build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Сообраќајна сигнализација и информативни табли
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајна сигнализација и информативни табли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 343536
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 12-Nov-2020 at 23:25
Браво, со катран, како на многу места што се лиже и после дупла сигнализација. За некој ден же биде Ш88ЛО !
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2490
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 16-Nov-2020 at 00:30
Јадна ни е сигнализацијава. На излез од Валандово знакот за Скопје те води по стариот пат низ клисурата. Збунувачки се знаците и на клучката Миладиновци.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 20-Nov-2020 at 18:38






https://www.facebook.com/Skopje.Skopska
Back to Top
Mjavko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Nov-2020
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote Mjavko Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 20-Nov-2020 at 21:55
Навистина не можам да го сватам ова. Живеам горе и 40 години автобуската е на старото место и одеднаш го менуваат стојалиштето без никаква причина
Скинете си ги дипломите урбанисти неучени...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 20-Nov-2020 at 22:05
Можеби пак ќе го вратат на старо место,во последно време работат по принцип згреши чекај да те исмеваат по фб и твитер па корегирај.
Ова бележењето е под Улици и патишта ако не грешам но како и да е воопшто не е нормално некому пред двор да му ставиш автобуско стојалиште...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 21-Nov-2020 at 16:18
Очигледна грешка на службите на Град Скопје при изработка на сообраќајниот проект за улицата. Некако по инерција, се’ уште најнапред се грижат за автомобилскиот сообраќај.
Веќе дадов налог да се изработи нов проект и автобуската станица да се врати на старото место.
Благодарност до Daniela Tilic за укажаната аномалија и истовремено извинување од моја страна во име на Град Скопје.



https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #707 Posted: 08-Jan-2021 at 16:14
ПЕШАЦИТЕ СЕ УДИРААТ В ГЛАВА ОД НОВИТЕ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ВО ВЕЛЕС, ОТИ СЕ ПОСТАВЕНИ МНОГУ НИСКО



Во текот на декември, во Велес се поставени бројни нови сообраќајни знаци и променети се постојните. Вработените кои ги поставија велат дека се повеќе стотини на различни локации од градот. Пешаците реагираат дека некои сообраќајни знаци се поставени премногу ниско, надвор од стандардите и се случува да се повредат кога минуваат покрај нив, се удираат во глава.

Други пак документираат дека два исти сообраќајни знаци се поставени на неколку метри оддалеченост иако имаат исто значење.

Tендерот за новите знаци го доби формата „Виадукт трејд Гостивар“. Од локалната власт не можат да ја кажат точната бројка новопоставени знаци, а поради тоа ниту колку пари се платени за оваа услуга.

„Вертикалната сигнализација по сообраќајниците низ градот подлежи на промена, поради оштетувањата и поради нејзината дотраеност. Причина е и промената на режимот на сообраќајот. Поставањето е според постоечките стандарди и нормативи за регулирање на сообраќајот“, велат од локалната власт.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/peshatsite-se-udiraat-v-glava-od-novite-soobrakajni-znatsi-vo-veles-oti-se-postaveni-mnogu-nisko/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #708 Posted: 13-Jan-2021 at 17:47
СЕ РЕШАВА ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ НА ЖИТЕЛИТЕ ВО БУТЕЛ И ЧАИР, СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ ПЕШАЧКИ СЕМАФОРИ НА БУЛЕВАРОТ ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ
Со цел решавање на долгогодишниот проблем на жителите, деновиве се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, наспроти паркот во Чаир. Овие семафори се поставуваат на барање на граѓаните и Општина Бутел, бидејќи на оваа локација во минатото се случија поголем број сообраќајни незгоди.
Тука за првпат се поставуваат пешачки семафори и со нив ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.
Поставувањето на семафорите, доколку дозволат временските услови, треба целосно да заврши во текот на наредната недела, а нивното пуштање ќе се реализира по целосното завршување на административните постапки со ЕВН и поставувањето на сите потребни електрични инсталации и броила.
Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ во континуитет работат на одржување на постојната и поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот за сите учесници. Изминатиов период, на барање на граѓаните, семафори беа поставени на крстосницата кај „Реплек“ во населбата Козле, на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, на булевар Србија (кај полициската станица), а посебни тастери со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин се поставени на семафори на повеќе локации во градот.





https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #709 Posted: 08-Feb-2021 at 18:06
За да се избегнат оштетувања, но и да не страдаат главите на граѓаните: Сообраќајните знаци во Тетово се поставуваат на столбови од 4 метри



Секторот за комунални дејности при Општина Тетово во овој период постави сообраќајни знаци на повисоки столбови на неколку места во градот со цел да не бидат предмет на намерни оштетувања од несовесни граѓани.

