17:46



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 05-Sep-2013 at 11:39





HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 05-Sep-2013 at 11:41
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.980 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.