build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 207208209210211 242>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4161 Posted: 13-Sep-2011 at 10:47
Originally posted by toasumjas

Слушнав една ексклузивна вест од сигурен извор. Ryanair ќе почне највероватно наскоро со летови од Охрид.


Тоа би била прекрасна вест. Многу ќе значи за македонскиот воздушен сообраќај доколку дојде и оваа позната авиокомпанија кај нас. Само ме интересира, зошто само Охрид, зошто не и Скопје?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #4162 Posted: 13-Sep-2011 at 10:40
Originally posted by toasumjas

Слушнав една ексклузивна вест од сигурен извор. Ryanair ќе почне највероватно наскоро со летови од Охрид.


Dali ke mi se ostvari zelbata za letovi od Karlsruhe Baden Baden kon Makedonija?
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #4163 Posted: 13-Sep-2011 at 10:27
Слушнав една ексклузивна вест од сигурен извор. Ryanair ќе почне највероватно наскоро со летови од Охрид.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1741
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #4164 Posted: 09-Sep-2011 at 18:57
Деновиве гледам на распоредот на скопскиот аеродром има закажано литови 2 пати неделни за rimini i roma од страната на авиокомпанијата VIP WINGS дали имате повеќе информации со оваа вест ?????
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1741
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #4165 Posted: 30-Aug-2011 at 00:17
Луѓе имаме ли некое инфо за можни нови воздушни поврзувања со некои европски метрополи или земји од друг континент ?????
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #4166 Posted: 25-Aug-2011 at 13:50
Originally posted by axel

< Иако од Виз ер не потврдуваат, “Капитал“
неофицијално дознава дека оваа авиокомпанија наскоро ќе им ја нуди
Венеција на македонските патници.


Еурека! Новинариве се чудо
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4167 Posted: 25-Aug-2011 at 12:00

Наскоро ќе се лета за Милано, Париз, Барселона и Дубаи?!

Катерина Попоска

Извори на “Капитал“ меѓу авиокомпаниите во земјава откриваат дека неколку нискобуџетни авиокомпании од Европа, Средниот Исток и САД го скенираат македонското небо

Воздухопловната власт во земјава најавува директни летови од Скопје до Милано, Базел, Париз, Барселона и Дубаи, најверојатно во крајот на годинава. Иако допрва ќе се прави зимскиот ред на летање, извори на “Капитал“ меѓу авиокомпаниите во земјава откриваат и дека неколку нискобуџетни авиокомпании од Европа, Средниот Исток и САД го скенираат македонското небо.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство засега не сакаат да откриваат детали, бидејќи, велат, рано е за какви било конкретни информации. Откриваат само дека во преговори се за потпишување билатерална спогодба за отворање на небото меѓу Македонија и Австралија, Индија, Кина, Малезија и Сингапур. На почетокот на летово САД го отвори небото за летови од Македонија. Агенцијата за цивилно воздухопловство потпиша договор со Америка, според кој се регулира воздушниот сообраќај меѓу САД и Македонија. Се чека уште на авиокомпанија која ќе понуди директна линија до еден од американските аеродроми.

За период од една година Македонија доби и неколку нискобуџетни авиокомпании, како Пегасус, Бел ер, Eр Берлин и Визер. Од Агенцијата неодамна најавија и дека наскоро германската компанија Герман скај може да почне да оперира на релација Скопје-Цирих-Скопје.

Од АЦВП уверуваат дека авиосообраќајот во земјава полека се раздвижува, што укажува на тоа дека цените на авионските билети треба да го напуштат плафонското ниво, споредено со цените на билетите во Европа и во светот.

“Тоа што сакам да го истакнам е дека оваа година имаме над 30 компании кои оперираат во земјава, што е раст од 50% во споредба со минатата година. За 50% е зголемен и бројот на дестинации годинава во споредба со лани. Оваа година за прв пат имаме директни летови до Лондон, Москва, Амстердам, Рим, Анкона и Хелсинки. И понатаму очекуваме поголема конкуренција, која ќе овозможи да се намалат цените, да се зголеми бројот на рутите, како и да има подобрување на услугите“, вели Дејан Мојсовски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Македонија доби нискобуџетни компании, но дали доби и евтини билети?!

Веќе 10 дена турската нискобуџетна авиокомпанија Пегасус ерлајн лета на релација Скопје-Истанбул-Скопје и Скопје-Измир-Скопје по почетна цена од 30 евра во правец, со аеродромски такси. Од јуни оваа година македонските граѓани можеа да летаат до Лондон за почетна цена од 26 евра во еден правец, исто така со вклучена аеродромска такса, преку нискобуџетната авиокомпанија Виз ер. Од оваа унгарска авиокомпанија за “Капитал“ велат дека и понатаму ќе се трудат да нудат далеку поевтини цени од конкуренцијата. Иако од Виз ер не потврдуваат, “Капитал“ неофицијално дознава дека оваа авиокомпанија наскоро ќе им ја нуди Венеција на македонските патници.

