build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајна сигнализација и информативни табли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 27-Jul-2008 at 12:22
Еве ќе почнам со сообраќајната сигнализација на обиколницата (конкретно патоказите), затоа што таа е најнова и нормално е да очекувавме барем делумно корегирање на досегашниот дилетантски и импровизаторски однос кон овие работи.
Но за жал излезе дека покрај старите болки, се воведуваат и нови грешки и недоследности.

Прво ќе го кажам тоа што е за пофалба:

- Големи патоказни табли

- Воведување на знаци со симболите за најава на излези и јазли

- Конструкциите за поставување на таблите изгледаат квалитетно и масивно



Е сега следува подолгата низа на работи кои не се ок:

- Апла погрешни патокази, со турлитава во нумерацијата на патиштата, која не само што не е точна туку од патоказ до патоказ е и контрадикторна на самата себеси (Овој случај е кај клучката Стенковец. Иако патоказите не се на самата обиколница, тие се сега новопоставени во функција на обиколницата)
За ова и им пишав до фондот, ама одговор не добив. Мислам дека грешката до сега требало и сами да ја увидат и да ја корегираат, но за жал тоа сеуште не е случај.

- Ставање на цртичка кај броевите од Е-мрежата. Треба да е Е65 на пример, а не Е-65.

- Употреба на францускиот јазик. Знам дека ова го воведоа како некаква регулатива, ама е тотална глупост и треба што побргу да се менува. Нема тотално занемарливи „поволности“, а само прави гужва, одзема простор и ја прави сигнализацијата потешка за читање.
Интересно, ги постирав сликите од обиколницата на еден холандски форум, а од таму бргу го најдоа патот и до ССЦ. И на двете места форумашите веднаш реагираа со чудење и критика за францускиот кој очигледно на сите им изгледа како промашај, освен на некој наш бирократ што добил „бистра“ идеја.

- Воопшто недоследна употреба на јазиците.
Прв пример: кога веќе инсистираат на странски јазици, зошто за поедини топоними се користи латинска транскрипција со условно кажано српско-хрватски букви - Priština
Друг пример: недоследниот превод Обиколница - Transit - Peripherique. (и ова упадна во очи на ССЦ)
Трет пример: недостаток на кирилица на знаците кои ги одбележуваат вијадуктите и реката лепенец. Ова не е само недоследност во сигнализацијата, туку и кршење на законите на РМ.

- Недостаток од наведени дестинации. Ова е проблем сам по себе, но е уште почудно кога ќе се земе во предвид дека некои табли се доволно големи за да се впишат уште дестинации а стојат скоро празни, а од друга страна некаде ќе се прави непотребно повторување со употреба на француски, наместо тој простор да се искористи за корисна информација.


Edited by Cloverstack - 28-Jul-2008 at 08:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 27-Jul-2008 at 14:25
Atina, Athina, Athena... Претпоставувам дека може да се најде и Athens...

Не само што втората и третата варијанта немаат што да бараат таму, самата шареноликост доволно зборува...
Од овој пример јасно се гледа какви „стандарди“ владеат и колку се компетентни/одговорни тие што се надлежни за оваа работа.
Вакви работи може да има само во тотално несериозни држави Wallbash

Патем, како што се гледа на сликава бр.1 не е лошо нешто да се превземе и околу обраснатоста на дел од сигнализацијата со зеленило.

1


2


3


Edited by Cloverstack - 31-Jul-2008 at 16:45
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7038
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 27-Jul-2008 at 15:00
епа тоа е, обиколница создадена за вртење кругчиња околу скопје по цели денови
патем греота е за Гевгелија, не знаеш дека е поблиску од Атина LOL
а иначе сета таа збрка со буквите ме потсеќа на KINESKA STOKA
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 27-Jul-2008 at 18:45
Уште еден проблем се растојанијата. На знакот кај вијадуктот Кондово пишува дека до Охрид има 165км а до Тетово 35км. Прилично сум сигурен (иако во моментов немам слика да го поткрепам тоа тврдење) дека на почетокот на автопатот Скопје-Тетово има знаци кои покажуваат поголеми растојанија до истите градови.

Дури и да имаат грешка во растојанијата барем нека се држат до истата грешка, вака се создава голем хаос.

BTW онаа крпеницата со Софија на знакот кај саем изгледа очајно Puke. Ако Трифун веќе реши да му удоволи на Бојко Борисов кога беше во посета тука требаше да го направи тоа како што треба и да стави нов знак а не вака.


