build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клучка Континентал

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Клучка Континентал
    Posted: 20-Sep-2007 at 02:09
ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА КЛУЧКАТА КАЈ КОНТИНЕНТАЛ
Градежните работи, од првата фаза на изградбата, на натпатникот од клучката кај Континентал, се во полн замав и се одвиваат на сите фронтови предвидени со проектот. 
 
Урнат е поголемиот дел од насипот на булеварот Александар Македонски и се поставуваат контурите на новиот насип за натпатникот, а пробиен е и поголемиот дел од новата сообраќајница. Деновиве се очекува да заврши ископот на земјиштето и да започне изградбата на темелите на натпатникот.
 
Со пробивањето на новата сообраќајница, на која ќе се одвива сообраќајот во насока кон Автокоманда, истовремено се копа и канал за поставување нова атмосферска канализација, со профил од 300 мм, во должина од 700 метри. Градот му издаде налог на ЈП “Водовод и канализација“, додека се одвиваат работите на изградбата на атмосферската канализација, да изврши целосно чистење на постојната атмосферска мрежа на булеварот. Со тоа, по завршувањето на изградбата на клучката, новопоставената атмосферска мрежа и постојната мрежа ќе претставуваат функционален систем кој ефикасно ќе се справува со атмосферските води.
 
Истовремено се работи и на поставувањето на темелите за изградба на сообраќајницата, која ќе го поврзува булеварот со натпатникот, како и поместувањето на улицата Петре Горгиев, која води кон бараките на општина Гази Баба. При поместувањето на улицата градежниците се соочуваат со неповолната структура на материјалот кој треба да се отстрани за да се помести оваа улица.
 
Покрај улицата, досега се поместени каблите за ПТТ, а во текот на изведбата на проектот ќе се дислоцираат и 35 киловолтниот кабел за електро-снабдување, цевка за водоснабдување со профил од 300 мм, инсталациите од уличното осветлување и постојната фекалата мрежа која се наоѓа на градилиштето.
 
Град Скопје досега изгради две нови шахти, а до крајот ќе бидат изградени сите останати, со што ќе се овозможи полесен пристап до инфраструктурата на која ќе треба да се интервенира. Значи, со изградбата на клучката ќе се уреди и подземната инфраструктура на овој простор.
 
Побарано е од ЈП “Паркови и зеленило“ да изработи проект за хортикултурно уредување на просторот, по завршувањето на изградбата на клучката.
 
Град Скопје е инвеститор на проектот за изградба на клучката, а работите ги изведува ГП“Пелагонија“, додека атмосферската канализација ја поставува Козјак-Куманово.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Oct-2007 at 23:48
Originally posted by Утрински Весник


Привршува изградбата на основата на натпаникот на клучката „Континентал“


За десетина дена ќе започне изградбата на новата канализациска мрежа На клучката „Континентал“ привршуваат бетонските работи на основата на натпатникот, а за десетина дена се очекува да започне и изградбата на новата фекална и атмосферска канализација. Градските власти информираат дека досегашните работи на терен се изведуваат според утврдениот план и динамика. „Доколку се продолжи со истото темпо, очекуваме до крајот на годинава за сообраќај да биде оспособена лентата од Автокоманда кон Бит-пазар. Сето тоа првенствено ќе зависи од временските прилики и изведувачот, бидејќи Градот својата обврска, што се однесува до финансиите, ја има намирено“, велат од градското Одделение за односи со јавноста. Оттаму информираат дека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ подготвуваат проект за хортикултурно уредување на просторот. Градските власти велат дека на терен одамна се веќе надминати проблемите кои настануваа поради изменетиот начин на сообраќај, а кој беше неопходен заради градежните активности. Според проектот, клучката ќе биде комбинација од денивелиран патен јазол, познат како систем „труба“ и ротонда на местото на вкрстувањето на улицата „Беласица“ со булеварот „Александар Македонски“. Процената на стручните лица е дека клучката е единственото решение за намалување на сообраќајниот метеж во тој дел на градот. Целиот проект чини 2,3 милиони евра, средства предвидени од годинешниот буџет. (Дс.Т.)


Извор: Утрински Весник

Edited by pbanks - 22-Oct-2007 at 01:28
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Oct-2007 at 01:05
Процената на стручните лица е дека клучката е единственото решение за намалување на сообраќајниот метеж во тој дел на градот.


