build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 186>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Авиокомпании и линии
    Posted: 13-Dec-2017 at 20:50
Уште еден потрес по Air Berlin и Monarch, следен на листа е изгледа Fly Niki - на 24.12.2017 ги прекинуваат сите операции...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Dec-2017 at 10:55
Гледам убав муабет се свртил. Ќути има едно место на македонскиов интернет каде што се размислува пред да се каже нешто. Особено би се согласил со постот на Cloverstack од погоре.

Статијата на СакамДаКажам е тешка глупост и одличен пример за
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 752
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Dec-2017 at 01:47
Зелениково, прво и основно нашата железничка врска со средна и западна европа е многу бавна и нема многу флексибилност. Во моментов повеќе опции имаш со авион него со возови. Второ делот кој идат туристички за да шетаат е релативно мал бидејќи тоа е поскапо отколку целно да се иде на едно место каде имаш познат и не треба да плаќаш за сместување.
Трето целиот туристички аспект на патувањето е реално од секундарно значење за младите и социо/економскиот развој на младите. Тоа што е примарно е дека со многу поголема пристапност до брз транспорт до европски центри на младите а и не толку младите се овозможува многу поголема размена на информации и пред се искуства, кои отвараат многу повеќе можности и идни колаборации него претходно. А со сето тоа многу побрз развој и побрзо имплементирање на придобивките на другите нации во нашето општество.


Edited by mirakuliks - 07-Dec-2017 at 01:48
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Dec-2017 at 17:38

втора причина беше младите да скитнат тро отповеќе, но не и примарна кога ја фрлаа субвенцијава, а оние кои скитнуваат верувај ко студенти поефтина им е железничката опција низ еу, ем директно си во центар на град [1] во принцип самата визна леберализација е доволна спона за масовна емиграција на младите, а не пак евтини авио билети, нели битна ни е демографијата, та ко држава треба се да направиме истата да е што потешка, она наместо на интервју во МКД месечно на интервју низ ЕУ ...

јас невелам дека не треба субвенции, туку дека овие патничките авионски таргетирани како туристички немаат голем ефект, а кога тој камен би се вложил во Каргото или пак лобирање кај кинезите за што побрзо да пуштат хај-спид железничка пруга од Солун до Будимпешта ... а и тогаш од туризам тнко дека ќе видиме особен аир, со оглед оскудната понуда и на атракции и на сместувачки капацитети, попрво балканци би не преплавиле заради ивенти ко Пиво и Вино Фестивали него што оние донесени авионски ќе ни наполнат џебои ...

е сега сосем друго е кога ќе прејдат во државна сопственост аеродромите, а тогаш и ќе разберев да се помагаат авио компании, субвенционирајќи ги пр. околу аеродромските такси, а во кој случај пак попаметно ќе биде заради безбедносна логика да одиме со што помал број комшиски патници, него ко улави да бркаме бројки ...


Edited by Zelenikovo - 06-Dec-2017 at 17:38
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Dec-2017 at 17:21
Да не беше Wizz младите во македонија сем на екскурзија по дипломирање немаше ништо повеќе од Еврпа да видат. Без тоа нема напредок на маладината - гетоизирање.
За споредбата очигледно не си сватил изгледа што сакав да кажам, да не се повтарам...
Заеби туризам за нашите се работи. Кога децата ќе сватат дека светот не завршува во Грција потребите ќе им се променат, а и барањата од властите за напредни идеи.
Субвенции се краткорочна мерка на држава за да стави некоја индустрија или дејност на здрави нозе или да и помогне после криза, а не социјална издршка на непродуктивните долгорочно.
Земја отсечена од светот бевме до пред неколку години, види со колку метрополи сме сега поврзани.
А дали се празни авионите на Wizz и субвенциите се залудни прашај ги најупатените на форумов.

Edited by alexsend - 06-Dec-2017 at 17:26
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Dec-2017 at 14:05
Originally posted by alexsend

Еве мене ама ич не ми одговараат субвенциите за земјоделие, немам апсолутно ништо од нив, ама не плачам што минатава деценија милијарда евра се одлеани таму.