Edited by pbanks - 27-Jul-2008 at 18:47
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7038
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 27-Jul-2008 at 22:20
mene poveke mi smeta toa sto pogresno gi napisale gradovite, a ne e nesto novo
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 28-Jul-2008 at 07:56
„Преводите“ се приказна за себе...

Зошто кај нас секоја будала што учела англиски од филмови се смета себеси за квалификуван преведувач? Или можеби дипломи се делат на кого се стигне?
Во секој случај, треба да има барем некаква контрола на преводите за вакви работи, за да не ни се случуваат бисери како:

Italian Embasi, Policlinical Bukurest... и многу други такви, во случајов конкретно на информативно/рекламните табли низ Скопје (за нив има многу што да се каже, но за тоа во друга прилика - сега ќе се задржам на „преводите“)

Еве во следниов пример имаме ул. Свети Јуриј Гагарин и ул. Свети Франклин Рузвелт.
За да се означи улица St. се става после името, а вака како што е на нашата табла значи светец (saint). Мала разлика во пишувањето, а голема во значењето. Да го правел ова некој компетентен, ќе ја знаел таа разлика и немало да ни се случи оваа ниту другите глупости на информативните табли.


Има уште една голема недоследност што често се сретнува на вакви „двојазични“ табли. Симулираат некаков си превод, а во голема мерка тоа се сведува на латинична транскрипција на македонскиот поим, дури и на поими кои имаат прецизен превод на англиски, како на пример типови на објекти.

И нормално човек се прашува, зошто неспособните испливауваат на површина, додека сигурно бројни компетентни луѓе седат дома невработени или подработуваат нешто сосема осумнаесто.
Bash Bash Bash





Edited by Cloverstack - 25-Oct-2008 at 03:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 28-Jul-2008 at 08:01
Еве и еден уникатен пример на сообраќајна патоказна табла злоупотребена како рекламно пано.
Nuts Nuts Nuts Nuts Nuts

Браво за Свето и за Coca-Cola Co.   Stern%20Smile


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 28-Jul-2008 at 08:12
Незнам дали да се смеам или да плачам......
 
 
За да се означи улица St. се става после името, а вака значи светец (saint). Мала разлика во пишувањето, а голема во значењето.
 
Rollin 
 
Ова само кај нас и у кина...
 
 
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 28-Jul-2008 at 08:19
Да Кинезите се шампиони! Мада сигурно барем официјалната сообраќајна сигнализација им е средена, што е сепак најбитно.

Ама ко што ние се смееме со Кинезите, така сигуно ни се смеат и нас...  Unhappy
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 14-Aug-2008 at 11:21
Објавата највеќе прилега во оваа нишка иако се дискутира за влезовите во Скопје во поширок контекст Cheers

Нема добредојде во Скопје



Автор:  Радмила Заревска
На ниту еден влез во главниот град нема табла што им посакува на патниците добредојде во Скопје. Луѓето што доаѓаат во градот ги дочекуваат мали табли на кои пишува само Скопје, а патиштата и нивната околина се обрастени со запуштено зеленило, кое не е исчистено со години, насекаде има расфрлано ѓубре и изградени супстандардни објекти. Градските власти велат дека засега не планирале ништо посебно за доуредување на влезовите во Скопје кај Маџари, Визбегово и Ѓорче Петров.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ГАЗИ БАБА, НО НЕ И ВО СКОПЈЕ

Веднаш по клучката на која се спојуваат патиштата што доаѓаат од Велес и од Куманово стои табла со натпис „Скопје“ на кирилица и на латиница, со исти димензии како тие поставени пред Трновац, Сарамзалино, Ботун или Росоман. До знакот има обраснато трева и трње. На само стотина метри од него, пак, е поставена неколку пати поголема табла со натпис „Добредојдовте во општината Гази Баба“ на англиски и на македонски јазик и со грбот на таа општина, а нема ниту еден знак со добредојде во Скопје.

Прво нешто што може да се забележи во главниот град по тој пат се старите црвени згради во населбата Маџари од левата и шарениот бетонски ѕид поставен да ги затскрива руинираните куќички од десната страна. Двете ленти на коловозот ги делат обраснати грмушки и ограда оштетена на повеќе места, а се поминува и под неколку запуштени надвозници. Во овој дел постојано можат да се забележат луѓе што претрчуваат преку автопатот, па дури и пренесуваат добиток, иако се вози со големи брзини, затоа што нема ниту надземни, ниту подземни пешачки премини. Дури кај бензинските пумпи на „Макпетрол“ и на „Лукоил“ почнува долга бетонска жардиниера, која го подобрува изгледот на тој влез.

