build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Сообраќајна сигнализација и информативни табли
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајна сигнализација и информативни табли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 18-May-2009 at 22:30
Зголемена безбедноста во сообраќајот


Екипите на ЈП Улици и патиштаа, во согласност со програмата на Град Скопје, почнаа да поставуваат нови семафорски одбројувачи на уште неколку крстосници во градот.

Во тек се активностите за поставување одбројувачи на булеварот Партизански одреди на повеќе локации. Одбројувачи се поставени на крстосницата со улицата Московска и со булеварот 8 Септември. Вчера се поставуваа одбројувачи на крстосницата меѓу булеварите Партизански одреди и Ѓорче Петров и меѓу Партизански одреди и улицата Рузвелтова. Одбројувачите кои се поставуваат на семафорите се од италијанско производство и со својот квалитет на возачите ќе им овозможат непречено да го координираат движењето на крстосниците, со што ќе се подобри безбедноста на пешаците и проточноста на сообраќајот. Одбројувачите кои се поставуваат на булеварот Партизански одреди се плод на добрата соработка меѓу Градот Скопје и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, која резултира со донација од 40 нови одбројувачи.
Од оваа донација, 18 одбројувачи се веќе поставени, осум се поставуваат, а до крајот на акцијата уште три крстосници ќе добијат нови одбројувачи на семафорите.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6FB4998DA5BB4749AC9047D930153775
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 19-May-2009 at 17:16

Не­ма фолија за патоказите

ЈП "Македонија пат" уште лани најави дека до крајот на декември 2008 го­ди­на ќе ја обнови патната сигнализација со 900 нови знаци, но и по помината по­ло­ви­на година, новите патокази и сообраќајни знаци никаде ги нема

Униш­те­ни­те патокази и сообраќајни знаци низ цела Македонија не се за­ме­не­ти со нови, иако ЈП "Македонија пат" лани најави дека до крајот на декември 2008 го­ди­на ќе ја обнови оштетената патната сигнализација со 900 нови зна­ци. Во "Македонија пат" не сакаат да зборуваат за проблемот. Генералниот ди­рек­тор на ЈП "Македонија пат" Бранислав Матиќ веќе два месеца одбива да даде каква било информација за обновата на сообраќајната сигнализација. Спо­ред неговата секретарка, директорот или е на итен состанок и не смее да го вознемирува, или не е во канцеларијата.
И по повеќе од една година, замената на сигнализацијата не може да се нап­ра­ви оти Јавното претпријатие на тендер не може да одбере фирма од која ќе ку­пи лим и специјална фолија, која е потребна за обложување на знаците.
Ро­бер­то Тошевски, помошник-директор на Агенцијата за државни патишта ко­ја е надлежна за финансирање на зафатот, вели дека пред неколку недели Јав­но­то претпријатие имало проблеми со набавката на фолијата за знаците. "Да­ли го решија проблемот, не знам. Но имам информација дека во моментот има само производство на знаци и тие сe уште не се поставуваат на па­тиш­та­та. Првите резултати од обновата на патната сигнализација мислам дека ќе ги ви­ди­ме за околу еден месец", вели Тошевски.
До­де­ка Јавното прет­при­ја­тие само најавува дека ќе ја обнови сигнализацијата, и стран­ски­те и до­маш­ни­те во­за­чи се гу­бат по па­тиш­та­та низ др­жа­ва­ва. Не зна­ат кој пра­вец да го фа­тат, оти пос­то­јат клуч­ки на кои во­оп­што не­ма оз­на­чу­ва­ње. На не­кои мес­та од зна­ци­те се ос­та­на­ти са­мо ме­тал­ни­те др­жа­чи, а не­ка­де сто­јат са­мо пар­чи­ња од таб­ли на кои има по две-три бук­ви или де­лум­на ки­ло­мет­ра­жа. На при­мер, на из­дво­ју­ва­ње­то за Штип на ав­то­па­тот Скоп­је - Ве­лес не­ма ни­ка­ков знак. Не е оз­на­че­но јас­но кој пра­вец да се фа­ти за Ве­лес на ав­то­па­тот Град­ско - Ве­лес. Во мно­гу ло­ша сос­тој­ба е и сиг­на­ли­за­ци­ја­та на пат­ни­от пра­вец од Ре­сен до Скоп­је, и об­рат­но. На не­кои мес­та на оваа дел­ни­ца од па­то­ка­зи­те за Скоп­је е ос­та­на­то са­мо "је", а не­ка­де и во­оп­што го не­ма зна­кот. На патиштата во Кичевско, пак, нема знак кој не е прекриен со ос­та­то­ци од предизборни плакати или не е исчкртан со авто спреј.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=61BC6683EA27F641A732A501B49D5928