“Виз ер, генерално, е поевтин отколку конкурентите. Во таа смисла, сите наши билети може да се сметаат за “промотивни”. Квалитетот на услугата што им ја нудиме на нашите клиенти е последица на нашиот успешен бизнис-модел. Сепак, минималните цени, што може да се види и на нашата интернет-страница, се однесуваат на околу 10% од местата во авионот. Точно е дека цените на билетите одат нагоре како што наближува датумот до кога мора да се затвори патувањето. Сепак, во поголемиот дел Виз ер останува поевтин или значително поевтин од конкуренцијата”, вели за “Капитал”, Балаш Варо, менаџер за корпоративни комуникации на унгарски Виз ер.

Секоја нискобуџетна авиокомпанија има своја политика во однос на тоа што се нуди како услуга за цената на авиобилетот. Некои авиокомпании не послужуваат оброк во авионот, го наплатуваат секој килограм плус доколку багажот ја надминува предвидената тежина, а честопати не слетуваат и на главните аеродроми. Патниците многу пати досега се жалеле дека цената на авиобилетите не соодветствува со почетно најавената цена од страна на авиокомпаниите. Но, компаниите објаснуваат дека колку порано се резервира авионската карта, толку поевтини ќе бидат и билетите.

Познавачите на авиобизнисот во земјава тврдат дека авионските карти и не можат драстично да поевтинат, бидејќи на пазарот нема здрава конкуренција.

“Само со намалувањето на цените на авиобилетите можеме да се бориме со конкуренцијата од странство. За да опстанеме, присилно ги поевтинуваме билетите, но до работ на рентабилноста. Можеби тие не се на нивото како во европските земји, но Македонија нема ниту премногу патници кои патуваат со авион, ниту пак, сериозна понуда, која ќе ги спушти цените. Цената на горивото во огромна мера влијае на цената на авионските билети, особено кај нас, кога имаме монопол во снабдувањето со керозин. Во услови кога домашниот авиопревозник купува гориво од единствен снабдувач, тој се доведува во многу незавидна положба кога е во прашање намалувањето на цените на билетите. Домашниот авиопревозник мора да го наполни целиот резервоар од околу 10 тони и притоа не сме во позиција да полниме поевтин керозин од странство“, вели за “Капитал“ инволвиран во авиобизнисот во земјава.

Хаотичниот пазар во Македонија, како што вели експертот Кирил Каевски, не дозволувал цените на билетите да ја добијат својата реална цена. Тој објаснува дека туристичките агенции кои ќе ги купат билетите од авиокомпаниите на граѓаните им ги продаваат по повисока цена отколку што чинат истите билети во авиокомпаниите. Затоа, вели Каевски, со заживување на резервациониот систем преку Интернет и секако, со зголемување на конкуренцијата на пазарот патниците ќе имаат избор и во квалитетот на услугата и во цената на билетот.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72759/naskoro_kje_se_leta_za_milano,_pariz,__barselona_i_dubai_!.aspx?iId=2319
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4168 Posted: 24-Aug-2011 at 19:13
Originally posted by Обединета �

Луѓе како прво сакам да ве поздравам сите, форумите ги следам повеке од 1ипол година но нека не бев решителен изминатиов период да ви се приклучам, се надевам дека ке биде интересно и чест ми е што се приклучив на ваква професионална екипа......

Листајки го редот на летање на скопскиот аеродром забелезам дека за утре во 17и25 се очекува слетување на авион од Рим на авио компанијата Alitalia чие полетување е планирано за 26.08 во 1часот по полноќ дали некој има информации во врска со тоа, и како второ сакам да прашам што е со мат ќе егзистира ли и понатаму или.... зошто гледам во редот на летање од Александар Велики за од 1 септември, Мат е планираљм за повеќе дестинации како:Амстердам, Копенхаген, Брисел, Вениција, како и веќе постоечките дестинации Рим, Дизелдорф и Цирих .......

Добредојде

Ова со Alitalia не гледам друго објаснување освен дека е чартер за утрешниот меч Работнички - Лацио.

А за МАТ верувам дека објаснување нуди претходната вест што ја постираше axel.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4169 Posted: 24-Aug-2011 at 11:12

ЕДИНС­ТВЕ­НИ­ОТ МА­КЕ­ДОН­СКИ АВИ­ОП­РЕ­ВОЗ­НИК БА­РА СТРА­ТЕШ­КИ ПАР­ТНЕР

"МАТ ер­вејс" ле­та са­мо под на­ем

Иа­ко во лет­ни­от ред на ле­та­ње ави­о­ком­па­ни­ја­та по­ба­ра­ла и од АЦВ до­би доз­во­ла да одр­жу­ва ле­то­ви кон се­дум ев­роп­ски цен­три, ави­о­нот на "МАТ ер­вејс" ле­та са­мо ко­га е из­нај­мен

