build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 134135136137138 197>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1475
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #2701 Posted: 05-Jan-2016 at 19:17
Без маки, како и досега македонските"новинари" се изгубиле во текстот па беидејно филозофираат, 100% се мисли на Чех Ерлајнс.

Edited by Obedineta Makedonija - 05-Jan-2016 at 19:33
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1325
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2702 Posted: 05-Jan-2016 at 19:46
Сега кажаа на ТВ дека Џет ерлајнс ќе лета до Прага
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #2703 Posted: 05-Jan-2016 at 20:08
Originally posted by Staro Skopje

Сега кажаа на ТВ дека Џет ерлајнс ќе лета до Прага

Неспособно македонско новинарство...Се работи за Чех Ерлајнс секако картите се пуштени во продажба...не ми се верува просто какви грешки се прават.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #2704 Posted: 05-Jan-2016 at 21:57
Неписменоста е врв на знаењето во Македонија...

Туку до каде се не оди желбата за власт и поседување на сите граѓани во свои раце па уште и Чех Ерлајнс се поврзува со политика. Тоа е договор меѓу ТАВ и Чех Ерлајнс и тоа нема никаква врска со нашиот мал диктатор од проста причина што Чех на исти дати почнува да лета и за Загреб и Сараево откако веројатно си направиле фина анализа за овие летови.

Edited by one1 - 05-Jan-2016 at 21:58
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #2705 Posted: 06-Jan-2016 at 00:34
Originally posted by one1

Туку до каде се не оди желбата за власт и поседување на сите граѓани во свои раце па уште и Чех Ерлајнс се поврзува со политика. Тоа е договор меѓу ТАВ и Чех Ерлајнс и тоа нема никаква врска со нашиот мал диктатор од проста причина што Чех на исти дати почнува да лета и за Загреб и Сараево откако веројатно си направиле фина анализа за овие летови.
Полека, полека. Три страни беа вклучени во преговорите: ЧСА, ТАВ и Министерство за транспорт и врски. Така да, заслугата на МТВ за овој лет конкретно е најмалку 33%. Не скокај со мешање политики кога немаш поим што се случува.

Edited by Navigator - 06-Jan-2016 at 00:34
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1475
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #2706 Posted: 06-Jan-2016 at 02:15
Originally posted by one1

Неписменоста е врв на знаењето во Македонија...

Туку до каде се не оди желбата за власт и поседување на сите граѓани во свои раце па уште и Чех Ерлајнс се поврзува со политика. Тоа е договор меѓу ТАВ и Чех Ерлајнс и тоа нема никаква врска со нашиот мал диктатор од проста причина што Чех на исти дати почнува да лета и за Загреб и Сараево откако веројатно си направиле фина анализа за овие летови.

Си се изгубил во просторот, изгледа забораваш дека државата е држава пред се, chill out - малку!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2707 Posted: 06-Jan-2016 at 12:58
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by one1

Неписменоста е врв на знаењето во Македонија...

Туку до каде се не оди желбата за власт и поседување на сите граѓани во свои раце па уште и Чех Ерлајнс се поврзува со политика. Тоа е договор меѓу ТАВ и Чех Ерлајнс и тоа нема никаква врска со нашиот мал диктатор од проста причина што Чех на исти дати почнува да лета и за Загреб и Сараево откако веројатно си направиле фина анализа за овие летови.

Си се изгубил во просторот, изгледа забораваш дека државата е држава пред се, chill out - малку!
Koja drzava, pred se!? Se slusas li sto zboruvas? "Czech Airlines" ke leta za dobroto na drzavata ili za svoe dobro i dobro na patnicite?
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1475
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #2708 Posted: 06-Jan-2016 at 13:36
Originally posted by Denko

Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by one1

Неписменоста е врв на знаењето во Македонија...

Туку до каде се не оди желбата за власт и поседување на сите граѓани во свои раце па уште и Чех Ерлајнс се поврзува со политика. Тоа е договор меѓу ТАВ и Чех Ерлајнс и тоа нема никаква врска со нашиот мал диктатор од проста причина што Чех на исти дати почнува да лета и за Загреб и Сараево откако веројатно си направиле фина анализа за овие летови.

Си се изгубил во просторот, изгледа забораваш дека државата е држава пред се, chill out - малку!
Koja drzava, pred se!? Se slusas li sto zboruvas? "Czech Airlines" ke leta za dobroto na drzavata ili za svoe dobro i dobro na patnicite?