Е да, клучка... Ама каква клучка... Wallbash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Nov-2007 at 01:56
Си викам да ги присобереме материјалите што ги имаме на едно место. Првите 6 слички се од презентацијата на град Скопје при почетокот на изградбата. Седмата е моја скица врз основа на тие слики.

Се на се ова е катастрофално лоша клучка. Клучка на таа локација е потребна, тоа не е спорно. Ама оваа бедна импровизација која ја замислија е многу лошо решение. Накратко, тоа е клучка со бројни недостатоци, која веднаш ќе предизвика доста проблеми, а од друга страна ќе ја попречува реализацијата на ГУП-от во врска со бул. Крушевска Република. Значи кога ќе дојде време за изградба на Крушевска (не може да трпи уште долго одлагање), оваа клучка ќе треба да се руши. Речиси три милиони евра фрлени во ветар, плус трошоци за рушење и плус повторното враќање во првобитна ситуација како што беше направен насипот, веќе испланиран за спојување на Крушевска.

Тоа што со таква леснотија го игнорираат ГУП-от е приказна сама за себе... Ohno
















Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Nov-2007 at 02:02
Еве едно мое решение, кое се справува со сите проблеми на тоа место. Не дека јас сум генијалец, туку овие во градот којзнае што математика имаат... Ама каква и да е, не ја бива...

Ова решение би било поскапо (не многу), и би барало малку повеќе површина (претпоставувам ги мрзи да се замараат со експропријација или нешто слично). Ама со вака изведена клучка, би добиле добро и трајно решение, кое пред се нема да ја блокира многу поважната Крушевска. Ги елиминира проблемите што произлегуваат од импровизацијата што се гради, а не ствара нови проблеми.

(За оние што не се запознаени, на вторава скица го имам зацртано и Бул. Крушевска Република, исто како што е во ГУП-от. Тоа е оној коридор одбележан со зелено, што доаѓа од долу и се спојува со постоечкиот Бул. Александар Македонски. Десно, одбележана со жолто е клучката Континентал каква што јас предлагам.)

Можеби еден убав ден таму ситуацијата навистина ќе изгледа вака:
(во меѓувреме ќе ги трплиме последиците од „креативноста“ на градските власти)



Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 02:08
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Nov-2007 at 22:14
vo sekoj slucaj ova treba da se dokumentira so sliki... momentalno e vo interesna faza na izgradba. Valjda vikendov kje stignam da straknam nesto.

KOga sum kaj slikanje ako nekoj proagja tamu bi bilo pozelno da napravime novi fotki od sportskata sala. Ogradata e trgnata a i izramnet e prostorot okolu salata koj se sprema za pravenje parking.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Nov-2007 at 14:19
Неколку фотки

1


2


3

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 14-Nov-2007 at 14:33
http://vest.com.mk/default.asp?id=143451&idg=7&idb=2221&rubrika=Skopje

АЛАРОВА ГО УЦЕНУВА КОСТОВСКИ ЗА СООБРАЌАЈНИЦАТА КАЈ "КОНТИНЕНТАЛ"
Ако сакаш клучка, дај стокатници
Градоначалникот Трифун Костовски вели дека за да добие согласност од Центар за изградба на клучката кај "Континентал", Аларова му барала да го смени ГУП и да ги предвиди стокатниците со кои тој не се согласува

Клучката кај хотелот "Континентал" градските власти ја градат на диво, бидејќи не добиле одобрение за градба од Општина Центар. Изградбата на оваа сообраќајница почна во септември, а од Градот велат дека биле принудени да почнат со работа без согласност од Центар. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вели дека за да добие согласност од Центар, градоначалничката Виолета Аларова му барала противуслуга, односно барала градоначалникот да дозволи спроти хотелот "Холидеј ин"да се градат стокатници и заради нив да направи измена на Генералниот урбанистички план.
"Работата на клучката ја почнавме без согласност од Општина Центар. Тоа е така затоа што е поврзано, да не речам, со една дебела бирократија, која наместо да помага во решавањето на овие работи, максимално ги отежнува. Тоа е системот. Знаеш, јас ќе ти дадам, ама и ти мора да ми вратиш. Што бара Аларова за возврат? Па ги бара стокатниците да и ги дадам. Но, јас со тоа не можам да се согласам. Дадовме негативен одговор на измените на ДУП 'Голем ринг' и во него дадовме 15 причини поради кои не се согласуваме со предлогот во центарот да се градат стокатници", вели Костовски.
Општина Центар ги негираше обвинувањата од градоначалникот Костовски. Од таму велат дека не издале одобрение за изградба на клучката кај "Континентал", бидејќи таа не е предвидена во ГУП-от.
"Не се работи за реваншизам, туку затоа што во ГУП, кој е донесен во 2002 година, не е предвидена сообраќајна инсталација во вид на клучка во населбата Крњево во близина на улица Беласица за вклучување во сообраќај на булевар Александар Македонски. Со ГУП-от е предвидено вклучувањето на булевар Александар Македонски да оди преку неизградениот булевар Крушевска Република и од тие причини не е дадено одобрение за градба. Општина Центар ја очекува долгонајавуваната измена на ГУП-от, каде ќе биде ревидирано и решението за булевар Крушевска Република, што е приоритет во нашите барања за измени на планот", велат од Општина Центар. (Е.А.)