кај најде да споредуваш земјоделие со патнички аеро транспорт и тоа субвенции за една компанија ... прво од земјоделие ни живее активно 4-тина од население [1] а од нив зависи уште една 4-тина, само од тутун живеат 200к сограѓани по ваков аршин ... субвенците вака земено по 150 милиона годишно се ништо доколку сакаме мјоделието да ет економски столб во земјава ...

авионскиот сообраќај е неопходен, но оние кои го користат како бизнис услуга, ќе си го користат и да не е субвенциониран, ако се сеќавате дпмне ја промовира оваа авио субвенција пред се заради туристички спин, а дури потем релаксација за нас, но и да има од него фајде вака, кога кај нас не доаѓаат елитни туристи него бекпакери, та и немаме некој особен аир од ваквата интервенција, иако долгорочно имаме потенцијал, сепак споредено со земјоделско производство далеку е денот кога како гранки ќе се изедначат во профитабилност ...
Some countries, and more particularly regions, also seek to encourage tourism through subsidising aviation, or more likely, aviation infrastructure. Thus several regions in Europe have sought to increase tourism by subsidising airport use of low- cost airlines.
https://books.google.mk/books?id=8iTIvCasZV4C&lpg=PA242

вака земено, аир од туризам ќе имаме само кога би извадиле озбилна рурална понуда, та да очекуваме што поголем број гости да останат и повеќе од два дена, а до тогаш подобро ови субвенции да ги даваат за земјоделскиот и индустрискиот Карго транспорт, е пр. извоз на мед во Кина, или пак нека ги пренасочат во пуштање нов Аеродром во Пелагонија ...

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Dec-2017 at 10:24
Не барајте тука логики и правила. Просто е. Дали нас ни одговара или не ни одговара?
Еве мене ама ич не ми одговараат субвенциите за земјоделие, немам апсолутно ништо од нив, ама не плачам што минатава деценија милијарда евра се одлеани таму. Така и за оваа тема, супер е што има субвенции и мора да продолжат! Од ова имам и јас некој аир, а и е промоција на државата со оглед на тоа што името Скопје е изпишано на аеродромите низ 40 градови од светот. Поврзани сме повеќе од кога и да е!!! Факт!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
bulaov View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote bulaov Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Dec-2017 at 06:56
Целосно се сложувам,посебно во делот дека единствениот проблем и плачки нјгласно реагира Приштина,затоа што има доста наши што патуваат од таму ( и јас сум патувал ) , па претпоставувам им се намалува бројот и плус секако за муабетот дека конкуренцијата ќе биде во корист крајно на потрошувачите .
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 752
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Dec-2017 at 02:14
Нажалост написот на СДК има доста пропусти и спинувани информации. Доволно е авторот да седнел и да ја прочитл детално оваа и уште две три гранки од овој форум каде што малтене секојдновно ја следиме ситуацијата со авиособраќајот и авиопревозниците во државава за да можел да напише поодмерен и пореален напис.
На овој форум имаме големо богатство на инсајдерски информации кои даваат светлина на многу ситуации во македонскиот авиосообраќај кои доста често се делумно или погрешно пренесени во јавните медиуми.
Во однос на диверзификација на субвенциите можеби добро би било новата влада да се обиде да отворено да испрати покана и до другите нискобуџетни компании. Мнаогупати е кажано на форумов дека од конкуренцијата само потрошувачите ќе имаат корист.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Dec-2017 at 01:16
Originally posted by kiriOK

Ова субвенционирање кога тогаш ќе мора да секне...а со тоа веројатно и скоро сите линии од Визер,ќе останат 2-3 кои им се реално рентабилни.
Пример во ЕУ ако си член е забренето секакво субвенционирање на инвеститори,поради нарушување на конкуренцијата и спречување на изградба на здрава економија.


1. Не сум експерт на темава, ама мислам дека субвенционирањето е за нови линии, односно додека линијата не заживее, или за ризикот доколку не успее. Со оглед на развојот на настаните со ВизЕр (еве завршува вториот тригодишен пакет субвенции), јасно е дека сите или речиси сите досегашни линии им се рентабилни. Новиот пакет субвенции ќе се однесува на нови дестинации. Нека ме исправи некој поупатен ако грешам.