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 19-May-2009 at 23:45
Семафорите на „Партизанска“ ќе добијат одбројувачи

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот му подари 40 нови тајмери на Градот Скопје

Сања Наумовска

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ почна со поставување нови одбројувачи на семафорите на неколку раскрсници на булеварот „Партизански одреди“. Во рамките на донацијата од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, кој на Градот му подари 40 нови светлосни сигнали, досега се поставени 18 одбројувачи. Моментно се поставуваат уште осум, а до крајот на акцијата уште три фреквентни раскрсници на неколку локации во градот ќе добијат нови одбројувачи на семафорите.

„Улици и патишта“ моментно со одбројувачи ги подновуваат раскрсниците на „Партизански одреди“ со улицата „Московска“ и со булеварот „8 Септември“. Исто така, мерачи се поставуваат и на раскрсницата меѓу „Партизанска“ и „Ѓорче Петров“ и меѓу „Партизански одреди“ и улицата „Рузвелтова“.

„Одбројувачите што се поставуваат на семафорите се од италијанско производство и со својот квалитет ќе им овозможат на возачите непречено да го координираат движењето на раскрсниците. Со тоа ќе се подобри и безбедноста на пешаците и проточноста на сообраќајот“, информираат од Градот.

Бенефитот од поставувањето на одбројувачите е голем затоа што, и според самите учесници во сообраќајот, се намалува метежот на раскрсниците, побрзо се одвива сообраќајот, се зголемува безбедноста на пешаците и возилата. Исто така, се отвора можност за заштеда на гориво со исклучување на моторите, а особено е важно намалувањето на штетната емисија на гасовите што е најкарактеристична за големите раскрсници, особено во централното градско подрачје, сметаат градските власти.

Оттаму соопштуваат дека со донацијата од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот со одбројувачи се обезбедени половината од раскрсниците во градот. За оваа година во буџетот нема предвидено средства за набавка и инсталирање нови одбројувачи, за што веројатно ќе се размислува идната година. Според планот на градските власти, на раскрсниците со одбројувачи ќе се работи на воспоставување ефикасен зелен бран.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B43E6D6D9C52BF4EBC7706A9988AC568


Edited by pbanks - 19-May-2009 at 23:45
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 20-May-2009 at 00:25
Освежување на хоризонталната булеварска сигнализација


Екипите ангажирани од Град Скопје, вчера започнаа со рачно обележување на пешачките премини и црвените ленти за велосипедистите на булеварите "Јане Сандански" и "Кузман Јосифовски Питу".

