build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клучка Континентал

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 31-Jan-2009 at 03:40
Подобро решение ќе беше доколку се направеше една мини колекторска улица паралелна со главната. Улица што ќе биде од кружниот ток и ќе иде до кај излезеот што е од континентал. И тука на таа улица вантрешно да беше сместена автобуската. Значи автобусите да можат да пристапуваат наавтобуската исклучиве одкако ќе пројдат преку кружниот и да застанат на автобуска којашто ќе биде комплетно одвоена од главната и после да си искача автобусот на главната!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 31-Jan-2009 at 03:47
Originally posted by lslcrew

Подобро решение ќе беше доколку се направеше една мини колекторска улица паралелна со главната. Улица што ќе биде од кружниот ток и ќе иде до кај излезеот што е од континентал. И тука на таа улица вантрешно да беше сместена автобуската. Значи автобусите да можат да пристапуваат наавтобуската исклучиве одкако ќе пројдат преку кружниот и да застанат на автобуска којашто ќе биде комплетно одвоена од главната и после да си искача автобусот на главната!


Губење време + импровизаторско решение според мене. Не ја гледам оправданоста. Моменталното е одлично барем јас мислам.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 31-Jan-2009 at 03:57
Originally posted by lslcrew

Подобро решение ќе беше доколку
...
Џабе такво шминкање на оваа клучка, не вреди.
Ни треба сеопфатно и долгорочно решение кое ќе ја вклучи и клучката за Бул. Крушевска Република. А ако оваа клучка за таа цел треба да се руши, не би имал никакви резерви за тоа, без разлика што е сосем нова.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 31-Jan-2009 at 04:04
Добро Кловер и ја сум за решеање на проблемот согласно гуп, но кога веќе се навлезе во вакви ситници и преуредување раскрници и пешачки острови ова ми дојде како едно од можните ад-хок решение за црната точка!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 31-Jan-2009 at 04:08
Па дебиливе нека се научат да почитуваат сообраќајни прописи... макар и со казни! Не е поентата да ја планираш сообраќајната мрежа како некој не би можел да направи прекршок или опасна ситуација, тоа не ни може да се постигне без разлика какви акробации во планирањето да се направат.

Овде треба да стои сообраќајна полиција повремено и да им го дотера умот на каубојците.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 31-Jan-2009 at 23:06
Еве конечно да ја регистрираме и на видео ситуацијата кога некој автобус ќе улета на автобуската од транзитните ленти.

Конкретнио типов не застанува ни на постојката, туку на сообраќајна лента.
Нормално таков каубоец не се замара ни со ситници како тоа дека уклучени светла се задолжителни, или пак „сувишни работи“ како сигнализирање со трепкачи.

Ова не е ниту обичен симптом на лошата сообраќајна култура, овде се работи за професионален возач на автобус. Барем тие мора да се однесуваат многу поодговорно!

Сообраќајната полиција да престане да спие...






Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 02-Feb-2009 at 02:59
Ќе избегам од темава ама морам да кажам. Кога ги гледам автобусиве во Скопје ми се лоши.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 27-May-2009 at 23:21
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 28-May-2009 at 14:15
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 28-May-2009 at 15:51
За градоначалникот Коце Трајановски ова е црна точка за градот кога ќе заврне. Новиот градоначалник на Скопје вели дека при изградбата на клучката не се направил одвод на атмосферска канализација. NO COMMENT!Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 03-Jun-2009 at 11:01
Клучката е добра, не чини околината
Скопје
Зошто клучката кај хотелот „Континентал“ се поплавува по секој пороен дожд? Како е можно ова да му се случува на најновиот сообраќаен објект во Скопје, за кој се потрошија три милиони евра? Кој треба да одговара за пропустите што доведоа до оваа ситуација? Ова се прашањата што си ги поставуваат скопјани по неодамнешното невреме што го наполни подвозникот на клучката со вода длабока метар ипол и откако местото почна да станува непроодно со часови кога има врнежи. Во јавноста се појавија сомневања за евентуалните пропусти при изградбата на овој капитален објект.

Градските власти деновиве треба да ја формираат најавената комисија што треба да преиспита како се градела клучката и дали биле направени пропусти во проектот или во изградбата. Таа треба да предвиди и што ќе се прави ако повторно има големо невреме, како и дали некој ќе се повика на одговорност за поплавувањата на подвозникот.

Во меѓувреме, според информации од градската управа, првичните заклучоци за проблемот се дека самиот објект нема никакви проблеми, туку причина за поплавите е целата околина и општата состојба со атмосферската канализација. Клучката била направена според сите норми и стандарди, но кружниот тек и подвозникот се на најниската точка и водата се слева таму и од ридот Гази Баба и по булеварот Никола Карев, познат како пластичарска улица. Згора на тоа, познато е дека само 30 отсто сообраќајници имаат атмосферска канализација. Новите коловози кај „Континентал“ се покриени со таква мрежа, но таа е поврзана со старите цевки во околината, кои не се знае во каква состојба се наоѓаат. Затоа, иако проектот за клучката содржи одвод за дождовницата, и тој е направен, поради условите во околината неговиот капацитет не може да издржи поројни дождови како тој минатиот четврток. Новонаправената канализација е сепак само слепо црево на стариот систем.

