build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 192193194195196 203>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 389
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3861 Posted: 13-Jun-2018 at 16:09
Туку, за подобро да го разберете алгоритмот, ај едно теоретско прашање од yield management:

Дали е подобро да расте цената како што расте побарувачката, па цената да биде највисоката која купувачите се спремни да ја платат во секој даден момент и седиштата да се продаваат рамномерно, или да се распродадат билетите по пониската цена па да нема веќе седишта за купување?
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1545
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #3862 Posted: 13-Jun-2018 at 17:27
Originally posted by kiriOK

Цените на Визер се прилично покачени,во тоа највеќе се согласувам...а како човек кој живее во странство и ги следи летовите буквално на дневна база веќе неколку години можам да кажам дека доста се искурназија пред се поради немањето ама баш никаква конкуренција.

Истотака како негативен новитет кај нив сум го забележал тоа дека цените се менуваат по неколку пати во рамки на денот,додека порано една цена се задржуваше цел ден...ова не сум прател дали им е универзална пракса или само за македонски пазар.
Vnimavaj sto pisuvas, nekoj moze da ti se naluti
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3863 Posted: 14-Jun-2018 at 11:01

Знам дека се шегуваш, но токму ваков тип на комуникација одвраќа луѓе да се вложат во поквалитетна дискусија. Еве во случајот Tranquilis ќе издвои од своето време да напише пост со сериозни информации и аргументација од прва рака, за на крај сето тоа да заврши на мајтап.

Не е работата дали некој се лути или не, работата е да се информираме и да учиме од овие разговори а не да седиме во своите рововски позиции, особено кога ставовите ни се изградени врз некоја субјективна перцепција а не врз реални параметри. Еве и мојот позитивен став кон приказнава со субвенции е претежно субјективен, но она што го пишува Tranquilis е од прва рака. Всушност и јас ги имам вашите искуства, и само втор пат ќе летам на есен со Виз, а на два пати се имам одлучено за Аустриан (кој е скап под дифолт) поради неповолни цени од ВизЕр.

Не се обидувам да ти држам лекција, повеќе го користам контекстот да ја искоментирам оваа појава која е сеприсутна на форумов (реално на повеќето форуми во светот, но тоа не е оправдание) и од која губиме сите.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1545
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #3864 Posted: 14-Jun-2018 at 15:39
Originally posted by pbanks

Знам дека се шегуваш, но токму ваков тип на комуникација одвраќа луѓе да се вложат во поквалитетна дискусија. Еве во случајот Tranquilis ќе издвои од своето време да напише пост со сериозни информации и аргументација од прва рака, за на крај сето тоа да заврши на мајтап.
Не е работата дали некој се лути или не, работата е да се информираме и да учиме од овие разговори а не да седиме во своите рововски позиции, особено кога ставовите ни се изградени врз некоја субјективна перцепција а не врз реални параметри. Еве и мојот позитивен став кон приказнава со субвенции е претежно субјективен, но она што го пишува Tranquilis е од прва рака. Всушност и јас ги имам вашите искуства, и само втор пат ќе летам на есен со Виз, а на два пати се имам одлучено за Аустриан (кој е скап под дифолт) поради неповолни цени од ВизЕр.
Не се обидувам да ти држам лекција, повеќе го користам контекстот да ја искоментирам оваа појава која е сеприсутна на форумов (реално на повеќето форуми во светот, но тоа не е оправдание) и од која губиме сите.
Potpolno se soglasuvam so tebe. Tuka sum da spodelam iskustvo i da dobijam informacija. Retko reagiram na provokacii ili nepotrebni postovi. Ovoj pat nekoj drug reagirase na mojata konstatacija, deka uspesnosta na "Wizzair" vo Makedonija e normalna pojava, i uporno me vlece za jazikot.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3865 Posted: 15-Jun-2018 at 02:35
Originally posted by Tranquilis

Секој лет има 180 поединечни дневни проверки (180 дена пред почетокот на летот, една проверка секој ден) на нивото на побарувачка во однос на цената.
Како се формира првичната цена, пред почетокот на корекциите во периодот од 180 дена?