2. Субвенционирањето во ЕУ, а и пошироко, е подложно на безброј двојни стандарди и лицемерие. Често се работи за сива зона, а и кога не е сива зона, интересите се над принципите. Еве во моментов ми текнува, малку ли државни субвенции добиле Луфтханса, Бритиш, Ер Франс... Во нашиов случај, да субвенциониравме компании на штета на ЕУ, сигурно ќе имавме проблеми. Ама ние субвенционираме ЕУ компанија и тоа на отворен оглас на којшто можела субвенциите да ги земе било која заинтересирана компанија. Губитник во ситуацијава и најгласен противник на нашите субвенции е Приштина, ама не сум убеден дека во ЕУ многу се возбудија поради нивните протести. На крајот на краиштата еве и Приштина почна со некакви субвенции.


Edited by Cloverstack - 06-Dec-2017 at 01:22
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Dec-2017 at 22:23

субвенционирање странски превозник заради наши интереси е помалку оштроумно него тоа да е случај ако имавме национален превозник, камо МАТ порано да имаа вакви тапшања по рамо како дополнителна помош ... но заради поголема фреквентност на македонци и заради наш џеб кога веќе немаме свои авиокомпании, негледам зошто да не се мотивираат странски, но не ексклузивно една ... сепак кога во државава има мал милион поприоритетни таргет групи, оваа чинам е последна, освен ако навистина не се потрпреме на туризмот како главна доходовна гранка во државава, бар дпмне од овој аспект ја промовира субвенцијата ...

јас сум попрво за субвенционирање линии каде има најмногу македонска емиграција, ко Торонто, Детроид, Синднеј, Мелбурн, Лондон, Дизелдорф итн. а ВизЕр единствено ја покрива последнава дестинација, чинам нема директен лет нитндо Палермо ко најблизок аеродром до Пјаченца ... реално нам ни е во интерес што помалку македонци да можат да скубнат од земјава а што повеќе да се враќаат, па од тој аспект би можело да се субвенционираат само повратни летови, но така нели во транс ќе припаднат оние млади кои можат да си дозволат да скитнат надвор од државава, а и поскапо би било сервисирање повеќе нормални, него една нискобуџетна компанија, заради што и ова со ВизЕр е некое компромисно решение, но нека ги принудат на продолжување на договорот доколку ете пуштат бар уште неколку директни летови, како Палермо или Малме, или други наши иселенички центри како поприоритетни ... конечно добар дел од нашатанкуповна моќ се потпира токму на иселениците, та можеме бар малку од малку за тоа да им се раздолжиме, ако може така да се каже ...


Back to Top
bulaov View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote bulaov Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Dec-2017 at 20:33
Извинете што улетувам како џокер у покер во дискусијава, но како лаик и просечен граѓанин на МК ,да не беа субвенциите и летовите на Визз , тешко дека јас,а истовремено и илјадници други сограѓани ќе имаа можност да посетат некоја европска дестинација ,дали како туристи, дали службено, кај роднини и сл. Искрено гледајќи си го македонскиот џеп и визз ер не е премногу евтин, но се јаде некако. Така да искрено не знам зошто толку им боде очи Визз на македонциве,(не е поентата,само да се хејта) не била фер политиката и слично.Тие самите што го критикуваат принципот ги користат услугите. Фала богу овој модел на субвенционирање не го измислиле нашиве,туку е пракса насекаде низ светот. Како што и си пишува,си има отворен повик секоја компанија да се пријави, епа бујрум . Убаво ќе биде , секако да се донесе некој како EasyjET, и слични, но и Визз да си остане.
п.с. Кога некој веќе спомна за Свисс и Женева, вака до поупатените , има ли некакви минимални шанси да се врати таа линиија, па макар и со друга компанија ?
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Dec-2017 at 16:53
Originally posted by kiriOK

Ова субвенционирање кога тогаш ќе мора да секне...а со тоа веројатно и скоро сите линии од Визер,ќе останат 2-3 кои им се реално рентабилни.
Пример во ЕУ ако си член е забренето секакво субвенционирање на инвеститори,поради нарушување на конкуренцијата и спречување на изградба на здрава економија.