Клучкава е дивоградба. И да се надеваме дека и ќе остане дивоградба, а не да ги пролагодуваме ГУП-овите и ДУП-овите на разноразни дивоградби, па макар и биле од ваков ранг... Крушевска мора да се гради во не така далечна иднина, а клучкава тогаш ќе мора да се руши

Но и покрај сите очигледни причини зошто да не се дадат дозволи за клучката, општина центар избрала погрешна причина. Ама на градоначалникот сепак око не му трепнува и тој продолжува да си гради дивоградба... Па како да очекуваме обичните луѓе да градат регуларно кога првиот човек на градот се однесува вака...

Puke


Edited by Cloverstack - 14-Nov-2007 at 15:09
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Nov-2007 at 23:36
да почнеме со евиденција на  пробивање на роковите. Ме интересира како на оние од градилиштето на НЛБ Тутунска не им смета дождот



Клучката ќе доцни најмалку еден месец


Изградбата на клучката кај Континентал, ќе доцни најмалу еден месец. Според надлежните во Градот причината се временските услови, но и неодамнешните неколкудневни застои во работата од страна на градежното претпријатие Пелагонија. Од Градот додаваат дека поради дождливото време градежните работи во моментов се одвиваат со намалено темпо, а доколку падне снег или, пак, температурите бидат под минус пет, можно е и стопирање на работите.

- Дождот ги успорува земјените работи, но засега можат да се вршат ископувања поврзани со темелите за носачите и потпорните ѕидови, како и бетонирање.Сепак, се надеваме дека најдоцна до мај клучката ќе биде пуштена во сообраќај, вели Мичо Поповски, од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека веќе нема никакви проблеми и со сообраќајот во овој дел од градот.

- Граѓаните се навикнаа на новиот сообраќаен режим и главно ги користат алтернативните сообраќајници кон центарот на градот. Единствено во шпицевите сообраќајот е успорен, но таква е ситуацијата во целиот град, додава Поповски.

(Д.Т.)


Извор: Вечер
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Nov-2007 at 19:21
Originally posted by pbanks

да почнеме со евиденција на  пробивање на роковите. Ме интересира како на оние од градилиштето на НЛБ Тутунска не им смета дождот



Ова за дождот... Смешно е, ама и не е...


Инаку за роковите - па они ги пробија сите можни рокови уште пред да почнат да градат. Ја најавуваа клучкава буквално со години... Толку одавна што не можам точно да се сетам, ама мислам дека беше на почетокот на вториот мандат на Пенов. Еве и на Трифун му требаше скоро цел мандат за да почне со градба. А сето ова чекање и одлагање излезе за џабе, зашто ваква карикатура од клучка подобро воопшто да не правеа... Барем да се искористеа сите изминати години за на крај да добиевме добра, квалитетна клучка...

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Jan-2008 at 23:47
Кога веќе ќе ти ја извадат од нос, и не е толку возбудлива оваа вест. Ова требаше да биде готово уште минатиот септември мислам.

ПО ЗИМСКИОТ ОДМОР ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ПРОДОЛЖУВААТ

Клучката „Континентал“ готова до јуни

Со ова сообраќајно решение и со веќе изградениот булевар Словенија, ќе се растовари метежот на влезот во Скопје, во Чаир, но и на Бит-пазар и кај Судската палата

По еден месец застој, градежните работи на клучката „Континентал“ продолжуваат. Од Градот велат дека работниците деновиве ќе се вратат на терен. Клучката, од која се очекува да го растовари сообраќајот во тој дел од градот, се очекува да биде предадена во употреба до крајот на пролетта.