Со завршувањето на рачно обележување, ќе се продолжи и со машинското обележување на подолжните линии по сообраќајниците кои се во надлежност на Градот Скопје, со што ќе бидат опфатени коловозните ленти, пешачките острови, лентите за движење на автобусите од јавниот превоз и другата хоризонтална сигнализација соопштуваат градските власти. Само во општина Аеродром, рачно ќе бидат обележани повеќе од 2.000 квадратни метри, додека машинско бележење ќе се изврши на околу 4.000 квадратни метри. По заршување со обележување на хоризонталната сигнализација во општината Аеродром, околу 25 мај, работите ќе продолжат во Малиот и Големиот ринг на централното градско подрачје.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FA55C3BA86541E42B17DEE8F044A3290
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 20-May-2009 at 09:24
Da vi kazem deka semaforite vo tetovo se mnogu losi postaveni.
Pr. Koga idete od tetovo nakaj gostivar patot e dvosmeren (edni koj idat nakaj gostivar i edni koj idat odkaj gositvarn nakaj tetovo),ima edna raskrsnica levo e brvenica e sega koga e crveno tie koj sto idat nakaj gostivar e i crveno za tie sto idat od gostivar nakaj tetovo i za tie sto od brvenca idat nakaj tetovo, i posle koga ke se pusti zeleno site se sudiraat i treba da cekas ovaa kola da projde pa od tamu drugata da projde .... i taka natamuDunno zosto opstinata ne pravi nekakvi rekonstrukcii na semaforite vo tetovo
Dunno
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 26-May-2009 at 20:46
Originally posted by lslcrew

Освежување на хоризонталната булеварска сигнализација


Екипите ангажирани од Град Скопје, вчера започнаа со рачно обележување на пешачките премини и црвените ленти за велосипедистите на булеварите "Јане Сандански" и "Кузман Јосифовски Питу".

Со завршувањето на рачно обележување, ќе се продолжи и со машинското обележување на подолжните линии по сообраќајниците кои се во надлежност на Градот Скопје, со што ќе бидат опфатени коловозните ленти, пешачките острови, лентите за движење на автобусите од јавниот превоз и другата хоризонтална сигнализација соопштуваат градските власти. Само во општина Аеродром, рачно ќе бидат обележани повеќе од 2.000 квадратни метри, додека машинско бележење ќе се изврши на околу 4.000 квадратни метри. По заршување со обележување на хоризонталната сигнализација во општината Аеродром, околу 25 мај, работите ќе продолжат во Малиот и Големиот ринг на централното градско подрачје.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FA55C3BA86541E42B17DEE8F044A3290


Edno ne mi e jasno...kako moze da bideme tolku neprakticni!? namesto da koristime specijalna boja kako sto se upotrebuva na zapad i kolku sto mi e poznato i vo skopje se upotrebuvala vo vreme na jugoslavija, nie gi farbame ulicite so boja sto po godina dena skoro i da ne se gleda vekje.Ohno
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 26-May-2009 at 22:18
Не знам каква специјална боја се употребувала во Југославија, но денешната боја е под секакви стандарди благодарение на лошото краткотрајно планирање и малите средства со кои располага градот и општините. Лек дефинитвно би биле квалитетни материјали како термопластика и висококвалитетни бои. На википедија има доста кратко и јасно објаснување за различните бои и методи кои се користат за бележење на хоризонталната сигнализација.

Originally posted by Статијата


Thermoplastic

One of the most common types of road marking based on its balance between cost and performance longevity, thermoplastic binder systems are generally based on one of three core chemistries – Hydrocarbons, Rosin Esters or Maleic Modified Rosin Esters (MMRE). Thermoplastic coatings are generally homogeneous dry mixes of binder resins, plasticizers, glass beads (or other optics), pigments and fillers. Their usage has increased over paints mainly due to the performance benefits of increased durability, retro-reflectivity and a lack of VOC solvents.