"Сер­ви­сот е прив­ре­ме­но не­дос­та­пен" стои на Ин­тер­нет стра­ни­ца­та на ма­ке­дон­ска­та ави­о­ком­па­ни­ја "МАТ ер­вејс", во де­лот за он­лајн ре­зер­ва­ци­ја на би­ле­ти. На ис­та­та стра­ни­ца е и по­ну­да­та за из­нај­му­ва­ње на единс­тве­ни­от воз­ду­хоп­лов "бо­инг 737-500". Не се ни оби­ду­вај­те да ги до­би­е­те ра­ко­вод­ни­те ли­ца на ави­о­ком­па­ни­ја­та - ба­ди­ја­ла ќе ви би­де. Не до­би­ле ни­ко­го од ком­па­ни­ја­та ни­ту пат­ни­ци­те што на 13 и 14 ав­густ тре­ба­ше со "МАТ ер­вејс" да ле­та­ат за Ди­сел­дорф и Ци­рих, и кои ту­ро­пе­ра­то­рот "Скај вингс", на­мес­то со ави­он, ги од­не­се со ав­то­бус до Гер­ма­ни­ја и Швај­ца­ри­ја. "Вест" пи­шу­ва­ше де­ка "МАТ ер­вејс" од­бил да ле­та от­ка­ко "Скај вингс", кој го из­нај­мил воз­ду­хоп­ло­вот, не му пла­тил за пов­рат­ни­от лет во два­та прав­ца.
Во Аген­ци­ја­та за ци­вил­но воз­ду­хоп­лов­ство (АЦВ) ве­лат де­ка "МАТ ер­вејс" во мо­мен­тов ра­бо­ти сог­лас­но биз­нис пла­нот и ко­мер­ци­јал­ни­от кон­цепт ка­ко чар­тер-ком­па­ни­ја. Иа­ко во лет­ни­от ред на ле­та­ње ави­о­ком­па­ни­ја­та по­ба­ра­ла и од АЦВ до­би доз­во­ла да одр­жу­ва ле­то­ви кон се­дум ев­роп­ски цен­три, ави­о­нот на "МАТ ер­вејс" ле­та са­мо ко­га е из­нај­мен.
"Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те дос­та­ве­ни до Аген­ци­ја­та, 'МАТ ер­вејс' не­мал нап­ла­те­но од не­кол­ку ту­ро­пе­ра­то­ри на кои им го из­нај­мил воз­ду­хоп­ло­вот. По­ра­ди тоа, од­лу­ка на ком­па­ни­ја­та е да ре­а­ли­зи­ра ле­то­ви са­мо до­кол­ку ту­ро­пе­ра­то­рот пла­ти 14 де­на од­нап­ред. Ком­па­ни­ја­та има ва­жеч­ка доз­во­ла за ле­та­ње до ју­ли 2012", из­ја­ви­ја од АЦВ.
Воз­ду­хоп­лов­ни­те влас­ти об­јас­ну­ва­ат де­ка "МАТ ер­вејс" ги ис­пол­ну­ва си­те ус­ло­ви за ра­бо­та и не­ма при­чи­ни за как­ва би­ло пос­тап­ка на влас­ти­те кон ком­па­ни­ја­та.
"Ави­о­ком­па­ни­ја­та ба­ра стра­теш­ки пар­тнер или ком­па­ни­ја со ко­ја ќе мо­же да ре­а­ли­зи­ра код-шер со­ра­бот­ка, од­нос­но за­ед­нич­ки да опе­ри­ра­ат", ве­лат од Аген­ци­ја­та за ци­вил­но воз­ду­хоп­лов­ство.
"МАТ ер­вејс" ја фор­ми­раа срп­ска­та ту­рис­тич­ка аген­ци­ја "Кон Ти­ки тра­вел" и ком­па­ни­ја­та "Мет­ро­по­ли­тен ин­вес­тмент груп".

http://www.vest.com.mk/?ItemID=EDA2630CFF50984DB053C3F83BE1625D
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1741
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #4170 Posted: 24-Aug-2011 at 00:23
Луѓе како прво сакам да ве поздравам сите, форумите ги следам повеке од 1ипол година но нека не бев решителен изминатиов период да ви се приклучам, се надевам дека ке биде интересно и чест ми е што се приклучив на ваква професионална екипа......

Листајки го редот на летање на скопскиот аеродром забелезам дека за утре во 17и25 се очекува слетување на авион од Рим на авио компанијата Alitalia чие полетување е планирано за 26.08 во 1часот по полноќ дали некој има информации во врска со тоа, и како второ сакам да прашам што е со мат ќе егзистира ли и понатаму или.... зошто гледам во редот на летање од Александар Велики за од 1 септември, Мат е планираљм за повеќе дестинации како:Амстердам, Копенхаген, Брисел, Вениција, како и веќе постоечките дестинации Рим, Дизелдорф и Цирих .......
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #4171 Posted: 21-Aug-2011 at 23:01
Тоа е начинот на кој работат. Првите 10 карти се најевтини после на интервали цената расте инаку не би имале ќар. Пред 2 месеци имаше за Лондон Септември карта за 15 евра, но очигледно има многу заинтересирани.