- Градежните работи на клучката кај хотелот „Континентал“ беа во застој поради сезонските одмори што градежните работници од „Пелагонија“ ги користат во овој период од годината. Од денеска изградбата ќе продолжи според планот и динамиката за изведба на овој голем инфраструктурен објект. Ако нема сериозни проблеми со временските услови, Град Скопје очекува до крајот на оваа пролет клучката да биде пуштена во употреба - велат во Одделението за односи со јавноста.

Пред зимскиот одмор, во октомври минатата година, работниците од „Пелагонија“ кратко престанаа со работа, поради внатрешни проблеми со раководителите и нередовна исплата на плати. Од Градот тогаш изјавија дека тие проблеми не се нивни и ако градежното претпријатие доцни со изградбата и не го почитува рокот за завршување на клучката, ќе плаќа казни. Дури најавија и дека ќе распишат нов конкурс за изведувач ако е потребно.

Овие неколку месеци, додека траат градежните работи, булеварот Александар Македонски е делумно затворен за сообраќај. Клучката „Континентал“ е сложен проект за градење една голема раскрсница на две нивоа, на која сообраќајот ќе се одвива без семафори и без застој. Со ова сообраќајно решение, но и со булеварот Словенија, кој беше пуштен неодамна, се очекува да се реши хаосот на влезот во Скопје, во Чаир, но и на Бит-пазар и кај Судската палата.

Проектот предвидува од страната на ридот Гази Баба да се градат ленти за вклучување и за исклучување на возилата, како и подземен премин, со кој клучката ќе добие форма на труба. Кај хотелот и кај Скопското сајмиште ќе се гради кружен тек за возилата и коловозни ленти за вклучување и за исклучување од булеварот Александар Македонски. Целта на изградбата на оваа клучка е да се овозможи директно поврзување на населбата Автокоманда со новиот мост на реката Вардар кај Транспортниот центар, а оттаму и со центарот на Скопје. Со ова сообраќајно решение ќе се избегнат надвозникот кај Бит-пазар и булеварот Крсте Петков Мисирков. Исто така, меѓуградските автобуси што доаѓаат од кај Автокоманда ќе може директно да пристигаат на меѓуградската автобуска станица.

Изградбата на клучката почна во јули минатата година. Според процените на Градот, инвестицијата е вредна три милиони евра.

Јорданка Ивановска


Извор: http://www.dnevnik.com.mk/



Edited by La Linea - 16-Jan-2008 at 23:49
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 17-Jan-2008 at 00:29
Малце офтопик: Абе како ги цртате тие зелените линии на улиците, на картите кај што давате предлози.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 17-Jan-2008 at 00:34
Originally posted by lslcrew

Малце офтопик: Абе како ги цртате тие зелените линии на улиците, на картите кај што давате предлози.


Тоа е праено у фотошоп, али ако имаш предлог цртај го кај сакаш и како сакаш Big%20smile

Битно дај предлози Yes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Jan-2008 at 19:39
Две лоши фотографии сликани во лет

1

2

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Jan-2008 at 04:13
Се нервирам стално ко ќе помислам на клучкава Ohno

Ах Трифун говедо дивоградителско Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Jan-2008 at 01:49

Клучката „Континентал“ ќе биде завршена во јуни


Изградбата на клучката „Континентал“ продолжи по паузата од дваесетина дена во која оперативата на „Пелагонија“ не работеше. Според надлежните во Градот, застојот е планиран и нема да се одрази на предвидената динамика со која се гради. Засега се изведуваат посложените активности под земја, каде што се' уште има опасност од појавување подземни инсталации. Сепак, во Градот се надеваат дека по минатогодишното обемно испитување на позициите на каблите на ЕСМ и на „Македонски телекомуникации“, во текот на градбата нема да има непредвидени застои од овој тип.

Моментно „Пелагонија“ работи на ископување на темелите за носачите на клучката. Се работи и на оформувањето на земјениот насип, за што на градежниците во прилог им оди сувото време. Истовремено, со земјените работи на терен, во фабриката „Карпош“, се изработуваат и бетонските елементи од горниот дел на клучката. Тие ќе бидат монтирани дел по дел во втората фаза од изградбата на објектот. По завршувањето на оваа фаза ќе следува асфалтирањето и заокружувањето на инфраструктурата околу објектот. Според плановите на градските власти, клучката „Континентал“ треба да биде готова до јуни.