Thermoplastic markings are applied using specially designed vehicles. The thermoplastic mix is heated the trucks to about 200°C before being fed to the application apparatus. This is often a screed box or ribbon gun. Immediately after the thermoplastic has been applied, glass beads are laid onto the hot material so that they embed before the plastic hardens. These beads provide initial retro-reflection. As the marking wears during use and the initial beads are lost, the beads mixed with the binder are uncovered, providing long term reflectivity. Most thermoplastic is produced in white and yellow colors, but other colors such as red can also be produced.[citation needed]

[edit] Plastic

Hot Tape markings ready to be applied to the road surface with a blow torch in Brussels, Belgium

Plastics were introduced in the late 1960s and early 1970s.[citation needed] Commonly referred to as "tape" or "cold plastic," this product is heavy-grade material with reflective beads embedded in the plastic. It is commonly used to mark crosswalks, stop bars and traffic guidances such as turn lanes, HOV lanes, train crossings, pedestrian crossings, taxi lanes, bus lanes, and bike lanes. There are three ways to apply tape:

  • Overlay - The application being laid over the surface of the pavement. Using industrial-grade rubber cement, once the tape is combined with the pavement, it should last three years. Major obstacles to estimated life are snow-plows, salt, and mis-application.
  • Inlay - The tape physically becomes part of the asphalt. Using the heat generated in the paving process, road workers lay special tape on the asphalt in the hardening process, and rollers compress the two together.
  • Hot Tape - This is the oldest method and is widely disappearing. During the process, the road worker lays out pre-manufactured shapes in the design required. Once in place, a torch is used to melt the plastic on the surface of the road. This is a slower process and more prone to a dull, burnt color of the finished product.

[edit] Epoxy

Epoxy has been in use since the late 1970s and has gained popularity over the 1990s as the technology has become more affordable and reliable. This material competes directly with plastic with respect to usage and cost.[citation needed]

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 26-May-2009 at 23:01
Previous

epa da de na takvi mislev....takvi isti se upotrebuvale i vo skopje porano.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 02-Jun-2009 at 18:47
Грешка во инфо-таблите за проектите на ЕУ
Вторник, 02 Јуни 2009 18:50

EU%20Bilboard%20001

Секој инфраструктурен проект кој општината го реализира со помош на домашни или странски финансиери, треба да се обележи со табла на која се наоѓаат основните податоци за проектот и финансиерот. Така е направено и со проектите кои општина Битола неодамна ги реализра, односно проектот за реконструкција на регионалниот пат м5 финансиран од Европската агенција за реконструкција. Но, по реакција и забелешки на наши сограѓани забележавме дека на таблите е направена печатна грешка. Наместо прилогот од, напишана е именка која според англиско-македонскиот речник има повеќе значења. Можеби изработувачот се збунил, затоа што на англиски двата збора се изговараат приближно исто.

EU%20Bilboard%20002

-Станува збор за минорна грешка најверојатно од изведувачот на таблата. Грешка која лесно се корегира и општина Битола е само благодарна, ништо повеќе од тоа за укажаната забелешка на нашите граѓани. Во најскоро време ќе се корегира - вели Емилија Геровска, портпарол на општина Битола.

Од општината велат дека таблите се нарачуваат и изработуваат во земјава, но текстот кој е напишан го добиваат како готов, испратен од донаторите.

EU%20Bilboard%20003

-Текстот кој се испишува се состои во дел за општината Битола, назив и лого, и дел за странската фондација или донатор. Текстот го добиваме готов и како таков го испорачуваме кај изработувачот на таблата кој го испишува или лепи со фолија во зависност од техниката - додава Геровска.

EU%20Bilboard%20004

Во меѓувреме, додека се поправи печатната грешка, оние кои не знаат за што се работи ќе читаат дека имаме проект финансиран од Европската унија, а останатите дека „проектот е финансиран залив на Европската унија".



Кога го имав јас кажано ова, ама изгледа сега научиле англиски новинарите па интересно им се видело. Дали е ова за на вести, не знам.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 02-Jun-2009 at 18:57
Од општината велат дека таблите се нарачуваат и изработуваат во земјава, но текстот кој е напишан го добиваат како готов, испратен од донаторите.