Те молам воздржи се од коментари, барем каков овој последниот....
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 298
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Dec-2017 at 16:16
Ова субвенционирање кога тогаш ќе мора да секне...а со тоа веројатно и скоро сите линии од Визер,ќе останат 2-3 кои им се реално рентабилни.
Пример во ЕУ ако си член е забренето секакво субвенционирање на инвеститори,поради нарушување на конкуренцијата и спречување на изградба на здрава економија.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 261
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Dec-2017 at 11:59
sakam (da) kazam neznam recam

ova so Alitalia nema mnogu veze od prosta pricina  sto samo oni letaa do Rim , same for Swiss i Geneva ( diskutabilno e dali nemanjeto na dovolno transferni patnice na Alitalia se dolzi na Wizz ili na pomalku cudniot schedule koi go imaa AZ)

a jadni Чех ерлајнс jos su tu




Edited by gorazd - 05-Dec-2017 at 12:10
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Dec-2017 at 11:50
Алиталија не се повлече поради субвенциите, Чех не е повлечен туку лета сезонски, свис ниту во еден момент не се повлекол, од тоа ќе заклучиме дека текстописецот е обичен лаик и дека не станува збор за искрени намери, туку побуди од дрги(материјални) интереси!!!
Париии батоо париии! )
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3225
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Dec-2017 at 11:35
САКАМ ДА КАЖАМ удри по Виз ер масовно

НЕМАМЕ НАМЕРА СО ПОМОШТА ЗА ВИЗ ЕР ДА ГИ ИЗБРКАМЕ ДРУГИТЕ КОМПАНИИ, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА

Владата на Зоран Заев планира по истиот урнек како и Владата на Никола Груевски да продолжи со субвенции за нискобуџетни летови кон македонските аеродроми, иако со тоа се нарушува конкуренцијата меѓу европските играчи во авиосообраќајот.

Вчера министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски најави дека и в година Владата ќе одвои 1,7 милиони евра како поддршка на проектот за финансиска поддршка за нови дестинации. Од Министерството изјавија дека од Европската комисија во Брисел нема стигнато никаква забелешка за владините субвенции во авиосообраќајот, иако минатата година од Европската комисија за транспорт и регионална политика потврдија дека се загрижени за форсирањето на само една компанија со пари на даночните обврзници и ставањето на други субјекти во нерамноправна положба на пазарот.

ЕУ ПОЧНАЛА ИСТРАГА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ВИЗЕР
Станува збор за унгарската компанија Визер која добива владини субвенции од 2012 година.

Министерот Горан Сугаревски на претставувањето на Буџетот за 2018 година рече: „Со оглед на тоа дека договорот со актуелната компанија која добива финансиска поддршка од Владата истекува во 2018 година, планираме да распишеме нов јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани нискобуџетни компании“.

На нашето прашање дали со форсирањето на нискобуџетни превозници кои не летаат до големи центри, туку до помали алтернативни аеродроми, Владата има стратегија и Скопскиот аеродром да го промовира како нискобуџетен, од Министерството за транспорт и врски за САКАМДАКАЖАМ.МК одговорија дека со субвенционирањето на нискобуџетните летови не им е цел да ги избркаат редовните авиопревозници, туку да понудат повеќе дестинации на македонските граѓани.

Од Кабинетот на министерот Сугаревски велат: „Стратешка цел на Владата е да овозможи раст и развој на воздушниот сообраќај во земјава и токму за таа цел имаме намера и во наредниот период да овозможиме финансиска поддршка за нискобуџетни авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани преку пониски цени на авиобилетите“.

Но, редовните авиокомпании кои летаат кон големите аеродроми во Европа од каде можат да се фатат конекции за прекуоекеански летови си заминуваат. Минатата година од македонскиот пазар се повлекоа италијанската „Алиталија“, швајцарската „Свис“ и чешката „Чех ерлајнс“.

Другите компании што останаа да оперираат од Скопскиот аеродром обвинуваат за нетранспарентно делење на субвенциите, со што тие ставаат во нерамноправна положба наспроти субвенционираниот унгарски превозник. Во нерамноправна положба се и патниците на тие компании, што платиле цена со сите додатоци за аеродромска услуга, наспроти патниците на „Виз ер“ на кои дел од картата им ја плаќаат сите останати граѓани на Република Македонија. Практично, македонските даночни обврзници им ги плаќаат и картите на патниците од Косово и од јужна Србија затоа што се субвенционираат сите патници на Визер а не само носителите на македонски пасоши.

