build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 184185186
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3701 Posted: 06-Dec-2017 at 01:16
Originally posted by kiriOK

Ова субвенционирање кога тогаш ќе мора да секне...а со тоа веројатно и скоро сите линии од Визер,ќе останат 2-3 кои им се реално рентабилни.
Пример во ЕУ ако си член е забренето секакво субвенционирање на инвеститори,поради нарушување на конкуренцијата и спречување на изградба на здрава економија.


1. Не сум експерт на темава, ама мислам дека субвенционирањето е за нови линии, односно додека линијата не заживее, или за ризикот доколку не успее. Со оглед на развојот на настаните со ВизЕр (еве завршува вториот тригодишен пакет субвенции), јасно е дека сите или речиси сите досегашни линии им се рентабилни. Новиот пакет субвенции ќе се однесува на нови дестинации. Нека ме исправи некој поупатен ако грешам.

2. Субвенционирањето во ЕУ, а и пошироко, е подложно на безброј двојни стандарди и лицемерие. Често се работи за сива зона, а и кога не е сива зона, интересите се над принципите. Еве во моментов ми текнува, малку ли државни субвенции добиле Луфтханса, Бритиш, Ер Франс... Во нашиов случај, да субвенциониравме компании на штета на ЕУ, сигурно ќе имавме проблеми. Ама ние субвенционираме ЕУ компанија и тоа на отворен оглас на којшто можела субвенциите да ги земе било која заинтересирана компанија. Губитник во ситуацијава и најгласен противник на нашите субвенции е Приштина, ама не сум убеден дека во ЕУ многу се возбудија поради нивните протести. На крајот на краиштата еве и Приштина почна со некакви субвенции.


Edited by Cloverstack - 06-Dec-2017 at 01:22
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 752
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #3702 Posted: 06-Dec-2017 at 02:14
Нажалост написот на СДК има доста пропусти и спинувани информации. Доволно е авторот да седнел и да ја прочитл детално оваа и уште две три гранки од овој форум каде што малтене секојдновно ја следиме ситуацијата со авиособраќајот и авиопревозниците во државава за да можел да напише поодмерен и пореален напис.
На овој форум имаме големо богатство на инсајдерски информации кои даваат светлина на многу ситуации во македонскиот авиосообраќај кои доста често се делумно или погрешно пренесени во јавните медиуми.
Во однос на диверзификација на субвенциите можеби добро би било новата влада да се обиде да отворено да испрати покана и до другите нискобуџетни компании. Мнаогупати е кажано на форумов дека од конкуренцијата само потрошувачите ќе имаат корист.
Back to Top
bulaov View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote bulaov Quote  Post ReplyReply #3703 Posted: 06-Dec-2017 at 06:56
Целосно се сложувам,посебно во делот дека единствениот проблем и плачки нјгласно реагира Приштина,затоа што има доста наши што патуваат од таму ( и јас сум патувал ) , па претпоставувам им се намалува бројот и плус секако за муабетот дека конкуренцијата ќе биде во корист крајно на потрошувачите .
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3704 Posted: 06-Dec-2017 at 10:24
Не барајте тука логики и правила. Просто е. Дали нас ни одговара или не ни одговара?
Еве мене ама ич не ми одговараат субвенциите за земјоделие, немам апсолутно ништо од нив, ама не плачам што минатава деценија милијарда евра се одлеани таму. Така и за оваа тема, супер е што има субвенции и мора да продолжат! Од ова имам и јас некој аир, а и е промоција на државата со оглед на тоа што името Скопје е изпишано на аеродромите низ 40 градови од светот. Поврзани сме повеќе од кога и да е!!! Факт!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3705 Posted: 06-Dec-2017 at 14:05
Originally posted by alexsend

Еве мене ама ич не ми одговараат субвенциите за земјоделие, немам апсолутно ништо од нив, ама не плачам што минатава деценија милијарда евра се одлеани таму.

кај најде да споредуваш земјоделие со патнички аеро транспорт и тоа субвенции за една компанија ... прво од земјоделие ни живее активно 4-тина од население [1] а од нив зависи уште една 4-тина, само од тутун живеат 200к сограѓани по ваков аршин ... субвенците вака земено по 150 милиона годишно се ништо доколку сакаме мјоделието да ет економски столб во земјава ...

