build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајна сигнализација и информативни табли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 26-Nov-2008 at 04:36

Ќе се монтираат 750 штедливи лантерни

„Улици и патишта“ во следните 25 дена ќе ги монтираат преостанатите 750 лантерни за семафори што ги набави Градот Скопје. Досега се монтирани нови штедливи лантерни на раскрсниците кај Судската палата и во Автокоманда, а во тек се монтажите на пофреквентните раскрсници во „Малиот ринг“.

Во текот на следните денови две екипи на „Улици и патишта“ ќе работат и на раскрсниците на поголемите магистрали во градот, како булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“, „Србија“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Александар Македонски“. Нови лантерни ќе добијат и семафорите кај Момин Поток и на влезот во Скопје кај Ѓорче Петров. (С.Н.)

 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 06-Dec-2008 at 20:04
Се менуват семафорите на раскрсницата Чуповски / Д.Груев

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 07-Dec-2008 at 00:36
ne mi e jasno sto ustvari e frkava so semaforive,sto menjaat t.e sto e lanter.QuestionSmile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 07-Dec-2008 at 00:51
Originally posted by Б.Ѓ.Т

ne mi e jasno sto ustvari e frkava so semaforive,sto menjaat t.e sto e lanter.QuestionSmile
Лантерна доаѓа од англискиот збор Lantern, што значи лантерна!!!

Се шалам, Лантерна е друг збор за ламба, исто значат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 07-Dec-2008 at 00:55
значи не се менуваат семафорите туку лантерните?
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 07-Dec-2008 at 01:10
pa neka pisat prosto lamba i gotovo,ne za vakvi kako mene da dumaat sto e...Big%20smileSmileLOL
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 10-Dec-2008 at 11:48
Сообраќајот во хаос поради обновата на семафорите



Скопје
Уште 20 дена нема да работат семафорите на крстосниците каде што има стари уреди затоа што јавното претпријатие „Улици и патишта“ има проблеми при менувањето на старите лантерни, односно светилки со нови штедливи. Деновиве се поминува на „слепо“ кај Градската болница, до „Рекорд“, на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт и други.

Поставувањето ЛЕД лантерни, кои даваат посилна светлина, а трошат помалку електрична енергија, беше најавено пред еден месец и со него треба да се опфатат околу 1.000 светилки. Сепак, од претпријатието велат дека немаат доволно возила за навреме да ги извршат сите работи, па затоа тие се одолжувале.

- Дел автомобили ни се оштетени, односно дотраени. Еден од нашите вработени имаше и сообраќајна незгода со службено возило и се повреди. Останавме само со три возила. Затоа с? се одвива побавно. Свесни сме дека со тоа создаваме многу проблеми, но се надеваме дека граѓаните ќе ни излезат во пресрет затоа што замената на лантерните е во интерес на сите. Се надевам дека кога ќе се прави нова јавна набавка во градот ќе добиеме ново возило што ќе биде наменето само за сервисирање на семафорите, за да можеме поефикасно да ја вршиме нашата работа. Ни останува да замениме уште 900 светилки и би требало целата работа да ја завршиме за неполн месец - објасни Иван Ставрев, заменик-директор на претпријатието.

На улиците, пак, се случуваат ситни сообраќајни несреќи во кои страдаат крилата и браниците на автомобилите, а од сите страни се слушаат пцости, викотници и сирени.

- Ова не е нормална работа. Не смее да се дозволи да не работи семафор, а ако има дефект, треба да дојде полицаец да го регулира сообраќајот. Вака сите тргнуваат едни кон други, никој не пушта никого и стоиме заглавени долго време. Дури 45 минути сум патувал Градската болница до гимназијата „Јосип Броз Тито“. Бев толку нервозен што испушив десет цигари во автомобилот - вели скопјанецот Огнен Јанковски.