– Такви столбови се користени и порано во Тетово. Станува збор за метални столбови за сообраќајни знаци што се високи вкупно четири метри од кои пола метар мора да биде во земја. Постарите модели се 180 сантиметри, па ако на столбот има два сообраќајни знака, честопати се предмет на оштетувања, но и проблем на граѓаните да минат крај нив на тротоар, информираат од Секторот за комунални дејности при Општина Тетово.

Според претставници на секторот, до 30-тина сообраќајни знаци со столбови годишно се евидентираат како оштетени. За менување на оштетените столбови, сообраќајни знаци и семафори во 2020 година е потпишан договор за јавна набавка со фирма од Гостивар во вредност од над еден милион денари, објавен на електронскиот систем за јавни набавки.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #710 Posted: 10-Feb-2021 at 14:56
Се менуваат информативните табли на патиштата поради законот за употреба на јазиците



Тетовската секција при Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) денес започна со поставување нови информативни табли на автопатот А2 Скопје-Тетово на кои сега покрај на македонски јазик има информации и на албански јазик.
Според информациите од тетовската секција на јавното претријатие промената доаѓа по донесувањето на законот за употреба на јазици при што покрај службниот македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на таблите треба да се користи и друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик)
-На автопатот на влез во Тетово поставена е нова поголема и по различен облик информативна портал табла. На таблата сега информациите се истакнати на македонски јазик, албански јазик и на латинично писмо, информираат од јавното претријатие-секција Тетово.

Таблите ќе се менуваат во текот на наредните месеци. Покрај на автопатот нови табли ќе има и на останатите регионални и магистрални патишта.

https://mk.tv21.tv/se-menuvaat-informativnite-tabli-na-patishtata-poradi-zakonot-za-upotreba-na-jazitsite/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #711 Posted: 10-Feb-2021 at 18:49
Ај па може еднојазичните табли ќе добијат македонски топоними.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #712 Posted: 16-Feb-2021 at 17:17
Дали некој некогаш некаде видел во Македонија оваков знак за пешачки премин, висечки преку булевар, да е употреблив и да свети навечер? Јас не знам дали се воопшто денес стандард или некоја оставштина од време екс-Ју, се поретко ги има. А никогаш не сум видел да свети навечер некој некаде воопшто. Конкретно овој е на оној еден тотално безвезен и крајно опасен пешачки премин кај бензинската Макпетрол на излез од Скопје кајшто непосредно почнува автопат, а сеуште улицата е дел од градски булевар и луѓето имаат чувстсво дека веќе излегле на автопат, и ооп пешачки непрегледен и слабо осветлен. Иако на streetview е вака искршен, ова е постара слика, денес е оправен и тоа ме збунува дополнително зашто се помалку ги има, а еве овој го поправале.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13428
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #713 Posted: 16-Feb-2021 at 17:34


Има вакви на повеќе места, во Чаир посебно на главните улици, на пример, пред основното училиште Петар Здравковски Пенко, поставен е по реконструкција на улицата, на пешачкиот токму пред училиштето.

Исто мислам дека сум видел во нас. Железара, ама не сум сто посто сигурен. Како и да е, последниве години почнаа да ги поставуваат, посебно на пешачки премини пред или покрај училишта.

Еве, овој кај зградата на Влада го знам со години, ако не и децении:

https://www.google.com/maps/@41.9992021,21.4295991,3a,75y,271.71h,93.37t/data=!3m6!1e1!3m4!1srJ7bpaaaSAh96E6OvW933A!2e0!7i13312!8i6656

Edited by Џоле - 16-Feb-2021 at 17:39
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #714 Posted: 16-Feb-2021 at 18:37
На Партизанска пред Сити Мол нов ставија пред некое време, низ Карпош на повеќе места ги обновија, така да ги има.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 734
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #715 Posted: 17-Feb-2021 at 12:14
Треба да има насекаде вакви, или барем пешачките да бидат добро осветлени. На 90% локации има минимална видливост.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 372
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #716 Posted: 17-Feb-2021 at 15:34
Приметив дека нема пракса да се користи ваков тип на хоризонтална сигнализација по патиштата. Не се воопшто во правилникот или се работи за мрза?


Edited by Macedonicus - 17-Feb-2021 at 15:35
ಠ_ಠ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #717 Posted: 17-Feb-2021 at 17:05

Бидејќи ќе има паркирани возила на секој чекор? Нешто приближно на ова се пешачки острови низ градовите кои се обележани само со боја, и биди сигурен дека на секој од нив има паркирани возила наместо пешаци кои чекаат да преминат улица.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 343536

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.