Немој жити се - олабавете се, не ми беше идеата да ви проповедам за чие добро летаат - туку дека неминовно е учеството на државата преку своите институции во договарањето на авиоконекциите, или развојот на тој сектор.
Btw: видовме колку се кадарни ТАВ - без подршката на владата!!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2709 Posted: 06-Jan-2016 at 14:32

Izvini, ne mi e celta da se prepukuvam na politicki temi, no treba da vnimavas so komentarite, bidejki toa "Drzavata e drzava pred se" zvuci epten crazy...
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 602
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #2710 Posted: 06-Jan-2016 at 16:29
И покрај нашава магла, изгледа повторно авионите од Приштина слетуваат во Скопје, но неуспешен обид и за слетување во Скопје на авионот од Женева кон Приштина

Edited by vladegf - 06-Jan-2016 at 16:35
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2711 Posted: 06-Jan-2016 at 16:58
https://www.youtube.com/watch?v=uj7CgqNnP-I
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #2712 Posted: 06-Jan-2016 at 23:35
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by one1

Неписменоста е врв на знаењето во Македонија...

Туку до каде се не оди желбата за власт и поседување на сите граѓани во свои раце па уште и Чех Ерлајнс се поврзува со политика. Тоа е договор меѓу ТАВ и Чех Ерлајнс и тоа нема никаква врска со нашиот мал диктатор од проста причина што Чех на исти дати почнува да лета и за Загреб и Сараево откако веројатно си направиле фина анализа за овие летови.

Си се изгубил во просторот, изгледа забораваш дека државата е држава пред се, chill out - малку!

Ти најде да зборуваш за држава
Да олабавиш малку на ex-yu aviation со твојот лош англиски.

Можеби сме држава ама сите не сме безрбетници па да голтаме се што ни се сервира и да не криткуваме како што доликува тоа во било која современа држава ако веќе така се нарекуваме.

он-топик
Вечерва ситуацијата не е добра поради маглата и веројатно така ќе биде во следните денови.
Моментално два Виз и Кроација кружат на аеродром чекаат пренасочување...

Edited by one1 - 06-Jan-2016 at 23:53
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1475
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #2713 Posted: 07-Jan-2016 at 01:38
Извини, може ли да користам нет? Или....   Многу ми се симпатични такви како тебе!

Edited by Obedineta Makedonija - 07-Jan-2016 at 01:40
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #2714 Posted: 07-Jan-2016 at 14:45
Јас па обожавам такви како тебе што се прифаќаат и што критиката им е мисловна именка.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2715 Posted: 09-Jan-2016 at 14:18
ИНТЕРВЈУ АЛПЕР ЕРСОЈ, ТАВ: Новите дестинации ќе го востоличат скопскиот аеродром во балкански центар!

јануари 9, 2016     

in

Share
.

Во 2016 година, како што веќе најавивме, благодарение на обновената соработка меѓу ЧеХ ерлајнс што е направено од страна на ТАВ холдингот, Скопје ќе биде повторно поврзан со Прага. Од 20.мај Чех ерлајнс ќе почне да лета на релација Скопје-Прага три пати неделно, а картите за оваа линија се веќе во продажба, вели во интервју за Фактор Алпер Ерсој, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

Тој најавува дека од март годинава, нискобуџетната авиокомпанија Визер, ќе ги отвори трите нови линии од скопскиот аеродром, за Берлин, Копенхаген и Братислава, а 2016 година, исто така се очекува значаен развој на охридскиот аеродром.

Ерсој во интервјуто зборува за субвенциите за евтини летови, за тоа како и колку ТАВ се задоволни од профитабилноста на македонскиот пазар, за идните планови на компанијата со изградбата на карго-аеродромот во Штип.

Фактор: Годинава што изминува може слободно да се обележи како рекордна по бројот на патници на скопскиот аеродром, близу 1, 5 милиони патници. Дали за овој раст е клучна понудата на нови дестинации или пак маркетинг политиките на ТАВ холдингот?

Ерсој: Новите дестинации кои ги понудивме во 2015 – шест од скопскиот аеродром (Женева, Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Хамбург и Нинберг), како и двете нови линии од охридскиот аеродром (до Базел и до Лондон) се резултат на победничката стратегија која е комбинација од маркетинг-активностите на ТАВ холдингот и посветеноста на Владата на развој на авиосообраќајот во Македонија.

