build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111112113114115 225>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2024
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2241 Posted: 03-Aug-2015 at 10:52
Најверојатно Рајан, Братислава-Скопје. Одлично!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2242 Posted: 03-Aug-2015 at 13:15
Рајан ја опслужува Братислава. Инаку се цели и кон нашите студенти од таа околина, во Словачка има многу студенти и волотери кој живеат подолго време, а исто и во Јужна Чешка што ќе им даде многу полесен начин за патување, а и поефтин.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #2243 Posted: 04-Aug-2015 at 10:07
Pobeda (niskotarifnata aviokompanija na Aeroflot) naskoro vo Skopje ???

1. MOSCOW, June 17. /TASS/. Aeroflot subsidiary Pobeda airline can begin international flights in the winter of 2015 to CIS countries, the Balkan region, Germany and Italy, a source in Aeroflot told TASS Wednesday.      / tass.ru

2."Other destinations Pobeda is reportedly looking at include cities in neighbouring CIS states such as Tbilisi, Baku and Minsk Int'l 2, as well as Skopje, Sofia, Cyprus, Germany, Italy and the Russian exclave of Kaliningrad."  http://www.ch-aviation.com/portal/news/39271-russias-pobeda-set-to-commence-intl-ops-this-winter



Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #2244 Posted: 04-Aug-2015 at 10:35
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1668
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #2245 Posted: 04-Aug-2015 at 14:10
РУСИНОТ САМСОНЕНКО ОСНОВА И АВИО КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
Објавено на 4 август 2015, 14:40 од Редакција на Капитал во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко основа авионска компанија во Македонија. Според податоците од Централниот регистар на Македонија, новата фирма која се вика Сис Авиатион ќе се занимава со патнички воздухопловен транспорт. Фирмата е основана со капитал од пет илјади евра.

За управител на фирмата е назначен Ратко Капушевски, поранешен директор на спортскиот центар Борис Трајковски, а подоцна стана и директор на спортскиот центар Јане Сандански, кој го градеше токму Самсоненко.

Русинот Самсоненко кој веќе неколку години живее во Македонија има повеќе бизниси во земјата. Тој е познат на јавноста како сопственик на фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар, а минатата година инвестираше и во спортскиот центар Јане Сандански, во рамки на кој го изгради и хотелот Русија.



http://kapital.mk/rusinot-samsonenko-osnova-i-avio-kompanija-vo-makedonija/
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2246 Posted: 05-Aug-2015 at 12:29
Братислава со евтини летови до Скопје ќе и конкурира на Виена



Од март в година скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се поврзе со директни летови со словачкиот главен град Братислава. Иако засега официјално не е објавено името на авиопревозникот кој ќе ја одржува линијата, се очекува тоа да биде најголемата светска нискотарифна компанија „Рајан ер“, која веќе најави дека сака да лета од и кон Македонија и да ги искористи субвенциите за евтини авиобилети кои ги дава македонската влада.

Аеродромот во Братислава е само педесетина километри источно од Виена, која е дом на многубројна македонска дијаспора. „Рајан ер“ пред неколку месеци таму ја отвори својата 71. база и доколку понуди авиобилети по конкурентни цени. Новата линија Братислава-Скопје ќе привлече голем број патници од Австрија и ќе го симне аеродромот во Виена од второто место на листата со дестинации каде што најмногу летаат македонските граѓани. „Рајан ер“ со овој потег нема да ја загрози позицијата на нискотарифниот превозник „Визер“, кој веќе неколку години добива владини субвенции за евтини летови од Скопје и од Охрид, туку на „Аустријан ерлајнс“. Имено, „Визер“ воопшто не лета за Австрија од Скопје и нивниот најблизок лет е на аеродромот во Меминген во близина на Минхен, од каде што има речиси 5 часа возење до Виена. Од друга страна, „Рајан ер“, кој е познат по својата конкурентна ценовна политика, може да привлече голем дел од патниците за Виена бидејќи „Аустријан“ веќе подолго време ја држи просечната цена на повратниот билет на ниво од 250 евра, без оглед дали резервацијата е направена 5-6 месеци или само еден ден порано.

Воведувањето летови меѓу Скопје и словачкиот главен град го најави главниот директор на аеродромот во Братислава, Иван Трхлик, во изјава за Радио-телевизија Словачка. Тој најави дека новата линија кон скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе биде отворена до март в година заедно со летови до Москва, Тбилиси, Софија и два града во Израел, пренесува порталот „Ексју авиејшн“.

„Рајан ер“ во базата во Братислава има два авиона и планира во блиска иднина да стационира уште еден. Македонските патници ќе може да преседнат во Братислава и да летаат до тринаесет дестинации кои оттаму „Рајан ер“ ги одржува во текот на целата година.