Според проектот, поврзувањето на булеварот со улицата „Беласица“ ќе претставува комбинација од денивелиран патен јазол, систем „труба“ и ротонда. Постојаниот сообраќаен режим на булеварот ќе се задржи со тоа што ќе биде проширен за една лента во насока Куманово – Бит-пазар за завртување лево, со која автобусите ќе се упатуваат во правец на Транспортниот центар. Улицата „Беласица“ ќе се дооформи и ќе има вкупно 4 коловозни ленти. Една од лентите ќе обезбеди вртење лево и вклучување на булеварот во правец кон Бит-пазар.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Jan-2008 at 23:13
Big%20smileBig%20smile
Originally posted by Cloverstack

Еве едно мое решение, кое се справува со сите проблеми на тоа место. Не дека јас сум генијалец, туку овие во градот којзнае што математика имаат... Ама каква и да е, не ја бива...

Ова решение би било поскапо (не многу), и би барало малку повеќе површина (претпоставувам ги мрзи да се замараат со експропријација или нешто слично). Ама со вака изведена клучка, би добиле добро и трајно решение, кое пред се нема да ја блокира многу поважната Крушевска. Ги елиминира проблемите што произлегуваат од импровизацијата што се гради, а не ствара нови проблеми.

(За оние што не се запознаени, на вторава скица го имам зацртано и Бул. Крушевска Република, исто како што е во ГУП-от. Тоа е оној коридор одбележан со зелено, што доаѓа од долу и се спојува со постоечкиот Бул. Александар Македонски. Десно, одбележана со жолто е клучката Континентал каква што јас предлагам.)

Можеби еден убав ден таму ситуацијата навистина ќе изгледа вака:
(во меѓувреме ќе ги трплиме последиците од „креативноста“ на градските власти)

 
Јас како што знам Крушевска треба да поминува пред телевизија пред МВР тука со мост а не после телевизија, и со тоа ке има повеќе место да не бидат споени клучките и кај Континентал. За клучката кај Континентал веќе се изјаснив, можеше подобро да се изведе дали како детелина или дијамантска форма што беше и планирано али барем не ставија семафори Big%20smile


Edited by Cloverstack - 24-Jun-2008 at 12:56
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Jan-2008 at 23:18
Originally posted by Junkie

Јас како што знам Крушевска треба да поминува пред телевизија пред МВР тука со мост а не после телевизија, и со тоа ке има повеќе место да не бидат споени клучките и кај Континентал. За клучката кај Континентал веќе се изјаснив, можеше подобро да се изведе дали како детелина или дијамантска форма што беше и планирано


За ова дефинитивно грешиш. Ете во ГУП-от јасно се гледа (дури и во тој малиот, ако го немаш уште симнато големиот) каде ќе поминува Крушевска Република. И тоа раздвојувањето на Северан Булевар (што сега го упропастија), било направено на времето како подготовка за клучката со крушевска.

На таа скицата сосема точно ја имам вцртано крушевска.


Edited by Cloverstack - 28-Jan-2008 at 23:19
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Jan-2008 at 23:28
Во тој случај клучката нема никогаш да се изгради, поради немање доволно простор, а и во гуп грешка е што крусевска нема да поминува пред телевизија туку после, па таму ставиле уште еден мост.. Не ми е јасно тоа стварно бидејки со ваквата поставеност само се комплицира сега тука три моста, и две клучки залепени...
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Jan-2008 at 23:36
Не те разбирам баш околу мостовите... Ако е тоа што мислам дека викаш (таа другата улица од другата страна на МТВ), нема основа затоа што таа е локална улица, која оди по површина, за потребите на околниот сообраќај. Крушевска ќе биде денивелирана, на мост и ќе ја користи транзитен сообраќај и сообраќај на поголеми растојанија. Пристап до крушевска ионака ќе се има само на три места:
- клучкава со северен булевар
- слична таква клучка со јужен булевар
- клучка со централната градска оска, кај народна банка

Исто не се слагам дека крушевска е лошо поставена. Во предвид треба да ја земеш целата нејзина траса, а не само овде. Јас мислам дека е оптимално поставена.

Исто така не се слагам дека сега нема никогаш нема да се изгради ради немање простор. Треба само да се урне неартикулираната клучка континентал (која ионака е дивоградба) и дел од маџир маало (кое и така цело треба да се руши).

Ваљда ќе дочекаме и ние способен градоначалник со правилна визија за градов...


Edited by Cloverstack - 28-Jan-2008 at 23:43
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.