Навистина 2015 година беше успешна за нас во поглед на бројките за сообраќај за скопскиот и охридскиот аеродром. Забележавме значаен пораст на сообраќајот на двата аеродроми, бројки кои се многу повисоки од европскиот просек. Бројот на патници на скопскиот аеродром порасна за повеќе од 20% на годишно ниво и има најголем пораст споредено со сите 14 аеродроми со кои ТАВ холдингот оперира.

Според некои регионални анализи, скопскиот аеродром е аеродромот со најбрз раст во регионот, меѓу десетте најфрекфентни аеродроми во поранешните Ју-простори.

Фактор:Годинава отворивте 6 нови линии, кон Женева и кон Фридрихсхафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нирнберг. Се покажува ли рецептот на субвенционирање на летовите како успешен?

Alper_Ersoj (1)
Ако ја споредиме вкупната бројка на патници на двата македонски аеродроми, во 2010 кога ТАВ го презеде управувањето, може да се заклучи дека порастот е повеќе од 100%, имено, вкупниот број на патници за шест години е двојно зголемен.

Ерсој:Субвенционирањето на Владата е дефинитивно успешен модел за мали пазари со неискористен потенцијал како што е македонскиот авијациски пазар, но не е единствениот услов кој треба да се задоволи со цел порастот да биде одржлив. Се разбира ние имаме многу добра соработка со Владата и навистина сме им благодарни за сериозната посветеност кон развој на авиосообраќајот. Поради тоа, ние како ТАВ Аеродроми, во последните шест години ги комбинираме нашето знаење,вештини и вмреженоста, со локалните знаења, вештини и вмреженост, со цел да го носиме и зајакнеме овој тренд на зголемен сообраќај.

Посетуваме важни меѓународни саеми и настани за туризам и авијација, како што се светските и европските т.н. route – конференции, ITB Berlin, EMITT, слот-конференциите на IATA итн., со цел да привлечеме повеќе авиокомпании и тур-оператори да влезат на македонскиот пазар.

Фактор: Кои нови дестинации може да се очекуваат следните години?

Ерсој:Постојано работиме на привлекување нови авиокомпании, отворање на нови дестинации и зголемување на бројот на фрекфенции на постоечките линии.

Во 2016 година, како што веќе најавивме, благодарение на обновената соработка меѓу ЧеХ ерлајнс што е направено од страна на ТАВ холдингот, Скопје ќе биде повторно поврзан со Прага. Од 20.мај Чех ерлајнс ќе почне да лета на релација Скопје-Прага три пати неделно, а картите за оваа линија се веќе во продажба.

Од март годинава, нискобуџетната авиокомпанија Визер, ќе ги отвори трите нови линии од скопскиот аеродром, за Берлин, Копенхаген и Братислава.

Во 2016 година, исто така очекуваме значаен развој на охридскиот аеродром. Со задоволство можеме да најавиме дека еден од најголемите тур-оператори Томас кук, ќе почне да организира чартер-летови до Охрид ова лето. Новина за охридскиот аеродром Св. Апостол Павлесе и најавените чартер-летови од Израел, кои заедно со традиционалните летови од Холандија, Белгија, Швајцарија и Австрија, ќе придонесат за поголем прилив на туристи во Охрид.

Фактор: Има многу нови патници кои доаѓаат од соседството, мислите ли дека овој тренд ќе продолжи?

Ерсој:Нашата цел не е да им обезбедуваме услуги само на патниците кои патуваат од и до Македонија, туку истовремено ги таргетираме и потенцијалните патници од соседните земји кои влегуваат во т.н. гравитациска зона. Геополитичката позиција на Македонија е важна предност за привлекување на патници од овие земји, особено поради лесниот пристап на патиштата. Оттука, секоја нова дестинација и нова авиокомпанија, како и секое зголемување на бројот на фрекфенции на постоечките линии, има позитивен ефект на бројот на патници кои доаѓаат од т.н. гравитациска зона.

Фактор: Сметате ли дека со давањето субвенции на некои компании се нарушува конкуренцијата во авиосообраќајот или тие сепак се нужни, за да може што поширок круг на македонски граѓани да отидат и да посетат други земји?

