build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 201202203204>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #4041 Posted: 19-Oct-2018 at 10:43
Originally posted by ironm

Затоа што е, да се изразам директно, лага. Од таму тргнува целиот пост
без факти и само со изразени мислења кои сами по себе имаат вредност
само во вакуум.
Покрај AustriaAirlines криткуваа уште најмалку 3-4 други компании (можам да побарам вести и за тоа), а Косово покрена тужба против нас. Дискусија не се води со дисквалификации туку со изнесување ставови. Тоа зборува повеќе за тебе како личност отколку за нечие мислење.



Да имаше доблест, ќе пребараше низ нишкава и ќе видеше дека темава е разговарана и апсолвирана веќе многу пати досега. Има огромен јаз помеѓу ова што го презентираш како аргумент и она што е веќе дискутирано и кредибилитетот на изворот на информации. А одозгора на се се послужи со хипербола базирана на погрешен извор (Цела Европа итн), што и тоа како иритира. Ама ајде ќе ја повторам суштината:

Факт: пред покренување на тендерот Владата се консултираше со Европска Комисија и доби зелено светло. Поради тоа, од страна на ЕУ / ЕК, освен општи коментари, до сега немало никаква конкретна акција. Следствено:

Заклучокот е дека сите жалби се про форма. Конкретно, жалбата од Косово е поради перцепцијата дека Скопје им ги зема патниците и алчноста да ги задржат истите без самите да дадат долар попуст за нови дестинации. Лимак се бетер од ТАВ. Ова беше официјално прифатено како жалба, но освен генерална забелешка - која во меѓувреме ја снема - немаше никаква конкретна акција. Со други зборови, ги истинтраа Косоварите колку да кажат дека кажале нешто. Да имаше каква било основа жалбата ќе имаше многу посериозна акција, а не напротив - да го повторуваме истиот тендер втор и трет пат. И на крај што се случи? Аустриан бркаа субвенции за себе без да имаат основ, а Приштина воведе систем за попуст во склад со Европските стандарди, соодветен на Скопскиот (освен формално), и во комбинација со планот да им ги тргнат визите до година, им вродува со плод.

Жално е што статиите на СДК за авио-сообраќајот обично се цитираат како врв (или релевантен извор) на македонското новинарство во случајов, само покажува колку е ниско општото ниво на дискусија и информираност. Не се сомневам дека, кога би се ограничил на македонски извори на вести и перспектива на пазарот, и самиот би дошол до заклучоците кои ги изнесуваш. Ама ете за среќа потрошив десетина години професионално на темата во центарот на случувањата па сум тука да споделам уникатен поглед на нештата.

Еве ти шанса да го баталиш ад хоминем пристапот.

P.S. Fun fact: По прв пат има основа за жалба дури во конкретниот повик годинава, затоа што јавно се изјавува дека субвенциите се за привлекување low-cost компании, што во случај на конфликт ако flag carrier се пријави и не биде прифатен (фантазија, еве да кажеме Адриа) може да се толкува како дискриминаторен пристап.

Edited by Tranquilis - 19-Oct-2018 at 12:26
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4042 Posted: 19-Oct-2018 at 11:04
Originally posted by Tranquilis

Originally posted by Cloverstack


Originally posted by Tranquilis

Немаат слободни авиони претходно
Во тој случај како би се објаснила нивната понуда на претходниот тендер?


Многу лесно.

Си ја видел понудата? Ти личи на сериозна?


Ако понудата била несериозна, а беше прифатена, што ќе правеа тогаш? Не сум упатен какви правни последици ќе имаше доколку победеа па се повлечеа, но секако ќе имаше сериозни последици, во најмала рака ќе се дисквалификуваа самите себеси од секој нареден тендер. А и ќе навлечеа неблагонаклоност на владата и институциите, што сигурно не е за потценување во секојдневната работа на една таква компанија, која претпоствувам е во постојана интеракција со разноразни бирократи, процедури, и слични заебанции.