Добра работа е што за многу луѓе кај нас авион е табу тема па лесно може да се дојде до евтина карта, пример од Софија или Белград речиси и да нема карта под 50 евра правец за било кој датум, многу луѓе и сите купуваат веднаш кога ќе се отвори понудата.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4172 Posted: 21-Aug-2011 at 21:22
еве линк за графички приказ на моментната состоја на авиони,кај повеќето кога ќе се појде со курсерот, ги покажува основните податоци
http://planefinder.net/
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4173 Posted: 21-Aug-2011 at 18:21
што туку на Сител имаше интервју со директорот на аеродромот А.Велики кој потврди дека цената до Турција ќе биде 29.99 евра(не слушнав добро дали беше повратна или само во еден правец)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4174 Posted: 21-Aug-2011 at 16:38
Се согласувам за Венеција и Виз Ер, но истите сеуште не почнале да летаат. За Венеција линијата стартува за 1 месец и цените почнуваат од 16 евра па нагоре, тоа е минималната цена. Се нудат евтини билети за октомври, ноември и почетокот на декември бидејќи тогаш е „мртва“ сезона, нема многу патници и се нудат евтини летови. Пробај да резервираш за почеток на септември за Виз Ер за Лондон, да видиш колку ќе те фати.


Она што сакам да го кажам е дека се нудат евтини летови за најмалку месец дена купена карта унапред и за месеци кога нема голем број на патници што патуваат. Еве јас сакам да одам на одмор на почеток на септември во Турција и мене Пегасус не ми е исплатлив. Оние кои работат, имаат семејство во земјава или сакаат да одат на одмор не патуваат во октомври, ноември и декември. Во случајот со нискобуџетните авиокомпании јас треба да се прилагодувам на нивните евтини летови и да го занемарам целокупното секојдневие за да пронајдам датум за евтин лет!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #4175 Posted: 21-Aug-2011 at 15:48
Бојан
Оди на Wizzair.com
Скопје - Венеција 15 Октомври - 9.99 Евра
Венеција - Скопје 18 Октомври - 14.99 Евра

А ако патуваш од 18-22 октомври ти е 20 евра.

Ако патувате повеќе луѓе земи си членска (како што јас направив) и секоја повратна ти е за 10 евра поевтина (можеш да купиш до 10 карти, до 100 евра помалку).

Јас купив за 24-27 септ. по 15 односно 10 евра = 25+2*5за кредитната=35евра.

Се надевам дека помогнав.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4176 Posted: 21-Aug-2011 at 10:45
Originally posted by alexsend

Епа ете очигледно незнаеш да бараш... карта за 29.99 може да се најде. И кај Wizz варираат цените па најдов и купив карта за 15 евра.


Затоа што јас не знам да барам, а ти си генијалец, еве јас ќе ти дадам 30 евра да ми купиш карта од Скопје за Истанбул за почеток на септември, а ако е три пати поскапа ти доплатија.


П.С. Не знам од каде воопшто си нашол карта за 15 евра од Виз ер, ама и јас сакам таква од Скопје.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #4177 Posted: 21-Aug-2011 at 10:25
Епа ете очигледно незнаеш да бараш... карта за 29.99 може да се најде. И кај Wizz варираат цените па најдов и купив карта за 15 евра.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4178 Posted: 21-Aug-2011 at 09:42
Originally posted by alexsend

http://www.flypgs.com/

Skopje (SKP)   Istanbul - S.Gokcen (SAW)

20.09 - 29,99 ЕВРА
враќање
27,09 - 38,99 ЕВРА

Прочачкајте прво после зборете. Ова е само 1 пример. Многу лесно може да се најде лет со цена од 30 евра. Само не избирајте Ататурк туку Гокчен! Ако бирате Ататурк летот е преку Измир и не не е 30 евра, а и не е паметен избор кога веќе има директен.


Немој да се расправаш, јас многу добро знам што зборувам, кога прегледував немаше унапред за повеќе од 1 месец. Пегасус се класичен пример како и сите останати нискобуџетни компании. Евтини билети од 30 евра може да се најдат само по 20 септември, односно по месец дена. Се разбира, откога ќе заврши летната сезона тогаш секогаш почнуваат пониски цени за летање, за да се стимулира патувањето.

