build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152153154 220>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3021 Posted: 04-Jun-2016 at 20:14
Денес: Базел - Охрид
Wizz: HA-LWJ



Edited by Obedineta Makedonija - 04-Jun-2016 at 20:15
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Марко СВ.Н. View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 16-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote Марко СВ.Н. Quote  Post ReplyReply #3022 Posted: 04-Jun-2016 at 23:08
Bash ovoj zaglavil vo Ohrid gledam za utre poletuvanje za Basel vo 8 casot nautro.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3023 Posted: 05-Jun-2016 at 10:39
Еден UpDate, Helvetic од минатата недела 29.05.2016 - Повеќе не лета на релација Цирих - Охрид, конкуренцијата си го направи своето, најверојатно Wizz ги столчи.
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3024 Posted: 05-Jun-2016 at 12:35
Не знам дали ја има, но ако ја нема, земјава треба да си направи една фина анализа за тоа кои е минималниот и максималниот број на патници кои би ги користеле услугите на македонските аеродроми. Во железничкиот сообраќај на пример, направена е студија и уште пред 10 години се знае дека се потребни од шест до осум воза дневно кои ќе го обезбедат оптимумот на патници што ќе патуваат на релацијата меѓу Скопје и Битола.

Поентата ми е дека ќе биде една извонредна глупост да се продолжи со субвенционирање на евтините летови до бесвест за сметка на губењето на редовните авиолинии со некои од европските градови. Не верувам дека ќе може на долг рок „Остриан“ да се натпреварува со Братислава, ниту пак италијанците со пола аеродроми од северот.

Балансот помеѓу редовните и нискобуџетните авиокомпании ми се чини ќе почне да се нарушува во наредниот период, а тоа ќе биде на сметка на оние корисници на авиосообраќајот кои имаат финансии и од разни причини ги користат главните аеродроми во Европа, од бизнис патувања до трансфер за прекуокеански лет.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3025 Posted: 05-Jun-2016 at 12:57
Се слагам ссо твоето размислување и за прв пат ќе речам и ќе се согласам дека субвенциите ја зголемуваат нелојалната конкуренција на штета на редовните линии и компании
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #3026 Posted: 06-Jun-2016 at 00:04
Дали знае некој дали чартерите од Скопје накај Анталија со Пегасус може да се букираат некако?
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3027 Posted: 06-Jun-2016 at 10:00
Конкуренцијата не е нелојална, пазарот ни е слаб. Жалам.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3028 Posted: 06-Jun-2016 at 10:21
Се согласувам дека наскоро гласното малцинство кое сочинува 0.1% од пазарот но поседува голем процент од куповната моќ ќе има трошка помалку опции. Можно е да биде злоупотребена тенденцијата на луѓето да патат од т.н. 'recency bias', а соодветно и преувеличување на малите промени се додека се повторува пораката која ним им одговара.

Студијата која беше направена во насока на креирање национален авиопревозник веќе ги покажа вистинските карактеристики на пазарот. Ве интересира зошто не е јавна? Кога си слаб, вистината боли и не е политички полезна.

Да потсетам - беше дадена поддршка на нови дестинации со лимитиран временски рок, чија намена е да се намали бизнис ризикот, кој во нашата ситуација е значителен поради недостиг на квалитетни информации. Субвенциите не покриваат повеќе од 5%(*) од трошоците на ниту една линија, а сумата по патник е смешна. Исто така, volume-based discounting е понудено од многу останати аеродромски оператори во светот и е економски оправдана мерка. Владата улета со субвенциите затоа што се виде дека ТАВ воопшто не се заинтересирани да го прават тоа. The rest, as they say, is history.

(*) - од трошоците на Wizz Air. За други авио-компании оваа поддршка веројатно не би покрила ни 2%.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #3029 Posted: 06-Jun-2016 at 10:22
Да бидеме реални, иако постојат еден куп други фактори, во овој конкретен случај, конкуренцијата е нелојална.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3030 Posted: 06-Jun-2016 at 10:24
Дечки, понудете здрави аргументи.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3031 Posted: 06-Jun-2016 at 10:26
Патем речено, според мои сознанија Братислава не е покриена со оригиналниот пакет субвенции.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #3032 Posted: 06-Jun-2016 at 11:54
Точно, Братислава не е дел од субвенционираните линии. Тоа е аргумент повеќе зошто субвенциите за Охрид-Базел при посточеки Охрид-Цирих, не беше правилен чекор.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3033 Posted: 06-Jun-2016 at 13:59
Originally posted by Navigator

Точно, Братислава не е дел од субвенционираните линии. Тоа е аргумент повеќе зошто субвенциите за Охрид-Базел при посточеки Охрид-Цирих, не беше правилен чекор.


Ете, одиме напред.

И мојата прва реакција на веста беше `Штета`. Но сепак..