Градот неодамна набави 1.000 ЛЕД светилки од австриската фирма „Сварко“. Нивната главна карактеристика е што трошат значително помалку електрична енергија од старите. Според процените на градот, потрошувачката ќе се намали за дури десет пати, а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот. Инвестицијата чини 250 илјади евра, а градските власти очекуваат дека за три до четири години ќе си ги вратат тие пари од заштедите за струјата.

ЛЕД е лесна емитувачка диода која дава светлина во одредена боја, а семафорите се изработуваат од повеќе вакви диоди кои се ставаат една до друга. ЛЕД лантерните на „Сварко“ веќе биле вградени во повеќе градови во Австрија, Германија, како и во Будимпешта и во Белград. Од градот кажаа дека штом се заврши со вградувањето на овие 1000 ќе се започне набавка и за нови 300 лантерни, со тоа што сите семафори во Скопје ќе добијат модерни штедливи светилки.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=260&ArticleID=13342

Сепак ја како аргумент плус би ја навел и видливоста на овие семафори. Инаку, ЛЕД диоди не прегоруваат, совен ако не се подложени на пробивен напон кој нема начин да биде доведен во семафорот.


Edited by lslcrew - 10-Dec-2008 at 11:49
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 10-Dec-2008 at 15:19
абе слушнале овие за сообраќаец?
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 10-Dec-2008 at 16:16
ima i sobrakajci ama tie povise ja pravat guzvata,ama vo vakvi momenti koga ne rabotat semaforite mora da ima,inace koga rabotat semaforite i koga on ke se tupne prai guzva nevidena.ama denes bese nesto nevidena guzva,ne se izdrzuvase,maka nevidenaBig%20smileBig%20smileBig%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 10-Dec-2008 at 16:20
И порано сум ја слушал оваа теорија дека кога сообраќаец го регулира сообраќајот на некоја крстосница само правел повеќе гужва. Тоа нормално нема врска. Ти можеби се шегуваше, но за жал има премногу луѓе кои се навистина убедени дека е така.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 10-Dec-2008 at 16:36
Гледам новинаров дури се потрудил и да пребара по интернет малце нешто за LED (light-emitting diode), на што направил исклучително креативен превод:

Originally posted by Нова Македонија

ЛЕД е лесна емитувачка диода



Suicide
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 10-Dec-2008 at 17:01
Originally posted by lslcrew

Инаку, ЛЕД диоди не прегоруваат, совен ако не се подложени на пробивен напон кој нема начин да биде доведен во семафорот.


За жал морам да те демантирам, кај нас дури ни ситуацијата на ова поле не е розова. Не знам што е причината на пример во овој случај кај транспортен центар (а не е единствен) и дали напонот сепак некако успеал да дојде до диодите или е нешто друго, но ова е неприфатливо. Овде наскоро ќе има повеќе прегорени диоди него такви кои работат. А што е уште потрагично семафориве се релативно нови.

Мислам дека некој некаде на форумов прокоментира баш за неквалитетот што го испорачала фирмата задолжена за ова, ама не можев да најдам каде...


Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 10-Dec-2008 at 17:23
ne stvarno mislam taka,barem do takov zaklucok imam dojdeno,porucek koga luge si idat od rabota nedaj boze da stoi soobrakaec i on da regulira soobrakaj sve zakrcuva,za mene e toa taka moja zabeleska.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 10-Dec-2008 at 17:47
Сообраќајците воопшто не прават повеќе гужва. Единствено сум приметил дека користат поголеми интервали за разлика од оние на семафорите, па ако семафор го чекаш по минута, сообраќаец ќе го чекаш 5 мин, ама затоа па уште од далеку ако пропушта твоја колона, знаеш дека ќе пројдеш. А овие што преголреле вероватно се должи на временските услови. Гарантирам, дека диода не може да се амортизира и да прегори од долга употреба. Ова е поради неоддржавање.