Edited by BOJAN - 21-Aug-2011 at 09:43
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4179 Posted: 21-Aug-2011 at 08:06

Нискобуџетните авиокомпании ги остваруваат соништата? Само погледнете на wizzairsucks.com


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/08/20/logo.png

Во Македонија, особено со почетокот на летната сезона, започна да владее позитивно чувство во јавноста во однос на сите нови авиокомпании кои почнаа да летаат од и за аеродромите во земјава. Медиумите здушно пренесуваат вести за секој нов лет од секоја нова компанија и во суштина сите се среќни што ќе можат да патуваат поволно низ Европа зашто воглавно станува збор за ниско-буџетни компании, кои нудат многу поволни летови.


Во голем дел ваквото чувство е оправдано. Нискобуџетните компании се за многу граѓани на Македонија веројатно единствен начин брзо да стигнат до европските метрополи и да се стекнат со нови искуства или да доживеат годишен одмор кој, ако ги нема ваквите авиокомпании, не би можеле да си го дозволат.


Но, состојбите нискобуџетните компании не се така розови. Не секогаш патувањето е пријатно, а може многу лесно да ви се случи да не полетате, ако полетате да ве згалават на некој аеродром од кој нема летови во ваш правец со денови или часови, многу летови се откажуваат или доцнат, резервациите се вршат само преку интернет, а ако нешто сте погрешиле во комплицираните процеси на резервирање, тоа може скапо да ве чини зашто секое барање или најмала измена на околностите кај овие компании се наплаќа посебно. Покрај тоа, се измислуваат услуги кои нормалните авиокомпании никогаш не би ни помислиле да ги наплатат, вишокот багаж се наплаќа скапо, а се што ќе треба да платите на аеродром, наместо преку веб сајт, е далеку поскапо. На летовите од овие компании не добивате билет, туку морате самите да си го отпечатите од вашиот компјутер, а нема ни обележани седишта, така што кога ќе влезете во авионот почнуваат да работат лактите во борба за подобро место.


Не е се така убаво во нискобуџетскиот рај 


Како пример, овде ќе го земеме сајтот wizzairsucks.com. Тој е креиран од незадоволен или незадоволни патници на WizzAir, кои понекогаш имаат проблем да стапат во контакт со компанијата барем за да се пожалат за нешто. Затоа и е направен овој сајт - за да се споделат жалбите.


Најпрвин, да ги поставиме работите во перспектива. Сајтот постои околу 2 и пол години има околу 450 забелешки воглавно од незадоволни патници, но има и пофални писма за кои сопственикот на сајтот смета дека се резултат на машинеријата за односи со јавноста на компанијата. Но, од друга страна, WizzAir пренесува милиони патници годишно, што значи дека оваа бројка на незадоволни патници е прилично мала.


Сепак, конкретно оваа компанија, како навистина има некои елементи во нејзиното работење што треба да си ги среди ако не сака да се отвораат вакви сајтови што постојат исклучиво за да објавуваат критики за неа.


Оние, пак, што имаат спротивен став, едноставно велат дека, ако не ви се допаѓа компанијата, тогаш не патувајте со неа. Но, за жал, тоа за многумина не е можно. WizzAir е најголема буџетска авиокомпанија во Источна Европа, со најголем број дестинации и многу потенцијални патници немаат друг избор, освен ако не сакаат да плаќаат два лета со преседнување. Исто така, со оглед на платите во регионот, многумина не би можеле да патуваат воопшто ако не патуваат со WizzAir.


Откажувања, жалби и недостиг од комуникација 


Постетителите на сајтот најмногу се жалат на три работи:


Првата се однесува на честите откажувања на летови, па дури и на цели линии и праксата на компанијата да не ги информира патниците за ова, како и откажувања на летовите во последен момент, кои многу често најпрвин се прикажуваат како одложени, при што патниците чекаат со часови пред да им биде конечно кажано да дојдат утредента, па и тогаш им се случува повторно да чекаат со часови (види го изборот од коментарите подолу).


Втор голем проблем е неможноста да се контактира со компанијата. Комуникацијата и преку и-мејл и преку телефон оди тешко, а многумина патници се жалат и на тоа дека дури и на аеродромите не можат да најдат никаков претставник од компанијата кој би можел да им помогне.


Клиентите тврдат дека при и-мејл комуникацијата како одговор се добиваат серија компјутерски генерирани пораки од типот: „Ќе ви одговориме за 30 дена“ и се жалат дека неретко количеството на време потребно за одговор го надминува периодот од 30 дена и тоа повеќекратно. Дури и кога ќе ви одговорат со месеци подоцна, повторно може да се случи да добиете компутерски генерирано извинување, или вашата жалба да биде одбиена без оглед на тоа колку сте во право.


Особена лутина има во однос на јавувањето по телефон. Патниците се жалат што секое јавување на телефон до компанијата чини околу 1 евро за минута (во некои земји се спомнува и сумата од 60 евроценти или 60 пени во Велика Британија) и тоа ова само ако ја имате таа среќа некој да крене слушалка. Еден патник кажува како потрошил дури 87 евра за телефонски јавувања, обидувајќи се на разни лица од другата страна на линијата да им објасни што е проблемот. Уште пострашно е тоа што и кога вашиот повик ќе помине, тогаш треба да чекате и тоа неретко 3,5,15 па и многу повеќе минути пред жив човек да се огласи од другата страна на линијата, а во меѓувреме сето тоа чекање го плаќате од свој џеб по нивната прескапа тарифа.