ИНДУСТРИСКА ЗОНА, ПА НИВИ И ЏУНГЛИ

Кога се влегува по патот од Блаце, пак, првиот впечаток е дека се поминува низ некоја развиена земја, затоа што покрај патот во Визбегово се изградени десетици нови индустриски објекти со импресивен изглед, а многу сè уште се градат. Но патниците се соочуваат со реалноста веднаш откако ќе ја поминат таблата со натпис „Скопје“, сместена меѓу грмушки и покрај ѓубриште полно со мрши, каде што не е пожелно возењето со отворен прозорец.

Веднаш по тој знак од левата страна има ниви, а од десната високи дрвја, грмушки и треви што целосно ги покриваат објектите покрај патот, па тешко може да се види што има таму. Некои фирми што се сместени во тие градби си поставиле и билборди, но и тие се покриени со грмушките и ништо не може да се прочита од нив. Така продолжува патот сè до раскрсницата кај Момин поток, каде што лево се продолжува кон пластичарската улица, а десно кон хотелот „Александар палас“.

ОБИКОЛНИЦАТА ГО РАЗУБАВИ ВЛЕЗОТ КАЈ ЃОРЧЕ

Новоизградената обиколница и клучката по која се пристапува кон Скопје значително го подобрија изгледот на влезот кај населбата Ѓорче Петров. Амбиентот го нарушува лошата слика во реката Вардар под мостот, иако околниот простор главно е чист. Заштитниот звучен ѕид од син плексиглас ги покрива неколкуте куќички од десната страна, а од левата, како и на другите места, стоеја запуштените треви и грмушки.
Меѓу големите рекламни билборди одвај се забележува тријазичната табла, која го обележува влегувањето во градот, со натписи „Скопје“ на кирилица и на латиница и „Шкуп“ на латиница. Буквите на овој знак одвај се забележуваат, затоа што се избледени од плакатите што се лепеле на него.

НЕМА НИКАКВИ ПЛАНОВИ ЗА ВЛЕЗОВИТЕ

Според градските власти, трите влеза во главниот град се во добра состојба и тие не планирале никакви проекти за да ги разубават. Оттаму дури тврдат дека таблата со натпис „Добредојдовте во општината Гази Баба“ е отстранета.
- Освен отворањето на обиколницата, не се планираат никакви други интервенции на влезовите во градот. Жардиниерата што се гради во Автокоманда нема да се продолжи кон Маџари, туку кон Бит-пазар откако ќе се направи клучката кај хотелот „Континентал“. Општината Гази Баба ја помести таблата навнатре, кај улицата Маџари. А Качаничкиот пат, пак, воопшто не е во наша надлежност - велат од градот.
За тоа дека патниците кога доаѓаат откај аеродромот во Петровец се информираат дека влегуваат во општината Гази Баба, а не и во градот Скопје, тие велат дека таа општина има пошироки граници, односно рурален дел покрај автопатот.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=158&ArticleID=5455
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 17-Aug-2008 at 19:32
мислам дека под информативни табли би влегла и уличната номенклатура за која има доста што да се каже, но истата за да добие свој постојан акцент најпрво би требало да и се даде историски континуитет како би се издвоила во една од главните карактеристики на улицата како појава.
ме интересира која е најстарата улица во градов која е официјално нумерирана или именувана а сеуште е во употреба, најверојатно и во турско сме имале нумеролошко маркирање на улиците па ако постои некој сеуште жив сокак и улица кажете би било интересно да се предложи такво нешто за историско сведоштво за современата урбанизација на СК.
претпоставувам дека од српско и бугарско има доста улици но немам чуено за никаква карта или список за тоа кои се улици после земјотресот го задржале првобитниот изглед и нумерологија....
сигурно и во антиката имало некакво маркирање на улиците а кој знае може имале и рекламни паноа каде можело да се разбере кој касап каде тренира LOL дека имало некакво маркирање на објектите и улиците тоа е сигурно дали со боја или симболи така бивајќи препознатливи за секој патник, мислам во среден век доста распространета појава била меѓу месоните да ги жигосуваат објектите со точно избрани или комбинирани симболи за маркирање и распознавање...
Back to Top
BL View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Aug-2008
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote BL Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 18-Aug-2008 at 11:01
Originally posted by pbanks

Уште еден проблем се растојанијата. На знакот кај вијадуктот Кондово пишува дека до Охрид има 165км а до Тетово 35км. Прилично сум сигурен (иако во моментов немам слика да го поткрепам тоа тврдење) дека на почетокот на автопатот Скопје-Тетово има знаци кои покажуваат поголеми растојанија до истите градови.

Дури и да имаат грешка во растојанијата барем нека се држат до истата грешка, вака се создава голем хаос.