Ако понудата за првиот тендер навистина била несериозна, не ми останува да заклучам ништо друго освен дека биле сигурни дека нема да биде прифатена и дека целото ова одолговлекување е театарска претстава во заедничка режија на Виз и на владата, за купување време додека Виз не ја прошири флотата доволно за да може да алоцира авиони за нови линии кај нас. Тоа би објаснило и зошто роковите од вториот тендер беа толку кратки - да направи тешко возможно дека некој конкурент може да ги добие субвенциите. Но ако е така, нели можеа едноставно да почекаат и да не објавуваат тендер додека Виз не биде подготвен?

Затоа тешко ми е да замислам како понудата на првиот тендер можела да биде несериозна.


Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #4043 Posted: 19-Oct-2018 at 11:12
Originally posted by Cloverstack

Ако понудата била несериозна, а беше прифатена, што ќе правеа тогаш? Не сум упатен какви правни последици ќе имаше доколку победеа па се повлечеа, но секако ќе имаше сериозни последици, во најмала рака ќе се дисквалификуваа самите себеси од секој нареден тендер. А и ќе навлечеа неблагонаклоност на владата и институциите, што сигурно не е за потценување во секојдневната работа на една таква компанија, која претпоствувам е во постојана интеракција со разноразни бирократи, процедури, и слични заебанции.
Ако понудата за првиот тендер навистина била несериозна, не ми останува да заклучам ништо друго освен дека биле сигурни дека нема да биде прифатена и дека целото ова одолговлекување е театарска претстава во заедничка режија на Виз и на владата, за купување време додека Виз не ја прошири флотата доволно за да може да алоцира авиони за нови линии кај нас. Тоа би објаснило и зошто роковите од вториот тендер беа толку кратки - да направи тешко возможно дека некој конкурент може да ги добие субвенциите. Но ако е така, нели можеа едноставно да почекаат и да не објавуваат тендер додека Виз не биде подготвен?
Затоа тешко ми е да замислам како понудата на првиот тендер можела да биде несериозна.


Потпис. И јас би го кажал истото. Штета што никој друг не е формално заинтересиран. Ако има и трет тендер, и тој пропадне, би се согласил со заклучокот на пбанкс - треба да има одговорност на високо ниво.

Мене ова ми укажува дека некоја од страните во целава ситуација е малце неупатена околу тоа како одат нештата, да не кажам е аматер.. =/

Edited by Tranquilis - 19-Oct-2018 at 11:13
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 481
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #4044 Posted: 19-Oct-2018 at 11:14
Неверојатно колку не се дил-ориентед во Влада. Не сфаќаат дека не треба компании да трчаат по нив, туку обратно. А и после ваква лакрдија не гледам како некој друг заинтересиран LCC би се решил да влага во Македонија. Не е ни битно дали Сугаревски е во право, пристапот му е погрешен.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #4045 Posted: 19-Oct-2018 at 11:19
Originally posted by <Fresno>

Неверојатно колку не се дил-ориентед во Влада. Не сфаќаат дека не треба компании да трчаат по нив, туку обратно. А и после ваква лакрдија не гледам како некој друг заинтересиран LCC би се решил да влага во Македонија. Не е ни битно дали Сугаревски е во право, пристапот му е погрешен.


Да си ми жив.

Во меѓувреме освежи се со следното од Мин за Транспорт и Врски:

http://www.mtc.gov.mk/media/files/MOJTRENER_DIETA.pdf

Профи.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4046 Posted: 19-Oct-2018 at 12:27
Originally posted by Tranquilis



Да си ми жив.

Во меѓувреме освежи се со следното од Мин за Транспорт и Врски:

http://www.mtc.gov.mk/media/files/MOJTRENER_DIETA.pdf

Профи.



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4047 Posted: 19-Oct-2018 at 12:44
Originally posted by Denko

Toj sto dava pari go diktira tempoto.


Ние диктираме темпо? Доколку имавме национален авиопревозник, со овие пари кои ги даваме како субвенција во моментов евентуално ќе ги покриевме трошоците за кикирики.

Македонија не е земја која може да диктира било што на било кого и треба лавовски да се бори да излезе од таа ситуација, а не разни бирократи чии погледи не стигаат подалеку од тендерската чеклиста да водат погубни потези кои може да влијаат на толку многу полиња (alexsend направил убаво резиме што ние добиваме овдека).
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4048 Posted: 19-Oct-2018 at 12:52
Originally posted by Tranquilis


Потпис. И јас би го кажал истото. Штета што никој друг не е формално заинтересиран. Ако има и трет тендер, и тој пропадне, би се согласил со заклучокот на пбанкс - треба да има одговорност на високо ниво.