Македонската влада веќе објави дека преговара со една од најпознатите нискобуџетни авиокомапнии во светот, а ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајан ер“ ја потврди својата намера да воспостави авиолинии кон Македонија. Менаџерот за комуникации на „Рајан ер“, Робин Kајли, изјави дека моментно се водат преговори со македонската влада за потенцијални линии до скопскиот аеродром. Македонската влада нуди субвенции за нискобуџетни авиопревозници, слични на оние што ги има овозможено за превозникот „Визер“, кој воспостави база во Скопје, но и авиолинии до охридскиот аеродром, „Свети апостол Павле“.

Според најавите, „Рајан ер“ засега преговара само за воспоставување авиолинии од скопскиот аеродром. Во регионот „Рајан ер“ лета до Подгорица постојано, а летовите до Хрватска, како и до базата во Задар, се само за летниот период.

Се очекува пристигнувањето на „Рајан ер“ во Македонија да одбележи уште една важна пресвртница за скопскиот аеродром „Александар Велики“, кој забрзано станува центар на просторот на поранешна Југославија каде што се нудат евтини летови во текот на годината.

За шест месеци раст од 14 отсто

Во првите шест месеци од годинава бројот на патници на двата аеродрома бележи раст од 14 отсто во споредба со истиот период лани и ја достигна цифрата од 637.681 патници, покажуваат податоците на турската компанија ТАВ, која управува со македонските аеродроми.

Само во јуни низ скопскиот и охридскиот аеродром поминале 131.412 патници, односно за 4 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2014 година.

Најфреквентна дестинација е Истанбул (аеродромите „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“), а по неа следуваат Виена, Цирих, Базел-Милхаус, Малме, Лондон-Лутон, Белград. А топ-држави со директни летови се Турција, Германија, Швајцарија, Шведска, Австрија и Италија.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=0ACDC60FC8ED4141A64A8618000A7D0A
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #2247 Posted: 05-Aug-2015 at 14:51
Смешки. Некој открил колку географски блиску се Братислава и Виена и си напишал текст. Евентуалниот лет до Братислава и тој до Виена никогаш нема да бидат конкуренти. Виена е нашата клучна конекција кон Европа и само комплетен лаик може да мисли дека ќе се создаде конкуренција. И за каква "многубројна македонска дијаспора" зборува човекот? Девет месеци престојував во Виена, девет македонци не успеав да сретнам.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #2248 Posted: 05-Aug-2015 at 15:15
Ако се точни прогнозите за Братислава и РајанЕр тоа значи дека Септември или Октомври би требало да ја пуштат и офицјалната вест. Слично беше и со влезот на Визер обично 5-6 месеци однапред. Сега доаѓа досадниот момент а тоа е чекањето
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1170
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #2249 Posted: 05-Aug-2015 at 18:14
OT> Информација зошто Алиталиа слета денеска во Охрид,според flightradar24.com?
http://www.flightradar24.com/reg/ei-rdg
На skp.airports.mk информацијата е diverted to Ohrid за слетувањето и delayed за полетување?

Edited by Тркало - 05-Aug-2015 at 18:14
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2250 Posted: 05-Aug-2015 at 18:49
Наводно имало невреме во Скопје и аеродромот бил привремено затворен. Баш мои пријатели денес се враќаа од Италија и ми кажаа дека слетале во Охрид. Иако во Скопје (барем во градот) немаше никакво невреме.
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2251 Posted: 05-Aug-2015 at 19:11
Само што се вратив од аеродром да го соберам брат ми.Колку што можев да слушнам откажан е летот на Алиталиа и сите патници ќе ги сместат во Холидејин.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #2252 Posted: 06-Aug-2015 at 16:05
Некако сега се провлекува прашањето дали Визер натаму ќе има експанзија?Ако владата преговара со Рајанер и се договараат со дестинации кои не се опслужуваат во моментот (за да не дојде преклопување на линиите и губење на пазарот кој сега Визер го држи). Интересна ситуација
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1668
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #2253 Posted: 06-Aug-2015 at 16:16
Како прво владата нема да дозволи субвенционирање на линии што веќе во моментот се оперативни не барем до истекот на последните 3 години кои се опфатени со субвенции, а како второ се надевам дека Wizz ќе одговори соодветно на потенцијалната закана на нивниот пазар.....

Edited by Obedineta Makedonija - 06-Aug-2015 at 16:18
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #2254 Posted: 06-Aug-2015 at 16:34
Originally posted by Obedineta Makedonija

Како прво владата нема да дозволи субвенционирање на линии што веќе во моментот се оперативни не барем до истекот на последните 3 години кои се опфатени со субвенции, а како второ се надевам дека Wizz ќе одговори соодветно на потенцијалната закана на нивниот пазар.....



Па тоа и го велам сега доаѓа моментот каде што е прашање освен ете Братислава што друго би било компактибилно со пазарот и побарувачката тука. Според мрежата на Рајанер и Визер останатите линии кои остануваат во палетата на понуда се Малта, Градови во Шпанија,Кипар итн нешто што не верувам дека наскоро ќе го има.