И сепак го погрешиле! Легенди Crazy
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 04-Jun-2009 at 19:37
Знаците забуна за возачите
Четврток, 04 Јуни 2009 17:03
GRESEN%20ZNAK%20001Хоризонталната и вертикалната сигнализација ги збунија возачите на Партизанска. Ако пред фонтаната на почетокот од градското шеталиште има знак кој забранува паркирање и навестува дека таму паркираното возило може да биде подигнато со пајак служба, на околу 20 тина метри хоризонталната сигнализација дозволува паркирање. Возачите се среќни што досега не биле казнети, но се ориентираат според она што во моментот ќе го забележат:

,,Tука гледам знак, тука паркирам. Ме збунва, ама тоа е како што ќе се снајдиме така паркираме и така нема доволно паркинг простори", велат граѓаните.

Покрај тоа што нема знак кој ќе ја разреши дилемата, возачите реагираат и на непочитувањето на останатите знаци или нивниот недостиг на повеќе локации во градот:

,,Не само тука недостасуваат знаци на повеќе места, а младите ништо не почитуваат, коментираат битолчани".GRESEN%20ZNAK%20002

Од полиција велат дека состојбата со знаците е работа на Општина Битола. Раководителот на одделението за комунални работи не информираше дека денес на терен ја согледаа состојбата. Констатирано е деке во близина на заводот и музеј недостасува знак кој ќе значи завршување на забраната за паркирање за понатаму да почне да важи испрекинатата линија на коловозот која тука го дозволува паркирањето. Знакот кој недостасува ќе го порачаат и очекуваат од фирмата кој е избрана на тендер наскоро да го добијат со цел да се елиминираат секакви забуни кај возачите.

Цветанка Ристевска
< ="" ="text/"> \n  < ="" ="text/"> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите < ="" ="text/">  



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8603&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 05-Jun-2009 at 12:38
ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ НА РАСИПАНИТЕ СЕМАФОРИ НИЗ ГРАДОТ
Семафорите сигнализираат опасност

Семафорите кај „Мекдоналдс“ во Аеродром и на приклучокот на улицата Владимир Комаров кон булеварот Јане Сандански веќе неколку дена не работат или се вклучени само во дел од денот. Поради тоа, на овие точки чест е застојот на возилата, многупати само на среќа се избегнуваат сообраќајни несреќи, а нервозните возачи се пречекуваат со свирежи и со пцости. Тешка несреќа со осум повредени, меѓу кои и две деца, се случи минатиот месец на крстосницата кај „Мекдоналдс“, а и тогаш граѓаните тврдеа дека семафорите не работеле. - Живеам во Аеродром и секој ден ги минувам овие локации, а ваква негрижа досега не сум видел. Ако треба ние да ги известуваме властите дека некој семафор не работи, тогаш алал нека им е работата. Во секој нормален град се интервенира брзо за да нема сообраќајни несреќи секој ден, само кај нас се спие “ реагира жител на населбата. Од Општина Аеродром велат дека се запознаени со проблемот со расипаните семафори и испратиле допис до надлежните од Градот зашто тие се одговорни за семафоризацијата. Градските власти не знаеја точно да одговорат дали се работи за дефект на семафорите или тие намерно се исклучени, туку дадоа само општ одговор дека постојано ја следеле состојбата на терен. - Нашите екипи секојдневно вршат обиколка на подрачјето на градот за да ја проверат вертикалната сигнализација во која спаѓаат и семафорите. Во случај на проблем или неработење на некој семафор, гледаме на што побрз начин да го надминеме “ велат од Град Скопје. Ова не е единствен проблем со семафорите зашто на некои локации тие се уште не работат, а на други крстосници се чека допрва да се постават. Таков е случајот со семафорите на улицата за влез кон супермаркетот „Веро“ во Тафталиџе, кои Град Скопје ги постави неодамна. Властите велат дека тие ќе се пуштат во употреба наскоро, откако ќе завршат работите за поврзувањето и синхронизацијата со семафорите на крстосницата на улицата Теодосиј Гологанов и булеварот 8 Септември. Сигнализација се уште не доби ниту крстосницата на Никола Тесла и Орце Николов, кај Машински факултет. Општина Карпош со месеци најавува дека ќе постави семафори, и тоа не обични, туку соларни, но граѓаните велат дека ќе бидат задоволни со какви било семафори, само да се спречат честите сообраќајни несреќи и децата безбедно да поминуваат улица.