Резервирав ли билет или не? 


Следен проблем е нивниот веб сајт, кој може да ви приреди редица непријатни изненадувања. Можете да ја пополните целата резервација и на крај пред да го притиснете последното копче, системот да ве исклучи. Или вашата резервација може да помине, но може да ви се случи да добивате конфликтни одговори, како што пишува еден читател кој добивал секој ден по два мејлови од компанијата со сосема различна содржина во однос на својот лет.


За летањето со нискобуџетските компании важи едно генерално правило. А, тоа е дека за да резервирате и да купите билет преку нивниот веб сајт треба да се потсетите на вашите школски денови и процесот на резервирање да го израмните со учењето за испит или за тест на училиште. Ова значи дека треба да го прегледате нивниот веб сајт од почеток до крај, да ги прелистате сите правила, цени, постапки, можности, услуги, начини на комуникација, поднесување жалби, резервирање и слично, се додека не сте сигурни дека сте станале експерт за начинот на нивната работа и додека не ги сфатите сите права и обврски што ги имате како патник. Дури кога ќе бидете задоволни од вашето новостекнато знаење во однос на проблематиката на летање со конкретната нискобуџетска компанија, дури тогаш можете да резервирате билет и тоа спроед правилото трипати мери – еднаш сечи, што значи дека секоја буква треба да ја проверите три пати за да не направите некоја грешка.


Ставовите на патниците се разликуваат во зависност од нивните искуства. Оние што немале проблеми се генерално задоволни зашто можат евтино да патуваат. Но, ако работите не одат како што треба, тогаш проблемите со кои патниците можат да се соочат стануваат огромни и цената на трошоците за хотели, такси автомобили или купување нови билети може да стане поголема од онаа на редовните авиокомпании.


Неколку зборови за имање усул


Подолу следи избор на коментари од патници доставени до wizzairsucks.com. Веднаш сакаме да напомнеме дека овие коментари не претставуваат репрезентативен примерок од оние што се објавени на сајтот. Овде се избрани покритичките коментари со цел да послужат како еден вид информација за тоа што може се да се случи при патувањето со нискобуџетните авиокомпании и во какви се ситуации човек може да западне.


Се разбира дека сите тие треба да се земат со резерва зашто нивната вистинитост нема начин да биде потврдена. Исто така, како што веќе напомнавме, треба да се има предвид дека компанијата превезува милиони патници, а на сајтот има околу 500 коментари од кои најголем дел се критички, што е и целта на сајтот – да се создаде место каде што незадоволните патници би можеле да ги искажат своите проблеми, особено што тешко се комуницира со компанијата. Од друга страна, треба и да се биде свесен дека останатите патници, кои немаат напишано негативни коментари, се далеку побројни од оние што се жалеле.


Сепак, овие коментари, покрај тоа што пренесуваат искуства за се што може да се случи, говорат и за стравовите што ги имаат патниците. За чудење е колку има писма во кои преплашените патници се ужаснати од можните последици и бараат совет за тоа што може да им се случи зашто згрешиле една буква во презимето или зашто штиклирале погрешна опција при изборот на полот – господин (Mr.) или госпоѓа (Mrs.). Се спомнува сумата од 80 евра за корегирање на грешката. Или, пак, неколкуте писма во однос на стравувањата дека ќе им бидат наплатени дополнителни суми на пари ако рачната торбица им е поголема за еден сантиметар од дозволеното, на пример.


Со оглед на фактот што овој напис не говори најдобро за компанијата, решивме да пренесеме еден пообјективен текст од професионално списание кое се занимава со следењето на економијата во Источна Европа, BusinesNewEurope, и кој на професионален начин ја анализира компанијата. Написот можете да го најдете овде.


В. Петрески


 


 


Избор од коментари од патници од критичкиот сајт Wizzairsucks.com.


(Напомена: Нерепрезентативен избор, исказите не се проверени. За поцелосна слика проверете го сајтот. Имињата не се пренесени, зашто и онака коментарите се потишани со првото име, со кратенка, иницијали и слично. Редоследот е од најновите кон постарите)


 


12 август 2011 Сакав да резервирам лет со WizzAir... и секој пат кога ќе се обидам да го внесам мојот телефонски број... сајтот ми вели дека не точен (цифрите за кодот на државата не биле точни...) иако... цифрите од телефонскиот број и од кодот на државата се точни... што да правам? Не можам да продолжам со резервацијата без ова... имате некои идеи?