Исто така една работа ме интересира тоа можеби Tranquilis може да го одговори. Дали е можно Визер да воведе линии кон Грција да речеме до Крф, Хераклион и слично? Факт е дека Грција за нас е како алва и ме зачудува зошто никој ова не го покрива макар било сезонски? Дали ради интерес или блокада од страна на Грција?
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #2255 Posted: 06-Aug-2015 at 16:46
Originally posted by avijacijamk

Originally posted by Obedineta Makedonija

Како прво владата нема да дозволи субвенционирање на линии што веќе во моментот се оперативни не барем до истекот на последните 3 години кои се опфатени со субвенции, а како второ се надевам дека Wizz ќе одговори соодветно на потенцијалната закана на нивниот пазар.....



Па тоа и го велам сега доаѓа моментот каде што е прашање освен ете Братислава што друго би било компактибилно со пазарот и побарувачката тука. Според мрежата на Рајанер и Визер останатите линии кои остануваат во палетата на понуда се Малта, Градови во Шпанија,Кипар итн нешто што не верувам дека наскоро ќе го има.

Исто така една работа ме интересира тоа можеби Tranquilis може да го одговори. Дали е можно Визер да воведе линии кон Грција да речеме до Крф, Хераклион и слично? Факт е дека Грција за нас е како алва и ме зачудува зошто никој ова не го покрива макар било сезонски? Дали ради интерес или блокада од страна на Грција?


Поради бројни причини поврзани со бизнис моделот, Wizz Air преферира рути кои би функционирале преку целата година. За да оперираат само како летни дестинации, треба да прават значителен профит.

Досегашното искуство вели дека пазарот нема доволна куповна моќ за да финансира чисто летна дестинација. Грција за нас е „како алва„ со кола, на краците.


Edited by Tranquilis - 06-Aug-2015 at 16:47
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #2256 Posted: 06-Aug-2015 at 17:19
Originally posted by Tranquilis

Originally posted by avijacijamk

Originally posted by Obedineta Makedonija

Како прво владата нема да дозволи субвенционирање на линии што веќе во моментот се оперативни не барем до истекот на последните 3 години кои се опфатени со субвенции, а како второ се надевам дека Wizz ќе одговори соодветно на потенцијалната закана на нивниот пазар.....



Па тоа и го велам сега доаѓа моментот каде што е прашање освен ете Братислава што друго би било компактибилно со пазарот и побарувачката тука. Според мрежата на Рајанер и Визер останатите линии кои остануваат во палетата на понуда се Малта, Градови во Шпанија,Кипар итн нешто што не верувам дека наскоро ќе го има.

Исто така една работа ме интересира тоа можеби Tranquilis може да го одговори. Дали е можно Визер да воведе линии кон Грција да речеме до Крф, Хераклион и слично? Факт е дека Грција за нас е како алва и ме зачудува зошто никој ова не го покрива макар било сезонски? Дали ради интерес или блокада од страна на Грција?


Поради бројни причини поврзани со бизнис моделот, Wizz Air преферира рути кои би функционирале преку целата година. За да оперираат само како летни дестинации, треба да прават значителен профит.

Досегашното искуство вели дека пазарот нема доволна куповна моќ за да финансира чисто летна дестинација. Грција за нас е „како алва„ со кола, на краците.


Куповната моќ е битен фактор али пример да речеме ако тој фактор важи за Белград кој ја има линијата на сезонска база, ние па сме економски врзани со Грција што хипотетички значи дека некогаш би требало да постои конекција со Солун или Атина (сметајќи дека за туристичките места нашата куповна моќ е помала). Во времето кога Olympic Air ја имаше линијата load factor беше во просек по 80%. Исто така интересна дестинација што ретко кој ја спомнува е Klagenfurt Австрија. Прво има многу македонци и албанци во тој регион безразлика дали е Љубљана,Копер или селата измеѓу. На гастрабајтерска основа незнам зошто не би постоела.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #2257 Posted: 06-Aug-2015 at 23:56
На тема Атина и Клагенфурт, вреди да се погледне на мапа кои аеродроми Wizz Air веќе ги опслужува. Експериментирање (нови аеродроми) е можно и од Скопје, но повеќе накај Германија.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #2258 Posted: 07-Aug-2015 at 08:32
Ryanair: London Stansted - Sofia daily

http://corporate.ryanair.com/news/news/150806-new-london-sofia-daily-service-for-summer-2016/
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1668
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #2259 Posted: 07-Aug-2015 at 09:34
Wizz Air od Mart 2016 Sofija - London 3 dnevni leta
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #2260 Posted: 07-Aug-2015 at 10:00
Wizz Air i momentalno leta dva-tri pati dnevno Sofia-London  Ohno

nesto zamagleni toa portokalovite naocari
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111112113114115 225>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.902 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.