Ерсој: Давањето субвенции за развој на авијацијата е општ маркетиншки модел кој веќе е имплементиран во светски рамки, особено на растечки пазари со цел да се развие нивниот авиосообраќај. Според општото искуство, не ја нарушува конкуренцијата. Напротив, имплементирањето на таквиот вид на поддршка создава конкуренција и му помага на авио-сообраќајот. Конкуренцијата, не само во авијацијата, туку и во секоја индустрија носи подобри производи/услуги, подобра цена, како и различни опции за избор.

Фактор: Најголем број патници, разбирливо, пренела „Визер“, речиси 50 отсто. На што се должи ова, зошто е толку доминантна позицијата на оваа компанија?

Ерсој: Нискобуџетните авиопревозници (LLC или Low Cost Carrier) имаат поинаков бизнис-модел и пристап кон услугите за патниците, за разлика од традиционалните авиокомпании т.н. носачи на знаме или националните авиокомпании. Бидејќи услугите што ги даваат нискобуџетните авиокомпании и традиционалните авиокомпании се драматично различни, предноста на нискобуџетните е што нудат поевтини авиобилети. Овој модел, досега, функционира многу добро во Македонија, бидејќи порано немаше таква можност. Нискобуџетните авиокомпании влегоа на македонскиот пазар пред 4 години, но го зголемија својот пазарен удел за кратко време со воведување на многу директни линии во Европа. Од друга страна, нискобуџетните авиокомпании создаваат патници кои порано имале навика да го користат автобускиот превоз и туристи кои сакаат да одат на кратки патувања за време на празници во различни земји.

Alper_Ersoj (3)
Забележавме значаен пораст на сообраќајот на двата аеродроми, бројки кои се многу повисоки од европскиот просек. Бројот на патници на скопскиот аеродром порасна за повеќе од 20% на годишно ниво и има најголем пораст споредено со сите 14 аеродроми со кои ТАВ холдингот оперира.

Фактор: Задоволни ли сте од развојот на охридскиот аеродром?

Ерсој: Задоволни сме од досегашниот развој на охридскиот аеородром и секако целта ни е да го одржиме во годините што доаѓаат. Охрид како град има голем потенцијал да стане поатрактивна локација за одморање за туристите поради својата убавина, пејсаж и историја. Како оператор на охридскиот аеродром, ние го рекламираме и претставуваме овој убав град на сите меѓународни конференции и саеми. Како резултат на ваквата презентација и направени студии, го убедивме Томас кук, кој е еден од најголемите тур-оператори во Европа да го додаде Охрид во неговата мрежа.

Фактор: Што очекувате во 2016 година во однос на бројот на патници?

Ерсој: Никогаш не сакаме да одиме со конкретни проекции за бројот на патници, се додека не го оствариме тоа. Во секој случај, очекуваме бројот на патници како и вкупниот сообраќај да продолжат да растат и во 2016 година, како резултат на новите дестинации кои ќе бидат воведени.

Фактор: Може ли 2015 та година да ја оцениме како профитабилна за ТАВ Македонија – дали по 5 години во Македонија нивото на приходи на двата аеродроми, и профитабилноста се на очекувано ниво?

Ерсој: Ако ја споредиме вкупната бројка на патници на двата македонски аеродроми, во 2010 кога ТАВ го презеде управувањето, може да се заклучи дека порастот е повеќе од 100%, имено, вкупниот број на патници за шест години е двојно зголемен. Конкретно, во 2010 година на двата аеродроми имавме 729.297 патници, а сега очекуваме да ја завршиме 2015 година со повеќе од 1,5 милион патници на двата аеродроми.

Оттука, се разбира дека работиме успешно, бидејќи како аеродромски оператор ние заработуваме врз основа на авијациските услуги што им ги нудиме на авиокомпаниите, како и врз основа на т.н. неавијациски услуги кои се нудат во терминалните згради. Кога сообраќајот расте, растат и заработката и профитот.

Фактор: До каде се испитувањата во однос на изградбата на Карго аеродромот во Штип?