7 август 2011 Нашиот лет од Лондон Лутон до Бургас беше пренасочен кон Софија заради технички проблем. Оштетување на покривот од авионот. Седиме на тармакот повеќе од два часа. Луѓето се нервозни и овие од компанијата се толку љубезни што повторно ја изнесоа количката за да ПРОДАВААТ пијалоци. Ова е лудило. Помош!


(избор од серија коментари на иста тема) 20 јуни 2011 Здраво! Ми го откажаа летот за Истанбул, ја откажаа линијата за Истанбул целосно!!! Што да правам сега? Купив билети преку bravofly…Има ли начин да добијам друг лет преку друга компанија?


... 20 јуни 2011 Јас го имам истиот проблем и немам никаква идеја како да си ги земам парите. Bravofly  вели дека се уште не добиле пари од WizzAir. WizzAir не ни одговара на моите мејлови. Каква команија е оваа? Има ли некоја надлежна институција која може да поднесе жалба до WizzAir?


... 10 јули 2011 Јас сум во иста ситуација. Разменував мејлови и со Bravofly и со WizzAir и тие си ја пренесуваат одговорноста еден на друг. Во случајот на WizzAir јасно е дека тие ја кршат Регулативата на Европската комисија 261/2004 која се однесува на летовите и според која нам ни следува целосно враќање на парите и компензација. Има формулар кој треба да биде пополнет и поднесен до Унгарската национална управа за авијација и тие ќе го присилат WizzAir да ја почитува регулативата. Ве повикувам сите да го сторите тоа. Ако ви требаат инструкции, ве молам, контактирајте ме....


8 јуни 2011 Го пишувам ова зашто би сакала да знам дали имате било какво искуство со диманзиите на багажот кој може да се земе со себе во кабината на авионот. Веб сајтот на WizzAir вели 55х40х20 сантиметри. Мојот проблем е што јас не ги исполнувам овие критериуми за 1 до 3 сантиметри. Сметате ли дека ова ќе биде проблем? Јас сум прилично сигурна дека ќе можам да ја стегнам торбицата да стане помала за 2 сантиметри, но повторно ќе биде на граница. Затоа би сакала да знам дали WizzAir има свои држачи со овие димензии и дали можеби ќе можам да ја турнам торбицата ако применам поголема сила. Благодарам. П.С. Аеродром Прага.


3 февруари 2011 НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, МОЕТО ПОСЛЕДНО ПАТУВАЊЕ СО WIZZAIR Резервирав лет од Осло до Вроцлав за себе и за тројца пријатели и платив преку банкарски трансфер. Ги префрлив парите во рок од 24 часа откако извршив резервација. WizzAir пишува на нивниот сајт дека парите треба да се појават на нивната сметка во рок од 5 дена најдоцна и дека патникот ќе добие потврда за резервацијата. 10 дена поминаа оттогаш и мојата резервација е се уште на чекање. Се обидов да телефонирам преку нивниот скап телефонски број за односи со корисници, но се откажав по 20 минути чекање. Потоа им пратив мејл, но добив автоматски генерирана порака во која се вели дека ќе го најдам одговорот на моето прашање на нивниот веб сајт, а ако не тие ми препорачуваат да се јавам на телефонот за односи со корисниците!!! Се прашувам што ќе се случи со моите пари ако тие ја откажат мојата резервација (со оглед на тоа што нивните договорни услови за работа велат дека тоа ќе се случи ако не успеат да ги добијат парите што им се трансферирани). Дали ќе ги добијам моите пари назад или ова е само грабеж насред бел ден?  


28 јануари 2011 Резервирав лет од Велика Британија за Полска со WizzAir. Две недели подоцна добив мејл во кој се вели дека „терминот на летот е променет.“ Го проверив новото време на летање. Испаѓа дека станува збор само за следниот подоцнежен лет. Со други зборови, тие се обидоа да ме префрлат од мојот резервиран лет на следниот без да имаат доблест да го признаат тоа! Ова не е добар почеток, јас уште не сум ни патувал со нив!


23 октомври 2010 Неодамна на мојата сопруга и ќерка не им беше дозволен пристап до нивниот лет од Киев до Лондон. Нивниот багаж веќе беше ставен во авионот. Немаше никакво оправдување за ова. Морав да купам нови билети по цена од 600 британски фунти. Имав и други трошоци. Оваа авиокомпанија е за срамота. Што побрзо ја затворат тоа подобро. НИКОГАШ повеќе не би ги користел.


16 октомври 2010 Се прашувам дали некој може да ми даде совет, ве молам. Тукушто резервирав билет преку WizzAir, но погрешно напишав една буква во името на патникот. Веб сајтот ми бара 80 британски фунти за да го смени името. Се чувстувам ужасно – не сум сигурен што да правам. Се обидов да телефонирам неколкупати по цена од 75 пени (0,75 британски фунти – н.з.) за минута на нивната линија за помош и на бројот кој почнува со +36, но откако се изнаслушав повеќе јазици и музика неколку минути, бев исклучен. Јас бев толку голем поборник на компанијата и летав со нив често, но сега сум многу вознемирен после ова искуство. Би ценел секаков совет ако можете да ми го дадете.