И? Одговорност?

Или не знаеме што значи тој збор дури и кога ќе се случат вакви тешки последици?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 05-Jun-2009 at 13:04
Не знам што да кажам. Се работи за луѓе способни да се прилагодат на ситуација, а не електрони што се движат како во некое коло. Ако не работат семафорите тука се знаците за да може сообраќајот да продолжи без вакви несреќи. Ваквите кварови се случуваат и тука нема што, но не гледам како надлежните се криви за сообраќајкатаDunno. Зборам конкретно за случајот што си го маркирал со црвено.

Останатиот дел од текстот укажува дека треба да се изнајде поефикасен и побрз метод за интервенирање во вакви ситуации. Според мене тука треба да се бара одговорност од надлежните, останатото зависи од возачите и пешаците колку ќе ги почитуваат сообраќајните правила.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 05-Jun-2009 at 13:19
Апсолутно семафори можат да откажат и луѓето мора да се прилагодат и сообраќајот да функционира според останатите сообраќајни правила. Но токму неодговорноста доведува до тоа таквите ситуации да не се решаваат долго време. При такви ситуации ризикот од инциденти е многукратно зголемен. Не може со денови да биде оставено така само на себе. А ваму уште да се делат генерички бирократски одговори од типот „постојано ја следиме состојбата на терен“.


Edited by Cloverstack - 05-Jun-2009 at 13:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 17-Jun-2009 at 13:45
Возиш со 120 евра на час

На неколку делници од автопатиштата важи ограничување на брзината на 80 километри на час, поставено само со еден до два сообраќајни знака, иако условите на патот дозволуваат 120 на час, па полицијата на тие места секој ден казнува возачи за пребрзо возење