Мене ова ми укажува дека некоја од страните во целава ситуација е малце неупатена околу тоа како одат нештата, да не кажам е аматер.. =/


Можеби сте во право, но вашата теза е базирана на многу претпоставки и IFови.

Мојата теза е прилично добро документирана како модел на делување на одговорните, особено од постојниот политички естаблишмент на власт.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4049 Posted: 19-Oct-2018 at 13:20
Originally posted by ironm



Покрај AustriaAirlines криткуваа уште најмалку 3-4 други компании (можам да побарам вести и за тоа), а Косово покрена тужба против нас. Дискусија не се води со дисквалификации туку со изнесување ставови. Тоа зборува повеќе за тебе како личност отколку за нечие мислење.


Ајде да речеме дека си во право (а не си, Tranquilis е во право дека тоа е добро документирано и на форумов и пошироко).

Секоја држава, вон сите филозофии за слободен пазар и „невидливата рака“ на фановите на Адам Смит, интервенира на разни начини за да ги заштите своите интереси и реализира своите развојни планови и благосостојбата на своите граѓани. Од тарифни војни какви иницираше Трамп, разни услови за трансфер на know how при секој поголема набавка на недомашни продукти/услуги типични за азиските земји, разните протекционистички политики во Европа на национално/ЕУ ниво... па се до екстремни сценарија за реализирање на воени конфилкти најчесто со многу различни причини од оние декларираните. Доколку не би постоеле сите овие работи, целата светска економија би изгледала многу различно најверојатно. Слично да не постоа субвенциите во овој сектор, веројатно е дека ова немаше да биде четврта најчитана нишка на сите времиња на овој форум и сеуште ќе имавме countdown до 1 милион патници, слично на сараевскиот аеродром, а младите македонци и понатаму ќе „добацуваа“ до Крф.

За мене, претходната влада имаше две исклучително добри економски политики

1. Индустриските зони
2. Авиосообраќајот.

Во првиот случај, ситуацијата е многу покомплексна за евалуација, потрошени се огромни пари чија вкупна сума не се знае ниту пак се има јасна претстава за повратот. За тоа може да зборуваме во соодветна нишка ако е потребно, јас лично мислам дека ефектите се и те како добри.

Во вториот случај, работата е јасна како бел ден. За смешни пари, имаме огромен повеќестран позитивен ефект.

Јас не би се откажувал од успешниот модел, се додека неговите можности не се исцрпат. Не зборувам за моделот кој го препишуваат од тендер во тендер дословно, туку генерално за пристапот развојот на ова поле да се субвенционира.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4050 Posted: 19-Oct-2018 at 13:29
Originally posted by Tranquilis

For the record: Мислам дека условите на сегашниот тендер за поддршка не се оптимални. Не сум против поддршката - објаснив зошто погоре - но не сметам дека треба да се врзуваме само за една компанија, без разлика која да е, ниту да инсистираме на базиран авион.


Мислам дека си во право. Форсирање на база е веројатно причината што од старт не ограничува на Виз ер. Скопје сепак не е Софија, и тешко дека ќе го гледаме дуелот на Виз и Рајан во Скопје по софиски модел.

Од друга страна, ако се оди на субвенција по дестинација (за било која компанија), не само што можеби ќе добиеме некоја линија плус, туку можеби  ќе го скршиме мразот со нова компанија па дури тогаш ќе може да се надеваме на сценариото база/дуел.

Една таква итерација би била многу логична еволуција на политиката на подршка според мене.


Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Online
Posts: 359
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #4051 Posted: 29-Oct-2018 at 19:23
На Скопскиот аеродром в четврток (1 ноември) во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines), најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и воп Охрид.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во Aegean Airlines Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Како што објави претходно МИА според информации од Атина, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик ер“, подружница на „Ејџијан ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.

Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.

Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.