BTW онаа крпеницата со Софија на знакот кај саем изгледа очајно Puke. Ако Трифун веќе реши да му удоволи на Бојко Борисов кога беше во посета тука требаше да го направи тоа како што треба и да стави нов знак а не вака.

I meni se cini da je tako. Da na izlazu iz SK na pocetku stare dionice pise Tetovo 38km.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 19-Aug-2008 at 16:44
Билбордите очигледно имаат предност пред сообраќајната сигнализација Bash

И не само што билбордов (далеку од тоа дека е единствен ваков случај) е поставен на недозволиво место, туку приметив дека таблата на сообраќајниот знак е скоро заменета пошто беше ганц нова (што во нормални услови би било охрабрувачки, ама вака изгледа дека работат само ради форма, кога во случајов постои многу поголем проблем отколку староста на таблата). Па се прашувам зошто воопшто се „труделе“...  Нека почнат да интервенираат по некој логичен след на нештата... Куќа од кров надоле не се гради.

Мислам мора да се преиспитаат еден добар дел од билбордите низ градов. Не може да се дозволи да никнуваат на секој чекор, се во име на профитот, а занемарувајќи ги сите други фактори.


1


2



Edited by Cloverstack - 19-Aug-2008 at 16:47
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 20-Aug-2008 at 14:21
Cheers

ОД СЕПТЕМВРИ
900 нови штедливи семафори на крстосниците
Најпрво ќе бидат заменети семафорите во централното градско подрачје, а потоа ќе се работи на главните улици во сите скопски општини

Од септември, на 900 раскрсници во Скопје ќе бидат поставени нови лантерни, односно т.н. штедливи семафори. При крај е тендерот за избор на фирмата од која ќе се набават семафорите, се чека уште да помине жалбената постапка и од почетокот на наредниот месец екипи од ЈП"Улици и патишта" ќе стартуваат со менување на старите семафори со нови. Од "Улици и патишта" велат дека станува збор за најсовремени семафори, кои многу помалку трошат струја за разлика од семафорите кои сега ги има низ Скопје. Најпрво ќе бидат заменети семафорите во централното градско подрачје, а потоа ќе се работи на главните улици во сите скопски општини.
"Со поставувањето на новите лантерни семафори конечно ќе почнеме со унифицирање на сите раскрсници во Скопје. Низ градот има околу 1 500 раскрсници. Сега ќе бидат поставени нови семафори на повеќе од половината, и ќе останат уште периферните делови на градот", вели директорот на ЈП"Улици и патишта" Илија Мартиновски.
Од "Улици и патишта" велат дека размислуваат старите семафори да ги донираат на помалите градови. Откако ќе заврши замената на семафорите, од "Улици и патишта" планираат да почнат со поставување контролори за воведување зелен бран низ цел град.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Aug-2008 at 15:31
Ајде честито нови семафори!
Гледам старите ќе ги подарувате на помалите градови,па дај пратете некој во Прилеп,оти нашите се под секоја норма.

Деновиве чекам да ми стигне дигиталниот апарат па ќе добиете представа за што ви зборувам
Back to Top
BL View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Aug-2008
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote BL Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 21-Aug-2008 at 09:15
Novi semafori sa odbrojavanjem vremena su mi super i jako prakticni.
Inace situacija na ovom polju se dosta poboljsala u poredjenju do prije dvije godine. Prije dvije godine situacija je bila ocajna, ali ovog ljeta vidi se napredak.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 21-Aug-2008 at 10:50


Беше овде ова лето?
Back to Top
BL View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Aug-2008
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote BL Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 21-Aug-2008 at 12:27
Da
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 16-Sep-2008 at 00:58
ОПШТИНА БУТЕЛ
Нова сигнализацијаво Радишани Општина Бутел, по неодамнешните активности за доизградба и санација на патната инфраструктура во населбата Радишани, почна со поставување сообраќајна сигнализација. Проектот што го изработи Општината, предвидува вертикална и хоризонтална сигнализација во урбаниот дел од населба, првпат по нејзината изградба во 80-тите години на минатиот век. Досега, како што известуваат од Бутел, е завршена првата фаза, при што се поставени 200 сообраќајни знаци, а во тек се подготовките за реализација и на хоризонталната сигнализација. Изведувач на проектот е фирмата „Виа Сигнал“, а средствата за негова реализација се обезбедени од буџетот на Општината