Настрана што и Владата на Заев уште го држи во тајност договорот за концесија што Владата на Груевски ја потпиша со ТАВ, а и ТАВ не го објавува договорот што го има со „Визер“. Цената на аеродромските такси што ги плаќа „Визер“ воопшто не се изразени во фактурата што ја добиваат патниците, како што е случај со цените на картите на другите компании.

ТАВ НЕ КОМЕНТИРА ДАЛИ ВЛАДИНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ВИЗЕР ГИ ИЗБРКАА АЛИТАЛИЈА И ЧЕХ ЕРЛАЈНС
Унгарската „Виз ер“ минатата година оствари 54,8 проценти од целиот сообраќај на Скопскиот аеродром, што ја прави компанија број 1 во Македонија. Успехот делумно се должи на субвенциите што приватната унгарска компанија ги добива од буџетот на македонските граѓани по две основи – еднократно за секоја нова дестинација и плус за секое продадено седиште.

Во Министерството за транспорт не гледаат проблем во нелојалната конкуренција која имаат намера да ја поттикнуваат по урнекот на Владата на Груевски. Велат дека напротив, со субвенциите ќе го развиваат авиосообраќајот.

„Согласно програмата на Владата, Охридскиот аеродром ќе го промовираме во нискобуџетен аеродром, односно аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат евтини летови за бројни атрактивни дестинации. Владата нема намера да воспостави нелојална конкуренција, наспроти тоа, со ова се овозможува развој на авиосообраќајот во Република Македонија како и искористување на капацитетите на аеродромите во Скопје и Охрид“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Претставник на австриската авиокомпанија Аустриан ерлајнс, дел од групацијата Луфтханза лани во мај ја обвини македонската влада дека поттикнува нелојална конкуренција во авиосообраќајот. Претставка до Брисел има испратено Приштинскиот аеродром.

АВСТРИСКАТА АВИОКОМПАНИЈА ЈА ОБВИНИ МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА
Од кабинетот на министерот Сугаревски велат дека до Министерството за транспорт и врски нема пристигната никаква официјална реакција од страна на Европската Комисија во врска со преставки

Сепак, Европската комисија (ЕК) уште на почетокот на 2016 година почнала истрага во врска со субвенциите што македонската влада ги дава на унгарската компанија Виз ер и побара од македонските власти информации за поттикнување на нелојална конкуренција што може да го наруши договорот за Европскиот заеднички воздухопловен простор (ЕЕАЦ), чиј потписник е и Македонија.

БРИСЕЛ ЗАГРИЖЕН ЗА СУБВЕНЦИИТЕ ШТО МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ГИ ДАВА НА ВИЗ ЕР
Субвенциите за одредени авиокомпании како проблем се споменуваат и во извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/nemame-namera-pomoshta-za-viz-er-da-gi-izbrkame-drugite-kompanii-velat-od-vladata/
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Dec-2017 at 14:38
Извадок од денешното излагање на Сугаревски по повод презентацијата на предлог буџетот на Мин. за Транспорт:

И следната година продолжуваме со проектот за финансиска поддршка за нови дестинации во авиосообраќајот. Со Буџетот се предвидени 104 милиони денари.

http://mtc.gov.mk/sugareski-budzetot-za-2018-od-gragjanite-i-za-gragjanite-najmnogu-pari-za-kapitalni-proekti

Edited by Obedineta Makedonija - 04-Dec-2017 at 14:40
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Dec-2017 at 12:58
Originally posted by pbanks

Што е со летот на Виз за Венеција Марко Поло. Гледам некои летови за Јуни 2018 во тој регион, за другите линии ми враќа резултати, за Марко Поло ништо. Да не има некоја најава за укинување?



Марко Поло беше резервна опција за оваа година мај/јуни поради реконструкција на полетнос-слетната патека на Тревизо и тој период се леташе до Марко Поло по нормализирање на работите повторно се врати Тревизо а Венеција останала во систем дур не ја тргнат.
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Dec-2017 at 11:40


Што е со летот на Виз за Венеција Марко Поло. Гледам некои летови за Јуни 2018 во тој регион, за другите линии ми враќа резултати, за Марко Поло ништо. Да не има некоја најава за укинување?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 186>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.391 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.