Од Скопје до Атина, и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

„Ејџиан Ерлајнс“ ја најави линијата во октомври минатата година, а авионското поврзување помеѓу двата града се случува по повеќе од 10 години. Претходно од 2003 година неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, кое што беше прекинато.


https://sitel.com.mk/aviolinija-skopje-atina-od-chetvrtok
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 342
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #4052 Posted: 02-Nov-2018 at 00:02




nekolku videa od prviot let ATH-SKP napraveni od eden passenger:

http://www.instagram.com/vasilisath_porgiazis/
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 158
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #4053 Posted: 02-Nov-2018 at 08:18
Налетав на интересно инфо:

"Аеродромот „Скопје” се наоѓал на крајот од градот, кај денешната населба „Аеродром“. Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година, дваесет години од првиот историски лет на браќата Рајт, на релација Белград – Скопје – Подгорица –Мостар – Сараево – Белград. Авионот бил од типот „Потез-29”, а превезувал 5 патници. Во текот на 1929, ‘Аеропут’ почнал редовно да лета на релација Белград – Скопје – Белград и Солун - Скопје - Белград. Ова друштво за воздушен сообраќај тогаш било меѓу првите 10 авиокомпании во Европа. На скопскиот аеродром слетувал и авион на „Империјал ервејс“ од Лондон. Неговата маршрута била: Солун – Скопје – Белград – Загреб – Лондон. 1930 година се летало и на релација Виена - Грац - Загреб - Белград - Скопје - Солун. Главната реклама која тогаш „Аеропут“ ја пласирал во весниците била: Во предноста над сите сообраќајни средства, аеропланот ја освои довербата на светот. На кого му е важна удобноста, сигурноста и брзината, патува со авион!"

Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #4054 Posted: 07-Nov-2018 at 13:37
Ajde treta runda


Трет тендер за субвенциониран авиопревозник


Ama sega ima rok do 26. Mart 2019 da postava lini.


https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/11/102398/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4055 Posted: 07-Nov-2018 at 15:04
Пак е кратко, пак ќе пропадне. Ако експресно го објават повикот и експресно заврши процедурата ќе фати средина на декември/крај на година. Значи некој треба да е спремен да отвори нови линии за три месеци. 
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 342
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #4056 Posted: 07-Nov-2018 at 17:00
ova 26ti epten mi zvuci random pogotovo sto zimskiot red na letanje zavrsuva na 30ti



Edited by gorazd - 07-Nov-2018 at 17:05
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #4057 Posted: 08-Nov-2018 at 14:44
Mislam deka treba da se razglede moznosta za nacionalen avioprevoznik ako pak ke propadne tenderot. Ni treba samo eden dobar strateski partner kako sto e so Air Serbia / Etihad i Air Albania / Turkish.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #4058 Posted: 09-Nov-2018 at 09:19
Originally posted by Phalanx

Mislam deka treba da se razglede moznosta za nacionalen avioprevoznik ako pak ke propadne tenderot. Ni treba samo eden dobar strateski partner kako sto e so Air Serbia / Etihad i Air Albania / Turkish.


Ви требаат и десетици милиони $ за фрлање, ама сигурен сум дека ќе биде забавно да ве гледаме како ги трошите.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #4059 Posted: 09-Nov-2018 at 09:30
Originally posted by Tranquilis

Originally posted by Phalanx

Mislam deka treba da se razglede moznosta za nacionalen avioprevoznik ako pak ke propadne tenderot. Ni treba samo eden dobar strateski partner kako sto e so Air Serbia / Etihad i Air Albania / Turkish.


Ви требаат и десетици милиони $ за фрлање, ама сигурен сум дека ќе биде забавно да ве гледаме како ги трошите.



Da vo pravo si Tranquilis. Ke treba desetici milioni. No za sekoj benefit ti treba i investicija. Site znaeme deka subvenciite za LCC bea edna golema "success story" ama sega e vreme da odime cekor napred i da se konektirame so pogolemite hubovi vo Evropa.

I taka gledame kako se frlat desetici milioni $ za katastrofalni proektirani avtopati, za novi izbori sekoj 2 godini, aerodromi sto se transformirat vo kanalizaci (Aerodromot vo Stip) itn...
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 392
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #4060 Posted: 09-Nov-2018 at 14:35
Се согласувам со целта, но не и со методот
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 201202203204>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.574 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.