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1501&ArticleID=98554
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 20-Sep-2008 at 14:34
ЗАГЛАВЕН ТЕНДЕРОТ ЗА СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ И ПАТОКАЗИ ВО "МАКЕДОНИЈА ПАТ"
Цела Македонија - ќор-сокак
И домашните и странските возачи се губат по македонските патишта оти од знаците се останати само металните држачи или парчиња од таблите. Од јавното претпријатие велат дека пари за нова сигнализација има, но

На сите патишта низ Македонија им фалат патокази и други сообраќајни знаци, а ЈП "Македонија пат" не поставува нови, оти цели 9 месеци не може да избере фирма на тендер од која ќе купи лим и специјална фолија. Додека претпријатието распишува неуспешни тендери, и странските и домашните возачи се губат по патиштата низ државава. Не знаат кој правец да го фатат, оти постојат клучки на кои воопшто нема означување. Неозначена е и новата клучка на заобиколницата на влезот во Скопје од кај Тетово. Во градот се влегува по патот што води десно, но бидејќи нема никаков знак, возачите многу често продолжуваат право.
На некои места од знаците се останати само металните држачи, а некаде стојат само парчиња од табли на кои има по две-три букви или делумна километража. На пример, на издвојувањето за Штип на автопатот Скопје- Велес нема никаков знак. Не е означено јасно кој правец да се фати за Велес на автопатот Градско - Велес. Во многу лоша состојба е и сигнализацијата на патниот правец од Ресен до Скопје и обратно. На некои места на оваа делница од патоказите за Скопје е останато само "је", а некаде и воопшто го нема знакот. Нецелосно означување има и на патните правци низ источна Македонија, како и на автопатиштата за кои возачите плаќаат патарина.
Од Фондот за магистрални и регионални патишта, кој е надлежен за финансирање на одржувањето на патиштата, велат дека во годишната програма се издвоени вкупно 60 милиони денари со кои ЈП"Македонија пат" треба да набави материјали за нова вертикална и хоризонтална сигнализација. Од нив 30 милиони се за боја за лентите, а 30 милиони денари за сообраќајни знаци и друга вертикална сигнализација.
"Не знаеме од кои причини, но парите се уште не се потрошени. Со дел е купена боја, но 30-те милиони денари за знаците се уште стојат неискористени. Иако ние ги даваме парите, јавното претпријатие е тоа кое ги прави набавките и не можеме да му се мешаме во работењето", вели Благоја Тевдовски од Фондот за магистрални и регионални патишта.
Од ЈП "Македонија пат" велат дека парите стојат неискористени оти не можат да изберат фирма од која ќе ги купат потребните материјали. Тендерите толку многу се развлекле што раководството на јавното претпријатие побарало дури стручна помош од Бирото за јавни набавки што да прави понатаму за да не се прекрши Законот.
"Распишуваме веќе неколку тендери кои завршуваат безуспешно. На еден од тендерите не се јави ниту еден понудувач, на друг се јавија неколку фирми, но пред да потпишеме договор најдоброрангираната се откажа оти слушнала дека претпријатието ќе се трансформира. Се откажаа и сите други пријавени, па моравме да одиме на нов тендер", тврди Блаже Димовски, главен инженер за редовно и земско одржување.
Според него, претпријатието не може да изработува нови знаци оти нема материјали. Сега фалат алуминиумски лим и фолија без кои не може да се направи ниеден сообраќаен знак.
Димовски тврди дека сериозен проблем се и зачестените кражби на сообраќајна сигнализација. Преку ноќ, вели тој, ги снемува патоказите, па и огромните табли, а за да се постават нови, кражбата треба да се пријави во полиција и да се добие одобрување од Фондот за магистрални и регионални патишта.
"Оваа процедура трае најмалку од една недела до неколку месеци и сето тоа време патот останува без никаков знак", објаснува Димовски.
Ирена Смиљанска
Фото: Б. Грданоски

***

Знаците се крадат за рачки за мебел

Табли со патна сигнализација кои се големи и по дваесетина метри се крадат за да се претопат во алуминиумски елементи. Од нив се прават рачки за мебел, алуминиумски шипки и се друго што може да се произведе од овој метал.
Се крадат и мрежите што штитат од одрони. Од "Македонија пат" велат дека мрежите се крадат за правење кокошарници, ама некои ги земаат и за да си ги оградат викендичките.

***

За целосно обновување на знаците потребни 10 милиони евра

ЈП "Македонија пат" има подготвено проект со кој од Владата бара 10 милиони евра за целосно обновување на патната сигнализација на сите сообраќајници низ државата. Во проектот е наведено дека сите нови знаци што ќе се постават ќе бидат направени според европски стандарди што значи дека ќе бидат попрегледни и ќе имаат подолг век на траење.



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157211&idg=8&idb=2479&rubrika=Revija
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.