На делови од автопатиштата низ Македонија има знаци за максимално дозволена брзина од само 80 километри на час. Ограничувањето на брзината не завршува до крајот на делницата, иако условите на патот дозволуваат побрзо возење. Овој пропуст на Министерството за транспорт и врски, кое го има последниот збор кој знак каде ќе се постави, го користи полицијата, чии патроли токму на овие места ги чекаат во заседа и ги казнуваат возачите кои, знаејќи дека се на автопат, нагазуваат на педалот за гас.
Таква е ситуацијата на автопатот Тетово - Гостивар. До Тетово со три сообраќајни знаци е означена дозволена брзина од 100 километри на час, а по првата патарина накај Гостивар стои знак за ограничување на 80 километри кое е потврдено со уште еден ист знак на 13 километри понатаму. Потоа до Гостивар нема никаков знак, а условите на патот дозволуваат побрзо возење. Секој ден, без исклучок, некаде на половина делница стои полициска патрола и казнува за пребрзо возење.
"Ако има вакви ограничувања, тогаш се поставува прашањето зошто воопшто градиме автопатишта. Еден километар автопат чини од 3 до 5 милиони евра, а изградба на километар магистрален пат само милион евра. Бидејќи на автопатиштата максималната брзина се ограничува на 80, тогаш поисплатливо е да градиме само магистрални патишта", коментираат сообраќајните експерти.
Револтиран возач што платил казна на делницата Тетово - Гостивар вели дека сето ова ги потсетува на посткомунистичка Бугарија. "Сите сме ја чуле анегдотата за бугарскиот полицаец кој те застанува на автопат и ти вели: 'Господине, возевте со 120 лева на час'. Ете тоа сега се случува и кај нас. Знак намерно нема, за да може полицијата да казнува", коментира возачот.
Сообраќајните експерти, пак, посочуваат дека полицијата ги начекува возачите и кај исклучувањето кај Мралино од автопатот Велес - Скопје. На самото исклучување е ставен знак за ограничување на брзината на 80, кој завршува дури по десетина километри, а делницата е права и рамна и слободно може да се нагази до 120 - максимално дозволената брзина за автопат во Македонија.
"На ова место негрижата на државата да направи поврзување со коловозната лента им ги празни џебовите на возачите кои мислат дека знакот важи само за исклучувањето и, откако ќе го изминат, ја зголемуваат брзината. Полицијата, која стои само километар до два понатаму, ги начекува и им пишува казна за пребрзо возење", велат сообраќајните експерти.
Тие ги предупредуваат возачите посебно да внимаваат на автопатот кон Неготино каде што има многу апсурдна ситуација. На делницата на автопатот е ставена неколкукилометарска забрана за возење над 80 километри на час поради нерамнини на асфалтот. Автопатот завршува со тоа ограничување од 80, и се излегува на магистрален пат на кој е дозволено да се вози 100 километри на час.
Министерството за транспорт и врски и МВР одговорноста за поставените сообраќајните знаци си ја префрлаат едно на друго. Од Министерството за транспорт велат дека МВР е тоа што кажува каде ќе се постават знаци, а од МВР објаснуваат дека последниот збор го има Министерството за транспорт.
"Ние само може да дадеме мислење, но не сме и тие што кажуваме кој знак каде ќе стои. Нашата работа е да го контролираме почитувањето на прописите", велат од МВР.
Оттаму негираат дека ги злоупотребуваат пропустите на Министерството за транспорт и врски и велат оти секоја казна била напишана со причина.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=CCE876FBFD5DAE4E8A2164819B46EFAB
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 17-Jun-2009 at 14:27
Ноќно бележење на скопските улици

Градот Скопје за првпат почнува со ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на градските улици. Наредните денови ќе се бележат улиците во централното градско подрачје и тоа во периодот од 22 часот до 05 часот наутро, поради намалената фреквенција во сообраќајот.

На 18 јуни ќе се бележат улиците 11 Октомври и Димитрие Чуповски. На 19 јуни ќе се бележи улицата Мито Хаџивасилев Јасмин. На 21 јуни на ред ќе биде булеварот Свети Климент Охридски.

Од 22  до 26  ќе се бележат улиците Даме Груев и Васил Аџиларски, крстосницата меѓу булеварот Кочо Рацин и улицата 11 Октомври,  Железничка и булеварот Водњанска.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=57711&kategorija=1
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 17-Jun-2009 at 14:39


Прееска бележеа пешачки премини на Кочо Рацин во најголема гужва Dunno
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 17-Jun-2009 at 15:00
На раскрсницата кај Алумина се местат



А од друга страна се рушат Big%20smile


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 21-Jun-2009 at 17:18
Не дека другата нумерација на новата скопска обиколница им е точна... речиси и да нема точен патоказ во однос на нумерацијата. Но Е65 очигледно им е најомилен - универзален пат по кој се стигнува до секоја точка во Македонија и пошироко  Crazy

1
Од Стенковец во правец на југ (Скопје) - Е65


2
Од Стенковец во правец на север (Приштина) - Е65


3
Од Стенковец во правец на запад (Тетово) - Е65


4
Од Стенковец во правец на исток (Куманово) - Е65





Браво господа. Очигледно одлично се снаоѓате. А и немојте случајно некогаш да послушате (или не дај боже да удостоите со одговор) некое добронамерно укажување, бидејќи ваквите контакти треба да имаат чисто украсен карактер:
http://roads.org.mk/kontakti.html


Wallbash Wallbash Wallbash Wallbash Wallbash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 09-Jul-2009 at 18:07




www.on.net.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.