Ерсој:Проектот за изградба на карго-аеродромот во Штип е сè уште предмет на истражување од технички аспект. Моментално се мерат метеоролошките податоци, како на пример насоката на ветерот, брзината на ветерот, магливите денови или висината на облаците. Овој процес ќе продолжи се до 2020 година, со цел да имаме 10-годишни податоци кои се од голема важност за поставување на пистата во правилна насока. Потоа, дизајнот и проектот ќе се изведуваат според метеоролошките податоци. Ова е од суштинско значење за одредување на насоката на полетно-слетната-патека. Доколку има силен страничен ветар, тоа ги загрозува слетувањата и полетувањата. Ние дефинитивно дејствуваме во согласност со Договорот за концесија и одлуката на Владата
http://faktor.mk/2016/01/09/intervju-alper-ersoj-tav-novite-destinatsii-ke-go-vostolichat-skopskiot-aerodrom-vo-balkanski-tsentar/
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #2716 Posted: 09-Jan-2016 at 17:55
Освестете се, Скопје во однос на регионот е сеуште позади буквално сите.
На пример Софија со 4 милиони патници па што треба да се збори по медиуми не ми е јасно...
Не знам зошто толку се зборува Прага која најверојатно ќе заврши веќе во септември односно ќе биде сезонска.
Македонија нема своја авиокомпанија, сеуште е земја со ниски примања, не е во ЕУ и со тоа блокадите за патување и натаму се големи. Секако дека ситуацијата е подобра од на пример пред 5 години кога немаше ниту нов терминал но далеку од регионот.
Неоспорен е фактот и дека со Визз ситуацијата е толку напумпана да кога место Визз овие линии би ги замениле legacy авиокомпании од Скопје ќе има 700.000 патници годишно.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #2717 Posted: 09-Jan-2016 at 18:00
Убаво интервју али никаде не го спомнуваат Ryanair ваљда разговорите на некаква пауза или пропаднале сега за сега
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2718 Posted: 09-Jan-2016 at 18:32
Originally posted by one1

Освестете се, Скопје во однос на регионот е сеуште позади буквално сите.
На пример Софија со 4 милиони патници па што треба да се збори по медиуми не ми е јасно...
Не знам зошто толку се зборува Прага која најверојатно ќе заврши веќе во септември односно ќе биде сезонска.
Македонија нема своја авиокомпанија, сеуште е земја со ниски примања, не е во ЕУ и со тоа блокадите за патување и натаму се големи. Секако дека ситуацијата е подобра од на пример пред 5 години кога немаше ниту нов терминал но далеку од регионот.
Неоспорен е фактот и дека со Визз ситуацијата е толку напумпана да кога место Визз овие линии би ги замениле legacy авиокомпании од Скопје ќе има 700.000 патници годишно.

Редовно ми боде очи овој исказ, не само од тебе туку генерално. Често ги читам овие прикаски и на екс ју авиатион блогот, демек ако не се legacy не се важат.

Ај да го земеме Ел Прат во Барцелона како пример. 2014 имал 37.5 милиони патници. Од нив ~23.5 милиони отпаѓаат на low-cost компании. Според балканската методологија, Барцелона нема врска, полоша е и од Скопје.

Во однос на рангирањето на балканот, освен за „статистички мерак“, компарациите со било кој аеродром (освен со Приштина бидејќи делиме дел од пазарот) се ирелевантни. Ниеден балкански аеродром не е хаб, сите се мали маргинални аеродроми, кој повеќе кој помалку. Авиосообраќајот на балканот е светлосни години назад според обем спрема европските просеци. Реално, источно европскиот авиосообраќај е светлосни години назад споредено со западно европските просеци.

На страна ТАВ, нивните глупави изјави за регионален хаб и фалењето со туѓи дела (впечатокот е дека ТАВ направи многу малку за развој на авиосообраќајот), успехот на Скопје последниве неколку години е навистина голем и не гледам причина да го релативизираме.

Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #2719 Posted: 10-Jan-2016 at 09:12

Да си ми жив.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #2720 Posted: 10-Jan-2016 at 14:22
Скопје е бубамара споредено и со најмалните "hub" аеродроми кои влегуваат во таков домен, ТАВ се фалоти пред се. Не велам дека не треба но не треба 4 линии да ги слават како 40. Другите посериозни аеродроми помалку зборат повеќе прават. ТАВ кикса на работи од типот кога Алиталија влезе во Македонија прво 2 месеци немаше никакво известување од нивна страна а после им текна за тоа. Еве имаат соопштение за за линијата до Прага а немаше(или не сум видел) за трите од Визер?Како е можно тоа? Ако ТАВ сака пари и за тоа нека се засрамат. За споредба аеродромот во Берлин дента кога се објави веста за Скопје а истото беше и со аеродромот во Копенхаген имаше соодвестна веста за информирање што многу значи. Можеби некој добро си ја работи работата но промоција и PR се полошо од најлошо
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 134135136137138 197>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.453 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.