Градоначалникот Коце Трајановски, само еден ден по поплавата истакна дека проблемот може да се лоцира во изградбата на објектот, кога морало да се предвиди и изградба на комплетен систем за одведување на атмосферските води. Според него, за да се реши проблемот, ќе се изгради колектор од реката Вардар до клучката, како и до други помали приклучоци. Според најавите, помалите зафати ќе завршат за еден месец, а за изградбата на колекторот ќе бидат потребни околу два месеци. Веќе се распишал тендер за овој проект.

Костовски: Проблем е неодржувањето

Клучката кај „Континентал“ е единствениот капитален објект што претходниот градоначалник Трифун Костовски го почна и го заврши во неговиот мандат. Изградбата почна во јуни 2007 година и траеше 16 месеци, а се отвори лани на 13 ноември.

Костовски е особено горд со објектот и вели дека тој нема никакви маани. - Уште одамна зборувам дека проблемите на Скопје се под земјата. Кога ја градевме клучката, ставивме поголеми цевки од предвидените, со широчина од 40 наместо од 30 сантиметри, и со тоа ја зголемивме пропусната моќ на мрежата. Но сепак, се поврзавме на постојната канализација, која, ако јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ја одржуваше редовно, водата немаше да стигне до прозорците на автомобилите и целосно ќе се повлечеше за само 45 минути по престанокот на врнежите. И по пуштањето на клучката забележавме ваков проблем, но утврдивме дека тој настанал поради насобраните лисја и калта во каналите - смета Костовски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=409&ArticleID=25895
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 03-Jun-2009 at 11:21
Која патолошка егоцентричност (Ја тоа што направив е добро, околината нечини) и бегање од одговоронст до степен на инфалтилност. Значи во текстот читаме експлицитно признание дека клучката била на најниска кота во прилично голема околина, ама повтроно се отишло на решение да клучкава се врзе со старата мрежа. Вонредните количини на вода биле констатирани.  Ако се занело дека е најниска точка, зашто веднаш не се пристапело кон колектроски систем, и тоа не само за клучкава, него и за оние води кои ќе дотечат од страна. А притоа на крај да обвини претпријатие кое патем било под негова надлежност, воедно пукајќи си во своја нога. Значи јавно признаение дека зрадвиот разум не преовладувал при изградбата на клучкава! Ако не некој му е крив земјиниот релјеф и крива му е водата што тече недоле тогаш тоа се решава на психијатрија, а не во град Скопје.


Edited by lslcrew - 03-Jun-2009 at 11:25
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 03-Jun-2009 at 11:34
Токму така! Каков е тој градоначалник и каква е таа администрација што не можат да сватат дека проблемите не се изолирани. Трифке кај континентал можел да стави и цефки со 10 пати поголем дијаметар (како што се фали дека ставиле од 40 наместо 30 сантиметри), ама кое фајде од тоа доколку проблемот не се реши сеопфатно?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 03-Jun-2009 at 16:50
Формирана комисијата за испитување на клучката кај “Континентал“

Градот Скопје, по налог на градоначалникот Коце Трајановски, формира Комисија за увид на состојбата на атмосферската канализација на клучката кај хотелот „Континентал“ по повеќекратните проблеми со атмосферските води на оваа значајна сообраќајница, а кои кулминираа со поплавувањето од минатата недела.

Комисијата е во состав: Мичо Поповски (град Скопје), претседател, Тони Костов (град Скопје), Весна Огненовска (град Скопје), Златан Икономов (ЈП „Водовод и канализација“), и Милутин Чалчевски (Градежен Институт на Македонија – Скопје), членови.

Комисијата треба да изврши увид на состојбата на атмосферската канализација на клучката кај „Континентал“, да подготви записник за утврдената состојба и да даде предлог за отстранување на евентуалните недостатоци.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56941&kategorija=1
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5069
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 03-Jun-2009 at 16:55
Сликата не е чорната од форумот? Онаа кога објаснувавте за автобусите. Алал вера и на нет прес.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 03-Jun-2009 at 16:56
Де бре еве и нетпрес собирал материјали од форумов Big%20smile

Само морале ли да ја земат баш онаа фотка што ја имам нашкрабано за да го доловам проблемот со сообраќајниот конфликт што се создава кога градските автобуси ги користат транзитните ленти Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 16:57
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 03-Jun-2009 at 17:00
Баш и мене тоа ми падна чудно што сликата беше нашкрабана! И си викам ова мора да е од кај нас сликава чим е шкрабана! И сега Линеа ја постирасл сликава, Кловер обележувал, а од нетпресс баш обележаната ја земале од толку слики!

Еве каде ја имаме постирано поназад сликава!
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=34&PID=27961#27961 
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 03-Jun-2009 at 20:11
не е прв пат некој новинар да украде слика од форумов, убаво се сеќавам дека имаше барем уште една што ја имаат дрпнато од форумов, само не знам која беше

што се однесува до канализацијата на клучката, кога веќе кај нас има вакви дождови , мислам дека треба да се направи некој канал или одводна цевка што ќе ја носи водата до вардар, или претерувам?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 03-Jun-2009 at 20:14
Originally posted by zabegan

... мислам дека треба да се направи некој канал или одводна цевка што ќе ја носи водата до вардар, или претерувам?

Не, тоа беше и првата изјава од градоначалникот на Ск.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 03-Jun-2009 at 20:15
Па секако ја носи накај Вардар, нема каде иначе. Само што има недоволна мрежа, тесни грла, несовесност од граѓаните кои фрлаат се и сешто во атмосферската канализација... и резултатот се гледа - што си дробиме тоа си сркаме!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.