авионскиот сообраќај е неопходен, но оние кои го користат како бизнис услуга, ќе си го користат и да не е субвенциониран, ако се сеќавате дпмне ја промовира оваа авио субвенција пред се заради туристички спин, а дури потем релаксација за нас, но и да има од него фајде вака, кога кај нас не доаѓаат елитни туристи него бекпакери, та и немаме некој особен аир од ваквата интервенција, иако долгорочно имаме потенцијал, сепак споредено со земјоделско производство далеку е денот кога како гранки ќе се изедначат во профитабилност ...
Some countries, and more particularly regions, also seek to encourage tourism through subsidising aviation, or more likely, aviation infrastructure. Thus several regions in Europe have sought to increase tourism by subsidising airport use of low- cost airlines.
https://books.google.mk/books?id=8iTIvCasZV4C&lpg=PA242

вака земено, аир од туризам ќе имаме само кога би извадиле озбилна рурална понуда, та да очекуваме што поголем број гости да останат и повеќе од два дена, а до тогаш подобро ови субвенции да ги даваат за земјоделскиот и индустрискиот Карго транспорт, е пр. извоз на мед во Кина, или пак нека ги пренасочат во пуштање нов Аеродром во Пелагонија ...

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3706 Posted: 06-Dec-2017 at 17:21
Да не беше Wizz младите во македонија сем на екскурзија по дипломирање немаше ништо повеќе од Еврпа да видат. Без тоа нема напредок на маладината - гетоизирање.
За споредбата очигледно не си сватил изгледа што сакав да кажам, да не се повтарам...
Заеби туризам за нашите се работи. Кога децата ќе сватат дека светот не завршува во Грција потребите ќе им се променат, а и барањата од властите за напредни идеи.
Субвенции се краткорочна мерка на држава за да стави некоја индустрија или дејност на здрави нозе или да и помогне после криза, а не социјална издршка на непродуктивните долгорочно.
Земја отсечена од светот бевме до пред неколку години, види со колку метрополи сме сега поврзани.
А дали се празни авионите на Wizz и субвенциите се залудни прашај ги најупатените на форумов.

Edited by alexsend - 06-Dec-2017 at 17:26
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3707 Posted: 06-Dec-2017 at 17:38

втора причина беше младите да скитнат тро отповеќе, но не и примарна кога ја фрлаа субвенцијава, а оние кои скитнуваат верувај ко студенти поефтина им е железничката опција низ еу, ем директно си во центар на град [1] во принцип самата визна леберализација е доволна спона за масовна емиграција на младите, а не пак евтини авио билети, нели битна ни е демографијата, та ко држава треба се да направиме истата да е што потешка, она наместо на интервју во МКД месечно на интервју низ ЕУ ...

јас невелам дека не треба субвенции, туку дека овие патничките авионски таргетирани како туристички немаат голем ефект, а кога тој камен би се вложил во Каргото или пак лобирање кај кинезите за што побрзо да пуштат хај-спид железничка пруга од Солун до Будимпешта ... а и тогаш од туризам тнко дека ќе видиме особен аир, со оглед оскудната понуда и на атракции и на сместувачки капацитети, попрво балканци би не преплавиле заради ивенти ко Пиво и Вино Фестивали него што оние донесени авионски ќе ни наполнат џебои ...

е сега сосем друго е кога ќе прејдат во државна сопственост аеродромите, а тогаш и ќе разберев да се помагаат авио компании, субвенционирајќи ги пр. околу аеродромските такси, а во кој случај пак попаметно ќе биде заради безбедносна логика да одиме со што помал број комшиски патници, него ко улави да бркаме бројки ...


Edited by Zelenikovo - 06-Dec-2017 at 17:38
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 752
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #3708 Posted: 07-Dec-2017 at 01:47
Зелениково, прво и основно нашата железничка врска со средна и западна европа е многу бавна и нема многу флексибилност. Во моментов повеќе опции имаш со авион него со возови. Второ делот кој идат туристички за да шетаат е релативно мал бидејќи тоа е поскапо отколку целно да се иде на едно место каде имаш познат и не треба да плаќаш за сместување.
Трето целиот туристички аспект на патувањето е реално од секундарно значење за младите и социо/економскиот развој на младите. Тоа што е примарно е дека со многу поголема пристапност до брз транспорт до европски центри на младите а и не толку младите се овозможува многу поголема размена на информации и пред се искуства, кои отвараат многу повеќе можности и идни колаборации него претходно. А со сето тоа многу побрз развој и побрзо имплементирање на придобивките на другите нации во нашето општество.


Edited by mirakuliks - 07-Dec-2017 at 01:48
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3709 Posted: 08-Dec-2017 at 10:55
Гледам убав муабет се свртил. Ќути има едно место на македонскиов интернет каде што се размислува пред да се каже нешто. Особено би се согласил со постот на Cloverstack од погоре.

Статијата на СакамДаКажам е тешка глупост и одличен пример за
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3710 Posted: 13-Dec-2017 at 20:50
Уште еден потрес по Air Berlin и Monarch, следен на листа е изгледа Fly Niki - на 24.12.2017 ги прекинуваат сите операции...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 184185186

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.