А што се однесува до новинариве стварно треба некој да им одбива од плата за вакви работи. Што да кажам.....Full Flavour Emiting Diode.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 10-Dec-2008 at 23:10
Сигурно не е проблемот во ледот, туку во склопот кој домашната фирма го прави.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 11-Jan-2009 at 23:54
Тешко нам ако ова е футуристичко . Во секој случај убаво

Футуристички соларни семафори единствено во Карпош


Огледала, соларни семафори и знаци на раскрсницата кај Машински во иднина ќе ги штитат учесниците во сообраќајот меѓу улиците "Орце Николов" и Никола Тесла во населбата Карпош 1


Семафори но и светлосни сообраќајни знаци, напојувани од соларни колектори, во блиска иднина ќе ги штитат учесниците во сообраќајот на раскрсницата на улиците "Орце Николов и Никола Тесла", покрај дворот на Машинскиот факултет во населбата Карпош 1.

Жителите на оваа скопска населба, буквално водат битка со локалните власти за поставување на светлосни уреди на според нив, најкобната раскрсница во градот.
- Само во текот на изминатата година својот живот го загубија три лица во сообраќајка на оваа раскрсница. Детето со страв го испраќам до училиште, но со поголема неизвесност го чекам да ми се врати живо и здраво. Недостигот од сообраќајна култура, но и непознавањето на сообраќајните знаци е причината која на оваа клучка во просек месечно се случуваат 5-6 тешки сообраќајни несреќи, ни рече жител од локалните станбени згради.

Саша Димиќ, в.д градоначалникот на Општина Карпош, тврди дека е запознает со проблемот, но вели дека постојат технички проблеми со надлежните од сообраќајната полиција за поставување на семафори на раскрсницата за кои општината веќе има поставено соларни колектори за напојување.
- Ова е веќе трет пат каде по претходно барање на станарите од улиците Никола Тесла и Орце Николов да доставиме барање до СВР Скопје за поставување на светлосна сигнализација. Од полицијата велат дека општината не ги доставува сите параметри за френквентноста на спорните улици. Деновиве повторно поднесовме барање, кое се надевам нема да биде одбиено, рече Димиќ, и додаде дека општината ќе постави огледала на лошите свиоци, кои особено ги има во Карпош 1 и 2.

Од СВР Скопје велат дека проблемот е детерминиран во несразмерниот урбанистички развој и изградба на несоодветна сообраќајна мрежа пред дворот на Машинскиот факултет.
- Надлежните од Општина Карпош во барањето потребно е да достават показатели за интензитетот и густината на сообраќајот на раскрсницата за која е поднесено барање за семафори. Откако сообраќајната полиција ќе го измери интензитетот, бројот и движењето на возилата, барањето ќе биде одобрено, информираат од СВР Скопје, секторот за сообраќај.

Скопје во својата стратегија за подобрување на сообраќајот, ја предвиде и сигнализацијата, одбројувачите, новите лантерни и сообраќајни знаци, жолти ленти за автобуси и слично. Сообраќајните решенија, покрај законската обврска за измена на ГУП-от, беа една од основните идеи-водилки за изработка и реализација на новиот Генерален урбанистички план, велат сообраќајните експерти.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E195F2AA8205AC4D8F08EA6A12D820D8
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 12-Jan-2009 at 00:10
Previous
Кај ја ископава оваја слика со панелите ко илустрација за напојување на семафори Wallbash
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 12-Jan-2009 at 00:11
Originally posted by Vladimir P

Previous
Кај ја ископава оваја слика со панелите ко илустрација за напојување на семафори Wallbash


Прашај го авторот на текстот Јас само пренесувам
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 12-Jan-2009 at 00:14
Вие изгледа не сте прошле а Орце Николов. Оваа слика е токму од тие семафори тамо што треба да бидат. Значи не се напојуваат семафориве со панел како оние што беа на автопатите, него напојува на страна од овој големиот панел. Не е грешка сликата, од општина карпош се грешка у паметот!

edit: Со линеа еднаш на факултет го зборевме, ама не сме го сликале уште!


Edited by lslcrew - 12-Jan-2009 at 00:18
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 12-Jan-2009 at 00:19
Колку знам има панел соларен поред бараките во дворот на Машински или поставиле на некое друго место близу улица ???
Ако е така тогаш брзо крајот ќе му се види
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.