И дали има генерални разлики во пристпот при overbooking помеѓу нискобуџетните и останатите компании?


Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 389
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3866 Posted: 15-Jun-2018 at 08:07
Originally posted by Cloverstack

Како се формира првичната цена, пред почетокот на корекциите во периодот од 180 дена?
И дали има генерални разлики во пристпот при overbooking помеѓу нискобуџетните и останатите компании?


Првичната цена за секој лет се формира врз основа на историски трендови за таа дестинација (читај финалната просечна цена за летот на истиот датум или +/- 2 дена минатата година) или на некој прокси лет ако дестинацијата е нова. Проксито најчесто работи скоро без грешка, 95% од однесувањето е реплицирано помеѓу сличен тип на дестинации. Значи, ако минатата година просечната цена била 70 евра, сега почетната цена ќе биде 30-40 евра. Секако, ограничен број на седишта (5-10) ќе бидат отворени за таа цена пред да се премине на следната класа (обично 10 евра поскапа) и ќе се отвараат и затвараат како што минува времето и (не) се продаваат седиштата. Ова исто така значи дека не секој лет ќе почне од 10-20 евра, туку некои ќе почнат од 100-120, а можеби и повеќе (најскапите летови во сезоната без проблем се продаваат по 300 евра по насока за цел авион, најевтините понекогаш кубурат и по 10 евра за пола авион).

На тема overbooking, ова варира и во рамките на иста компанија во зависност од летот. Што е поскап, тоа е помалку веројатно да има no-shows (патници кои не се појавуваат на летот дури и покрај платениот билет или го менуваат во последен миг). ВО просек на авион од 180 седишта има 10 патници кои не се појавуваат, со тенденција таа бројка да е повисока за поефтините летови. Overbooking секако постои, со одредени исклучоци (гореспоменатите летови од по 300 евра). Ризикот кај low cost компаниите е понекогаш поголем затоа што оперираат помал број на летови, па во случај на патници кои биле одбиени поради overbooking ем компанијата ќе треба да плати повеќе поради покривање сместување и/или билет со друга компанија, ем патникот можеби ќе треба да чека до неколку дена за следниот лет ако не постои друга алтернатива. Кај традиционалните компании веројатноста дека ќе може да се лета уште истиот ден е повисока, во зависност од распоредот, па затоа и overbooking политиката е потенцијално поагресивна. Во секој случај, cost/benefit анализа постои - јас ја дизајнирав за W6 додека бев таму и не би ме чудело се уште да ја употребуваат. Се надевам се придржуваат до моите строги препораки за врвот на летната сезона, имаше некои тврдоглави на времето па упаднаа во проблеми со Софија поради тоа.. барем Скопје беше поштедено (на времето, сега не знам како е).



Edited by Tranquilis - 15-Jun-2018 at 08:13
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3867 Posted: 15-Jun-2018 at 11:33
Qatar Airways во јули испраќа 321 (12J 170Y седишта) скоро на 3/4 од закажаните летови, со неколку исклучоци претежно на почетокот на месецот кои ќе бидат на 320 (12J 132Y).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3868 Posted: 15-Jun-2018 at 19:22

@ Tranquilis

Ти благодарам на навистина исцрпниот и лесно разбирлив одговор  Smile

Би те замолил уште за совет, како најдобро и најпрецизно да ги ловам најевтините билети, во случаи кога за терминот на патување флексибилноста ми е целосна 


Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3869 Posted: 22-Jun-2018 at 23:20
Иако измиатите 3 недели летовите на ЛОТ од Варшава се изведуваат претежно со Е70 изминатите неколку дена има ушалтување на Е75(со плус 12 седишта) а за утре е планирано да лета Е190(112/118 седишта) - значи имаме прогрес....
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3870 Posted: 23-Jun-2018 at 08:51
Уште при првиот лет, буквално утрото по првиот лет, одејќи на работа, на Камен мост наидов на група полски туристи. Деновиве исто така гледам групи Полјаци како шетаат низ центарот и чаршијата.
За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3871 Posted: 23-Jun-2018 at 08:54
Originally posted by Џоле

Уште при првиот лет, буквално утрото по првиот лет, одејќи на работа, на Камен мост наидов на група полски туристи. Деновиве исто така гледам групи Полјаци како шетаат низ центарот и чаршијата.


Да да ги има - ама најголемиот дел се истите полјаци кои доаѓаат со чартерите од Варшава и Катовице до Охрид
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3872 Posted: 23-Jun-2018 at 09:15
На денешниот лет од Варшава до СКопје од 118 седишта слободни во овој момент има 12...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3873 Posted: 24-Jun-2018 at 09:33
Денес Хамбург - СКопје А321(од 230 - 5 слободни); Нирнберг - Скопје А321(од 230 - 2 слободни).
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
laziale View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 19
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #3874 Posted: 25-Jun-2018 at 09:22
Me iznenaduva qatar upgrade vo A321, letav 3 pati ovaa i minatata godina vo Feb i April i lani vo Oktomvri, avionite bea ispolneti 50%-60%.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3875 Posted: 28-Jun-2018 at 07:37
Ај да видиме што ќе излезе од сето оваа
https://lokalno.mk/povik-za-subventsionirane-niskobudhetni-aviokompanii/
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #3876 Posted: 28-Jun-2018 at 09:42
http://www.mtc.gov.mk/javen-povik-za-dostavuvanje-na-baranje-za-dodeluvanje-na-finansiska-poddrshka

ima nekoj doc file zakacen uste od sabajlevo
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 389
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3877 Posted: 28-Jun-2018 at 11:12
А знаеш што е најдоброто? Можеш да браузаш по фолдерот. Се скинав од смеење.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3878 Posted: 28-Jun-2018 at 11:40
Originally posted by Tranquilis

А знаеш што е најдоброто? Можеш да браузаш по фолдерот. Се скинав од смеење.


Буквално истиот модел како и досегашниот само со новина каде е обврзувачки и базирање на авион во Охрид.

*Wizz мислам дека е без кункуренција на постоечките услови
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #3879 Posted: 28-Jun-2018 at 11:46
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by Tranquilis

А знаеш што е најдоброто? Можеш да браузаш по фолдерот. Се скинав од смеење.


Буквално истиот модел како и досегашниот само со новина каде е обврзувачки и базирање на авион во Охрид.

*Wizz мислам дека е без кункуренција на постоечките услови


Edno me buni, delot za poklopuvanje na linii megju Skopje i Ohrid. Dali liniite sto ke se ponudat od ohrid ne treba da bidat isti so tie od Skopje, ili istata kompanija sto ke go dobie tenderot ne treba da gi nudi istite linii od Skopje i Ohrid? Malku e nejasno
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3880 Posted: 28-Jun-2018 at 12:25
Originally posted by avijacijamk

Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by Tranquilis

А знаеш што е најдоброто? Можеш да браузаш по фолдерот. Се скинав од смеење.


Буквално истиот модел како и досегашниот само со новина каде е обврзувачки и базирање на авион во Охрид.

*Wizz мислам дека е без кункуренција на постоечките услови


Edno me buni, delot za poklopuvanje na linii megju Skopje i Ohrid. Dali liniite sto ke se ponudat od ohrid ne treba da bidat isti so tie od Skopje, ili istata kompanija sto ke go dobie tenderot ne treba da gi nudi istite linii od Skopje i Ohrid? Malku e nejasno


Според напишаното - една компанија може да победи и истата неможе истите линии од двата аеродроми да ги нуди - според мене убаво си разбрал
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 192193194195196 203>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.516 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.