17 ноември 2009 Со сопругата поминавме 8 часа на аеродромот во Будимпешта на 16 ноември 2009 година без апсолутно никакви информации од WizzAir или било кое друго официјално лице на аеродромот. Мојот лет за Малме беше постојано одложуван за 30 минути, па за 1 час во текот на целиот ден. Претставникот на WizzAir си замина во текот на последните 3 часа и патниците не можеа да стапат во контакт со никого од компанијата. Две лица беа настинати и им требаше лекарска помош по 6 часа чекање на аеродром. Тие добија лекарска помош преку лицата од обезбедувањето на аеродромот. WizzAir на ова не обрати никакво внимание. Двајца претставници дојдоа во еден момент и ни поделија ваучери во вредност од 4 евра со кои можевме да купиме сок или сендвич (не двете). Сите компании можат да ги одложат летовите, но ваквиот недостиг од информации и одговорност кон патниците навистина не уплаши. Ова е последен пат јас и моето семејство да ја користиме оваа одвратна компанија.


12 ноември 2009 Веќе по вторпат WizzAir го смени мојот лет (за истата резервација) – и, се разбира, нивните нови предложени датуми за летање се смешни, па јас се обидувам да им се јавам на новиот телефонски број на кој се наплаќа повикот и што се случува – никој не ја крева слушалката. Дури ни автомат да ми каже да почекам додека некој не се ослободи..


28 август 2009 Само што бев исфрлен од летот на WizzAir за Варшава зашто ми е потребен кислород!! На нивниот веб сајт се вели дека тие транспортираат патници кои користат медицински кислород, а и јас проверив пред да извршам резервација, но тие сега го сменија мислењето. Јасно е дека WizzAir не сака патници со медицински хендикеп да им прават мешаница во нивните нови авиони! 


26 август 2009 ПОМОООООООООООШ!!!!!! Ми треба помош... Ние сме двајца пријатели од Грција и се обидуваме да резервираме 2 карти од Солун до Прага преку WizzAir, ама проблемот е во тоа што системот на го прифаќа презимето на мојот пријател. Тоа има 16 букви, а системот прифаќа презимиња само до 14 букви. Дали да ги напишам само првите 14 или ќе имам проблеми за време на чекирањето?...


5 мај 2009 WizzAir се крадци. Резервиран и платен билет до Лвив за 17 мај 2009 година беше откажан по мејл кој стигна на 28 април. Ни збор објаснување зошто. Нема враќање на парите. Нема лет за замена. Мејловите испратени на адресата за односи со корисници се враќаат назад. На нивниот телефон, за кој се плаќа, никој не одговара. Wizz значи – „ Wizz ги сака вашите пари.“ Избегнувајте ги по СЕКОЈА цена.


5 мај 2009 Загреб-Лондон Лутон. Патниците се качија со 20 минути задоцнување. Патниците беа симнати од авионот. Објавен е еден час доцнење. После 5 часа две сосема различни информации – оператор 1 – патниците ќе се качат секој момент, оператор 2 – летот не е откажан, туку е технички одложен. Дојдете утре во 5 часот наутро. Летот е закажан за 8 часот наутро. WizzAir не организираше хотелско сместување и транспорт за патниците. Има неколку деца – на околу 3-годишна возраст. Нема претставник на WizzAir на аеродромот. Аеродормот Загреб не презеде никаква иницијатива да им помогне на патниците. WizzAir нема телефонски број на својот веб сајт на кој патниците во Хрватска би можеле да телефонираат. Тие требаше да им се јават на свои пријатели од Велика Британија – еден пријател потроши 150 фунти за да ги дознае најновите информации, кои и онака беа комплетна лага од луѓето во кол центарот, кои едвај зборуваа англиски. Типична игнорантност кон патниците. Авионот полета во 4 часот попладне – со 24 часа задоцнување. WizzAir ги изманипулира патниците, вработените на аеродромот и едноставно ги пикна во ист авион патниците од два различни денови.

http://www.time.mk/read/ba6a3a82f7/9a65c56e92/index.html
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #4180 Posted: 21-Aug-2011 at 00:52
http://www.flypgs.com/

Skopje (SKP)   Istanbul - S.Gokcen (SAW)

20.09 - 29,99 ЕВРА
враќање
27,09 - 38,99 ЕВРА

Прочачкајте прво после зборете. Ова е само 1 пример. Многу лесно може да се најде лет со цена од 30 евра. Само не избирајте Ататурк туку Гокчен! Ако бирате Ататурк летот е преку Измир и не не е 30 евра, а и не е паметен избор кога веќе има директен.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 207208209210211 242>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.719 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.