Знаеш во што е штосот? Таа линија ќе беше стартувана и без субвенции. Субвенциите за Охрид-Базел воопшто не се пресудни ниту за стартување ниту за евентуалниот (не)успех. До толку се незначителни во однос на вкупната сума.. а и тој пазар беше единствениот очигледен од Охрид. Во овој конкретен случај субвенциите се тотално небитни и само го одвртуваат вниманието од вистинскиот проблем - дека оваа линија сосема зависи од point to point сообраќај за кој Wizz Air е далеку најефикасното и далеку поефтиното решение. Connecting патниците се само колатерална штета.

Значи дискусијата може да оди во насока - дали е подобро да има повеќе луѓе што ќе летаат за поефтини пари или билетот се уште да биде 300 и повеќе евра ама да може и да се поврзуваат побогатите директно до Охрид од трети дестинации? Или уште подобро - кој е минималниот број на дополнителни патници предизвикани од стартувањето на Охрид-Базел кој би бил доволен за да се оправда укинувањето на Охрид-Цирих?

Bottom line? Ако ги земам во предвид само познатите факти, Охрид-Цирих ќе биде прекината поради несоодветен бизнис модел и `тенката` побарувачка, не поради поддршката од субвенции. А којзнае, можеби имало и нешто што не ни е познато - проблеми со дистрибуцијата (т.е. луѓето кои се збогатија сите овие години на грбот на гастербајтерите) или нешто сосема трето.

Edited by Tranquilis - 06-Jun-2016 at 14:08
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #3034 Posted: 06-Jun-2016 at 14:56
Мислам дека не се разбираме потполно. Јас не го спорам делот на малиот удел на субвенциите во крајната цена на картите. Напротив, самиот реков дека има голем број поважни фактори кои ја одредуваат (не)успешноста на една линија, наспроти субвенциите во ваква форма и износ како што ги добива Виз кај нас. Но ти ова го гледаш искучиво од бизнис аспект. Не заборавај, зборуваме за државна стимулација и тие "малку евра од патник" имаат поголема тежина, особено во ситуации на директна конкуренција. Државата како регулатор има обврска да ги одржува здравите конкурентски врски во секоја индустрија, а потегот за кој дискутираме е сосема спротивното.

Пак ќе речам, не велам дека згаснувањето на Охрид-Цирих е во директна корелација со помошта за Охрид-Базел, ама факт е дека потегот е во најмала рака неетички и подрива конкуренција. Исто толку неетички како, да кажеме, да се субвенционираше Братислава или Истанбул (Пегасус).

И уште еднаш, мојот однос кон субвенциите за Виз е силно афирмативен. Уште од старт, тој потег го сметав за неопходен, а резултатите се очигледни.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #3035 Posted: 06-Jun-2016 at 15:02
Мала забелешка - директната конкуренција во авио сообраќајот се дефинира ако се лета до истиот аеродром. Ако бидеме малку пофлексибилни, може да кажеме и 'истиот аеродромски систем', на пример Шарл де Гол и Орли во Париз. Во случајов не станува збор ниту за тоа. Аеродромот во Базел е оддалечен 90 километри од Цирих, што не е незначително кога станува збор за избор на аеродром. Пробај на Парижани да им го продадеш Бове па види како ќе поминеш.

Е сега, тоа што профилот на нашите патници е таков каков што е..

П.С. Не зборувам само од бизнис аспект (профит или мотиви за стартување на линија), туку и за користа за патниците и за туризмот, која се гледа низ вкупниот број на патници превезени.

Edited by Tranquilis - 06-Jun-2016 at 15:04
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #3036 Posted: 06-Jun-2016 at 22:43
Една компаративна анализа во контекст на дискусијата,ако може да се каже така:
Летот за Базел утре од ОХД е распродаден а за во четврток има 7 слободни места, летот за Лондон во среда има 9 слободни места и што ви вели тоа? На крај пак испаѓа дека до Услугата што ќе ја понудиш(цената) е пресудна.
btw - од оваа испаѓа дека има и повеќе од доволно патници, меѓутоа треба да им го дадеш тоа што го сакаат
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #3037 Posted: 07-Jun-2016 at 01:35
А кога ќе се погледне поголемата слика одговорот за тоа што 90% од македонските патници го сакаат е едноставен - ниски цени за да се стигне до разни европски земји.
Back to Top
Марко СВ.Н. View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 16-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote Марко СВ.Н. Quote  Post ReplyReply #3038 Posted: 09-Jun-2016 at 11:43
Air Serbia ќе го користи новиот а330 на регионални рути за тренирање на екипажот и пилотите.Утре полетува за Подгорица а спомнати се и Бања Лука,Сарајево,Загреб и со можности за Скопје.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3039 Posted: 09-Jun-2016 at 13:05
Визер е поскап од чешката авиокомпанија летово. И тоа говориме за споредба на основна карта на Визер со фул-пакет на „Чех ерлајнс“. И не ми се случува ова прв пат, лани барав за Италија и „Алиталија“ излезе поевтина од „Визер“.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1991
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3040 Posted: 09-Jun-2016 at 16:08
Точно така, јас конкретно гледам за Берлин правец со Виз е поскап од Правец до Прага со Чех. Малку глупаво е ама тоа е Очигледно Виз лета со 90%+ лоад фактор летово.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152153154 220>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.844 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.